Испечати | Затвори го прозорот

САТАНАТА,ЃАВОЛОТ

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: АРХИВА
Име на форумот: Вероисповед
Опис на форумот: право на избор
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=7522
Датум на принтање: 24.Ноември.2024 во 02:53
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: САТАНАТА,ЃАВОЛОТ
Постирано од: Isis
Наслов: САТАНАТА,ЃАВОЛОТ
Датум на внесување: 15.Мај.2007 во 12:42
Што знаеме за Ѓаволот?
Тој е еден од одпаднатите ангели кој имал највисок ранг (2 Петар 2:4, Откровение 9:1)
Неговото име е Луцифер што на латински значи светлоносец.
Зошто Бог го именувал вака ако знаел дека ке се одметне?



Коментари:
Постирано од: аџија
Датум на внесување: 15.Мај.2007 во 12:47
Originally posted by ACELERA ACELERA напиша:


Зошто Бог го именувал вака ако знаел дека ке се одметне?


добро прашање...

исто така може да се праша
зошто Бог го создал човекот, и тоа слободен, кога знаел дека ќе се одметне?


-------------


Постирано од: Isis
Датум на внесување: 15.Мај.2007 во 12:54
светлоносец....некој кој носи просветлување, знаење, некој кој бил прв до Бог и ја носел светлината на Божјата слава....


Постирано од: Pravoslavie
Датум на внесување: 15.Мај.2007 во 13:52
Originally posted by аџија аџија напиша:

зошто Бог го создал човекот, и тоа слободен, кога знаел дека ќе се одметне?
Да се создаде Личност е голем ризик, бидејќи Личноста има право на избор. Постои опасност дека таа Личност ќе избере пат кој ќе биде надвор од вредностите на Царстовто Небесно, но постои и можност дека Личноста ќе Го Почувствува Бога и знаејќи дека Е БЛАГ ќе реши свесно и слободно да Му се приближи на БОГА.
 
Луѓето и Ангелите се Личности и имаат право на избор.
Оној Херувим бил Совршен на Патиштата Свои до денот кога се нашло во него беззаконие. Од убавината негова се возгордеало неговото срце и посакал да биде обожуван. Знаејќи дека поголемо Добро од Бога не може тој да биде, решил да направи нешто гнасно. Решил да создаде свое ’царство’ и свои ’вредности’ кои се КОНТРАВРЕДНОСТИ на Вредностите на Царството Небесно. Така тој Херувим станал БОГОПРОТИВНИК и се спротивставил и се спортивставува на Бога и Божествените Вредности - Вредностите на Царството Небесно.
 
Злото НЕМА ЛОГИКА.
Единствена цел на злото е уривање на Прекрасните Зданија кои ги гради ДОБРОТО.
 
Дури и да не би постоел злиот, односно, дури и во случај НИКОГАШ НИТУ ЕДЕН Ангел (Херувим или било кој Ангелски Чин) да не зачекорил по оној пат по кој зачекорил ОНОЈ ХЕРУВИМ, има логика злото, како падната состојба, да се појавело некогаш во одреден момент кај луѓето, бидејќи секој од нас има слобода на избор. Може да се наоѓаме во разни состојби во текот на еден период. Во еден момент може да сакаш да направиш нешто убаво, на пример да и’ подариш цвет на Саканата, а потоа за еден саат може да посакаш да отидеш во кафеана и да се опијаниш ЃОН. Во нас постојано се води војна помеѓу тие две состојби: ЗДРАВАТА СОСТОЈБА НА НЕГУВАЊЕ И ЖИВЕРЕЊЕ НА ВРЕДНОСТИТЕ НА ЦАРСТВОТО НЕБЕСНО ОД ЕДНА СТРАНА И БОЛНАТА И ПАДНАТА СОСТОЈБА - СОСТОЈБАТА НА ЗЛОТО ОД ДРУГА СТРАНА.
 
Убаво е човек да може да направи СВЕСНО Избор.
И во едниот и во другиот случај, Бог не отстапува од нас.
Прашањето е дали ние отстапуваме од Него.


-------------
Да погледнеме околу нас, таму има МНОГУ СТРАДАЛНИЦИ. Да им помогнеме!
Оди на подфорумот http://forum.idividi.com.mk/forum_topics.asp?FID=100 - Хуманост на дело
Запамети, ЉУБОВТА ДЕЛОТВОРИ!!


Постирано од: oblachinja
Датум на внесување: 15.Мај.2007 во 13:55
dobar odgovorEmbarrassed

-------------


Постирано од: Isis
Датум на внесување: 15.Мај.2007 во 14:02
Originally posted by Pravoslavie Pravoslavie напиша:

И во едниот и во другиот случај, Бог не отстапува од нас.
Прашањето е дали ние отстапуваме од Него.

еден од атрибутите на Бог е  -сезнаен-
како таков Тој го знаел цел исход на настаните.
читајки го откровение, глеам дека за ѓаволот ќе нема прошка.
дали Бог може да ЗНАЕ дека ѓаволот никогаш нема да се покае, секако дека може.... но зошто ѓаволот знаејќи го неговиот крај не ја искористи шансата за покајание и да се спаси...но дали Ѓаволот е свесен што ќе му се случи но нема да отстапи и да се спаси. ако Ѓаволот знае дека веќе е губитник која е смислата на неговото делување?


Постирано од: аџија
Датум на внесување: 15.Мај.2007 во 14:11
ubav komentar pravoslavie...

-------------


Постирано од: аџија
Датум на внесување: 15.Мај.2007 во 14:12
Originally posted by ACELERA ACELERA напиша:

ако Ѓаволот знае дека веќе е губитник која е смислата на неговото делување?


Ѓаволот не е сезнаен...Wink


-------------


Постирано од: Isis
Датум на внесување: 15.Мај.2007 во 14:16
но најсовршените созданија на Бог се одметнаа, херувимот светлоносец (Ѓаволот) па човекот Wink


Постирано од: Pravoslavie
Датум на внесување: 15.Мај.2007 во 14:24
Originally posted by ACELERA ACELERA напиша:

Originally posted by Pravoslavie Pravoslavie напиша:

И во едниот и во другиот случај, Бог не отстапува од нас.
Прашањето е дали ние отстапуваме од Него.

еден од атрибутите на Бог е  -сезнаен-  точно
како таков Тој го знаел цел исход на настаните. Ги знае сите можности што може да се случат во зависност од тоа што јас и секоја Личност во одреден момент би избрала
читајки го откровение, глеам дека за ѓаволот ќе нема прошка. Знаеш зошто ? Поради тоа што ЃАВОЛОТ ЛИЧНО НЕ САКА ДА МУ БИДЕ ПРОСТЕНО. ТОЈ САКА ДО БЕСКРАЈОТ НА ВЕЧНОСТА ДА ВЛАДЕЕ ВОЗГОРДЕАНО СО СВОЕТО ’ЦАРСТВО’, Т.Е. СО ПЕКОЛОТ
дали Бог може да ЗНАЕ дека ѓаволот никогаш нема да се покае, секако дека може.... но зошто ѓаволот знаејќи го неговиот крај не ја искористи шансата за покајание и да се спаси...но дали Ѓаволот е свесен што ќе му се случи но нема да отстапи и да се спаси. ако Ѓаволот знае дека веќе е губитник која е смислата на неговото делување?
 Отвораш други прашања: Што е пекол ? Што е казна ? Кој казнува ?
Пекол е царството на ѓаволот: блуд, оргии, пијанство, насилство, зло, омраза, грубост, гордост...
Кој казнува ? Се казнуваш смиот себе / самата себе, со својот избор.
 
БОГ КОЈ Е ЕДНО ТОЛКУ НЕЖНО, МИЛО, ТОПЛО, ПРЕКРАСНО БИТИЕ, ПОЛНО СО ЉУБОВ, НЕМА АПСОЛУТНО НИКАКВА ВРСКА СО ПЕКОЛОТ - БОГ САКА ДА ИМ ПОМОГНЕ НА ЛУЃЕТО ДА НЕ ЗАВРШАТ ВО ТАКВА СОСТОЈБА.
 
Ако Пеколот беше Божја Казна што ќе Верувавме? Дека Бог Е Добар и дека на луѓето им оставил само две, а всушност една можност: или Сакајте ме или ќе ве фрлам на Вечна мака, која Јас ќе ви ја приредам. Значи - ЉУБОВ ОД ПРИНУДА. Дали тогаш ќе можевме да кажеме дека Бог Е Љубов и дека Бог Е Добар или ќе го наречевме “Садист“, “Немилосрден“? Дали ќе можевме да кажеме дека Бог ја почитува слободата и слободната волја на Личностите кои ги Создал ?
 
Злиот пред да падне,  тоа убаво го знаеше, инаку зарем знаејќи дека Бог ќе го казни, би се дрзнал да го направи тоа што го направи ?


-------------
Да погледнеме околу нас, таму има МНОГУ СТРАДАЛНИЦИ. Да им помогнеме!
Оди на подфорумот http://forum.idividi.com.mk/forum_topics.asp?FID=100 - Хуманост на дело
Запамети, ЉУБОВТА ДЕЛОТВОРИ!!


Постирано од: аџија
Датум на внесување: 15.Мај.2007 во 14:34
мислам фино е вака да си теоретизираме, ама твојот став барем во оваа насока е хетеродоксен, ако не е и еретички...

Злиот не знаел дали ќе биде казнет или не. Тој не поседува моќ да биде сезнаен, и да ги знае Божјите планови. Неговата слабост, е токму неговата самоувереност дека може да го порази Бога...

а исто така и околу пеколот. Никаде не е спомнато дека е тоа самоказнување, или царство на ѓаволот, бидејќи во крајна линија, тоа би значело дека постои место, каде што Бог не е Цар, а такво нешто НЕМА!

Пеколот може да се разгледува единствено од аспект на Божјата правда.

Бидејќи Бог е ТОТАЛНО праведен, а да се биде праведен, значи да се биде љубов, бидејќи само личност која ја љуби вистината и доброто, копнее за правда. Правдољубието е исто толку цврста доблест во Бога како и Добрината.

Баш заради таа Божја правдољубивост, тој според законот на својата правда, на целото човештво мора праведно да му суди. А тој суд, за грешниот човек, недвојбено ќе значи пекол.

Но, Бог заради својата ЉУбОВ, ја надвишува својата правда, и дава можност и покрај „неправдата“ на одредени луѓе, да се спасат преку откажување од нивните зли дела, и искрена вера во Христос.

Значи Бог не е должен да спаси. Бог бидејќи е праведен треба да ги казни сите. НО ете, покажува милост, и барем дел од човештвото му дава шанса...


-------------


Постирано од: аџија
Датум на внесување: 15.Мај.2007 во 14:37
и да дополнам


ПРАВДАТА е = на ДОБРОТО

зарем би било добро дело, човекот кој уби деца во Беслан, да продолжи да дивее и во оној свет?

не, добро дело, би било таквиот човек, да биде казнет, а неговите жртви да бидат обновени...


-------------


Постирано од: Isis
Датум на внесување: 15.Мај.2007 во 14:40
следно прашање Big%20smile
кои луѓе се подложни на дејство на Ѓаволот?
дали има луѓе кои се имуни на неговото делување?




Постирано од: Pravoslavie
Датум на внесување: 15.Мај.2007 во 14:45
Originally posted by аџија аџија напиша:

и да дополнам


ПРАВДАТА е = на ДОБРОТО

зарем би било добро дело, човекот кој уби деца во Беслан, да продолжи да дивее и во оној свет?

не, добро дело, би било таквиот човек, да биде казнет, а неговите жртви да бидат обновени...
Да сакал тој да живее во Вредностите на Царството Небесно немало да убива.
Мое не е да судам.
Дека ваквите луѓе треба да се ИЗОЛИРААТ - треба.
 
Бог знае најубаво како да постапи со ваквите луѓе.
Ако Бог би му го одзел животот, не би му оставил можност за Покајание.
Смртната казна не е во ред, бидејќи човекот го напушта овој свет непреумен - непокајан, непрепрепороден.
 
Ти велиш:
 
не, добро дело, би било таквиот човек, да биде казнет, а неговите жртви да бидат обновени...
 
а јас велам:
НАЈУБАВО БИ БИЛО И ТОЈ ДА СЕ ПРЕПОРОДИ ЛИЧНОСНО !
Прва Тимотеева 2 4 : БОГ САКА СИТЕ ЛУЃЕ ДА СЕ СПАСАТ.
 
На сите ни дава шанса.


-------------
Да погледнеме околу нас, таму има МНОГУ СТРАДАЛНИЦИ. Да им помогнеме!
Оди на подфорумот http://forum.idividi.com.mk/forum_topics.asp?FID=100 - Хуманост на дело
Запамети, ЉУБОВТА ДЕЛОТВОРИ!!


Постирано од: аџија
Датум на внесување: 15.Мај.2007 во 14:51
значи, не ме сфати...

јас не зборував НИЕ во овој живот да казниме, туку што ќе направи Господ во идниот, како што реков „во оној свет“...

и не би било фер, спрема тие невини дечиња, оној кој останал крволочен злосторник до крајот, да биде оставен да дивее и понатаму и во оној свет? зар не?


-------------


Постирано од: Pravoslavie
Датум на внесување: 15.Мај.2007 во 15:01

Господ Исус Христос кажа: Не судете и нема да бидете судени

Јас решив да Го послушам
...и да се надевам на Божјата Љубов и Милост


-------------
Да погледнеме околу нас, таму има МНОГУ СТРАДАЛНИЦИ. Да им помогнеме!
Оди на подфорумот http://forum.idividi.com.mk/forum_topics.asp?FID=100 - Хуманост на дело
Запамети, ЉУБОВТА ДЕЛОТВОРИ!!


Постирано од: аџија
Датум на внесување: 15.Мај.2007 во 15:04
еее сега, исто така рече бидете понизни за вашата вера, ама гледам ти најде да се пофалиш колку послушен си...

поентата воопшто не беше НИЕ да судиме,
туку дебата
дали ГОСПОД еден ден ќе суди или не...

а се разбира, ние судиме грешно, а Тој ќе суди СОВРШЕНО...


-------------


Постирано од: Pravoslavie
Датум на внесување: 15.Мај.2007 во 15:14
не се фалам.
Фаленичарството е контравредност на Вердностите на Царството Небесно

-------------
Да погледнеме околу нас, таму има МНОГУ СТРАДАЛНИЦИ. Да им помогнеме!
Оди на подфорумот http://forum.idividi.com.mk/forum_topics.asp?FID=100 - Хуманост на дело
Запамети, ЉУБОВТА ДЕЛОТВОРИ!!


Постирано од: аџија
Датум на внесување: 15.Мај.2007 во 15:15
Originally posted by Pravoslavie Pravoslavie напиша:

не се фалам.
Фаленичарството е контравредност на Вердностите на Царството Небесно


најинтересно е кога ќе измислиш некој збор, за да звучи поцрковно... LOLLOLLOLLOLLOL

фалбаџиство православие, фалбаџиство...WinkLOLLOL


-------------


Постирано од: Pravoslavie
Датум на внесување: 15.Мај.2007 во 15:20
не воопшто, ако веќе скршнавме од темата
зборот го најдов во преводот на Новиот Завет од Светото Писмо на Душко Константинов, а тој не е Православен Превод


-------------
Да погледнеме околу нас, таму има МНОГУ СТРАДАЛНИЦИ. Да им помогнеме!
Оди на подфорумот http://forum.idividi.com.mk/forum_topics.asp?FID=100 - Хуманост на дело
Запамети, ЉУБОВТА ДЕЛОТВОРИ!!


Постирано од: oblachinja
Датум на внесување: 03.Јуни.2007 во 23:16
Ako gjavolot seushte trcha po tebe-znachi deka seushte ne te fatilWink

-------------


Постирано од: Pravoslavie
Датум на внесување: 19.Јуни.2007 во 17:08
Originally posted by beleg beleg напиша:

Ako gjavolot seushte trcha po tebe-znachi deka seushte ne te fatilWink
Дали знаеш колкацок е ѓаволот? Колку змија! Со Христа добивме сила да му ја прегазиме главата, а тој има САМО толку малку ’сила’ да не’ касне во петата - по најдолниот дел на нашето тело.
СЛАВА НА БОГА, КОЈ НИ ДАДЕ СИЛА ДА ГО ПОБЕДИМЕ ЗЛИОТ !


-------------
Да погледнеме околу нас, таму има МНОГУ СТРАДАЛНИЦИ. Да им помогнеме!
Оди на подфорумот http://forum.idividi.com.mk/forum_topics.asp?FID=100 - Хуманост на дело
Запамети, ЉУБОВТА ДЕЛОТВОРИ!!


Постирано од: brza
Датум на внесување: 19.Јуни.2007 во 17:35
bre,bre,..bre,...i gjavolot znaete deka bil tolkav?!,...aiii,...bre ,breLOL

-------------
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein


Постирано од: LEGENDA
Датум на внесување: 19.Јуни.2007 во 22:36
SPORED MUABETOT COVEKOT KAKO INDIVIDUA E ZIV DJAVOL SPORED NEKOJA LOGIKA NELI SE sl*gATE ?


Постирано од: postariot brat
Датум на внесување: 25.Јуни.2007 во 02:12
covekot ne e bezgresen da no covekot koj se stremi kon boga so poniznost molitva post, ljubov vera i nadez, e daleku od toa da se narece ziv gjavol, ami sekako bog ke mu pomogne da istrae na patot narecen zivot.
no i sekako lugje koi svesno nanesuvaat zlo, i ne se opteretuvaat, so vinata,tie se stremat kon soedinuvanje so gjavolot.e za niv moze da se rece ziv gjavol.


-------------
Od iskona, do denes, a i vo vecnosta sekogas so nas e postariot brat Hristos, zosto se smiluva na nas i ni dade sansa da poveruvame, i da se nareceme ceda bozji.


Постирано од: Marina_21
Датум на внесување: 30.Јуни.2007 во 15:30
Originally posted by ACELERA ACELERA напиша:

следно прашање Big%20smile
кои луѓе се подложни на дејство на Ѓаволот?
дали има луѓе кои се имуни на неговото делување?

Па види Ацелера, јас мислам дека никој не е исклучен од дејството на Ѓаволот, па дури ни верниците, особено нас Ѓаволот не искушува и рика како разјарен бик околу нас. Но нашата предност е што можеме да го победиме во името на Исус Христос.



-------------
Се што се случува, Бог ќе го насочи така што да испадне на добро за оние што го сакаат Бог.


Постирано од: Gideon
Датум на внесување: 30.Јуни.2007 во 16:34
Sekoj obicen smrtnik vo tekot na siot svoj zivot na zemjata zivee so Angeli I Demoni,Demonite so koi mora sekogas da se soocuva i da gi pobeduva stapicite na Pricot na Temninata,se sekogas okolu nas i ne naveduvaat na zlobnite raboti,no sepak tuka se i Angelite,pratenicite Bozhji koi ne stitat i cuvaat od zlite dusi...Znaci za sekoe dobro postoi i zlo no i vice versa!Mozebi nikogas ne uspevame da ostvarime konecna pobeda nad zloto,no....sekogas ja imame sansata da se borime vo negovo ime se dodeka Toj ne se vrati povtorno!I kako takvi da bideme dostojni da go docekame so seta slava....

-------------
In God we Trust!
God Bless our Land!


Постирано од: EvAngelos
Датум на внесување: 14.Август.2007 во 15:38
Originally posted by ACELERA ACELERA напиша:

следно прашање Big%20smile
кои луѓе се подложни на дејство на Ѓаволот?
дали има луѓе кои се имуни на неговото делување?
 
Има многу луѓе што ставајќи некакво ланче со крст на вратот мислат дека стануваат имуни на неговото дејство. Но фактот што ѓаволот го искушуваше Христос, исто така распнат на еден од голготските крстови, во темел ја руши таквото имуно дејство на крстчето околу вратот.
Ако нешто помага за имунитет против негото делување тоа е следниве библиски стихови:
 
И така, покорете Му се на Бога; а противите се на ѓаволот и ќе побегне од вас. Приближете се кон Бога, и Тој (Бог) ќе се приближи кон вас;
Јаков 4:7,8


-------------
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.


Постирано од: Miralem1
Датум на внесување: 14.Август.2007 во 21:33
Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

Originally posted by ACELERA ACELERA напиша:

следно прашање Big%20smile
кои луѓе се подложни на дејство на Ѓаволот?
дали има луѓе кои се имуни на неговото делување?
 
Има многу луѓе што ставајќи некакво ланче со крст на вратот мислат дека стануваат имуни на неговото дејство. Но фактот што ѓаволот го искушуваше Христос, исто така распнат на еден од голготските крстови, во темел ја руши таквото имуно дејство на крстчето околу вратот.
Ако нешто помага за имунитет против негото делување тоа е следниве библиски стихови:
 
И така, покорете Му се на Бога; а противите се на ѓаволот и ќе побегне од вас. Приближете се кон Бога, и Тој (Бог) ќе се приближи кон вас;
Јаков 4:7,8
 
LA ILAHE ILALLAH MUHAMMEDUR RESULULLAH e KLUC za Rajot,Bariera od sekakvo zlo sto moze da ni se priblizi na ovoj svet.


-------------
Alija ra je rekao:Znanje je bolje od imetka.Znanje te cuva a ti cuvas imetak.Znanje je sudija,a bogatstvu se sudi,umrli su oni koji su gomilali bogadstvo,a ostali su oni koji su sakupljali znanje


Постирано од: marco_antony
Датум на внесување: 05.Септември.2007 во 10:22


treba covek da zivee so otvoreni karti ...

i nema da ima djaolski raboti vo nego ...



-------------
                             PARADISE MACEDONIA


Постирано од: Кинијазик
Датум на внесување: 05.Септември.2007 во 10:33
Се изначитав... и извинете ама тек сега подобро ја сватив вашата ограниченост... Злото не постои... Ѓаволот не постои... тоа е едноставно простор или време на одсуство на Господ... Не постои темница... Постои само недостаток на светлина во тој простор....
Не постои ладно... Постои само недостаток на топлина во тоа тело или простор.... Злото како реакција на хаосот е присутно во димензиите на (не знам од која причина) одсуство на Господ....Тоа како засебно не постои..Тоа и како претенциозно не постои....Не постои Луцифер со вила чека и гледа да ни наштети... или лоши ангели... сите ангели се добри.. Редот во хаосот, кој денес е потврден , ни дава за право да го класифицираме како Зло... А негов носител го идентификуваме Ѓаволот.....  НЕ !!!!
Таму има одсуство на Господ. После некое време се враќа Господ Бог и ги средува работите!! Помогнува...
Господ грев да не ми пишит , ова е мојот став.


-------------
Крв, сузе и зној то - је Балкан мој...
Жалосна е околност с чиме привлачим позорност, ал ово морате чути сместа , па ми нису битна средства!!!


Постирано од: аџија
Датум на внесување: 05.Септември.2007 во 10:52
интересен став, не сум размислувал дека во конечноста, ова води до еден судар, т.е. или не постои злото и не постои Луцифер, или постои злото и постои Луцифер.
А можда е возможен и трет пат. Постои отсуство на доброто, т.е. уништување на доброто, а за тоа е објективно потребен субјект кој ќе го извршува тоа рушење. Така можда постои и таа варијанта, т.е. нема објективно зло, ама има објективни причинители на зло... Бидејќи нели и самата материја нема морални својства, туку добива морални својства од тоа како ќе се користи (на пр. секира за убиство, или секира за дрва, итн.).


-------------


Постирано од: Кинијазик
Датум на внесување: 05.Септември.2007 во 10:55
Па нешо слично... Убиецот со секира не ми влегол ѓаолот...Само Господ не го водел....Шо викаме излегол од рацете на Господа...
Убиството немора да значи директо дека жаолот го натерал... Едноставно во тие моменти не го водел Господ...


-------------
Крв, сузе и зној то - је Балкан мој...
Жалосна е околност с чиме привлачим позорност, ал ово морате чути сместа , па ми нису битна средства!!!


Постирано од: аџија
Датум на внесување: 05.Септември.2007 во 13:00
убаво кажано. ѓаолот не е нашиот дежурен кривец. треба да го бараме, најчесто, во огледалото...

-------------


Постирано од: postariot brat
Датум на внесување: 05.Септември.2007 во 13:39
Dobro treba da se bara vo ogledaloto dodeka ne se otvori biblijata no tuka veke ima i personifikacija na gordelivosta suetata alcnosta i se sto e sprotivno na ona sto sekoj podsvesno go znae a toa e poniznost, pridavanje na seta slava za nasite uspesi na boga, i sekako ne baranje nagrada za nasite dobri dela, i mn. drugi osobini.
E sega koga ke napravime nesto sto svesno ili podsvesno znaeme deka sme go napravile pogresno ili od pogresni(sebicni) pricini, togas moze da pogledame vo ogledalo i da se zasramime deka toa sto e tamu lici na nas gresnite, a e loso i sebicno, i samo so spoznavanje na storeniot grev e mozno i vrakjanje kon praviot pat ili kon poimot za dobro olicetvoren vo Isus nasiot Hristos. 


-------------
Od iskona, do denes, a i vo vecnosta sekogas so nas e postariot brat Hristos, zosto se smiluva na nas i ni dade sansa da poveruvame, i da se nareceme ceda bozji.


Постирано од: postariot brat
Датум на внесување: 05.Септември.2007 во 13:52
Nie sme samo lugje i nikoj od nas sam po sebe ne e najdobar ili sovrsen a bogami nitu najlos, ama sepak stremezot vo zivotot e mnogu bitna rabota .
Sto znaci toa :
pa vaka ako ne ni e najvazno da bideme dobri i da ne pravime greski kon sebesi i kon drugite zatoa sto veruvame deka taka treba da bide zatoa sto nesto vo nas odavna ni veli taka, a koga sme slusnale za zivotot na Isus sme nasle licnost koja e dostojna da ni bide vodic vo zivotot zosto vo praksa go izziveala seto toa sto se smetalo za nevozmozno-pobeda nad smrtta.
 Drugiot pat e onoj koj mislime deka ne izdignuva nas a vsusnost gi izdignuva pogresnite vrednosti so sto nas uste povekje ne frla vo ocaj zosto sto povekje imate pari to povekje nemate zosto apetitite rastat srazmerno pa duri i nesrazmerno so toa sto go poseduvame.
Inaku toa sto go rekol Alija za znaenjeto, toa go rekol i Premudriot Solomon, koj sepak na krajot se zaqginal od praviot pat.
Sepak znaenjeto parite mudrosta mozebi i mozat da mu pomognat na nekogo no samo dokolku ne mu se najvazni, sekogas najvazni treba da se Verata nadezta i ljubovta a najvazna od site e ljubovta .
 


-------------
Od iskona, do denes, a i vo vecnosta sekogas so nas e postariot brat Hristos, zosto se smiluva na nas i ni dade sansa da poveruvame, i da se nareceme ceda bozji.


Постирано од: moira
Датум на внесување: 05.Септември.2007 во 14:40
3 Јоv. 1:11
Vozljuben moj, ne ugleduvaj se na zloto, tuku na dobroto. Koj pravi dobro od Boga e; koj pravi zlo, ne go videl Boga.


Постирано од: zbunet
Датум на внесување: 05.Септември.2007 во 15:05
Sekoi cetri godini gi glasame



Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk