|
Науката против Веронауката |
Внеси реплика | страница <1 2324252627> |
Автор | |
oblachinja
Сениор Регистриран: 12.Март.2006 Локација: United Kingdom Статус: Офлајн Поени: 4990 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
naukata e vo tesna vrskla so seksot i devojkitemozebi
tehniki se vo prashanje,ne igrachka |
|
|
|
Чорбаџија
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Статус: Офлајн Поени: 1065 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Не го збунувај дополнително, ќе се исплаши хаџијата, ќе ни остани невин цел живот. Прво нека си фати женска па после полека полека таа ќе го научи на техники и “зафати“ |
|
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Temata ne e sex, tuku Naukata protiv Veronaukata.
Si imate poseben podforum za taa tema |
|
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Теоријата на еволуцијата тврди дека организмите во текот на милиони години постепено се развивале и по пат на многу мали промени (микроеволуција) преминувале од еден вид во друг.
Пред археолозите да ја прочепкаат малку земјината кора, еволуционистите нестрпливо очекуваа дека ќе најдат по најмалку стотици милиони фосили на меѓувидови (фосили на премин од еден вид до друг) со што ќе си ја докажат својата теорија. Но пронајдените фосили ни кажаа друга приказна. Пораката што ја носат фосилите е токму онаа Библиската, дека Бог ги создаде животните секој по својот вид. Пораката на фосилите не се состои само во тоа што тие го кажуваат, туку и во тоа што тие не го кажуваат, а се очекува да го кажат. Имено еволуционистите очекуваа милиони фосили на меѓувидови од безрбетниците до рбетниците, од рибите до водоземците, од водоземците до цицачите итн. Но што кажаа фосилите... Од безрбетниците до рбетниците = провалија од рибите до водоземците = провалија од водоземци до цицачи = провалија итн итн Земете го само овој пример, безрбетниците имаат мека внатрешност и тврда надворешност (оклоп), а рбетниците имаат тврда внатрешност (скелет) и мека надворешност. Сосема обртен случај! Прашање до еволуционистите, како безрбетниците скокнале во рбетници? Имали доказ? Замислите само колку промени и колку меѓувидови требало да има помеѓу двете страни на оваа провалија. Јас би рекол десетици милиони фосили на премин, но јас не сум битен, битна е археологијата, а таа вели 0! Ни еден фосил на премин кој ќе докаже дека безрбетниците преминале во рбетници! Истото важи и за другите еволутицни провалии. Во својата паника од фосилниот патолошки наод кој го добија еволуционистите од археолошката лабараторија, пробаа да пласираат некои смешно насликани меѓувидови (цртаните филмови се поинтересни од нив) и пробуваа да се извлечат со нив. Но ни еден од нив не успеа да си го најде местото во очекуваните меѓувидови, туку си го најде своето место или во едниот, или во другиот вид. Интересен е примерот со Човекот од Небарска (Мислам дека беше од Небарска), за кого еволуционистите направија скоро цел филм од претпоставки, дури се обидоа и да го нацртаат како изгледал, како живеел, како јадел итн. А верувале или не, се работеше само за еден заб! Група ентузијасти (еволуционисти-режисери) се собрала околу еден заб и прават долгометражен цртан филм. Подоцна се установи дека тој заб најверојатно бил од некој исчезнат вид на свињи Наместо еволуционистите да се засрамат што не ги најдоа нивните очекувани илјадници милиони видови на премин, тие дигаат бучава со неколку запчиња и некои малку измодифицирани луѓе или мајмунчиња кои, како и да изгледаат, си се во ракмите на својот вид, токму онака како што тврди Библијата. Ништо од она што го претпоставуваше Дарвин не се исполни при фосилната анализа. Фосили на меѓувидови не се најдоа и останаа големи провалии помеѓу видовите. Во секој геолошки слој на земјата можеа да се најдат и фосили на посложени организми и фосили на најпримитивните организми, со што се докажа дека сите видови си постоеле симултано, а не онака како што очекуваше Дарвин. Како што кажав порано и пак ќе повторам, јас можам да го разберам Дарвин со неговата претпоставка (со оглед на тогашната наука и тогашните пронајдени фосили), но не можам да ги разберам денешниве еволуционисти кои и покрај сите докази против еволуцијата, сеуште грчовите се држат до таа претпоставка на Дарвин. Се прашувам зошто толку цврсто се држат до еволуцијата кога сите аргументи се против неа? Дали е можеби тоа што другата алтернатива е креационизмот? Дали можеби затоа што ако се откажат од еволуцијата и ќе мораат да го прифатат Бог, а со тоа дополнителни работи што можеби требаат да ги променат во своите живот? Но доста претпоставувам, ако продолжам ќе заличам и јас на "еволуционист" Поздрав! |
|
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|
Чорбаџија
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Статус: Офлајн Поени: 1065 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Гледам дека не разбираш основите на она за што дискутираш Не е археологија туку палеонтологија која истражува фосили. Значи си ги барал одговорите на грешмо место, во грешни книги, кај грешни автори и во грешни документарци. Добро стварно ве замолувам да ако не знаете за темата барем не пишувајте работи од кои на учен човек му се ежи кожата. Јас можам да дискутирам и за археологија, но ПАЛЕОНТОЛОГИЈА Е СОСЕМА ДРУГА НАУКА ...... уффф ова одамна ми се нема случено... да останам без зборови... да не можам да најдам прикладна реченица со која би го премостил интелектуалниот јаз и би ти појаснил колку... колку... неуко изгледа твојот пост. А од друга страна од мене барате да ви објаснувам деталите за ДНК нишката, зошто машките имаат брадавици, улогата на нуклеотидите, законите на еволуцијата, паралелно со христијанските догми, историја на црквата, митовите христијански, раните христијански заедници......... На крај краева... знаиш ... во право си... АРХЕОЛОГИЈАТА не може да даде одговор за еволуцијата. (пошто не знам од кај да почнам со објаснувања што е археологија, што е палонтологија, кои се разликите, како настанале, што изучуваат, кои се методите,кои се познатите стручњаци од тие области.... аман доста е! |
|
anakin
Сениор Unidentified Flying Object Регистриран: 08.Август.2005 Локација: Machku Pichku Статус: Офлајн Поени: 18535 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
DA DA PaLEO,,TAKA NEKAKO ..........KOPAA KOPAA
I ISKOPAA CUDA no vernicite vikat toa so go iskopavte nepostoi da postoese kje pisuvase vo biblijata no biblijata neznae za toa oti koga ja pisuvaa neznaea sto e toa PALEo.. tova de Изменето од anakin - 21.Мај.2007 во 23:58 |
|
SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.
|
|
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Во право си Чорбаџија, погрешив и непрецизно се изразив. Не е археологијата, туку палеонтологијата која истражува фосили. Човечки е да се згреши, особено кога многу се пишува. Интересно е тоа како од целиот мој пост ти ги заобиколи аргументите, фактите и логичните заклучоци, а ме зграпчи за еден терминолошки пропуст и целиот твој пост ми го посвети на таа моја грешка. Темата е Науката против Веронауката. Еволуционистичките научници сметаат дека Науката и Библијата се соперници, а креационистичките научници сметаат дека се сојузници. Од таа гледна точка веродостојноста на дарвиновата еволуција е важна за оваа тема за да видиме дали вистинската наука навистина се спротиставува со верата (во случајов христијанството) или не. Ако имаш нешто да кажеш за да ја оправдаш еволуцијата повели, а ако не, сменија темата или било што и не се фрустрирај многу, сепак ова се само форумски дискусии. Јас останувам 100% убеден дека еволуцијата ќе остане запаметена како еден неуспешен обид на група "режисери" да го тргнат Бог од светската сцена притоа злоупотребувајќи го авторитетот на науката и, немајќи аргументи, повтарајќи ги фразите "научно е докажано", "научен факт е" и слични голи фрази вршејќи индоктринација, наместо образование, врз лојалните фанови на широкиот и нецензуриран пазар - наука, безрезервно прифаќајќи ги неговите производи со премисата "наследи го ветарот" без разлика во која насока тој дува. Еволуцијата е религија која бара најмногу вера од сите познати религии на светот. - Никој не објаснил како може да оживеат безживотните хемисли елементи и соединенија. - Ниеден експеримент не ја докажал еволуцијата. (Научниот метод се повлекува од сцената, останува монодрамата на претпоставката) - Секој направен експеримент за докажување на еволуцијата дал спротивни резултати - контра еволуцијата! - Наместо очекуваните безброј последователно развивани меѓувидови, чија низа треба непрекинато да се протега низ сите животински видови, најдени се фосили само во рамките на видовите оставаќки осамени провалии измеѓу секој вид. (Триумф на Библиското создавање!) - Во секој геолошки слој на земјата се застапени скоро од сите видови на животни, од најпримитивни, до најсложени, од комарец, до диносаурс, од амеба, до човек итн, спротивно на очекувањето на еволуцијата дека во едни слоеви ќе најде само примитивни облици на живот, а во други само сложени. Итн. Имајќи ги предвид аргументите погоре сосема е јасно зошто еволуционистите инсиситраат на "милиони милиони години", сакајќи да се скријат во предалечното минато, небаре ќе избегаат од планетава наша, која за среќа добро ги сочувала нивните лаги во доволна мера за да разумен човек не поверува во истите. |
|
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|
brza
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
a,be ajde,...nemoj ti da mi kazuvash koj razumen,..a,koj ne,...koi ti se tie shto experimentirale neshto i kako ,za da ja dokazat evolucijata?
|
|
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein |
|
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
За жал брза таков експеримент не постои
Но да, правени се доста обиди да се одглуми еволуцијата во лабараторија или на терен, но сето тоа се сведело на безмилосно мастретирање на животни или растенија, нивно дегенерирање, разболување и усмртување.
Еве ти го резултатот од тие експерименти:
-Ни еден вид не преминал во друг, туку си останал во сопстевниот вид.
-Природната селекција не се случувала.
-Дарвин не бил во право.
Правени се експерименти во лабаратории со зрачење (вештачко предизвикување на мутации) на некои растенија. Еден таков експеримент е правен 40 години со милиони долари инвестиција, но за големо разочарување на еволуционистите се разбира бидејќи добиле сосема спротивни резултати од очекуваните.
Имено, природната селекција не се случила. Скоро секоја мутација кај растението предизвикувала смрт, а неколкуте што преживеале за многу кратко време изумреле. Ни одблиску не се добил посовршен вид, туку само болни видови на растенија во рамките на истиот вид. |
|
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|
Чорбаџија
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Статус: Офлајн Поени: 1065 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Пошто гледам дека дискутираш од став на познавање на само
едно а не и двете учења (верско религиско а не и научно -еволуциско) ќе
објаснам ... што пократко и што поедноставно (сепак јас на форум не можам да
изигравам професор, секој на крај на краиштата си е одговорен за своето знаење
и познавање.) Досега се најдени многу остатоци на фосили, од микробиолошките
ќелии стари 3,5 милијарди години, па комплексни ќелии 2 милијарди, првите
повеќеќеќелиски организми пред 670 милиони, првите школки 540 милиони, првите
едноставни риби 490 милиони, амфибии 350 милиони, рептили 310 милиони, цицачи 200
милони, примати (не човек) 60 милиони, најрани мајмуни 25 милиони, првите
човеколики мајмуни 4 милиони години ... и
првите модерни луѓе пред150.000 години Значи ...немаме цицачи пред 670 милони години ни примати
пред 200 милиони години, туку се појавуваат по некоја хронологија од постарите
кон помладите слоеви на земјата различните организми, од школку преку
едноставни риби па амфибии до копнени животни. (животот настанал во океаните).
Лабараториски се создадени првите почетоци на животот, но лабараториски не е
направен човек или глушец. Затоа што ни една лабараторија го нема времето на
природата па да експериментира 3 милијарди години. А тоа природата го прави...
експериментира, и не се брза.. та го има сето време на светот. нема рокови нема
работно време а нема ни совест. Дали денес имаме еволуција. Да и тоа можемне да
ја пратиме и набљудуваме дури и “обичниот“ човек. Бактерија која стана отпорна
на некој антибиотик - еволуирала. Инсект кој станал отпорен на некој пестицид
-еволуирал. Човек кој на доктор кажува дека порано ете со ампицилини му
поминувало грлото а сега не... зборува за еволуција. Дали човекот создава
еволуција? ДА, сите нови раси на некои видови, коњи, крави, кучиња, птици,овци...
настанати со грижливо ОДАБИРАЊЕ, СЕЛЕКТИРАЊЕ се всушност имитација на природата
која човекот ја прилагодил за свои потреби.Не ми се верува дека природата би
создала крава која дава 20 литри млеко на ден,поштоедноставно не и е потребно
но на човек на кој му треба .... ја создаде. Растенија кои даваат
посочни,поголеми, побави плодови,цветови... се плода на човечката имитација на
принципите на еволуцијата. На крушата не му е во интерес ни од животно прашање
за опстанок дали плодот ќе му биди сочен или со одреден вкус. Но на човекот му
е и затоа создал нови видови. Еволуцијата
се изучува и практицира во цел свет, Медицината лековите кои ги развива за
луѓето, ги тестира на глувци, на свињи и на мајмуни, затоа што имаме слична
градба и исти закони. Лекот кој е добар за мајмунот е добар и за човекот,ако е
штетен за мајмунот, штетен е и за човекот. Во цел свет денес постојат иљадници институции,
заводи, истражувачки центри,музеји, катедри за палеонтологија за еволуција за
генетска биологија. И во католичка Италија и во православна Русија и во
будистички Јапан и во хиндуистичка Индија........ во школите ширум свет се
изучува дарвин и еволуцијата..... зарем навистина мислиш дека сето тоа постои и
работи а да нема никаков основ? дека .... ги “лажат“ луѓето... дека е дел од
некоја меѓународна завера? |
|
hardcore
Сениор Регистриран: 20.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 268 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Пошто гледам дека дискутираш од став на познавање на само едно а не и двете учења (верско религиско а не и научно -еволуциско) ќе објаснам ... што пократко и што поедноставно (сепак јас на форум не можам да изигравам професор, секој на крај на краиштата си е одговорен за своето знаење и познавање.) Досега се најдени многу остатоци на фосили, од микробиолошките ќелии стари 3,5 милијарди години, па комплексни ќелии 2 милијарди, првите повеќеќеќелиски организми пред 670 милиони, првите школки 540 милиони, првите едноставни риби 490 милиони, амфибии 350 милиони, рептили 310 милиони, цицачи 200 милони, примати (не човек) 60 милиони, најрани мајмуни 25 милиони, првите човеколики мајмуни 4 милиони години ... и првите модерни луѓе пред150.000 години (citat)... Dobra enciklopedija mada postaro izdanie...ama sepak svati deka ima evolucija.Se popravi,profesore za ona so evolutivnata regresija...dobro e.. |
|
аџија
Сениор Регистриран: 25.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 5474 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
Чорбаџија
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Статус: Офлајн Поени: 1065 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Еволуција која ја нарекуваме ние за природата е очувување на постојното, доколку не се изменат условите на животната средина, веројатно дека и број на еволуции и мутации би бил мал, погрешно е да мислиш дека еволуција подразбира усложнување на организмите, амебата има 400 пати повеќе ДНК информации за себе од колку човекот, змијата имаше нозе но сега ги нема, значи не очекувај еволуцијата да се движи во насока да еден ден “усложениот“ човек има 2 глави 4 раце и 6 нозе.
|
|
hardcore
Сениор Регистриран: 20.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 268 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Corbadzi,da go dorazotkrijam islamov,pa ce se dopisuvame ama ne so vakvi naucno-fantasticni temi....soberi materijal zosto ova mi bese diplomska....
|
|
Внеси реплика | страница <1 2324252627> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |