IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - ВЕРСКИ ВЕСТИ
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

ВЕРСКИ ВЕСТИ

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 45678 86>
Автор
Порака
аџија Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 5474
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај аџија Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Јануари.2007 во 00:43

НЕМА СИНОДСКА СЕДНИЦА, МПЦ СИ МОЛЧИ


Г.Г. Стефан бара кртови


Вечер дознава дека наместо сериозност во расчистување на овие три најнови скандали, Поглаварот г.г. Стефан изминативе неколку денови интензивно го барал кртот во МПЦ. Сакал да дознае кој ги хранел медиумите со информации и со документи. Поединечно разговарал со неколку Архиереи, притоа обвинувајќи ги дека тие работат против неговиот, но и против угледот на МПЦ.




Македонската православна црква официјално се уште молчи за скандалозните хипотекарни договори околу хотелот Изгрев во Струга и за продажбата на црковното земјиште во Козјак. Одговор нема ниту за скандалозниот договор за заедничка градба на станови и трговски центар меѓу Скопската епархија и приватната фирма КОНСТ-ИНГ.
Поглаварот на МПЦ, Архиепископот г.г. Стефан и покрај барањето на македонските Ахриереи, се уште не ја закажал синодската седница, од која верниците очекуваат работите да бидат многу појасни. Прашањето, ќе има ли и од кого ќе се бара одговорност за разпродажбата на црковниот имот и скандалозните бизнис релации на одредени поединци во МПЦ, засега останува без одговор.
Иако се најавуваше и седница на Архиепископскиот Управен одбор, по избивањето на скандалите, досега такво нешто не се случи. Изворите на Вечер велат дека седница на САС на МПЦ, може да се очекува најрано кон средината на февруари, кога од Австралија ќе се врател митрополитот г.Петар. Сепак неизвесно е дали на таа седница оваа точка ќе биде на дневен ред.
Вечер дознава дека наместо сериозност во расчистување на овие три најнови скандали, Поглаварот г.г. Стефан изминативе неколку денови интензивно го барал кртот во МПЦ. Сакал да дознае кој ги хранел медиумите со информации и со документи.
Поединечно разговарал со неколку Архиереи, притоа обвинувајќи ги дека тие работат против неговиот, но и против угледот на МПЦ. (М.Н.)


КРТОВИ ИЛИ НОЕВИ ?!
Од избивањето на првиот скандалозен договор за хипотеките на хотелот Изгрев во Струга, секоја недела македонскиот Архиепископ во Соборниот храм во Скопје сослужува со македонските владици. Серијалот го почна со Струмичкиот митрополит, г. Наум, кого одредени црковни кругови го обвинија дека стои зад целата ситуација, сакајќи да издејствува наводна смена во врвот на МПЦ. Г. Наум тоа го демантираше.
Вчерашната неделна литургија во Соборниот храм во Скопје ја служеше Повардарскиот митрополит, г. Агатангел.
Во неговата беседа, со сличен тон како што тоа го направи пред една недала и македонскиот Архиепископ, ги обвини новинарите за уривање на достоинството на Црквата.
-Како што денес се напаѓа Архиепископот и Црквата, тоа не било правено ниту во турско, изјави митрополитот г. Агатаннгел.
Вечер јавно го потсетува Повардарскиот Митрополит на неговите реченици кажани во еден од телефонските разговори со новинарот на Вечер.
-Ви сте од Господа благословени. Да знаете тоа што го работите е порака од Господа. Тој преку Вас сака да се средат работите во нашата црква, рече во еден телефонски разговор митрополитот г. Агатангел.
Овие промени во ставовите, црковни лица ги толкуваат со зборовите на спасителот Христос, кога ги имал најголемите страдања.
-Господи прости им не знаат што прават. Или во случајов, не знаат што зборуваат.

Кон врв
аџија Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 5474
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај аџија Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Февруари.2007 во 10:56

Џамијата во Струга ги скара власта и муфтијството

Нина Кепеска
19.02.2007

Новата џамија, што вчера почна да се гради во центарот на градот со пари на пратеникот на овој град и лидер на партијата ПЕИ, Фиат Цановски, ги скара градската власт, што е во рацете на ДУИ и струшкото муфтиство.

Според градоначалникот Рамиз Мерко, џамијата е дивоградба, без градежна дозвола, на простор каде урбанистички не е планирана изградба на верски објект и не е испитано дали има подземно културно наследство.

Новата спорна џамија во Струга започна да се гради кај муслиманските гробишта веднаш до езерото и во близина на Европскиот универзитет.

Струшкиот градоначалник најави дека со сите инспекциски и судски мерки ќе го спречи нелегалното градење на џамијата, чија цел била да го етикетираат како антимуслиман, што според него е тенденциозен чин на струшкото муфтиство, кое манипулира со ИВЗ.

„Имаат за цел, за да нарасне тензијата по прашање од меѓунационални, меѓуетнички и меѓурелигиски карактер во мирна и стабилна Струга. Се ова не е без сестрана поддршка на централната власт, или во најмала рака на одредени кругови“, изјави Рамиз Мерко.

Струшкиот муфтија ни потврди дека џамијата ја гради ИВЗ и муфтиството во Струга со инвеститорот Цановски, но не сакаше ништо да изјави пред да ја види документацијата.

Пратеникот Цановски, кој е сопственик на Европскиот универзитет, од Цирих потврди дека дал пари за изградба на џамијата, но не знаел дали има дозвола за градба.

Кон врв
Sulltan Murad Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 18.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 0
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Sulltan Murad Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Февруари.2007 во 16:28

do koga copy paste daj da kazeme nesto sto znaeme a ne copy od google mozam milon stranici da ti kopiram so samo eden click vsusnost dva clicka no ne double prvo copy pa posle paste LOLLOLLOLEmbarrassedEmbarrassedEmbarrassed



Изменето од Sulltan Murad - 20.Февруари.2007 во 16:28
Кон врв
vd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 13.Јануари.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1539
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај vd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Февруари.2007 во 16:30
јас гледав на Вести дека во Романија некои христијани во манастир се врзувале за крст, се соблакале голи, правеле некои оргии и секс сцени.

Кон врв
Sulltan Murad Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 18.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 0
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Sulltan Murad Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Февруари.2007 во 16:32

da ama ne razbrav so bile dali hristijani ili katolici ako imas informacii te molam pisi nemozev da slusnam od pocetok.

Кон врв
C.B. Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Март.2007
Статус: Офлајн
Поени: 152
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај C.B. Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Март.2007 во 15:12
УГРОЖАВАЊЕ ПАТРИЈАРАХА
У Цариграду се прети смрћу цариградском патријарху Вартоломеју и цариградском јерменском патријарху Месробу Другом. Претеће поруке стижу поштом, телефоном и електронском поштом.  Православна патријаршија за сада не износи детаље, док је са јерменске стране саопштено да су предузети одређени кораци. Обавештена је полиција која је установила да угрожавања потичу са исте адресе са које се претило јерменском новинару Храну Динку, који је убијен 19.јануара у Цариграду.
Свештеници хришћанских цркава у Турској, од када је прошле године убијен католички свештеник Андреа Санторо, принуђени су да ангажују личну заштиту која их дискретно прати када излазе из својих домова. Када обавесте полицију да им се прети, не добијају никакву заштиту.
Кроз ватру и воду дигнуте главе, Стазом победе части и славе
     
Кон врв
аџија Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 5474
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај аџија Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Март.2007 во 01:38
Ова е навистина за секоја осуда. Да се случува истото со исламските имами во Македонија, верувам дека сите Македонци таквото однесување би го осудиле...

Прашањето е зошто Исламските верски водачи во Турција, не се застапат за безбедноста и слободата на вероисповедување?
Кон врв
rome Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 10.Март.2007
Статус: Офлајн
Поени: 492
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај rome Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Март.2007 во 03:06
ajya mnogu je bitno da site kako tebe slushame i gledame shto se praj vo deka ama i so evropskata union.dali znaeshe papata shto umre john paul sakashe da bide najglaven ama nese slozija site za toa da stane.a nie shto sne hristiani chekame za da odberat eden glaven na site niv.oti pishi deka ke bide edna vera.a koja nepishuva.ama ne mislime da bide prava hristianska vera.te molam ako imash nekoi informacii za shto se sluchuva niz svetot kazi oti nie denje noke slushame.we would appreciate it if you could write it in english and e mail it to me .thanks.also we have a lot of information on different subjects,including the third temple being build how close we are if you are interested tell us.
Zaljubena vo Hristos nashiot Edinstven Spasitel
Кон врв
rome Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 10.Март.2007
Статус: Офлајн
Поени: 492
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај rome Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Март.2007 во 04:08
khaleefah dali znaesh oti ovoj marilen manson ja odbral muslimanskata vera?oti tie gluposti shto gi praj na binata nikoj nemoze dagi podnese.ako toj saka da dojde vo hristianskata vera ima mnogu gadotii dase ischistat odnego.da sum jas nema dase raduvam so nego shto doshol vo verata.vo america i australia i drugi znaat shto gnasotia je marilyn i roditelite ne gi pushtaat decata na koncerti negovi.
Zaljubena vo Hristos nashiot Edinstven Spasitel
Кон врв
аџија Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 5474
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај аџија Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Март.2007 во 00:27

УЈП И ВЕРСКИТЕ ЗАЕДНИЦИ СЕ ДОГОВОРИЈА


Нема фискални за црквите и џамиите




Управата за јавни приходи и петте уставни верски заедници се договориле дека нема основа за нивна фискализација. Претставницте на МПЦ, ИВЗ, Католичката црква, Еврејската заедница и Евангелско-методистичката црква, минатата недела биле едногласни пред Управата дека не постојат услови за фискализирање на нивното работење. На средбата која беше на барање на УЈП поглаварите на овие верски заедници подготвиле и заеднички предлог со кој бараат амандманска интервенција во законот за готовинско плаќање. Тоа практично значи во законот јасно да се прецизира дека верските заедници и религиозните групи се изземени од фискализацијата во Македонија. Главниот аргумент им бил дека црквите и џамиите се финансираат од доброволни прилози на верниците за што не постои утврден ценовник.

Портпаролот на САС на МПЦ, г. Тимотеј, кој ја претставувал Македонската Православна Црква на состанокот во УЈП, вели дека разговорите биле коректни и претставниците на државата ги прифатиле нивните објаснување зошто нема потреба од фискализирање на работењето на верските заедници.

-Такво нешто нема ниту во една држава во светот. Се она што спаѓа во составот на верските објекти не може да биде предмет на фискализација. Оние делови за кои верските заедници имаат регистрирано приватни компании или пак содружуваат во такви компании, тие подлежат на сите законски давачки, вели г.Тимотеј.
И во ИВЗ сметаат дека е добро што државата ги прифатила нивните барања и ставови и конечно што со амандманска интервенција од законот за готовинско плаќање ќе се изземат верските заедници.
Во Управата за јавни приходи велат дека сите овие ставови на верските заедници и барањето за измени на законот за готовинско плаќање ќе бидат спроведени.

На овој начин се затвора едно отворено прашање кои изминативе неколку месеци предизвика реакции во јавноста. Иако државата најави можност за контрола на дел од црковните активности во финансиите, по бурните реакции на верските заедници, таа се откажа од оваа идеја.

Марјан НИКОЛОВСКИ
Кон врв
аџија Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 5474
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај аџија Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Март.2007 во 00:39
Originally posted by T-viki T-viki напиша:

МОЖЕ ДА,А МОЖЕ И НЕ..........Wink


Што ти значеше овој коментар?
Кон врв
аџија Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 5474
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај аџија Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Март.2007 во 00:44
леле т-вики... може да ми кажеш колку годинки имаш?

бидејќи се што напишав беше пост за тоа дека владата одобрила верските заедници да не подлежат на даночна контрола. И затоа твојот пост е комплетно нејасен во таков контекст!
Кон врв
oblachinja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 12.Март.2006
Локација: United Kingdom
Статус: Офлајн
Поени: 4990
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај oblachinja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Март.2007 во 08:38
Originally posted by аџија аџија напиша:

УЈП И ВЕРСКИТЕ ЗАЕДНИЦИ СЕ ДОГОВОРИЈА


Нема фискални за црквите и џамиите


    

 
 
Toa e vo red, e sega ushte Crkvata javno da gi istakne cenovnicite vo verskite objekti za da bideme sigurni deka parite sto gi davame se tolku,a dali ke odat na vistinsko mesto toa Bog znae.....
Кон врв
Isis Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

CATALYST

Регистриран: 19.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 5871
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Isis Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Март.2007 во 08:50
се прашувам дали дедо поп кога ќе дојде дома да ни пее за слава и да осветува вода, со себе ќе носи фискална каса?Wink

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 45678 86>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,148 секунди.