IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > АРХИВА > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Тројство или Четворство?
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Тројство или Четворство?

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12345>
Автор
Порака
чаир Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 950
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чаир Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Март.2007 во 22:37
1.2 Личноста Божја

Тоа е величенствена, славна тема од Библијата дека Бог е откриен за стварна допирлива личност, со телесно постоење. Темелно начело на христијанството е дека Исус е син Божји. Доколку Бог не е телесно суштество, тогаш е невозможно за Него да има син кој беше "обличје на Неговото суштество" (Евр.1:3). Понатаму, станува тешко да се развива личен, животен однос со 'Бога', ако е 'Бог' само поим во нашата свест, сноп од дух некаде во празнината на просторот. Трагично е што повеќето религии ја имаат оваа нестварна, недопирлива концепција за Бога.

Бог дека е бескрајно поголем од нас, разбирливо е што кај многу луѓе верата се препречила пред јасните ветувања дека конечно ќе го видиме Бога. Израел ја немаше верата да го види ‘обликот’ Божји (Јв.5:37), јасно покажувајќи дека Тој има вистински облик. Таква вера доаѓа од познавањето на Бога и верувањето во Неговото слово:

-"Блажени се чистите по срце, зашто тие ќе Го видат Бога (Мт.5:8).

-Божјите "слуги ќе Му служат и ќе Го гледаат лицето Негово, а името Негово (Божјото име- Отк.3:12) ќе им биде на челата нивни" (Отк.22:3,4).

Ваква прекрасна надеж, ако навистина веруваме, ќе има темелно практичен учинок врз нашите животи:


"Грижете се да имате мир со сите и светост, без која никој нема да Го види Господа" (Евр.12:14).

Ние не треба да се колнеме, зашто "кој се заколне во небото, се колне во престолот Божји и во Оној, што седи на него" (Мт.23:22). Ова е бесмислица ако Бог не е телесно суштество.

"Ќе Го видиме каков што е (откриен во Христа). И секој, што ја има таа надеж во Него, се очистува самиот себе, како што е чист Он" (1Јв.3:2,3).

Во овој живот нашето разбирање за Небесниот Отец е многу непотполно, но можеме да гледаме напред, низ густиот мрак на овој живот, кон конечната средба со Него. Нашето физичко гледање на Него несомнено ќе биде пропратено од нашето поголемо духовно разбирање за Него. Така од апсолутните длабочини на човечкото страдање, Јов можеше да се радува во целосниот личен однос со Бога кој, потполно ќе го доживее во последниот ден:

"Иако после мојата кожа (т.е. смрт) црви го уништат ова тело, сепак во моето тело ќе го видам јас Бога: кого ќе го видам за себе, моите очи ќе го гледаат, а не на друг" (Јов 19:26,27 евр. текст).

И апостол Павле извика од еден друг живот на бол и страдање: "Сега гледаме како низ стакло, темно; но тогаш лице во лице" (1Кор.13:12).

СТАРОЗАВЕТНИ ДОКАЗИ

Овие ветувања од Новиот завет се изградени врз значителен осврт на старозаветни докази за еден суштествен телесен Бог. Не може да се преистакне дека е основно да се сфати природата Божја ако сакаме навистина да разбереме што е тоа библиски темелена религија. Стариот завет постојано говори за Бога како за личност; лице-кон-лице однос со Бога, за кој говори и Стариот и Новиот завет, е единствен, на вистинската христијанска надеж. Следниве силни аргументи се во прилог на еден суштествен, телесен Бог:

-"Рече Бог: Да создадеме човек според Нашиот образ и подобие како што сме ние" (Бит.1:26). Така човекот е направен по образот и подобието Божјо, како што е откриен низ ангелите. Јак.3:9 говори за "луѓето, создадени според подобието Божјо". Овие зборови не можат да се применат на човечкиот духовен лик, бидејќи по природа нашиот ум е потполно оддалечен од Бога и на многу начини битно спротивен на Неговата праведност: "Моите мисли не се ваши мисли, ниту вашите патишта се Мои патишта, вели Господ. Но, како што е небото повисоко од земјата, така се и Моите патишта повисоки од вашите патишта, и мислите Мои- повисоко од вашите мисли" (Иса.55:8,9). Према тоа образот и подобието кое што го делиме со Бога мора да е физичкиот лик. Кога и да се ангели пратени на земјата се опишани дека имаат облик на луѓе- пр. Авраам нагости ангели несвесно, мислејќи дека се обични луѓе. Нашето создавање по образот Божји сигурно значи дека можеме да заклучиме нешто за вистинскиот објект од кој сме тек еден образ. Така Бог, кого ние го одразуваме, не е нешто небулозно за кое што не можеме да замислиме.

