IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - ВЕРСКИ ВЕСТИ
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

ВЕРСКИ ВЕСТИ

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1415161718 86>
Автор
Порака
C.B. Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Март.2007
Статус: Офлајн
Поени: 152
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај C.B. Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Април.2007 во 22:31
JAS NIKADE NE REKOV DEKA SUM ,,  SO (NE)RASKOLNICITE NA JOVAN,,!


SAMO PRILOZIV NESTO I OD   ,,DRUGATA,,STRANA!

SEKOGAS I VO SE E STRASNO DA GI SOGLEDUVAS RABOTITE EDNOSTRANO!

a kako voved vo pravoslvnata eklisiologija ti ptedlagam za pocetok da go procitas dolniot tekst:
Архимандрит Георгиј Капсанис
(игумен на манастирот на преподобен Григориј на Света Гора)

Православната еклисиологија и современиот човек

Доживувањето на тајната на Црквата како тајна на Божественото и човечкото, на вертикалната и хоризонталната во Христа заедница денес кај мнозина членови на Црквата е ослабнато. Ја сфаќаме Црквата не толку како Тело Христово и заедница на Светиот Дух, колку како “религија”, или како установа за задоволување на религиозните потреби на некои религиозни луѓе, или како националнополитичка организација која им служи на социолошките цели.

Последиците од таквото нехристолошко, неличносно и надворешно гледање се очигледни. Најнапред во богослужението не постои секогаш чувството за заедницата што Му служи на Бога, “на богослужбената заедница”, туку е присутно чувството на локалното собирање на индивидуи коишто одвоено Му служат на Бога. Тие изолирани и обично отсечени од Православното предание индивидуи претпочитаат музика (пеење) што ним им се допаѓа и во нашите храмови ја заменуваат преданиската и согласна со целиот дух и етос на Црквата византиска музика со западните романтичарски мелодии што ги пее еден хор одвоен од црковното собрание со една завеса. Во тие хорови возможно е да пеат и атеисти, или инославни, како што веќе се случува во некои православни Цркви. Од истите причини се претпочита европското сликарство на Ренесенсата коешто го изразува западниот човекоцентричен дух. За жал малкумина забележуваат колку сето тоа ги фалсификува црковниот живот и благочестието на христијаните и ги отсекува од телото на Црквата, бидејќи ги оттуѓуваат од нејзиното живоносно предание.

Но и Светите Тајни од мнозина се сфаќаат како дејствија или чинодејствија од приватен карактер и интерес, а не како еклисиолошки собитија. И самата par exellance Тајна на единството и заедницата, Тајната на Божествената Евхаристија, честопати се смета како средство за индивидуално усовршување и осветување, а не како Тајна на вотеловување во телото Христово, во коешто се осветувањето и спасението. Затоа и парохијаните не се поврзуваат како членови на едно тело и на едно семејство. Сочинуваат “маса” , а не заедница, збир на индивидуи, а не собор на личности во Христа. Како односите помеѓу верниците, така и односите помеѓу пастирите и верниците се неличносни.

Исто така секое сепаративно движење во крилото на Ерархијата, на епископите, или на парохиите и на манастирите ги спречува неосвестените христијани во Црквата да ја препознаат “заедницата на Светите” и да пристапат во неа. Единството на клириците и на лаиците е најубедителната проповед и најпродуктивниот мисионерски метод.

Луѓето од сите епохи имаат длабока потреба за примање на нивната личност во една заедница на љубов и на братство.

Таа потреба ја чувствува и во голема мера неисполнетиот современ човек поради неговото големо оттуѓување од Бога, од коешто следи неговото оттуѓување од ближниот. Бидејќи Бог отсуствува од животот на луѓето, отсуствува и соединувачкиот центар, а луѓето и покрај многуте средства за комуникација, дури и кога се доближуваат меѓу себе, остануваат суштински, дешевно неповрзани, како што се случува и во самиот брак. Оттуѓувањето се проширува поради новите услови на живот. Човекот во анонимното мноштво на големите градови или во механизираните и неличносни услови на работа, образование, релаксација, ја нема можноста да постои како личност, да ги сретне другите човечки личности, за да побара една вистинска заедница со нив. Во таквите околности претставува една бројка, паразит на една машина, потрошувач на потрошувачкото општество. И така немоќен да живее во заедница со Бога и со ближните човекот прибегнува кон сурогати, вештачки блаженства и рај, неодговорни телесни односи и сл. , што конечно му ја проширувааат не-заедницата и го прават невротичен и плашлив.

Така целата состојба на човекот претставува еден предизвик за Црквата, еден трагичен повик сличен со повикот на Македонецот: “премини во Македонија и помогни ни” (Дела 16,9).

Современиот човек, дури и кога не може тоа да го изрази, очекува од Црквата да го пројави надворешно она што е внатрешно, т.е. Богочовечката заедница. Поставеноста на пастирите наспроти своето паство, организацијата на епископиите и на парохиите, секој детал од животот на Црквата да ја открива нејзината вистина. Кога вистината на Црквата не се изразува со нејзиниот живот, Црквата нема да има доверба во светот. А вистината на Црквата којашто сите треба да ја живееме и потоа да ја проповедаме е тоа дека Воплотениот Логос Божји но прави членови на Неговото Тело и заедница на Светиот Дух.

Оваа вистина ја сведочи секој христијанин којшто е вкоренет преку верата во светото единство на Пресвета Троица во Црквата. Секојдневно се бори да напредува преку покајанието и постанува блескав знак за тоа единство во светот. Сиот негов живот постанува еден повик кон оние што доаѓаат во контакт со него да го остават расцепканиот и егоистичен живот и да учествуваат во “единството на верата и заедницата на Светиот Дух”.

Господ нека ни ја даде Својата благодат со смирение и славословие да го примиме дарот на Богочовечката заедница и единство во Црквата и да напредуваме во него “додека сите не стигнеме до единство во верата и познание на Синот Божји, до состојба на совршен маж, до мера на озраста од Христовата полнота” (Еф. 4,13).




Изменето од C.B. - 13.Април.2007 во 22:42
Кроз ватру и воду дигнуте главе, Стазом победе части и славе
     
Кон врв
mali simo Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1132
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mali simo Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Април.2007 во 11:57
Originally posted by аџија аџија напиша:

Originally posted by mali simo mali simo напиша:


собор може да се свика само меѓу православната и католичката црква ако за почеток се признае грешноста на папата!



може да се свика? Стварно? А како тоа никако да се договорат, еве не мора со католиците, прво и основно самите православни цркви?

И кој ќе биде поканет? МПЦ, или ПОА? Ќе биде ли поканета ли ЦПЦ, или само СПЦ? Ќе биде призната ли Украинската Црква, или не? Кое крило на Бугарската православна црква ќе биде покането? Како ќе се одлучува со мнозинство, кога ГПЦ контролира дури 5 патријаршии??? Како ова ќе го прифати РПЦ, која се смета себеси за Новиот Рим?


како и да е од Православната страна ќе има преставници но за секакви секти нема да има место!
ХРИСТОС ВОСКРЕСНА ОД МРТВИТЕ СО СМРТА СМРТА ЈА ПОБЕДИ И НА ТИЕ ВО ГРОБОВИТЕ ЖИВОТ ИМ ДАРИ

Кон врв
аџија Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 5474
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај аџија Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Април.2007 во 08:48
абе 1000 години не можете да се договорите за собир, сега сектите ви пречеле... И после ќе ми кажеш „Единство“??? одоговори ми на прашањата те молам, не се несуштински:

И кој ќе биде поканет? МПЦ, или ПОА? Ќе биде ли поканета ли ЦПЦ, или само СПЦ? Ќе биде призната ли Украинската Црква, или не? Кое крило на Бугарската православна црква ќе биде покането? Како ќе се одлучува со мнозинство, кога ГПЦ контролира дури 5 патријаршии??? Како ова ќе го прифати РПЦ, која се смета себеси за Новиот Рим?
Кон врв
rice Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 14.Ноември.2006
Статус: Офлајн
Поени: 379
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај rice Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Април.2007 во 09:19
Originally posted by аџија аџија напиша:

абе 1000 години не можете да се договорите за собир, сега сектите ви пречеле... И после ќе ми кажеш „Единство“??? одоговори ми на прашањата те молам, не се несуштински:

И кој ќе биде поканет? МПЦ, или ПОА? Ќе биде ли поканета ли ЦПЦ, или само СПЦ? Ќе биде призната ли Украинската Црква, или не? Кое крило на Бугарската православна црква ќе биде покането? Како ќе се одлучува со мнозинство, кога ГПЦ контролира дури 5 патријаршии??? Како ова ќе го прифати РПЦ, која се смета себеси за Новиот Рим?


Abe adzo sobiri imalo i ke ima ama te molam ne brbori babini devetini...

A za MPC, GPC, RPC, tebe toa i ne ti e vazno bidejki pravoslavieto i ne te zasega bas mnogu ....( samo se trudis da iniciras nekakva si debata koja sam ja iniciras i sam dikutiras ,ponekogas mislam deka se odnesuvas pateticno....)

prestavnik od tvojata kvazi crkva nema da ima, pa sledstveno na toa ova i ne e tvoja rabota za koja ti bi se interesiral...

imas povazni raboti da razmisluvas otkolku koja crkva ke bide priznata a koja neWink   (svatigo ova kako sovet)




Кон врв
аџија Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 5474
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај аџија Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Април.2007 во 09:52
Имало велиш собори а? Имало, во право си... Последниот Вселенски Собор....хм.... потсети ме, лани да не беше?  LOLLOLLOLLOL

Вие сакате да си „играте црква“, како што како деца си игравме „партизани и германци“... Во ред, и тоа може... Може да си измислуваме правила, да си велиме „ние сме јаки“, да си мислиме дека којзнае колку светот сме го опфатиле... А во исто време, сме го напуштиле Христос, сме се одалечиле толку од Него што веќе не знаеме ни да се однесуваме едни со други како браќа... ЕЕЕЕЈ... се испоклавте тука заради еден Јованчо Вранишковски... Јака „црква“, јако „единство“ нема што... Токму ваквите работи ме прават среќен што сум во Христовата „патетична“ црква...
Кон врв
аџија Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 5474
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај аџија Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Април.2007 во 10:50



МПЦ повторно јавно се замеша во политиката со неканонска молитва



Хашките судии ги чека Божјиот Суд!



Униформирани полицајци, поранешни лавови, пратеници, попови, сите заедно се молеа - Господ да им помогне на Македонците во Хаг.
Пред Соборниот храм во Скопје се делеа маички, налепници флаери на кои пишуваше: Брат Љубе - се за Македонија. Ќе помогне ли се ова за позитивен исход пред меѓународниот кривичен суд или ваквите активности се контрапродуктивни?




Униформирани полицајци, поранешни лавови, пратеници, попови, сите заедно се молеа - Господ да им помогне на Македонците во Хаг.. Поглаварот на МПЦ Стефан пред поддржувачите на Бошковски и Тарчуловски се наврати на трагедиите од 2001-ва и од Соборниот храм ги потсети судиите на Трибуналот во Хаг дека ги чека Божјиот суд.

-Судот нека суди праведно зашто сите не чека Божјиот Суд. Љубе и Јохан нека бидат горди зашто верувајќи во нивната праведност, нивниот суд го прифаќаме и како наше судење и судење на нашата татковина. Тие, и другите со нив, ја бранеа својата земја и својот мирољубив македонски народ, а никогаш и никаде не е грев да се брани својата татковина - изјави г.г. Стефан.

Во првите редови беше семејството на Бошковски, до нив поранешната министерка за правда Мери Младеновска, пратеникот Влатко Ѓорчев, Лилјана Поповска од ДОМ и цела делегација од ВМРО-Народна - сите со единствена порака - да се дознае вистината за конфликтот од 2001-ва и Хаг да биде фер со македонските притвореници.

- Денеска се помоливме за да излезе вистината за 2001-ва година на виделина - рече сопругата на Љубе, Виолета Бошковска.

Според Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ, вистината се темели на правдината, а правдината и вистината се дека Јохан и Љубе во 2001 ја бранеа Македонија како дел од легитимните безбедносни структури.
- Не го знам исходот од судењето, но верувам дека се невини- изјави Љиљана Поповска од ДОМ.

- Верувам во невиноста на Јохан и Љубе и верувам дека ќе има фер судење за бранителите на Македонија во 2001-ва година-изјави Весна Јаневска од ВМРО-Народна партија, изјава со која целосно се согласи и Ѓорѓи Трендафилов од истата партија.

И додека политичката елита се надева на фер судење најблиските соработници на екс министерот Љубе Бошковски се со негативна прогноза.

- Не очекувам фер судење зашто ова е политички монтиран процес од самиот почеток. Кога ќе се вратат четирите предмети ништо нема да се случи-изјави Горан Стојков, поранешен командант на Лавовите.
Пред Соборниот храм во Скопје се делеа маички, налепници флаери на кои пишуваше: Брат Љубе - се за Македонија.

Ќе помогне ли се ова за позитивен исход пред меѓународниот кривичен суд или ваквите активности се контрапродуктивни? Здружението за поддршка на Љубе Бошковски има позитивен став:

- Да, ќе помогне, затоа што веруваме дека Судот правилно ќе цени и ќе донесе ослободителни пресуди- изјави екс директорот на Бирото за јавна безбедност Горан Митевски, кој постојано беше во друштво на Мане Јаковлевски.

Пред крајот на церемонијата во Соборниот Храм во Скопје, самиот притвореник во Хаг Љубе Бошковски се јави да провери како поминала молитвата. Неговите некогашни соработници, ословувајќи го како Брат, му објаснија колку гламур имало во црквата.
Процесот против Јохан Тарчуловски и Љубе Бошковски, обвинети за убиство на цивили во селото Љуботен во 2001-ва година, почнува денеска во Меѓународниот суд за злосторства против човештвото во Хаг, Холандија.

Ивона Талевска
Кон врв
чаир Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 950
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чаир Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Април.2007 во 11:41
Аџија што е тука не канонско ако се молиш за својот ближен Бог да го избави од неправда на судот човечки, ние знаеме дека само Христовиот суд е апсолутно праведен
Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
Кон врв
аџија Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 5474
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај аџија Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Април.2007 во 11:45
Originally posted by чаир чаир напиша:

Аџија што е тука не канонско ако се молиш за својот ближен Бог да го избави од неправда на судот човечки, ние знаеме дека само Христовиот суд е апсолутно праведен


ConfusedConfusedConfused чаир, виде ли ти некаде овде коментар од аџија??? ConfusedConfusedConfused ова беше чист копи-пејст од весник. Од А до Ш!
Confused
Кон врв
чаир Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 950
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чаир Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Април.2007 во 11:49
Извини
Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
Кон врв
аџија Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 5474
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај аџија Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Април.2007 во 12:01
Originally posted by чаир чаир напиша:

Извини


нема гајле, луѓе сме... Big%20smile
Кон врв
C.B. Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Март.2007
Статус: Офлајн
Поени: 152
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај C.B. Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Април.2007 во 13:08

The CPDH - Evangelical Protestant Committee for Human Dignity - in accordance with the Universal Declaration of Human Right, declares respect of the whole human being "without distinction of any kind, such as race, colour, sex, language, religion, political or other opinion…". It thus denounces the verbal and physical aggression of a racist nature, anti-Semitic or homophobic which are developing in a worrying manner.The%20image%20“http://www.cpdh.info/npds/images/topics/tit_homo.jpg”%20cannot%20be%20displayed,%20because%20it%20contains%20errors.

komentar i prevod potrebni????????






Изменето од C.B. - 16.Април.2007 во 13:10
Кроз ватру и воду дигнуте главе, Стазом победе части и славе
     
Кон врв
аџија Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 5474
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај аџија Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Април.2007 во 13:17
па не е лошо да преведеш... И ако можеш да појасниш кои се овие ЦПДХ???
Кон врв
C.B. Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Март.2007
Статус: Офлајн
Поени: 152
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај C.B. Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Април.2007 во 13:22
kako i sto mozeme da procitame se raboti za: ,,evangelisticko-protestansko zdruzenie za odbrana  na,,coveckoto dostoinstvo,,    ,,,, .

stanuva zbor za podrrska vo slobodata na izbor vo sekoj pogled pa i seksualen.?????

sto toa tie tamu poddrzavaat?????? 

ova podobro da go objasni nekoj niven-istomislenik?
Кроз ватру и воду дигнуте главе, Стазом победе части и славе
     
Кон врв
аџија Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 5474
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај аџија Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Април.2007 во 13:24
ај преведи поубаво те молам, не си сфатил баш најдобро... LOLLOLLOL
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1415161718 86>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,172 секунди.