|
Науката против Веронауката |
Внеси реплика | страница <1 1112131415 27> |
Автор | |
Чорбаџија
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Статус: Офлајн Поени: 1065 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Бог му даде на човекот показалец за да можи да покажува со него а човекот го злоупотребува за да со него го повлекува чкрапецот на оружјето и убива други луќе
Заклучок Показалецот е лош и ги прави луѓе несреќни, тажни и оттуѓени. Показалецот е позитивна нула |
|
Чорбаџија
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Статус: Офлајн Поени: 1065 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Бог му даде на човекот мускули за да се движи и работи а тие мускули човекот ги злоуппотребува за да убие или повреди други луѓе.
Заклучок, мускулите се позитивна нула и тие ги прават луѓето потажни несреќни и отуѓени. |
|
аџија
Сениор Регистриран: 25.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 5474 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ми се допаѓа што конечно го сфати концептот за позитивна нула...
сега уште другото... |
|
Чорбаџија
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Статус: Офлајн Поени: 1065 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Значи аџијо, не е до науката, не е ни до религијата....
до човекот е. И едното и другото некој го употребува а некој злоупотребува. А вицот за позитивната нула го сфатив веднаш. (Мораше вака полека одоколу, за да не те шокира вистината) |
|
anakin
Сениор Unidentified Flying Object Регистриран: 08.Август.2005 Локација: Machku Pichku Статус: Офлајн Поени: 18535 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
vistinata e edna
sami se stvorivme mozeme i samite da se sjebeme nikoj ne ni brani vo toa prirodata se brani doduse no nie sme pojaki |
|
SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.
|
|
Isis
Сениор CATALYST Регистриран: 19.Јануари.2007 Статус: Офлајн Поени: 5871 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
сами? како?!? колку и да пробувам да си претставам сликовито не ми успева |
|
anakin
Сениор Unidentified Flying Object Регистриран: 08.Август.2005 Локација: Machku Pichku Статус: Офлајн Поени: 18535 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
steta
a tolku e prosto |
|
SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.
|
|
Isis
Сениор CATALYST Регистриран: 19.Јануари.2007 Статус: Офлајн Поени: 5871 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
искрено ме интересира тоа КАКО сами сме се создале, анакине, иако едноставноста ми е доблест...ова не можам да го сконтам единствено што можеме да создаваме ние е нов живот -бебиња- но и таа способност ни е ДАДЕНА. |
|
anakin
Сениор Unidentified Flying Object Регистриран: 08.Август.2005 Локација: Machku Pichku Статус: Офлајн Поени: 18535 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ne bi sakal da ti ja rasipuvam slikata
kako gospod gi stvara adam i eva prema likot svoj pa zatoa kje si kjutam sekoj ima pravo da veruva ili da znae no vo denesniot svet ocigledno si go odzimame pravoto pa si se dokazuvame edni so drugi a jas toa vekje nema da go pravam oti svativ deka sekoj si ima pravo na izbor |
|
SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.
|
|
Чорбаџија
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Статус: Офлајн Поени: 1065 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Сме се создале, и сме си го пробиле патот до ова ниво (и се уште грабиме напред) од најпростата органска материја во бескрајните древни праокеани до она што мислиме дека сме денес (совршени битија). Науката успешно може да создаде (симулирајќи ги условите кои владееле на земјата од пред милијарди години, органска материја, од која започна животот. Инаку ние не сме во состојба да правиме само бебиња - ние правиме и души ... ваљда. Ете една интересна мисла , дали човекот (да се изразам библиски) “познавајќо ја жената своја“ создава само тело (бебе) или и душата на бебето. Или Бог создава души па ги вградва накнадно (или истовремено (во грчот на оргазмот заедно со човекот). Накратко, постои ли “фабрика за души“ и кој ја води - Бог или човек |
|
anakin
Сениор Unidentified Flying Object Регистриран: 08.Август.2005 Локација: Machku Pichku Статус: Офлајн Поени: 18535 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
sega ja rasipa ubavata slika za ADAM I EVA
|
|
SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.
|
|
Чорбаџија
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Статус: Офлајн Поени: 1065 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Сме се создале, и сме си го пробиле патот до ова ниво (и се уште грабиме напред) од најпростата органска материја во бескрајните древни праокеани до она што мислиме дека сме денес (совршени битија). Науката успешно може да создаде (симулирајќи ги условите кои владееле на земјата од пред милијарди години, органска материја, од која започна животот. Инаку ние не сме во состојба да правиме само бебиња - ние правиме и души ... ваљда. Ете една интересна мисла , дали човекот (да се изразам библиски) “познавајќо ја жената своја“ создава само тело (бебе) или и душата на бебето. Или Бог создава души па ги вградва накнадно (или истовремено (во грчот на оргазмот заедно со човекот). Накратко, постои ли “фабрика за души“ и кој ја води - Бог или човек |
|
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Повеќето атеистички научници сметаат дека животот настанал случајно во една прабиотичка супа, каде случајно се нашле потребните зачини и потоа громовите, брановите и ветровите ја мешале оваа супа од која произлеговме денес јас, ти и се живо околу нас. Како и да е, пред околу половина век Опарин, Милер, Широно и други, излегоа со фасцинантни идеи за тоа како се готвела оваа супа, со фасцинантно планирани драми за тоа како се одиграла оваа случка.
Во строго определени лабараториски услови овие научници се обидоа да ја одиграат таа драма и добија неколку амино киселини. Избрзано се израдуваа и му соопштија на светот дека живот може да се добие во лабараторија. Но кога Милер продолжи да го унапредува експериментот, неговиот оптимизам спласна.
1) Од околу 100 познати аминокиселини, само 20 се користатат во протеините и сите од нив се левораки. Аминокиселините кои они ги добија беа половина левораки, половина деснораки. 2) Постојат и концепски проблеми. На пример: нема причина да веруваме дека произволното соединување на аминокиселините ќе образува нешто корисно, а доколку ги спомнеме можните комбинации, броевите се од редот на бројот на честици во целата вселена, па и далеку поголем од него. 3) Случајните настани и неинтелегентното создавање го заменаа со лабараториски услови и со интелегентни научници. Творецот натажено ги гледаше овие научници како се обидуваат да го имитираат.
Но гласовите замреа, половина век помина, а напредок нема. Франкенштајн остана во филмовите. п.с. За жал, јас ќе морам да одам на едно мало патување од каде што нема да имам можност да користам интернет и да се дружам со вас. Ќе се вратам за едно 3-4 недели.
Ви посакувам прекрасни дискусии и се најдобро.
Поздрав до сите! Изменето од EvAngelos - 07.Мај.2007 во 01:58 |
|
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|
Чорбаџија
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Статус: Офлајн Поени: 1065 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Стотици милиони години траеше создавањето на првиот органски свет. Се создаваше (можеби повремено беше уништуван па процесот почнуваше пак) во Архајскиот период на земјата. Основата не се што е живо се јаглеродните атоми. Тие се арматурата на животот и во изобилие се пронајдени во седиментите на Гренланд стари 3,8 милијарди години. Тогаш веќе постоеа основи да настани животот. Земјината топка од пред 600 милиони години немаше да ја препознаеме, тектонските поместувања во текот на милијарди години создаваа нови континенти,океани, мориња, ги разделуваа, ги носеа, ги судруваа.
Верниците велат Бог го создал живиот свет, јагулите, брашенстите бубачки,водени стаорци, тибетанските говеда..... за да правиме со нив што сакаме. Да ни носат терет, да ни даваат месо, млеко, да влечат плугови... Тој во сета своја мудрост не создал еден ви на крлеж, чија цел е да му ја цица крвта на човекот (единствено за да се размножува), Бог создал околу 100 вида крлежи, не создал ни еден или два вида лебарки, чија цел е .... (не знам ни самиот , ваљда да се моткаат низ кујните) туку над 100 вида лебарки. Во целата своја генијалност намногуброен по видови животинскки свет на земјата се ... бумбарите. Нив ги има повеќе од било кој вид на животни, чија цел е да ....брмчат) Во лабараториите, симулирајќи ги условите на древните времиња, (присуство на амонијак, фосфатни соли, електрични празнења, отсуство на кислород...) создадени се аминокиселините, прапочетоците на протеинските молекули, како и нуклеинските киселини (и тоа мошне лесно) - темелите на се што е живо денес на земјата. Еволуцијата работи и денес, српестата анемија која се разви кај луѓето во пределите каде владее маларијата а која ја нема на другите места и која им го спасува животот на тамошните жители и ги чини отпорни на таја болест е само еден пример да еволуцијата се уште работи како што работеше пред 3 и повеќе милијарди години.. ДНК-та е новото поглавие кое науката го отвори во богатата природна библиотека. Упатствата како е направена, наследните кодови запишани во неа уште од времето на органската супа, денес ги читаме и ја разбираме. во секоја од 10 сетина милијарди клетки во нашиот организам е запишан тој код, во секоја клетка во секој нејзин ген има околу милијарда гванини, и исто толку аденини, зитозини, тимини. Сите тие низи имаат ист состав и основа, закони, и кај човекот, и кај кучињата, кај пустинкиот преселбен стаорец, кај тапирот, шимпанзото, јагулата..... Не сме создадени од кал, се развивме заедно со јагулите од ист предок. |
|
Внеси реплика | страница <1 1112131415 27> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |