|
КРШТЕВАЊЕ НА БЕБИЊА-ДА ИЛИ НЕ? |
Внеси реплика | страница <1234 72> |
Автор | |||||
rome
Сениор Регистриран: 10.Март.2007 Статус: Офлајн Поени: 492 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
i jas bev edno vreme izbunet za krshtevanjeto na bebina.Od koga najdovne deka ni edno bebe vo biblijata ne bilo krsteno oti za da se krsti treba da se odrechi od grevovite da priznae Ristos sto napravi i da go primni a bebe neje greshno ni pak znae za Ristos pojdovne kaj popot localni i go ispitav.Toj reche ne je moralno bebina dase krstat i deka ne se krstele mnogu godini poslem Hristos voskresna ama, vo godinata okolu 600 i neshto imalo golema bolest i umirale mnogu narod i stari i bebina. roditelite na umrenite bebina sakale uteha deka decata poshle vo rajot i zatoa popovite reshile ako bebinata se krstat toa ke im dade uteha na roditelite.Od togash pochnalo krshtevanje na bebina.Ama da znaete deka tie nese navistina krsteni.Treba samite da reshat oti koga ke odat na sudenje pred Gospo nikoj nema da stoi vo nivnoto mesto odsvem tie i Ristos ako go priznaat za Spasitel ako ne sami se i nemaat advokat za nivnite greshki.A kolku luge shto bile krsteni kako mali neznaat nishto ni veruvaat vo Hristos a kako mozat da bidat spaseni.Koga se krshtevaat malite dali znaete shto veli numkoto.Nikoj nemoze da stoi na mestoto tvoe,ni numko ni nikoj.Yovan Krstitelot go krste Hristos toa je primer za nas no kako moze chovek damu bide numko na Bog.
|
|||||
Zaljubena vo Hristos nashiot Edinstven Spasitel
|
|||||
чаир
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 29.Јануари.2007 Статус: Офлајн Поени: 950 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Се извинувам што каснам со мојот одговор Ev Angelos Богродица е керка на Јоаким и Ана, родум од Галилеја
(Лука 1.26-27) и била свршена за Јосив ( неговото име се споменува кај Матеј 1,
16 за да се покаже дека христос ке се роди телесно од Давидовото потомство) кој
за земал на чување кај себе за да може Богородица да го исполни својојт завет
за девственост но и да не биде прекршен еврејскиот завет кој забранивал жена да
остане сама да не се омажи. Поради таа веридба Исус се смета за син Јосифов (Лука
3,23; 4,24; Јован 6,24), но Јосив има само законско татковство над Христа а не
физичко. (Матеј 1, 20-25) Богородица ја прима благата вест ос Архангел Гаврил (Лука
1,26-38), а потоа е и поздравена од Елисвета мајката на Свети Јован Крстител
(Лука 1, 42-45). По раѓањето на Единородниот во Витлеем (Лука 2,4-16)
Богородица е со Него во сите поважни мигови од неговиот живот и дело: обрезанието, носењето во храмот, бекството во Египед,
свадбата во Кана Галилејска (Јован 2,1 ), како и за време на страданијата и за
време на Неговата крсна смрт каде е поверена на апостол Јован(Јован 19,25). По Исусовото
вознесение на небото (Дела 1,14) заедно со неговите браќа и жените кои го
прателе го сочинува апостолскиот круг. Во западната црква почнувајќи со
епископот Епифание Кипарски култут за Божјата Мајка зазема големи размери. Меѓу
останатото празникот за Успението Богородично се споменува уште кај Григорие
турски (+594). По папата Григориј Велики (590-604) празникот во рим е
прославуван на 15 август. Папа Сергие I (687-701) предава одредени молитви за Богородичните
празници.низа на црковни писатели и учители и посветиле на Богородица многу
расправи и научни трудови како на пример Свети Јован Дамаскин; Герман
Цериградски; Теодор Студите и др. Литургијата е посна со молитви и славословија
кои се однесуваат на личноста и улогата на Пресвета Богородица во Домостројот
на овоплутувањето на Синот Божји. Православното учење за Пресвета Богородица може да се
подели и разработи во неколку главни правци: Невеста,
Приснодева: Терминот αιπαρθενια – сегогаш дева,
се јавува за прв пат кај Свети Игнатие Богоносец, кој раѓањето од Дева го смета
како една од големите тајни на Соасението. Оттаму целокупната патристичка
традиција, за со неја да се означи чудесното зачнување на дева без посредништво
на маж. Логосот прима тело за ние да се обожиме. И виде тој, а тоа капина гори со оган а не
изгорува. ( 2 Мој. 3,2). Во огнот некој гледаат јасен симбол на материјата а во
капината символ на девственоста. Таа
зачнала бесемено и на неискажлив начин го родила Бога логосот, сочувајќија
својата девственост, Марија Дева (πατθενος) Богородица,
Мати Божја, тоа е првото име на Дева Марија испишано на иконите си
иницијали МР – ΘΟΥ односно Μητηρ Θεου (Лука 1,43). Терминот Θεοτοκος е
усвоен на Третиот Вселенски Собор (Ефес 431) против Несториевата ерес но
црквата не го вовела во символот на верата. Дева го родила по тело Едниот од
Троица затоа е Богородица, невдливиот преку неја стана видлив, светата дева не
родила посебно човек во кој слегол Синот туку Логосот преу Дева замал човечко
тело и бил во совршено единсто со двете природи кои не се негирале една со
друга ниту се измешале туку постоеле двете одвоено во совршен размер. Благодатна (Лука 1,28), Пресвета (Παναγια), Царица за која се зборува и ви Стариот Завет (Пс. 44;
Исаија 42) Во православната традиција Богородица се споредува Ева,
како што преку Ева доаѓа гревот така и преку Богородица се раѓа спасние на
светот. Свети Јован Дамаскин во својата беседа за Успение ја нерекува храм на
Логосот. Православната црква не прифатила две догми кои се
прогласи од Римокатолиците Безгрешното зачнување на дева 1854 год. Телесното везнесување 1950 год. Горенаведените догми го искривуваат
односот на човекот со Овоплотениот Бог. Богородица е ќерка на праотецот Адам и
постанува човек кој очекува спасение “Марија пак
рече: евеја Слугинката Господова нека биде според зборовите Твои” (Лука 1, 38). Затоа нејзиното обожување не плод на
Овоплотувањето на Логосот кој е единствен извор на нетрулежност. Вознесувањето на
телото може да има сисла за прославување на човечката природа, но то ане го
уништува песредничкото единство Со Христа како искупител, зошто христос е оној
кој го вознесува телото на небо. Но ликот на Богородица е длабоко втиснат во
праљвославната побожност |
|||||
Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
|
|||||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Здраво Чаир, на твое барање, ти приготвив реплика.
Читај внимателно, ќе пишувам со црвено.
Пред да започнам, морам да те прашам, ама искрено одговори ми: Дали пред да ми го напишеш овој пост, го прочита мојот? Не знам дали да се повторувам, ама гледам дека е неопходно. Ајде сега ќе се потрудам да бидам појасен.
Гледам дека те мачи првородениот грев што го наследува бебето од родителите. Искрено кажи ми, дали веруваш дека со едно вонредно бањање на бебето ќе го исчистиш од тој грев? Дали тоа ти ја смирува совества?
Верувај ми, не мора да се мачиш, еве ти Добра Вест: Починатите бебиња не се под осуда!
Задржете малку внимание на овој стих:
Кој ќе поверува и се крсти ќе биде спасен, а кој не поверува, ќе биде осуден. Марко 16:16 Стихот вели: Кој поверува и се крсти ќе биде спасен, а не вели: Кој ќе се крсти ќе биде спасен. Исто така вели: А кој не поверува ќе биде осуден, а не вели: Кој не се крсти ќе биде осуден!! Мислиш дека ова е напишано вака случајно? Размисли добро!
"гревот не се засметува кога нема Закон. " Римјаните 5:13
Бебето не е свесно за Божјиот Закон. Совеста не му вели: не кради, на лажи, не посакувај нешто што е туѓо итн.
Да не дојдев и да не им зборував, немаше да имаат грев; но сега немаат изговор за својот грев. Јован 15:22
Ако Христос, или кој било од нас, почне да му зборува на едно бебе, тоа или ќе плаче, или ќе се смее, или пак ќе не гледа збунето во забите и можеби со јазичето ќе провери дали и тоа поседува заби во устата :-) Но никако нема да не разбере што му зборуваме.
А Исус им рече: "Оставете ги децата и не бранете им да дојдат кај Мене, зашто на таквите им припаѓа небесното царство." Матеј 19:14
Христос вели дека на децата им припаѓа небесното царство. Затоа не грижи се за твоето бебенце, зашто самиот Христос рекол дека на него му припаѓа небесното царство.
Од друга страна, стихот продолжува: "И откако ги стави рацете на нив, си замина." Матеј 19:15 А не вели: "И откако ги крсти, си замина."
И уште еднаш сакам да прашам: Зошто во Новиот Завет, има набројано толку многу примери за крштевање, а нема ниту еден пример каде што е крстено некои бебе?
Ако е тоа толку важна доктрина (да ги спаси починатите бебиња од пеколот), тогаш зошто апостолите не спомнале ниту еден таков случај? А од друга страна пак има повеќе стихови (погоре наведените) кои зборуваат спротивно на оваа доктрина.
Немало ли бебиња тогаш? Во тоа време било вообичаено луѓето да имаат по 5-6 или 7-8 деца во семејството. Значи имале дури и повеќе бебиња од денес.
Чаир, и сите останати истомисленици, верувајте дека водичката со која попот ќе го избања бебенцето, не го чисти од наследениот грев. Крвта Христова е таа што го чисти.
".. и крвта на Неговиот Син Исус Христос не исчистува од секој грев." 1 Јованово 1:7
Верата во Христос и Неговата пожртвувана смрт е таа што не спасува и не чисти од гревот. Крштевањето не е во дирекна спрега со нашето спасение.
(Разбојникот на крстот немал можност да се крсти бидејќи умрел на крстот, а сепак Христос рекол дека ќе биде со Него во Рајот!!) Поточно и попрецизно: Ако на крштевањето не му предходи покајание и вера во Исус Христос, тоа не е крштевање! Туку е само еден обред, едно вонредно бањање, еден повод да се соберат роднините итн.
Простете ми ако на делови бев малку ироничен или саркастичен, ама верувајте ми дека крајната цел ми е да ви го доловам библиското учење за крштевањето во спрега со спасението.
Поздрав до сите!
-EvAngelos Изменето од EvAngelos - 25.Март.2007 во 04:22 |
|||||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|||||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Велиш дека никој досега не те убедил?
Тогаш, најверојатно, залудно би било и моето убедување.
Затоа решив само да ти напишам некои цитати каде Христос заповедува да се крстиме. Ако Христос не те убеди, никој не може.
Ова е последната Христова заповед (непосредно пред да се вознесе на Небото):
"Дадена ми е сета власт на небото и на земјата. Затоа одете и направете од сите народи мои ученици, крштевајќи ги во името на Таткото, Синот и Светиот Дух..." Матеј 28:18,19
Исто така Исус вели:
Кој ќе поверува и се крсти ќе биде спасен, а кој не поверува, ќе биде осуден. Марко 16:16
Пријателке, јас бев послушен на оваа Христова заповед (бидејќи знам дека е за мое добро, за мое лично спасение).
Испитај се сериозно. Што е тоа што те спречува да се крстиш?
Не сакаш ли да му бидеш послушна на Оној, кој дозволи да биде камшикуван, навредуван, тепан, маван со шлаканици, закован на крст, убиен! заради тебе, заради мене, заради гревот на секој човек. Тој претрпе премногу за да ни овозможи простување на гревовите и вечен живот. Христос ја зеде нашата казна. Секој од нас требаше да биде распнат на крст за нашите гревови. Но Христос, иако не направи ниту еден грев, беше распнат за нас, за нашите гревови. Тој доброволно ја зеде осудата за нашите гревови, за да не ослободи нас од судниот ден. Тој стана проклетство за нас, за ние да станеме Божја правда во Него.
Тој не мораше да го направи тоа. Но го направи од љубов!
Ако Тој претрпе и направи толку многу заради нас, зарем не заслужува за возврат една мала послушност на Неговата заповед да се крстиме? Зошто да се крстиме?
Зошто е потребно филозофирање? Зарем не е доволно тоа што Христос заповедал така?
Пак ќе повторам: Тој не мораше да го направи тоа, но го направи од љубов.
Затоа мислам дека Христос заслужува да Му бидеме послушни на оваа заповед и да ја извршиме, не со принуда, туку од љубов кон Него, како што Тој прв не возљуби нас.
Поздрав мамма!
EvAngelos Изменето од EvAngelos - 25.Март.2007 во 04:11 |
|||||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|||||
чаир
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 29.Јануари.2007 Статус: Офлајн Поени: 950 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Во првите векови христијанството било гонето и било нарекувано религија на бедните на сиромавите и било третирано од евреите како да е секта, но денес религијата е слободна и не е гонета од никога но го изгубила својот квалитет а добила на квантитет . Сите застранети учења кои сега се класифицираат како секти ако не се секти како што ти велиш тогаш се анатемисани спорад зборовите на апостол Павле: " Se
~udam deka taka
brzo se odvratuvate od Onoj, Koj ve povika preku blagodatta Hristova, i
preminuvate kon drugo blagovestie; 7.
ne zatoa {to ima drugo evangelie, no ima takvi, *{to ve smutuvaat i sakaat da
go izopa~at Blagovestieto Hristovo. *Dela
15,1-24; 8.
*No duri i nie, ili angel od neboto da vi blagoveste{e ne{to drugo od ona, {to
vi blagovestevme nie, neka bide anatema! Ако за тебе крштението е самоо едно обично миење еве како на тоа гледаат апостолите VII.
А во односот он крштението вака крштевајте: па сега размисли а кога ке се вратам ако не ти е јасно ке ти напишам поопширно поздрав
Изменето од чаир - 25.Март.2007 во 16:18 |
|||||
Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
|
|||||
mamma
Сениор Регистриран: 15.Јануари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9879 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Hhhhhmmmmmm.......zalam no seuste ova nisto ne mi znaci
Ke ve ostavam da si ja prodolzite temava -bez mene,pozdrav do site!!! Изменето од mamma - 06.Април.2007 во 23:20 |
|||||
Julija
Сениор Регистриран: 02.Март.2006 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1706 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Вака сега... Ние го крстивме синот кога имаше само 2 месеци... Воопшто не ме интересира што има тој да каже на таа тема, дали го прифаќа тоа или не...
Како јас ја разбирам работата, или подобро, како ја чувствувам, е дека има некоја сила што е многу побитна од разумот, разбирањето или мудроста и дека таа треба да се прифати таква каква што е... таа дава сила, надеж и волја за живот... Зошто да му ја ускратам на моето дете? |
|||||
|
|||||
Balian
Нов член Регистриран: 25.Март.2007 Статус: Офлајн Поени: 8 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Ako se narekuvame sebesi hristijani znachi treba da go sledime uchenjeto na Hristos t.e. da bideme hristoliki. Zatoa ako pravime neshto vo Negovo ime( "...крштевајќи ги во името на Таткото, Синот и Светиот Дух..." Матеј 28:18,19) treba da znaeme shto, kako i zoshto pravime...a najvekje toj shto se krsti! |
|||||
What man is a man who does not make the world better?
|
|||||
аџија
Сениор Регистриран: 25.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 5474 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Очигледно крштевањето не го гледаш како ништо поразлично од жртвувањето на деца и луѓе кое го практикувале древните народи за да го смилуваат бога, или „силата“. Само што во овој случај не мора да се жртвува ништо, освен да се ибањка бебенцето, и таа голема „сила“ некаде во универзумот е задоволна! Ти звучи ова на логично? Или можеби погрешно те протолкував... |
|||||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Чаир, јас знам добро што се секти и јас не реков дека секти не постојат, само не се сложувам со твојата дефиниција за зборот секта. Ти рече дека секти се сите освен православна и римокатоличка. Тоа е многу субјективна и пристрасна дефиниција. Јас би рекол дека христијански секти се сите оние религиозни групации кои имаат изопачени доктрини, или доктрини кои не се во склад со Христовото и апостолското учење запишано во Библијата. Една таква изопачена доктрина е крштевањето на бебињата што го практикуваат одредена група на цркви.
Немој да ми ги вртиш зборовите, јас не реков дека крштението е само едно обично миење, туку реков дека крштението на бебиња е само едно обично (вонредно) миење (бањање) на бебенцето.
Со твојов коментар некој ќе си помисли дека јас сакам да го негирам самото крштевање, ДАЛЕКУ ОД ТОА! напротив, јас го подржувам крштевањето и затоа ја отворив оваа тема, за да го претставам библиското учење за крштевањето и да го заштитам од разновидните ереси кои се вметнати во него, како што е учењето за "крштевањето" на бебињата.
Незнам зошто ми го цитираше тој пасус од Дидахијата. Зарем не ти е Библијата доволна за да знаеш како, кога и кој може да се крсти?
Библијата содржи 66 протоканонски книги. Кажи ми, ако Бог заборавил нешто да ни допише за крштевањето во Библијата, и ако Тој тоа го направил во Дидахијата, тогаш зошто апостолите не ја вметнале оваа книга во Библијата како и сите други протоканонски книги?
Затоа мислам дека Библијата е доволна за да го расчистиме овој проблем, дали бебиња требаат да се крштеваат или не.
Јас дадов доволно аргументи дека Библијата учи дека крштевањето е само за возрасни луѓе, незнам зошто не го прифаќаш ова учење?
|
|||||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|||||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Јулија,
велиш дека има некоја сила која што е побитна од разумот, разбирањето итн... и дека таа треба да се прифати каква што е..
Те прашувам: Од каде знаеш која или каква е таа сила за да ја прифатиш? Кој ти кажа за неа? Од каде ти се информациите за таа сила?
Немој само да ми кажеш дека си нашла некое ливченце на улица на кое пишувало: Јас сум сила и многу сум побитна од разимот итн итн, и како таква ти наредувам да го крстиш твоето бебе за да му дадам сила надеж и воља :-) Се шалам малку, извини.
За мене таа сила претставува библискиот Бог, Кој своите упатства за нас луѓето ги запишал во Библијата.
Велиш Зошто да му ја ускратам на моето дете?
Јулија, според Библијата, крштевањето на бебиња не е вистинско крштевање. (Види го мојот вовед на 1та страна на темава)
Така што твоето бебе не добило ништо, освен едно дополнително бањање кога си го "крштевала". Бог не го препознава крштевањето на бебињата, затоа што тоа е наменето за возрасни луѓе кои своеволно и со лична одлука, откако се покајале за своите гревови и поверувале во Христос, одлучиле да се крштеваат.
