IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - КУЛТОТ ЗА МАРИЈА
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

КУЛТОТ ЗА МАРИЈА

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1112131415 60>
Автор
Порака
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Април.2007 во 23:14
Originally posted by чаир чаир напиша:

Родените од жена да но Христос не е роден од жена туку од девајка (Partenos) од девица тој не е плод на општење на маш и жена коко Свети Јован Крстител



Абе Чаир Smile
Кој го спомна Христос сега. Ги читаш ли ти постовите на кои одговараш пред да напишеш одговор?

Ние ги споредуваме Марија, Јован и Илија, со кои целта ми е да ти докажам дека Марија не е над нив воздигната, бидејќи Исус вели дека никој роден од жена не се издигнал над Јован.
Тоа што Христос е поинаку роден од другите, не го менува фактот дека Марија е родена од жена.
И бидејќи е родена од жена, според изјавата на Христос, таа не се издигнала над Јован Крстителот.
А пак Христос за Јован вели дека е Илија (ова е според пророштвото на Малахија и согласно веста на ангелот Гавриел)
А пак апостол Јаков за Илија вели бил човек ист како нас.

Од тука следува дека Илија е како нас, што значи дека и Јован е како нас, а бидејќи Марија не се воздигнала над Јован, следува дека таа не се воздигнала ни над нас, со други зборови таа е како нас, како обичниот човек-верник.
Значи таа е благословена, блажена, но не и пресвета, пречиста, пре пре пре итн. Христос и бил потребен на неа колку што ни е потребен и на нас.

Поздрав!
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
mali simo Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1132
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mali simo Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Април.2007 во 12:09

зарем богородица дева со тоа што го роди спасителот на најчуден начин е иста како нас ?????
Христос во нејзината утроба 9 месеци
ХРИСТОС ВОСКРЕСНА ОД МРТВИТЕ СО СМРТА СМРТА ЈА ПОБЕДИ И НА ТИЕ ВО ГРОБОВИТЕ ЖИВОТ ИМ ДАРИ

Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Април.2007 во 01:10
Originally posted by mali simo mali simo напиша:


зарем богородица дева со тоа што го роди спасителот на најчуден начин е иста како нас ?????
Христос во нејзината утроба 9 месеци
 
"А кога го зборуваше тоа, една жена од народот извика: "Блажена е утробата која Те носела и градите кои Те доеле."
А Тој (Христос) рече: "Поблажени се оние кои го слушаат Божјото Слово и го пазат. " Лука 11:28
 
Кого да му веруваме? На мали симо или на Христос?
Чив критериум за возвишеност е поточен? На мали симо или на Христос?
 
До кога ќе употребуваме наши критериуми за тоа кој е поголем меѓу луѓето?
Зарем нема да ја слушаме Библијата која јасно си кажува која е позицијата на човекот?
Зарем Христос не кажал јасно дека никој не се издигнал над Јован Крстителот?
Зарем Јован не рече дека е недостоен ни ременчињата од сандалите да Му ги врзе на Исус?
Зарем Јаков не рече дека Илија бил човек како еден од нас?
 
Нека Бог ве просветли во вистината на Неговиот Збор!
Поздрав!
 
 
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
аџија Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 5474
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај аџија Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Април.2007 во 02:18
Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

 
Кого да му веруваме? На мали симо или на Христос?
Чив критериум за возвишеност е поточен? На мали симо или на Христос?
 


сериозен си? LOLLOLLOLLOL
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Април.2007 во 17:10
Јас искрено не LOL Прашањета се чисто реторски, барем за христијаните кои се водат по Христовиот критериум, но за другите “христијани“ незнам... би сакал да не сум во право и да верувам дека и они мислат како мене, ама тука читам нешто поинаку, па или и они не се сериозни, или е нешто пострашно... ахх се надевам е првото Smile
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
Kanon Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 10.Април.2007
Локација: Ethiopia
Статус: Офлајн
Поени: 6
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Kanon Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Април.2007 во 03:29
samo edna kratka licna konstatacija. EvAngelos se povikuva na Biblijata i e vo pravo. jas kako hristijanin se povikuvam na Biblijata a ne na sopstvenata logika(zasto cesto znae da bide i subjektivna i filuvana - luge sme, ne sme imuni). taka da ne e da zazemam strana na nekoe filozofsko glediste, nego veruvam i znam deka toa sto EvAngelos go pisuva e vistina zasto e BIBLISKI!!!
poz
Jas Sum Patot, Vistinata i Zivotot. Nikoj ne doaga kaj Tatkoto osven preku mene. - ISUS HRISTOS
Кон врв
Kanon Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 10.Април.2007
Локација: Ethiopia
Статус: Офлајн
Поени: 6
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Kanon Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Април.2007 во 03:47
Прашање до аџија или евангелос. т.е. што мислите за ова?
зашто да и се дава толку значење на Марија, т.е. зашто да и се дава толку слава на Марија кога и таа била определена од Бог за тоа.
 Не дека си заслужила некако да биде таа што ќе го носи Исус 9 месеци, едноставно "нашла милост пред Бога" Лк.1:30.
Била праведна, му била верна на Бог, и мислам дека ако се гледа нејзината сторија до таму објективно, доаѓам до заклучок дека Бог е тој кој се велича. Бог бил со неа, бил милостив кон неа, а од 46 стих во 1 глава од Евангелие по Лука се гледа дека и самата Марија го "велича Бога".
Сето ова е од Бог и Бог е Единствениот вреден за величање и слава (како што и самата Библија ни го дава тоа)
Што мислите?
Jas Sum Patot, Vistinata i Zivotot. Nikoj ne doaga kaj Tatkoto osven preku mene. - ISUS HRISTOS
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Април.2007 во 19:30
Јас мисламмм.... дека ми е драго што постојат луѓе кои своите доктрини ги наштимуваат низ призмата на Библијата.
Браво Канон Clap
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
Dogi Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 19.Април.2005
Статус: Офлајн
Поени: 3168
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Dogi Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Мај.2007 во 11:59
Originally posted by аџија аџија напиша:

ЗАЧЕТОЦИТЕ НА КУЛТОТ НА МАРИЈА

Од средниот век наваму, источната црква полека на мала врата, во своето практикување го внесе и обожувањето, односно култот на Марија, мајката на Исус. Почетоците на оваа ерес се наоѓаат некаде по Ефешкиот Собор, во 5 век, но вистинската слика ја добива тек околу 7 век, значи речиси 800 години после Христовата служба, и животот на Марија.

Ересот започнува речиси наивно, со несмасната изјава на Отците во 431 година дека Марија е Бого-Родица, (Теотокос), односно дека преку нејзе е роден самиот Бог - Христос, а не само човек. Интересното е што дебатата на самиот Собор, воопшто не била околу природата на Марија, туку природата на Христос. Отците биле соочени со ересот на Несторие, кој тврдел дека таа го родила само Христос (Месијата) а не и Господ.

Така Отците ја приковале изјавата Теотокос (Богородица) со тоа бранејќи го правоверниот симбол дека Христос е Бог. Кирил Александриски јасно во својата одбрана вели дека тоа не имплицира ништо за природата на Марија, туку за природата на Христос.

Но, Констатиновото наследство, тука видело одлична прилика да терминот биде употребен за пропагандни цели во придобивање на паганските маси, кои биле навикнати во паганските религии да обожуваат божици и ереста започнува да се шири под патронатот на религиско-политичката симбиоза.

Во таа линија започнува еретичкото ширење на идејата, дека самата Марија му ја дала на Христос Божествената природа, и на еден начин таа станува поголема од него. Доказ за збрката се и Коранските стихови кои несмасно во 8 век сфатиле дека Марија е дури дел од Тројството.

МАРИЈА ВО СВЕТОТО ПИСМО

Марија игра маргинална улога во Светото Писмо. Во најраните списи (посланијата) таа воопшто не е ни спомната. Чудно, но зарем еден од најголемите христијански учители (Ап. Павле) заборавил на „важната улога на оваа жена? Мислам не!

Во евангелијата, Марија игра измешана улога, дури и честопати негативна.

Во најраното евангелие (Марко), нејзиното раѓање на Исус воопшто не е спомнато, како ни во Јован.

Во Матеј има епизодна улога, додека најспомнувана е во Ев. по Лука. Интересното е што нејзиното раѓање на Христос е и те како претставено во позитивно светло. Но нејзината улога потоа, како мајка на Христос е претставена во негативна улога.

Марија е укорена 3 пати од Христос:
    1. Кога не ја разбира неговата служба, додека Исус на 12 години поучува во Храмот (Лука 2:49)
    2. Кога Марија бараше од Христос да направи чудо, иако не беше се уште време (Јован 2:4)
    3. Кога Марија со другите деца дојде кај Исус, Исус рече дури прекорително дека не му е таа мајка, туку оние кои го слушаат Неговиот збор (Лука 8:21)

    Овде е вредно уште да се спомне дека никаде таа не е спомната во позитивно светло  како верна, достојна ученичка Христова, како некој кој достигнал посебна светост или слично. Напротив, овие 3 горни примери, се 3 од 6-те ситуации во кои се спомнува Марија. (другите 3 се кога го роди Исус, кога го однесе во Храмот како бебе, и последната кога беше крај крстот).

РАЗВОЈ НА ЕРЕСОТ

Ересот за Марија се развива полека низ вековите, и како некој рак се пробива во денешницата до тоа ниво, што молитвите кон Марија, речиси се побројни од молитвите кон Господ. Се разбира, поривите на човекот кон обожување на луѓе кои не се достојни да бидат обожувани на исто ниво со Господ, и тука излегуваат на виделина.

Иако е јасно на секој искрен истражувач дека ниту ранохристијанската заедница, ниту Христос, а ниту Отците имале намера од Марија да направат тоа што денес се прави со неа, источната и западната црква ја сокриваат вистината заради своите пред се финансиски интереси. Познато е дека Култот на Марија е еден од најдоходовните приноси на Римокатоличката црква, и откажување од него би значело сериозен удар врз финансиската структура. Слична, иако не толку значајна улога, Култот игра и во Православната црква. Тука, за жал, од доаѓањето на Исламот на овие простори, не постои вистинска духовна и академска активност на црквата, која би и овозможила барем ако ништо друго да размислува и твори за овие нешта. Така, речиси преќутно, Култот продолжува да се шири, а масите да се залажуваат дека во „неа“ ќе го пронајдат својот посредник до Бога, и покрај чистото Христово учење кое бара единствено побожност кон Господа...


Дали ако, според тебе, отците имале намера да го направат ова што денес се прави од Марија, се би било во ред?


Јас сум мајстор!

Кликни овде за комуникација со мене (потоа кликнете во полето 'Edit nickname' и впишете го вашето име)
Кон врв
аџија Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 5474
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај аџија Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Мај.2007 во 12:07
Јас дадов еден линеарен пресек...

Значи најнапред односот на Исус кон Марија, кој не сугерира нејзино обожување...

Потоа односот на Христовите ученици кон Марија, кој исто така не сугерира никакво нејзино воздигнување...

И на крај, го разгледував односот на раните црковни Отци кон статусот на Марија...

Значи се гледа дека односот и статусот на Марија е константно ист во сите три категории...

За да некој ме убеди во спротивното, треба, се разбира да ми покаже поуверливо разбирање на историско-догматскиот развој во сите три категории, од овој којшто јас го понудив...
Кон врв
Dogi Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 19.Април.2005
Статус: Офлајн
Поени: 3168
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Dogi Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Мај.2007 во 12:16
ти аџо ги оправдуваш скинхедсите?
Јас сум мајстор!

Кликни овде за комуникација со мене (потоа кликнете во полето 'Edit nickname' и впишете го вашето име)
Кон врв
аџија Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 5474
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај аџија Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Мај.2007 во 18:01
Originally posted by Dogi Dogi напиша:

ти аџо ги оправдуваш скинхедсите?


не е ова малце офф топик? Confused

мислам who cares за скинсите, а уште помалце who cares што аџија мисли за нив...Wink
Кон врв
Dogi Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 19.Април.2005
Статус: Офлајн
Поени: 3168
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Dogi Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Мај.2007 во 19:10
не е аџо, не е, со оглед на фактот што и тие ја толкуваат библијата буквално, т.е. буквалистички, како тебе.

Трета Книга Ездра
1.8 (прв пасус, 8-ми стих)

8. Острижи ја косата на твојата глава и фрли го сето зло врз нив, зашто тие, тој непокорен народ, законот Мој не го слушаа.


ти текнува сега?

Јас сум мајстор!

Кликни овде за комуникација со мене (потоа кликнете во полето 'Edit nickname' и впишете го вашето име)
Кон врв
oblachinja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 12.Март.2006
Локација: United Kingdom
Статус: Офлајн
Поени: 4990
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај oblachinja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Мај.2007 во 19:18
Kakva vrska ima ova so Marija i kultot kon neaConfused



A kakva vrska ima meshanjeto na Stariot zavet so NoviotConfused


Изменето од beleg - 05.Мај.2007 во 19:19
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1112131415 60>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,141 секунди.