|
Клонирање |
Внеси реплика | страница 123 6> |
Автор | |
аџија
Сениор Регистриран: 25.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 5474 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 25.Јануари.2007 во 16:05 |
Еве уште едно прашање (знам дека може да оди и во наука, ама мислам повеќе од филозофска точка да го разгледаме)
Што мислите за клонирањето? Треба ли да се направи? Што ќе се случи со луѓето кои се клонови, или кои ќе сретнат свој клон? Како тоа ќе се одрази психолошки врз, да речеме семејството на некој починат? Треба ли да се испитуваат и вршат клонирања, или е ова уште едно плеткање во работите на Создателот? |
|
Isis
Сениор CATALYST Регистриран: 19.Јануари.2007 Статус: Офлајн Поени: 5871 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
за сега мали се шансите да успее човечко клонирање.. за да се клонира овцата Доли имало 277 неуспешни обиди, и иако до сега се клонирани мачка овца елен магаре и сли. од многуте експерименти само 1 или 2 резултирале со живи клонови, кои имале краток живот .
додека се добие жив клон експериментите ке резултираат со многу мртви бебиња и абортуси по цена на што? да се добие клон кој ке биде моја копија а сепак (ако е здрав ) на некој начин свој зошто ке има свое размислување, свест и свое јас. како ке се вклопи тој во општеството? и каков идентитет може да има? |
|
ASTRIX
Сениор OBSESSIVE DREAMS Регистриран: 18.Јануари.2007 Статус: Офлајн Поени: 763 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
јас сум против клонирањето. тоа е злоупотреба на идентитетот на оригиналот. не може човекот да изигрува Креатор, кога не е создаден за тоа. Но кога станува збор за истражување со цел клонирање на телесни органи не сум против. Така барем ке бидат заштитени лугето на кои им се крадат насилно органите за да се продаваат на црниот пазар
|
|
Isis
Сениор CATALYST Регистриран: 19.Јануари.2007 Статус: Офлајн Поени: 5871 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
да, човекот е само слуга на Креаторот. |
|
Tattoo Beauty
Сениор Tetovirana Sexy Ubavica Регистриран: 10.Август.2006 Статус: Офлајн Поени: 4549 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Не сум за клонирање чвекот еднаш се раѓа и еднаш умира секој треба најубаво да си го помине животот и онака како што единствено тој сака а не осле да му се прави копија
|
|
BiG_kIsS
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Крајно сериозна во с'e Регистриран: 01.Ноември.2006 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 8373 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Апсолутно против клонирање на луѓе... На животни и не е нешто страшно... Пример имало некоја крава што давале ептен добро млеко, ама и дошол крајот, и зашто да не се направи иста таква? .... Прост и глуп пример ама добро.... А за луѓето не е во ред... Воопшто.... (да не се пофторуваме зашто)
|
|
Never be afraid to Dream... Live... Love and Laugh. Be afraid not to!!!
|
|
аџија
Сениор Регистриран: 25.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 5474 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Иј бре, сите овде секуларци против, што треба сега јас верникот да изигравам дека сум за?
Стварно ме изненадивте со одговорите... Ајде едно потпрашенце... Зошто сте толку против, кога клонот не е ништо повеќе од СВОЈА личност, со иста ДНК, како што веќе имаме на пример во близнаците? Тие се различни личности, но со ист генетски состав... Што има лошо во тоа да се креираат клонови од луѓе кои знаеме дека се здрави, немаат генетски болести, силни се, итн.? |
|
oblachinja
Сениор Регистриран: 12.Март.2006 Локација: United Kingdom Статус: Офлајн Поени: 4990 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Malku mi e jezivo toa..zamisli sega da sozdadat moj klon koj bi trebala jas da go chuvam kako moe dete???Dali toa znachi deka jas ke go poznavam 100%vo dusha toa chovechko sushtestvo ili?Stvarno neznam dali treba da se dozvoli da se meshame vo rabotite na prirodata...
|
|
|
|
Isis
Сениор CATALYST Регистриран: 19.Јануари.2007 Статус: Офлајн Поени: 5871 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
не би сакала да имам копија, а што е клонот ако не копија...ако гледаме општо да, ке има своја свест ама секоја личност е единствена оригинална ...морбидно е да постои можност на пример моето мртво дете да го клонирам..тоа веке го изживеало своето на овој свет,правејки клон јас би го имала неговиот физички изглед и би го доживувала како мртвото да воскреснало а клончето ке има своја свест и во никој случај нема да биде исто како мртвото.. и не е фер спрема клончето да служи како замена за нешто изгубено... исто не ги свакам луѓето кои по смртта на нивните миленици ги препарираат....како по секоја цена да сакаат да задржат нешто на овој свет па макар и во препарирана форма.... |
|
chuchuliga
Сениор Регистриран: 27.Мај.2006 Статус: Офлајн Поени: 893 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Против сум. Тотално. Човекот си има доволно проблеми (идентитет, самодоверба, самопочит, комплекси итн)како оригинал, а камо ли ако е нечија копија...понатаму не ни сакам да размислувам....
|
|
аџија
Сениор Регистриран: 25.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 5474 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
А зошто да се роди дете со генетска болест, ментално заостанато итн, ако можеме да клонираме луѓе што се здрави? Зар не го скратуваме така страдањето?
И второ, не заборавајте дека клонот не е ништо повеќе од близнак! Никогаш не е 100% идентичен, и НИКОГАШ не е иста личност. Близнаците се различни личности, иако изгледаат слично, и науката се уште не знае зошто ете луѓе со иста ДНК, па дури и со ист одгој, во исто семејство, можат да станат толку различни карактери... ЗНачи и клонот ќе биде и ќе остане 100% уникат... Поздрав... |
|
oblachinja
Сениор Регистриран: 12.Март.2006 Локација: United Kingdom Статус: Офлајн Поени: 4990 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ama mentalnite i drugi bolesti mozat da se otkrijat so rano ispituvanje na fetusot i plodovata voda...ama imash abortus kako alternativa
|
|
|
|
Isis
Сениор CATALYST Регистриран: 19.Јануари.2007 Статус: Офлајн Поени: 5871 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
додека да се усоврши техниката на клонирање, ке има многу мртви бебиња, многу спонтани абортуси, а тие што ке се родат можат да бидат навистина мутанти...значи ок е да се експериментира вака!? за што? да не сакаш да има совршена раса од клонови? да немаат никакви болести, да се вискоко интелигентни, да изгледаат совршено...
|
|
аџија
Сениор Регистриран: 25.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 5474 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Добро, да, некои болести се отркриваат во фетусот... Ама абортусот зар не е полошо од клонирање? Да убиеш живот? Зарем не е подобро спречити него лечити, и наместо да се убиваат болните, да се раѓаат здрави бебенца...
И јас не зборувам за последиците од усовршувањето, туку еве, кога би било можно да се изведе клонирање, без негативните последици... Зошто да не? Зар ако Господ ни овозможил да имаме такво знаење, тоа знаење да не го користиме за доброто на човештвото? |
|
Внеси реплика | страница 123 6> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |