Автор |
Тема Пребарувај Опции за темата
|
чаир
Сениор
Регистриран: 29.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 950
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 08.Мај.2007 во 12:06 |
Свети Анијан епископ Александриски
Кога Св. Марко стапна од коработ на копното на Александрија, обувката
на едната нога му се расцепи. Тогаш виде еден чевлар и му ја даде на
поправка. Шиејќи чевларот си ја прободе со шилото левата рака и почна
да му тече крв, а тој јачеше од болка. Тогаш Божјиот апостол замеси
прав со својата плунка и ја намачка ранетата рака на чевларот, која со
ова веднаш стана здрава. Чевларот се восхити од ова чудо и го покани
Марко во својот дом. Кога ја слушна проповедта на апостолот, Анијан
(така му беше името), се крсти тој и сиот негов дом. Свети Анијан
покажуваше толкаво благочестие и ревност за Божјото дело, што Св. Марко
го ракоположи за епископ. И овој свет човек беше вториот епископ на
александриската Црква.
|
|
|
Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
|
|
чаир
Сениор
Регистриран: 29.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 950
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 09.Мај.2007 во 15:07 |
ветиот свештеномаченик Василиј, епископ Амасиски 09/05/2007
Зетот на царот Константин, Ликиниј, кој беше оженет со царевата сестра,
се преправаше пред великиот цар дека е христијанин, но кога царот му
даде да управува со целиот Исток, тој најпрво тајно, а потоа и јавно
почна да ги гони христијаните и да го утврдува идолопоклонството. За
тоа време неговата жена многу тагуваше, но не можеше да го одврати
мажот од нечестието. Кога се предаде на идолопоклонството Ликиниј се
предаде себеси на сите страсти, а најмногу на прељубништво. Заради
нападот на оваа нечиста страст тој посака да ја оскверни девицата
Глафира, којашто беше на служба кај царицата. Таа ѝ
се пожали на царицата и царицата тајно ја испрати во Никомидија во
Понтиската област. Девицата Глафира стигна до градот Амасија, а таму ја
примија срдечно епископот Василиј и сите христијани. Беше радосна што
најде прилика да си ја спаси девственоста и за ова ѝ пишуваше на царицата. Царицата се радуваше и ѝ
испраќаше пари за црковниот храм во Амасија. Но едно од овие писма од
Глафира до царицата му падна во рацете на царскиот евнух и тој му го
покажа на својот господар Ликиниј. Кога царот дозна каде престојува
Глафира, испрати да ја доведат во Никомидија, нејзе и епископот. Во
меѓувреме Глафира умре, а војниците го доведоа врзан само епископот
Василиј. Откако претрпе маки и затвор, овој блажен маж заврши под меч,
а телото му го фрлија во морето, во 322 година. По укажување на Божји
ангел неговите клирици го извлекоа од водата со помош на рибарски мрежи
и го пренесоа во Амасија, каде што чесно го погребаа во црквата што ја
беше подигнал самиот. Царот Константин крена војска против Ликиниј, го
победи и го фати и го испрати во ропство во Галија, каде што заврши
неговиот богоотпаднат живот.
|
Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
|
|
чаир
Сениор
Регистриран: 29.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 950
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 09.Мај.2007 во 15:08 |
Свети Стефан епископ Пермски 09/05/2007
По потекло Русин. Од малечок предаден на молитва и богомислие. Како
момче отиде во Ростов и се замонаши во манастирот на Св. Григориј
Богослов. Кога дозна за Пермската земја, целата обрасната во плевелот
на незнабоштвото, посака да оди како мисионер во оваа земја; веднаш се
вдаде во изучување на пермскиот јазик и кога го совлада, состави азбука
и ги преведе на тој јазик црковните книги. Со благослов на московскиот
митрополит тој како презвитер се упати на својот апостолски подвиг и во
густиот мрак на пермското незнабоштво со огромна ревност почна да го
проповеда Господовото Евангелие. Откако крсти неколкумина, се потруди
да изгради во Перма храм на Св. Благовештение. Кога во Перма се умножи
Црквата Божја, Свети Стефан го посветија за нејзин епископ. Претрпе
секаков труд, мака, злоба и пониженост, но ја разгони темнината на
пермските незнабожци и ги просветли со Христовата светлина. На старост
уште еднаш отиде во Москва и таму се упокои во Господ во 1396 година.
|
Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
|
|
чаир
Сениор
Регистриран: 29.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 950
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 11.Мај.2007 во 23:47 |
Светиот апостол Симеон 10/05/2007
Еден од Седумдесеттемина апостоли. Син на Клеопа, којшто му беше брат
на праведниот Јосиф, целомудрениот сопруг на Пресвета Богородица. Кога
ги виде чудата на Господ Исус, Симеон поверува во Него како во Господ и
Спасител и беше вбројан во Седумдесеттемина апостоли. Со голема ревност
и храброст го проповедаше Христовото Евангелие насекаде по Јудеја. Кога
злобните Евреи го убија Јаков, братот Господов и првиот епископ на
ерусалимската Црква, тогаш овој Симеон, кој му беше роднина, го
поставија за епископ во Ерусалим. Како втор епископ во Светиот Град со
голема мудрост и сила управуваше со Божјата Црква до длабока старост.
Кога пострада имаше над сто години. Неговото страдање стана вака: во
времето на царот Трајан беше покренато двојно гонење во Палестина - на
потомците Давидови и на христијаните. Злобните луѓе го обвинија Симеон
како оној којшто им припаѓа и на едните и на другите. Свети Симеон
претрпе големи маки и најпосле го распнаа на крст, како неговиот Господ
Кому верно Му послужи на земјата.
|
Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
|
|
чаир
Сениор
Регистриран: 29.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 950
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 11.Мај.2007 во 23:49 |
Преподобен Јован Исповедник 10/05/2007
Игуменот на обителта на Чистите (Катари). Оваа обител беше устроена
близу Никеја во времето на царот Јустин, во 6 век. Свети Јован многу
пострада од царевите Лав и Теофил во одбрана на иконопочитувањето и
заврши во прогонство околу 832 година.
|
Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
|
|
чаир
Сениор
Регистриран: 29.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 950
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 11.Мај.2007 во 23:49 |
Светите апостоли Јасон и Сосипатар и девицата Керкира 11/05/2007
Тие двајцата беа од Седумдесеттемина апостоли, а Керкира му беше ќерка
на некој цар од островот Крф. Јасон и Сосипатар ги спомнува Св. апостол
Павле (Римјани 16, 21) и ги нарекува свои роднини. Јасон беше родум од
Тарс како и самиот Павле, а Сосипатар од Ахаја. Првиот апостолите го
поставија за епископ Тарсиски, а вториот за епископ Икониски. Патувајќи
и проповедајќи го Евангелието овие двајца апостоли стасаа на островот
Крф, каде што успеаја да подигнат црква посветена на споменот на Св.
првомаченик Стефан и да придобијат некои незнабожци за Црквата. Царот
на овој остров ги фрли во затвор, а внатре беа затворени седуммина
разбојници: Сагорниј, Јакисхол, Фаустијан, Јануариј, Марсалиј, Ефрасиј
и Мамиј. Апостолите ги приведоа овие седуммина во Христовата вера и ги
направија од волци јагниња. Кога слушна за тоа царот нареди да ги
убијат со врела смола. Така сите примија маченички венци. А кога ги
мачеше апостолите, царската ќерка Керкира ги гледаше од прозорецот
маките на Божјите луѓе, па штом дозна зошто ги мачат и самата се огласи
за христијанка и им го раздаде својот накит на сиромашните. Царот се
разгневи на својата ќерка и ја затвори во посебен затвор, па бидејќи со
ништо не успеа да ја одврати од Христа, нареди и во затворот ја
запалија. Затворот изгоре, но девицата остана жива. Кога го виде ова
чудо, се крсти многуброен народ. Тогаш царот разјарен нареди и ја врзаа
ќерка му за едно дрво и ја убија со стрели. Оние што поверуваа во
Христа побегнаа од страшниот цар на блискиот остров и се сокрија. Царот
тргна на кораб за да ги фати, но коработ потона во морето и нечестивиот
цар загина како некогаш фараонот. Новиот цар ја прими Христовата вера,
се крсти и го доби името Севастијан. Јасон и Сосипатар слободно го
проповедаа Евангелието и ја утврдуваа Црквата Божја на Крф до нивната
длабока старост и таму го завршија својот земен живот, па преминаа кај
Господ.
|
Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
|
|
чаир
Сениор
Регистриран: 29.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 950
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 11.Мај.2007 во 23:50 |
Светиот маченик Тибал 11/05/2007
Словенин од Панонија. Во времето на Диоклецијан беше страшно мачен за верата во Христа и чесно пострада во местото Цибал.
|
Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
|
|
чаир
Сениор
Регистриран: 29.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 950
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 11.Мај.2007 во 23:50 |
Свети Василиј Острошки 12/05/2007
Родум од Попово Село во Херцеговина, од родители прости но
благочестиви. Од малечок беше исполнет со љубов кон Божјата Црква, а
кога порасна отиде во требињскиот манастир на Успение на Пресвета
Богородица и прими монашки чин. Набрзо се прочу со својот сериозен и
редок подвижнички живот, зашто себеси си налагаше подвиг врз подвиг, сѐ
потежок и потежок. Подоцна го посветија за епископ Захумски и
скендериски, наспроти неговата волја. Како архиереј прво живееше во
манастирот Тврдош и оттаму како добар пастир го утврдуваше своето стадо
во православната вера, чувајќи го од турската свирепост и од латинското
лукавство. А кога непријателите многу го притеснија, а Турците го
разорија Тврдош, се пресели во Острог, каде што тврдо се подвизуваше,
оградувајќи го своето стадо со непрестајни молитви. Се упокои мирно во
Господ во 16 век. Неговите мошти останааа цели и целебни, нераспадливи
и чудотворни до денешен ден. Чудата на гробот на Св. Василиј се
безбројни. Кон неговите мошти притекнуваат и христијаните и муслиманите
и наоѓаат исцеленија во најтешките маки и болести. Секоја година на
Педесетница во Острог станува голем народен собир.
|
Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
|
|
чаир
Сениор
Регистриран: 29.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 950
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 11.Мај.2007 во 23:51 |
Светите девет маченици во Кизик 12/05/2007
Овие деветмина храбри маченици во кои гореше љубовта Христова не сакаа
да им принесат жртви на идолите ниту да се одречат од Господ Христос,
заради што беа луто мачени и најпосле убиени со меч. Во времето на
царот Константин во Кизик беше изграден храм во чест на овие маченици,
а таму ги положија и нивните нетлени мошти. Нивните имиња се: Теогниј,
Руф, Антипатар, Теостих, Артем, Магн, Теодот, Тавмасиј и Филимон.
Презреа сѐ минливо заради вечното. Затоа
Господ ги воведе во Своите вечни обители и им даде венци на
непропадлива слава. Чесно пострадаа и се прославија во 3 век.
|
Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
|
|
чаир
Сениор
Регистриран: 29.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 950
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 11.Мај.2007 во 23:53 |
Преподобен Мемнон Чудотворец 12/05/2007
Се предаде на пост и молитва од младоста. Толку го очисти своето срце
што стана живеалиште на Светиот Дух. Ги исцелуваше неисцелливите болни
и правеше многубројни други чуда. Се јавуваше и во морски бури и ги
спасуваше бродовите од пропаст. Мирно се упокои во Господ во 2 век и се
пресели во Неговите небесни дворци.
|
Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
|
|
чаир
Сениор
Регистриран: 29.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 950
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 16.Мај.2007 во 19:40 |
Светиот апостол Јаков 13/05/2007
Син на Заведеј, брат на Јован, еден од Дванаесеттемина. Кога Господ
Исус ги повика, тој и брат му Јован ги оставија рибарските мрежи и
својот татко и веднаш тргнаа по Него. Спаѓа меѓу оние тројца апостоли
на коишто Господ им ги откриваше најголемите тајни, пред кои се
преобрази на Тавор и пред коишто тагуваше во Гетсиманската градина пред
да пострада. Откако Го прими Светиот Дух, Св. Јаков по разни краишта го
проповедаше Евангелието и отиде дури до Шпанија. Кога се врати оттаму
со него почнаа да се препираат за Светото Писмо Евреите. Бидејќи никако
не можеа да му одолеат, најмија еден маѓесник Хермоген. Но Хермоген и
неговиот ученик Филип обајцата беа победени од силата на Вистината што
ја проповедаше апостолот и откако беа поразени се крстија. Тогаш
Евреите го обвинија кај Ирод и го наговорија некој Јосија да клевети на
апостолот. Овој Јосија го виде мажественото држење на Светиот апостол и
штом ја слушна јасната проповед за Вистината, се покаја и поверува во
Христа. Кога го осудија на смрт Јаков, го осудија и Јосија. Тој го
молеше апостолот да му го прости гревот на клевета. А Јаков го прегрна,
го целива и му рече: „Мир на тебе и прошка!“ И обајцата ги наведнаа
главите под мечот и беа убиени за Господ Кого Го возљубија. Свети Јаков
пострада во 45 година во Ерусалим. Неговото тело беше однесено во
Шпанија, а на неговиот гроб и денес се случуваат чудесни исцеленија.
|
Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
|
|
чаир
Сениор
Регистриран: 29.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 950
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 16.Мај.2007 во 19:42 |
Свети Донат 13/05/2007
Епископ во Еврија Албанска. Бог му даде голема благодат на
чудотоврство, па правеше многу чуда корисни за луѓето. Така претвори
горчлива вода во пивка, низведе дожд во сушно време; ја исцели од
лудило царската ќерка, воскресна мртовец. Овој мртовец му го имаше
исплатено долгот на својот заемодавец, но бидејќи несовесен
заемодавецот сакаше уште еднаш да си го наплати долгот и го бараше од
вдовицата на покојниот. Вдовицата плачеше и му се жалеше на епископот.
Свети Донат го опомена заемодавецот да почека да го погребаат човекот
пред да поразговарат за ова. Но заемодавецот настојуваше со жестокост.
Тогаш Свети Донат му пристапи на мртовецот, го фати и му викна: „Стани,
брате, и види што имаш со твојот заемодавец!“ Мртовецот се крена и со
грозен поглед го погледна својот заемодавец, па му кажа каде и кога му
го платил долгот. И плус тој ја побара од овој заемодавец својата
писмена обврзница. Исплашен заемодавецот му ја врачи неговата хартија,
мртовецот ја искина и повторно легна и се упокои. Свети Донат мирно се
упокои во длабока старост и отиде кај Господ во 387 година. Неговите
мошти почиваат во Еврија во Албанија.
|
Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
|
|
чаир
Сениор
Регистриран: 29.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 950
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 16.Мај.2007 во 19:43 |
Светата маченичка Аргира 13/05/2007
Оваа Христова маченичка е родена во Бруса, од благочестиви родители.
Штотуку се омажи за еден христијанин, во неа се загледа еден Турчин од
соседството, па ја повикуваше на грев со него. Христољубивата Аргира ги
одбиваше нечистите предлози на Турчинот. Но овој се разбесни и ја
обвини на судот дека божем сакала да прими ислам, па се откажала. Од
судија до судија, од затвор до затвор, Света Аргира помина цели
петнаесет години страдајќи за Христа. Зашто Го љубеше Господ над сѐ. Најпосле се упокои во затворот во Цариград во 1725 година.
|
Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
|
|
чаир
Сениор
Регистриран: 29.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 950
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 16.Мај.2007 во 19:43 |
Светиот пророк Еремија 14/05/2007
Роден 600 години пред Христа, во селото Анатот, недалеку од Ерусалим.
Почна да пророкува во својата петнаесетта година, во времето на царот
Јосија. Им пророкуваше за покајание на царот и на неговите големци, на
лажните пророци и на свештениците и во времето на овој цар Јосија одвај
си ја спаси главата од убиствените раце на огорчените големци. На царот
Јоаким му прорече дека неговиот погреб ќе биде како погреб на магаре,
т. е. мртов ќе биде исфрлен надвор од Ерусалим и телото долго ќе му се
влечка по земјата непогребано. Заради ова Еремија беше фрлен во затвор.
Бидејќи во затворот не можеше да пишува, го повика Варух, којшто
застана покрај неговото затворско прозорче, а Пророкот почна да му
диктира. Кога му го прочитаа ова пророштво на царот, тој гневен ја фрли
хартијата во оган. Промислата Божја го спаси Еремија од затворот, а врз
Јоаким се исполни зборот на Пророкот. На царот Јехониј пак, му прорече
дека со целото семејство ќе биде одведен во Вавилон и дека ќе умре
таму, коешто наскоро и се случи. Под царот Седекија Еремија си стави
јарем на вратот и така одеше по градот Ерусалим, пророкувајќи го со тоа
падот на Ерусалим и ропството под јаремот на Вавилонците. На еврејските
робови во Вавилон им пишуваше да не се надеваат да се вратат во
Ерусалим, зашто ќе останат во Вавилон седумдесет години - така и беше.
Во долината Тотеф, под Ерусалим, каде што Евреите им принесуваа на
идолите деца како жртви, Еремија зеде здрав лонец во рацете, го скрши
пред народот, пророкувајќи ја брзата пропаст на Јудејското царство.
Наскоро Вавилонците го зазедоа Ерусалим, го убија царот Седекија, го
разорија и го ограбија градот, а огромен број Евреи беа заклани во
долината Тотеф, на местото каде што Пророкот го искрши оној лонец.
Еремија со левитите го зеде кивотот од храмот и го однесе на ридот
Нават - каде што умре Мојсеј - и овде го скри во една пештера. Огнот од
храмот пак, го скри во еден длабок бунар. Некои Евреи го принудија да
оди со нив во Египет, каде поживеа четири години, а потоа беше од
своите сонародници убиен со камења. На Мисирците им прорече дека
идолите ќе им бидат разбиени и дека Дева со Младенецот ќе дојде во
Мисир. Постои предание дека самиот цар Александар Велики го посетил
гробот на Пророкот Еремија. На наредба од Александар телото на Еремија
е пренесено и со почести погребано во Александрија. (Мисирците речиси
го обожаваа Пророкот Еремија. Затоа и го погребаа како крал. Го сметаа
за чудотворец и после смртта. Правот од неговиот гроб го земаа како лек
против каснатици од змија. И ден денес мнозина христијани во молитва го
повикуваат Пророкот Еремија против змии).
|
Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
|
|