IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - ВЕРСКИ ВЕСТИ
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

ВЕРСКИ ВЕСТИ

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1213141516 86>
Автор
Порака
oblachinja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 12.Март.2006
Локација: United Kingdom
Статус: Офлајн
Поени: 4990
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај oblachinja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Март.2007 во 09:28
nikogash nema da go prifatam papata!!!a neznam nekoj od pravoslavnite dali bi go storil toa.....mislam nikoj 

Изменето од beleg - 27.Март.2007 во 09:29
Кон врв
аџија Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 5474
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај аџија Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Март.2007 во 12:11

Огромен билборд го покри влезот на Соборниот храм

Билјана Ставрова
26.03.2007

Еден од најголемите билборди во градот, го покри влезот на Соборниот храм. Место поглед на најголемата црква во Македонија, сега верниците ќе гледаат рекламни пораки од билбордот на „Еуролинија“.

Со жестоките реакции, свештениците минатата година успеаја барем да го одложат поставувањето на рекламното пано. Дали сега „Еуролинија“ добила амин од првите луѓе на МПЦ?

Старешината на Соборниот храм, отец Васил Станков, остана недостапен за А1.

Одлуката на одговорните ги разедини свештениците во Храмот, едни се спротивставуваат, други не сакаат да коментираат.

Иако пред четири месеци градоначалникот на Скопје, Трифун Костовски го убедуваше архиепископот Г.г. Стефан дека не дал дозвола за поставување на билборд пред Соборниот храм, денес „Еуролинија“ ја заврши својата работа.

Македонската јавност се надева дека билбордот кој е исправен пред врата на Храмот, ќе биде отстранет пред велигденските празнувања.

„Не е во ред, против билборди сум. Огромно е, не ми се допаѓа, а по професија и архитект сум па малку и тоа ме боли, ама нема каде да се каже, сигурно дека ќе го тргнат, не му е местото таму“, велат граѓаните.

Градските власти сметаат дека рекламното пано не го попречува одвивањето на сообраќајот, на раскрсницата пред Храмот.

Кон врв
аџија Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 5474
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај аџија Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Март.2007 во 12:59

ИСЛАМСКАТА ЗАЕДНИЦА ПРЕДУПРЕДУВА

Вехабити тропаат на џамиските порти во земјава

Вехабитското учење не е доминантно меѓу исламските верници во земјава, но не треба да се потценува, вели функционер на ИВЗ

Во Македонија се присутни вехабитите, кои настојуваат да го прошират своето учење, но тоа не е од такви размери да може да го потисне традиционалниот ислам, кој се векови се проповеда тука, тврдат во Исламска верска заедница (ИВЗ) во Македонија.

Функционер на ИВЗ вели дека ја следат ситуацијата во земјава и во регионот, особено по откривањето бункер со оружје во близина на Нови Пазар, Србија, кој се поврзува со петчлена група вехабисти.

- Вехабистичкото учење во Македонија најмногу доаѓа преку студенти или луѓе што или заради школување или од други причини биле во некоја од блискоисточните земји. Имаме сознанија за одредени проблеми во одделни џемати, но тоа не е од таков карактер да може да ги смени убедувањата на нашите верници, од кои мнозинството се определени за сунитско учење во исламот. Сепак, не треба да се потценува ниту една појава, па ни оваа - вели нашиот соговорник.

Вехабизам е вид традиционално учење во исламот, кое потекнува од Саудиска Арабија. Тоа се разликува од другите исламски учења по тоа што настојува да ги врати муслиманите кон изворната интерпретација на исламот. Вехабитите не ги признаваат државните граници, а Коранот го сметаат за единствен устав на универзална исламска држава. Одделни експерти сметаат дека вехабизмот стои зад терористичките акции во некои земји.

Во македонското МВР велат дека имаат сознанија за присуство на вехабити во земјава. Полициските извори истакнуваат дека во одделни акции било пронајдено оружје кај луѓе што се поврзуваат со припадниците на ова учење.

- Тоа се поединечни случаи, кои не смеат да се потценуваат - велат во МВР.

Поранешниот министер за образование Азиз Положани оценува дека е неопходно да се разговара за ова.

- Тоа што некој се облекува како вехабит не значи дека е носител на одредени активности. Сигурен сум дека традиционалниот ислам ќе може да ги надвладее негативните последици на таквото учење - вели тој.

Исламската заедница во Македонија лани повеќепати беше цел на нападите од радикални структури во периодот кога се водеше внатрешната битка за избор на нов поглавар. Новоизбраниот реис-ул-улема Сулејман Реџепи по изборот за поглавар изјави дека целта му е да се надминат несогласувањата во редовите на заедницата. Експертот за тероризам од Брисел Клод Монике тогаш предупреди дека во Македонија дејствуваат фундаменталистички исламски елементи. Дури и Светската муслиманска лига, невладина организација со седиште во Саудиска Арабија, во посебно соопштение истакнува дека во Македонија има „многу фанатизирани луѓе, кои дејствуваат во различни региони во земјата“.

ИВЗ поканета во Нови Пазар

Поглаварот на ИВЗ Сулејман Реџепи е поканет да присуствува како гостин на денешното основање на Исламската заедница на Србија, кое е закажано во Нови Пазар, каде што неодамна беше откриен камп за воена обука на вехабисти. Засега е неизвесно дали Реџепи ќе одговори на поканата. Причината за дилемите е и фактот што ова ќе биде втора исламска заедница во Србија, бидејќи веќе постои Собор на ИВЗ во Белград. Заговорниците на Собранието во Нови Пазар најавуваат дека тие ќе ги обединуваат исламските верници од Санџак, Прешевската Долина, Војводина и од централна Србија, а за врховен поглавар ќе го признаваат реисот Мустафа Цериќ од Сараево. Тие истакнуваат дека Заедницата ќе претставува и брана за ширење на вехабизмот во регионот.

(Б.Ѓ.)

Кон врв
аџија Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 5474
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај аџија Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Март.2007 во 12:48
ГРАЃАНИТЕ И АРХИТЕКТИТЕ РЕАГИРААТ НА ПАНОТО ПРЕД СОБОРНАТА ЦРКВА

Билбордот го „собори“ црковниот храм

Градските власти најавуваат дека ќе ја преиспитаат дозволата за поставување на рекламното пано и најверојатно ќе го тргнат од пред верскиот објект


Поставувањето билборд пред Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ е голем скандал и упад во јавниот простор без никаква контрола, револтирано реагираат архитектите и граѓаните. Тие бараат градските власти итно да ја повлечат дозволата што и' ја дале на фирмата „Еуролинија“ за поставување големо рекламно пано пред маркантниот верски објект. 
Веќе неколку дена работниците го поставуваат големиот билборд, кој е долг осум, а висок три метри. Конструкцијата за паното почна да се мести лани во ноември, но тогаш бурно реагираа свештените лица од црквата. Тие се закануваа дека сами ќе ја урнат ако Градот не го стори тоа, плашејќи се дека најголемата црква ќе ја засенат непристојни реклами. Но завчера секретарот на Скопската епархија, прота Коста Станоевски, рече дека дале согласност за монтирање на големото пано, под услов таму да се афирмираат и религиозни содржини.

- Со „Еуролинија“ и градските власти се договоривме на билбордот да нема непристојни пораки. Договорено е црквата да добие и донација за дозволата што ја дадовме - рече прота Станоевски.

Граѓаните што вчера го посетуваа Соборниот храм беа зачудени од монтирањето на билбордот и се прашуваа како црквата и градските власти го дозволиле тоа.

- Ова е криминал. Ја кријат црквата со билборди. Билбордот мора итно да се тргне, а градските власти да сносат одговорност. Кој може да гарантира за содржините што ќе се промовираат на него, денес за пари се' се може - велат верниците.

Архитектите сметаат дека просторот на кој е изграден Соборниот храм е значаен за целиот град, а неговото нарушување со комерцијални билборди е чин што ја прелева чашата со погрешните урбанистички експерименти.

- Ова веќе не може да се поднесе, постапката е скандалозна, без трошка здрав разум и мора да се санкционира. Не може комерцијалните пораки да го заземаат просторот на архитектурата во градот. Мора да се преиспита целата политика на рекламирање на јавните површини. Има градови во кои воопшто нема реклами во центарот, а кај нас најубавите глетки на објектите се узурпираат со реклами. Апелирам градските власти итно да го тргнат билбордот од пред црквата, оти градот им припаѓа на сите, а не на поединци - вели Минас Бакалчев, професор на Архитектонскиот факултет.

И претседателот на Здружението на архитектите на Скопје, Вангел Божиновски, гледа скандал во билбордот пред „Свети Климент Охридски“.

- Тоа не е во ред, има места на кои може и места на кои не може да се поставуваат големи реклами. Постапката со овој билборд е вистински фаул, а оној што го дозволил тоа треба веднаш да си замине од функцијата. Градските власти направиле сериозен пропуст, а и „Еуролинија“ згрешила што ја прифатила локацијата. Во случајов не се работи за обична црква, тоа е Соборен храм на МПЦ и неговата околина мора да се третира со големо внимание. А тоа што така лесно се носат некои важни одлуки, тоа зборува за нешто - вели Божиновски.

Во „Еуролинија“ велат дека дозволата за билбордот ја добиле уште лани во јуни, а важи до јуни 2008 година. Градските власти, пак, објаснуваат дека дозволата ја дале откако добиле согласност од МПЦ и најавуваат дека ќе го отстранат билбордот.

- Има наредба од градоначалникот Трифун Костовски да се преиспита одлуката. Не можам да прејудицирам, но најверојатно билбордот ќе се тргне од спорното место - вели Јован Христовски, раководител на Секторот за собраќај во Град Скопје.

Соња Христовска
Кон врв
аџија Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 5474
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај аџија Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Март.2007 во 12:49
Originally posted by аџија аџија напиша:



- Со „Еуролинија“ и градските власти се договоривме на билбордот да нема непристојни пораки. Договорено е црквата да добие и донација за дозволата што ја дадовме - рече прота Станоевски.



Некои луѓе ми се чини се спремни и Христа да го продадат за $$$... Dead
Кон врв
аџија Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 5474
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај аџија Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Март.2007 во 10:58

ЗАГРОЗЕНА ИСЛАМСКАТА ВЕРСКА ЗАЕДНИЦА

Радикали окупираа две скопски џамии

Радикални структури надвор од Исламската верска заедница контролираат и управуваат со скопските џамии Јахја-пашина на Бит-пазар и Тутунсуз во Гази Баба, тврди за „Дневник“ висок функционер на Заедницата.  - Воопшто не знаеме што се случува таму. Во Јахја-пашината џамија има наш имам задолжен да ги врши само верските обреди, но се' друго се одвива надвор од каква било контрола. Нема џамиски одбор, кој треба да се грижи таа регуларно да работи, како што е пракса во сите други наши верски објекти. Повеќепати безуспешно сме барале полицијата да интервенира и да ги отстрани овие луѓе од џамијата - нагласи нашиот соговорник, член на Мешихатот на ИВЗ.

Во ИВЗ посочуваат дека токму во овие џамии се сконцентрирани радикални верски структури, кои не сакаат да дејствуваат во нејзините рамки.

- Имаме сознанија дека тие се поврзани со припадниците на вехабитското учење, кои се обидуваат се' подлабоко да се инфилтираат меѓу нашите верници. Бараме џамиите да се ослободат и да се вратат во состав на Заедницата - посочуваат во Мешихатот на ИВЗ.

Пред две години Заедницата беше принудена својот најголем верски празник Рамазан-бајрам да го прославува во Султан-Муратовата џамија наместо традиционално во Јахја-пашината. Причината била тоа што тогашниот в.д. реис ул улема Бахри Алиу стравувал од можни инциденти. Во овој период ИВЗ ја потресуваше голема внатрешна криза, во која имаше и оружени упади и физички напади врз поглаварот и свештениците. Новоизбраниот поглавар Сулејман Реџепи успеал да издејствува неговото устоличување да биде во Јахја-пашината џамија, но на церемонијата немало претставници на радикалната струја.

Во ИВЗ неодамна потврдија дека вехабитското учење е присутно во земјава, но не во такви размери за да може да го потисне традиционалниот ислам. Вехабизмот е традиционално учење во исламот, кое не ги признава државните граници, а Коранот го смета за единствен устав на универзална исламска држава.

Реџепи неодамна беше во Нови Пазар, каде што присуствуваше на формирањето на Исламската верска заедница на Србија на чело со Муарем Зукорлиќ. Во близина на овој град српската полиција откри бункер со оружје, кој се поврзува со петчлената група вехабисти.

- Очигледно е настојувањето на вехабизмот да се наметне и на овие простори, но нашите верници нема да го прифатат - изјави по враќањето реис ул улема Сулејман Реџепи.

Кон врв
аџија Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 5474
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај аџија Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Март.2007 во 02:46
МПЦ го шири бизнисот со реклама



Не само оваа компанија. Разни приватни лица носат сувенири и тие се продаваат, објаснува Секретарот на скопската епархија. Финансиските експерти, велат дека не е спорно приватни компании да продаваат сувенири во црквите на МПЦ, доколку на тој начин не се обидуваат да ги прикријат законските даночни давачки.



Златни крстови и приврзоци на Голдмак од Радовиш, за Велигденските празници ќе се продаваат во храмовите на Македонската православна црква. Радовишката компанија за златни сувенири и МПЦ склучиле договор, а од неодамна и почнале со кампања во дел од печатените медиуми. Ова е прв пат една приватна компанија, преку храмовите на МПЦ да ги продава своите производи. Што содржи договорот и кои се обврските засега официјално никој не сака да соопшти.

Директорите на Голдмак од Радовиш, вчера не беа во можност да ја образложат оваа бизнис зделка со Македонската православна црква. Од компанијата, за Вечер изјавија дека и финансовиот директор и генералниот директор биле на службено патување, а одговор на нашето прашање можеме да добиеме од понеделник.

И во Македонската православна црква не соопштуваат за каков договор станува збор. Секретарот на Скопската епархија, Коста Станоевски само потврди дека крстовите оваа година за прв пат ќе се продаваат во сите епархии, но вели дека во тоа нема ништо спорно.

-Не само оваа компанија. Разни приватни лица носат сувенири и тие се продаваат. Како е тоа регулирано не знам, но мислам дека во тоа нема ништо лошо затоа што тоа е јасно соопштено, објаснува секретарот на Скопската епархија.

Финансиските ескперти, пак, велат дека не е спорно приватни компании да продаваат сувенири во црквите на МПЦ, доколку на тој начин не се обидуваат да ги прикријат законските даночни давачки.
-МПЦ е непрофитно здружение на граѓани, која нели не подлежи на дополнителни фискални оданочувања. Но од друга страна Голдмак од Радовиш е профитна компанија, која за продажбата на своите сувенири е должна да издава фискални сметки. Како тоа го регулирале таа компанија и МПЦ треба да соопштат, велат финансиските експерти.

Недамна верските заедници и Управата за јавни приходи, постигнаа согласност дека нема основа за фискализирање на верските институции, бидејќи тие не остварувале приходи од утврдени ценовници за нивните услуги, туку од даренијата на верниците.

Поглаварите на МПЦ, ИВЗ, Католичката црква, Евангелско-методистичката и на Еврејската заедница, побараа и амандмански измени на законот за готовинско плаќање, во кој очекуваат тие и законски да бидат изземени од фискализацијата. (М.Н.)

 
Кон врв
Isis Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

CATALYST

Регистриран: 19.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 5871
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Isis Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Март.2007 во 02:55
парите секаде си го нашле местото....
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Март.2007 во 03:26
Бомбаш самоубиец се самоодбрани разнесувајќи 12 цивили!
 
Smile  Cry
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
аџија Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 5474
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај аџија Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Март.2007 во 10:57
Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

Бомбаш самоубиец се самоодбрани разнесувајќи 12 цивили!
 
Smile  Cry


LOLLOLLOLLOL еееј... ова ти беше добро. Миралем? Абу? Big%20smile
LOL
Кон врв
C.B. Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Март.2007
Статус: Офлајн
Поени: 152
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај C.B. Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Април.2007 во 12:02
Имам у БиХ осуђен на педофилију
Кантонални суд у Бихаћу прогласио је имама, вероучитеља у џамији, Зухдију Мулалића кривим за педофилију. Он је проглашен кривим за казнено дело блуда над шест девојчица, узраста од шест до 12 година, у првом случају те врсте у БиХ. Како је јавила ТВ Федерације БиХ, због блудних радњи над малолетним девојчицама, Мулалић, из места Језерско у северозападном делу Босне, осуђен је на две године затвора. Девојчице које су биле жртве похађале су у дужем временском раздобљу верску наставу код Мулалића. (Бета)
Кроз ватру и воду дигнуте главе, Стазом победе части и славе
     
Кон врв
C.B. Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Март.2007
Статус: Офлајн
Поени: 152
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај C.B. Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Април.2007 во 22:51
Originally posted by C.B. C.B. напиша:

Имам у БиХ осуђен на педофилију
Кантонални суд у Бихаћу прогласио је имама, вероучитеља у џамији, Зухдију Мулалића кривим за педофилију. Он је проглашен кривим за казнено дело блуда над шест девојчица, узраста од шест до 12 година, у првом случају те врсте у БиХ. Како је јавила ТВ Федерације БиХ, због блудних радњи над малолетним девојчицама, Мулалић, из места Језерско у северозападном делу Босне, осуђен је на две године затвора. Девојчице које су биле жртве похађале су у дужем временском раздобљу верску наставу код Мулалића. (Бета)


ZAREM MUHAMEDANCITE OSTANUVAAT RAMNODUSNI SPREMA OVA?????????

SRAMOTA!!!!!!!!!!!
Кроз ватру и воду дигнуте главе, Стазом победе части и славе
     
Кон врв
аџија Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 5474
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај аџија Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Април.2007 во 16:18

СПЦ не сака дијалог со МПЦ - ПОА се распаѓа

Битола /05/04/ 15:23

Македонска православна црква (МПЦ) ја обвини денеска Српската црква (СПЦ) дека не сака дијалог и оцени дека „нејзината агентура во Македонија“, ПОА, се распаѓа.

„Нема доволно слух за надминување на проблемот со СПЦ, изјави Митрополитот на Преспанско-Пелагониската епархија г. Петар, на денешната пред Велигденска средба со новинарите во Битола.

Според него, од СПЦ нема сигнал за продолжување на преговорите, откако МПЦ од пред повеќе од еден месец испрати писмо за обновување на дијалогот.

„Очекуваме како посредници меѓу двете Цркви да се вклучат другите помесни православни цркви, Романската, Бугарската и Руската. Останува да видиме дали тие ќе соберат сила да и погледнат на вистината во очи и да помогнат во надминување на овој вештачки проблем“.

Владиката Петар, како што јави дописникот на Макфакс, оцени дека Православната Охридска Архиепископија (ПОА) е агентура на СПЦ инсталирана во Македонија, која е во фаза на распаѓање.

Тој потврди дека монасите и монахињите масовно ја напуштаат ПОА на Јован Вранишковски и дека тоа е очекувано.

„Оваа инсталирана агентура на СПЦ не е од Бога, туку злонамерно направена од луѓе со намера да и наштетат на нашата Црква и народ. Очекувам дека ќе се распадне, затоа што не е Божја работа“.

Што се однесува до новиот закон за верски заедници, г. Петар очекува повеќе разбирање од меѓународниот фактор и вели дека членот 8, кој не дозволува регистрација на групи кои произлегуваат од верските заедници, не смее да се брише од законот.

„Сметам дека ова треба да го почитува ЕУ, затоа што стабилноста на едно општество не зависи од некој закон што ќе ни биде наметнат однадвор, туку исклучиво од тоа како верските заедници делуваат меѓусебно, а по ова прашање постои консензус“, вели Петар./крај/де/б

Кон врв
C.B. Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Март.2007
Статус: Офлајн
Поени: 152
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај C.B. Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Април.2007 во 17:55

Вистината за МПЦ на официјалниот сајт на Руската Православна Црква

Додека расколничката организација МПЦ вложува напори да ја промовира својата „вистина“, Руската Православна Црква ја знае вистината за МПЦ.


На неодамнешната средба со претставниците на самопрогласената „Македонска Црква“ Патријархот Вартоломеј во потполност ја поддржал позицијата на Српскиот Патријархат

Како што веќе беше соопштено, на 21 Февруари Патријархот Константинополски Вартоломеј прими делегација на самопрогласената „Македонска Црква“.

На средбата, одржана по барање на македонската страна, Предстојателот на Константинополската Црква во потполност ја поддржал позицијата на Српскиот Патријархат, пренесува агенцијата RNN.

Тој особено нагласил дека таканаречената „Автокефална Црква“ на бившата југословенска република Македонија не може да биде прифатена како канонска Православна Црква, а исто така, укажал и на невозможноста за прифаќање на називот „Македонска“ во врска со спомнатата јуриздикција.

Овие проблеми веќе добро се познати, кажал Вартоломеј, обраќајќи се кон членовите на делегацијата. Како што е соопштено, Патријархот со суров тон ги прашал македонските претставници дали се тие ополномоштени да истапат со какви било нови предлози.

Непризнатата во Православниот свет „Македонска Црква“ ја претставувале митрополитот Тимотеј, епископот Наум и архимандритот Порфириј.

http://www.patriarchia.ru/db/text/205103.html


Расколничката МПЦ ќе го суди Архиепископот г. г. Јован на Велики четврток


Дали постои некаква символика во тоа што судењето на Неговото Блаженство Архиепископот охридски и Митрополит скопски г. г. Јован за кривично дело „затајување“, за кое беше ослободен од Основниот суд во Велес, а Апелациониот суд во Скопје го врати на повторно судење, е закажано за 05-ти Април 2007 год., односно на Велики четврток?

По барање на расколничката организација, која се самонарекува МПЦ, почнувајќи од 2003 год., па се досега, власта прави политички прогони врз Архиепископот г. г. Јован. Како резултат на тие политички прогони тој е веќе двапати затворан. На последното судење, на кое беше обвинет дека затаил цели црковни буџети во период од четири години, беше ослободен од судот во Велес, но по жалба на Јавниот обвинител, Апелациониот суд во Скопје го врати делото на повторно судење. Судот во Велес го закажа судењето токму на Велики четврток. Со какво лице ќе дојдат тужителите, расколничката МПЦ, да го судат Архиепископот г. г. Јован на Велики четврток?

Во продолжение го поставуваме Завршниот збор што Неговото Блаженство Архиепископот охридски и Митрополит скопски г. г. Јован го даде пред судот во Велес минатата година по истото обвинение.


ЗАВРШЕН ЗБОР
на Архиепископ охридски и Митрополит скопски г.г. Јован
на судењето за кривичното дело „затајување“ по чл. 239 ст. 4 в.в.ст. 1 в.в.чл. 45 од Кривичниот законик

Почитуван претседателе на судскиот совет,


Ќе се потрудам да бидам многу краток и тоа од три причини, иако обвинението со кое се теретам е многу опширно.

Прво, затоа што во исказот кој судот ми дозволи да го дадам бев доволно опширен и мислам дека ги одговорив сите аспекти од обвинението, второ затоа што доказната постапка докажа дека обвинението е потполно неосновано и трето, а можеби и најважно што во политичките процеси колку повеќе зборуваш тоа е повеќе на твоја штета. Тоа добро го испробав, низ неколку политички процеси кои власта ми ги конструира и овој пат решив барем да не си трошам зборови.

Тоа дека и овој судски процес е конструиран за политичка пресметка со мене мислам дека ниту се крие, ниту оној кој го конструирал, а тоа е власта сака да има конспиративност.

Прво Управата за Безбедност и Контраразузнавање ми ја запали куќата, потоа дојде јавната безбедност и она што не беше изгорено го заплени. И тоа ги заплени токму документите и архивите за овој судски процес, а никогаш потоа не ги врати. Кога овој суд побара доказ дали полицијата ми ги вратила запленетите материјали, добивте одговор дека ми ги вратиле, ама не направиле записник за тоа. Дали е тоа можно, навистина да ги вратиле, а да немаат записник за тоа, судот нека цени, но кај мене ќе остане сомнеж дека тоа е направено во соработка со јавното обвинителство за да ги оневозможат да се прикажат моите докази. Во нормални услови и во правна држава, само овој непобитен факт, дека полицијата ми ги одзела клучните документи за процесов е доволен за ослободителна пресуда, но во овие наши услови ...

Ќе бидам искрен, давајќи одбрана за делото за кое сум обвинет се чувствував многу бедно. Не затоа што сум горд, или за тоа што не сакам да дадам отчет, туку затоа што судејќи ме мене за затајување се суди целата Црква, дури некои нејзини високи управители и да не се свесни за тоа. И тоа не се суди Црквата внатре во Црквата, туку се суди пред сите јавно.

Потешко значи ми е тоа отколку директно без процес да бев осуден. И вака и така, јас веќе навикнат на живот во затвор. Така немаше да падне сомнеж на Црквата. Немаше да падне сомнеж дали е можно ова за кое сум обвинет да го правел само еден од осумте владици во МПЦ. Но, за срамот кои го нанесоа на Црквата нека мислат оние кои дадоа предлог за гонење, а тоа е МПЦ, при тоа свесни дека црковните канони забрануваат свештени лица да се судат во граѓански судови.

Но, ако оние кои го дадоа предлогот не се вични ниту во црковното, ниту во кривичното право, требаше малку повеќе доблест да има јавниот обвинител и да не подига обвинение, особено затоа што истрагата и вештачењето дадоа цврсти докази дека во овој случај нема кривично дело. Во почетокот на овој судски процес, јас и напишав едно остро пимо на јавнот обвинител во кое ја укорив за тоа што превзема и противзаконски и противуставни дејства влегувајќи во работата на верските заедници кои според устав се одвоени од државата, а со тоа државата или било која државна институција нема право да им врши финансиска контрола.

Како минува времето гледам дека малку сум избрзал, зашто после моето затворање се докажа дека јавниот обвинител всушност само се појавува на судењето, можеби и без тоа да го сака, ама мене ме гони државата и тоа од највисоко ниво, од претседателот на државата г–динот Бранко Црвенковски кој јавно кажа дека Охридска Архиепископија на која сум Архиепископ ќе ја уништела МПЦ и затоа на секој начин требало да се спречи нејзиното постоење.

Така, за да се заштити МПЦ, државата отвори неколку судски спорови против мене. Веќе ме сместија во затвор и мислат дека со продолжени судења кои ги најавуваат, нас ќе нè истоштат, истовремено ќе нè казнат, а МПЦ среќно ќе си живее.

За да се оствари кривичното дело за кое сум обвинет потребно е некој да ми доверил некои средства или предмет и јас да сум ги задржал со нив да располагам или пак сум му ги дал на некој друг тој да ги употребува. Самиот факт што ниту во обвинителниот акт, ниту во доказната постапка се утврди што е тоа што ми било доверено, а јас сум го затаил, е основа судот да утврди дека нема кривично дело и да донесе ослободителна пресуда. Од друга страна, дури и летимичен поглед на обвинителниот акт дава впечаток дека е подигнат за друго кривично дело: „злоупотреба на службената положба и овластувања”, а не за кривично дело „затајување”. За да не испадне дека иако сум обвинет за затајување, судот да ме суди за злоупотреба, или како медиумите тоа го нарекуваат малверзации, би замолил да се има во предвид тоа дека одлуките на верските заедници, според чл. 14 од Законот за верски заедници и религиозни групи не произведуваат дејства надвор од самите заедници. Тоа значи дека се нелигитимни во правниот промет. Со други зборови, одлуките кои ги носела Црквата, нејзините тела и органи, а нејзино тело е и самата служба на Митрополитот не предизвикуваат дејство ниту пред овој суд. Дали некои тела и органи во Црквата вршеле пренамена на средства и претурале од еден фонд во друг, не може и не смее да биде од интерес на судот. Тоа е внатрешна црковна работа, иако како што вештачењето и самата доказна постапка покажа, за сите поголеми суми одлучувал Епархискиот Управен Одбор, а за она што не одлучувал дал позитивно мислење кога се усвојувала завршната сметка.

Бидејќи судскиов процес е јавен, а средствата за информирање вршеа огромен притисок преку јавноста, нека ми биде дозволено да го кажам и следново:

Судот го отстрани од можност да го следи процесот Епископот Марко дремвицки затоа што оцени дека со некоја негова изјава правел притисок врз судот. Но, не отстрани ниту еден од претставниците на средствата за информирање затоа што со своите груби лаги вршеа не еднократен туку континуиран притисок врз судот.

Не е ли притисок за судот и не требаше ли претставниците од средствата за информирање да бидат опоменети дека вршат притисок врз судот со тоа што изјавуваа дека сумата која е предмет на затајувањето е 550 000 €. Сега, кога процесот завршува и кога е многу лесно да се утврди дека сите средства од буџетите кои се споменуваа во обвинението не се повеќе од 200 000 €, треба да чувствуваат срам оние кои намерно сакаа да направат лажна слика. Имено, дури и да усвоеја сума од 200 000 € како предмет на затајувањето, пак ќе беше нереално, зашто во тој случај како за ништо друго не се трошеле средствата: ниту се исплаќало плати, ниту патни трошоци имало, ниту се одржувале објектите, ниту канцелариски материјал се купувало, единствено испаѓа како некој само да внесувал средства, а јас само да сум ги затајувал.

Ќе завршам со тоа дека не само што не се чувстувам виновен за кривичното дело за кое сум обвинет, туку сметам дека целата доказна постапка покажа дека не сум направил кривично дело затајување. Се надевам дека судот правилно ќе ги цени фактите, не под притисок на политиката и средствата за информирање.

Затоа, согласен во сè со мојот бранител, барам судот да го одбие обвинителниот акт, како акт подигнат од неовластен тужител, а во колку тоа не го усвои да донесе ослободителна пресуда бидејќи не е остварено дејството на кривичното дело за кое се теретам.



Изменето од C.B. - 05.Април.2007 во 18:01
Кроз ватру и воду дигнуте главе, Стазом победе части и славе
     
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1213141516 86>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,172 секунди.