-Самите ангели се еден одраз Божји. Така Бог може да каже за Мојсеј, "Со него Јас ќе говорам уста со уста, и јавно... и сличноста Господова ќе биде видена" (Бро.12:8 евр. текст). Ова се однесува за Мојсеј кој добива инструкции од ангел кој го носи името Господово (Исх.23:20,21). Ако ангелот беше сличен на Господа следува дека Бог е во истиот облик како ангелите- т.е. во човечка физичка појава, иако со бескрајно повисока природа него крв и месо: "Господ зборуваше со Мојсеја лице в лице, како што човек зборува со пријател свој" (Исх.33:11; 5Мој.34:10). Господ беше објавен во Својот ангел чие лице и уста ги одразуваа оние на Самиот Бог.

-"Он го знае нашиот состав (Пс.102:14); Тој посакува да размислуваме за Него како за суштествена особа. Тоа би ги објаснало многуте препораки на Божјите дланки, раце, очи и.т.н. Ако Бог беше еден животен сноп некаде на небото, што треба да биде нашето поимање за Бога ако отфрлиме дека е суштествен, тогаш овие препораки погрешно не водат и не служат на никаква намена за учење.

-Описите за Божјото место на живеење јасно покажуваат дека ‘Бог’ има лична локација: "Бог е на небото" (Проп.5:1); "се јави од светата Своја височина, Господ од небесата погледна на земјата" (Пс.101:19); "чуј од небото, од местото на Твоето живеалиште" (3Цар.8:39). Сепак поодредено од ова, ние читаме дека Бог има "престол" (2Лет.9:8; Пс.10:4; Иса.6:1; 66:1). Ваков јазик е тешко да се примени на неодредена суштественост која постои некаде во небесното подрачје. За Бога се говори дека се ‘симнува’ кога Се објавува. Тоа ја сугерира Божјата небесна локација. Невозможно е да се разбере идејата за 'Божјо објавување' без почитувањето на особната, телесна природа Божја.

-Исаија 45 е исполнет со препораки од Бога за Неговата лична вклученост во аферите на Својот народ: "Јас сум Господ, и нема друг... Јас, Господ, го вршам сето тоа... Јас Господ, го правам тоа. Тешко му на оној, кој се расправа со Создателот свој... Јас- Моите раце ги простреја небесата... Кон Мене обрнете се, и ќе бидете спасени, сите краишта земни". Оваа последна реченица посебно го покажува личното постоење на Бога, Тој посакува луѓето да Го погледнат, да замислат за Неговото дословно постоење со окото на верата.

-Бог ни е откриен како Бог кој простува, кој говори зборови до луѓето. Сепак простување и говорење можат да произлезат само од особа, тие се душевни дела. Така Давид беше човек по срцето Божјо (1Цар.13:14), покажувајќи дека Бог има свест (срце), кое е способно да се реплицира до некаде кај човекот, сепак човекот по природа не е по срцето Божјо. Пасуси како "се покаја Бог што го беше создал човекот, па се разжалости во срцето Свое" (Бит.6:6), го откриваат Бога како чувствително свесно суштество, повеќе отколку некој замислен здив од дух во атмосферата. Тоа ни помага да сфатиме како навистина можеме да Му угодиме или не угодиме, како што може дете на својот природен татко.

АКО БОГ НЕ Е СУШТЕСТВЕН...

Ако Бог не е едно вистинско, суштествено битие, тогаш концептот за духовноста е тежок за поимање. Ако Бог е потполно праведен но не е материјално суштество, тогаш не можеме стварно да ја замислиме Неговата праведност откриена на луѓето. Двата апостати христијанството и еврејството појмуваат дека Божјата праведност влегува во нашите животи преку еден небулозен 'свети Дух' кој некако не претвора во Божјиот душевен лик, и прифатливи за Него. Напротив, еднаш кога ќе сфатиме дека има суштествена особа наречена Бог, тогаш можеме да работиме на нашиот карактер, со Негова помош и влијанието на Неговото слово за да ги одразиме Божјите карактеристики во нас.

Божјата намера е да Се открие во мноштво прославени особи. Неговото спомен име, Јехова Елохим, го покажува тоа ('Тој кој ќе бидат моќните', е приближен превод). Ако Бог не е телесна особа, тогаш наградата на верниците е да имаат нефизичко постоење како Бог. Но описите за наградата на верниците во Божјото царство кое доаѓа на земјата покажуваат дека тие ќе имаат допирливо, телесно постоење, иако не повеќе подложни на слабостите на човечката природа. Јов копнееше за "последниот ден" кога ќе добие воскресение на своето тело (Јов 19:25-27); Авраам мора да е еден од "многумина од оние што спијат во земниот прав (кои) ќе се разбудат... за вечен живот" (Дан.12:2) за да го прими ветувањето за вечно наследство на земјата ханаанска, една физичка локација на земјава (Бит.7:8). "Светците радосно ќе воскликнуваат... нека пеат гласно врз леглата свои... и извршат пресуда врз безбожниците" (Пс.131:16; 149:5,7 евр. текст). Еден неуспех и од Евреин и од безбожник да сфатат пасуси како овие, како и битниот дословен, физички увоз на ветувањата кон Авраама, довеле до погрешното мнение за една "бесмртна душа" како вистинска форма на човечкото постоење. Таа идеја е потполно лишена од библиска поддршка. Бог е едно бесмртно, славно битие и Тој ја изработува Својата цел за луѓето да можат да бидат повикани да живеат во Неговото идно царство на земјава, да ги делат Неговите својства, изразени во еден телесен облик.

На верниците им е ветено дека ќе ја наследат Божјата природа (2Пет.1:4). Ако Бог не е особа, тогаш тоа значи дека ние би живееле вечно како нематеријални духови. Но тоа не е библиско учење. Нас ќе ни се даде тело како она на Исус (Филип.3:21), и ние знаеме дека ќе имаме буквално тело во царството, кое ќе има раце, очи и уши (Зах.13:6; Иса.11:3). Доктрината за личноста Божја е према тоа поврзана со евангелието на царството.

Треба да е јасно дека не може да има стварен концепт на обожавање, религија или личен однос со Бога додека не се сфати дека Бог е личност, дека сме ние по Неговиот физички образ, иако многу несовршан образ и треба да го развиваме Неговиот душевен лик за да можеме да ја преземеме полноста на Неговиот физички облик во царството Божјо. Многу повеќе смисла и утеха сега може да се извлече од пасусите кои говорат за Бога како за Отец кој љуби, не казнува како човекот својот син (пр. 5Мој.8:5). Во контекст на Христовите страдања читаме дека на "Господа му беше угодно да Го бие" (Иса.53:10 евр. текст), иако тој "извика кон Бога: тој го слушна мојот глас... и мојот плач дојде до него, дури до неговите уши" (Пс.7:6) евр. текст). Божјото ветување до Давид за семето кое ќе биде Божји син, го побаруваше чудесното раѓање на едно човечко битие; ако Бог не беше личност, не ќе можеше да има таков син.

Правилното разбирање за Бога е клуч кој отвара многу други важни подрачја од библиското учење. Но како што една лага води кон друга лага, така и едно лажно поимање за Бога го замрачува системот на вистина која Писмото ја нуди. Ако го најде овој оддел убедлив, или барем делумно, се поставува прашањето: 'дали навистина го познаваш Бога?' Сега понатаму ќе го иследуваме библиското учење за Него.
Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
Кон врв
Miralem1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 10.Март.2007
Статус: Офлајн
Поени: 1548
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Miralem1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Март.2007 во 23:04
Originally posted by plamenko plamenko напиша:

miralem i mene bi me interesiralo da kazes dali si eden ili trojca miralemi zborat ili pisuvaat
:)
 
 
Kolku sto jas mozam da ti dokazam deka sum Bog ili Sveti Duh ili Sin Bozji te. trojca vo eden tolku nekoj od vas ke dokaze deka Isus e bog.
Alija ra je rekao:Znanje je bolje od imetka.Znanje te cuva a ti cuvas imetak.Znanje je sudija,a bogatstvu se sudi,umrli su oni koji su gomilali bogadstvo,a ostali su oni koji su sakupljali znanje
Кон врв
аџија Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 5474
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај аџија Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Март.2007 во 23:12
Исус не мора да ти се докажува на тебе, или на некој друг, трет... Тој е Бог и тоа е вистината, а сега дали ти ќе го рушиш, и плукаш Бога во лице со твоите изјави, тоа е твое право... Се разбира, до СУДНИОТ ден...
Кон врв
Miralem1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 10.Март.2007
Статус: Офлајн
Поени: 1548
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Miralem1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Март.2007 во 23:21
Originally posted by аџија аџија напиша:

Исус не мора да ти се докажува на тебе, или на некој друг, трет... Тој е Бог и тоа е вистината, а сега дали ти ќе го рушиш, и плукаш Бога во лице со твоите изјави, тоа е твое право... Се разбира, до СУДНИОТ ден...
 
Navistina nemora da mi se dokazuva.Go pocituvam i go sakam i go cenam DALEKU POVEKE OD BILO KOJ HRISTIJANIN TUKA. A ti,acko.... koga bi te vratile vo vremeto negovo,Isusovo alejhi selam,ti povtorno bi gledal kako da go zastrelas.... Vie bevte tie koi plukaa vo nego i vo site Bozji pratenici.
Alija ra je rekao:Znanje je bolje od imetka.Znanje te cuva a ti cuvas imetak.Znanje je sudija,a bogatstvu se sudi,umrli su oni koji su gomilali bogadstvo,a ostali su oni koji su sakupljali znanje
Кон врв
аџија Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 5474
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај аџија Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Март.2007 во 23:24
Ти и ден денес плукаш и повторно го распнуваш со твоето неверие и понижување на Неговата Света Служба... Доволно е тоа. друже, за да знаеме дека не си на Божја страна...
Кон врв
Miralem1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 10.Март.2007
Статус: Офлајн
Поени: 1548
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Miralem1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Март.2007 во 23:28
Originally posted by аџија аџија напиша:

Ти и ден денес плукаш и повторно го распнуваш со твоето неверие и понижување на Неговата Света Служба... Доволно е тоа. друже, за да знаеме дека не си на Божја страна...
 
Dobar ke bese seuste acki... da ne gi pokazese rogovite pred vreme :)
Alija ra je rekao:Znanje je bolje od imetka.Znanje te cuva a ti cuvas imetak.Znanje je sudija,a bogatstvu se sudi,umrli su oni koji su gomilali bogadstvo,a ostali su oni koji su sakupljali znanje
Кон врв
здраво Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 15.Декември.2006
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 253
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај здраво Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Април.2007 во 10:10
Еве драги форумџии ,пластичен пример што се случува кога некој ќе постави прашање,ќе добие одговор на кој не може да врати со факт,почнува да вреѓа,избегува од темата,бива два три пати опоменуван со бан и бришење,продолжува со навреди,и ништо не му се случува.
За разлика ,до сега сум бил два пати баниран без причина.
И што начин на однесување ќе беше ова?
А за прашањето соодветно е одговорено.
П.С.
Ти не можеш да докажеш дека си бог.А тебе ти е докажано за Светата Тројца.
Имаш очи ,види,имаш уши слушни....
Кон врв
аџија Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 5474
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај аџија Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Април.2007 во 10:17
Originally posted by Miralem1 Miralem1 напиша:

 
Navistina nemora da mi se dokazuva.Go pocituvam i go sakam i go cenam DALEKU POVEKE OD BILO KOJ HRISTIJANIN TUKA. 


Првиот знак на вистинската/лажната вера, е колку човек е понизен/горд кон своето верување/неверување...
Кон врв
здраво Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 15.Декември.2006
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 253
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај здраво Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Април.2007 во 10:27
Чисто лицемерие
Originally posted by Miralem1

  Navistina nemora da mi se dokazuva.Go pocituvam i go sakam i go cenam DALEKU POVEKE OD BILO KOJ HRISTIJANIN TUKA.
Кон врв
betonjera Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Март.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај betonjera Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Април.2007 во 14:14
Originally posted by здраво здраво напиша:

Чисто лицемерие
Originally posted by Miralem1

  Navistina nemora da mi se dokazuva.Go pocituvam i go sakam i go cenam DALEKU POVEKE OD BILO KOJ HRISTIJANIN TUKA.


докажи дека е така ,или јаки сме само на уста Big%20smileBig%20smile
Кон врв
belichka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 2023
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај belichka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Април.2007 во 14:47
abe ti znaes nesto da kazes za Svetoto Troistvo ili samo galamesBig%20smile
Blagosloven e Onoj Koj ide vo imeto Gospodovo
Кон врв
betonjera Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Март.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај betonjera Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Април.2007 во 15:02
Originally posted by belichka belichka напиша:

abe ti znaes nesto da kazes za Svetoto Troistvo ili samo galamesBig%20smile


Врска немам ,како и половината од тука

Ај речи дека не е така Clap
Кон врв
аџија Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 5474
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај аџија Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Април.2007 во 15:13
Originally posted by betonjera betonjera напиша:


Врска немам ,како и половината од тука

Ај речи дека не е така Clap


НЕ Е ТАКА!

поише од половината... LOLLOLLOL
Кон врв
DAIJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 1668
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DAIJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Април.2007 во 13:58

Anulirawe na trojstvoto

 

         Sor`i voved i tri pogjavja:

 

                Voved: Objasnuvawa koi davaat uvid vo poglavjata.

 

Prvo poglavje: Protivstavuvawe na trojstvoto so razumni

                             dokazi.

 

Vtoro poglavje: Protivstavuvawe na trojstvo so zborovite

                               na Isa a.s. (Isus).

 

Treto poglavje: Protivstavuvawe na bo`estvenata priroda

                               na Isusovata li~nost so tradicionalni

                               dokazi.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

107

 

 

Voved

 

Objasnuvawa koi davaat uvid vo poglavjeto

        

         Prvo:

         Stariot zavet ni govori deka Allah e eden i edinstven.

Deka nema nitu sopruga ,nitu dete. Toj e `iv i besmrten. Vo

sostojba e da napravi se {to }e posaka. Ni{to ne e sli~no na negovoto bitie nitu na negovite svojstva. Ovoj fakt e so-

sema jasen i za nego postojat mnogu dokazi {to e premnogu da

se navedat.

         Vtoro:

         Da se obo`uva nekoj pokraj Allah e strogo zabraneto,

zabranata se nao|a na pove}e mesta vo Tevratot (Torata).

Eve samo nekolku od tie zkoni: Izlez (20:3,4,5,23; 34:14,17);

Vtorozakonie (13:1-11; 17:2-7).

         Tevratot nareduva da se ubie sekoj koj povikuva na obo`uvawe pokraj Allah ,pa iako toa bi bil i verovesnik komu mu se dadeni muxizi1. Tevratot jasno govori deka mora da se kamenuva sekoj koj mu se klawa na nekoj ili ne{to sem

na Allah ili pak na toa }e natera drug, bilo da e toa ma{ko

ili `ensko,bilo da e blizka rodbina ili prijatel.

         Treto:

         Vo Tevratot se navedeni izvadoci koi nedvosmisleno

ka`uvaat deka Vozvi{eniot Allah e ~ist ,bez nedostatoci i

deka ni{to na Nego ne nalikuva. Vo Vtorozkonie (4:12,15) -

stoi: "(12) Gospod vi zboruva{e vam od sredinata na ognot;

vie go ~uvte glasot na zborovite, no ne vidovte obraz, a

samo glas. (15)...Vo onoj den koga Gospod,va{iot Bog,vi zbo-

ruva{e pred ognot na Horiv, ne vidovte nikakov lik...".

 

 

 

108

 

         I noviot zavet isto taka potvrduva deka e nevozmo`no

na ovoj svet da se vidi Gospod. Poglednete go tekstot vo

Evangelieto spored Jovan (1:18) :

         "Boga nikoj nikoga{ ne go videl."

         Vo Prvo Poslanie do Timotej (6 : 16) stoi:

         "...Kogo nikoj od lu|eto ne Go videl nitu mo`e da go

vidi".

         Vo Prvo Jovanovo Poslanie (4 :12) se veli:

         "Boga nikoj nikoga{ne Go videl...".

         So predhodnite zborovi e doka`ano deka nema ni{to 

{to e sli~no na Vozvi{eniot Allah, deka e nevozmo`no da

Go vidime na ovoj svet i deka onoj koj vo sebe sodr`i ~ove~-

ka dimenzija, nikako ne mo`e da bide Bog, pa koga i vo "bo-

`jiot "govor ili govorot na verovesnikot bi se upotrebil

izrazot "bog" ili "gospod". Bidejki, me|usebnite protiv -

re~ni zborovi ne mo`at da se zemat kako razumni dokazi. Na

mnogu mesta vo knigite na dvata Zaveta, so zbor~eto "bog" se

oslovuvaat: kralevite, Mojsie,Izraelevite sudii, dobrite lu|e,mnogubrojni poedinci, pa duri i prokolnatiot |avol.

Toa e zatoa {to ovoj zbor, ako se koristi vo bilo koe zna -

~ewe sem vo negovoto vistinsko, vo sekoja nova upotreba }e

poprimi i novo zna~ewe. I za da ne se pojavi zabuna kaj ~i -

tatelot u{te na samiot po~etok, potrebno e da se napomene deka samiot kontekst jasno uka`uva na toa zna~ewe. Zatoa

na razumen ~ovek ne mu prilega, so oslovuvawe na nekoi lu|e

so ovoj zbor da go prifati kako dokaz deka toj e navistina

Bog ili sin Bo`ji, a istovremeno da gi zanemari site razu  - mni i ispravni tradicionalni dokazi.

         ^etvrto :

         So veruvawe vo trojstvo, ne do{ol nitu eden veroves -  nik i trojstvoto ne e objaveno vo nitu edna nebesna Kniga, a

deka toa ne spomnato vo Tevratot ne treba da se objasnuva,

bidejki nitu denes, nitu na edno mesto ne postoi jasen tekst,

nitu pak na toa aludira. Evrejskite Nau~nici u{te od vre -

meto na Mojsej  pa se do denes ne go proznavaat trojstvoto i

ne se zadovolni toa da im se pripi{e na nivnite knigi. Ako

trojstvoto e vistina, toga{, Mojsej i ostanatite evrejski ve-

rovesnici, i nivniot posleden pratenik Isus ,bi morale vo  podrobnosti da go objasnat, bidejki im bilo naredeno da gi

 

109

 

objasnuvaat i pomalku va`e~kite propisi vo verata i zako - not. Privrzanicite na trojstvoto veruvaat deka toa nivno

veruvawe e klu~ za nivniot uspeh i spas, i deka nikoj nema da

bide spasen bez nego,pa makar toj bil Bo`ji verovesnik ili ne. Pa kako e toga{ vozmo`no,site verovesnici da zaminale nale od ovoj svet, bez da ja dostavat i objasnat taa vera?!

         Vo isto vreme podrobno gi objasnile pomalku va`e~ - kite propisi ,a za nekoi zboruvale i pove}e pati uka`uvajki na potrebata za nivno za~uvuvawe i rabotewe spored niv i dol`nosta da se ubie sekoj {to }e gi zapostavi.

         Za~uduva faktot {to Isa a.s. (Isus) ,posledniot vero - vesnik od Izraelskiot narod  i eden od stolbovite na troj -stvoto kaj hristijanite e vozdignat na nebesa, bez da im  go objasni na svoite sledbenici toa veruvawe so zborovi tolku jasni {to ne e potreb nikakov komentar. Zo{to ne rekol: "Bog se trojca",

         Tatko,Sin i Duh svet. Sinot - vtoriot Bog so mene e vrzan na ovoj ili onoj na~in, povrzan e so vrska {to e nad -

vor od domenot na va{ite umovi." Ili zo{to, na nekoj drug na~in ne go objasnil toa veruvawe?!

         Fakt e deka sledbenicite na trojstvoto nemaat nitu eden dokaz za nivnoto veruvawe. Tie iznesuvaat samo komen- tari koi se daleku od jasnite govori,za koi ne treba nikakvo

objasnuvawe.

         Avtorot na knigata Mizanul- Hak , sve{tenikot dr. Fonder vo svojata kniga Miftahul-esrar,pra{uva: "Zo{to

Isus ,za negovata bogolikost jasno ne se izrazil? Zo{to ed-

nostavno ne rekol: "Jas sum bog"? Za da potoa sam odgovori na pra{aweto so zborovite: "Navistina,nikoj ne bil vo sos-

tojba da ja razbere sr`tta na ovaa vrska i soedinuvawe, pred

negovoto voskresnuvawe i vozdigawe na nebo. Da rekol otvoreno: "Jas sum bog",tie bi razbrale deka i so negovoto ~ove~ko telo e  bog, a toa ne e to~no. Postojat mnogu raboti koi gi rekol samo na svoite u~enici,kako {to stoi vo Evan- gelieto spored Jovan (16: 12) : " Imam u{te mnogu da vi ka`am, no sega ne mo`ete da nosite."  Zatoa evrejskite nau-

~nici  se obidoa pove}e pati da go kamenuvaat,  i pokraj toa {to toj se obiduval na misteriozen na~in da im ja objasni negovata bogolikost."

 

110

 

         Odgovorajki mu na dr.Fonder, mu velime sledno:

         Prvo:

         Tvojot odgovor e mnogu slab. Bidejki Isus na negovite

sledbenici i evreite, za nemo`nosta da go razberat veruva- weto vo trojstvoto i negovata bogolikost pred da bide vos -kresnat i vozdignat na nebo, mo`el da im re~e: "Moeto tele- sno soedinuvawe so vtoriot bo`estven elment (Sinot) na vas vi e nevozmo`no da razberete. Zatoa otka`ete se od pro-

u~uvaweto na toa i veruvajte deka jas sum bog. Ne sum bog vo

telesen smisol, tuku vo smisol na moeto soedinuvawe ~ie

razbirawe e nadvor od domenot na va{ite umovi".

         Isto taka e ~udno, {to spomnatoto Isusovo soedinu - vawe i vozdignuawe na neboto ,ostanalo nejasno.

         Nikoj od hristijanskite nau~nici, nitu denes , ne e vo

mo`nost da go objasni kvalitetot na ovaa vrska. Nivnite

knigi se prepolni so priznavawa deka toa e misterija ~ie

razbirawe e nadvor od domenot na ~ove~kite umovi. Koj sa-

ka da se uveri vo toa, neka se konsultira so re~nikot na sve-

tata kniga vo ~ie pi{uvawe u~estvuvale pove}e dvaeset ni -vni nau~nici,teolozi, pa }e vidi kako nejasno go objasnuvaat zna~eweto na zborovite "trojstvo".

         Vtoro:

         Zo{to Isus se pla{el od evreite i negovata bogoli - kost i na misteriozen na~in  im zboruval ?! Pa ,vie tvrdite

deka Isus do{ol samo zatoa da gi otkupi ~ove~kite grevovi, 

so toa {to }e go raspnat. I tvrdite deka toj so sigurnost znael deka }e go raspnat. Pa kakov smisol toga{ ima stra -

vot od evreite vo objasnivaweto na verata za nu`en spas ?!

         I kako toa "veli~enstveniot tvoritel" na neboto i zemjata da se pla{i od najponizniot narod na zemjata, koga se znae deka nekoi izraelski verovesnici bez nikakov strav ja objavuvale vistinata, pa taka ednite bile svirepo ma~eni, a drugite ubieni ?!

         A Isus `estoko gi oslovuval pisarite i fariseite. Gi

opi{al kako licemeri, voda~i na slepci, neznaenci i zmii.

         Pred o~evidci, na videlina, ja iznel nivnata poganost, pa zatoa nekoi se po`alile deka gi navreduva. Vidi go Evan- gelieto spored Luka (11:37 - 54). " Isa a.s.( Isus) im gi objas - nil gre{kite na evrejskite nau~nici, poradi tie gre{ki gi

 

111

 

oslovuval grubo, ostro i bez strav.

         Pa kako da se poveruva deka toj vo sebe nosel strav od niv koi go sopirale da im ja objasni verata za neophoden spas ?!

         Bog da ~uva, deka negoviot blagoroden moral, bil na takvo nisko nivo.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

112

 

Prvo poglavje

 

Protivstavawe na trojstvoto so razumni dokazi:

 

         Hristijanite veruvaat deka trojstvoto i veruvaweto vo Eden Bog e vistina. Me|utoa, ako postoi vistinsko trojstvo,

toga{ postoi i vistinsko mno`tvo. A ako se utvrdat deka

tie se vistinskoto trostvo i mno`tvo, istovremeno }e

is~ezne edinstvoto (tevhid) pa tog edinstvoto }e bide nevoz- mo`no da se utvrdi. Vo sprotivno bi trebalo da se spojat dve bitni sprotivnosti {to e navistina nevozmo`no, bidejki toa podrazbira nu`no postoewe na borbi, {to isto taka e apsurd. Pa taka onoj {to veruva vo trojstvoto vistinski ne veruva vo Eden Bog. Vistinskata edinstvenost ne poseduva tretina i taa ne zbir na edinki. A trojca, imaat vistinska tretina i taa e zbir na tri edinki, od {to proizleguva deka edniot e del od trojcata. I ako ovie dve se soedinat na edno mesto, toa bara da bide celina, a celinata del, i celinata tretina od samata sebe, {to sepak e pove}e od tri pati od ednata,a i taa edna celina vo toj slu~aj bi bila tri pati pogolema od samata sebe. Seto toa razumot ne go prifa}a.

         Vistinskoto trojstvo, vo osnova e islu~eno , koga sta - nuva zbor za Alahovoto vozvi{eno bitie. I ako vo knigite na hristijanite se najde govor ,koj so svojata nadvore{nost uka`uva na trojstvo,toj mora da se prokomentira taka {to

}e se sofpadne so razumnii tradicionalni dikazi, bidejki

razumot i tradicionalnite dokazi uka`uvaat na apsurdno - sta na trojstvoto na Vozvi{eniot Bog.

         Vo svojot prevod "Zna~ewe na k*r'anot" pe~aten 1836.g.

na Angliski jazik, Xorxis Sal na svoite sonarodnici im

upatuva nekolku soveti vo koi veli: " Ne gi podu~uvajte mu-

slimanite so temi koi se sprotivni na razumot. Tie ne se budali, pa so vakvi pra{awa da gi nadmudrite. Vo takvite

pra{awa spa|aat obo`uvawe na kipovi i bo`enstvenata ve- ~era, bidejki tie, za ovie temi, znaat mnogu. Sekoja crkva

ima vakvi temi, a ne e vo sostojba so takvite temi da gi pri-

dobijat."

        

 

 

113

 

         Poglednete kako ovoj sve{tenik priznava deka vo nego-

vata vera postojat temi koi ne se sl*gaat so razumot.  A

vsu{nost se raboti za toa deka sledbenicite na takvata vera se vistinski idolopoklonci. Islamskite nau~nici rekle:

      " Po nerazbirlivo i od razum odale~eno u~ewe od hristijanskoto, i nivni po lo{i o~igledno la`ni izjavi, na ovoj svet ne sme videle."



1) Natprirodni i nesekojdnavni Allahovi dela koi se slu~uvaat po molba na nekoj Negov verovesnik ili pratenik. sekoj verovenik imal

muxizi.Razlikata pome|u muxizata i kerametot e vo toa {to kerame - tot mo`e da im se slu~i i na lu|eto koi ne se verovesnici, dodeka muxizata im se slu~uva samo na Allahovite verovesnici i pratenici, so koja ja doka`uvaat vistinitista na nivnata misija.

О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12345>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,203 секунди.