IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - ПРАВОСЛАВЕН КАЛЕНДАР:ДЕНЕС СЕ СЛАВИ
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

ПРАВОСЛАВЕН КАЛЕНДАР:ДЕНЕС СЕ СЛАВИ

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1516171819 68>
Автор
Порака
чаир Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 950
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чаир Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Април.2007 во 14:41

Преподобниот маченик Вадим 22.04.2007

За време на персискиот цар Сапор, игуменот на еден манастир, Вадим, маж исполнет со благочестие, беше фрлен во затвор заедно со седуммина свои ученици. Во затворот со нив беше и еден кнез христијанин, Нирсан. Секој ден ги изведуваа и ги тепаа. Се уплаши кнезот Нирсан и вети дека ќе ја напушти верата и ќе му се поклони на сонцето. Ова му беше угодно на Сапор и тој му вети на Нирсан дека меѓу другото ќе му го даде и сиот имот на Вадимовиот манастир, ако тој се согласи со своја рака да го убие Вадим. Нирсан се согласи и на тоа. Раката му се тресеше од страв пред достоинственото лице на Свети Вадим и тој удираше многупати по вратот на светиот игумен дури не го обезглави. Но наскоро по ова падна во очајание и самиот себеси се прободе со меч, примајќи казна од своја рака зашто уби праведник. Свети Вадим пострада во 367 година.

Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
Кон врв
чаир Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 950
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чаир Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Април.2007 во 08:16

Светите маченици Теренциј, Африкан, Максим, Помпиј
и останатите триесет и шестмина со нив
     23/04/2007

Пострадаа за Христа и стекнаа венци на бесмртна слава во времето на царот Декиј. На заповед од царот намесникот на Африка му објави на сиот народ дека мора да им принесе жртви на идолите; во спротивно им се закануваа со страшно мачење на упорните. Кога ги слушнаа овие закани мнозина отпаднаа од верата и им се поклонија на идолите. Но овие четириесетмина маченици останаа непоколебливи, заради што беа изложени на мачење. Свети Теренциј ги храбреше своите другари со вакви зборови: „Да внимаваме, браќа, да не се откажеме од Христа, нашиот Бог, за и Тој да не се одрече од нас пред Својот Отец небесен и пред Светите ангели!“ Намесникот ги раздели во две групи: триесет и шестемина после биењето и стружењето и потурањето со сол врз отворените рани ги уби со меч. А првите четворица ги фрли во затвор со тешки окови на вратот, на рацете и на нозете. Но ангел Божји им се јави во затворот и со допир ги ослободи од оковите. Беа повторно изведени и мачени, па повторно фрлени во затворот. Намесникот им нареди на гатачите да соберат што поголем број влекачи, змии и скорпии и да ги затворат во иста одаја со мачениците. Но влекачите не сакаа ни да се допрат до Божјите угодници, туку се прибија во еден агол и така прележаа три дена. Кога третиот ден го отворија затворот, отровните животни јурнаа по гатачите и ги искасаа. Најпосле намесникот ја изрече смртната пресуда над четворицата маченици. Кога ги водеа на погубување тие радосно пееја псалми и Го фалеа Бога Којшто ги удостои со маченичка смрт. Чесно пострадаа и се удостоија со Небесното Царство во 250 година.

Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
Кон врв
чаир Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 950
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чаир Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Април.2007 во 08:18

Светиот свештеномаченик Антипа
епископ Пергамски во Азија
     24/04/2007

Се спомнува во книгата на Откровението како „Антипа, мојот верен сведок“ (2, 13), „кој беше убиен кај вас, меѓу кои пребива сатаната,“ т.е. во градот Пергам. Жителите на овој град живееја во мракот на идолопоклонството и во крајна нечистота; им беа робови на страстите, клеветници, насилници, крвомешачи и со еден збор сатански слуги. Антипа живееше меѓу нив „како светлина сред темнината, како роза среде трње, како злато во калта“. Во Пергам за добар и праведен се сметаше оној којшто би фатил и убил еден христијанин. Целата незнабожечка вера се состоеше во гатање, во толкување на соништата, во служење на демоните и во краен разврат. Застрашени од Антипа како од оган, демоните им јавија на жреците во сон и им исповедаа дека се плашат од него и затоа мораат да побегнат и од овој град. Жреците кренаа толпа народ против Антипа и почнаа да го измачуваат и да го присилуваат да се одрече од Христа и да им се поклони на идолите. Антипа им рече: „Кога вашите т.н. богови, господари на вселената, се плашат од мене којшто сум смртен човек и мораат да бегаат од овој град, зарем не познавате по тоа дека вашата вера е заблуда?“ И им говореше светителот за Христовата вера како за единствена вистинита и спасоносна. Но тие се разјарија како ѕверови и го довлекоа старецот Антипа пред храмот на Артемида пред кој стоеше излиен вол од бронза. Го усвитија волот со оган и го фрлија внатре слугата Божји. Во внатрешноста на волот Свети Антипа Го славеше Бога со благодарност, како некогаш Јона во утробата на китот и Тројцата младенци во огнената печка. Антипа се молеше за своето стадо и за сиот свет, сѐ додека душата не го остави трошното тело и не се вознесе меѓу ангелите во Царството Христово. Пострада и стекна невенлива слава во 92 година.

Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
Кон врв
чаир Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 950
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чаир Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Април.2007 во 11:25

Преподобен Исаак Сирин II
(Исаак Сирин I се празнува на 28 јануари)
     25/04/2007

За овој светител пишува Св. Григориј Двоеслов. Во Италија дојде во готско време и во градот Сполетан еден ден влезе в црква. Го замоли еклисијархот да го заклучи внатре и да го остави во црквата и преку ноќта. И така ја помина цела ноќ неподвижен на молитва. Исто така и утредента и наредната ноќ. Еклисијархот го нарече лицемер и му удри шлаканица. Но во истиот миг полуде. Гледајќи го колку се мачи, Св. Исаак се наднесе над него и во тој миг демонот побегна од бесомачниот. Значи еклисијархот оздраве. Слушнаа луѓето за овој настан и целиот град притекна кон овој необичен туѓинец. Му нудеа имот и пари, но тој сѐ одби, ништо не прими и се повлече во шумата, каде што си направи келија којашто потоа се претвори во голем манастир. Исаак беше познат по чудотворството, особено по дарот на проѕорливост. Еднаш навечер тој им нареди на браќата да ги изнесат мотиките во лозјето и да ги остават таму. Утредента тргна со браќата кон лозјето и понесе ручек. Монасите се чудеа што ќе им е тој ручек кога немаат работници. Но кога стигнаа таму имаше онолку луѓе што копаа колку што беа мотики. Овие луѓе беа западнале во лозјето како крадци сакајќи да ги украдат мотиките, но силата Божја ги запрела да копаат цела ноќ. Другпат дојдоа двајца мажи, речиси голи, да бараат облека од Свети Исаак. А тој испрати еден монах до едно шупливо дрво покрај патот и му рече да донесе што ќе најде таму. Отиде монахот, најде некои облеки во дрвото и ги донесе. Игуменот им ги предаде овие облеки на питачите. Тие длабоко се засрамија, зашто ги препознаа облеките коишто самите пред да дојдат ги беа сокриле во истото дрво. Еден човек испрати две кошници во манастирот. Патем монахот едната ја скри, а другата му ја однесе и му ја предаде на игуменот. Светителот му рече: „Внимавај на враќање. Во онаа кошница што ја остави покрај патот се вовлече змија отровница. Чувај се да не те касне“.

 

Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
Кон врв
чаир Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 950
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чаир Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Април.2007 во 11:28

Свети Василиј Исповедник     25/04/2007

Овој добродетелен маж во времето на иконоборството беше епископ во градот Парија во мала Азија. Одби да го потпише царското писмо против иконопочитувањето. За ова беше многу прогонуван и мачен. Но тој остана тврд во Православието. Се упокои и се пресели кај Господ во првата половина на 8 век.

Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
Кон врв
чаир Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 950
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чаир Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Април.2007 во 12:19

Светиот свештеномаченик Артемон 26.04.2007

Беше свештеник во Лаодикија во времето на царот Диоклецијан. За себе пред судијата мачител рече: „Се викам Артемон, роб на Христа мојот Бог; шеснаесет години бев чтец и читав книги во Црквата на мојот Бог; дваесет и осум години бев ѓакон и го читав Светото Евангелие; триесет и три години наполнив како презвитер поучувајќи ги луѓето на патот кон спасението со помош на Христос“. Судијата го воведе во храмот на Ескулап, каде што жреците негуваа големи змии посветени на тој „бог“. Сите мислеа дека змиите ќе го каснат Артемон. Но тој се прекрсти и со силата на крстот ги прикова оние змии на земја така што не можеа да мрднат. Сите ги опфати жуас. Главниот жрец на храмот, Виталиј, штом го виде ова чудо падна на колена пред Артемон и возвикна: „Голем е христијанскиот Бог!“ Него, а и неколкумина пријатели со него, Свети Артемон ги крсти. Но злочестивиот судија остана упорен и го мачеше старецот Артемон со разни маки. Еднаш сакаше да го фрли во врела смола, но самиот се оттргна од коњот и падна во неа. Па изгоре. При ова беа видени два орли како паднаа врз него, го оттргнаа од коњот и го фрлија во смолата. Свети Артемон остана слободен и извесно време одеше наоколу со двата верни елени што го придружуваа и го поучуваше народот. Но повторно го фатија и го убија во 303 година. Неговата душа се пресели во царството на Господ Христос, Кому Артемон Му послужи верно на земјата.

Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
Кон врв
чаир Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 950
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чаир Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Април.2007 во 12:20

Светиот маченик Крискент 26.04.2007

Од градот Мир Ликиски. Чесен и славен граѓанин. Јавно ја исповеда својата вера во Христа и ги исмеа мртвите идоли. За ова незнабожците го мачеа и го изгореа во оган.

Светата маченичка Томаида 26.04.2007

Родена е во Александрија од чесни родители, научена на благочестие од малечка и во нејзината петнаесетта година венчана со чесен маж. Но нејзиниот свекор беше скверен старец и во отсуство на синот ја нападна својата снаа и сакаше да ја обесчести. Томаида се исплаши и во стравот го опоменуваше свекорот за законот Божји и се истргнуваше од неговите раце. После долга борба свекорот извади нож и ја закла снаата, па ја расече на две половини. Во тој миг го постигна ваква казна од Бога: веднаш ослепе и не можеше да ја најде вратата за да излезе оттаму, туку го затекнаа во таа одаја и го предадоа на суд којшто го осуди на смрт. Света Томаида пострада чувајќи ја заповедта за сопружничката верност и чистота. Подоцна многумина кои ги измачуваше блудната страст ѝ вознесуваа молитви на Света Томаида и од неа добиваа крепка помош. Големиот подвижник Данило нејзините мошти ги пренесе во Скитот и таму ги положи на гробиштата на свештеномонасите. Света Томаида пострада во 476 година.

Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
Кон врв
чаир Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 950
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чаир Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Април.2007 во 10:12

Свети Мартин Исповедник папа Римски 27.04.2007

Во времето на јаросната расправа на православните со еретиците монотелити, на 5 јули 649 година беше посветен за папа. Тогаш царуваше Констанс II, внукот на Ираклиј, а цариградски патријарх беше Павле. Со цел да се воспостави мир во Црквата самиот цар ја напиша книшката „Гипос“, којашто многу им погодуваше на еретиците. Папата Мартин свика собор од сто и петмина епископи, на којшто оваа царева книшка беше осудена. Во исто време папата му напиша писмо на патријархот Павле, молејќи го да ја држи чистата православна вера и да го посоветува царот да ги остави еретичките мудрувања. Ова писмо ги разлути и патријархот и царот. Затоа царот испрати во Рим еден војвода Олимпиј, за да го доведе римскиот папа врзан во Цариград. Војводата не се дрзна да го врзе папата, туку наговори еден војник да го убие со меч в црква. Но кога влезе војникот со скриениот меч во црквата, одеднаш ослепе. И со Божјата Промисла Мартин ја избегна смртта. Во она време пак, Сарацените напаѓаа на Сицилија и војводата Олимпиј замина за Сицилија и таму умре. Тогаш со сплетка на патријархот-еретик Павле, царот испрати друг војвода, Теодор, за да го врзе и да го доведе папата под обвинение дека тој, папата, стои во дослух со Сарацените и дека не Ја почитува Пресвета Богородица. Кога војводата стаса во Рим и го прочита обвинението против папата, овој одговори дека тоа е клевета, дека самиот нема никаква заедница со Сарацените коишто се противници на христијанството, „а оној што не ја почитува Пречиста Богородица и не Ја исповеда и не Ѝ се поклонува, да биде проклет и на овој и на оној век“. Ова не ја измени одлуката на војводата. Тој го доведе папата врзан во Цариград, а таму Св. Мартин мошне болен лежеше во затвор, мачен и исцрпуван со глад, додека најпосле не го осудија на прогонство во Херсон, каде што поживеа две години и издивна заради Господ во 655 година. Две години пред него умре во покајание Павле. И кога царот го посети пред смртта, тој ја заврте главата на другата страна и заплака исповедајќи дека многу грешеше против папата Мартин. Пред смртта Павле го молеше царот да го ослободи Светиот папа Мартин.

Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
Кон врв
чаир Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 950
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чаир Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Април.2007 во 10:13

Светите маченици Антониј, Јован и Евстатиј 27.04.2007

Сите тројца беа прво незнабожци и поклоници на огнот. Беа слуги на дворецот на литовскиот кнез Олгард во Вилна. Порано се нарекуваа: Круглец, Кумец и Нежило. Сите тројца ги крсти свештеникот Нестор. Ги обесија еден по друг на ист даб во 1347 година. Овој даб христијаните го исекоа и изградија црква во слава на Пресвета Троица. Во таа црква ги положија моштите на мачениците, а на трупот од дабот ја направија Чесната Трпеза. Нивните мошти се во Вилна.

Светиот маченик Ардалион Глумец 27.04.2007

Прво беше артист комедијант. За развеселување на народот најпрво играше улога на маченик за верата и на сите можни начини ги исмеваше христијаните. Но кога настана гонењето на христијаните во времето на Максимијан, тој наполно се измени во духот. Гласно извика пред народот дека е христијанин и за ова го изведоа на суд. Пострада врзан за усвитена железна леса и така ја одигра својата вистинска и чесна улога на маченик.

Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
Кон врв
чаир Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 950
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чаир Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Април.2007 во 22:32

Светите апостоли Аристарх, Пуд и Трофим     28/04/2007

Од бројот на Седумдесеттемина апостоли. Аристарх беше епископ во Апамија Сириска. Апостолот Павле го спомнува неколкупати (Дела 19, 29; Колосјани 4, 10; Филимон 23). Во Ефес беше фатен од толпата заедно со Гај. Тој народ тогаш се беше кренал против Св. апостол Павле. Павле им пишува на Колосјаните: „Ве поздравува Аристарх којшто е со мене во ропство“. Во Посланието до Филимон Павле го нарекува Аристарх свој помошник, заедно со Марко, Димас и Лука.
Пуд беше угледен римски граѓанин. Апостолот Павле го спомнува еднаш (II Тимотеј 4, 21). Домот на Пуд најпрво беше засолниште за врховните апостоли, а потоа се претвори во црква, наречена Пастирска.
Трофим беше од Азија (Дела 20, 4) и го придружуваше Св. апостол Павле на патувањата. На едно место Павле пишува: „Трофим го оставив во Милет болен“ (II Тимотеј 4, 20).
За времето на гонењата од Нерон, кога беше убиен Св. апостол Павле, беа убиени и овие тројца славни апостоли.

Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
Кон врв
чаир Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 950
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чаир Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Април.2007 во 22:33

Светиот маченик Сава Готски

Во готските краишта имаше сурово гонење на христијаните. Еден готски кнез дојде во селото каде што живееше благочестивиот Сава и ги запраша селаните има ли во нивното село христијани. Тие му се колнеа дека нема ниеден. Тогаш Сава застана пред кнезот и рече: „Никој нека не се колне за мене, зашто јас сум христијанин.“ Кога го виде беден и сиромав, кнезот го пушти во мир велејќи: „Од тебе нема ни полза ни штета“. Другата година на Воскресение дојде еден свештеник Сансал во тоа село и ја отпразнува светлата Пасха заедно со Сава. Слушнаа за тоа незнабожците, па ненадејно го нападнаа домот на Сава и почнаа немилосрдно со стапови да ги бијат Божјите угодници. Сава пак, го соблекоа гол и го влечеа по трњето, а потоа двајцата ги врзаа за дрво и им нудеа месо од идолските жртви. Но сеќавајќи се на апостолските зборови Божјите луѓе одбија да јадат од скверните ѓаволски жртви. Најпосле кнезот го осуди Сава на смрт и им го предаде на војниците. Преполнет со радост Сава тргна на губилиштето фалејќи Го Бога. Кога го видоа дека е добар човек, војниците патем посакаа да го пуштат, но тој многу се нажали и им зборуваше дека тие се должни да ја исполнат заповедта на својот кнез. Тогаш војниците го одведоа до една река, му врзаа камен на вратот и го фрлија во водата. Неговото тело беше исфрлено на брегот. Подоцна, во времето на царот Валент, војувајќи со Готите грчкиот војвода Јуниј Соранос го најде телото на Свети Сава и го пренесе во Кападокија. Свети Сава пострада во триесет и првата година од животот, во 372 година.

Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
Кон врв
чаир Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 950
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чаир Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Април.2007 во 22:33

Светите маченички Василиса и Анастасија

Две благочестиви римјанки. Во времето на царот Нерон ги собираа телата на убиените апостолски ученици и чесно ги погребуваа. За ова беа обвинети и фрлени во затвор, а после долги мачења, во кои им ги отсекоа јазиците и градите, ги обезглавија.

Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
Кон врв
чаир Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 950
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чаир Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Април.2007 во 20:54

Светиот свештеномаченик Симеон епископ Персиски 30.04.2007

Во времето на злочестивиот цар Савориј или Сапор, Симеон беше мачен за Христа заедно со неговите двајца презвитери, Авделај и Ананија. Пред нив пострада и царевиот евнух Устазан, којшто прво се одрече од Христа, а потоа трогнат од прекорот на Свети Симеон повторно пред царот ја исповеда вистинската вера. На губилиште заедно со Симеон беа изведени уште илјада христијани. Симеон некако се протна за да може да биде убиен последен, зашто сакаше да ги храбри другите докрај за ниеден од нив да не се поколеба од страв пред смртта. Кога презвитерот Ананија ја положи главата на трупецот, со целото тело затрепери. А царевиот пристав, Фусик, кој беше потаен христијанин, почна да го храбри Ананија велејќи: „Не плаши се, старецу, затвори ги очите и биди мажествен, за да ја видиш Божествената Светлина!“ Штом го изговори тоа, го повикаа како христијанин и го обвинија кај царот. Царот го уби во големи маки и него и неговата ќерка, девицата Аскитреја. Најпосле го убија и Свети Симеон, откако прво го испрати своето стадо на оној свет. Следната година на Велики Петок беше убиен и царевиот омилен евнух Азат, а со него илјада други верници. Тогаш царот пожали за својот евнух и го запре натамошното убивање на христијаните. Сите чесно пострадаа за Господ Христос во 341 или 344 година.

Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
Кон врв
чаир Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 950
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чаир Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Април.2007 во 20:55

Свети Акакиј епископ Мелитински

Се подвизуваше во својот роден град ерменска Мелитина. Епископот на тој град, блажениот Отриј, којшто учествуваше на Вториот Вселенски Собор, го ракоположи за презвитер. После смртта на Отриј епископ стана Акакиј. Учествуваше на Третиот Вселенски Собор во Ефес, кој го осуди Несториевото злохулство кон Пресвета Богородица. Овде заедно со Св. Кирил Александриски тој многу ревнуваше за чистотата на православната вера. Свети Акакиј имаше голема благодат од Бога и вршеше многубројни чуда. После долг и ревносен живот во Христа мирно се упокои во 435 година.

Свети Агапит папа Римски

Испратен од готскиот крал Теодот кај царот Јустинијан во Цариград за да го одврати од поход против Готите. Патем тој исцели еден нем и слеп. Во Цариград помогна во утврдувањето на Православието и се упокои во 536 година.

Преподобните Саватиј и Зосим

Основачи на подвижничката обител на Соловецкиот остров во Белото Море. Во таа Соловецка обител се прославија многумина големи светители. Свети Саватиј се упокои во 1435 година, а Зосим во 1478 година.

Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1516171819 68>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,156 секунди.