|
Духовден |
Внеси реплика | страница 12> |
Автор | |
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 25.Мај.2007 во 18:43 |
Духовден (Дела на апостолите, 2 поглавје)
Затоа овој ден со право е наречен: Роденденот на Христовата Црква. До ден денес, оваа прва заедница на христијани, останува ненадмината во своите доблести и доследност на Христовото учење и како таква за нас претставува одличен пример за тоа што значи да се биде Христова Црква (Дела 2:42-47) Но за жал... Иако Христијанството пребива во нашиве простори околу 2000 години и ние сме едни од првите кои ја добија Библијата на разбирлив (Старословенски) јазик, овој празник кај нас, најмногу од сите христијански празници, ја има промашено својата христијанска суштина и се "слави" во најпаганска форма од сите други празници. Наместо фокусот и акцентот да бидат на Бог, Светиот Дух и Црквата, овој ден кај нас се поврзува со гробишта, со ранење на мртовци, со раздавање храна "за душа" и еден куп други обичаи и ритуали чии корени се во паганските преданија. 99% од народот воопшто и не знае што се случило на овој празник. Го нарекуваат "Задушница" (небаре некој се задушил на овој празник), "Духови" (празник на Ghosts Busters?) или "Дуовден" (празник на Дуо Трио - музичката група на К-15) Секако најголемата вина за оваа неинформираност на македонскиот народ околу овој празник лежи во водечката религиозна групација МПЦ која наместо да го едуцира народот, го злоупотребува неговото незнаење и на секој начин гледа да профитира од тоа. Па така, наместо да му вели на народот да престане со тие пагански обичаи и да му го објасни вистинското значење на Духовден, таа му ги препорачува своите комерцијални агенти - поповите да им "запеат" (за 500ден.) при нивните пагански ритулаи на гробовите. Наместо да го укори своето стадо за тоа големо богохулство и паганштина што се врши на овој ден, таа го подржува и охрабрува во тоа, покорно служејќи му на својот бог - парите. Нека Бог им се смилува на водачите на МПЦ и нека и нив, и нашиот народ, ги просветли и упати на правиот пат во вистинско познавање на Христијанските празници, Христовата порака и учење. Намерно ја отворив оваа тема 2 дена пред Духовден, за да имаме време да размислиме како ќе го прославиме овој христијански празник, дали МПЦ-угодно, традицио-угодно или пак Богоугодно. Поздрав! EvAngelos Изменето од EvAngelos - 05.Јуни.2009 во 13:35 |
|
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|
oblachinja
Сениор Регистриран: 12.Март.2006 Локација: United Kingdom Статус: Офлајн Поени: 4990 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Odlichen komentar...veruvaj deka site moi prijateli gi naterav da go prochitaat ova
|
|
|
|
аџија
Сениор Регистриран: 25.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 5474 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
hardcore
Сениор Регистриран: 20.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 268 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Samo cestitki za komentarot.Se znae sto e duhovden i kako se slavi..ova sto se praktikuva denes ne e pravo slavenje na denot...Licno jas ce odam vo Sveti Jovan Bigorski.Tamu ce se cita od svetoto pismo i treba da bide ubavo(sto bi rekol ti-Bogougodno).
|
|
аџија
Сениор Регистриран: 25.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 5474 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
СРЕЌЕН РОДЕНДЕН ЦРКВО!!!
„...Ќе ја изградам својата Црква, и ниту Вратите Пеколни ќе можат да ја надвладеат“ - Исус Христос ( Мт. 16:18) |
|
vodolija_43
Нов член Регистриран: 23.Ноември.2006 Статус: Офлајн Поени: 12 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Sekoja cest za postov,samo za zal,sto sekoj nema moznost ova da go procita,zatoa sto nasata MPC,i ne saka"mnogu"da se znae sto se znacat po pravilo nasite praznici,tuku si gledaat na niv sto im cini,i odgovara,a ne se mnogu bas zagrizeni za nivnite "bozji ceda"kako go znaat ovoj den.Dali e verski i paganski,vazno niv da im se polni "Djebovite"!
|
|
oblachinja
Сениор Регистриран: 12.Март.2006 Локација: United Kingdom Статус: Офлајн Поени: 4990 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
SREKNO I VEKOVITO!!! |
|
|
|
аџија
Сениор Регистриран: 25.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 5474 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Многу инспиративно е Христовото ветување, дека НИШТО на овој свет нема да ја надвладее или сруши Црквата. Таа ќе опстои низ сите страдања и искушенија, се додека Христос повторно не дојде.
|
|
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
На Духовден, некаде 33-тата година по Христа, во Ерусалим беа собрани околу 120 христијани и неколку илјади празнувачи на празникот Педесетница. Одненадеж, се случи необична интервенција од небото: третото лице на Божјото тројство величествено стапи на сцена и создаде еден моќен организам, наречен Христова Црква.
Духовден е роденденот на Христовата Црква, инаугурацијата на Светиот Дух за мисија на Земјата, меѓу луѓето.
Но ниту римското ниту еврејското политичко и религиозно раководство не виделе ништо особено да се случило на тој ден. За жал, така останува и до денес; и кај нас. Повеќето луѓе од нашата земја (вклучувајќи ги ексклузивно оние кои кои ќе пробдејат на гробиштата наредниве 2-3 дена) немаат поим што, всушност, се случило на денешен ден и зошто го одбележуваме овој празник - Духовден.
Најголемиот број христијани многу малку знаат за Светиот Дух. Меѓу трите лица на Светото Тројство, Светиот Дух е најмалку познат. Сите знаат по нешто за Отецот, кој го создал светот, кој ги издал Божјите заповеди, итн. Сите знаат за Синот (Исус Христос) - за Божик, за Велигден, за Неговите чуда и поуки. А за Светиот Дух, не само што имаме скромни знаења, туку и заблуди! Го поврзуваме со гробишта, со духови, со раздавање храна по гробиштата и со ред други пагански обичаи; Господ нека ни прости за таквата навреда против Светиот Дух.
Делумно, причината е слабото познавање на Светото Писмо, за што немаме изговор. Но има и нешто друго, а тоа е тивката природа на Светиот Дух и природата на Неговото дејствување. Додека симболот на Отецот е силата, симболот на Синот е крстот, симболот на Светиот Духе е гулабот - таа кротка и нежна птица. Тој дејствува тивко, однатре; Неговата цел не е Тој да се види, туку да се видат ефектите од Неговото дејствување.
Светиот Дух низ ввековите имал различни улоги. На почетокот, заедно со Таткото и Синот учествувал во создавањето на Небесата и Земјата. Потоа преку пророците пророкувал за Божјите намери со луѓето и Го навестувал доаѓањето на Синот. Учествувал во отелотворувањето на Синот, во Неговото крштевање, во моќните дела што Исус ги правел итн.
Денес Неговата улога е да сведочи за Христос, да го уверува Светот за гревот, за Божјата правда и за судот, да ги упатува христијаните во вистината, да ги чува од ереси, да ги утешува итн.
Нека е среќен роденденот на Христовата Црква!
Изменето од EvAngelos - 13.Јуни.2008 во 12:11 |
|
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|
moira
Сениор ...The Goddess... Administrateur adjoint Регистриран: 06.Јуни.2007 Статус: Офлајн Поени: 26016 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
EvAngelos, пријателе драг, ти Благодарам што ја воскресна темата и на прекрасното концизно појаснување за овој голем христијански празник, Роденденот на Христовата Црква и се надевам дека нашите брака и сестри христијани конечно ке го разберат неговото изворно и правилно значење и ке почнат да го практикуваат и празнуваат онака како што доликува. СРЕЌЕН РОДЕНДЕН НА ХРИСТОВАТА ЦРКВА!!! „...Ќе ја изградам својата Црква, и ниту Вратите Пеколни ќе можат да ја надвладеат“ Исус Христос ( Мт. 16:18) Изменето од moira - 13.Јуни.2008 во 05:47 |
|
Templarius
Сениор Регистриран: 12.Февруари.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2754 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
SRECEN RODENDEN NA HRISTOVATA CRKVA I VREMETO
|
|
Give me your secrets
Bring me a sign Give me a reason To walk the fire See another dawn Through our son's eyes You give me a reason To walk the fire. |
|
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Среќен и благословен Духовден им посакувам на сите мои браќа и сестри на овој форум кои некомпромисно го следат Христос и Неговото учење и го прославуваат денешниов празник Нека Светиот Дух кој на денешен ден слезе врз Христовите апостоли ги исполни и вашите срца и нека изобилно ве дарува со љубов, мир, радост, трпение, љубезност, добрина, верност, кротост, самоконтрола и нека ви даде Небесна сила, смело и радосно, да го издржите патот по кој сте повикани да чекорите од нашиот Господ Исус Христос. Амин!
|
|
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Уште откако се логирав на овој форум, 2007 година, не престанав да ја
споделувам мојата радост со вас во овој посебен ден од годината и на
сите Христови следбеници да им го честитам роденденот на Христовата
Црква и исполнувањето на Христовото ветување за слегувањето на
Небесната Сила која не облече со новиот небесен човек, во правдата и
светоста на вистината. Не облече со целото Божјо оружје со кое им се
спротиставуваме на измамите на ѓаволот. Не облече во прекрасно одело,
како Божји избраници, свети и возљубени, во милосрдно срце, благост,
смиреност, кротост, трпеливост и љубов која сврзува се во совршенство.
Нека ви е среќен празников Духовден! http://www.youtube.com/watch?v=MW_TjpGNHcE |
|
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Прво- во Сабота е Задушница, тогаш се споменуваат душите на упокоените, не во Недела, си ги измешал работите. И речиси сите знаат дека во Недела е Духовден, односно слегувањето на Светиот Дух. Второ- тоа што народот оди во Недела навечер на гробишта не го прави со благослов од Црквата, ниту има свештеници тогаш, напротив, Црквата неколкупати укажа на бесмисленоста на тие обичаи, ама народот наш не е послушен и го прави истото што го прави и на Бадник. Тоа особено е присутно кај постарата популација, која на секоја опомена од свештеникот реагирa и вели: "Така правела мајка ми и баба ми ,сега тој ли ќе ми вели дека не биле во право"?! Трето- освен опомените и поучувањата, не знам кои други мерки да ги преземе МПЦ. Да почне да дели екскомуникации ли треба? Не за џабе нашиот народ: На човек можеш да му земеш сосила, ама не и да му дадеш... |
|
Внеси реплика | страница 12> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |