Клонирање
Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Стил на живот
Име на форумот: Филозофија и психологиjа
Опис на форумот: „Разно“ ама на повисоко ниво
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=6400
Датум на принтање: 16.Ноември.2024 во 16:26 Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com
Тема: Клонирање
Постирано од: аџија
Наслов: Клонирање
Датум на внесување: 25.Јануари.2007 во 16:05
Еве уште едно прашање (знам дека може да оди и во наука, ама мислам повеќе од филозофска точка да го разгледаме)
Што мислите за клонирањето? Треба ли да се направи? Што ќе се случи со луѓето кои се клонови, или кои ќе сретнат свој клон? Како тоа ќе се одрази психолошки врз, да речеме семејството на некој починат?
Треба ли да се испитуваат и вршат клонирања, или е ова уште едно плеткање во работите на Создателот?
|
Коментари:
Постирано од: Isis
Датум на внесување: 26.Јануари.2007 во 00:39
за сега мали се шансите да успее човечко клонирање.. за да се клонира овцата Доли имало 277 неуспешни обиди, и иако до сега се клонирани мачка овца елен магаре и сли. од многуте експерименти само 1 или 2 резултирале со живи клонови, кои имале краток живот . додека се добие жив клон експериментите ке резултираат со многу мртви бебиња и абортуси по цена на што? да се добие клон кој ке биде моја копија а сепак (ако е здрав ) на некој начин свој зошто ке има свое размислување, свест и свое јас. како ке се вклопи тој во општеството? и каков идентитет може да има?
-------------
|
Постирано од: ASTRIX
Датум на внесување: 26.Јануари.2007 во 02:25
јас сум против клонирањето. тоа е злоупотреба на идентитетот на оригиналот. не може човекот да изигрува Креатор, кога не е создаден за тоа. Но кога станува збор за истражување со цел клонирање на телесни органи не сум против. Така барем ке бидат заштитени лугето на кои им се крадат насилно органите за да се продаваат на црниот пазар
-------------
|
Постирано од: Isis
Датум на внесување: 26.Јануари.2007 во 02:28
ASTRIX напиша:
јас сум против клонирањето. тоа е злоупотреба на идентитетот на оригиналот. не може човекот да изигрува Креатор, кога не е создаден за тоа. Но кога станува збор за истражување со цел клонирање на телесни органи не сум против. Така барем ке бидат заштитени лугето на кои им се крадат насилно органите за да се продаваат на црниот пазар
|
да, човекот е само слуга на Креаторот.
-------------
|
Постирано од: Tattoo Beauty
Датум на внесување: 26.Јануари.2007 во 14:15
Не сум за клонирање чвекот еднаш се раѓа и еднаш умира секој треба најубаво да си го помине животот и онака како што единствено тој сака а не осле да му се прави копија
------------- http://www.skin-artists.com" rel="nofollow - Skin-Artists.com
http://www.tattoo-passion.org" rel="nofollow - TattooPassion
|
Постирано од: BiG_kIsS
Датум на внесување: 26.Јануари.2007 во 18:32
Апсолутно против клонирање на луѓе... На животни и не е нешто страшно... Пример имало некоја крава што давале ептен добро млеко, ама и дошол крајот, и зашто да не се направи иста таква? .... Прост и глуп пример ама добро.... А за луѓето не е во ред... Воопшто.... (да не се пофторуваме зашто)
------------- Never be afraid to Dream... Live... Love and Laugh. Be afraid not to!!!
|
Постирано од: аџија
Датум на внесување: 27.Јануари.2007 во 18:00
Иј бре, сите овде секуларци против, што треба сега јас верникот да изигравам дека сум за?
Стварно ме изненадивте со одговорите...
Ајде едно потпрашенце... Зошто сте толку против, кога клонот не е ништо повеќе од СВОЈА личност, со иста ДНК, како што веќе имаме на пример во близнаците? Тие се различни личности, но со ист генетски состав...
Што има лошо во тоа да се креираат клонови од луѓе кои знаеме дека се здрави, немаат генетски болести, силни се, итн.?
-------------
|
Постирано од: oblachinja
Датум на внесување: 29.Јануари.2007 во 23:46
Malku mi e jezivo toa..zamisli sega da sozdadat moj klon koj bi trebala jas da go chuvam kako moe dete???Dali toa znachi deka jas ke go poznavam 100%vo dusha toa chovechko sushtestvo ili?Stvarno neznam dali treba da se dozvoli da se meshame vo rabotite na prirodata...
-------------
|
Постирано од: Isis
Датум на внесување: 30.Јануари.2007 во 01:05
не би сакала да имам копија, а што е клонот ако не копија...ако гледаме општо да, ке има своја свест ама секоја личност е единствена оригинална ...морбидно е да постои можност на пример моето мртво дете да го клонирам..тоа веке го изживеало своето на овој свет,правејки клон јас би го имала неговиот физички изглед и би го доживувала како мртвото да воскреснало а клончето ке има своја свест и во никој случај нема да биде исто како мртвото.. и не е фер спрема клончето да служи како замена за нешто изгубено...
исто не ги свакам луѓето кои по смртта на нивните миленици ги препарираат....како по секоја цена да сакаат да задржат нешто на овој свет па макар и во препарирана форма....
-------------
|
Постирано од: chuchuliga
Датум на внесување: 30.Јануари.2007 во 02:04
Против сум. Тотално. Човекот си има доволно проблеми (идентитет, самодоверба, самопочит, комплекси итн)како оригинал, а камо ли ако е нечија копија...понатаму не ни сакам да размислувам....
|
Постирано од: аџија
Датум на внесување: 30.Јануари.2007 во 10:58
А зошто да се роди дете со генетска болест, ментално заостанато итн, ако можеме да клонираме луѓе што се здрави? Зар не го скратуваме така страдањето?
И второ, не заборавајте дека клонот не е ништо повеќе од близнак! Никогаш не е 100% идентичен, и НИКОГАШ не е иста личност. Близнаците се различни личности, иако изгледаат слично, и науката се уште не знае зошто ете луѓе со иста ДНК, па дури и со ист одгој, во исто семејство, можат да станат толку различни карактери... ЗНачи и клонот ќе биде и ќе остане 100% уникат...
Поздрав...
-------------
|
Постирано од: oblachinja
Датум на внесување: 30.Јануари.2007 во 11:27
Ama mentalnite i drugi bolesti mozat da se otkrijat so rano ispituvanje na fetusot i plodovata voda...ama imash abortus kako alternativa
-------------
|
Постирано од: Isis
Датум на внесување: 30.Јануари.2007 во 12:02
додека да се усоврши техниката на клонирање, ке има многу мртви бебиња, многу спонтани абортуси, а тие што ке се родат можат да бидат навистина мутанти...значи ок е да се експериментира вака!? за што? да не сакаш да има совршена раса од клонови? да немаат никакви болести, да се вискоко интелигентни, да изгледаат совршено...
-------------
|
Постирано од: аџија
Датум на внесување: 30.Јануари.2007 во 12:07
Добро, да, некои болести се отркриваат во фетусот... Ама абортусот зар не е полошо од клонирање? Да убиеш живот? Зарем не е подобро спречити него лечити, и наместо да се убиваат болните, да се раѓаат здрави бебенца...
И јас не зборувам за последиците од усовршувањето, туку еве, кога би било можно да се изведе клонирање, без негативните последици... Зошто да не? Зар ако Господ ни овозможил да имаме такво знаење, тоа знаење да не го користиме за доброто на човештвото?
-------------
|
Постирано од: oblachinja
Датум на внесување: 30.Јануари.2007 во 12:12
Ama Gospod ni dal i moznost da otkrieme rano anomalija na plodot....mislish li deka so toa ne ni dozvolil da napravime abortus?A za kloniranjeto,toa mi e mnogu,mnogu dalechno i nekako nepotrebno.Nie si se razmnozuvame,se ragjame,boleduvame,ozdravuvame ili umirame po Bozja volja sekako...i megju nekloniranite ima sovrsheno zdravi edinki
moze da se kloniraat odredeni kletki vo prilog na naukata i medicinata,za otkrivanje na genezata na karcinomot na pr. i negovoto lechenje...ama bebe da klonirash...neznam
-------------
|
Постирано од: Isis
Датум на внесување: 30.Јануари.2007 во 12:17
а и луѓето што се со аномалии,се дојдени со порака, да го цениме фактот што ние сме здрави.. а Господ ни овозможил да имаме знаење и за правење на нуклеарна бомба..па и тоа е во ред?!?....
-------------
|
Постирано од: mara
Датум на внесување: 30.Јануари.2007 во 13:23
I jas sum protiv kolniranje. Gospod gi sozdal covekot za da moze da se razmnozuva po priroden pat ili po pat na ljubov megu tvata pola, taka da kloniranjeto e izvrseno po vestacki pat, i ne e sigurno deka kloniranjeto moze da bide 100% ist kako identitetot.
------------- Da saks znaci da zivees megu iljadnici luge, a da mislis samo na eden!
|
Постирано од: irena
Датум на внесување: 30.Јануари.2007 во 13:46
kloniranje nikako... uzas pogolema glupost ne mozea da izmislat
------------- TI I JAS VECEN POVIK I ODGOVOR
|
Постирано од: аџија
Датум на внесување: 30.Јануари.2007 во 17:40
Аселера... баш убаво што праша за нуклеарките...
Затоа што Господ ни го дал знаењето, дали да ги користиме мудро, за ел. енергија итн., или да ги користиме глупаво, за атомски бомби... Зар не е исто и со генетиката? Можеме да ги користиме за да создадеме поздраво и подолговечно човештво, ама можеме и да го користиме и за луди идеи....
Се што јас прашувам, е зошто сме против позитивните работи кои одат преку клонирање? Зошто млад брачен пар да се бори со тоа дали да го убие животот во утробата, наместо да знаат дека ќе се роди здраво и силно бебенце?
-------------
|
Постирано од: oblachinja
Датум на внесување: 30.Јануари.2007 во 18:00
ama toa bebence ne e del od mene i mazotmi-toa e samo jas ili samo toj....a mene mi doagja poubavo ako se izmesaat genite....zamisli so kloniranje ke se svede se na edna ista rasa,isti geni
-------------
|
Постирано од: Isis
Датум на внесување: 30.Јануари.2007 во 22:34
по 100 пат... клонот не е уникат
и може да се злоупотреби
ако на родителите им умрело детенце тие ке можат да си нарачаат исто такво ново клонче
на што ке личи тоа, ке ги воскреснуваме умрените...
-------------
|
Постирано од: maja
Датум на внесување: 08.Февруари.2007 во 18:30
Klonirnjeto ne e nisto drugo tuku samo eden od nacinite za razmnozuvanje(sushtinski koga gledame nema mnogu razlika pomegju vestachkoto oploduvanje in vitro i kloniranje vo slucaj na drugiot vo jajnata kletka namesto spermatozoidi se vnesuva jadro na edna telesna kletka.
Kloniranjeto opfaka mnogu poveke od ona sto najcesto pod toa se podrazbira.(kloniranje na edinka-ne e vazno dali od covek ili ovca), toa sto e korisno od kloniranjeto e kloniranjeto na tkiva ili organi-no ovie postapki se vo razvoj.Zamislete iljada lugje koi ne bi morale da cekaat na presaduvanje na organi, zamislete trgovija so organi sto za mene ni malku ne e zamisliva kako sto moze da e kloniranjeto na istite, zosto sekoj bi bil kloniran napraven organ koj odgovara i koj ke bide prifaten od organizmot bez posledici, na primer e prifaten vgradeniot bubreg na onoj koj ima potreba da go zameni.Bash za ovie ljuge koj neverovatno e zgolemen brojot na sekojdnevnata dializa poradi nemoznosta da se zameni organot smrtnosta e mnogu golema.Kloniranjeto na organi ke e odlicna zamena( za mene, moj stav i mislenje).Na nekoj moze ova ke mu zvuci kako ludost, no navistina ke se sluci da se kloniraat organi.
Ovaa tema malku e skokotliva, zosto pred se prvenstveno se moralni i etichki prasanja i mnogumina ke imaat pred se se religiozni svakanja, ke se protiv kloniranjeto na lugje zosto ako veke se kopira teloto sto e so dusata, neli samo Bog ima pravo da ja kompletira licnosta.
No veruvam deka osven sto e klonirana ovcata, deka vo tajnost de drzi kolku i kako se uspea vo kloniranjeto na covekot...
------------- [IMG]http://img140.imageshack.us/img140/2444/2csa0.gif">[IMG]http://img20.imageshack.us/img20/3669/zt6uzj6n8sin4.gif">
|
Постирано од: аџија
Датум на внесување: 08.Февруари.2007 во 18:36
Аселера, клонот И ТЕ КАКО е уникат. Тој иако има иста днк, и е СЛИЧЕН (внимавај: сличен) на изворот на кодот, тој е уникат.
Одличен пример се близнаците, тризнаците итн., кои имаат ИСТ генетски код, но ќе се сложите, се сосема различни личности.
Поздрав...
-------------
|
Постирано од: Isis
Датум на внесување: 08.Февруари.2007 во 20:02
А, аџија тебе ти се допага идејата за безгрешно зачнување затоа го поддржуваш клонирањево.
|
Постирано од: Isis
Датум на внесување: 08.Февруари.2007 во 20:29
значи...
монозиготските близнаци се 100% иста дна имаат исти отпечатоци но да различни се по карактер итд
двозиготски или двојајчени близнаци се од 2 јајце клетки оплодени од 2 различни сперматозоиди имаат 50% иста дна, и миже да се од ист или различен пол но се раазлични личности по карактер..
ова го утврдивме....
е сега за клоништето
клонот нема татко, а и мајката е сведена на јајце клетка со отстранета дна, тогаш по што ако не само по карактер клонот би бил уникат
а по карактер сме сите уникат
hugs and kisses аџија
-------------
|
Постирано од: oblachinja
Датум на внесување: 08.Февруари.2007 во 21:05
jas sepak sakam bebe od tatko i majka-odnosno sozdadeno od oplodena jajce kletka so spermatozoid....a zosto ni se tie klonirani bebinja ne mi e jasno?
-------------
|
Постирано од: Isis
Датум на внесување: 08.Февруари.2007 во 21:07
Тоа аџија ке ни објасни, за сега само тој е ЗА
-------------
|
Постирано од: maja
Датум на внесување: 08.Февруари.2007 во 22:07
beleg напиша:
jas sepak sakam bebe od tatko i majka-odnosno sozdadeno od oplodena jajce kletka so spermatozoid....a zosto ni se tie klonirani bebinja ne mi e jasno?
| Зошто и како ќе се овие клонирани бебиња навистина и мене не ми е јасно иако достигнувањата во биомедицинската наука отидоа предалеку.Сепак сум за клонирање на органи од срце, бубрези итн..
------------- [IMG]http://img140.imageshack.us/img140/2444/2csa0.gif">[IMG]http://img20.imageshack.us/img20/3669/zt6uzj6n8sin4.gif">
|
Постирано од: Julija
Датум на внесување: 08.Февруари.2007 во 22:16
Pa ne sum apsolutno protiv... Клонирањето подразбира и нешто друго... клонирање на пример ткива, органи и слично...
А за клонирање на цели луѓе не сум... Некому може да му текне да ја клонира владата
-------------
|
Постирано од: Isis
Датум на внесување: 08.Февруари.2007 во 22:24
а тие органчиња за луге што би биле клонирани би биле извадени од обична свиња овој цицач има најслични по форма и функција органи, со нашите.
клонираните свињи можат да обезбедат идентични генетски модифицирани срца,бубрези џигери и др. органи за трансплантација
ама и ова не е кој знае колку усовршено,
-------------
|
Постирано од: marco_antony
Датум на внесување: 09.Февруари.2007 во 10:31
MNOGU SE RABOTI VO OVAA OBLAST....
SIGURNO E I TOP SICRET TEMA ....
VO SEKOJ SLUCAJ...
NAREDNIOT CEKOR KE BIDE NANOTEHNOLOGIJATA...
I VEKE IMA NOVI MATERIJAI KOI KE BIDAT KORISTENI....
KAKO STO E JAGLENOROD C-60...
INAKU ZIVOTOT NA ZEMJATA ZA OSNOVA E JAGLENORODOT.. C
TOA SE RABOTI VO MIKROSVETOT....
NO SEUSTE SME DALEKU OD GENETSKIOT KOD...
------------- PARADISE MACEDONIA
|
Постирано од: аџија
Датум на внесување: 09.Февруари.2007 во 11:32
Клонот, аселера, како што укажуваш, по своите физички особини не е воопшто различен од близнаците. Тие се со иста ДНК, но се секако различни личности (не сум сигурен баш дека имаат дури и исти отпечатоци, бидејќи за тоа влијаат и условите во утробата итн.).
Сеедно, не е точно исто така, дека клонот нема мајка и татко. Негови физички мајка и татко, се мајката и таткото на човекот чиј тој е клон. Но секако во преносна смисла, негови родители се оние кои ќе се грижат за него. Зошто толкава фама околу ова, кога веќе имаме многу деца за кои се грижат луѓе што не се нивните биолошки родители (на пример ин витро + сурогат мајка)?
П.С. Аселера, нема врска ова со безгрешно зачнување, туку чисто еве вака етичко-научно си праиме муабет...
П.С.2. Јулија, ти го даде најдобриот аргумент против клонирање
-------------
|
Постирано од: oblachinja
Датум на внесување: 09.Февруари.2007 во 12:18
аџија напиша:
Зошто толкава фама околу ова, кога веќе имаме многу деца за кои се грижат луѓе што не се нивните биолошки родители (на пример ин витро + сурогат мајка)?
|
Me zamisli so ova surogat majka....tochno e deka taa nema nikakva genetika so bebeto shto go nosi,ednostavno e samo "inkubator"..... ,no zamisli kolku vlijae i kako vlijae pomislata da si se nosam samata sebe, odnosno da nosam moe klonche...neznam mene mi e poprifatlivo da chuvam bebe chii ne sum bioloshki roditel otkolku kloniranje...negledam zoshto???Ne ni trebaat klonchinja koga tolku mnogu deca se bez roditeli,sega tuka se prisutni i drugi faktori no tie se za vo druga tema.
p.s.nauchno e opravdano mozebi,no etichki nikako
-------------
|
Постирано од: аџија
Датум на внесување: 09.Февруари.2007 во 12:42
Ок, белег, веројатно си во право....
Но мислам дека не е научно да се каже дека „се носиш самата себе“, бидејќи всушност секој живот е само од Господа даден да биде уникатен. Никогаш тоа „клонче“, нема да биде ти, ниту по изглед (ќе има разлики), ниту по карактер, ниту по отпечатоци итн...
Зошто ако тој живот е уникат, и понатаму се врши пропаганда во медиумите дека тоа се копии? Зар би ми било убаво мене да ми кажат дека сум копија на близнакот, кога не сум! (не сум близнак, ова е само пример). Клонот е СВОЈ ЧОВЕК, исто колку и секој од нас...
Поздрав...
-------------
|
Постирано од: Isis
Датум на внесување: 09.Февруари.2007 во 12:45
мене знаеш што ме мачи ако на пример имам детенце што не дај боже е на умирање а има можност да си го клонирам на клонот ке гледам како на детето што е загубено, како негова замена а не како на уникатна личност може дури исто име да му дадам е ова е weird.
-------------
|
Постирано од: oblachinja
Датум на внесување: 09.Февруари.2007 во 13:12
аџија напиша:
. Никогаш тоа „клонче“, нема да биде ти, ниту по изглед (ќе има разлики), ниту по карактер, ниту по отпечатоци итн...
Зошто ако тој живот е уникат, и понатаму се врши пропаганда во медиумите дека тоа се копии? Зар би ми било убаво мене да ми кажат дека сум копија на близнакот, кога не сум! (не сум близнак, ова е само пример). Клонот е СВОЈ ЧОВЕК, исто колку и секој од нас...
Поздрав...
|
Nema da bide jas zatoa shto golem procent e vospituvanje,sredina i slichno...jas ke go vospitam kloncheto, a ne mojata majka i normalno e deka ke bidat razlichni.No kolku ke bide razlichno fizichki...normalno ke bide mnogu,debelina,frizura i slichno,odnosno ke bidat razlichni menlivite kategorii,no ochite,ustata t.e.crtite na liceto,visinata,ke bidat isti.(ista ke bide na primer chustvitelnosta ili moznosta da se nasledi odredena bolest-dobro znam deka pri kloniranjeto ke se vnimava na tie raboti)A kolku e sevo ova od verski aspekt prifatlivo navistina neznam.Sekoj zivot e od Boga daden,no dali Bog rekol na takov nachin da se razmnozuvame?
-------------
|
Постирано од: oblachinja
Датум на внесување: 09.Февруари.2007 во 13:13
ACELERA напиша:
мене знаеш што ме мачи ако на пример имам детенце што не дај боже е на умирање а има можност да си го клонирам на клонот ке гледам како на детето што е загубено, како негова замена а не како на уникатна личност може дури исто име да му дадам е ова е weird.
|
I ako nekogash go prifatam kloniranjeto,ne veruvam deka ke prifatam da go kloniram mrtvoto dete.Taa bolka ne prestanuva nikogash i so kloniranjeto SAMO KE SE POTENCIRA NA SHTETA NA RODITELOT KOJ NEMA DA MOZE NORMALNO DA GO PRODOLZI ZIVOTOT.
-------------
|
Постирано од: Isis
Датум на внесување: 09.Февруари.2007 во 13:14
кај е природниот однос маж - жена во клонирањето?
|
Постирано од: аџија
Датум на внесување: 09.Февруари.2007 во 13:54
Абе не сфаќајте одма дека јас сум ЗА клонирање... Прашувам прашања што се провокативни, што и мене ми се вртат во глава...
Инаку би било weird навистина да видиш некој сличен на некој познат, па кој и да е (мртво дете или пријател, итн.). Ама еве досегашните експерименти со клонирање (кај животните) укажуваат на тоа дека не само менливите категории, туку и неменливите не изгледаат исто кај клонот и кај „оригиналот“. Причината за тоа се условите во утробата, разни хормонални промени кај бременета жена итн. Затоа и близнаците кои се ИДЕНТИЧНА днк, се различни: имаат белези на различни места, растојанието меѓу очи, нос, уста не е секогаш исто, а постојат и други разлики. Иако, мора да се признае СЛИЧНОСТА е голема.
Поздрав.
-------------
|
Постирано од: Isis
Датум на внесување: 09.Февруари.2007 во 14:08
хммм еве уште едно прашање ако мене ме нарекуваат детето на хххх и уууууу.
