IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > АРХИВА > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - КРШТЕВАЊЕ НА БЕБИЊА-ДА ИЛИ НЕ?
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

КРШТЕВАЊЕ НА БЕБИЊА-ДА ИЛИ НЕ?

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 72>
Автор
Порака
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: КРШТЕВАЊЕ НА БЕБИЊА-ДА ИЛИ НЕ?
    Испратена: 24.Март.2007 во 02:08

Крштевање на бебиња. Да или Не?

 

Одговорот на ова прашање варира, како и повеќето тука на форумов, во зависност од тоа кого ќе прашате. Некои велат: да, христијаните треба да ги крштеваат своите бебиња, а други пак велат дека не треба да се крштеваат бебиња, туку откако тие ќе пораснат самите треба да си ја донесат таа одлука.

Крштевањето на бебињата е учење и пракса на повеќе цркви, како што се: православната, католичката, методистичката, англиканската, назаретската и уште неколку други слични цркви.

Додека скоро сите останати деноминации, воглавно библиските цркви, не го подржуваат ова учење.

Зошто едните велат Да, а другите Не, се надевам дека ќе биде откриено во вашите коментари тука на оваа тема на форумов. И затоа ве охрабрувам да ги изнесете вашите аргументи и својот став на ова прашање.

Се надевам дека ќе имаме добра и толерантно дискусија.

 

Мојот став, а верувам и библискиот, е дека бебињата не треба и не можат да бидат библиски крстени.

Има многу аргументи што го подржуваат овој став, но во интерес на времето и вашето трпение, ќе се сконцентрирам само на предусловите што му предходат на крштевањето и со тоа би сакал да докажам дека едно бебе не е можно да ги исполнува тие предуслови, за да биде библиски крстено.

 

Предуслови за крштавање

 
  • Примање на Словото на Евангелието
Откако Петар на првиот Духовден ја одржав неговата Евангелска проповед, оние кои ја прифатија таа порака, се крстија.
 
"И така се крстија оние кои го прифатија неговото слово." (Дела 2:41)
 
  • Вера

"Етиопјанецот рече: Еве вода! Што ме спречува да се крстам? А Филип рече: Ако вервуаш од се срце, можеш. Дела 8:36,37

Кој предуслов го забележувате тука? Филип е многу јасен и недвосмислен тука, вели: Ако вервуаш од се срце, можеш.

Прашање: Дале едно бебенце може од се срце да верува во Христос? Дали бебето знае кој е Христос за да може да верува во Него? Дали знае колку букви содржи зборот "Христос"? :-)

"Ако веруваш од се срце, можеш."

Ова е условна реченица која го кажува условот, дали некој се квалификува да биде крстен или не. Негацијата на овој услов би била:

"Ако не веруваш од се срце, не можеш."

Значи, дали бебињата можат да веруваат од се срце? Не! Следствено дали можат да бидат крстени? Логиката вели исто така Не!

Исус рече: "Кој поверува и се крсти, ќе биде спасен. " Марко 16:16

И тука, како и во многу други стихови (подолу се наведени) јасно е дека на крштевањето му предходи вера, и тоа лична и искрена вера во Христос.

 
  • Покајание

"Покајте се и секој од вас да се крсти во името на Исус Христос... " Дела 2:38

Покајанието е исто така важен предуслов за крштевањето. Тоа не е ритуал. Тоа е лична одлука со која ние се каеме за нашите гревови, бараме прошка од Бог за истите и донесуваме одлука за промена, промена од внатре, која ќе резултира со промена и однадвор, во нашите дела, од кои ќе се види дека нашето покајание било искрено.

Прашање: Дали едно бебенце може да се покае? Дали бебенцето е свесно дека е грешно или дека направило грев за да се покае?

Еве неколку поучни примери за крштевањето, запишани во Библијата:

Првите обратеници, Дела 2:36-42

Самарјаните, Дела 8:5-13

Евнухот од Етиопија, Дела 8:26-40

Обраќањето на Савле/Павле, Дела 9:1-18; 22:16

Корнелиј, Дела 10:44-48

Лидија од Македонија, Дела 16:13-15

Стражарот на затворот, Дела 16:25-34

Верниците во Коринт, Дела 18:1-8

Верниците од Ефес, Дела 19:1-7

Петрова поука, 1 Петар 3:21

Доколку ги прочитате овие пасуси, ќе видите дека на крштевањето му предходи: проповедање на евангелието, покајание и вера во Исус Христос.

Нешта кои едно бебе не може да ги направи.

И уште нешто што ќе забележите доколку ги прочитате горните стихови, а тоа е дека сите, кои се крстиле, биле возрасни луѓе и со своја сопствена одлука решиле да бидат крстени.

А од друга страна пак, во Библијата нема да најдете ниту ЕДЕН ЕДИНСТВЕН пример за крштевање на бебе.

Епа ако тоа е пракса на некои цркви сега, зошто не било пракса тогаш? Зошто нема барем еден пример на кој би можеле да се повикаме, па да речеме: ете може да се крштеваат бебиња. Зарем немало бебиња тогаш? :-)

 
Сепак, зошто некои "цркви" практикуваат крштевање на бебиња?

Одговорот е многу краток: Заради пари :-) Тоа е добар бизнис. Попрскај го бебенцето, запеј му малце и отвори го паричникот. Тој лесно и набрзина ќе се наполни. Тешко е да се каже колку е месечната заработувачка од тој бизнис, бидејќи варира од место до место и од поп до поп. Доколку биде извршена фискализација на црквите можеби и ќе имаме ориентација колкав е нивниот доход. Засега можеме само да претпоставуваме според куќите што ги градат, според колите што ги возат, по хотелите што ги градат, по донациите што ги примаат итн.

Нормално, доколку прашате некој што заработува со крштевање на бебиња, тој нема да ви каже дека заради пари го прави тоа.

Најчесто ќе ви ги каже овие работи:

  • Ако не се крсти бебето, смрди.

:-) Нема да го коментирам ова, само ќе го цитирам стихот од 1 Петрово 3:21

"Крштевањето, кое не е отстранување на телесната нечистота, туку е ветување на добра совест кон Бога.. "

  • Мора одма да се крсти, за отстранување на гревовите.

Наводно, бидејќи бебето наследува грешна природа од своите родители, доколку, да не даде Бог, почине, тоа би отишло во пеколот.

Аууу! Eте како да не изгубите муштерија доколку сте во овој бизнис. Кој родител би сакал бебето да му гори во пеколот? Не 1500ден, не 2000ден, би дал и 10.000ден само тоа да не му се случи на моето идно бебе.

Но, фала Му на Бог, го имам прочитано Светото Писмо и не дозволувам некој да ме влече за нос и да ми го празни џебот со измислени доктрини.

Реплика на измислената доктрина:

Точно е дека бебето наследува грешна и несовршена природа од своите родители. Но не и осудата за гревот. Имено, се додека бебето не почне да разликува добро од зло, додека не проработи совеста во него и додека не му се открие Божјиот Закон (барем некој дел од него) детето не е под осуда на гревот. Гревот е присутен во бебето, но е мртов и како таков нема сила да го осуди бебето за во пеколот. Заклучок: Доколку бебето инцидентно почине, тоа оди дирекно во Божјите раце.

За да не испадне дека и јас си филозофирам, еве ви библиски докази кои го потврдуваат ова гледиште:

"Имено, гревот беше во светот уште пред Законот, но гревот не се засметува кога нема Закон. " Римјаните 5:13

"И јас живеев некогаш без Законот; но кога дојде заповедта, гревот оживе, а јас умрев. " Римјаните 7:9

Да не дојдев и да не им зборував, немаше да имаат грев; но сега немаат изговор за својот грев. Јован 15:22

Ова може да биде и едно охрабрување за некој кој загубил бебенце, за да биде сигурен/а дека тоа е сигурно на Небото и дека, доколку има правилна вера, еден ден ќе си го види пак :-)

И последниот аргумент, што барем јас сум го слушнал е:

 
  • За да стане христијанин

Дали е така? Дали ако едно бебе го попрскате вие сте го направиле христијанин/ка? Знаете ли колку светско познати злочинци, луѓе што имале визии да збришат цели нации, сериски убијци, дилери итн. биле крстени како бебиња? Тие ли се Христови следбеници? Погледнете во своето маало, направете една анкета колку од оние кои ги познавате биле крстени како бебиња, и потоа прашајте ги истите дали Христос е презиме на Исус, или да ви кажат зошто Христос умрел на крстот, или самите измислете си некои основно христијанско прашање. Однапред да ве предупредам: Очекувајте разочарување :-(

Мене толку аргументи ми текнаа, толку и напишав. Сакам да прочитам и нешто од вас. Од моите истомисленици, а уште повеќе и од оние кои размислуваат поинаку.

Поздрав до сите!

-EvAngelos



Изменето од EvAngelos - 02.Јули.2007 во 15:12
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Март.2007 во 02:11
ZA PARI,......NE!
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Март.2007 во 02:15
Originally posted by brza brza напиша:

ZA PARI,......NE!
 
брза,
а дали, доколку некој се согласи без пари да ти го крштева бебето, би се сложила да го крстиш?
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Март.2007 во 02:19
pa,ti kazav,..za pari ne,...a,treba bajagi ,..

Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
Isis Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

CATALYST

Регистриран: 19.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 5871
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Isis Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Март.2007 во 10:37
Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

"Ако не веруваш од се срце, не можеш."

Значи, дали бебињата можат да веруваат од се срце? Не! Следствено дали можат да бидат крстени? Логиката вели исто така Не!

Исус рече: "Кој поверува и се крсти, ќе биде спасен. " Марко 16:16

И тука, како и во многу други стихови (подолу се наведени) јасно е дека на крштевањето му предходи вера, и тоа лична и искрена вера во Христос.

Ова е и исправно и во склад со Светото писмо, повеќе од јасно е зошто ни се провлекуваат некои банални обичаи во верата, но се надевам дека тој тренд ќе се напушти, и ке се вратиме сите на тоа што Исус го сакал, а не луѓето.

А интересно е да се спомене дека пак, муслиманите за сите мали бебеиња кои се раѓаат велат дека се раѓаат како муслимани, па потоа зависно од верата на родителот и бебето ја прима соодветната (преку кршевање или сл)

Кон врв
чаир Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 950
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чаир Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Март.2007 во 13:19
Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:


Крштевањето на бебињата е учење и пракса на повеќе цркви, како што се: православната, католичката, методистичката, англиканската, назаретската и уште неколку други слични цркви.


Да разјасниме некои работи на почеток пред да се впуштиме во полемизирање што е исправо а што не.
Православната и римокатоличката црква се цркви а сите останати, протестанти, јеховини сведоци, баптист, пентикпсталци, методисти, агликанци тоа се СЕКТИ
Крштевањето на бебиња е нормално и потребно за да се очисти детето од првородниот грев на нашите прародители Адам и Ева, и бидјќи ние луѓето сме Божји созданија за нас е нормално од самото раѓање да бидеме вo единство со својот Создател.
Што се однесува до наплатувањео тоа не е бизнис но сега нема да коментира за да не се повторувам бидејќи вчера пишуваав на таа тема
АКО НЕКОЈ ВЕРНИК НЕ Е СВО СОСТОЈБА ДА ЈА ПЛАТИ ЦРКОВНАТА ТАКСА СВЕШТЕНИКОТ Е ДОЛЖЕН СПОРЕД ЗБОРОВИТЕ ХРИСТОВИ ДА ГО ИЗВРШИ КРШТЕВАЊЕТО




Изменето од чаир - 24.Март.2007 во 13:56
Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
Кон врв
чаир Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 950
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чаир Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Март.2007 во 13:59
Да речеме дека сте во право па јас ке ви поставам прашање и би го молел Ev Angelos da miodgovori
Ако знаеме и се сложуваме дека оној што не е член на црквата не може да се спаси како тогаш ке се спасат оние деца кои ке умрат некрстени
Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
Кон врв
mali simo Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1132
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mali simo Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Март.2007 во 14:01

задолжително за секој кој сака да биде христијанин е да се крсти!

Тоа е заповед Христова и клуч за Царство Небесно, почеток на обожението на човекот , миење од провородниот грев...


Изменето од mali simo - 24.Март.2007 во 17:40
ХРИСТОС ВОСКРЕСНА ОД МРТВИТЕ СО СМРТА СМРТА ЈА ПОБЕДИ И НА ТИЕ ВО ГРОБОВИТЕ ЖИВОТ ИМ ДАРИ

Кон врв
mamma Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 15.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9879
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamma Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Март.2007 во 19:15
Do sega uste nikoj ne me ubedil deka e neophodno.
Ne sum krstena nitu jas nitu  moite deca.
Pogotovo kako sto rece Brza- za pari
(ne pocnuvajte so kritiki)!!

Shot at 2007-06-30[/IMG]
Кон врв
mali simo Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1132
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mali simo Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Март.2007 во 19:23

критиката сама си ја кажа ....

пробај без пари------ оди во манастир !!!

ако се сака се се може



Изменето од mali simo - 24.Март.2007 во 19:39
ХРИСТОС ВОСКРЕСНА ОД МРТВИТЕ СО СМРТА СМРТА ЈА ПОБЕДИ И НА ТИЕ ВО ГРОБОВИТЕ ЖИВОТ ИМ ДАРИ

Кон врв
RIS RES Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Декември.2006
Статус: Офлајн
Поени: 11
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај RIS RES Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Март.2007 во 19:44
не бранете им на децата да доагјаат кај мене! '=ИСУС   ВЕЛИ!
 
 
Кон врв
mamma Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 15.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9879
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamma Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Март.2007 во 19:55
Originally posted by mali simo mali simo напиша:


критиката сама си ја кажа ....

пробај без пари------ оди во манастир !!!

ако се сака се се може



Ako dobro citas ke vidis deka rekov deka ne gledam za potrebno voopsto da se krstam-pogotovo ne za pari.
Znaci ne se saka a ne- ne se moze!

Shot at 2007-06-30[/IMG]
Кон врв
oblachinja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 12.Март.2006
Локација: United Kingdom
Статус: Офлајн
Поени: 4990
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај oblachinja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Март.2007 во 20:25
Originally posted by mamma mamma напиша:

Do sega uste nikoj ne me ubedil deka e neophodno.
Ne sum krstena nitu jas nitu  moite deca.
Pogotovo kako sto rece Brza- za pari
(ne pocnuvajte so kritiki)!!
 
 
Pa dobro nishto strashno-ateistka si...Smileama i ti ne ne kritikuvaj nas verniciteTongueti neveruvash,ama nas Bog ni e mil
Кон врв
mamma Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 15.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9879
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamma Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Март.2007 во 20:48
Eeeej....nemojte da mi izmisluvate sega.Koj rece Vie da ne go pravite toa i koj vi nametnuva da ne veruvate???
Citaj ubavo!!

Shot at 2007-06-30[/IMG]
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 72>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,109 секунди.