Духовден
Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Стил на живот
Име на форумот: Вероисповед
Опис на форумот: Право на личен избор
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=7655
Датум на принтање: 02.Декември.2024 во 10:01 Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com
Тема: Духовден
Постирано од: EvAngelos
Наслов: Духовден
Датум на внесување: 25.Мај.2007 во 18:43
Духовден
(Дела на апостолите, 2 поглавје)
- Духовден е христијански празник посветен на слегувањето на Светиот Дух врз апостолите и формирањето на Црквата.
- На овој ден се исполнило Христовото ветување за доаѓањето на Светиот Дух (Духот на Вистината, Утешителот, Силата одозгора, ветувањето на Таткото) што Христос им го даде заповедувајќи им на апостолите да не се одалечуваат од Ерусалим додека тоа не се случи.
- На овој ден Христовите апостоли беа облечени со силата на Светиот Дух и комплетно оспособени да бидат Христовото тело на Земјата.
- На овој ден апостолите, од здружение на граѓани, откако го примија Светиот Дух беа трансформирани во Христова Црква.
- На овој ден апостолите беа трансформирани од едни збунети и уплашени Христови ученици, во вешти, до смрт лојални и храбри Христови проповедници со исклучителна јасност и длабоко разбирање на Христовата евангелска порака.
- На овој ден, по Петровата проповед, се крстија околу 3000 души и славно беше формирана првата Христијанска Црква.
Затоа овој ден со право е наречен: Роденденот на Христовата Црква.
До ден денес, оваа прва заедница на христијани, останува ненадмината во своите доблести и доследност на Христовото учење и како таква за нас претставува одличен пример за тоа што значи да се биде Христова Црква (Дела 2:42-47)
Но за жал...
Иако Христијанството пребива во нашиве простори околу 2000 години и ние сме едни од првите кои ја добија Библијата на разбирлив (Старословенски) јазик, овој празник кај нас, најмногу од сите христијански празници, ја има промашено својата христијанска суштина и се "слави" во најпаганска форма од сите други празници.
Наместо фокусот и акцентот да бидат на Бог, Светиот Дух и Црквата, овој ден кај нас се поврзува со гробишта, со ранење на мртовци, со раздавање храна "за душа" и еден куп други обичаи и ритуали чии корени се во паганските преданија.
99% од народот воопшто и не знае што се случило на овој празник. Го нарекуваат "Задушница" (небаре некој се задушил на овој празник), "Духови" (празник на Ghosts Busters?) или "Дуовден" (празник на Дуо Трио - музичката група на К-15)
Секако најголемата вина за оваа неинформираност на македонскиот народ околу овој празник лежи во водечката религиозна групација МПЦ која наместо да го едуцира народот, го злоупотребува неговото незнаење и на секој начин гледа да профитира од тоа.
Па така, наместо да му вели на народот да престане со тие пагански обичаи и да му го објасни вистинското значење на Духовден, таа му ги препорачува своите комерцијални агенти - поповите да им "запеат" (за 500ден.) при нивните пагански ритулаи на гробовите.
Наместо да го укори своето стадо за тоа големо богохулство и паганштина што се врши на овој ден, таа го подржува и охрабрува во тоа, покорно служејќи му на својот бог - парите.
Нека Бог им се смилува на водачите на МПЦ и нека и нив, и нашиот народ, ги просветли и упати на правиот пат во вистинско познавање на Христијанските празници, Христовата порака и учење.
Намерно ја отворив оваа тема 2 дена пред Духовден, за да имаме време да размислиме како ќе го прославиме овој христијански празник, дали МПЦ-угодно, традицио-угодно или пак Богоугодно.
Поздрав! EvAngelos
------------- Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
Коментари:
Постирано од: oblachinja
Датум на внесување: 25.Мај.2007 во 19:57
Odlichen komentar...veruvaj deka site moi prijateli gi naterav da go prochitaat ova
-------------
|
Постирано од: аџија
Датум на внесување: 25.Мај.2007 во 20:13
EvAngelos напиша:
- На овој ден
апостолите, од здружение на граѓани, откако го примија Светиот Дух беа
трансформирани во Христова Црква.
|
-------------
|
Постирано од: hardcore
Датум на внесување: 25.Мај.2007 во 20:28
Samo cestitki za komentarot.Se znae sto e duhovden i kako se slavi..ova sto se praktikuva denes ne e pravo slavenje na denot...Licno jas ce odam vo Sveti Jovan Bigorski.Tamu ce se cita od svetoto pismo i treba da bide ubavo(sto bi rekol ti-Bogougodno).
|
Постирано од: аџија
Датум на внесување: 27.Мај.2007 во 09:21
СРЕЌЕН РОДЕНДЕН ЦРКВО!!!
„...Ќе ја изградам својата Црква, и ниту Вратите Пеколни ќе можат да ја надвладеат“
- Исус Христос ( Мт. 16:18)
-------------
|
Постирано од: vodolija_43
Датум на внесување: 27.Мај.2007 во 11:24
Sekoja cest za postov,samo za zal,sto sekoj nema moznost ova da go procita,zatoa sto nasata MPC,i ne saka"mnogu"da se znae sto se znacat po pravilo nasite praznici,tuku si gledaat na niv sto im cini,i odgovara,a ne se mnogu bas zagrizeni za nivnite "bozji ceda"kako go znaat ovoj den.Dali e verski i paganski,vazno niv da im se polni "Djebovite"!
|
Постирано од: oblachinja
Датум на внесување: 27.Мај.2007 во 11:59
аџија напиша:
СРЕЌЕН РОДЕНДЕН ЦРКВО!!!
„...Ќе ја изградам својата Црква, и ниту Вратите Пеколни ќе можат да ја надвладеат“
- Исус Христос ( Мт. 16:18)
|
SREKNO I VEKOVITO!!!
-------------
|
Постирано од: аџија
Датум на внесување: 28.Мај.2007 во 10:06
Многу инспиративно е Христовото ветување, дека НИШТО на овој свет нема да ја надвладее или сруши Црквата. Таа ќе опстои низ сите страдања и искушенија, се додека Христос повторно не дојде.
-------------
|
Постирано од: EvAngelos
Датум на внесување: 13.Јуни.2008 во 02:06
На Духовден, некаде 33-тата година по Христа, во Ерусалим беа собрани околу 120 христијани и неколку илјади празнувачи на празникот Педесетница. Одненадеж, се случи необична интервенција од небото: третото лице на Божјото тројство величествено стапи на сцена и создаде еден моќен организам, наречен Христова Црква.
Духовден е роденденот на Христовата Црква, инаугурацијата на Светиот Дух за мисија на Земјата, меѓу луѓето.
Но ниту римското ниту еврејското политичко и религиозно раководство не виделе ништо особено да се случило на тој ден. За жал, така останува и до денес; и кај нас. Повеќето луѓе од нашата земја (вклучувајќи ги ексклузивно оние кои кои ќе пробдејат на гробиштата наредниве 2-3 дена) немаат поим што, всушност, се случило на денешен ден и зошто го одбележуваме овој празник - Духовден.
Најголемиот број христијани многу малку знаат за Светиот Дух. Меѓу трите лица на Светото Тројство, Светиот Дух е најмалку познат. Сите знаат по нешто за Отецот, кој го создал светот, кој ги издал Божјите заповеди, итн. Сите знаат за Синот (Исус Христос) - за Божик, за Велигден, за Неговите чуда и поуки. А за Светиот Дух, не само што имаме скромни знаења, туку и заблуди! Го поврзуваме со гробишта, со духови, со раздавање храна по гробиштата и со ред други пагански обичаи; Господ нека ни прости за таквата навреда против Светиот Дух.
Делумно, причината е слабото познавање на Светото Писмо, за што немаме изговор. Но има и нешто друго, а тоа е тивката природа на Светиот Дух и природата на Неговото дејствување. Додека симболот на Отецот е силата, симболот на Синот е крстот, симболот на Светиот Духе е гулабот - таа кротка и нежна птица. Тој дејствува тивко, однатре; Неговата цел не е Тој да се види, туку да се видат ефектите од Неговото дејствување.
Светиот Дух низ ввековите имал различни улоги. На почетокот, заедно со Таткото и Синот учествувал во создавањето на Небесата и Земјата. Потоа преку пророците пророкувал за Божјите намери со луѓето и Го навестувал доаѓањето на Синот. Учествувал во отелотворувањето на Синот, во Неговото крштевање, во моќните дела што Исус ги правел итн.
Денес Неговата улога е да сведочи за Христос, да го уверува Светот за гревот, за Божјата правда и за судот, да ги упатува христијаните во вистината, да ги чува од ереси, да ги утешува итн.
Нека е среќен роденденот на Христовата Црква!
------------- Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
Постирано од: moira
Датум на внесување: 13.Јуни.2008 во 05:46
EvAngelos, пријателе драг, ти Благодарам што ја воскресна темата и на прекрасното концизно појаснување за овој голем христијански празник, Роденденот на Христовата Црква и се надевам дека нашите брака и сестри христијани конечно ке го разберат неговото изворно и правилно значење и ке почнат да го практикуваат и празнуваат онака како што доликува.
СРЕЌЕН РОДЕНДЕН НА ХРИСТОВАТА ЦРКВА!!!
„...Ќе ја изградам својата Црква, и ниту Вратите Пеколни ќе можат да ја надвладеат“
Исус Христос ( Мт. 16:18)
------------- ...have you already tried, the brand new fragrance..."The Desirable"...by "sweet poison" Moira...
|
Постирано од: Templarius
Датум на внесување: 13.Јуни.2008 во 14:56
SRECEN RODENDEN NA HRISTOVATA CRKVA I VREMETO
------------- Give me your secrets
Bring me a sign
Give me a reason
To walk the fire
See another dawn
Through our son's eyes
You give me a reason
To walk the fire.
|
Постирано од: EvAngelos
Датум на внесување: 07.Јуни.2009 во 15:09
Среќен и благословен Духовден им посакувам на сите мои браќа и сестри на овој форум кои некомпромисно го следат Христос и Неговото учење и го прославуваат денешниов празник
Нека Светиот Дух кој на денешен ден слезе врз Христовите апостоли ги исполни и вашите срца и нека изобилно ве дарува со љубов, мир, радост, трпение, љубезност, добрина, верност, кротост, самоконтрола и нека ви даде Небесна сила, смело и радосно, да го издржите патот по кој сте повикани да чекорите од нашиот Господ Исус Христос. Амин!
------------- Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
Постирано од: EvAngelos
Датум на внесување: 23.Мај.2010 во 15:27
Уште откако се логирав на овој форум, 2007 година, не престанав да ја
споделувам мојата радост со вас во овој посебен ден од годината и на
сите Христови следбеници да им го честитам роденденот на Христовата
Црква и исполнувањето на Христовото ветување за слегувањето на
Небесната Сила која не облече со новиот небесен човек, во правдата и
светоста на вистината. Не облече со целото Божјо оружје со кое им се
спротиставуваме на измамите на ѓаволот. Не облече во прекрасно одело,
како Божји избраници, свети и возљубени, во милосрдно срце, благост,
смиреност, кротост, трпеливост и љубов која сврзува се во совршенство.
Нека ви е среќен празников Духовден!
http://www.youtube.com/watch?v=MW_TjpGNHcE -
|
Постирано од: Македон
Датум на внесување: 23.Мај.2010 во 15:46
EvAngelos напиша:
Наместо фокусот и акцентот да бидат на Бог, Светиот Дух и Црквата, овој ден кај нас се поврзува со гробишта, со ранење на мртовци, со раздавање храна "за душа" и еден куп други обичаи и ритуали чии корени се во паганските преданија.<O:P></O:P></SPAN>
<SPAN lang=RU>99% од народот воопшто и не знае што се случило на овој празник. </SPAN><SPAN lang=RU>Го нарекуваат "Задушница" (небаре некој се задушил на овој празник), "Духови" (празник на </SPAN>G<SPAN lang=RU>hosts </SPAN>B<SPAN lang=RU>usters?) или "Дуовден" (празник на Дуо Трио - музичката група на К-15)</SPAN><SPAN lang=RU> </O:P></SPAN>
<SPAN lang=RU>Секако најголемата вина за оваа неинформираност на македонскиот народ околу овој празник лежи во водечката религиозна групација МПЦ која наместо да го едуцира народот, го злоупотребува неговото незнаење и на секој начин гледа да профитира од тоа.<O:P></O:P></SPAN>
<SPAN lang=RU>Па така, наместо да му вели на народот да престане со тие пагански обичаи и да му го објасни вистинското значење на Духовден, таа му ги препорачува своите комерцијални агенти - поповите да им "запеат" (за 500ден.) при нивните пагански ритулаи на гробовите.<O:P></O:P></SPAN>
<SPAN lang=RU>Наместо да го укори своето стадо за тоа големо богохулство и паганштина што се врши на овој ден, таа го подржува и охрабрува во тоа, покорно служејќи му на својот бог - парите. |
Прво- во Сабота е Задушница, тогаш се споменуваат душите на упокоените, не во Недела, си ги измешал работите. И речиси сите знаат дека во Недела е Духовден, односно слегувањето на Светиот Дух.
Второ- тоа што народот оди во Недела навечер на гробишта не го прави со благослов од Црквата, ниту има свештеници тогаш, напротив, Црквата неколкупати укажа на бесмисленоста на тие обичаи, ама народот наш не е послушен и го прави истото што го прави и на Бадник. Тоа особено е присутно кај постарата популација, која на секоја опомена од свештеникот реагирa и вели: "Така правела мајка ми и баба ми ,сега тој ли ќе ми вели дека не биле во право"?!
Трето- освен опомените и поучувањата, не знам кои други мерки да ги преземе МПЦ. Да почне да дели екскомуникации ли треба?
Не за џабе нашиот народ: На човек можеш да му земеш сосила, ама не и да му дадеш...
-------------
|
Постирано од: ahmar1
Датум на внесување: 25.Мај.2010 во 11:30
Штета што роденденот на ЕДНАТА СВЕТА СОБОРНА(католичка) И АПОСТОЛСКА ЦРКВА си го присвојуват луѓе,кои за жал,не се нејзини членови.
Но живела демократија
Како прво евангелос наведува ТЕШКИ НЕБУЛОЗИ и очигледни КЛЕВЕТИ,значи не се тоа недоразбирања туку свесно упорствување против вистината.
Како прво ако веќе критикуваш нешто треба да го знаеш ставот на тој кој размислува спротивно од тебе.
Ние ЧЛЕНОВИТЕ НА ХРИСТОВАТА ЦРКВА,не веруваме во предестинација и не веруваме дека со членството во Цркват по автоматизам идеш у рајот затоа И ТЕ КАКО НИ СЕ БИТНИ молитвите за напите упокоени браќа и сестри.
Затоа и има ден кој се вика задушница кој потекнува од ДВА ЗБОРА- "ЗА" (PRAZEN PROSTOR)"ДУША",значи се молиме тој ден за душите на нашите упокоени соверци.
Православни свештеници на Духовден НЕМА НА ГРОБИШТА!!
Ако најдеш некој тогаш те частам!!
Инаку гледам евангелос дека не е информиран но МПЦ и то те како зборува поротив некои лоши народни обичаии.
Но тоа го прави за време на Литургиите ,во времето за проповед.
Каде им се укажува на верниците дека некои практики не се прифатливи.Така да ја не се грижам многу за оние кои идат на литургии туку за оние кои ретко влагаат во Црква,но убаво кажа Македон:
Македон напиша:
освен опомените и поучувањата, не знам кои други мерки да ги преземе МПЦ. Да почне да дели екскомуникации ли треба?
Не за џабе нашиот народ: На човек можеш да му земеш сосила, ама не и да му дадеш... |
Црквата не е организација која ги казнува своите непослушни членови туку БОГОЧОВЕЧКИ ОРГАНИЗАМ.
Затоа стапот и слични методи(кои на запад ги користеле другите христијани) не се прифатливи за нас.
Инаку за ваша информација ПРОТЕСТАНТИТЕ на запад имале многу, за тогашните мерила, ефикасен метод на контрола на своите членови.А тоа е ПАЛЕЊЕ НА КЛАДА!!!
Да да ,не е грешка ,палењето на такозваните вештерки(кои практикувале пагански практики) било по често кај ПРОТЕСТАНТИСКИТЕ региони отколку кај римокатоличките.
Така на пример инквизицијат во Шпанија ги отфрлил обвинувањата за вештерство како смешни.
Додоек во исто време еден ЛУТЕРАНСКИ ПАСТОР во Норвешка пратил на клада 10% од жителите на еден регион во централна Норвешка на клада.
Да не препорачува Евангелос МПЦ да земе ПРОТЕСТАНТСКИ МЕТОДИ за сузбивање на паганските обичаи?
------------- Илја дин,Илја бил ел Месија+++
нема друга вера освен правоверната,Христос е Месијата+++
|
Постирано од: EvAngelos
Датум на внесување: 25.Мај.2010 во 12:52
ahmar1 напиша:
Православни свештеници на Духовден НЕМА НА ГРОБИШТА!!
Ако најдеш некој тогаш те частам!!
|
Има на Задушница, паганскиот празник ден пред христијанскиот Духовден. Не мора јас да ти барам, излези на тој ден на кои било гробишта и сам ќе си најдеш.
ahmar1 напиша:
МПЦ и то те како зборува поротив некои лоши народни обичаии.
Но тоа го прави за време на Литургиите ,во времето за проповед.
|
Знам што зборува МПЦ, да не се раздавале торти, туку да се раздава пченица, да не се раздвало ракија, туку вино Таа воопшто и не разликува кои се човечките традиции (квасецот) вметнат во христијанството (чистото тесто) за да зборува против тоа. Таа само одделува квасец од квасец. А претпоставувам и зошто МПЦ зборува само на литургиите околу овие паганштини. Затоа што на литурги идат одвај 1% од оние што се декларираат како православни, и тоа баш оние кои не го прават она за што МПЦ говори против (иако и тие го прават сето она за што МПЦ не говори против, а е против Библијата). На МПЦ, и покрај секуларноста во државата, и е дадена привилегијата да седи на десното столче веднаш до премиерот и да шурува со власта. Така што таа лесно и без никакви проблеми може да излезе на медиумите (телевизија, вести, колумни) и храбро и јасно да му упати порака на целиот народ да не ги прави овие паганштини. Но претпоставувам и зошто потајно зборува против овие работи. Затоа што не сака да го навреди стадото, за да не изгуби дел од муштериите.
ahmar1 напиша:
Инаку за ваша информација ПРОТЕСТАНТИТЕ на запад имале многу, за тогашните мерила, ефикасен метод на контрола на своите членови.А тоа е ПАЛЕЊЕ НА КЛАДА!!!
|
Срам да им е на тие квази-протестанти што го правеле тоа. Мартин Лутер и другите реформатори се срамеле од тие протестанти, а се срамат и денешните вистински протестанти т.е. оние кои што се држеле до Божјото Слово - Библијата. Вакви лоши примери има и меѓу православните цркви, иако не со палење на клада, но не сакам да пишувам за нив, за да не забега дисксуијата во погрешен правец (оф-топик), како што ти ја насочуваш.
ahmar1 напиша:
Да не препорачува Евангелос МПЦ да земе ПРОТЕСТАНТСКИ МЕТОДИ за сузбивање на паганските обичаи?
|
Зависи што подразбираш под протестантски методи. Поповите правеле триста глупости во името на православието, па сепак јас не се дрзнувам да зборувам за тие глупости како православни методи. Но ако зборуваш за вистинските протестантски методи кои произлегуваат од главното начело на протестантизмот (Sola Scriptura = Само Библијата!), тогаш да, препорачувам МПЦ да земе протестантски методи и да му ја доближи на народот Библиската порака која јасно говори против овие паганштини кои богохулат на Христовото евангелие.
------------- Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
Постирано од: Македон
Датум на внесување: 25.Мај.2010 во 14:35
EvAngelos напиша:
На МПЦ, и покрај секуларноста во државата, и е дадена привилегијата да седи на десното столче веднаш до премиерот и да шурува со власта. Така што таа лесно и без никакви проблеми може да излезе на медиумите (телевизија, вести, колумни) и храбро и јасно да му упати порака на целиот народ да не ги прави овие паганштини. Но претпоставувам и зошто потајно зборува против овие работи. Затоа што не сака да го навреди стадото, за да не изгуби дел од муштериите. |
Значи МПЦ излегува на телевизија и говори за овие обичаи, ама тоа го прави тајно. Како тоа тајно на телелвизија, може ли да ми објасниш? Му шепотат на новинарот, или говорат тивко пред микрофонот, за да не слушнеме? Во желба да се каже нешто против МПЦ, се кажуваат небулози, ама тешко поминуваат.
Во однос на медиумскиот простор, не пријателе, не поради тоа што МПЦ е блиска со власта добива медиумски простор, телевизиите се приватни, тоа можеби би важело ако свештениците на МПЦ се појавуаат на каналот на МТВ, државната телевизија, туку поради тоа што приватните телевизии знаат дека тоа ќе се гледа, дека народот пред празникот ќе сака да слушне нешто за празникот од свештениците.
Малите верски заедници како вашата не добиваат толку голем медиумски простор затоа што самата телелвизија знае дека тоа нема да биде многу гледно, нема да има можност во текот на паузите од емисиите да вметне реклами, затоа што истите нема да бидат проследени од многумина, а за кои добива пари. Сепак, живееме во капиталистичко општество, секој од својата професија гледа да извлече профит, а голем медиумски простор за малите заедници ќе значи само загуба. Тоа е причината поради која приватните телелвизиски програми го прават тоа, а не поради некоја си блискост или непријателство.
-------------
|
Постирано од: ahmar1
Датум на внесување: 25.Мај.2010 во 15:18
EvAngelos напиша:
ahmar1 напиша:
Православни свештеници на Духовден НЕМА НА ГРОБИШТА!!
Ако најдеш некој тогаш те частам!!
| Има на Задушница, паганскиот празник ден пред христијанскиот Духовден.Не мора јас да ти барам, излези на тој ден на кои било гробишта и сам ќе си најдеш.. |
Значи признаваш дека НЕ СИ БИЛ НА ГРОБИШТА ТОГАШ и само за да бидеш доследен на своето плукање се вадиш со оној детски аргумент "е има бе, само зашто ја го викам тоа и тачка!!".
Браво за "несоборливиов" аргмент.
EvAngelos напиша:
Така што таа лесно и без никакви проблеми може да излезе на медиумите (телевизија, вести, колумни) и храбро и јасно да му упати порака на целиот народ да не ги прави овие паганштини. |
Идеш ептен ОФ ТОПИК.Но за погорново кое во конектс на муабетот би се задржал.
Основа на животот во ХРИСТОВАТА ЦРКВА е литургијата.
Верникот е вистински христов ученик само ако живее литургиски живот.Затоа и таму и тогаш е најдоброто место за проповед на своите членови.
Од православна гледна точка нема никаква поента ако некој епискиоп на ТВ им се обрати на све живо и диво
во неговат епархија и да им држи лекции како треба да се прави ова или она.Кога имаш секакви кои го гледаат тоа.
Некои кои воопшто не се Христијани,други се отворени противници на Црквата и секако незаинтересираните.
Која е поентата да им се обраќа и проповеда на некои кои НЕ САКААТ ДА ГО СЛУШНАТ ТОА.
Кој сака да чуе ќе чуе.Кој не сака нека е здрав и жив.
Затоа нашето мисионерство се разликува од вашето.Со холивидски методи навистина ќе привлечеш почетно внимание но нема да има долгорочен успех.
Затоа кај нас битно е некој САМ ДА ИЗРАЗИ ЖЕЛБА да чуе за Христа.И за разлика од вас ние НЕ ОБРАЌАМЕ ЛУЃЕ ТУКУ ТОА БОГ ГО ПРАВИ!
И најдобро место за мисионерство е ЛИТУРГИЈАТА сама по себе.Но бидејќи вие немате ни одблизу нешто како такво(како што ние го сфаќаме)ќе удрите на делење бесплатни брошури,ТВ и слични медиумски финти.
Не велам дека медиумите се лоши за проповед,(далеку од тоа!)туку дека тоа има многу споредно значење за проповедта на Христовото учење.
EvAngelos напиша:
Но претпоставувам и зошто потајно зборува против овие работи. Затоа што не сака да го навреди стадото, за да не изгуби дел од муштериите. |
Едно не ми е јасно..Еве ние православните во вашите очи сме вакви онакви,лажеме,кредеме и вошки имаме.Што ви е тогаш до толку гајле што правиме па до толку кариера да правите со плукање кон нас?!
еве сакаш да не преобратиш?! па и сам знаеш дека со ваква негативна кампања ќе имаш многу ограничен успех(колку ве има по толку години такво проповедање кај нас-100 души?!)
И ја би сакал вас БОГ да ве преобрати кон вистинско(ортодоксно)славење на Бога. Но тоа ќе го направам,пардон!-ЌЕ ПРИДОНЕСАМ СО СВОЈАТ МАЛЕНКОСТ само ако ЈАС ЛИЧНО КАКО ПОЕДИНЕЦ СТАНАМ ДОБАР ПРИМЕР ЗА БЛИЖИТЕ.А не да плукам на вас на лична основа.
Е тука многу се разликува правоверниот и протестантскиот начин.
EvAngelos напиша:
Но ако зборуваш за вистинските протестантски методи кои произлегуваат од главното начело на протестантизмот (Sola Scriptura = Само Библијата!), тогаш да, препорачувам МПЦ да земе протестантски методи и да му ја доближи на народот Библиската порака која јасно говори против овие паганштини кои богохулат на Христовото евангелие. |
Евангелосе,НИЕ(ПРАВОВЕРНИТЕ) СМЕ ВИ ГО ДАЛЕ СВЕТОТО ПИСМО(или Библијат како што вие ја викате).Вие ли нас ќе ни кажувате како треба да ја толкуваме и читаме?!
За што зборам иди во една заклучен тема(не по моја вина)за тоа каде се дискутира баш за ова.
http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=22264 - ТУКА
------------- Илја дин,Илја бил ел Месија+++
нема друга вера освен правоверната,Христос е Месијата+++
|
Постирано од: Maran Ata
Датум на внесување: 25.Мај.2010 во 15:27
Македон напиша:
EvAngelos напиша:
На МПЦ, и покрај секуларноста во државата, и е дадена привилегијата да седи на десното столче веднаш до премиерот и да шурува со власта. Така што таа лесно и без никакви проблеми може да излезе на медиумите (телевизија, вести, колумни) и храбро и јасно да му упати порака на целиот народ да не ги прави овие паганштини. Но претпоставувам и зошто потајно зборува против овие работи. Затоа што не сака да го навреди стадото, за да не изгуби дел од муштериите. |
Значи МПЦ излегува на телевизија и говори за овие обичаи, ама тоа го прави тајно. Како тоа тајно на телелвизија, може ли да ми објасниш? Му шепотат на новинарот, или говорат тивко пред микрофонот, за да не слушнеме? |
Не дека некој не излегува на телевизија за да објасни како правилно се слави Духовден, туку тој што не го интересира, не гледа, па затоа и за таквиот МПЦ воопшто не ја проповеда вистината. Тоа е како некој да си ги затвори очите за да не го гледа сонцето, тогаш за него тоа не ни постои, само затоа што тој не го гледа.
Ајде малку едуцирање за ЕвАнгелос од страна на МПЦ:
Објаснување на http://www.youtube.com/watch?v=CpRyQmCqeSs&feature=related - - Митрополит Петар објаснува зошто на Духовден Црквата се радува и таа радост ја исполнува во храмот на Света Божествена Литургија.
И на сите би им препорачала да ги изгледаат овие два дела на Православнта емисија „Бог е жив“, каде се говори за празнување на Духовден, зошто се празнува и како се празнува.
http://www.youtube.com/watch?v=hCfguSzfy5U&feature=related - - 2. дел
Очигедно, Македон, во право си :
Македон напиша:
Во желба да се каже нешто против МПЦ, се кажуваат небулози, ама тешко поминуваат. |
------------- + Љубовта покрива многу гревови +
|
Постирано од: AlDra
Датум на внесување: 04.Јуни.2010 во 02:40
ahmar1 напиша:
EvAngelos напиша:
ahmar1 напиша:
Православни свештеници на Духовден НЕМА НА ГРОБИШТА!!
Ако најдеш некој тогаш те частам!!
| Има на Задушница, паганскиот празник ден пред христијанскиот Духовден.Не мора јас да ти барам, излези на тој ден на кои било гробишта и сам ќе си најдеш.. |
Значи признаваш дека НЕ СИ БИЛ НА ГРОБИШТА ТОГАШ и само за да бидеш доследен на своето плукање се вадиш со оној детски аргумент "е има бе, само зашто ја го викам тоа и тачка!!".
Браво за "несоборливиов" аргмент.
EvAngelos напиша:
Така што таа лесно и без никакви проблеми може да излезе на медиумите (телевизија, вести, колумни) и храбро и јасно да му упати порака на целиот народ да не ги прави овие паганштини. |
Идеш ептен ОФ ТОПИК.Но за погорново кое во конектс на муабетот би се задржал.
Основа на животот во ХРИСТОВАТА ЦРКВА е литургијата.
Верникот е вистински христов ученик само ако живее литургиски живот.Затоа и таму и тогаш е најдоброто место за проповед на своите членови.
Од православна гледна точка нема никаква поента ако некој епискиоп на ТВ им се обрати на све живо и диво
во неговат епархија и да им држи лекции како треба да се прави ова или она.Кога имаш секакви кои го гледаат тоа.
Некои кои воопшто не се Христијани,други се отворени противници на Црквата и секако незаинтересираните.
Која е поентата да им се обраќа и проповеда на некои кои НЕ САКААТ ДА ГО СЛУШНАТ ТОА.
Кој сака да чуе ќе чуе.Кој не сака нека е здрав и жив.
Затоа нашето мисионерство се разликува од вашето.Со холивидски методи навистина ќе привлечеш почетно внимание но нема да има долгорочен успех.
Затоа кај нас битно е некој САМ ДА ИЗРАЗИ ЖЕЛБА да чуе за Христа.И за разлика од вас ние НЕ ОБРАЌАМЕ ЛУЃЕ ТУКУ ТОА БОГ ГО ПРАВИ!
И најдобро место за мисионерство е ЛИТУРГИЈАТА сама по себе.Но бидејќи вие немате ни одблизу нешто како такво(како што ние го сфаќаме)ќе удрите на делење бесплатни брошури,ТВ и слични медиумски финти.
Не велам дека медиумите се лоши за проповед,(далеку од тоа!)туку дека тоа има многу споредно значење за проповедта на Христовото учење.
EvAngelos напиша:
Но претпоставувам и зошто потајно зборува против овие работи. Затоа што не сака да го навреди стадото, за да не изгуби дел од муштериите. |
Едно не ми е јасно..Еве ние православните во вашите очи сме вакви онакви,лажеме,кредеме и вошки имаме.Што ви е тогаш до толку гајле што правиме па до толку кариера да правите со плукање кон нас?!
еве сакаш да не преобратиш?! па и сам знаеш дека со ваква негативна кампања ќе имаш многу ограничен успех(колку ве има по толку години такво проповедање кај нас-100 души?!)
И ја би сакал вас БОГ да ве преобрати кон вистинско(ортодоксно)славење на Бога. Но тоа ќе го направам,пардон!-ЌЕ ПРИДОНЕСАМ СО СВОЈАТ МАЛЕНКОСТ само ако ЈАС ЛИЧНО КАКО ПОЕДИНЕЦ СТАНАМ ДОБАР ПРИМЕР ЗА БЛИЖИТЕ.А не да плукам на вас на лична основа.
Е тука многу се разликува правоверниот и протестантскиот начин.
EvAngelos напиша:
Но ако зборуваш за вистинските протестантски методи кои произлегуваат од главното начело на протестантизмот (Sola Scriptura = Само Библијата!), тогаш да, препорачувам МПЦ да земе протестантски методи и да му ја доближи на народот Библиската порака која јасно говори против овие паганштини кои богохулат на Христовото евангелие. |
Евангелосе,НИЕ(ПРАВОВЕРНИТЕ) СМЕ ВИ ГО ДАЛЕ СВЕТОТО ПИСМО(или Библијат како што вие ја викате).Вие ли нас ќе ни кажувате како треба да ја толкуваме и читаме?!
За што зборам иди во една заклучен тема(не по моја вина)за тоа каде се дискутира баш за ова.
http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=22264 - ТУКА |
Здраво Ахмар, здраво на сите. Прчитав во твојов пост нешто интересно што ми остави впечаток па се решив да коментирам. На едно место велиш вака ,,Затоа нашето мисионерство се разликува од вашето.Со холивидски методи навистина ќе привлечеш почетно внимание но нема да има долгорочен успех. Затоа кај нас битно е некој САМ ДА ИЗРАЗИ ЖЕЛБА да чуе за Христа.’’. Е сега... како прво: човекот во својата природна состојба е грешен, воден од грешните страсти кои се негов бог и во него нема никаква желба да чуе нешто за Бога, затоа што веќе си има свој бог кој седи на престолот и добро е укотвен. Затоа некој треба да оди и да му ја каже Вистината на човекот. ,,Верата доаѓа преку слушање и тоа преку слушање на Божјиот Збор’’(Римјаните 10:17). Не може грешниот човек да Го љуби Светиот Бог, зашто во него постои една константа сила која го двои од Создателот. ,,Тоа е вистинска љубов. Не дека ние Го сакавме Бога, туку Бог нас не сакаше и Го даде Својот Син како помирителна жртва за нашите гревови.’’(Прво Јованово послание 4:10). Доколку човекот сака да чуе за Бога ќе излезе дека тој Го засакал прв Господа а не обратно. Понатаму, заповедта која Христос ја даде на апостолите беше ,,Одете меѓу сите народи и создадете од нив Мои ученици...’’(Матеј 28:19) Треба ние да одиме и да создадеме ученици, а не да чекаме тие да дојдат кај нас. Патем, кога Исус ги повика Петар и Андреј им рече ,,Тргнете по Мене и Јас ќе ве научам како да ловите луѓе!’’(Матеј 4:19). Рибарите на риби требаше да станат ,,рибари’’ на луѓе! А ниту еден рибар не чека рибата сама да му излезе на брегот и да му каже ,,Еве сум, улови ме!’’ туку рибарите мака мачат за да уловат. Така тоа сакав да ти го кажам, да се оправдаме иако нема потреба и да дадам поука секој Христијанин кој бил уловен да се претвори во ловец на души. Поздрав!
------------- Вера, надеж, љубов
|
Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 04.Јуни.2010 во 07:25
AlDra напиша:
[QUOTE=ahmar1] Здраво Ахмар, здраво на сите. Прчитав во твојов пост нешто интересно што ми остави впечаток па се решив да коментирам. На едно место велиш вака ,,Затоа нашето мисионерство се разликува од вашето.Со холивидски методи навистина ќе привлечеш почетно внимание но нема да има долгорочен успех. Затоа кај нас битно е некој САМ ДА ИЗРАЗИ ЖЕЛБА да чуе за Христа.’’. Е сега... како прво: човекот во својата природна состојба е грешен, воден од грешните страсти кои се негов бог и во него нема никаква желба да чуе нешто за Бога, затоа што веќе си има свој бог кој седи на престолот и добро е укотвен. Затоа некој треба да оди и да му ја каже Вистината на човекот. ,,Верата доаѓа преку слушање и тоа преку слушање на Божјиот Збор’’(Римјаните 10:17). Не може грешниот човек да Го љуби Светиот Бог, зашто во него постои една константа сила која го двои од Создателот. ,,Тоа е вистинска љубов. Не дека ние Го сакавме Бога, туку Бог нас не сакаше и Го даде Својот Син како помирителна жртва за нашите гревови.’’(Прво Јованово послание 4:10). Доколку човекот сака да чуе за Бога ќе излезе дека тој Го засакал прв Господа а не обратно. Понатаму, заповедта која Христос ја даде на апостолите беше ,,Одете меѓу сите народи и создадете од нив Мои ученици...’’(Матеј 28:19) Треба ние да одиме и да создадеме ученици, а не да чекаме тие да дојдат кај нас. Патем, кога Исус ги повика Петар и Андреј им рече ,,Тргнете по Мене и Јас ќе ве научам како да ловите луѓе!’’(Матеј 4:19). Рибарите на риби требаше да станат ,,рибари’’ на луѓе! А ниту еден рибар не чека рибата сама да му излезе на брегот и да му каже ,,Еве сум, улови ме!’’ туку рибарите мака мачат за да уловат. Така тоа сакав да ти го кажам, да се оправдаме иако нема потреба и да дадам поука секој Христијанин кој бил уловен да се претвори во ловец на души. Поздрав! |
Ova e mnogu suptilna rabota i jas se slozhuvam so stavot na ahmar1.
Kako prvo, chovek treba da bide spremen da se zapoznae so neshto, da izjavi slobodna zhelba da se zapoznae so nepoznatoto, pa potoa da mu se izlozhi toa pred nego.
Nekakva paralela bi bil mirisot na cvekjeto... mnogumina minuvaat pokraj nego, no nekoi nemaat dovolno chustvitelni nosovi, na nekoi nosovite im se zatnati, nekoi se alergichni na toj miris... onoj koj kje bide podaten za negovata opojnost, kje zastane i kje se zainteresira da pronajde od kade doagja toj.
Ne mozhe da go skinesh cvetot i da trchash od eden covek do drug, da im go poturash pod nos, da im go topurish pred ochi i da ochekuvash deka sekoj kje se odushevuva od nego.
I ushte neshto mnogu vazhno... ne mozhe sekoj da pouchva sekogo samo zatoa shto stanal vernik na nekoja religija i chital nekoja sveta kniga. Ne odi toa onaka kako shto se pravi - stokmi se so knigi i pamfleti i pochni da trchash po lugjeto, da chukash po vrati i da "prosvetluvash" kogo kje stignesh.
Nitu Isus ne go pravel toa. Toj ne odbral duzina lugje chukajkji slepechki po vrati i ne za badijala rabotel so niv tri godini.
Kako mozhe nekoj da sluzhi drugi, kako mozhe voopshto da se obide da pomogne i prosvetli, ako prvin ne se prosvetlil samiot sebe? Ako prvin ne ja zapalil svojata svekja kako bi gi osvtlil drugite? Sekoj obid da se stori toa e praveneje mechkina usluga. Kako mozhe nekoj da deli svetlina ako ja nema vo sebe? Shto kje deli toj? Pasusi od Svetoto Pismo? Crno mastilo na bela hartija?
Prvin chovek treaba da stane Svetlina, treba da stane Ljubov i taka da se prestori vo Milosrdie. I ponatamu nema potreba da se odi nikade, nema potreba od nikakvi misii, trchanje po lugje i chukanje po vrati, zatoa shto samoto postoenje na toj chovek e Milosrdie, Ljubov i Svetlina koi zrachat od nego onaka kako shto se shiri opojniot miris od cvekjeto.
I lugjeto samite kje doagjat da go zapoznaat cvetot. Cvetot ne pravi nishto. Kako mozhe da se predava Ljubovta? Kako mozhe da se uchi Ljubovta? Toa mozhe samo da se spodeli i da se dozhive vo samiot akt na postoenjeto na onoj shto ja poseduva.
Onoj koj trcha po drugite za da gi "spasi" zamisluvajki deka so samata pripadnost na nekoja religija po nekakov avtomatizam pochnal da kipi od bozhenstvenost, samo nepovikano si go pika nosot vo tugjite zhivoti.
Zatoa se slozhuvam so ahmar1 - chovek treba samiot da se zainteresira da go pomirisa cvetot, treba samiot da se pochustvuva spremen da ja zapoznae negovata tajna. I togash toj doagja do cvetot, cvetot nikogash ne trcha po nego.
------------- Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
Постирано од: AlDra
Датум на внесување: 04.Јуни.2010 во 08:23
Ама што ако Цветот дал заповед ,,Одете и направете Мои ученици...’’? Замисли луѓе кои живеат во градина која изобилува со цвеќе, и замисли дека мирисот на тоа цвеќе дава вечен живот, само човек треба да го мирисне и ќе живее вечно. Но, луѓето кои живеат во оваа градина носат гас-маски кои спречуваат мирисот да стигне до нив, па не се во можност да помирисаат. Во еден момент еден од нив ја вади гас-маската и го вдишува тој прекрасен мирис. Одеднаш сфаќа дека тој мирис е животодавен... зар нема да биде премногу себично од негова страна да не оди и да им каже на сите да ги извадат гас-маските и да биднат опијанети од мирисот на цвеќето?
------------- Вера, надеж, љубов
|
Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 04.Јуни.2010 во 13:16
Sekoj chovek treba samiot da reshi koga kje ja simne maskata. Znaesh i samiot kolku ima nominalni vernici so gas maski.
Cvetot veli - shirete go mirisot, daruvajte go sekomu koj kje posaka da go pomirisa. Cvetot ne veli trchajte naokolu, tropajte na vrati, zdodevajte im na lugjeto, nasila simnuvajte im gi gas maskite i terajte gi da mirisaat. Svetlina, Ljubov i Milosrdie ne se naturaat, tie samo mozhat da se spodelat od onoj koj gi ima so onie koi posakale da gi dobijat.
------------- Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
Постирано од: ahmar1
Датум на внесување: 04.Јуни.2010 во 13:50
Здраво алдра long time no see
AlDra напиша:
Така тоа сакав да ти го кажам, да се оправдаме иако нема потреба и да дадам поука секој Христијанин кој бил уловен да се претвори во ловец на души. Поздрав! |
Не ми беше поентата дека не треба да се мисионари(скраја да е!!)туку во МЕТОДОТ И НАЧИНОТ на истото.
Нели позната ти онаа реченица која неправедно му се препишува на Макијавели,иако тоа го користеле Језуитите пред него,дека целта ги оправдува средствата.
Додека православната изрека е дека ако средстава не се добри тогаш ни резулатот не е добар,без разлика колку таа цел е добра и благородна или незнам што, сама по себе.
Би се надоврзал на ставовите на месингер(кој се скоро 99% како и на православните,барем во овој случај )
Messenger напиша:
chovek treba samiot da se zainteresira da go pomirisa cvetot, treba samiot da se pochustvuva spremen da ja zapoznae negovata tajna. I togash toj doagja do cvetot, cvetot nikogash ne trcha po nego. |
Поубаво објаснето здрвје! уште еднаш би истакнал дека православниот став е дека не луѓето преобраќаат други со своите сили туку БОГ и само БОГ.
Затоа навидум православните изгледаат неактивни како мисионери.Како што ми рече еднаш една монахиња кај нас е "бавно но славно".
Јас како верник првин треба да го ПРИМЕНУВАМ евангелските заповеди во мојот секојдневен живот и самиот да станам свеќник кој свети на сите луѓе. Е сега што во тој процес има многу падови и разочарувања тоа е нешто што не држи смирени за да не се гордееме.
Или би го парфразирал Свети серафим Саровски -спасувај се ти сам и илјадници околу тебе ќе се спасат.
А што се случува во обратен случај ќе илустрирам со еден вистински случај.
На еден семинар каде учествуваа средношколцци од сите религии и етнички потекла бев дел од тимот и додека така седевме на плажа пред хотелот се појавуваат американски протестантски мисионери кои буквално почнаа да им дишат у врат на децана и да им зборат дека "Исус ги сакал" при што на децата нормално во старт им стаанаа одбивни.Па морав да интервернирам и да им кажам да ги остават децата на мира.
И кога се поодалечија да им кажам на истите тие "мисионери" дека како прво не се мисионари така и дека веќе има веќе неколку мисионери на оваа плажа ама кои не мафтаат со библија и не отскокнуваат со ништо посебно од сите останати и ве молам да не ни уплескувате!!
Не верувам дека ме разбра што сакав да кажам.Зашто они ГРОЗНИЧАВО сакаа само да зборат како Исус ги сакал и дека и тебе може така да те сака.(Како за некој другар од маало да прават муабет).
Верувам дека они беа искрени во својот мисионерски жар но мене ми беше жал што така нетактично и само со монолози им пристапуваат на поединци кои се универзум сами за себе.
------------- Илја дин,Илја бил ел Месија+++
нема друга вера освен правоверната,Христос е Месијата+++
|
Постирано од: Blagoj_s
Датум на внесување: 04.Јуни.2010 во 14:52
Za zadusnicite: “Boziknite praznici vo nasata stara religija bile denovi posveteni na mrtvite, zadusnici.
Zimskata sezona, koga besneat nepogodi i koga nokite se dolgi, spored religiskite sfakanja na nasite predci, e teska i kriticna. Togas mrtvite se aktivni.
Vo tie denovi Odinovata ‘diva vojska’, ‘karakondzolite (strasilata), vesterkite, senistata, i sekoja necestiva sila’, imaat svoi orgii. Taa sezona osobeno jasno e obelezana vo germanskata i slovenskata religija...
Toj e narecen fatalen period, poln so religiski strav i so sekakvi magicni pretpazlivi merki. Vo toa vreme selanite, koga izleguvaat od doma, ‘stavaat vo pojasot korka leb ili sol, glavica kromid ili nesto drugo, kako pretpazliva merka od sekoja necestiva sila’. Vo tie denovi, koga mrtvite se mnogu silni, i koga se naogaat vo nasa blizina, navistina e najzgodno i najoportuno da im se davaat zadusni gozbi...
Spored toa, boziknite praznici gi nosat site belezi na zadusnicite koga se deli hrana za pokoj na dusite na umrenite i se odi na grobista, pa i tamu se deli za pokoj na umrenite.” “Badnik e den na dusite na pokojnicite, zadusnici i, bez somnenie, nie mozeme da go identifikuvame so rimskite zadusnici, koi se proslavuvale recisi vo istiot den (23 dekemvri).
Samo po sebe se razbira deka nasiot praznik ne e prodolzenie na rimskiot, tuku i edniot i drugiot se nezavisni ostatoci od najstaroto indoevropsko minato.”
“Od ova sto go kazavme proizleguva deka Badnik e mnogu slicen na domasnata slava. I edniot i drugiot den se posveteni na mrtvite; i vo edniot i vo drugiot den na mrtvite im se prinesuvaat zrtvi.
Raz likata e samo vo toa sto slavata e domasen praznik, domasna zadus- nica, a Badnik e opst praznik... Za vreme na domasnata slava im se prinesuvaat zrtvi na predcite, a na Badnik na mrtvite voopsto; ottamu postoi propis za vreme na domasnata slava da se spomenuvaat, da se povikuvaat na gozba site predci po ime, dodeka toa ne e slucaj so praznikot Badnik...
Faktot deka obata praznika mu pripagaat na kultot na mrtvite, svedoci za nivnata golema starost, zasto kultot na mrtvite, osobeno privatniot kult, e edna od najstarite institucii sto ja poznava istorijata na religijata.
Spored toa, i Badnik, ako e praznik na mrtvite, ne ni dosol zaedno so hristijanstvoto, tuku toj e praznik od nasata stara religija.” Ne Hristovata, ami starata religija; ne Biblijata, ami predanieto, tradicijata, paganizmot, istorijata...
------------- www.myspace.com/sblagoj
|
Постирано од: AlDra
Датум на внесување: 04.Јуни.2010 во 22:48
За Месинџер и Ахмар... Најпрвин, драго ми е што се вратив на форумов и што во наредниов период ќе можам колку- толку да учествувам во дискусиите.
И јас сум против агресивната евангелизација, мислам дека тоа не треба така да оди. Треба да биде еден спонтан, но континуиран процес. Проповедање со збор и со дело. Со уста и со раце. Со јазик и со срце. Всушност, целиот живот да биде како една долга проповед. Но, тоа е процес КОЈ ТРЕБА ДА СЕ ОДВИВА и КОЈ ТРЕБА ДА ГО ВРШИМЕ НИЕ КОИ ЈА ЗНАЕМЕ ВИСТИНАТА! Во таа насока се сите наши напори, во смисла на држење к*рсеви, лепење плакати и слично. Барем за себе мислам дека никогаш не сум претерувал со моето проповедање. Не сум ,,силувал’’ никого, туку сум се трудел секогаш да поттикнам заинтересираност кај ближните. Во спротивниот случај би предизвикал штета и за нив и за себе и најважно- штета за Бога. На сила може да се земе но тешко може на сила да се даде, а во случајот на Евангелието е невозможно да се даде на сила. И покрај тоа што можеби има некои луѓе кои практикуваат агресивна евангелизација, сепак мислам дека не треба да им замериме, зашто тоа го прават со искрена желба и со голема вера.
------------- Вера, надеж, љубов
|
Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 05.Јуни.2010 во 07:38
Nekoi prosvetleni lugje rekoa deka patot do pekolot e poplochan so zlatni plochki. Iskrenata zhelba i golemata vera vo neshto shto si veruvaat lugjeto, ne gi pravi nivnite nameri polezni.
Da se znae vistinata i da se osoznae vistinata ne e ista rabota. Milijarda lugje go chitaat Svetoto Pismo i zarem site tie ja osoznale vistinata? So chitanje zapalija svekja vo sebe? So chitanje se prosvetlija? I shto kje propovedat tie? Shto kje spodeluvaat, crni bukvi na bela hartija? Tie ne se vistinata. Vistinata se naogja pozadi bukvite, a do nea ne se doagja so prosto prochituvanje na Knigata. I koj kogo kje spasuva sega? Onoj shto ne e spasen kje go spasuva drugiot shto e ist kako nego?
Chovekot treba prvin samiot da stane Ljubov, Svetlost i Milosrdie za da mozhe tie da gi spodeli so drug. A togash nema potreba da odi na nikakvi misii od chukanje po vrati ili ubeduvanje po ulici bidejki so samoto svoe postoenje, kako mirisot na cvetot, kje gi spodeluva Bozhjite darovi so sekoj koj kje dojde da gi pobara.
Seto drugo e koristenje na vernichkata naivnost za regrutiranje novi vernici za dotichnata religija.
I dovolno beshe odenje nadvor od temata. Taa e "Духовден", pa da se
vratime na nea.
------------- Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
Постирано од: Blagoj_s
Датум на внесување: 05.Јуни.2010 во 11:26
Zivotot na site nas e vo nasi race, dali ke go imame vecniot zivot zavisi od nas.
Neboto dade se , poveke od toa nema sto da dade.
------------- www.myspace.com/sblagoj
|
|