IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - ПРАВОСЛАВЕН КАЛЕНДАР:ДЕНЕС СЕ СЛАВИ
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

ПРАВОСЛАВЕН КАЛЕНДАР:ДЕНЕС СЕ СЛАВИ

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 7891011 68>
Автор
Порака
чаир Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 950
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чаир Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Март.2007 во 13:59

Преподобен Евсевиј (15/02)

Сириски пустиник. Најпрво се подвизуваше под раководство на свети мажи, а подоцна се оддалечи и се осами во пустина. Се хранеше исклучиво со растителна храна. Дури ни овошје не вкусуваше. Целото време го минуваше под ведро небо во молитва, трпејќи секаква временска непогодност. Доживеа старост од деведесет и пет години и мирно се упокои во Господ во 440 година.

Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
Кон врв
orto Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 13.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 916
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај orto Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Март.2007 во 12:23
Свети Лав I, папа Pимски (17/02)

Pоден е во Италија од благочестиви родители. Најпрво беше ѓакон кај папата Сикст III, а по неговата смрт и покрај неговото противење го возведоа на престолот на римскиот папа. Кога Атила со Хуните дојде близу �Pим и се подготвуваше веќе да го разори и запали овој град, Лав излезе пред него во архиерејска облека, го скроти гневот на хунскиот водач и ја оттргна пропаста од �Pим. Колку што врз Атила подејствува советот на Светиот човек толку го уплаши и визијата на Светите апостоли Петар и Павле кои стоеја покрај Лав и со пламени сабји му се закануваа на Атила. Овој папа не само што го спаси �Pим туку ја помогна и заштитата на Православието од Евтихиевата и Диоскоровата ерес. Таа ерес се состоеше во слевањето на Божествената и човечката природа кај Христос во една и следственото одрекување на двете волји во личноста на Спасителот. Заради ова беше свикан Четвртиот Вселенски Собор во Халкидон, на којшто се прочита посланието на Светиот папа Лав, коешто тој прво го напиша па го положи на гробот на Св. Петар, а Св. Петар го исправи. Пред смртта четириесет дена помина во пост и молитва на гробот на апостолот Петар, молејќи го да му јави дали му се простени гревовите. Апостолот му се јави и му кажа дека сите гревови му се простени, освен гревовите на ракополагањето свештеници (во што се гледа колку тежок е гревот на недостојното ракополагање). Светителот повторно се предаде на молитва се додека не беше известен дека и тие гревови му се простени. Тогаш мирно Му ја предаде душата на Господ. Свети Лав се упокои во 461 година.
Свети Флавијан (17/02)

Патријарх Цариградски после Прокло. Современик на Св. папа Лав. Се бореше одлучно против Евтихиј и Диоскор, но не го дочека жив триумфот на Православието на Четвртиот Собор, зашто претходно на еден еретички собор го биеја и го газеа толку бездушно, што таму и умре. Верен војник Христов, храбар бранител и исповедник на православната вера. Се упокои во 449 година
(kоран 10, 94)
(аллах рече моамеду) Ako сумљаш у oно што ти oбљављујемо, упитај oне (Жидове и Кршчане) koji Читају Kњигу (БИБЛИЈУ), прије тебе објављену
Кон врв
чаир Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 950
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чаир Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Март.2007 во 08:15

Светите апостоли Архип, Филимон и Апфија (18/02)

Архип беше еден од Седумдесеттемина. Апостол Павле го спомнува во Посланието до Колосјаните и во Посланието до Филимон, нарекувајќи го другар во војувањето. Во градот Колоси центар на христијанството беше куќата на Филимон. Овде христијаните се собираа на молитва. Ова го нарекуваше Св. Павле пишувајќи му на Филимон: „твојата домашна црква“. Во тоа време апостолите ги ракополагаа своите ученици за епископи, и тоа некои од нив на постојани места, а некои како патувачки мисионери по разни места. Филимон беше од овие последниве. Неговата жена Апфија постеше и и служеше на домашната Црква. Во времето на еден празник на незнабожната божица Артемида сите верни во Колоси беа собрани во домот на Филимон на молитва. Незнабожците дознаа за ова собрание, навалија и ги испофаќаа христијаните. Филимон, Архип и Апфија како водачи прво ги избија, потоа ги закопаа до појас во земја и почнаа да ги каменуваат. Вака ги убија Филимон и Апфија, а Архип го извадоа од дупката одвај жив, за разонода на децата. Децата сиот го избодија со ножеви. Така овој Павлов другар во војувањето добро го заврши својот подвиг и патот на земниот живот и се престави кај Господа.

Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
Кон врв
чаир Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 950
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чаир Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Март.2007 во 08:16

Преподобен Доситеј (18/02)

Ученик на славниот авва Доротеј, којшто живееше во киновијата на Преподобните Серид, Јован и Варсонуфиј Велики. Доситеј беше роднина на еден војвода и во Ерусалим дојде да ги види Светите места. Еднаш додека гледаше во сликата на Страшниот Суд во една црква, му се приближи една жена во порфирен фустан и му објаснуваше. А најпосле, при разделбата му рече дека ако сака да се спаси треба да пости и често да Му се моли на Бога. Ова беше Пресвета Богородица. Срцето на младиот Доситеј се разгоре и посака монашки живот. Доротеј го прими за негов ученик и му нареди наполно да ја отсече сопствената волја и да го слуша својот духовен отец. Неколку дена му даваше да јаде колку што сака, по извесно време му скратуваше по една четвртина, по некое време уште по една, се дури не го навикна на најмало количество храна, постојано велејќи му: „Јадењето е навика и кој колку ќе навикне толку и јаде“. Свети Доситеј се спаси и се прослави преку послушанието. Остана засекогаш за пример на монашкото послушание и предаденост на својот духовен отец. Овој млад светител живееше во 6 век.

Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
Кон врв
orto Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 13.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 916
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај orto Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Март.2007 во 08:19
Originally posted by чаир чаир напиша:

Преподобен Доситеј (18/02)

Ученик на славниот авва Доротеј, којшто живееше во киновијата на Преподобните Серид, Јован и Варсонуфиј Велики. Доситеј беше роднина на еден војвода и во Ерусалим дојде да ги види Светите места. Еднаш додека гледаше во сликата на Страшниот Суд во една црква, му се приближи една жена во порфирен фустан и му објаснуваше. А најпосле, при разделбата му рече дека ако сака да се спаси треба да пости и често да Му се моли на Бога. Ова беше Пресвета Богородица. Срцето на младиот Доситеј се разгоре и посака монашки живот. Доротеј го прими за негов ученик и му нареди наполно да ја отсече сопствената волја и да го слуша својот духовен отец. Неколку дена му даваше да јаде колку што сака, по извесно време му скратуваше по една четвртина, по некое време уште по една, се дури не го навикна на најмало количество храна, постојано велејќи му: „Јадењето е навика и кој колку ќе навикне толку и јаде“. Свети Доситеј се спаси и се прослави преку послушанието. Остана засекогаш за пример на монашкото послушание и предаденост на својот духовен отец. Овој млад светител живееше во 6 век.

Нека не спомне , нас ГРЕШНИТЕ ,во своите молитви пред Бога
(kоран 10, 94)
(аллах рече моамеду) Ako сумљаш у oно што ти oбљављујемо, упитај oне (Жидове и Кршчане) koji Читају Kњигу (БИБЛИЈУ), прије тебе објављену
Кон врв
чаир Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 950
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чаир Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Март.2007 во 11:19
Originally posted by orto orto напиша:

Originally posted by чаир чаир напиша:

Преподобен Доситеј (18/02)

Ученик на славниот авва Доротеј, којшто живееше во киновијата на Преподобните Серид, Јован и Варсонуфиј Велики. Доситеј беше роднина на еден војвода и во Ерусалим дојде да ги види Светите места. Еднаш додека гледаше во сликата на Страшниот Суд во една црква, му се приближи една жена во порфирен фустан и му објаснуваше. А најпосле, при разделбата му рече дека ако сака да се спаси треба да пости и често да Му се моли на Бога. Ова беше Пресвета Богородица. Срцето на младиот Доситеј се разгоре и посака монашки живот. Доротеј го прими за негов ученик и му нареди наполно да ја отсече сопствената волја и да го слуша својот духовен отец. Неколку дена му даваше да јаде колку што сака, по извесно време му скратуваше по една четвртина, по некое време уште по една, се дури не го навикна на најмало количество храна, постојано велејќи му: „Јадењето е навика и кој колку ќе навикне толку и јаде“. Свети Доситеј се спаси и се прослави преку послушанието. Остана засекогаш за пример на монашкото послушание и предаденост на својот духовен отец. Овој млад светител живееше во 6 век.

Нека не спомне , нас ГРЕШНИТЕ ,во своите молитви пред Бога

Амин од твоја уста у Божји уши
Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
Кон врв
чаир Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 950
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чаир Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Март.2007 во 11:20

Свети Лав, епсикоп Катански (19/02)

Свети Лав им беше добар пастир и милосрден наставник на луѓето во градот Катана под вулканската планина Етна. Многу се погрижи околу болните и сиромашните. Неговата ревност за верата беше исто толку голема како и неговото милосрдие кон неволните. Во тој град се појави еден магионичар Илиодор, кој го замајуваше народот со разни магиски вештини и ја развраќаше младежта во градот. Еднаш за време на литургија влезе во Божјиот храм и се зафати да волшебствува. Свети Лав му пристапи, го врза со едното крајче на својот омофор и го одведе на градскиот пазар. Овде нареди да се запали голем оган и кога огнот се разгоре, влезе самиот во него и го вовлече внатре и Илиодор. Илиодор сиот изгоре, а Свети Лав остана неначнат од огнот. Од ова сите што беа замајани од Илиодор и гледаа во него божество се засрамија. А милосрдниот и ревносен Лав се прочу по целото царство како голем чудотворец, којшто со своите пресветли чуда им помага на луѓето. По неговата смрт од неговите мошти потече исцелително миро. Се упокои во 8 век.
Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
Кон врв
чаир Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 950
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чаир Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Март.2007 во 11:21

Светиот свештеномаченик Садок (19/02)

Беше епископ во Персија после Св. Симеон. Еднаш во сон му се јави Св. Симеон и му рече: „Вчера јас, денес ти!“ Овие зборови Св. Садок му ги протолкува на своето стадо со значењето: „Лани пострадав јас, а оваа година ќе пострадаш ти!“ И навистина, таа година царот Сапор го уапси, заедно со многуборен клир и народ и ги изведе на суд. Прво им нареди да им се поклонат на огнот и на сонцето како на божества. Садок одговори: „Ние сме од сесрце подготвени да умреме за нашиот Бог, но на сонцето и на огнот нема да им се поклониме“. По ова беа мачени и осудени на смрт со меч. Пред смртта Св. Садок Му ја вознесе на Бога оваа молитва: „Измиј не, Боже, во нашата крв од нашите гревови!“ Неговите свештеници и верни заедно со него ги предадоа телата на смрт, а душите на Бога бесмртниот. Пострадаа во 342 или во 344 година.

Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
Кон врв
чаир Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 950
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чаир Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Март.2007 во 01:28

Свети Захариј, патријарх Ерусалимски (20/02)

Во времето на византискиот цар Ираклиј во 614 година персискиот цар Хозрој го нападна Ерусалим, го ограби градот, го однесе Чесниот Крст во Персија и повлече во ропство огромен број христијани, меѓу нив и патријархот Захариј. Евреите му помагаа да врши зло над христијаните. Меѓу другите еврејски злосторства се памети и ова: Евреите откупија од Хозрој деведесет илјади христијани и како свои робови ги убија. Стариот патријарх остана во ропство четиринаесет години. А од Чесниот Крст во Персија се пројавија многубројни чуда, така што Персијанците велеа: „Христијанскиот Бог дојде во Персија“. Подоцна Ираклиј го принуди персискиот цар да ги врати Чесниот Крст, патријархот и останатите робови во Ерусалим. Самиот цар Ираклиј го внесе Чесниот Крст на своите плеќи во Светиот град. Останатите денови од животот Св. Захариј ги помина во мир и се пресели кај Господ во 631 година. На престолот го замени патријархот Модест, после кого патријархуваше Св. Софрониј (11 март).

Свети Евстатиј, архиепископ Антиохиски (20/02)

Голем ревнител и заштитник на Православието. Како таков особено се истакна на Првиот Вселенски Собор, каде што мудро и разумно го поби учењето на Ариј. Заедно со останатите Свети отци Евстатиј правилно исповедаше дека според Божествената суштина Исус Христос како Син Божји е рамен на Отецот и на Светиот Дух. После смртта на Св. цар Константин ариевците повторно некако претегнаа и почнаа немилосрдно да го гонат Православието. Свети Евстатиј беше симнат од неговиот престол и протеран најпрво во Тракија, а потоа во Македонија. Многу и долго страдаше, додека најпосле не Му ја предаде својата света душа на Бога, во 345 година.

Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
Кон врв
чаир Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 950
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чаир Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Март.2007 во 22:53

Светиот маченик Маврикиј и седумдесетмина војници (21/02)

Во времето на царот Максимијан имаше големо гонење на христијаните. Маврикиј беше старешина на војската во градот Апамија Сирска. Незнабожците го обвинија кај царот како христијанин и како сеач на христијанската вера меѓу војниците. Самиот цар дојде и поведе истрага. Заедно со Маврикиј пред царот беа изведени и седумдесетмина војници христијани, меѓу кои и Маврикиевиот син Фотин. Овие јунаци не можеа да ги поколебаат ниту ласкањата ниту заканите на царот. На заканите му одговорија: „О цару, нема страв во доброумната и моќна душа на оние што Го љубат Господа!“ Кога царот нареди и им ги соблекоа војничките појаси и облеката, тие рекоа: „Нашиот Бог ќе не облече во облеки и појаси нераспадливи и со вечна слава!“ Кога царот ги укоруваше затоа што ги презреа војничките почести што им ги беше дал, одговорија: „Твоите почести се бесчестење, зашто заборави на Бога Кој ти ја даде царската власт! Тогаш царот нареди, па пред очите на Маврикиј го убија син му Фотин за со ова да го исплашат таткото и останатите. Но Маврикиј рече: „Ни ја исполни желбата наш мачителу и го испрати пред нас Христовиот војник Фотин“. Тогаш царот ги осуди на најнечовечна смрт - ги одведоа во една кал, ги разголеа, ги врзаа за дрвјата, ги намачкаа со мед за да ги испокасаат комарци, стршени и оси. Дури десеттиот ден во страшни маки Му ги предадоа своите души на Бога, за вечно да се радуваат со светите ангели на небото. Христијаните тајно ги зедоа нивните тела и чесно ги погребаа. Овие храбри Христови војници пострадаа околу 305 година.

Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
Кон врв
чаир Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 950
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чаир Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Март.2007 во 22:53

Многубројните маченици во Евгенија близу Цариград (21/02)

Во времето на царот Аркадиј беа откопани мошти на многумина Христови маченици, а меѓу нив ги пронајдоа и моштите на Светиот апостол Андроник и оние на неговата помошничка Јунија (Рим. 16, 7). Тие мошти беа пронајдени според откровението од Бога што му се даде на еден клирик, Никола Калиграф. Нивните имиња ги знае само Господ, Којшто ги запиша во Книгата на Живите на небесата. Над моштите на Св. апостол Андроник во 12 век царот Андроник I изгради прекрасен храм.

Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
Кон врв
Sulltan Murad Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Регистриран: 18.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 0
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Sulltan Murad Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Март.2007 во 05:35

Свети Захариј, патријарх Ерусалимски     06/03/2007

Во времето на византискиот цар Ираклиј во 614 година персискиот цар Хозрој го нападна Ерусалим, го ограби градот, го однесе Чесниот Крст во Персија и повлече во ропство огромен број христијани, меѓу нив и патријархот Захариј. Евреите му помагаа да врши зло над христијаните. Меѓу другите еврејски злосторства се памети и ова: Евреите откупија од Хозрој деведесет илјади христијани и како свои робови ги убија. Стариот патријарх остана во ропство четиринаесет години. А од Чесниот Крст во Персија се пројавија многубројни чуда, така што Персијанците велеа: „Христијанскиот Бог дојде во Персија“. Подоцна Ираклиј го принуди персискиот цар да ги врати Чесниот Крст, патријархот и останатите робови во Ерусалим. Самиот цар Ираклиј го внесе Чесниот Крст на своите плеќи во Светиот град. Останатите денови од животот Св. Захариј ги помина во мир и се пресели кај Господ во 631 година. На престолот го замени патријархот Модест, после кого патријархуваше Св. Софрониј (11 март).

Изменето од Sulltan Murad - 06.Март.2007 во 05:39
Кон врв
Sulltan Murad Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Регистриран: 18.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 0
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Sulltan Murad Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Март.2007 во 05:36

Свети Евстатиј, архиепископ Антиохиски     06/03/2007

Голем ревнител и заштитник на Православието. Како таков особено се истакна на Првиот Вселенски Собор, каде што мудро и разумно го поби учењето на Ариј. Заедно со останатите Свети отци Евстатиј правилно исповедаше дека според Божествената суштина Исус Христос како Син Божји е рамен на Отецот и на Светиот Дух. После смртта на Св. цар Константин ариевците повторно некако претегнаа и почнаа немилосрдно да го гонат Православието. Свети Евстатиј беше симнат од неговиот престол и протеран најпрво во Тракија, а потоа во Македонија. Многу и долго страдаше, додека најпосле не Му ја предаде својата света душа на Бога, во 345 година.

Изменето од Sulltan Murad - 06.Март.2007 во 05:39
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 7891011 68>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,204 секунди.