Да не го беше крстила твоето дете, кога тоа ќе порасне, ќе види дека не е крстено и, откако ќе ја дознае Христијанската вера, ако поверува во неа, само ќе си одлучи дали да се крсти. Тоа е веќе правилно и библиско крштевање.
А сега, кога ќе порасне, и доколку поверува во Христос и посака да се крсти, попот ќе му забрани со заканата дека повторното крштевање е непростлив грев. И тоа ќе се уплаши и нема да се крсти. И така ќе остане некрстено, бидејќи Бог не го признава првото крштевање (бидејќи не е направено согласно Божјиот модел запишан во Библијата), а второто крштевање било забрането од попот.
Гледате ли колку Ѓаволот лукаво го вметнал овој ерес во некои цркви, се со цел луѓето да не се крстат според Божјиот модел, туку да се залажуваат дека се "крстени" како бебиња, и всушност на тој начин да останат некрстени.
Драги мои, затоа и ја отворив оваа тема, за да не му го дозволиме тоа задоволство на Злиот, за да се вратиме на Божјото учење за крштевањето запишано во Светото Писмо и да бидеме правилно крстени.
Немој да ме сватиш погрешно Јулија, не сакам да се расправам со тебе, туку само сакам да ти го изнесам библискиот став. Се што пишувам јас е од Библијата. Ако нешто не ти се допаѓа од ова, прашај го Бог во молитва зошто тоа го напишал во Библијата, а јас ќе се молам Бог да ти одговори на молитвата.
Со почит,
EvAngelos
|
|||||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|||||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Еве ме Чаир, на твоја молба се потрудив да ти одговорам.
Не сум сигурен баш дека сите веруваме и се сложуваме дека човек се спасува само ако е член на црквата. Незнам што точно подразбираш ти под тоа "член на црквата"? Крштеница ли со печат од МПЦ и потпис од г.г.г. Стефан? Тоа ли ќе не спаси? Тоа ли е визата за рајот? Повеќе од 75% од македонците ја имаат таа виза, а сепак ни 5% од нив не знаат ни зошто дошол Христос на земјава и зошто дозволил да биде распнат на крстот. Следи внимателно, колкумина (што биле крстени како бениња) за Велигден ќе речат: "Христос се роди!", наместо: "Христос воскресе!". Смешно и трагично во исто време. Таа фраза "човекот се спасува само ако е член на црквата" најмногу била употребувана и се употребува од Католичката и Православната црква со цел да создадат еден верски монопол и од луѓето да направат лојални муштерии заплашувајќи ги дека доколку не се членови на црквата нема да бидат спасени, и дека доколку не ги крстат бебињата во нивните цркви, кутрите мали бебиња ќе горат во пеколот. Срамота! Сепак и јас верувам дека човекот (а не бебето) се спасува аке е член на Божјата Црква (со големо Ц). Таа Црква ја сочинуваат сите починати и живи Христови следбеници кои својата вера ја втемелиле во Христос и Неговото, а не нужно и црковното, учење. Чаир, како ќе се спасат бебињата кои не се крстени ти напишав во предходните два поста и сметам дека тоа е доволно. Гревот нема осуда и моќ врз нив и тие ќе бидат спасени преку Божјата огромна милост на база на Христовата Жртва и од нив нема да се бара вера бидејќи немале можност да ја имаат истата. Да не се повторувам докажувајќи ти го ова, прочитај ги моите два предходни поста. Прашање до тебе: Како се спасил разбојникот кој бил распнат до Христос? (Лука 23:43)
Христос му рекол: "Вистина ти велам, денес ќе бидеш со Мене во рајот" Мислиш ли дека разбојникот викнал од крстот по војниците: "Ве молам, симнете ме од крстот за да се крстам, па потоа пак заковајте ме на него, бидејќи само така се станува член на црквата и само така човек се спасува!" :-))) Извини за иронијава, ама со овој пример само сакав да ти покажам дека крштевањето не е во дирекна и неопходна врска со Спасението, туку неопходни се покајанието и верата. Разбојникот се покајал и поверувал дека Исус е Христос и затоа бил спасен. Нормално, секое одбивање на крштевањето од страна на возрасен човек кој има услови да изврши библиско крштевање, е добар индикатор дека тој или таа имаат проблем со предусловите на крштевањето т.е. немаат вера или не се покајале вистински. Е таквата вера и таквото покајание, на кое му следи одбивање и непослушност на Христовата заповед да се крстиме, не не спасува. Тоа е, како што апостол Јаков ја нарекува, мртва вера. Крштевањето на бебиња не е библиско крштевање и Бог не го препознава како такво и затоа јас го нарекувам само едно вонредно бањање на бебето. Тоа е, како што го нареков, само еден ритуал, само еден обичај, да си направиме една гозба со роднините и пријателите и да си ја смириме совеста дека ете го крстивме бебето, го поштедивме од пеколот и го направивме христијанин. Христијанин ипол! :-) Павле си имал голема мака со Галатјаните да ги убеди да не се навраќаат кон делата на законот, кон ропството на неговите обреди и заповеди, кон телесното обрежување и сите други површни и надворешни ритуали. И ќе им рече: "Се чудам што така брзо се одвративте од Оној, Кој ве повика кон Христовата благодад, и преминавте кон друго евангелие (ерес!)" Галатјаните 1:6 Би сакал овој пост да го завршам со следниве 2 слогана: СПАСЕНИЕТО Е ПО ВЕРА "Но бидејќи знаеме дека човекот не се оправдува од делата на законот, туку само преку верата во Исус Христос, и ние поверувавме во Исус Христос, за да се оправдаме од верата во Христа, а не од делата на Законот; зашто од делата на Законот нема да се спаси ниту еден човек." Галатјаните 2:16 SOLA SCRIPTURA (Само Светото Писмо) "Цеото Писмо е од Бога вдахновено и полезно за поука, за изобличување, поправање и поучување во правдата, за да бдие Божјиот човек совршен и подготвен за секое добро дело. 2 Тимотеј 3:16 Поздрав! EvAngelos
|
|||||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|||||
чаир
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 29.Јануари.2007 Статус: Офлајн Поени: 950 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Членови на церквата се сите крстени, но крштениеот не ги спасува само по себе по дифолт, зошто и Христос ни вели: 21. Ne sekoj {to
Mi veli: "Gospodi, Gospodi", }e
vleze vo carstvoto nebesno, a onoj {to ja ispolnuva voljata na Mojot Otec
nebesen. (Matej 7,21) *Rim.2,13; Постои така нерачено крштение во крв тоа се оние луѓе како на пример мачители на некој свет отец кога во текат на измачувањето на христовиот исповедни прогледале и го исповедале христијанството и пострадале за него тие се маченици и се крстени во крв заради Христа, така и разбојникот во последен момент го исповеал Христа. Ние не се спасуваме само со вера таквоучење имаа протестантите во Соботното послание на Свети Апостол Јаков се вели: 26. Oti, kako {to
e teloto bez duh mrtvo, taka i verata bez dela e
mrtva.
|
|||||
Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
|
|||||
rome
Сениор Регистриран: 10.Март.2007 Статус: Офлајн Поени: 492 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
ajde koj ke mi kaze vo koja vera bea apostolite,ako site drugi veri se sekti odsvem katolicite i pravoslavnite pa za i jas da nebidam vo sekta poveke.Koja vera beshe prva katolicite ili pravoslavnite.Razmislete i chekam odgovor so fakt koga koja vera postana.Siguren sum oti sekoja vera pochna 300 godini posle HRISTOS.Shto dokazuva ova oti site veri i sekti se izmisleni od chovek. |
|||||
Zaljubena vo Hristos nashiot Edinstven Spasitel
|
|||||
Внеси реплика | страница <1234 72> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |