IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Дали постои Бог?
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Дали постои Бог?

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 54>
Автор
Порака
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Дали постои Бог?
    Испратена: 05.Мај.2007 во 00:56

Дали постои Бог?

 
 
Еден човек може да верува или да не верува во постоењето на  Бог. Трето нема. Првите се наречени Теисти, а вторите Атеисти.
Теистите веруваат дека целиот универзум и се што е во него е планска и свесна креација на еден надинтелегентен Творец, кој е прапричина на секое битие и со овие атрибути се доближуваат до поимот Бог.
Атеистите пак веруваат дека целиот универзум и се што е во него е случајно создадено, без присуство на никаква интелегенција, а за прапричина ја сметаат Материјата. (Или, што е еквивалентно,енергијата.  Е=м*с2 или м=Е/с2 )

Погрешно е теистите да се нарекуваат верници бидејќи веруваат во постоењето на Бог, бидејќи и атеистите се исто така еден вид верници кои веруваат во непостоењето на Бог. Така кога би морале едни од нив да ги наречеме верници, секако би ги одбрале оние кои имаат помалку аргументи за нивниот став.
Подоле се наведени неколку од најчесто користените аргументи за постоењето на Бог (како Создател и Дизајнер на Универзумот, животот, природата, марко и микро светот.)
Без разлика дали некој ќе го прифати теистичкиот или атеистичкиот приод, факт е дека мора да се тргне од една иста почетна основа, која, во обата приода, се сведува единствено на лично убедување, т.е. на вера.

(За да не биде овој пост преобемен и неприкладен за на форумов, целата содржина на аргументите ја ставив на посебен сајт ( Дали постои Бог? ), а тука ги наведов само линковите до аргументите.

Доколку имате други аргументи за, или против, постоењето на Бог, ве охрабрувам да ги постирате тука и заедно да си ги збогатиме нашите аргументи околу постоењето на Бог.
Ајде да ги извагаме и двете страни и да видиме кој е поголем верник: теистите или атеистите.

 

Теистички аргументи:

 
 

 
    1. Законот за каузалност


Секоја последица има своја причина или, што е еквивалентно,
нема последица без причина.
Причина за моето постоење се моите родители.
Јас сум последицата.
Причина за нивното постоење се нивните родители итн.
Причина за постоењето на дрвената маса е некое дрво, тоа пак од
некоја семка, семката пак од некое друго дрво итн. На овој начин
се создаваат каузални низи и бидејкји од една причина може да
произлезат повеќе последици, кои потоа исто така стануваат причини
за некои други последици, всушност добиваме едно огромно
причинско-последично дрво (станува збор за симболично дрво).
Ако погледнеме во коренот на ова дрво, доаѓаме до една прапричина
(првопричина) за постоење на се друго, освен на првопричината, која
мора да биде независна од сите творби, надвор од нив и над нив.

Како што кажавме теистите веруваат дека прапричината е Бог,
а атеистите материјата. Може ли материјата да биде прапричината?


    2. Заклучоци од Контингентноста (условеност на постоење):


Контингентни се оние нешта кои не се самобитни т.е. причината за
нивното постоење не е во самите нив, туку надвор од нив.Основни
својства на контингентност се:

  • Променливост
    Ако некоја творба се менува, таа нема внатрешна самобитност.
    Материјата се менува, значи таа неможе да биде самобитна.
    Таа е контингентна.

  • Временост
    Кога нешто постои во даден облик, форма или вид само определено време,
    тоа се одликува со временост.
    Секој конкретен вид и облик на материјата е привремен.
    Бидејќи материјата не постои континуирано во еден ист вид, облик,
    туку се менува, таа се одликува со временост, а не со вечност.
    Тоа важи и за целата Вселена. Затоа таа ниту била, ниту ќе биде
    вечна, самобитна.

  • Конечност, Ограниченост
    Се што постои во одредена големина, а би можело да биде и поголемо,
    е конечно и ограничено. Секој вид и облик на материја е токму таков,
    конечен и ограничен. Ако секој дел од материјата е таков, тогаш и
    целината е таква (целината не може да биде поголема од збирот на деловите).
    Алберт Ајнштајн во општата теорија на релативноста одредува дури и
    приближни вредности за радиусот и масата на целата вселена.

    Р = 1000....0 м (26 нули) ; М = 1000....0 Кг (53 нули)

    Се разбира не можеме да очекуваме висока прецизност на овие вредности,
    но од поголем интерес за нас е тоа што овие вредности, колкави и да се,
    се конечни.

    Значи, целата вселена, сиот материјален свет е контенгентен, а не
    самобитен, од променлив, конечен и временски карактер, а не од постојан,
    бесконечен и вечен карактер. Таква е и материјата.
    Јасно е дека и бесконечна низа на контингентни творби не може
    да ја одигра улогата на првична прапричина за нејзиното постоење,
    а таа прапричина да не биде контингентна. Такво својство по дефиниција
    може да има само вечниот, непроменливиот и самобитен Бог.


      3. Бог е најдоброто објаснување за почетокот на Универзумот.


       1) Се што почнува да постои мора да има своја причина.
       2) Универзумот има свој почеток. (15-20 милијарди години)
       3) Затоа Универзумот има своја причина

  • Првата премиса следи дирекно од законот на каузалноста. Последицата е
    почетокот на новото постоење.Но дали може Причината да произведе
    Последица, ако таа Причината сеуште не постои?

  • Втората премиса е добро позната.Универзумот не е вечен. Спротивното
    тврдење се судрува со Вториот Термодинамички Закон. Тој вели дека
    со текот на времето ентропијата(мерка за неред) расте, а потенцијалната
    енергија со која може да се изврши некоја работа се намалува. Па така
    ако универзумот би бил вечен, сите ѕвезди, вклучувајќи го и нашето Сонце
    би требало могу многу одамна(бесконечно минато време) да согореле
    т.е. топлотната смрт требала да се случи многу одамна. Но не е така,
    Сонцето и уште милијарди други ѕвезди сеуште светат.
    Без конк*ренција, една од најпознатите и најприфатените теории за
    настанокот на универзумот е теоријата Биг Банг (Големата Експлозија)
    Теоријата вели дека таа експлозија се случила пред 15-20 милијарди
    години, иако е тоа пред огромно време, сепак е конечно.

  • Третата премиса е логичка импликација од првите две.


      4. Eh nihilo, nihil fit


    Аксиомата "Од ништо произлегува само ништо" е фундаменталена за
    природните закони. Но за жал таа не е фундаментална за атеистите,
    некои од нив, на пример Питер Еткинс, пробуваат да не убедат дека
    и покрај огромната големина и разновидност, Вселената претставува
    едно усовршено и привлечно преуредување на ништото, пробува да не
    убеди дека Ништото се претворило во Материја, која потоа си создала
    природни закони, кои ја натерале да се шири и да се организира, за да
    биде она што е денес. Сега ќе разгледаме колку требало да бидат
    прецизни параметрите на природните закони кои си ги создала
    "Интелегентната Материја"


      5. Прецизно поставени параметри



    1) Полнежот на протонот и електронот е совршено еднаков.

    2) Ако односот на масите на протонот и електронот (1836 : 1) беше
    значително поинаков, не би можеле да се образуваат неопходните
    молекули, па ни би имало ни хемија, ни живот, ни физичари кои би
    го истражувале тоа.

           Релативниот однос меѓу четирите основни сили во природата:

    3) Односот меѓу релативните јачини на електромагнетната и гравитационата
    сила е фасцинантен. И двете сили играат неопходна улога во формирањето
    и градбата на ѕвездите.Тие се држат меѓу себе со помош на
    гравитационата сила, а енергијата која ја зрачат е во вид на
    електромагнетно зрачење. Физичарите укажува дека доколку гравитацијата
    би била различна за само еден илјадити дел, тогаш ѕвезди како
    нашето сонце воопшто не би постоеле, а сосема сигурно не би постоеле
    и облици на живот кои за свое одржување зависат од ѕвезди-сонца.

    4) Исто така односот помеѓу Јаката и Слабата нуклеарна сила во
    атомот е фасцинантен. Овие две сили ги определуваат заемодејствата
    помеѓу протоните, неутроните и електроните во атомот.

  • Физичарите укажуваат дека доколку Јаката нуклеарна сила би била
    само малку послаба, атомите кои во своите јадра содржат повеќе од
    еден протон, никогаш не би можеле да се образуваат.
    Во таков случај целата вселена би се состоела од водород,
    кој има само еден протон во своето јадро.
  • Од друга страна ако Јаката нуклеарна сила би била малку појака,
    целокупниот водород во раната вселена би се претворил во хелиум,
    а без присуство на водород во подоцнежната фаза, не би можеле да
    се формираат ѕвезди.
  • И најмали промени во Слабата нуклеарна сила би имале погубно
    дејство врз животот, но таа е токму на потребното ниво кое
    овозможува водородот да гори бавно и со иста брзина во огнената
    внатрешност на ѕвездите.
    Стивен Хокинг го нагласува значењето на прецизната
    урамнотеженост меѓу основните сили и заклучува:
    Станува јасно дека има релативно мал избор на бројни вредности кои
    овозможуваат развиток на каков било облик на интелегентен живот.

    5) Стивен Хокин вели дека: Ако експанзијата на универзумот би била
    само сто илјади милиони милионити дел побавна, целиот универзум
    би колапсирал многу рано. А ако експанзијата би била појголема за
    еден милионити дел, тогаш галаксии, ѕзвезди и планети немаше
    никогаш да се формираат.

    6) Ако резонантното ниво на Јаглерод 12 беше за 4% пониско,
    Јаглеродот немше да се формира. А ако пак беше за 0.5% повисоко,
    тогаш речиси целиот Јаглерод би бил "исчистен", што би значело дека
    не би се соединувал со хелиумовите јадра за да создаде кислород.
    А ако нема јаглерод ќе не нема ни нас.
    Јаглеродот, Кислородот, Азотот и други потешки елементи потребни за
    живот, сите зависат од ова.

    7) Земјата е поставена на оптимална оддалеченост од сонцето,
    за да добива соодветно количество на топлина и светлина.

    8) Наклонетоста на Земјината оска од 23.45° во однос на
    рамнината на нејзината орбита, игра голема улога во климатските
    промени на земјата, а уште поинтересно е што нашата месечина ја
    обиколува Земјата по орбиталната рамнина, додека секоја друга
    месечина во Сончевиот систем кружи околу својата планета по
    екваторијалната рамнина. Иако овој феномен останува мистерија за
    астрономите, знаеме дека само ваквата конфигурација ги овозможува
    појавите на плима и осека на Земјата, кои играат важна улога
    за животот на земјата.

    Ова што досега го изложивме е само дел од индикациите дека
    создавањето на космосот, галаксиите, ѕвездите, планетите,
    атомите, молекулите, животот и неговото одржување на земјата е
    строга, планска и високо интелегентна космичка функција,
    која бара крајно сложени и прецизно поставени параметри.



      6. Плански создадена планета



    Научниците се уште трагаат по докази за евентуално постоење на живот и на
    други планети, а не само на Земјата. Тоа е во ред, но во меѓувреме да се
    потсетиме какви се уникатни и строги услови треба да исполнува една планета,
    за да поддржува живот, и колкава е реалната веројатност да најдеме живот на
    друга планета.

  • Потребна е погодна галаксија - Само спиралните галаксии, каква што е
    нашата, можат да поседуваат услови за живот. А такви галаксии во вселената
    има само 5%. Преостанатите 95% од галаксиите се или елиптични или со
    неправилен облик. Кај елиптичните галаксии, образувањето на ѕвездите
    завршува уште пред да се образуваат доволни количества од потешките хемиски
    елементи во меѓуѕвездениот простор. А за да има услови за живот, неопходно е
    збогатено присуство на овие елементи. Проблемот, пак, со галаксиите со
    неправилен облик е во тоа што кај нив постојат активни јадра од хемиски
    елементи, кои со своето нуклеарно зрачење го уништуваат животот.

  • Потребна е посебна ѕвезда (сонце) - Познатите научници, Шкловски и Саган,
    пресметале дека ѕвездата, која би овозможила живот на планетата во нејзина
    близина, би морала да биде со строго определена маса. Ѕвезда која би имала
    поголема маса од нашето Сонце, би горела премногу брзо и енергично, со што
    би оневозможила постоење на живот на соседната планета. Од друга страна,
    таа ѕвезда (сонце) не би смеела да биде ни со премногу мала маса, сашто
    во таков случај, планетата би била премногу близу до своето сонце и нивната
    меѓусебна интеракција би била таква што нема да овозможи услови за живот.

  • Потребни се погодни планети-придружнички - Во 1993 , истражувачот на
    планети Џорџ Ведерил (Георге Њетхерилл) од Институтот Карнеги во
    Вашингтонг, преку компјутерска симулација дошол до интересно сознание за
    нашиот Сончев систем. Имено, без планетата Јупитер, и тоа токму со таква
    димензија и токму на тоа растојание, планетата Земја би била 1000 пати
    почесто погодувана од комети и кометски материјал.

  • Погодна Месечина - Нашата месечина е уникатна меѓу небесните тела по тоа
    што е релативно голема во однос на својата планета (Земјата). Резултат од
    тоа е релативно силната гравитација на Месечината врз Земјата.
    А благодарение на тоа, крајбрежните води на океаните се прочистуваат,
    водата се меша (во спротивно ќе се усмрди, како некоја бара).

  • Погодна ротација на планетата - Ако една планета ротира премногу бавно,
    разликите во температурите преку ден и преку ноќ би биле многу големи.
    Од друга страна, ако една планета ротира многу брзо, брзината на ветровите
    би била катастрофални за каква било форма на живот. На пример, дури и еден
    мирен ден на Јупитер (ротира за 10 часа) создава ветришта со брзини од
    неколку илјади километри на час!

  • Гравитацијата на Земјата е идеално погодна. Ако е поголема, во атмосферата
    ќе има премногу метан и амонијак, кои би ги отруле лугето и животните,
    а ако е помала, ќе се изгуби неопходната вода во атмосферата.

  • Растојанието на Земјата од Сонцето е идеално погодна. Кога Земјата би била
    подалку од Сонцето, температурите на Земјата би биле премногу ниски за
    постоење на живот. Кога Земјата би била поблиску до Сонцето, температурите
    би биле премногу високи за живот.

  • Магнетното поле на Земјата е идеално за живот. Ако е поголемо, би имало
    силни електромагнетни бури; ако е послабо, озонската обвивка и животот на
    површината на Земјата не би биле соодветно заштитени.

  • Дебелината на кората на Земјата е идеална. Кога би била поголема, премногу
    кислород би преминувал од атмосферата во кората; кога би била помала, би
    имало премногу вулкански ерупции и тектонски пореметувања.

  • Односот меѓу вкупната и рефлектираната светлина што паѓа на Земјата е
    идеален за живот. Ако е поголем, ќе има многу голем ефект на стаклена
    бавча; ако е помал, ќе настапи замрзнување.

  • Озонската обвивка околу земјата е идеално димензионирана.
    Нејзината дебелина изнесува само околу 3-4 милиметри, а сепак таа е
    најодговорна за евектот на стаклена градина кој е од суштинско значење
    за одржување на климата на Земјата во рамките на дозволените граници
    за да истата може да подржува живот.
    Кога таа би била 2 пати потенка, температурите на земјата би биле над 70°Ц,
    би имало премногу ултравиолетово зрачење и Сонцето би не испржило.
    Исто така и ледените слоеви на половите би се одмрзнале и скоро сите острови
    и полуострови би биле збришани. И Холандија нема да биде исклучок.
    А доколку таа би била 2 пати подебела температурите би биле далеку под нулата.
    Штетното влијание на озонските дупки, кои по површина се минимален процент од
    целата озонска обвивка, се само еден предвесник и доказ за оваа прецизно
    поставена заштитна обвивка од Создателот на нашиот дом - планетата Земја.

  • Количеството на јаглерод диоксид во атмосферата на Земјата е идеално
    погоден за живот. Ако е поголем, ќе има многу голем ефект на стаклена
    бавча; ако е помал, ќе нема доволно фотосинтеза.

  • Бојата и  интензитетот на светењето на Сонцето треба да е погодна.
    Ако брановата должина на зрачењето е повеќе од црвената боја, ќе нема
    доволно фотосинтеза. Истото би се случило и ако бојата е поместена кон
    сината боја.

  • Наклонетоста на Земјината оска од 23.45° во однос на рамнината на нејзината
    орбита, игра голема улога во климатските промени на земјата, а уште
    поинтересно е што нашата месечина ја обиколува Земјата по орбиталната
    рамнина, додека секоја друга месечина во Сончевиот систем кружи околу
    својата планета по екваторијалната рамнина. Иако овој феномен останува
    мистерија за астрономите, знаеме дека само ваквата конфигурација ги
    овозможува појавите на плима и осека на Земјата, кои играат важна улога
    за животот на земјата.

    Меѓу преостанатите параметри кои мораат да бидат многу точно погодени,
    ќе ги споменеме уште:

  • проѕирноста на атмосферата
  • атмосферскоит притисок
  • минерализација на почвата
  • сеизмичките активности
  • температурниот градиент на атмосферата
  • соодносот меѓу океаните и континентите
  • локацијата на белите џуџуња и нивната честота на појавувања
  • густината на планетата, и многу други параметри.

    Ова што досега го изложивме е само дел од индикациите дека создавањето на
    галаксијата, ѕвездата, планетата, животот и неговото одржување е сложена,
    строга и високо интелегентна космичка функција, која бара крајно сложени и
    прецизно поставени параметри. Нема да си играме со бројките за да одредиме
    која е веројатноста да најдеме живот на друга планета, но нема да бидеме
    субјективни ако кажеме дека таа веројатност е многу мала.


    Прашање до атеистите:
    Ако веројатноста да се најде живот на друга планета е екстремно мала,
    зошто нашата планета е исклучок? Кој ги поставил условите погоре?


      7. Од каде потекнува Животот ?



    Дали може животот да потекнув од неживата неинтелегентна материја?
    Дали јас и ти, еден комарец и еден слон е можно да сме само една
    случајна рекомбинација на материјата, која заедно со природните
    закони се само една случајна трансформација на Ништото ?
    Ако  земете едно парче месо (не зготвено) и го фрлите во двор,
    а потоа за неколку дена го набљудувате ќе видите многу мали црвчиња
    во него. Порано некои луѓе сметале дека мртвото месо, само од себе
    си создавало црви за да го изедат потоа. Сега со ова тврдење тешко
    може да се положи испит по биологија. Денес јасно се знае дека црвите
    не потекнуваат од мртвото месо туку од ларвите заробени во него,
    кои навлегле во него додека било живо (на пример преку исхраната).

  • Милеровиот експеримент

    Повеќето атеистички научници сметаат дека животот настанал случајно
    во една прабиотичка супа, каде случајно се нашле потребните зачини и
    потоа громовите, брановите и ветровите ја мешале оваа супа од која
    произлеговме денес јас, ти и се живо околу нас.
    Како и да е, пред околу 53 години Опарин, Милер, Широно и други
    излегоа со фасцинантни идеи за тоа како се готвела оваа супа,
    со фасцинантни планирани драми за одигрувањето на оваа случка.
    Во строго определени лабараториски услови овие научници се обидоа
    да ја одиграат таа драма и добија неколку амино киселини. Избрзано се
    израдуваа и му соопштија на светот дека живот може да се добие во
    лабараторија. Но кога Милер продолжи да го унапредува експериментот,
    неговиот оптимизам спласна.

    1) Од околу 100 познати аминокиселини, само 20 се користатат во
    протеините и сите од нив се левораки. Аминокиселините кои они
    ги добија беа половина левораки, половина деснораки.
    Односот бил 50 : 50 . Тоа е смртоносна комбинација. Кога би се
    вметнала макар и само една деснорака аминокиселина, би го разурнала
    целиот сиџир од аминокиселини.


    2) Постои и концепски проблеми. На пример: нема причина да веруваме
    дека произволното соединување на аминокиселините ќе образува нешто
    корисно, а доколку ги спомнеме можните комбинации, броевите (како што
    подоле ќе видиме) се од редот на бројот на честици во целата
    вселена, па и далеку поголем од него.

    3) Случајните настани и неинтелегентното создавање го заменаа со
    лабараториски услови и со интелегентни научници. Творецот натажено
    ги гледаше овие научници како се обидуваат да го имитираат.
    Но гласовите замреа, 53 години поминаа, а напредок нема.
    Франкенштајн остана во филмовите.

    4) Колкви се броевите?

    Големи се.
  • Информациите што ги содржи еден хромозом кај човекот се
    еквивалентни на 500 милиони зборови. Со просек од 400 зборови по
    страница, би биле потребни 5435 книги од по 230 страници за да се
    запишат овие зборови, а цела библиотека од 250000 книги за да се
    запишат информациите кои се содржат во 46-те хромозоми кај
    оплоденото човечко јајце.

  • Франсис Крик ја пресметал веројатноста за спонтано образување
    на една најпроста протеинска компонента од само 200 аминокиселини
    (нешто многу попросто од една ДНА молекула)
    Тој добил 1 : 10000...0 (260 нули).
    Бројот на честици во вселената изнесува околу 1000..0 (80 нули)
    Ако овој број го помножите три пати сам со себе, бројот погоре
    сепак ќе биде околу сто милиони билиони пати поголем од овој производ.

  • Во своето дело "Еволуција од Вслелената", познатиот британски
    астроном Фред Хојл и Викрамасинге пишуваат дека веројатноста
    животот да настанал случајно изнесува 1 од 1000...0 (40 000 нули)
    За споредба, бројот на честиците во Вселената би требало сега
    500 пати да го помножиме сам со себе за да дојдеме до овој број.
    Хојл вели: Кога ќе размислите дека еден типичен ензим има синџир
    од можеби 200 врски и дека има 20 можности за секоја врска, лесно е
    да се увиди дека бројот на бескорисни комбинации е огромен, поголем
    од бројот на атомите во сите галаксии видливи со најголемите
    телескопи. Тоа е само еден ензим, а има преку 2000 такви кои служат
    за многу различни цели.
    Оттука, како дошло до оваа ситуација која ние сме ја затекнале ?
    Хојл додал: Наместо да ја прифатиме извонредно малата веројатност
    дека животот настанал преку слепите сили на природата, изгледа дека
    би било подобро да претпоставиме дека потеклото на животот бил
    еден промислен интелектуален чин.

    5) Атеистите најчесто велат дека Времето е херојот на драмата,
    ако има доволно време, се може да се случи, невозможното станува
    веројатно, а веројатното станува сигурно. Но дали е навистина така?
    Како што видовме, Универзумот има свој почеток, минатото е огромно
    (15-20 милијарди години според Биг Банг), но сепак тоа е конечно,
    атеистичкиот херој е конечен.
    Научникот Франк Салсбери вели:
    Замислете си сто милиони билиони планети и на секоја од нив по
    еден океан длабок 2км и збогатен со присуство на погодни
    делови од ДНА кои се размножуваат 1000 000 пати во секунда,
    со присутни мутации во секоја последователна репродукција.
    Под вакви услови, Салзбери пресметал дека би биле потребни билиони
    вселени за да има реални шанси да се развие еден ген во текот
    на 4 милијарди години, дури и ако 1000...0  (100 нули) различни
    ДНА молекули би можеле да ја извршуваат истата генетска функција.


      8. Мини Биг Бенг


    Ајде да направиме еден мал експеримент. За момент замисли си дека
    во десната рака имаш динамит, а во левата имаш неверојатно добар
    микроскоп. Еве за момент биди Бог и запали го динамитот и создади си
    свој Универзум, а потоа појди на местото на експлозијата и со помош
    на микроскопот трагај по живот. Дали веруваш дека некаде ќе најдеш
    човек како седи пред компјутер и чита теистички аргументи?
    Или човек што се обидува во лабараторија да се создаде самиот себеси?
    Кога и не би ти успеало, не очајувај. Можеби во првиот обид се
    одиграла неочекуваната ситуација. Еве замисли си уште еден динамит,
    па обиди се повторно. Па повторно, па повторно...па повторно...
    Ти ја подарувам вечноста. Но тебе не ти треба тоа, ти имаш разум,
    за разлика од материјата.



      9. Антрополошко-Психолошки сведоштва


    Материјата не е свесна за своето постоење, не знае што е тоа
    интелегенција, не знае ни колку букви содржи тој збор.
    Материјата нема емоции. Гравитацијата ги привлекува честичките,
    но дали е таа клучна во привлекувањето кај нас луѓето?
    Тешко дека искрено заљубен човек ќе го убедите дека љубовта е
    создадена од материјата.
    Кај материјата не постојат морални и етички норми, не постои
    чувство на вина. Протонот не се срами од неутронот. Фотонот не
    плаче, ниту се смее. Електроните не играат оро околу јадрото.
    Зарем е можно кога размислуваме за сите овие работи,
    да мислиме дека размислувањето е само продукт на некои хемиски
    реакции во нашата глава. Многу е тешко да се биде атеист.

    Да се навратиме на почетокот. Рековме дека и Теистите, и Атеистите
    почнуваат од една иста почетна основа, од темелот на верата.

    Зошто би избрал да верувам во неверојатното?

    Поздрав,

    EvAngelos
     


  • Изменето од EvAngelos - 04.Јули.2008 во 15:36
    Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
    Кон врв
    аџија Кликни и види ги опциите
    Сениор
    Сениор
    Лик (аватар)

    Регистриран: 25.Октомври.2006
    Статус: Офлајн
    Поени: 5474
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај аџија Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Мај.2007 во 09:55
    линковите, барем кај мене, не работат...
    Кон врв
    DAIJA Кликни и види ги опциите
    Сениор
    Сениор
    Лик (аватар)

    Регистриран: 08.Февруари.2007
    Статус: Офлајн
    Поени: 1668
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DAIJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Мај.2007 во 17:01
    MOZE LI NESTO OD MENE?
     
     
    Momentot koga ateistot ke mi rece deka nema Bog,  jas mu postavuvam prasanje, koja e definicijata na eden Bog, sto mislis koga velis Bog?  i toj ima odgovor,   ... znaete Zasto?...  Na primer ako za edna kniga, vi recam deka e moliv! tie od vas sto ke mi recat deka toa ne e moliv, tuku e kniga, tie ja znaat definicijata na edna kniga, i odbivaat da veruvaat na moeto kazuvanje deka toa e moliv. Koja e definicijata na edna kniga?  Koja e definicijata na Bog?   isto kako, koga ateist veli deka nema Bog, toj treba da ja znae taa definicijata.

     

    Ateistot mi veli: vidi, ovie luge okolu mene koi se molat na Bogovi koi imaat covecki osobini, za mene e ne prifatlivo i ne veruvam. Jas mu velam: Duri i jas ne veruvam vo takvi Bogovi, zatoa sto konceptot na Bog koj go veruvaat tie luge e pogresen koncept.   Znaci ateistot ne veruva, i jas kako musliman ne veruvam vo pogresni koncepti na Bog.  Vo momentot koga se slozuvam so nego, mu go davam pravilniot koncept na Allah. 

    Da predpostavime deka toj ateist, ima losa slika za islamot, veruva deka islamot e losa religija, deka e povrzana so terorizam! deka ne i dava pravo na zenata! deka e religija koja e vo kontradiktornost so naukata!

    i ako toj odbiva islam zaradi ova,   jas mu kazuvam deka, i Jas odbivam vakvi religii, koi ne i davaat pravo na zenata, koi se povrzani so terorizam, koi se Ne naucni se vo konflikt so naukata.   No vo isto vreme mu ja koregiram slikata na Islamot i mu kazuvam deka: islamot e milostiva religija, islamot e religija koja nema nikakva vrska so terorizam, deka i dava ednakvo pravo na zenata,

    i deka ne e vo konflikt so naukata, tuku e vo paralela so naukata, koj fakt i da donese naukata k*ranot go sodrzi toj fakt uste pred 14 vekovi.

     

    Sega doagam do konceptot na Allah.    Najdobar koncept za Allah 

    daden od k*ranot e Surah El Ihlas 112  Kazi: "On, Allah, eden e!  Allah e Zastitnik sekomu. Ne rodi i ne e roden, i nikoj ne Mu e ramen!

     

    Ova e definicijata na Allah vo Islamot: deka Allah e Eden i edinstven, nema drug Bog osven nego ; deka e apsoluten, nema pocetok i nema kraj deka pomaga a nema potreba od pomos ;  deka ne  e roden i deka ne rodil nikogo, deka nema Edinorodeni deca ; i deka nikoj nemu e ramen, nema nisto nemu slicno na ovoj svet, ne sporedliv so nisto na ovoj svet! Vo momentot koga ke go sporedime so bilo sto, toa nesto postanuva NeAllah,  zatoa sto na ovoj svet nema nisto nemu slicno.

     

    Sekoj eden koj tvrdi deka e Bog, ako gi ispolnuva ovie 4 kriteriumi, za nas muslimanite toj e Bog, toj e Allah.    A koj moze da gi ima ovie osobini ovie atributi osven Allah?



    Изменето од DAIJA - 05.Мај.2007 во 17:02
    О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
    Кон врв
    EvAngelos Кликни и види ги опциите
    Сениор
    Сениор
    Лик (аватар)
    Doulos Evangelos

    Регистриран: 28.Февруари.2007
    Статус: Офлајн
    Поени: 9913
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Мај.2007 во 23:58

    Аџија, само што ги проверив сите линкови и сите си работат.

     
    Даија, ми се допаѓа првиот дел од твојот пост, ама не и вториот. Јас ја замислував оваа тема како тема каде ќе можеме сите заедно да си размениме најразлични аргументи за постоењето на Бог, а не да се исламизираме или евангелизираме тука.
    Ајде да си го зголемиме нашиот фонд на теистички аргументи за да ги оставиме атеистите без зборови и без изговор на судниот ден. Тоа е и ваша (исламска цел) и наша (христијанска) цел.
    Затоа да се држиме цврсто и објективно до темата за истата да ја постигне нашата цел.
    Поздрав!
    Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
    Кон врв
    anakin Кликни и види ги опциите
    Сениор
    Сениор
    Лик (аватар)
    Unidentified Flying Object

    Регистриран: 08.Август.2005
    Локација: Machku Pichku
    Статус: Офлајн
    Поени: 18535
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај anakin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Мај.2007 во 00:05
    Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

    Дали постои Бог?

     
     
    Еден човек може да верува или да не верува во постоењето на  Бог. Трето нема.


    nema treto?????????????

    znaci toa .....deka site lugje ili veruvat ili neveruvat

    a treto nema--- znaci nepostojat lugje sto znaat ili neznaat dali toj postoi
    nego samo veruvat ili neveruvat


    se sl*gam so tebe
    treto NEMA

    SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.

    Кон врв
    anakin Кликни и види ги опциите
    Сениор
    Сениор
    Лик (аватар)
    Unidentified Flying Object

    Регистриран: 08.Август.2005
    Локација: Machku Pichku
    Статус: Офлајн
    Поени: 18535
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај anakin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Мај.2007 во 00:09
    Dalio
    ti si cist primer na eden vernik


    KNIGA SI E KNIGA
    a moliv si e moliv
    a ti mozes da si filozofiras
    kolku sakas za svakjaneto na knigata i molivot

    isto kako eden vernik moj prijatel
    mi vika
    vazuhot isto taka ne go gledas a veruvas deka postoi
    hahahha
    abe begaj

    toa e tocno jas neveruvam deka vazduh postoi
    jas toa go znam deka postoi i bez da go gledam

    SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.

    Кон врв
    EvAngelos Кликни и види ги опциите
    Сениор
    Сениор
    Лик (аватар)
    Doulos Evangelos

    Регистриран: 28.Февруари.2007
    Статус: Офлајн
    Поени: 9913
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Мај.2007 во 00:24
    Да Анакин, и јас се сложувам со тебе, постојат агностици, деисти, политеисти итн. Првите се воздржани од тоа прашање и обично велат дека човек тоа не може да го одговори и обично ја менуваат темата. Вторите велат дека постои Бог кој само го создал светот и потоа се повлекол од него и неговата судбина. Политеистите веруваат во повеќе Богови итн.
     
    Но во суштината на прашањето "Дали постои Бог?" длабоко во себе сите тие се убедени или во едната или во другата страна. Дури и агностиците длабоко во себе си имаат одреден став по ова прашање, но не се трудат да го издиференцираат нивниот став по ова прашање, а уште помалку да го искажат. Но дури и искрените агностици си имаат свои аргументи зошто Бог би можел да постои и зошто Бог не би можел да постои.
    Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
    Кон врв
    anakin Кликни и види ги опциите
    Сениор
    Сениор
    Лик (аватар)
    Unidentified Flying Object

    Регистриран: 08.Август.2005
    Локација: Machku Pichku
    Статус: Офлајн
    Поени: 18535
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај anakin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Мај.2007 во 00:31
    vcera bas zboruvam so eden gooooooooolem vernik
    na kraj mu rekoj

    nesakam da veruvam dali ima Gospod
    sakaaaaaaam da znam dali ima Gospod

    prasanje do site vernici
    kako jas kje znam dali postoi???????????????
    sum ubeden deka veruvate deka postoi
    no sum ubeden deka neznaete deka postoi



    Изменето од ACELERA - 06.Мај.2007 во 17:08
    SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.

    Кон врв
    black-eyes Кликни и види ги опциите
    Сениор
    Сениор
    Лик (аватар)

    Регистриран: 08.Април.2007
    Статус: Офлајн
    Поени: -1
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај black-eyes Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Мај.2007 во 00:51
    ....ne samo prasav....neli ima bog...Tongue
    Кон врв
    EvAngelos Кликни и види ги опциите
    Сениор
    Сениор
    Лик (аватар)
    Doulos Evangelos

    Регистриран: 28.Февруари.2007
    Статус: Офлајн
    Поени: 9913
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Мај.2007 во 01:10

    Анакин, ако не те мрзи, прочитај ги сите аргументи и верувам дека ќе знаеш дека Бог постои. Барем јас на таков начин се осигурав дека Бог постои. А на темата напишав глагол "верува" за да бидам објективен кон прашањето и за да бидеме толерантни кон атеистите кои имаат поинакво убедување.

    Значи јас за себе не верувам, туку знам и сигурен сум дека Бог постои, ама во теми како оваа фер е да се држиме до тоа "верувам" и да си ги изнесуваме своите аргументи зошто веруваме или зошто не веруваме дека Бог постои.

    Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
    Кон врв
    brza Кликни и види ги опциите
    Сениор
    Сениор
    Лик (аватар)

    Регистриран: 06.Февруари.2006
    Локација: vidiFOTOupotpis
    Статус: Офлајн
    Поени: 34534
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Мај.2007 во 01:26
     samoto toa deka seushte se diskutira okolu negovoto postoenje,.........e dokaz deka nego go nema,...niti ke go ima,....nikoj i nishto ne postanalo samo so veruvanje...
    Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
    Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
    Кон врв
    anakin Кликни и види ги опциите
    Сениор
    Сениор
    Лик (аватар)
    Unidentified Flying Object

    Регистриран: 08.Август.2005
    Локација: Machku Pichku
    Статус: Офлајн
    Поени: 18535
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај anakin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Мај.2007 во 01:28
    evangelos
    slusni me sega

    da postoese bog
    kako so mnogu mina tvrdat
    jas bi znael
    nesum nekoja neznalica

    no me cudi
    od kade tolku mnogi "znaat" za nego
    a jas pojma nemam

    kje reces mi fali neso......... ok........ no jas sum prosecen


    SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.

    Кон врв
    brza Кликни и види ги опциите
    Сениор
    Сениор
    Лик (аватар)

    Регистриран: 06.Февруари.2006
    Локација: vidiFOTOupotpis
    Статус: Офлајн
    Поени: 34534
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Мај.2007 во 01:47
    mnogu jasno deka postoi,...................vo glavite na bogoljupcite.
    Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
    Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
    Кон врв
    EvAngelos Кликни и види ги опциите
    Сениор
    Сениор
    Лик (аватар)
    Doulos Evangelos

    Регистриран: 28.Февруари.2007
    Статус: Офлајн
    Поени: 9913
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Мај.2007 во 01:49
    Originally posted by anakin anakin напиша:

    mi fale daska
    toa e sigurno
    stom
    pisuvam za vakni totalno nevazni raboti
     
    Сакаш да кажеш дека постоењето на Бог е неважна работа? Smile
    Ако Бог постои, а ти упорно го негираш Неговото постоење, хммм тоа може да биде и катастрофална грешка.
     
    Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
    Кон врв
     Внеси реплика Внеси реплика страница  123 54>
      Сподели тема   

    Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

    Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
    Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

    Страницата е генерирана за 0,204 секунди.