|
Науката против Веронауката |
Внеси реплика | страница <1 678910 27> |
Автор | |
аџија
Сениор Регистриран: 25.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 5474 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
и ја имам гледано филмови... „ден потоа“... на пример... |
|
Чорбаџија
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Статус: Офлајн Поени: 1065 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Нешто Мекдоналдс и одење дома не се лајт мотиви на современото општество и не беа мојата поента но ти така ги сфаќаш затоа што си тажен и несреќен, затоа го гледаш светот така црно, се чуствуваш дека си го промашил животот, па затоа “вината“ ја гледаш во околината и сегашноста. Посакуваш да си се родил порано (иако не знам на које порано мислиш) пошто ти оставил впечаток некој филм или серија која тие некои “среќни“ времиња ти ги прикажа романтично наивни. Психички проблеми секогаш постоеле само што денес науката знаи да ги објасни и лекува (порано тоа беа ѓаволи влезени во телото и се лекуваа со оган) Пошто војните за кои така романтичарски тагуваш во минатото не ги знаеш освен можеби по називи и дати, знај дека цели градови беа ставани под нож, се што диши беше колено, спалувано и освојувано, описи на набивање на колец, на километри патишта од двете страни наредени со распнати луѓе, во различни фази на умирање или распаѓање додека реата се ширеше неиздрживо, тела кои горат обесени во ноќта. Војната и злосторствата не се измислица на науката, тие се генетски вградени во човекот, да нема денес пиштол, луѓето ќе се убивале со камен, со стап, со раце. Но сепак гледам не се откажуваш од ниедна придобивака на науката денес. Иако тоа е твој избор, дали ќе ја користам или не. “Проклетствата“ на современиот свет, добро ти ја вршат работата. “Старото добро време“ е интересно за читање, земи прелистај некој класик, види што Херодот, Плиниј, Павзаниј, Јустин, Флавиј.... и како и колку “обичниот човек“ живееше и беше среќен и во “предност“ од денешниот |
|
аџија
Сениор Регистриран: 25.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 5474 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
абе ти си изгубил секој допир со реалноста...
пушти одвреме на време А1 вести, да видиш за што зборам, можда ќе се треснеш од ТВ и ќе сфатиш... А можда и не, којзнае... |
|
Чорбаџија
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Статус: Офлајн Поени: 1065 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Гледаш телевизија??? користиш научни достигнувања во својот дом??? Ако е за тебе несреќа да имаш сознанија секојдневни од целиот свет тогаш си замисли ги кутрите луѓе кои пред векови не знаеле дека постојат други земји. Предноста е што ЗНАЕШ а не што НЕ ЗНАЕШ е сега на пример, во 12сти век не знаеа никој во Македонија на пример дека во Јужна Америка на богот на сонцето му се жртвувани десетина иљади луѓе, ниту пак Абориџаните знаеа за големата чума која го десеткува населението на Византија во 7ми век. Не разбираш, во тогашна ете да ја земиме Византија со свои се вкупно ни 5-6 милиони жители, и денешна германија од 100 милиони жители колкав е процентуалниот број на убиства или жртви или психички проблеми ? Ист или помал. Јас мислам дека е помал. Ако е денес човекот несреќен и беден, зошто живее двојно повеќе во просек од неговите претци? Јас на Телевизија слушам за војни и убиства за кражби за проневери, но истото го читам и во делата на класичните автори. И таму се зборува за големи војни за големи болести, за несреќи. Само пак ти велам денес не има 70 пати повеќе населениа а ти се чудиш што има повеќе војни и убиства?? Па човекот во своите гени е таков глобално, се тепавме со камења се тапавме со стапови со копја мечови, стрели кубури револвери автоматски пушки ќе се тепаме и со ласери и неутрински пиштоли.... тоа е само еден дел од науката која ЧОВЕКОТ одлучува како ќе ја (зло)употреби.
|
|
аџија
Сениор Регистриран: 25.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 5474 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Знаењето е моќ. Но моќта развратува, а апсолутната моќ развратува апсолутно.... Е затоа знаењето не е среќа... Технологијата не е новиот Месија, Чорбаџија... Таа не го подобрува човекот, ниту може да го подобри. Денес што ако човекот живее до својата 80-сета, кога во овој свет веќе нема вредности, нема љубов меѓу луѓето, нема семејство, нема почит кон постарите, нема вреднување на општестовто во кое некој се родил, нема лојалност... Итн итн... Ако не си свесен дека ова се појавите на денешното доба, тогаш уклучи дел од тие „научни достигнувања“ и просветли се...
Науката не го учи човекот на добро и не му дава среќа. А сега ти запени се ако сакаш, ама нема да ја промениш вистинитоста на таа изјава... Изменето од аџија - 04.Мај.2007 во 12:35 |
|
Чорбаџија
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Статус: Офлајн Поени: 1065 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Кизнај во каков свет ти живеееш....... Кај нас е поарно.
|
|
oblachinja
Сениор Регистриран: 12.Март.2006 Локација: United Kingdom Статус: Офлајн Поени: 4990 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
AKO dozivee 65-66 moze ke dozivee 80i toa ke bide chista sreka ako ne e osamen starec vo malo stanche |
|
|
|
аџија
Сениор Регистриран: 25.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 5474 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Епа кажи ми ти, еве дали ние сме посреќни и подобри луѓе од нашите прадедовци, само затоа што место свеќа користиме сијалица? јас мислам не сме... |
|
Чорбаџија
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Статус: Офлајн Поени: 1065 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ако ти е тебе сијалицата поим за наука....
|
|
аџија
Сениор Регистриран: 25.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 5474 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
добро... ајде друго... дали сме подобри луѓе затоа што знаеме дека гравитацијата има забрзување од 9.8м/с, и како тоа влијае врз нашата среќа? |
|
Чорбаџија
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Статус: Офлајн Поени: 1065 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Мене се што ќе научам ново, ме прави среќен, дали е тоа законот за гравитација дали е тоа принципот на работа на парна машина, дали е тоа познавање на математика.... се она што го запознавам што го откривам, што го спознавам, те прави среќен.
Законот за гравитацијата, практички значеше еден чекор понапред и е темел денес на авијацијата, космонаутиката. |
|
rome
Сениор Регистриран: 10.Март.2007 Статус: Офлајн Поени: 492 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
понекогаш треба еден чекор напред па два назад и да се открие сушноста на работата.и каква космо.....или гравитација.за скоро ќе ги нема па после кај ќе бараш логика во тоа.
|
|
Zaljubena vo Hristos nashiot Edinstven Spasitel
|
|
аџија
Сениор Регистриран: 25.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 5474 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
дали сме ПОДОБРИ луѓе, заради тоа што денес знаеме како функционира системот на фотосинтеза, за разлика од оние во минатото кои не знаеле, ама знаеле многу подобро од нас да го почитуваат и чуваат природниот свет? |
|
Чорбаџија
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Статус: Офлајн Поени: 1065 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
А бе ти тоа се вртиш од еколошка гледна точка... не и тогаш луѓето ја испоснувале земјата, сечеле шуми, копале руди, исушувале реки...
Еве ти уште еден историски факт (стигнат до тебе по пат на научните достигнувања од областа на електроника и информатика) Европскиот лав е истребен како вид за време на Римското владеење. Го користеа масовно за гладијаторските борби, се до последниот примерок. Пак ќе ти кажам, човештвото за да опстане троши, што повеќе сме тоа повеќе трошиме, дали така ќе се уништиме ? можеби, а дали можиме да престаниме да трошиме и понатаму да се развиваме - не. Како што бактеријата која се храни со органска материја умира кога ќе ја исцрпи така и ние. Но гледај го тоа од светла точка, за некои 5 милијарди години, сонцето ќе ја уништи земјата (во процес на настанување на црвен џин) така да ќе паднат во вода сите човечки желби и стремежи да освои педа земја плус и да ја прогласи за своја, сите истории, политики, љубови, разочарувања, таги, сомневања, сите емоции што ги живееме и што ќе ги живееме ќе бидат збришани за секогаш и земјата ќе плови низ бескрајниот ладен и мрачен универзум, сува пуста бежживотна. Јас лично сум прилично среќен, и затоа што знам како функционира фотосинтезата, и затоа што сум ги читал книгите на Кнут Хамсун и заради поезијата на Ѓео Богза, и затоа што сум го гледал Седмиот Печат, и затоа што сум се возел со авион и затоа што возам мотор, кола, и затоа што ги слушам Steppenwolf и затоа што имам пристап на интернет, и затоа што фрижидерот добро ми работи и затоа што имам 70 канали на кабловска телевизија, и затоа што гравитацијата ми дава одговор на некои прашања, и затоа што Еглонил ми помогна кога си го расипав стомакот и затоа што се слушам со моите блиски по телефон, и затоа што навечер по дожд не треба да излегувам надвор в грмушки по нужда и затоа што ми е топло и пријатно на зима........................ |
|
Внеси реплика | страница <1 678910 27> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |