|
Писмата на Исус |
Внеси реплика | страница <1234 6> |
Автор | |
Чорбаџија
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Статус: Офлајн Поени: 1065 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Па книгите кои се сега во НЗ датираат од 1 - 4 век. Во време на раната црква имаме евангелие по Тома и евангелие по Петар. Имаме Павлови посланиа од половината на 2ри век (150 години ПО смрта на Павле) па пак се прифатени како Павлови.....
|
|
аџија
Сениор Регистриран: 25.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 5474 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
неточни информации имаш
единствените списи за животот на Христос што датираат од 1-век, се посланијата и евангелијата кои се во новиот завет. Тома е втор век, а е најрано од еретичките евангелија... Значи, немаме друг извор од Христови современици, кој зборува спротивно на евангелската ука... |
|
Чорбаџија
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Статус: Офлајн Поени: 1065 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Посланието на Јован 243-313
Посланието до Тит прва половина на втор век (околу 150) Посланието до Тимотеј прва половина на втор век (околу 150) По Јован 95-100 (прв век 60-70 години по смртта на Исус) по Лука ~ 95 (прв век (60 години по смртта на Исус) по Марко ~ 75 (прв век 40 години по снртта на Исус) по Матеј 95-100 (прв век 60 години по смрта на Исус)....... Новиот завет е составен од книги настанати од (најрано) 65 (Првите Павлови писанија) па до 300+ година. Значи настануваше во период од 300 години, и беше често менуван, некои дела велгувале, некои се исфрлале некои пак се враќале, негде постоеле поинакви верзии.... |
|
аџија
Сениор Регистриран: 25.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 5474 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
oсвен првиот, доста сомнителен податок, не гледам некаде 4 век, како што рече порано... значи имаме доста веродостојни и доста рани податоци за животот на Исус... |
|
Чорбаџија
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Статус: Офлајн Поени: 1065 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
313 е 4ти век, а и канонот на НЗ е 4ти век
|
|
аџија
Сениор Регистриран: 25.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 5474 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
посланието на Јован, ако зборуваш за првото
се датира некаде меѓу 90-120 година, така да 313 нема никаква врска... |
|
Чорбаџија
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Статус: Офлајн Поени: 1065 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Не на Јован датира од времмето на владеење на Диоклецијан, а на Петар (посланието) се сместува во рамките 90-95 (по некои автори 100-117 за време на владеењето на Трајан)
|
|
аџија
Сениор Регистриран: 25.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 5474 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
пак си слабо информиран...
1 Јован, датира 90-120 година Првите познати цитати од ова послание, ги имаме од Иринеј кој пишувал 182-188 г., Клемент Александриски, кој пишувал 193-220 г., Тертулијан (200-240), Ориген (225-254), Хиполитус (222-235), Кипријан (248-258), што значи ТЕОРИЈА нема да било напишано подоцна... Плус тука може да се додаде и спомнувањето во Мураторискиот канон (170 г.) a воопшто не ти ги ни спомувам оние за кои се спори, дали се цитати или не, како оние во Дидахето (120-150), Поликарп (-140), Посланието до Варнава (130) итн итн итн... |
|
Чорбаџија
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Статус: Офлајн Поени: 1065 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Моја грешка во пишувањето
Јаков.. послението на Јаков не Јован |
|
аџија
Сениор Регистриран: 25.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 5474 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
добро ајде, за Јован разјаснивме, сега не бил Јован бил Јаков... ајде и за него во потрага по докази...
што велат доказите? Посланието е цитирано од Пастирот од Хермас (115-140) Иринеј (182-188) Климент Александриски (193-220) Тертулијан (200-240) Ориген (225-254) плус, на сето ова, имаме и три папируси (p20, p23, p100) кои датираат околу 200-240 година н.е. Сето ова кумулативно укажува на тоа дека текстот никако не можел да настане после 150 година н.е., а многу веројатно настанал уште во првиот век... |
|
Чорбаџија
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Статус: Офлајн Поени: 1065 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Атанасиј од Александрија и Јеромеј, го спомнувааат а тоа е веќе 300+ година.
Папирус п20 е 3ти век значи во рамките како што кажав, п23 е 4ти век и п100 е 3-4 ти век |
|
аџија
Сениор Регистриран: 25.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 5474 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
па да... пред Атанасије и Јеромеј (?) спомнат е од горните, на кои те насочив, а како што реков 200-240 година е папирусот, кој е препис, што значи мора да било уште пред тоа, така да доказите овој пат се доста уверливи дека најдоцна 150 година е датирањето...
|
|
Чорбаџија
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Статус: Офлајн Поени: 1065 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Не , Атанасиј и свети Јерониј (пола букви од тастатурата се веќе нечитки а и ретко гледам во монитор додека куцам - оттаму и грешките) се првите кои го споменуваат значи 300+ година, а Папирусите велиш се препис од постари?
Уффф ама го трасна. Значи имаме папирус од 3ти век али тој е препис од постар????? Да не има печат од нотар на него? Тоа е папирус и тој е најден и на него има делови (папирусите се мал фрагменти обично од десетина см квадратни површина со ред два до десетина реда текст. Точно е дека сите тие се од Јаков АЛИ од 3-4 век се папирусите значи од она време кое го посочуива како настанок на посланието. |
|
аџија
Сениор Регистриран: 25.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 5474 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
па нормално дека е препис, ти што мислеше... За твое изненадување, тогаш немале фотокопири и скенери, а немало дури ни машини за куцање...
спомнав кои се првите, цитати, ако те интересира, можеш да ги бараш подетално да се запознаеш со тематиката, не знам зошто толку ти пречи вистината, освен ако не е од некои лични религиозни и суетни причини... |
|
Внеси реплика | страница <1234 6> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |