|
САТАНАТА,ЃАВОЛОТ |
Внеси реплика | страница 123> |
Автор | ||
Isis
Сениор CATALYST Регистриран: 19.Јануари.2007 Статус: Офлајн Поени: 5871 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 15.Мај.2007 во 12:42 |
|
Што знаеме за Ѓаволот?
Тој е еден од одпаднатите ангели кој имал највисок ранг (2 Петар 2:4, Откровение 9:1) Неговото име е Луцифер што на латински значи светлоносец. Зошто Бог го именувал вака ако знаел дека ке се одметне? |
||
аџија
Сениор Регистриран: 25.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 5474 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
добро прашање... исто така може да се праша зошто Бог го создал човекот, и тоа слободен, кога знаел дека ќе се одметне? |
||
Isis
Сениор CATALYST Регистриран: 19.Јануари.2007 Статус: Офлајн Поени: 5871 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
светлоносец....некој кој носи просветлување, знаење, некој кој бил прв до Бог и ја носел светлината на Божјата слава....
|
||
Pravoslavie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Регистриран: 07.Октомври.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1732 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Луѓето и Ангелите се Личности и имаат право на избор.
Оној Херувим бил Совршен на Патиштата Свои до денот кога се нашло во него беззаконие. Од убавината негова се возгордеало неговото срце и посакал да биде обожуван. Знаејќи дека поголемо Добро од Бога не може тој да биде, решил да направи нешто гнасно. Решил да создаде свое ’царство’ и свои ’вредности’ кои се КОНТРАВРЕДНОСТИ на Вредностите на Царството Небесно. Така тој Херувим станал БОГОПРОТИВНИК и се спротивставил и се спортивставува на Бога и Божествените Вредности - Вредностите на Царството Небесно.
Злото НЕМА ЛОГИКА.
Единствена цел на злото е уривање на Прекрасните Зданија кои ги гради ДОБРОТО.
Дури и да не би постоел злиот, односно, дури и во случај НИКОГАШ НИТУ ЕДЕН Ангел (Херувим или било кој Ангелски Чин) да не зачекорил по оној пат по кој зачекорил ОНОЈ ХЕРУВИМ, има логика злото, како падната состојба, да се појавело некогаш во одреден момент кај луѓето, бидејќи секој од нас има слобода на избор. Може да се наоѓаме во разни состојби во текот на еден период. Во еден момент може да сакаш да направиш нешто убаво, на пример да и’ подариш цвет на Саканата, а потоа за еден саат може да посакаш да отидеш во кафеана и да се опијаниш ЃОН. Во нас постојано се води војна помеѓу тие две состојби: ЗДРАВАТА СОСТОЈБА НА НЕГУВАЊЕ И ЖИВЕРЕЊЕ НА ВРЕДНОСТИТЕ НА ЦАРСТВОТО НЕБЕСНО ОД ЕДНА СТРАНА И БОЛНАТА И ПАДНАТА СОСТОЈБА - СОСТОЈБАТА НА ЗЛОТО ОД ДРУГА СТРАНА.
Убаво е човек да може да направи СВЕСНО Избор.
И во едниот и во другиот случај, Бог не отстапува од нас.
Прашањето е дали ние отстапуваме од Него. Изменето од Pravoslavie - 15.Мај.2007 во 13:53 |
||
Да погледнеме околу нас, таму има МНОГУ СТРАДАЛНИЦИ. Да им помогнеме!
Оди на подфорумот Хуманост на дело Запамети, ЉУБОВТА ДЕЛОТВОРИ!! |
||
oblachinja
Сениор Регистриран: 12.Март.2006 Локација: United Kingdom Статус: Офлајн Поени: 4990 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
dobar odgovor
|
||
|
||
Isis
Сениор CATALYST Регистриран: 19.Јануари.2007 Статус: Офлајн Поени: 5871 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
еден од атрибутите на Бог е -сезнаен- како таков Тој го знаел цел исход на настаните. читајки го откровение, глеам дека за ѓаволот ќе нема прошка. дали Бог може да ЗНАЕ дека ѓаволот никогаш нема да се покае, секако дека може.... но зошто ѓаволот знаејќи го неговиот крај не ја искористи шансата за покајание и да се спаси...но дали Ѓаволот е свесен што ќе му се случи но нема да отстапи и да се спаси. ако Ѓаволот знае дека веќе е губитник која е смислата на неговото делување? |
||
аџија
Сениор Регистриран: 25.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 5474 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
ubav komentar pravoslavie...
|
||
аџија
Сениор Регистриран: 25.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 5474 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ѓаволот не е сезнаен... |
||
Isis
Сениор CATALYST Регистриран: 19.Јануари.2007 Статус: Офлајн Поени: 5871 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
но најсовршените созданија на Бог се одметнаа, херувимот светлоносец (Ѓаволот) па човекот
|
||
Pravoslavie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Регистриран: 07.Октомври.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1732 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Кој казнува ? Се казнуваш смиот себе / самата себе, со својот избор.
БОГ КОЈ Е ЕДНО ТОЛКУ НЕЖНО, МИЛО, ТОПЛО, ПРЕКРАСНО БИТИЕ, ПОЛНО СО ЉУБОВ, НЕМА АПСОЛУТНО НИКАКВА ВРСКА СО ПЕКОЛОТ - БОГ САКА ДА ИМ ПОМОГНЕ НА ЛУЃЕТО ДА НЕ ЗАВРШАТ ВО ТАКВА СОСТОЈБА.
Ако Пеколот беше Божја Казна што ќе Верувавме? Дека Бог Е Добар и дека на луѓето им оставил само две, а всушност една можност: или Сакајте ме или ќе ве фрлам на Вечна мака, која Јас ќе ви ја приредам. Значи - ЉУБОВ ОД ПРИНУДА. Дали тогаш ќе можевме да кажеме дека Бог Е Љубов и дека Бог Е Добар или ќе го наречевме “Садист“, “Немилосрден“? Дали ќе можевме да кажеме дека Бог ја почитува слободата и слободната волја на Личностите кои ги Создал ?
Злиот пред да падне, тоа убаво го знаеше, инаку зарем знаејќи дека Бог ќе го казни, би се дрзнал да го направи тоа што го направи ?
|
||
Да погледнеме околу нас, таму има МНОГУ СТРАДАЛНИЦИ. Да им помогнеме!
Оди на подфорумот Хуманост на дело Запамети, ЉУБОВТА ДЕЛОТВОРИ!! |
||
аџија
Сениор Регистриран: 25.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 5474 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
мислам фино е вака да си теоретизираме, ама твојот став барем во оваа насока е хетеродоксен, ако не е и еретички...
Злиот не знаел дали ќе биде казнет или не. Тој не поседува моќ да биде сезнаен, и да ги знае Божјите планови. Неговата слабост, е токму неговата самоувереност дека може да го порази Бога... а исто така и околу пеколот. Никаде не е спомнато дека е тоа самоказнување, или царство на ѓаволот, бидејќи во крајна линија, тоа би значело дека постои место, каде што Бог не е Цар, а такво нешто НЕМА! Пеколот може да се разгледува единствено од аспект на Божјата правда. Бидејќи Бог е ТОТАЛНО праведен, а да се биде праведен, значи да се биде љубов, бидејќи само личност која ја љуби вистината и доброто, копнее за правда. Правдољубието е исто толку цврста доблест во Бога како и Добрината. Баш заради таа Божја правдољубивост, тој според законот на својата правда, на целото човештво мора праведно да му суди. А тој суд, за грешниот човек, недвојбено ќе значи пекол. Но, Бог заради својата ЉУбОВ, ја надвишува својата правда, и дава можност и покрај „неправдата“ на одредени луѓе, да се спасат преку откажување од нивните зли дела, и искрена вера во Христос. Значи Бог не е должен да спаси. Бог бидејќи е праведен треба да ги казни сите. НО ете, покажува милост, и барем дел од човештвото му дава шанса... |
||
аџија
Сениор Регистриран: 25.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 5474 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
и да дополнам
ПРАВДАТА е = на ДОБРОТО зарем би било добро дело, човекот кој уби деца во Беслан, да продолжи да дивее и во оној свет? не, добро дело, би било таквиот човек, да биде казнет, а неговите жртви да бидат обновени... |
||
Isis
Сениор CATALYST Регистриран: 19.Јануари.2007 Статус: Офлајн Поени: 5871 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
следно прашање
кои луѓе се подложни на дејство на Ѓаволот? дали има луѓе кои се имуни на неговото делување? |
||
Pravoslavie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Регистриран: 07.Октомври.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1732 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Да сакал тој да живее во Вредностите на Царството Небесно немало да убива.
Мое не е да судам.
Дека ваквите луѓе треба да се ИЗОЛИРААТ - треба.
Бог знае најубаво како да постапи со ваквите луѓе.
Ако Бог би му го одзел животот, не би му оставил можност за Покајание.
Смртната казна не е во ред, бидејќи човекот го напушта овој свет непреумен - непокајан, непрепрепороден.
Ти велиш:
не, добро дело, би било таквиот човек, да биде казнет, а неговите жртви да бидат обновени...
а јас велам:
НАЈУБАВО БИ БИЛО И ТОЈ ДА СЕ ПРЕПОРОДИ ЛИЧНОСНО !
Прва Тимотеева 2 4 : БОГ САКА СИТЕ ЛУЃЕ ДА СЕ СПАСАТ.
На сите ни дава шанса. Изменето од Pravoslavie - 15.Мај.2007 во 14:46 |
||
Да погледнеме околу нас, таму има МНОГУ СТРАДАЛНИЦИ. Да им помогнеме!
Оди на подфорумот Хуманост на дело Запамети, ЉУБОВТА ДЕЛОТВОРИ!! |
||
Внеси реплика | страница 123> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |