IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - ВЕРСКИ ВЕСТИ
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

ВЕРСКИ ВЕСТИ

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1314151617 86>
Автор
Порака
аџија Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 5474
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај аџија Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Април.2007 во 12:17

Петок, 6.04.2007 | Македонија

Алатки


Никола Груевски

Верзија за печатење

Груевски упати честитки по повод Велигден

Скопје /06/04/ 11:46

Премиерот Никола Груевски во пресрет на големиот Христијански празник Велигден, на Поглаварот на Македонската православна црква Г. г.Стефан и на православни верници им го честита Христовото Воскресение.

„Ваше Блаженство, верувам дека како христијани, ќе продолжиме да работиме за мир и достоен соживот, секојдневно ќе создаваме услови за поубав и подобар живот на нашите граѓани“, се вели меѓу другото во честитката на Груевски.

Македонскиот премиер по повод Велигден, упати честитки и до Апостолскиот Егзарх и Бискупот на Скопската Бискупија, Киро Стојанов, како и до Михаил Цеков од Евангелско – Методистичка Црква.
Годинава Велигден се слави во ист ден кај сиот христијански свет.

Кон врв
аџија Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 5474
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај аџија Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Април.2007 во 23:41

Црногорската црква ги презема храмовите од Српската по Велигден

Подгорица /06/04/ 17:09

Црногорската православна црква (ЦПЦ) објави денеска дека ќе почне со преземање на храмовите за кои смета дека се нејзини, по Велигден.

Според информацијата што ја пренесе Радио Слободна Европа, станува збор за црквите и манастирите изградени пред 1920, а кои по таа година ги има преземено Српската православна црква(СПЦ).

Архиепископот на ЦПЦ Михајло, ја потврди оваа информација и за Војводинскиот весник Граѓански лист, прецизирајќи дека станува збор за „повеќето храмови“ кои сега се во владение на Српската црква.

Покрај ова, најавено дека ЦПЦ по празниците ќе ја преземе и капелата Дворска во Подгорица, која сега се наоѓа во комплексот на Центарот за современа уметност./крај/б

Кон врв
аџија Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 5474
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај аџија Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Април.2007 во 16:17

Ослободителна пресуда за Вранишковски

Владимир Тевчев
10.04.2007
Јован Вранишковски

 

Вранишковски не е виновен за злоупотреба на црковни пари, вака реши денеска Велешкиот суд. Експресно, по само едно рочиште, судијата Валентин Зафиров донесе идентична пресуда како и лани.

Делото за кое се товари расчинетиот владика не е дело според кривичниот законик, е образложението за ослободителната пресуда.

Вранишковски беше осуден дека злоупотребил 325.000 евра, за кои тој еднаш веќе беше прогласен за невин, но Апелација побара повторно судење. Сепак, единственото рочиште помина без нови докази и со исти искази на сведоците.

Во завршните зборови Јован се бранеше, дека трошењето пари во црквата не е предмет на работа на обвинителството и судот, дека црквата не води книговодство и дека таа е одвоена од државата.

Оваа ослободителна пресуда го затече поранешниот владика во затвор. За проневера на пари од донација издржува едногодишна казна, која поради добро однесување му беше скратена за три месеци. На први мај Јован излегува од Идризово.

Кон врв
аџија Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 5474
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај аџија Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Април.2007 во 16:19
Mnogu mi e interesna odbranata na Vraniskovski... Ne veli deka ne gi zloupotrebil, tuku deka crkvata e odvoena od drzavata i so drugi zborovi, nema sto oni nego da go prasuvaat dali gi zlopotrebil ili ne...

Vidi vidi... znaci vladicite, ne smee nikoj da im cepne u novcanikot... Confused
Кон врв
аџија Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 5474
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај аџија Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Април.2007 во 01:56

ДЕДО СТЕФАН СИ ГО БАРА СО БОРИНЧЕ


Стефан вели: не ни треба влез во Европската Унија ако не е по мое!


Во своето велигденско обраќање поглаварот на МПЦ Стефан одбра повторно да ја отвори темата каде се црковните пари од заедничката фирма со Миладинови?! Новинарите, кој од вакви кој од онакви, но, главно од принцип на т.н. виши интерси - темата ја подолабавија. Но, Стефан сака да ја држи активна, и сите кои напишале нешто за проневерите ги нарече непријатели на МПЦ. Затоа ли за Велигден немаше народ пред Соборниот храм?! Да видиме кој е непријател на МПЦ: оној што од знаење или незнаење, го краде и проневерува нејзиниот имот, или оној што на тоа укажува?!



Непријателите на МПЦ ја бараат нејзината глава, изјави владиката Стефан, поглавар на МПЦ, во врска со пишувањата на низа медиуми дека под негово раководство се отуѓува црковен имот вреден повеќе милиони евра. Од црквите и имотот во скопско Говрлево, па се до хотелот "Изгрев", повеќе од една година МПЦ ја тресат финансиски скандали за кои се уште нема одговор. Наводно, уште пред еден месец требаше до јавноста да се изнесе ревизорскиот извештај за работата на фирмата Миладинов, во кој МПЦ е содружник, а извештајот се уште го нема. Ниту, пак, како што вети поглаварот на МПЦ случајот Изгрев го изнесе пред Светиот синод на МПЦ, до ден-денес.

Во врска со хотелот "Изгрев", владиката Стефан изјави дека тој е имот на МПЦ, и нема ништо спорно. Но, ВЕЧЕР, црно на бело, објави документ дека хотелот "Изгрев" е под хипотека, дека е заведен во Катастар на име на браќата Миладинови, а не на МПЦ. Значи, без согласнот на Синодот некој дозволил имот вреден неколку милиони евра да се загуби од сопственост на МПЦ и да се заведе како имот на други, приватни лица. За тоа во секоја институција се одговара.

Најпосле, фирмата Миладинов ДОО Струга, во која МПЦ е содружник, не како што изјави Стефан 51, туку само 33 проценти, е правно лице, компанија како и секоја друга и Државата треба да ја третира како редовен случај, без оглед дали косопственик е МПЦ или некоја друга верска институција. На пазарот и пред законот, сите се еднакви.

Кога еден поглавар на Црква, во случајов владиката Стефан, поглавар на МПЦ, ќе нарече повеќе новинари непријатели на Црквата во која и самите се крстени, дека тенденциозно, за сметка на други, работат со цел да се руши цела една Црква, такво обвинување не се заборава, ниту премолчува. Една страна е во право: или Владиката Стефан, или новинарите кои пишувале. Новинарите, со документи ги изнесоа своите аргументи. Владиката Стефан, до ден-денес, не покажа ниту еден аргумент. Само квалификации и клевети.

Ако на досегашните прашања Владиката Стефан нема одговор, да додадеме уште едно. Можеби на ова прашање за растурање на црковниот имот од заедничката фирма Миладинов, ќе има одговор:
Го прашуваме владиката Стефан дали нивната заедничка фирма Миладинов ДОО Струга, околу Нова година, примила на сметка нешто повеќе од 700.000 евра од македонска компанија со странски основач? Дали тие пари, веднаш потоа, се изнесени од сметката? Дали речиси истиот износ потоа едниот од основачите на Миладинов ДОО (заедничка фирма со МПЦ) не го уплаќа за купување акции на земјоделска задруга близу Скопје која располага со огромен плац погоден за градба на деловни и станбени згради?

Парите се уплатени на компанија во која МПЦ е содружник. Оттаму се и извадени. Дали содружникот МПЦ дал согласност заедничките 700.000 евра од сметка да излезат, а потоа да се загубат употребени за корист на една страна, по што МПЦ останува и без парите и без имот купен, по се изгледа, од тие заеднички пари.

Фирма е фирма. Дали во неа содружува МПЦ, или не, нема разлика. Па, господине Стефан, каде се и овие пари?!

Финале на се е изјавата на г.г. Стефан во врска со измените во законот за верски заедници со кој се овозможува заинтересирани граѓани да формираат црковни здруженија, институции... кој, помеѓу другото, е еден од обврзувачките закони за примена на европските стандарди и предуслови за членство во ЕУ за сите, не само за нас.

Ако на Македонија и зависи влезот во Европската унија од законот за верски заедници, подобро и нека не влезе! - изјавува поглаварот на МПЦ владиката Стефан во велигденското интервју за "Дневник".

Ваква изјава не даваат ни најрадикалните исламски претставници во Турција која, исто така, е земја заинтересирана за влез во ЕУ. Дали на Светиот синод расправале за ваквиот став или поглаварот Стефан овој верски радикализам го изградил самостојно. За интерсите на г.г.

Стефан цела една нација од два милиони луѓе треба да биде негов заложник. Во тие два милони има и верници и атеисти, и православни, и католици и муслимани... Сите нека дремат во мракот на балканската визба, за г.г. Стефан да нема конк*ренција. Децата нека ни бидат надвор од светот и западната култура и демократија, ама нека нема никој друг да ги крсти освен владиката Стефан.

Кој кому му служи? Црквата на народот, или народот на црквата?!

Кон врв
C.B. Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Март.2007
Статус: Офлајн
Поени: 152
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај C.B. Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Април.2007 во 13:35
Originally posted by аџија аџија напиша:

Mnogu mi e interesna odbranata na Vraniskovski... Ne veli deka ne gi zloupotrebil, tuku deka crkvata e odvoena od drzavata i so drugi zborovi, nema sto oni nego da go prasuvaat dali gi zlopotrebil ili ne...

Vidi vidi... znaci vladicite, ne smee nikoj da im cepne u novcanikot... Confused

Ослободителна пресуда за Вранишковски

Владимир Тевчев
10.04.2007
Јован Вранишковски

 

Вранишковски не е виновен за злоупотреба на црковни пари, вака реши денеска Велешкиот суд. Експресно, по само едно рочиште, судијата Валентин Зафиров донесе идентична пресуда како и лани.

Делото за кое се товари расчинетиот владика не е дело според кривичниот законик, е образложението за ослободителната пресуда.

Вранишковски беше осуден дека злоупотребил 325.000 евра, за кои тој еднаш веќе беше прогласен за невин, но Апелација побара повторно судење. Сепак, единственото рочиште помина без нови докази и со исти искази на сведоците.




ps.   kazi koj moze da im cepna na pastorite vo novcanicite i dali im cepka?
www.freearchbishop.com Петиција%20за%20ослободување%20на%20Архиепископот%20Јован
Петиција%20за%20ослободување%20на%20Архиепископот%20Јован


Изменето од C.B. - 11.Април.2007 во 13:48
Кроз ватру и воду дигнуте главе, Стазом победе части и славе
     
Кон врв
C.B. Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Март.2007
Статус: Офлајн
Поени: 152
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај C.B. Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Април.2007 во 13:43


pravoslavna%20ohridska%20arhiepiskopija


ПАСХАЛНА ПОРАКА

до чесното свештенство, преподобното монаштво и побожниот народ на нашата најсвештена Архиепископија

Зракот од светлината на воскресението што незапирливо продира насекаде, посакуваме да ве осветли, и просветли сите вас, љубени чеда во воскреснатиот Христос. Оваа пасхална порака иако ви ја испраќаме од затвор, од место значи, што според сè потсетува на темнина, страв и несигурност, се молиме да ви донесе воскресенски блесок, бодрост, радост и сила. Не затоа што зборот што ќе го чуете од оваа порака сам по себе е моќен да преобразува. Дури и да беше испратен од многу поугледно место отколку што е тоа затворот, дури и да е напишан од многу поголем уметник на говорот отколку што е тоа нашата смиреност, без оглед значи на неговиот естетски и материјален облик, тој нема трајна вредност, и вистинска смисла ако истиот не е причасник на воскресението. Само оној логос кој и самиот е учесник во воскреснатиот Христос, само зборот значи, што учествува во вечниот Божји живот, може да ги просветли, да ги поттикне, да ги преобрази и да ги восоврши оние кон кои е упатен.

Но, и тоа е неможно без вера. Без вера, зборот за воскресението е обесилен. Без вера, дури да сме на местото на стражарите кои го чуваа гробот Христов, дури и први да сме виделе дека после воскресението тој гроб е празен и го нема внатре веќе мртвото тело Господово, пак ќе останеме далеку од благовестието. Верата е одговорот на повикот Божји во нас. Бог нè повикува на личносен начин да го познаеме, да влеземе во трајна заедница со Него за да се осветиме и обожиме. Имајќи вера ние стануваме способни да го чуеме тој глас, и да му одговориме, да речеме: Амин, да речеме: Нека биде волјата Твоја Господи. Обратно, без вера ние сме глуви, и слепи, и целосно духовно бесчувствени. Ниту можеме да го чуеме повикот Божји, а уште помалку можеме да одговориме на тој повик.

Затоа оваа порака е до верните, а да се покажеш верен нема друг начин освен да веруваш во Воскреснатиот, во Оној Кој ја сотре смртта заради нас, за ние, верните во Него да наследиме живот вечен, и живот во изобилие. Воскреснатиот е меѓник на епохите. Тој го подели времето, цивилизацијата и постоењето на време до Него, цивилизација до Него, постоење до Него, и време од Него, цивилизација од Него, постоење од Него. Тоа го направи затоа што донесе нешто ново под сонцето, нешто што не само човекот, туку ниту Ангелите, ниту ѓаволите до тогаш не го виделе. А тоа е воскресението. Истото воскресение кое и денес го славиме зашто Христос воскресна еднаш за секогаш, и ние денес, после многу векови од историското Негово воскресение учествуваме токму во истиот настан, настан преку кој вечноста продре во времето и преку кој времето стана вечност.

Животот, без вера во воскресението е крајно обесмислен. Најчесто таквиот живот е исполнет со лутања и барања, со незадоволство од понуденото и потрага по нешто посуштинско. Но, ако се открие дека нема ништо посуштинско од вечниот живот, ако човек се увери дека било која животна цел која би ја одбрал е минлива, а вредно е само она што ќе го помине судот на вечноста, тогаш нема животот да се троши несмасно и неодговорно. Добиваме живот од Бога не за да го истрошиме необновливо и неповратно, туку за да се прилагодиме на вечноста, за да се извежбаме во совршенството. А, почетокот, но и крајот, алфа, но и омега секогаш е воскреснатиот Христос. Верата дека Тој воскресна од мртвите, дека ја сотре смртта и дека ни ја отвори вратата на Царството Небесно, всушност е блажениот почеток без кој сè друго би било промашување. Остварувањето пак, на нашето воскресение кое е производ на заедницата што за време на животот ќе ја воспоставиме со Воскреснатиот, е крајот. Но, и на почетокот, и на крајот образецот е Богочовекот Кој воскресна од мртвите.

Ако тој образец стане образец на нашиот живот, ако светлината на воскресението која излезе од гробот Христов ја осветлува нашата секојдневица, тогаш нема несреќа што може да нè доведе до очај, нема затвор што духовно ќе нè пороби, нема болест што ќе нè погуби. Насочувајќи го животот кон заедница со Воскреснатиот, секоја замка и секое искушение станува совладливо, секое затворање и телесно ропство издржливо, секоја болест и страдање стануваат работилница за вечноста.

Затоа, возљубени во Господа, „ведрата проповед за воскресението“ денес да ја научиме како што Господовите ученички ја научија од Ангелите, и да се пофалиме пред светот, као што тие им се пофалија на Апостолите. На благочестивиот не му приличи да се фали со ништо друго, освен со воскресението и Воскреснатиот. Така и ние да се пофалиме, покрај со нашите слабости како што тоа го правеше Апостолот, и со воскресението Христово. Единствено тоа е излез од сите безизлези со кои сме опкружени, единствено тоа е смисла во сите бесмисли со кои сме оградени, единствено тоа е радост во сите очајанија кои нè притеснуваат. Христос воскресна за да се надминат сите поделби, воскресна за да се соедини небото и земјата, Бог и човекот. Не воскресна за да подели, за да растури и за да погуби. Ете зошто секоја схизма, секој раскол е против Христа, против единството на створениот свет во Него, а со тоа и против воскресението. Расколот е разделување, разлагање и конечно смрт и пропаст. Воскресението е соединување, единство и конечно вечен живот.

Да се насочиме кон ова второво, љубени чеда во Воскреснатиот, да работиме на единството на Црквата за да наследиме воскресение и живот вечен, и заедно со цела Црква во еден глас да речеме: Христос воскресе.

На Пасха 2007
Од затворот Идризово
Ваш горешт молитвеник пред воскреснатиот Христос
+Јован по милоста Божја Архиепископ охридски и Митрополит скопскиwww.freearchbishop.com Петиција%20за%20ослободување%20на%20Архиепископот%20Јован

Петиција%20за%20ослободување%20на%20Архиепископот%20Јован



Изменето од C.B. - 11.Април.2007 во 13:48
Кроз ватру и воду дигнуте главе, Стазом победе части и славе
     
Кон врв
аџија Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 5474
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај аџија Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Април.2007 во 14:24
абе C.B. ти со „расколникот“, и уште тука не убедуваш во ЕДНАТА света апостолска црква??? LOLLOLLOL

да не беше смешно, ќе плачев... најискрено... Confused
Кон врв
belichka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 2023
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај belichka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Април.2007 во 14:28
Originally posted by аџија аџија напиша:

абе C.B. ти со „расколникот“, и уште тука не убедуваш во ЕДНАТА света апостолска црква??? LOLLOLLOL

да не беше смешно, ќе плачев... најискрено... Confused
 
ne kvari tema
barem ti taka me ubeduvas de LOLLOLLOL
a i tvoeto.
 
Originally posted by аџија аџија напиша:

да не беше смешно, ќе плачев... најискрено... Confused
 
 
LOLLOLLOLLOLLOLLOLLOLLOLLOLLOLLOLLOLLOL
 
 
 
Blagosloven e Onoj Koj ide vo imeto Gospodovo
Кон врв
mali simo Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1132
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mali simo Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Април.2007 во 14:56
Originally posted by аџија аџија напиша:

абе C.B. ти со „расколникот“, и уште тука не убедуваш во ЕДНАТА света апостолска црква??? LOLLOLLOL

да не беше смешно, ќе плачев... најискрено... Confused


ПОДОБРО СО ЕДНА НОГА ВО ПЕКОЛ НЕГО СО ДВЕТЕ

ПОДОБРО СО РАСКОЛНИК НЕГО СО ЕРЕТИК И СЕКТАШ  Tongue

ХРИСТОС ВОСКРЕСНА ОД МРТВИТЕ СО СМРТА СМРТА ЈА ПОБЕДИ И НА ТИЕ ВО ГРОБОВИТЕ ЖИВОТ ИМ ДАРИ

Кон врв
аџија Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 5474
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај аџија Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Април.2007 во 15:04
јас не коментирав дали си исправната струја на православието, оти за мене нема голема разлика кај и да си...

поентата ми беше сосема друга... Си ги ископавте очите со МПЦ, а тука не залажуваш со некакво единство! CryCryCry
Кон врв
mali simo Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1132
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mali simo Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Април.2007 во 15:09

А која ти беше поентата ?????

ти кажуваш за копање очи /????  прашај некој католик за редот на Језуитите па јасно ќе ти бите!!!!

ХРИСТОС ВОСКРЕСНА ОД МРТВИТЕ СО СМРТА СМРТА ЈА ПОБЕДИ И НА ТИЕ ВО ГРОБОВИТЕ ЖИВОТ ИМ ДАРИ

Кон врв
mali simo Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1132
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mali simo Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Април.2007 во 20:22
Originally posted by аџија аџија напиша:

поентата беше, какво тоа имагинарно, фиктивно, да не речам каква тоа фантазија ни продаваш овде за некакво Единство? Не е ли пречка токму неединството и тесноградите етнофилски интереси причина за „расколот“ и за не можноста 1000 години да се свика Собор?


поентата ти е позната, не би сега за тоа!!!!

собор може да се свика само меѓу православната и католичката црква ако за почеток се признае грешноста на папата!

со секакви секти и еретици или ,,реформатори,, нема да се договара нити преговара се додека не се вратат на учењето на усточните отци од првите векови!!!!


ХРИСТОС ВОСКРЕСНА ОД МРТВИТЕ СО СМРТА СМРТА ЈА ПОБЕДИ И НА ТИЕ ВО ГРОБОВИТЕ ЖИВОТ ИМ ДАРИ

Кон врв
аџија Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 5474
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај аџија Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Април.2007 во 23:34
Originally posted by mali simo mali simo напиша:


собор може да се свика само меѓу православната и католичката црква ако за почеток се признае грешноста на папата!



може да се свика? Стварно? А како тоа никако да се договорат, еве не мора со католиците, прво и основно самите православни цркви?

И кој ќе биде поканет? МПЦ, или ПОА? Ќе биде ли поканета ли ЦПЦ, или само СПЦ? Ќе биде призната ли Украинската Црква, или не? Кое крило на Бугарската православна црква ќе биде покането? Како ќе се одлучува со мнозинство, кога ГПЦ контролира дури 5 патријаршии??? Како ова ќе го прифати РПЦ, која се смета себеси за Новиот Рим?
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1314151617 86>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,172 секунди.