тогаш клончето ке биде нарекувано како? еј, ти си клонот на на пр. аcelera или и тоа би било наречено дете на хххх и уууууу зашто тие и мене ми се родители?
значи моите родители би му биле родители и него ...
е па тогаш може да ми биде сестра нели ама ако јас го родам ке му бидам ли мајка сепак растело во мене ако воопшто се снаоѓаш во постов, аnswer...
-------------
|
Постирано од: oblachinja
Датум на внесување: 09.Февруари.2007 во 14:09
аџија напиша:
Причината за тоа се условите во утробата, разни хормонални промени кај бременета жена итн. |
gledash na ova ne pomisliv,a apsolutno si vo pravo....bidejki me natera da razmisluvam poveke na taa tema ke pobaram bash neshto poveke da prochitam
-------------
|
Постирано од: аџија
Датум на внесување: 09.Февруари.2007 во 15:13
А што е со сирачињата, кои немаат х и у родители? Или сурогат децата? Или со вештачко оплодување со донатор на сперма или јајце клетка? Ехехехеј, такви луѓе без х и у родители има еден куп, сега клонот ли е проблем?
-------------
|
Постирано од: Isis
Датум на внесување: 09.Февруари.2007 во 15:25
да аџија, ова со клонот е сложено.... ако јас го носам мојот клон кога ке се роди што сум му јас сестра или мајка или ништо?
-------------
|
Постирано од: аџија
Датум на внесување: 09.Февруари.2007 во 18:34
А ајде овој пример, кој РЕДОВНО се случува во денешниов свет:
1. Мајка Х има ќерка У ама сака ќерка З, арно ама не може да има веќе деца
2. Ќерката У е сурогат мајка, и ја раќа З
3. Што се З и У, сестри или ќерка и мајка?
4. Што се З и Х: мајка и ќерка, или баба и внука?
-------------
|
Постирано од: oblachinja
Датум на внесување: 09.Февруари.2007 во 22:14
Sestri,zatoa sto surogat sestrata e samo inkubatorche,krevetche na bebeto,a genite se od majkata X i nejziniot partnerTuka e jasno
A i sirachinjata i site deca vo deneshniov svet bez razlika dali se chuvani od bioloshkata majka ili ne,site nastanale so oploduvanje na jajce kletka so spermatozoid
-------------
|
Постирано од: Isis
Датум на внесување: 10.Февруари.2007 во 11:31
аџија моето прашање беше ако јас се носам сама себе т.е. мој клон таа врска ме интересира.
-------------
|
Постирано од: Julija
Датум на внесување: 10.Февруари.2007 во 11:47
ACELERA напиша:
аџија моето прашање беше ако јас се носам сама себе т.е. мој клонтаа врска ме интересира.
|
majka sama na sebe
-------------
|
Постирано од: Isis
Датум на внесување: 10.Февруари.2007 во 11:59
невозможно, нели.... и не етички некако
-------------
|
Постирано од: аџија
Датум на внесување: 10.Февруари.2007 во 12:06
аман бре луѓе, колку пати треба да објаснувам дека не можеш САМАТА да се носиш? Па тоа бебе не е ништо друго туку НОВ ЖИВОТ. Сосема нова личност, која ќе има свој карактер, дури и свој специфичен изглед (иако сличен на „оригиналот“).
Исто е и прашањето со сурогатството, бидејќи навистина, таа е само „креветче“ за бебето, а гените се само „циглите“ кои го изградуваат тој нов живот. Ништо повеќе...
-------------
|
Постирано од: Isis
Датум на внесување: 10.Февруари.2007 во 12:09
како не може кога тоа е моја клетка од кожа и моја јајце клетка? и тука нема сперматозоид, па клонот е делумно дете на мојот татко.
еј јас ке побудалам ако продолжам да пишувам за ова....
-------------
|
Постирано од: аџија
Датум на внесување: 10.Февруари.2007 во 13:37
Па тоа е поентата. Не си ти твојата ДНК. Ти си ти, заради душата и духот што е во тебе. Телото е само „кутија“ на твоето ТИ.
Како што близнаците имаат иста кутија, но се различна состојка внатре, така и „клонот“ е различна состојка внатре... Тоа е познато.
Се однесувате малце сите како средновековните луѓе, или луѓето кои се противеле на ин витро, на сурогатство итн., а сето тоа е најнормално денес. Мислам дека и вашите ставови, ќе бидат смешни за некое време...
-------------
|
Постирано од: marco_antony
Датум на внесување: 10.Февруари.2007 во 14:40
NE SUM PROTIV TOA DA RABOTAAT STRUCNJACITE NA KLONIRANJETO...
COVESTVOTO KE ODI NEKOJ CEKOR NAGORE ...
SEPAK TOA E MESANJE VO CIKLUSOT
NA RADJANJE - RASTENJE - UMIRANJE !
DOKOLKU NEKOJ SE KLONIRA ...
I PRETSTAVUVA ISTIOT COVEK...
DALI TOA ZNACI DEKA SE POSTIGNALA BESMRTNOSTA...
ILI NEKOJA SIMULACIJA NA BESMRTNOST...
ZNACI LI TOA DEKA NEKOJ BOGATAS....
SI IMA NEGOVI KLONOVI ...
KOI MU SLUZAT KAKO REZERVNI DELOVI .... ???
------------- PARADISE MACEDONIA
|
Постирано од: аџија
Датум на внесување: 10.Февруари.2007 во 15:45
marco_antony напиша:
ZNACI LI TOA DEKA NEKOJ BOGATAS....
SI IMA NEGOVI KLONOVI ...
KOI MU SLUZAT KAKO REZERVNI DELOVI .... ???
|
Гледај го филмот The Island (Островот), баш за ова се работи...
-------------
|
Постирано од: Isis
Датум на внесување: 11.Февруари.2007 во 01:43
нека клонираат нека прават што сакаатникој не може да им забрани, ама дека може да има злупотреба (како и за се друго)може. се што ке ти треба е да се докопаш до парче кожа од Бред Пит, и да имаш парички и оп, ке си го родиш, тоа нема да биде Бред Пит ама за тебе ке биде....тоа е...како би го доживувале клонот некои што го познавале оригиналот, и што им значел не се сомневам, јас ако умрам, да може мајка ми да направи клон, ке направи и за неа тоа ке бидам јас. ја прашав и рече да клонот би се викал исто како мене и би ме заменил.....
-------------
|
Постирано од: marco_antony
Датум на внесување: 11.Февруари.2007 во 12:29
NEKOI STRUCNJACI IMAAT STIGNATO DO DNK...
I RASPOZNAVAAT NEKOI KARAKTERISTIKI ...
NO NEMAAT VLEZENO VO GENETSKIOT KOD...
SEPAK TOA E MNOGU OPASNA RABOTA ...
IDNINATA NA TEHNOLOGIJATA E VO NANO-TEHNOLOGIJA...
KOJA KE MU SLUZI NA COVESTVOTO ...
I EDEN NOV ELEMENT KOJ SE KORISTI KAJ AVIONITE E
JAGLENOROD C-60.... KOJ E MNOGU POLESEN OD
A MNOGU POJAK ... POCVRST... I POZILAV OD
NEKOI DRUGI MATERIJALI...
TOA E MTERIJAL NA IDNINATA ...
------------- PARADISE MACEDONIA
|
Постирано од: ASTRIX
Датум на внесување: 23.Февруари.2007 во 12:12
можеби клонирањето 1 ден ке биде реалност
но поубаво е кога се се случува по природен пат.
иако не сум против вештачко оплодување и сл. ама ова со клонот и самиот збор клон ми е језив.
|
Постирано од: чаир
Датум на внесување: 26.Февруари.2007 во 21:10
Да му ги оставиме Божјите работи на Бога тој е творецот на животот и само Бог има живот во себе
------------- Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
|
Постирано од: angelmk
Датум на внесување: 28.Февруари.2007 во 02:25
ако е клонирањето искористено за позитивни цели тогај е ок.ама ја мислам повеќе би се искористувало за злокобни намери на некои крвопијци.сеа колку клонирањето е етички оправдано малку сум скептик.
------------- "BEAUTY IS TRUTH, TRUTH BEAUTY."
|
Постирано од: аџија
Датум на внесување: 21.Март.2007 во 22:49
Најновите истражувања укажуваат на тоа дека преку клонирање (делумно) значи на одредени органи, ќе можат да се лечат многу болести што сега не се лечат, и ќе можат да се извршуваат трансплантации без луѓето да чекаат и умираат... Зар не е ова доволна причина да се продолжи со научни истражувања?
-------------
|
Постирано од: Isis
Датум на внесување: 22.Март.2007 во 11:13
и претходно се согласивме дека клонирање во медицински цели, делумно клонирање е во ред клонирање на човек, скоро сите рекоа не.... ти еднаш спомна....кога ТОА знаење ни е дадено зошто да не го искористиме?! навистина, ете сме направиле ракети, нуклераки, мобилни, и што се не... сме напреднале многу... дали следно е клонирањето?
|
Постирано од: brza
Датум на внесување: 22.Март.2007 во 11:50
pa,..nema da bide losho,...da napravime klonovi potebe,...ako stvarno si 80%,....ama,togash ke bide dosadno,...i ne interesno,...
------------- Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
|
Постирано од: аџија
Датум на внесување: 22.Март.2007 во 12:09
види, делумно клонирање е малце грозно... Замисли, ја вградуваат твојата ДНК во свиња (најслично животно со човекот, според генетиката, ужас!) и во неа расте твој бубрег, што на крај ти го пресадуваат....
малце е морбидно, ама ако спасува животи... не знам...
-------------
|
Постирано од: brza
Датум на внесување: 22.Март.2007 во 12:16
pa toa i e namerata,...so kloniranje na bilo koj del od teloto,...ako ,neshto ne ti e kako shto treba i ti go zagrozuva zivotot,,...da si go prodolzish zivotot i negoviot kvalitet,...shto ima losho vo toa,........e,sega toa shto sekoe dobro ,chovekot znae da go svrti i na losho,...ne znachi deka treba da se prekinat tie istrazuvanja,....inache,seushte bi bil chovekot vo kameno doba,..ako ne i pred toa,...a,mozebi i ke beshe podobro taka,...bogami,...
------------- Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
|
Постирано од: аџија
Датум на внесување: 22.Март.2007 во 12:29
да, баш се согласувам. Добро размислување... Поздрав!
-------------
|
Постирано од: oblachinja
Датум на внесување: 10.Мај.2007 во 21:00
Постирано од: аџија
Датум на внесување: 11.Мај.2007 во 00:21
Постирано од: Hacker
Датум на внесување: 14.Мај.2007 во 23:12
ne deka toa e losa ili dobra rabota, no sepak ne e potrebno sega za sega.... Uste ne dosol denot koga ce se namaluva rapidno brojot na luceto odnosno nasata civilizacija nie da vidime sto ce pravime so japoncite i kinezite nema da ima mesto be luce a i zemjava e pri kraj....
------------- Proctaj...
|
Постирано од: Hacker
Датум на внесување: 19.Мај.2007 во 11:23
ce dojde vreme koga nasaa populacija ce prestane da se reproducira i sto potoa?
------------- Proctaj...
|
Постирано од: Isis
Датум на внесување: 17.Јуни.2007 во 14:01
Hacker напиша:
ce dojde vreme koga nasaa populacija ce prestane da se reproducira i sto potoa? |
веројатно нема да дојде до тоа. се мислам околу клонирањево. за тие што не можат да добијат дете по стандардна постапка има ин-витро оплодување. па не гледам некоја неопходност од клонирање, освен амбицијата на човек да експериментира со се.
|
Постирано од: superbaby
Датум на внесување: 16.Август.2007 во 18:04
Kloniranje ne treba da postoi ne smeat da klonirat luge. A za klonovi t.e. dvojnici site imame. Sekoj ima po eden dvojnik a toa ne e sozdadeno po pat na kloniranje tuku po priroden pat najverojatno po zelba na Gospod no toa ne se smeta za kloniranje. :) Ne znam kolku e naucno dokazano, no znam deka sekoj na ovoj svet ima svoj dvojnik samata sum videla dvojnici :) Isto imam ja videno mojata dvojni4ka toa e kako da se gledas vo ogledalo, normalno so malku razliki megutoa jas zboruvam samo za fizicki izgled a ne za vnatresno i karakter. Karakterot ne e ist. :)
|
Постирано од: Azrael
Датум на внесување: 01.Октомври.2007 во 12:35
ne bi sakal ova da stane realnost eden den sekoj si e unikat
------------- ΧΡΙΣΤΟΣ ΑΝΕΣΤΗ !
|
Постирано од: Командантица
Датум на внесување: 02.Март.2009 во 17:14
Што мислите, до каде може, а и до каде треба да се оди со менување на генетскиот материјал, клонирањето итн.
кој е вашиот став спрема клонирањето....?
------------- ..Живеам за да умрам..!
|
Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 02.Март.2009 во 17:18
Командантице, еве ја темата. Постот ти го префрлив тука. Анкетата технички не може да се префрли, па ќе остане без анкета.
------------- http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме. Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја, само земја ќе бидеме и можеби неколку жолти цветови.
|
Постирано од: Командантица
Датум на внесување: 02.Март.2009 во 19:54
пошто отворив тема а беше префрлена во постоечката,..ај јас да одговорам на оваа тема,...
клонирањето нема да стане реалност во никој случај и никогаш,..најчесто би се користело за злоупотреба на човечките органи, што е страшно и незамисливо,..затоа е забранет секаков вид на клонирање, макар и животни...!
------------- ..Живеам за да умрам..!
|
|