IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Историја
  Активни теми Активни теми RSS - На денешен Ден
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

На денешен Ден

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 36>
Автор
Порака
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: На денешен Ден
    Испратена: 06.Април.2007 во 20:11

Оваа тема нека биде за случувањата во историјата на денот кога постирате

Бошковски: „Немам кредибилитет да ги распуштам ’Лавовите’“
06.04.2002
„Јас немам кредибилитет да ги распуштам „Лавовите“, а тие ќе бидат трансформирани во едно друго, порелаксирано време кое се надеваме дека ќа настапи“, изјави денеска министерот за внатрешни работи Љубе Бошковски.

1789 - Џорџ Вашингтон е избран за прв претседател на САД.


1909 - Американскиот поларен истражувач Роберт Едвин Пири (1856-1920) стигна прв на Северниот пол. Тој се смета за негов откривач. Пири го испита и најсеверниот дел на Гренланд („Пириева земја„) и напиша неколку дела за своите патувања, како што се „Најблиску до полот“, „Северниот пол“ и „Тајните на поларните патувања“.


06.04.885 св.Методиј големиот Македонски просветител се упокои
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Април.2007 во 12:13
1348 - Во Прага е основан Универзитет, прв во централниот дел на Европа.

1939 - Фашистичка Италија започна инвазија врз Албанија.

1948 - Стапи во сила Уставот на Светската здравствена организација. Овој ден се прославува како Светски ден на здравјето.

1953 - Во Белград умре Димитар Влахов, македонски револуционер, политичар и публицист. Повеќе децении беше присутен на македонската историска сцена во борбата на македонскиот народ за национално и социјално ослободување. Роден е во Кукуш, Егејска Македонија, на 8.11.1878 година.

1945 - Американските авиони во Втората светска војна го потопија најголемиот јапонски воен брод „Јамато“.

1947 - Умре американскиот автомобилски магнат Хенри Форд. Првите „бензински кочии“ ги конструирал во 1896 година, а од 1899 го започнал производството на автомобили.

1953 - Шведскиот дипломат Даг Хамаршелд е избран за генерален секретар на Обединетите нации.

1980 - САД ги прекинаа дипломатските односи со Иран.

07.04.2002
Ако до вторник или среда обвинителството не ја прифати кривичната пријава, принципиелно ќе поднесам оставка до премиерот


Министерот за внатрешни работи Љубе Бошковски и натаму се забавува со себе и со екс колегата Љубомир Фрчковски. Денеска тој со изјава дека не до вторник, сега до среда ќе си поднесе оставка или принципиелно ќе ја понудел до премиерот, ако Фрчковски не завршел зад решетки.

Изменето од Boogie - 07.Април.2007 во 12:14
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Април.2007 во 11:56
1993 - Со акламација во Генералното собрание Република Македонија беше примена за 181 членка на ОН.

1848 - Во Бергамо умре Гаетано Доницети, италијански оперски композитор, романтичар, творец на музика, полна со драмска динамика. Главни негови дела се „Ќерката на полкот“, „Дон Пасквале“, „Лучија ди Ламермур“ и „Љубовна напивка“. Роден е во Бергамо, на 29.11.1797 година.

1909 - Во Прилеп е роден Круме Кепески, македонски педагог, лингвист, преведувач, собирач на македонски народни умотворби, граматичар, автор на првата Македонска граматика, објавена во 1946 година, коавтор (со Шаип Јусуф) на првата Ромска граматика, објавена во 1980 година, на збирката анегдоти, хуморески и легенди „Островот бил парче земја фрлен во вода“, објавена во 1993 година и на други дела. Умре на 3.11.1988 година.

1971 - Во Лондон почна Првиот конгрес на Ромите кој траеше до 11 април. По тој повод Организацијата на обединетите нации го прогласи 8-ми април за Светски ден на Ромите.

1973 - Во својата вила, во малото место Мужен, на француската ривиера, умре Пабло Пикасо (вистинското име му е Роиуз), шпанско-француски сликар, еден од најголемите светски сликари. Тој е основач на кубизмот. Посебно место во неговиот уметнички опус заземаат композициите „Госпоѓиците од Авињон“, „Герника“ и големата ѕидна слика во палатата на УНЕСКО во Париз. Тој се соживеа со скопската трагедија од земјотресот во 1963 година и беше меѓу првите кои се огласи на солидарната акција за собирање на уметнички дела, испраќајќи ја својата позната слика „Глава на жена“. Роден е во Малага, Шпанија, на 25.10.1881 година.

1993 - Република Македонија воспостави дипломатски односи со Нов Зеланд.

2003: Трајковски ги ослободи од гонење Димовска и Цветков

Борис Трајковски ги ослободува од гонење Доста Димовска и Александар Цветков, обвинети како нарачател и извршител на прислушувањето во 2000 година.
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Април.2007 во 13:02
1626 - Во Лондон умре Франсис Бекон, англиски филозоф и државник. Неговите дела се значајни за историјата на филозофијата и за индуктивната логика. Најпознати негови трудови се „Органон“, „Нова Атлантида“ и „Есеи“. Роден е на 22.01.1561 година.

1821 - Во Париз е роден Шарл Бодлер, еден од најголемите француски писатели на 19 век. Се занимаваше со литература и уметничка критика, а неговата поезија е одраз на очајот и на корупцијата на современата цивилизација. Ги надмина естетските форми на своето време, во поезијата внесе оргинални бои и егзотика, задржа елементи на романтизмот и го навести симболизмот. Главно негово дело е збирката песни „Цвеќето на злото“. Умре на 31.08.1867 година.

1873 - Од Солун во Велес пристигна првиот воз. Поради тоа, 9 април е прогласен за Ден на македонските железничари.

1983 - Во Скопје умре рускиот педагог и кореограф на Балетот при Македонскиот народен театар во Скопје, Александар Доброхотов. Тој е и прв балетски играч на скопската балетска сцена. Роден е во 1909 година.

2002: Судските вештаци без податоци за ексхумацијата во Љуботен

Судските вештаци денеска работеа на обдукција на двете тела што вчера беа ископани од гробиштата кај Љуботен, но не даваат податоци за начинот на кој настапила смртта, времето кога лешевите се закопани или нивниот идентитет.
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Април.2007 во 10:32
1514 - Умре италијанскиот архитект Донато Браманте. Проектираше многу згради и ја реконструираше црквата „Свети Петар“ во Ватикан.

1854 - Умре Карл Фон Базедов, познат германски лекар и научник, кој прв ја прикажа и детално ја опиша болеста која настанува поради нарушувањето на работата на штитната жлезда. Роден е во 1788 година.

1894 - Уганда стана британски протекторат.

1919 - На Мировната конференција во Париз е формирана Меѓународна организација на трудот.

1945 - Американските војници во Втората светска војна го ослободија нацистичкиот концентрационен логор Бухенвалд.

1961 - Нигерија воведе трговско ембарго спрема Јужна Африка поради политиката на апартхејд во таа земја.

1985 - Во Тирана умре Енвер Хоџа, албански политичар и државник, од 1948 година прв секретар на ЦК на Албанската партија на трудот. Роден е во Ѓирокастро, на 16.10.1908 година.

1990 - Владата на Ангола се согласи во Португалија да започне мировни преговори со припадниците на бунтовничкото движење Унита.

1991 - Советот за безбедност на Обединетите нации го соопшти формалниот крај на Заливската војна, прифаќајќи го ветувањето од страна на властите во Ирак дека ќе платат за штетите од војната и оти ќе го уништат оружјето за масовно уништување.

1992 - Во Министерстото за внатрешни работи на Република Македонија е регистриран Македонскиот олимписки комитет (МОК).

1995 - Во Скопје е формирано Здружението за примена на македонскиот литературен јазик во службената и јавната комуникација.

2003: Претседателот и Владата во отворена војна

Шефот на државата и Владата влегоа во отворена војна по одлуката на Борис Трајковски за аболиција на Доста Димовска и на Александар Цветков.
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Април.2007 во 11:21
1588 - Роден е Томас Хобс, англиски филозоф, продолжувач и систематизатор на класичниот англиски емпиризам. Познат е по максимата „Човек на човека му е волк“. Напишал многу дела меѓу кои се „Левијатан“ и „За политичкото тело“. Умре на 4.12.1679 година.

1654 - Со мирот во Вестминстер (централен дел на Лондон) заврши првата англо-холандска војна. Со победата врз Холандија, Англија ја скрши холандската надмоќност на море.

1794 - Гилотиран е Жорж Дантон, француски револуционер, противник на монархијата во Француската буржоаска револуција. Тој беше жртва на јакубинскиот терор. Роден е на 6.10.1759 година.

1939. - Во градчето Самобор, во непосредна близина на Загреб, во печатницата на Драгутин Шпулер, излезе од печат збирката песни "Бели мугри" од македонскиот поет и револуционер Кочо Рацин. Збирката претставува извонредна поетска слика на најтипичните социјални појави во Македонија пред почетокот на Втората светска војна. Таа е антологија на болките и страдањата на македонскиот народ - експлоатацијата на тутунопроизводителите, на монополските работници и на надничарите. Покрај ова таа е проткаена со борбеност и револуционерен дух. Таа претставуваше стремеж за афирмација на македонската национална култура.

1955 - Британскиот премиер Винстон Черчил поднесе оставка на функцијата. Неговото премиерско место го наследи шефот на братанската дипломатија Ентони Идн.

1982 - Првите британски воени бродови испловија кон Фолкландските острови во Атланскиот Океан.

1987 - Во Скопје умре Калипсо Налча, прва жена - професионална артистка во Македонија. Родена е во Битола, во 1915 година.

1989 - Виетнам соопшти дека до 30 септември 1989 година ќе ги повлече сите војници од Камбоџа.

1992 - Во касарната во Охрид пристигна првиот регрут на АРМ

1999 - Властите во Либија ги предадоа двајцата Либијци осомничени дека во декември 1988 година ја предизвикале експлозијата на американскиот патнички авион „Боинг 747“ над местото Локерби во Шкотска, при што загинаа 270 лица.

Изменето од Boogie - 12.Април.2007 во 11:25
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Април.2007 во 13:04
1695 - Во Париз умре Жан Лафонтен, француски поет и баснописец. Има напишано 240 басни. Роден е во Тиери, на 8.07.1621 година.

1885 - Во Будимпешта е роден Ѓерѓ Лукач, најголем унгарски филозоф, естетичар, политичар, еден од најзначајните марксистички филозофи на 20 век. Умре во Будимпешта, на 4.06.1971 година.

1898 - Француската академија на науките објави дека Марија Склодовска - Кири, хемичар и физичар од полско потекло откри нов елемент кој го доби името радиум.

1906 - Во Стар Дојран е роден Антон Панов, македонски драмски писател. Неговата литературна дејност е од извонредно значење за македонската литература. Инспириран од тешкиот живот на македонските печалбари, Панов на македонски јазик ја напиша драмата „Печалбари“, која првпат е изведена во Скопје на 3.03.1936 година. Тој напиша повеќе прозни и сценски текстови. Умре во Скопје, на 28.08.1968 година.

1913 - Во Општинскиот театар во Битола е одржана првата кинопретстава. Прикажана е премиерата на филмот „Градинарот Лаврициус“.

2003: Човиќ: „Контакти на Земунскиот клан со македонски структури“
„Нема сомнение дека има поврзаност на Земунскиот клан со некои структури во Македонија“, изјави денеска српскиот вицепремеир Небојша Човиќ во интревјуто за „Телма“.
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Април.2007 во 13:14
- Денеска е Ден на Царинската служба на Република Македонија. Цариниците во Република Македонија за првпат го одбележаа својот празник на 14 април 1994 година.

1629.- Роден е холандскиот астроном, математичар и физичар Кристијан Хајгенс, кој во 1655 година ја откри тајната на изгледот на прстенот на Сатурн набљудуван од Земјата и ги објасни промените на тој изглед во текот на хелиоцентричното движење на планетата. Тој го откри сателитот на Сатурн, Титан и точно го одреди траењето на неговата револуција. Тој ги пронајде законите на судирањето на телата, го постави законот за центрифугална сила и го објасни начинот на простирање на светлината. („Хајгенсов принцип“).

1759.- Умре германскиот композитор Георг Фридрих Хендл, кој заедно со Јохан Себастијан Бах е најистакнат претставник на барокот во музиката. Тој речиси целата кариера ја помина во Лондон како директор на Кралската музичка академија. Негови најпознати дела се оперите „Риналдо“, „Јулиј Цезар“, „Александар“, ораториумите „Месија“, „Самсон“, „Саул“ и други.

1914.- Умре американскиот филозоф и логичар Чарлс Сандерс Пирс, основач на прагматизмот, правец кој подоцна го разви Вилијамс Џејмс. Тој веруваше дека идеите најдобро можат да бидат испитани со истражување на последиците кои ги предизвикуваат. Неговите влијателни „Собрани списи“ се објавени постхумно.

1917.- Умре полскиот лекар и филолог Лазар Лудвиг Заменхоф, творец на меѓународниот јазик есперанто. Првиот учебник на тој јазик го објави во 1887 година под псевдонимот др Есперанто (тој кој се надева). Есперанто не стана меѓународен јазик во широка употреба како што се надеваше неговиот творец, но е најважен и најраспространет од сите вештачки јазици.

1929.- Роден е алжирскиот државник Садли Бенџедид, претседател на Алжир од 1979 до 1992 година.

1945.- Американското воено воздухополовство во Втората светска војна во текот на бомбардирањето на Токио ја погоди и палатата на јапонскиот цар.

1986.- Во Париз умре Симон де Бовоар, француска писателка и филозоф. Таа е автор на многу романи, есеи и мемоари, проткаени со духот на егзестенцијализмот. Меѓу нив се истакнуваат романите "Мандарини", "Другиот пол" и мемоарите "Спомените на добровоспитаната девојка". Родена е во Париз, на 9.01.1908 година.

1991.- Во Гевгелија умре Илија Џаџев, македонски културен деец, професор и писател, најистакнат интерпретатор на хавајски песни. Тој има објавено 19 стихозбирки, а напиша и околу 8.000 афоризми. Роден е во Гевгелија, на 5.10.1926 година.

1992.- Во гарнизонот во Охрид, пристигна првиот регрут, припадник на Армијата на Република Македонија.

1995.- Република Македонија и Големата Социјалистичка Либиска Народна Џамахирија воспоставија дипломатски односи.

1997.- Во Скопје умре Видое Подгорец, македонски писател и патописец. Најпознати негови дела се "Развигорче", "Ајдучка чешма", "Белото циганче", "Весела азбука" и "Чисти раце". Роден е во селото Колешино, струмичко, на 8.06.1934 година.

1999.- Пакистан - три дена по сличен експеримент што го изврши Индија, успешно изврши проба на балистичка ракета со дострел од 2.000 километри, способна да носи нуклеарни проектили.

2000.- Во Скопје умре Јонче Христовски, врвен македонски интерпретатор на македонски народни песни и композитор на новокомпонирани македонски народни песни. Роден е во 1931 година.

2000.- Руската државна Дума по една година одложување, го ратификува Договорот Старт-2 за намалување на нуклеарното вооружување.

Изменето од Boogie - 14.Април.2007 во 13:22
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Април.2007 во 11:12
- Денеска е Светски ден на културното наследство

1828.- Во Бордо умре Франциско Хосе де Гоја, шпански сликар и гравер. Неговата слика "Стрелањето на бунтовниците" го одбележа почетокот на новата ера во европското сликарство. Автор е на неколку циклуси графики и цртежи. Од делата најпознати му се "Трети мај 1808", "Борба со бикови", "Гола Маја" и "Облечена Маја". Роден е во Фуентетодос, Арагонија, на 30.03.1746 година.

1844.- Во Париз е роден Жак Анатол Франс Тибо, француски романсиер, сатиричар и критичар. Негови најпознати дела се "Современа историја", "Злосторството на Силвестер Бонар", "Бунтот на ангелот", "Боговите се жедни" и други. Во 1921 година ја доби Нобеловата награда за литература. Умре на својот имот Ла Бошлери, кај Тур, на 12.10.1924 година.

1867.- Роден е американскиот пилот и контруктор на авиони Вилбур Рајт, пионер на авијацијата, кој во 1903 година со неговиот брат Орвил со авион што го направија, го изведоа првиот лет во историјата на воздухопловството. Летот траеше 59 секунди и авионот прелета 285 метри. Браќата Рајт во 1905 година конструираа авион кој прелета 39 километри. Во 1909 година, ја основаа „Америкен Рајт компани“ за производство на авиони и истата година на САД им го испорачаа првиот борбен авион „Сигнал Корпс“.

1871.- Револуционерната власт на Париската комуна донесе "Декрет за напуштените претпријатија", според кој, целото стопанство, чии сопственици избегале од Париз, е предадено на работниците. Со тоа пролетеријатот првпат во историјата ги презеде во свои раце фабриките и другите претпријатија и се здоби со право да управува со нив.

1889.- Во Вилворт, предградие на Лондон, е роден Чарли Спенсер Чаплин, англиски филмски сртист, сценарист, режисер, најпознат светски комичар на 20 век. Има снимено 75 кусометражни и долгометражни филмови. Најпознати негови филмови се "Кучешки живот", "Потрага по злато", "Циркус", "Светлините на велеградот" и "Господин Ведру". Умре во швајцарскиот град Вевеј, на брегот на Женевското Езеро, на 25.12.1977 година.

1945.- Во Скопје, на Второто вонредно заседание на АСНОМ што се одржа од 14 до 16 април беа донесени значајни акти за натамошниот развој и афирмација на македонскиот народ. Меѓудругото, АСНОМ е преименуван во Народно собрание на Демократска Федеративна Македонија. Најзначаен акт донесен на заседанието е формирањето на првата Влада на ДФМ. Прв претседател на Владата беше Лазар Колишевски. Формирањето на Владата спаѓа меѓу најзначајните државно-правни акти, со кој е заокружено конституирањето на народната власт, како и афирмирањето на државната и националната самобитност на македонскиот народ.

1945.- Американските трупи во Втората светска војна влегоа во германскиот град Нирнберг.

1947.- Во градот Тексас во истоимената држава загинаа повеќе под 500 луѓе во експлозија на француски камион наполнет со нитрит.

1951.- Британската подморница „Афреј“ потона во каналот Ламанш при што загинаа 75 луѓе.

1991.- Собранието на СР Македонија го усвои нацрт-амандманот за бришење на атрибутот "Социјалистичка" пред името на Социјалистичка Република Македонија. Називот Република Македонија е усвоен на 7.06.1991 година.

1996.- Поранешниот премиер на Италија, Бетино Кракси, италијанскиот Суд на основа на обвинение кое го терети за корупција, го осуди на осум години и три месеци затвор.

2003.- Лидерите на 10 европски земји на Самитот на Европската унија во Атина потпишаа договори за приклучување во Европската унија на 1 мај 2004 година. Договорите ги потпишаа лидерите на Естонија, Кипар, Летонија, Литванија, Унгарија, Малта, Полска, Словачка, Словенија и Чешка.
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Април.2007 во 10:51
1421.- Повеќе од 100.000 луѓе се удавија кога морето во Холандија ги проби заштитните насипи.

1790.- Во Филаделфија умре Бенџамин Франклин, американски државник, филозоф, физичар, економист и писател. Покрај Џеферсон, автор е на американската "Декларација за независност". Со години тој се занимаваше со демократизација на Уставот и укинување на ропството. Како физичар се занимаваше со проучување на електрицитетот и го пронајде громобранот. Роден е во Бостон, на 17.01.1706 година.

1946.- Последните француски војници ја напуштија Сирија, која стекна независност.

1961.- Со подршка на американската Влада и со помош на ЦИА, кубанските контрареволуционери извршија неуспешен десант на Заливот на Свињите, со намера да ја урнат револуционерната власт на Фидел Кастро. Расплетот на драмата беше побрз отколку што очекуваше Вашингтон. Револуционерните сили брзо го разбија инвазиониот корпус.

1975.- „Црвените Кмери“ го зазедоа главниот град на Камбоџа, Пном Пен и веднаш почнаа терор кон сонародниците во текот на кој - до виетнамската окупација на земјата кон крајот на декември 1978 година - убија меѓу милион и два милиони луѓе.

1977.- Жените во Лихтенштајн прв пат гласаа на избори.

1983.- Од територијата на Индија успешно е лансиран вештачки сателит. Првиот индиски сателит е исфрлен со советска ракета во орбитата околу Земјата од космодромот Бајконур на 19 април 1975 година.

1984.- Во Чарлстон умре Марк Кларк, американски генерал, последен од петмината големи американски команаданти во Втората светска војна. Тој ја предводеше сојузничката инвазија на Италија во 1943 година и ја потпиша Спогодбата со која е окончана војната во Кореја. Тој заедно со генералите Џорџ Партон, Даглас Макартус, Двајт Ајзенхауер и Омар Бредли ги предводеше сите акции на американската армија во Втората светска војна. Роден е во 1897 година.

1989.- Полскиот синдикат „Солидарност“ е легализиран после седумгодишна забрана.

1992.- Во Скопје, претседателот на Република Македонија, Киро Глигоров ја откри новата натпис - плоча на Домот на Армијата на која пишува "Република Македонија, Дом на Армијата - Скопје". Со тоа на симболичен начин беше одбележано доаѓањето на првите регрути на Армијата на Република Македонија и нејзиното воено осамостојување.

1993.- Во Анкара умре Тургут Озал, осми по ред турски претседател. За време на неговото претседателствување, Република Турција ја призна Република Македонија. Роден е на 13.10.1927 година, во источната турска област Малатија.

1997.- Умре израелскиот државник Хаим Херцог, претседател на Израел од 1983 до 1993 година.

2002.- Поранешниот герилски водач Ксанан Гусмао е прогласен за победник на првите претседателски избори во Источен Тимор.

2004.- Новиот водач на палестинското движење Хамас, Абдел Азиз ел Рантиси е убиен во израелски хеликоптерски напад врз неговото возило. Тој стана водач на движењето откако претходно исто така во израелски напад е убиен основачот и духовниот лидер на тој исламистичко движење шеикот Ахмед Јасин.
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Април.2007 во 11:27
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на исламот, според муслиманското верување - "последниот пророк". Во 40 година почна да проповеда нова вера во еден Бог, но во почетокот имаше малку приврзаници. Бидејќи не успеа во Мека, по 10 години отиде во Талф, а подоцна во Медина, каде што ја основа првата општина на новите верници.

1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер Кромвел го распушти Парламентот и воведе лична дикататура како лорд-протектор на Англија.

1657.- Англиската флота, под команда на адмирал Роберт Блејк ги нападна и потопи сите 16 шпански воени бродови во пристаништето Санта Круз на Тенерифе, а потоа го уништи градот.

1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден од најдобрите сликари на пејсажи во 18 век. Најмногу ја сликаше Венеција, нејзините канали и палати.

1889.- Во Браунау, Австрија е роден Адолф Хитлер, водач на Третиот рајх и на нацистичка Германија, еден од најголемите злосторници на историјата во човештвото. Откако на Радио Москва ја слушна веста дека единиците на Црвената армија истакнале црвено знаме на Рајстагот, на 30.04.1945 година, изврши самоубиство во својот бункер, во Берлин.

1893.- Роден е каталонскиот сликар и вајар Хуан Миро, еден од најголемите надреалистички уметници. Тој студираше во родната Барселона, а од 1919 година живееше во Париз. Кратко твореше под влијание на кубизмот, но од 1924 година го изгради неповторливиот личен стил заснован на крајно спонтано регистрирање на формата и знаците кои ги евоцираат подсвесните претстави на примарните и елементарните витални состојби.

1936.- Трупите на Италија кои во почетокот на октомври 1935 година без објавување војна влегоа во Етиопија, презедоа решавачка офанзива против етиопските сили и успеаја да го скршат нивниот отпор и да ја колонизираат земјата.

1948.- Во близина на селото Богацко, костурско, Егејска Македонија, во борба против грчките монархофашисти загина Јани Лукаров, истакнат борец во македонското националноослободително движење и на Демократската армија на Грција. Роден е во селото В'мбел, костурско во 1922 година.

1972.- Американското вселенско летало "Аполо 16" се спушти на површината на Месечината.

1982.- Во Скопје умре Ацо Шопов, македонски писател и академик. Неговата прва книга под наслов "Песни" е објавена во 1944 година. Негови познати дела се "На Грамос", "Стихови за маката и радоста", "Ветерот носи убаво време", "Небиднина" и други. Беше уредник на книжевните списанија "Иднина", "Нов ден", "Хоризонт", и "Современост". Роден е во Штип, на 20.12.1923 година.

1984.- Велика Британија соопшти дека нејзината администрација во Хонгконг ќе престане да функционира во 1997 година.

1994.- Израел и Палестинската ослободителна организација постигнаа Договор за пренесување на власта на Палестинците во областа Газа и во градот Ерихон на Западниот Брег.

миа НАЈАВИ & НАСТАНИ
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Април.2007 во 11:31

- Денеска е Светски ден на книгата и авторското право

1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир, англиски поет и еден од најголемите драмски писатели во светот. Во своите многубројни драмски дела уметнички силно ги прикажа универзалните човекови дилеми и заплети. Најпознати негови дела се "Хамлет", "Магбет", "Ричард Трети", "Крал Лир", "Ромео и Јулија" и "Отело". Умре во Стартфорд, на 23.04.1616 година.

1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес, прочуен шпански писател, творец на првиот реалистички роман на шпанската литература, ненадминливиот „Дон Кихот“. Ги напиша романите „Галатеја“ и „Персилеса и Сигисмунду“, поемата „Патување на Парнас“ и драмата „Нумансија“. Роден е на 9.10.1547 година.

1792.- Создадена е француската химна "Марселеза" која не ја компонира професионален музичар, туку инженерскиот капетан Руже де Лил и тоа како марш. Химната ја пееја револуционерните војници на маршот од Марсеј до Париз.

1858.- Во Киел е роден Макс Планк, германски физичар, основач на Квантната теорија, хипотеза дека енергијата се емитува и се апсорбира само со дискретни количества. Работеше и на теоријата за хемиска рамнотежа и на формулирањето на термодинамичките принципи. Во 1918 година ја доби Нобеловата награда за физика. Умре во Гетинген, на 4.10.1947 година.

1891.- Во Сонцовка е роден Сергеј Сергеевич Прокофјев, руски композитор и пијанист, еден од најоргиналните советски музички творци. Делото му е проткаено со руска национална музика, но во исто време и модерна според стилот на тонското изразување. Негови познати дела се балетите "Ромео и Јулија", "Пепелашка" и "Приказни за камениот цвет". Умре во Москва, на 5.03.1963 година.

1897.- Роден е канадскиот државник Лестер Боулс Пирсон, шеф на дипломатијата од 1948 до 1957 година и премиер на Канада од 1963 до 1968 година. Тој е добитник на Нобеловата награда за мир во 1957 година.  

1972.- Во Скопје е поставен камен-темелник на Соборниот архиепископски храм на Македонската православна црква "Свети Климент Охридски", кој е осветен на 12.08.1990 година.

1989.- Во Скопје умре проф. д-р Владимир Картов, професор на Правниот факултет во Скопје, истакнат научен работник, особено во областа на историјата на македонскиот народ. Роден е во селото Смоквица, гевгелиско во 1934 година.

1992.- Умре индискиот филмски режисер Сатјаџит Рај, еден од најголемите филмски творци на 20 век.  Негови најпознати филмови се „Непобедливи“, „Апуов свет“, „Каменот на мудроста“, „Салон за музика“, „Рабиндранат Тагоре“, „Три девојки“, „Метропола“ и други.

1996.- Лансиран е петтиот и последен модул на руската вселенска станица „Мир“ - научната лабораторија „Природа“, опремена со многу уреди, вклучувајќи оптички инстументи за истражување на ресурсите на Земјата.

2003.- Демаркациската линија под контрола на Обединетите нации која од 1974 година го дели Кипар на јужен грчки и северен турски дел е отворена за населението после 30 години. За само една недела околу 150.000 луѓе престојуваа на територијата на другата етничка заедница.

2004.- Соединетите Американски Држави ги ублажија санкциите против Либија после 20 години откако таа арапска земја објави дека се откажува од развојот на оружјето за масовно уништување.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Април.2007 во 10:42

1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој објави повеќе од 250 дела, но светска слава му донесе романот „Робинсон Крусо“. Други негови познати дела се „Мол Фландерс“, „Полковник Џек“ и „Роксана“. 

1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека патентот за машина за шиење му припаѓа на механичарот Елиас Хау. Тој ја конструира машината за шиење и во потрага за покровител отиде во Англија, каде директорот на патувачкиот театар "Сингер" и други луѓе го измамија и почнаа да ја произведуваат познатата "сингерка". Своето право на патентот, Хау го доби по судски пат и секојдневно примаше по 4.000 долари за лиценцата.

1898.- Шпанија им објави војна на САД по американскиот ултиматум за повлекување на Мадрид од Куба.

1905.- Во селото Цер, кичевско во борба против турската војска загина (се самоуби заедно до единаесетмината негови соборци) Христо Узунов, еден од плејадата големи македонски револуционери во борбата за македонското социјално и национално ослободување, учител и војвода, роднина на Григор Прличев. Роден е во Охрид, на 22.02.1878 година.

1942.- Родена е американската актерка и пејачка Барбара Стрејсенд. Нејзини најпознати филмови се "Смешна девојка", "Девојката која ја сакав", "Ѕвездата е родена", "Јентл" и "Огледалото има две лица".

1945.- Американската Армија во Втората светска војна го ослободи германскиот нацистички концентрационен логор Дахау.

1949.- Во Скопје се одржа првото Универзитетско собрание во Македонија. Притоа е формиран Скопскиот универзитет. Во 1969 година, при одбележувањето на 20-годишнината од работата, Универзитетот го доби името "Кирил и Методиј", а од 12.11.1992 година, "Свети Кирил и Методиј".

1970.- Лансиран е првиот кинески вештачки сателит.

1984.- Во Њујорк умре Харолд Арлен, американски композитор, автор на голем број популарни песни меѓу кои најпозната е "Над виножитото", која во филмот "Волшебникот од ОЗ" ја пееше Џуди Гарланд. Тој компонира повеќе од 500 песни од кои многу беа специјално напишани за филмови и за претстави на Бродвеј. Во 1939 година, тој доби "Оскар" за музиката во филмот "Волшебникот од ОЗ". Роден е во Бафало, на 15.02.1905 година.

1990.- Источна и Западна Геманија го одредија 2 јули како датум за економско обединување, како вовед во целосно обединување на двете германски држави на 3 октомври 1990 година.

1993.- Умре Митко Илиевски, еден од основоположниците на Катедрата по филозофија на Филозофскиот факултет во Скопје. Роден е во селото Блатец, виничко, на 17.05.1924 година.

1995.- Владата на Република Македонија донесе одлука за воспоставување дипломатски односи меѓу Република Македонија и Република Полска на амбасадорско ниво.

1995.- Во Битола умре Љубиша Георгиевски, македонски артист, првенец на Битолскиот народен театар. Роден е во 1930 година.

2003.- Во Багдад се предаде Тарик Азиз, поранешен заменик-премиер на Ирак, кој беше 43-ти на списокот на САД на 55 најбарани  припадници на соборениот режим на Садам Хусеин.

2005.- Умре поранешниот израелски претседател Езер Вајцман, кој имаше клучна улога во постигнувањето на мировниот договор меѓу еврејската држави и Египет во 1979 година.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Април.2007 во 12:17

1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети Ѓорѓи" во селото к*рбиново, ресенско. На 19.10.1991 година е одбележана 800-годишнината од животописувањето на црквата.

1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански поет. Живееше во времето на ренесансата, а во својот богат опус се обидуваше да ги изрази моралните дилеми на своето време, да го фиксира судирот меѓу доброто и злото, меѓу пороците и добрите особини. Најпознати негови дела се "Ослободениот Ерусалим", "Аминта" и "Ротерисмондо". Роден е во Соренто, на 11.03.1544 година.

1744.- Умре Андерс Целзиус, шведски физичар и астроном. Тој ја воведе поделбата на 100 степени на термометарската скала, Целзиусова скала. Во 1736 година, учествуваше во експедицијата која ги измери лаковите на мередијаните, прв го забележа дејството на поларната светлина врз магнетната игла и со сопствени средства ја изгради опсерваторијата во родниот град Упсала. Роден е на 27.11.1701 година.

1859.- Според проектот на францускиот конзул во Александрија Фердинант Лесепс, започна изградбата на Суецкиот канал, со кој Средоземното Море е поврзано со Црвеното Море. Каналот има големо стратегиско и економско значење, затоа што е најкраток пловен пат од Европа до земјите на Средниот и Далечниот Исток.

1874.- Роден е Џилјелмо Маркони, италијански инженер и пронаоѓач, еден од основачите на бежичната телеграфија. Тој прв успеа да го предаде сигналот преку Атланскиот Океан во 1901 година. Умре во 1937 година.

1943.- Умре Владимир Иванович Немирович - Данченко, руски театарски режисер и писател. Заедно со Станиславски, во 1898 година го основа Московскиот художествен театар, најдобриот руски театар и еден од најдобрите реалистични театри во светот. Роден е во 1853 година.

1945.- Во Сан Франциско, САД, почна основачката конференција на Организацијата на обединетите нации, во чија работа учествуваа 45 земји, членки на антихитлеровската коалиција. Право на учество имаа земјите кои до 1 март 1945 година им објавија војна на силите на Оската. Учесниците на конференцијата ја потпишаа Повелбата на ООН на 20 јуни, а ја ратификуваа на 24 октомври 1945 година (Ден на ООН).

1960.- Во Битола е основано Друштвото за наука и уметност. Друштвото е основано со цел да го потикнува развојот на научната мисла, да го проучува минатото, да извршува истражување и унапредување на сите области во развојот на градот и околината.

1971.- Околу 100.000 демонстранти изведоа марш во Вашингтон поради американското воено ангажирање во Виетнам.

1979.- Во Битола е прогласено основањето на вториот Универзитет во СР Македонија. На 13 јуни 1993 година Собранието на Универзитетот во Битола донесе одлука од 30 јуни Универзитетот да се вика "Свети Климент Охридски".

1986.- Се случи хаварија на нуклеарната централа во Чернобил, Украина во СССР. Беа озрачени неколку илјади луѓе.

1995.- Во Скопје умре Јово Камберски, маекдонски писател. Тој ги напиша романите "Пресуда", "Колона", "Пресметка" и "Празник" и книгите раскази "Виденија" и "Траги". Роден е во Гевгелија, на 11.01.1923 година.

1996.- Република Македонија и Хондурас воспоставија дипломатски односи на ниво на амбасади.

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 36>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,656 секунди.