IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Дали треба да се исповедаме?
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Дали треба да се исповедаме?

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1112131415 20>
Автор
Порака
Sulltan Murad Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 18.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 0
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Sulltan Murad Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Февруари.2007 во 15:43
Ne go razbrav odgovorot mozebi zasto si seuste mal pa ne znaes da objasnis?
Кон врв
здраво Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 15.Декември.2006
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 253
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај здраво Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Февруари.2007 во 17:37
Originally posted by Sulltan Murad Sulltan Murad напиша:

Ne go razbrav odgovorot mozebi zasto si seuste mal pa ne znaes da objasnis?

Многу убаво разбираш само да знаеш со глава во зид боли.А ти како шо си мислиш дека е исправно .


Изменето од здраво - 26.Февруари.2007 во 17:38
Кон врв
V.D.A.P. Кликни и види ги опциите
Група
Група


Регистриран: 26.Ноември.2006
Статус: Офлајн
Поени: 35
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај V.D.A.P. Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Февруари.2007 во 13:16

Iskusniot duhovnik se ispoveda kaj nekoj svoj sobrat-duhovnik koj ne mora da bide na povisoko duhovno ili hierarhisko mesto od nego. Taka i Arhierejot moze da se ispoveda kaj obicen jeromonah ili svestenik. Svestenikot e samo posrednik pomegju onoj sto se ispoveda i Boga. I Vselenskiot Patrijarh se ispoveda kaj nakogoMozebi kaj nakoj drug arhierej, a mozebi i kaj svoe duhovno cedo so ponizok svestenicki cin.

Кон врв
Sulltan Murad Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 18.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 0
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Sulltan Murad Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Февруари.2007 во 18:45

Оче Грешев

Доаѓа дечко во црква кај попот да се исповеда:
-Грешев оче,многу грешев со комшиката во шталата.
-А колку пати?
-Па јас дојдов да се исповедам бе оче,не да се фалам.
Кон врв
V.D.A.P. Кликни и види ги опциите
Група
Група


Регистриран: 26.Ноември.2006
Статус: Офлајн
Поени: 35
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај V.D.A.P. Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Февруари.2007 во 19:19
Temava e ''Dali treba da se ispovedame'' a ne ''Vicoteka''. Smetam deka temata e interesna, no postovite kako ovoj na sultanov se izlisniWink
Кон врв
angelmk Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 02.Декември.2006
Статус: Офлајн
Поени: 135
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај angelmk Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Февруари.2007 во 06:33
Originally posted by V.D.A.P. V.D.A.P. напиша:

Temava e ''Dali treba da se ispovedame'' a ne ''Vicoteka''. Smetam deka temata e interesna, no postovite kako ovoj na sultanov se izlisniWink


форумот е пред се за забава.а не цело време препукувања префрлања топка од една на друга страна
олабавете малце,некој виц не е на одмет,премногу сериозно ја сваќате оваа работа околу релиѓиите

relax
поздрав
"BEAUTY IS TRUTH, TRUTH BEAUTY."
Кон врв
V.D.A.P. Кликни и види ги опциите
Група
Група


Регистриран: 26.Ноември.2006
Статус: Офлајн
Поени: 35
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај V.D.A.P. Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Февруари.2007 во 10:33
Da no mozebi kaj nekoj(ne zboruvam za mene-otrpnav od vakvi raboti, iako ne mi e seedno) so ovoj vic, gi povreduvaat verskite cuvstva sto ne e cel na forumov, zatoa sto sepak ispovedta e Sveta Tajna, i smetam deka nestata koi za nekogo se sveti ne treba da se navreduvaat.
Кон врв
аџија Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 5474
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај аџија Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Април.2007 во 02:23
ТРЕБА! Wink

ама на кого? е тоа е веќе прашање за дебата... LOLLOLLOL
Кон врв
belichka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 2023
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај belichka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Април.2007 во 09:42
Originally posted by аџија аџија напиша:

ТРЕБА! Wink

ама на кого? е тоа е веќе прашање за дебата... LOLLOLLOL


so 19 strani od temata zar ne dojde do odgovor LOLLOLLOLLOLLOLLOLLOL
Кон врв
rome Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 10.Март.2007
Статус: Офлајн
Поени: 492
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај rome Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Април.2007 во 10:42

исповеданјето је едно од најголемите задачи за да бидеш Христиан. и затоа одговорот је морално је да се исповедаш на Христос.

Zaljubena vo Hristos nashiot Edinstven Spasitel
Кон врв
DARKDOG Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 218
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DARKDOG Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Април.2007 во 13:36

Тајната на Покајанието


Протопрезвитер Михаил Помазански









(извадок од книгата Догматска Теологија)


Тајната на Покајанието е свет обред на милост во кој способноста за простување на гревовите, со Божји благослов, му е дарувана на свештеникот, кој е во улога на посредник помеѓу Црквата и штотуку покаениот верник, според ветувањето на Спасителот.
Во Тајната на Покајанието се лечи духовната потиштеност на човекот. Се отстранува нечистотијата од душата и христијанинот, откако примил прошка за своите гревови, повторно станува невин и осветен, чист како да излегол од водите на Крштевањето. Затоа, Тајната на Покајанието се нарекува “духовен лек”. Човековите гревови, коишто го влечат надолу, коишто ги затапуваат неговиот ум, срце и совест, коишто го заслепуваат неговиот духовен поглед и коишто ја прават немоќна неговата христијанска волја се уништени; човековата врска со Црквата и Господ Бог е обновена. Ослободен од товарот на гревовите, човекот духовно оживува и станува способен да се окрепи и усоврши одејќи по добриот христијански пат.
Тајната на Покајанието се состои од две основни дејанија:
1) Исповедање на гревовите пред свештеник на Црквата од страна на лицето кое и приоѓа на Тајната; и
2) Молитва за простување и разрешување на гревовите, објавена од свештеникот.
Оваа Тајна исто се нарекува и Света Тајна Исповед (иако исповедањето на гревовите го опфаќа само првиот, прелиминарен дел од целиот чин) и ова го покажува значењето на искреното откривање на сопствената душа и признавање на сопствените гревови.
Исповедта—односно, признавањето наглас—е изразување на внатрешното покајание; негов резултат и негов показател. Што е покајание? Покајанието не е само сознание за својата грешност или просто признание за својата недостојност; не е дури ни скрушеност или жалење (иако сите овие аспекти би требало да влезат во покајанието). Поточно речено, тоа е чин на сопствената Волја за подобрување; желба и цврста намера, решеност човек да се бори против злите склоности. Оваа состојба на душата е соединета во молба за Божја помош во битката против сопствените зли склоности. Такво длабоко искрено покајание кое доаѓа од срцето е неопходно за да се продолжи делувањето на оваа Тајна не само на отстранувањето на гревовите туку и за да навлезе во отворената душа блажено заздравување кое нема да дозволи душата повторно да се потоне во нечистотијата на гревот.
Самото изустување наглас на сопствените духовни тегоби и падови пред духовниот татко—исповедањето на гревовите—има големо значење зашто преку овој чин се надминуваат:
1) Гордоста, главниот извор на гревовите, и
2) Паднатоста на духот, или безнадежноста во сопственото подобрување и спасение. Исповедањето на гревот помага тој да се отфрли од себе.
Оние кои и пристапуваат на Тајната на Покајанието се подготвуваат себеси преку молитва, пост и длабоко понирање во својата душа, со цел да ја откријат и признаат својата грешност.
Божјата милост го пресретнува покајаниот христијанин, сведочејќи, низ устата на духовниот отец, дека Севишниот не ги отфрла оние кои Му приоѓаат, исто како што Тој не ги отфрли синот расипник и покајаниот цариник. Ова сведочење се состои од зборовите на специјалната молитва и вонредните зборови на разрешување изговорени од свештеникот.

Востановување на Тајната
Господ ја востанови Тајната на Покајанието по Неговото Воскресение, откако им се прикажа на своите ученици кои сите, освен Тома, беа собрани заедно, и кога им рече:
„Мир вам! Како што ме прати Отецот, така и јас ве праќам“
И кога Он го кажа ова, дувна и им  рече: „Примете Дух Свети!
И на кого ќе им ги простите гревовите, ќе им се простат , а на кои Ќе ги задржите, ќе им се задржат“(Јован 20, 21-23 )
Дури и пред ова, Христос Спасителот двапати изрече ветување за оваа Тајна. Првпат Тој му кажа на Апостол Петар, кога Петар, во име на сите Апостоли, го призна Него за Син Божји:
И ќе ти ги дадам клучевите од небесно царството, и што ќе сврзеш на земја ќе биде сврзано  на небесата; а што ќе разврзеш на земјата, ќе биде разврзано и на небесата... (Матеј 16:19)
Свештениците се само видливиот инструмент при извршувањето на тајната, којашто е извршена невидливо преку нив од страна на Самиот Господ Бог.
Св. Јован Златоуст, имајќи го на ум Божественото овластување на пастирите на Црквата да ослободат и обврзат, вели:
“Свештениците укажуваат долу, Господ потврдува горе и Тој се согласува со мислењето на Неговите слуги. Свештеникот тука е само инструмент на Божјата милост и разрешува гревови не по свое овластување, туку во името на Светата Троица”.
Невидливите ефекти на милоста во Тајната на Покајанието, во нивната широчина и моќ, се протегаат врз сите човечки беззаконија и не постои грев кој  не може да биде простен, само ако човек искрено се кае и се исповеда со силна вера во Господ Исус, надевајќи се на Неговата милост. Дојдов не за да ги повикам праведните, туку грешните да се покајат (Мат. 9:13) рече Спасителот, и колку и да беше голем гревот на Апостол Петар, Тој му прости кога овој искрено се покаја. Познато е дека Свети Петар ги повика на покајание дури и Евреите кои го распнаа на крст вистинскиот Месија (Дела 2:38), а подоцна го повика Симон маѓесникот, претходникот на сите кривоверци (Дела 8:22); Апостол Петар го разреши родоскверникот кој се покаја, подложувајќи го првин на привремена екскомуникација (ИИ Кор. 2:7).
Од друга страна, од суштинско значење е да запомниме дека разрешувањето на гревовите во Тајната е чин на милост, не неразумно сожалување. Се дава за духовна корист, за просветување, не за уништување (ИИ Кор. 10:2). Ова полага голема одговорност врз оној кој ја изведува Тајната.
Светото Писмо вклучува случаи кога гревовите не се простени. Според зборовите на Господ, се споменува богохулење против Светиот Дух, коешто не се простува ниту на овој свет, ниту на оној што ќе дојде (Мат. 12:31-32). Слично на тоа, се споменува и смртниот грев, за чиешто простување не смее ни да се моли (И Јов. 5:16). Најпосле, Апостол Петар поучува дека:
„Зашто оние , кои веднаш се просветлија, вкусија од небесниот дар, станаа учесници на Светиот Дух.
И, откако вкусија од добриот збор Божји и од силите на идниот век, отпаднаа.- не е можно пак да бидат обновени за покајание, кога повторно во себеси го распнуваат Синот Боќји и Го хулат“ (Евр. 6:4-6)
Во сите овие случаи, причината зошто гревовите не можат да бидат простени се наоѓа во самите грешници, а не во Божјата волја; поточно, се наоѓа во недоволното покајание на грешинците. Како може да се прости грев по милост на Светиот Дух ако се богохули против самата милост? Но мора да веруваме дека дури и овие гревови може да им бидат простени на грешниците ако тие искрено се покајат. Бидејќи, вели Св. Јован Златоуст за богохулењето против Светиот Дух, дури и оваа вина ќе им биде простена на оние кои ќе се покајат. Многумина кои богохулеа против Духот подоцна поверуваа и се им беше простено. Понатаму, Отците од Седмиот Вселенски Собор зборуваат за можноста за простување на смртните гревови: “Смртен грев е кога грешниците не се поправаат... Во таквите Господ Исус Христос не престојува, освен ако тие не се смират и повратат од падот. За нив е најсоодветно уште еднаш да Му пристапат на Господ и со скрушено срце да молат за разрешување на гревот и прошка, но и да не бидат самољубиви за неправедното дела. Зашто Господ е близу до оние со скрушено срце (Пс. 33:18)”.
Дозволата, па дури и директната потреба да се повтори Тајната на Покајанието е јасна од зборовите на Евангелието:„ Ви велам , дека така и на небото ќе биде поголема радост за еден грешник, кој се кае,  отколку за деведесет и девет праведници,што немаат потреба од каење“: (Лука 15:7).

Кон врв
DARKDOG Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 218
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DARKDOG Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Април.2007 во 13:39

За проповедта на Христос и на Јован Крстител за покајанието







 Владика Антониј Сурошки
                                             (1914 – 2003)

                                               

             Во име на Отецот и Синот и Светиот  Дух!
Свети Јован Крстител и Спасителот Христос излегоа на првата проповед токму со овие зборови: покајте се, затоа што се приближи Царството  Божје... Царството Божје – тоа е хармонијата на љубовта, тоа е она царство, она општество, кое ги  обединува Бога и луѓето  под совршениот закон што е пројавен во љубовта. А за да можеме да влеземе во тоа Царство ние навистина треба да  се покаеме.
   Зборот “покајание” не значи само “скрушение”; во зборот “покајание”  е содржана мислата за тоа дека е неопходно да  се разделиме од  некое нешто и да се стремиме кон нешто друго. А има нешта од кои треба да се разделиме  доколку сакаме да почнеме да живееме заедно со Бога и со другите луѓе во Царството во кое се е љубов. Ние сме должни да се откинеме од себељубието, од таа исклучителна, жедна, жестока љубов која   ја имаме за себе самите на  штета на другите. Ние сме должни да се  разделиме од  лажните претстави за  себеси, во кои небаре стоиме во центарот на се и се  е должно да ни служи нам. Евангелието не учи дека,  ако  стоиме во  центарот на се, тогаш  само заради тоа да  им служиме на сите. Ние сме должни да се одделиме од она за што се прилепило нашето срце, од оние поврзаности кои не означуваат љубов, туку  ропство. Ние треба  одново да ги разгледаме  сите свои човечки односи за да остане само духот на  слободата и  духот на љубовта; слободата која ние им ја даваме на другите и ја добиваме од нив; љубовта која е служење на другите луѓе, благоугодно и самозаборавно.  Ние треба да  го напуштиме ропството за да можеме да стапиме  на слобода и само  тогаш можеме да  стапиме во Царството на љубовта. Во царството на љубовта не може да има робови, во царството на љубовта можат да бидат само слободни луѓе: ослободувајќи се  и ослободени од Бога.
  Има нешта од кои ние треба да се одделиме, но исто така има и каде да одиме: кон Оној Бог, Кој е нашето помирување еден со друг, помирување со него, Кој е ослободителот, Кој сака секој од нас да израсне  во вистинската мера на својот раст, да стане тој самиот, да не се раководи од ништо друго, освен од внатрешниот закон на животот – и тоа на животот во изобилие.
   Ете, за тоа  говори проповедта на Спасителот  и проповедта на Јован Крстител: променете ја насоката, одделете се со погледот, слухот, срцето, чувствата, мислите, плотта – со се - од она што е поробеност, ропство и излезете на слобода. Кадешто е Духот Господов, таму е слободата и Христос ни го дава тој Дух.Јован дојде да  ги крсти луѓето, Спасителот Христос дојде за да го донесе Духот на земјата и да ни  Го подари нам. Да помислиме за тоа  на што сме повикани. Ние сега сме  како што беше  на самиот почеток на проповедта  на Христос и на Јован; ние можеме  веднаш, токму во овој момент да започнеме онака како што започнувале луѓето  кои  се  среќаваа  со Претечата и со Христос. Токму сега е вистинското време заедно со нив да го започнеме патот, да ја чуеме првата проповед и да почнеме да ја исполнуваме. И потоа од ден на ден да ја следиме евангелската проповед, словото Христово, кое ќе не води,како децата за рака, од едниот до другиот, се додека не  израснеме до вистинската мера на  нашата слобода, на нашето достоинство, се додека Царството Божје не се  всели во нас, се додека  од нашите срца, кои станале Царство Божје, Тоа не се излее наоколу, како море,  и да ги  опфати сите. Амин!



Кон врв
black-eyes Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Април.2007
Статус: Офлајн
Поени: -1
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај black-eyes Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Април.2007 во 00:18
да ги посетуваме нашите свештеници и да се исповедаме поцесто ,може полесно ќе ни им биде на нас грешниците..........
Кон врв
аџија Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 5474
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај аџија Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Април.2007 во 00:23
Дали е полесно или не, не ме интересира. Дали му е простено на човек кој се исповеда кај човек?

Св. Писмо вели исповедајте се пред Бога, и од Него барајте прошка... Христијанинот нема веќе причини да бара други посредници за неговиот/нејзиниот грев освен, Христос отелотворениот Бог.

Понижување на Христовата жртва и на Христовиот крст, е да се бара прошка на друго место...
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1112131415 20>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,266 секунди.