|
ВЕРСКИ ВЕСТИ |
Внеси реплика | страница <1 1213141516 86> |
Автор | |||
oblachinja
Сениор Регистриран: 12.Март.2006 Локација: United Kingdom Статус: Офлајн Поени: 4990 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
nikogash nema da go prifatam papata!!!a neznam nekoj od pravoslavnite dali bi go storil toa.....mislam nikoj
Изменето од beleg - 27.Март.2007 во 09:29 |
|||
|
|||
аџија
Сениор Регистриран: 25.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 5474 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Огромен билборд го покри влезот на Соборниот храм
Еден од најголемите билборди во градот, го покри влезот на Соборниот храм. Место поглед на најголемата црква во Македонија, сега верниците ќе гледаат рекламни пораки од билбордот на „Еуролинија“. Со жестоките реакции, свештениците минатата година успеаја барем да го одложат поставувањето на рекламното пано. Дали сега „Еуролинија“ добила амин од првите луѓе на МПЦ? Старешината на Соборниот храм, отец Васил Станков, остана недостапен за А1. Одлуката на одговорните ги разедини свештениците во Храмот, едни се спротивставуваат, други не сакаат да коментираат. Иако пред четири месеци градоначалникот на Скопје, Трифун Костовски го убедуваше архиепископот Г.г. Стефан дека не дал дозвола за поставување на билборд пред Соборниот храм, денес „Еуролинија“ ја заврши својата работа. Македонската јавност се надева дека билбордот кој е исправен пред врата на Храмот, ќе биде отстранет пред велигденските празнувања. „Не е во ред, против билборди сум. Огромно е, не ми се допаѓа, а по професија и архитект сум па малку и тоа ме боли, ама нема каде да се каже, сигурно дека ќе го тргнат, не му е местото таму“, велат граѓаните. Градските власти сметаат дека рекламното пано не го попречува одвивањето на сообраќајот, на раскрсницата пред Храмот. |
|||
аџија
Сениор Регистриран: 25.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 5474 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
ИСЛАМСКАТА ЗАЕДНИЦА ПРЕДУПРЕДУВА Вехабити тропаат на џамиските порти во земјава Вехабитското учење не е доминантно меѓу исламските верници во земјава, но не треба да се потценува, вели функционер на ИВЗ Во Македонија се присутни вехабитите, кои настојуваат да го прошират
своето учење, но тоа не е од такви размери да може да го потисне
традиционалниот ислам, кој се векови се проповеда тука, тврдат во
Исламска верска заедница (ИВЗ) во Македонија. Поглаварот на ИВЗ Сулејман Реџепи е поканет да присуствува како гостин на денешното основање на Исламската заедница на Србија, кое е закажано во Нови Пазар, каде што неодамна беше откриен камп за воена обука на вехабисти. Засега е неизвесно дали Реџепи ќе одговори на поканата. Причината за дилемите е и фактот што ова ќе биде втора исламска заедница во Србија, бидејќи веќе постои Собор на ИВЗ во Белград. Заговорниците на Собранието во Нови Пазар најавуваат дека тие ќе ги обединуваат исламските верници од Санџак, Прешевската Долина, Војводина и од централна Србија, а за врховен поглавар ќе го признаваат реисот Мустафа Цериќ од Сараево. Тие истакнуваат дека Заедницата ќе претставува и брана за ширење на вехабизмот во регионот. (Б.Ѓ.) |
|||
аџија
Сениор Регистриран: 25.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 5474 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
ГРАЃАНИТЕ И АРХИТЕКТИТЕ РЕАГИРААТ НА ПАНОТО ПРЕД СОБОРНАТА ЦРКВА
Билбордот го „собори“ црковниот храм Градските власти најавуваат дека ќе ја преиспитаат дозволата за поставување на рекламното пано и најверојатно ќе го тргнат од пред верскиот објект Поставувањето билборд пред Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ е голем скандал и упад во јавниот простор без никаква контрола, револтирано реагираат архитектите и граѓаните. Тие бараат градските власти итно да ја повлечат дозволата што и' ја дале на фирмата „Еуролинија“ за поставување големо рекламно пано пред маркантниот верски објект. Веќе неколку дена работниците го поставуваат големиот билборд, кој е долг осум, а висок три метри. Конструкцијата за паното почна да се мести лани во ноември, но тогаш бурно реагираа свештените лица од црквата. Тие се закануваа дека сами ќе ја урнат ако Градот не го стори тоа, плашејќи се дека најголемата црква ќе ја засенат непристојни реклами. Но завчера секретарот на Скопската епархија, прота Коста Станоевски, рече дека дале согласност за монтирање на големото пано, под услов таму да се афирмираат и религиозни содржини. - Со „Еуролинија“ и градските власти се договоривме на билбордот да нема непристојни пораки. Договорено е црквата да добие и донација за дозволата што ја дадовме - рече прота Станоевски. Граѓаните што вчера го посетуваа Соборниот храм беа зачудени од монтирањето на билбордот и се прашуваа како црквата и градските власти го дозволиле тоа. - Ова е криминал. Ја кријат црквата со билборди. Билбордот мора итно да се тргне, а градските власти да сносат одговорност. Кој може да гарантира за содржините што ќе се промовираат на него, денес за пари се' се може - велат верниците. Архитектите сметаат дека просторот на кој е изграден Соборниот храм е значаен за целиот град, а неговото нарушување со комерцијални билборди е чин што ја прелева чашата со погрешните урбанистички експерименти. - Ова веќе не може да се поднесе, постапката е скандалозна, без трошка здрав разум и мора да се санкционира. Не може комерцијалните пораки да го заземаат просторот на архитектурата во градот. Мора да се преиспита целата политика на рекламирање на јавните површини. Има градови во кои воопшто нема реклами во центарот, а кај нас најубавите глетки на објектите се узурпираат со реклами. Апелирам градските власти итно да го тргнат билбордот од пред црквата, оти градот им припаѓа на сите, а не на поединци - вели Минас Бакалчев, професор на Архитектонскиот факултет. И претседателот на Здружението на архитектите на Скопје, Вангел Божиновски, гледа скандал во билбордот пред „Свети Климент Охридски“. - Тоа не е во ред, има места на кои може и места на кои не може да се поставуваат големи реклами. Постапката со овој билборд е вистински фаул, а оној што го дозволил тоа треба веднаш да си замине од функцијата. Градските власти направиле сериозен пропуст, а и „Еуролинија“ згрешила што ја прифатила локацијата. Во случајов не се работи за обична црква, тоа е Соборен храм на МПЦ и неговата околина мора да се третира со големо внимание. А тоа што така лесно се носат некои важни одлуки, тоа зборува за нешто - вели Божиновски. Во „Еуролинија“ велат дека дозволата за билбордот ја добиле уште лани во јуни, а важи до јуни 2008 година. Градските власти, пак, објаснуваат дека дозволата ја дале откако добиле согласност од МПЦ и најавуваат дека ќе го отстранат билбордот. - Има наредба од градоначалникот Трифун Костовски да се преиспита одлуката. Не можам да прејудицирам, но најверојатно билбордот ќе се тргне од спорното место - вели Јован Христовски, раководител на Секторот за собраќај во Град Скопје. Соња Христовска |
|||
аџија
Сениор Регистриран: 25.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 5474 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Некои луѓе ми се чини се спремни и Христа да го продадат за $$$... |
|||
аџија
Сениор Регистриран: 25.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 5474 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
ЗАГРОЗЕНА ИСЛАМСКАТА ВЕРСКА ЗАЕДНИЦА Радикали окупираа две скопски џамии
Радикални
структури надвор од Исламската верска заедница контролираат и
управуваат со скопските џамии Јахја-пашина на Бит-пазар и Тутунсуз во
Гази Баба, тврди за „Дневник“ висок функционер на
Заедницата. - Воопшто не знаеме што се случува таму. Во Јахја-пашината
џамија има наш имам задолжен да ги врши само верските обреди, но се'
друго се одвива надвор од каква било контрола. Нема џамиски одбор, кој
треба да се грижи таа регуларно да работи, како што е пракса во сите
други наши верски објекти. Повеќепати безуспешно сме барале полицијата
да интервенира и да ги отстрани овие луѓе од џамијата - нагласи нашиот
соговорник, член на Мешихатот на ИВЗ. |
|||
аџија
Сениор Регистриран: 25.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 5474 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
МПЦ го шири бизнисот со реклама
Директорите на Голдмак од Радовиш, вчера не беа во можност да ја образложат оваа бизнис зделка со Македонската православна црква. Од компанијата, за Вечер изјавија дека и финансовиот директор и генералниот директор биле на службено патување, а одговор на нашето прашање можеме да добиеме од понеделник. И во Македонската православна црква не соопштуваат за каков договор станува збор. Секретарот на Скопската епархија, Коста Станоевски само потврди дека крстовите оваа година за прв пат ќе се продаваат во сите епархии, но вели дека во тоа нема ништо спорно. -Не само оваа компанија. Разни приватни лица носат сувенири и тие се продаваат. Како е тоа регулирано не знам, но мислам дека во тоа нема ништо лошо затоа што тоа е јасно соопштено, објаснува секретарот на Скопската епархија. Финансиските ескперти, пак, велат дека не е спорно приватни компании
да продаваат сувенири во црквите на МПЦ, доколку на тој начин не се
обидуваат да ги прикријат законските даночни давачки. Недамна верските заедници и Управата за јавни приходи, постигнаа согласност дека нема основа за фискализирање на верските институции, бидејќи тие не остварувале приходи од утврдени ценовници за нивните услуги, туку од даренијата на верниците. Поглаварите на МПЦ, ИВЗ, Католичката црква, Евангелско-методистичката и на Еврејската заедница, побараа и амандмански измени на законот за готовинско плаќање, во кој очекуваат тие и законски да бидат изземени од фискализацијата. (М.Н.) |
|||
Isis
Сениор CATALYST Регистриран: 19.Јануари.2007 Статус: Офлајн Поени: 5871 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
парите секаде си го нашле местото....
|
|||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Бомбаш самоубиец се самоодбрани разнесувајќи 12 цивили!
|
|||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|||
аџија
Сениор Регистриран: 25.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 5474 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
еееј... ова ти беше добро. Миралем? Абу? |
|||
C.B.
Сениор Регистриран: 12.Март.2007 Статус: Офлајн Поени: 152 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Имам у БиХ осуђен на педофилију
Кантонални суд у Бихаћу прогласио је имама, вероучитеља у џамији, Зухдију Мулалића кривим за педофилију. Он је проглашен кривим за казнено дело блуда над шест девојчица, узраста од шест до 12 година, у првом случају те врсте у БиХ. Како је јавила ТВ Федерације БиХ, због блудних радњи над малолетним девојчицама, Мулалић, из места Језерско у северозападном делу Босне, осуђен је на две године затвора. Девојчице које су биле жртве похађале су у дужем временском раздобљу верску наставу код Мулалића. (Бета) |
|||
Кроз ватру и воду дигнуте главе, Стазом победе части и славе
|
|||
C.B.
Сениор Регистриран: 12.Март.2007 Статус: Офлајн Поени: 152 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
ZAREM MUHAMEDANCITE OSTANUVAAT RAMNODUSNI SPREMA OVA????????? SRAMOTA!!!!!!!!!!! |
|||
Кроз ватру и воду дигнуте главе, Стазом победе части и славе
|
|||
аџија
Сениор Регистриран: 25.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 5474 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
СПЦ не сака дијалог со МПЦ - ПОА се распаѓа Битола /05/04/ 15:23 Македонска православна црква (МПЦ) ја
обвини денеска Српската црква (СПЦ) дека не сака дијалог и оцени дека
„нејзината агентура во Македонија“, ПОА, се распаѓа. |
|||
C.B.
Сениор Регистриран: 12.Март.2007 Статус: Офлајн Поени: 152 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Вистината за МПЦ на официјалниот сајт на Руската Православна ЦркваДодека расколничката организација МПЦ вложува напори да ја промовира својата „вистина“, Руската Православна Црква ја знае вистината за МПЦ. На неодамнешната средба со претставниците на самопрогласената „Македонска Црква“ Патријархот Вартоломеј во потполност ја поддржал позицијата на Српскиот ПатријархатКако што веќе беше соопштено, на 21 Февруари Патријархот Константинополски Вартоломеј прими делегација на самопрогласената „Македонска Црква“. На средбата, одржана по барање на македонската страна, Предстојателот на Константинополската Црква во потполност ја поддржал позицијата на Српскиот Патријархат, пренесува агенцијата RNN. Тој особено нагласил дека таканаречената „Автокефална Црква“ на бившата југословенска република Македонија не може да биде прифатена како канонска Православна Црква, а исто така, укажал и на невозможноста за прифаќање на називот „Македонска“ во врска со спомнатата јуриздикција. Овие проблеми веќе добро се познати, кажал Вартоломеј, обраќајќи се кон членовите на делегацијата. Како што е соопштено, Патријархот со суров тон ги прашал македонските претставници дали се тие ополномоштени да истапат со какви било нови предлози. Непризнатата во Православниот свет „Македонска Црква“ ја претставувале митрополитот Тимотеј, епископот Наум и архимандритот Порфириј. http://www.patriarchia.ru/db/text/205103.html Расколничката МПЦ ќе го суди Архиепископот г. г. Јован на Велики четвртокДали постои некаква символика во тоа што судењето на Неговото Блаженство Архиепископот охридски и Митрополит скопски г. г. Јован за кривично дело „затајување“, за кое беше ослободен од Основниот суд во Велес, а Апелациониот суд во Скопје го врати на повторно судење, е закажано за 05-ти Април 2007 год., односно на Велики четврток? По барање на расколничката организација, која се самонарекува МПЦ, почнувајќи од 2003 год., па се досега, власта прави политички прогони врз Архиепископот г. г. Јован. Како резултат на тие политички прогони тој е веќе двапати затворан. На последното судење, на кое беше обвинет дека затаил цели црковни буџети во период од четири години, беше ослободен од судот во Велес, но по жалба на Јавниот обвинител, Апелациониот суд во Скопје го врати делото на повторно судење. Судот во Велес го закажа судењето токму на Велики четврток. Со какво лице ќе дојдат тужителите, расколничката МПЦ, да го судат Архиепископот г. г. Јован на Велики четврток? Во продолжение го поставуваме Завршниот збор што Неговото Блаженство Архиепископот охридски и Митрополит скопски г. г. Јован го даде пред судот во Велес минатата година по истото обвинение. ЗАВРШЕН ЗБОР
|
|||
Кроз ватру и воду дигнуте главе, Стазом победе части и славе
|
|||
Внеси реплика | страница <1 1213141516 86> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |