IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - ПРАВОСЛАВЕН КАЛЕНДАР:ДЕНЕС СЕ СЛАВИ
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

ПРАВОСЛАВЕН КАЛЕНДАР:ДЕНЕС СЕ СЛАВИ

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 23456 68>
Автор
Порака
Dogi Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 19.Април.2005
Статус: Офлајн
Поени: 3168
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Dogi Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јануари.2007 во 11:09

Преподобен Наум Охридски Чудотворец     

Ученик на Светите Методиј и Кирил и еден од Петточислениците коишто најревносно соработуваа со овие словенски апостоли. Свети Наум патуваше во Рим, каде што се прослави со чудотворна моќ и со голема ученост. Знаеше многу јазици. Со помош на царот Борис Михаил, по враќањето од Рим тие се населија на бреговите на Охридското Езеро. Додека Свети Климент дејствуваше како епископ во Охрид, дотогаш Свети Наум основаше манастир на јужниот брег на езерото. Тој манастир и денес го краси брегот како што и името на Свети Наум ја краси историјата на словенското христијанство и низ вековите беше извор на чудотворна сила и засолниште за болните и за неволните. Околу Свети Наум се насобра мноштво монаси од сите страни на Балканот. Беше мудар учител, единствен раководител на монасите, одлучен подвижник, чудотворен молитвеник и духовник. Неуморно се трудеше и на преведувањето на Светото Писмо и на другите црковни книги од грчки на словенски јазик. Вршеше чуда и за време на животот и после смртта. Неговите чудотворни мошти до ден денес восхитуваат со многубројни чуда, посебно со исцеленијата од тешки болести, особено од лудило. Се упокои во првата половина на 10 век.

Јас сум мајстор!

Кликни овде за комуникација со мене (потоа кликнете во полето 'Edit nickname' и впишете го вашето име)
Кон врв
rice Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 14.Ноември.2006
Статус: Офлајн
Поени: 379
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај rice Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јануари.2007 во 11:28

The%20image%20“http://www.bsn.org.yu/pro/ikone/S434.jpg”%20cannot%20be%20displayed,%20because%20it%20contains%20errors.Преподобен Наум Охридски Чудотворец

Ученик на Светите Методиј и Кирил и еден од Петточислениците коишто најревносно соработуваа со овие словенски апостоли. Свети Наум патуваше во Рим, каде што се прослави со чудотворна моќ и со голема ученост. Знаеше многу јазици. Со помош на царот Борис Михаил, по враќањето од Рим тие се населија на бреговите на Охридското Езеро. Додека Свети Климент дејствуваше како епископ во Охрид, дотогаш Свети Наум основаше манастир на јужниот брег на езерото. Тој манастир и денес го краси брегот како што и името на Свети Наум ја краси историјата на словенското христијанство и низ вековите беше извор на чудотворна сила и засолниште за болните и за неволните. Околу Свети Наум се насобра мноштво монаси од сите страни на Балканот. Беше мудар учител, единствен раководител на монасите, одлучен подвижник, чудотворен молитвеник и духовник. Неуморно се трудеше и на преведувањето на Светото Писмо и на другите црковни книги од грчки на словенски јазик. Вршеше чуда и за време на животот и после смртта. Неговите чудотворни мошти до ден денес восхитуваат со многубројни чуда, посебно со исцеленијата од тешки болести, особено од лудило. Се упокои во првата половина на 10 век.



The%20image%20“http://www.bsn.org.yu/pro/ikone/svdec-675.jpg”%20cannot%20be%20displayed,%20because%20it%20contains%20errors.Свети Нифонт Чудотворец

Роден е во Пафлагонија, воспитан во Цариград на дворецот на еден војвода. Како млад западна во лошо друштво и се расипа, се предаде на мноштво гревови и порорци. Заради гревовите не можеше да Го моли ни Бога. По милоста на Пресвета Богородица се врати на патот на правдата и се замонаши. Имаше безброј виденија од небесниот свет. Четири години водеше тешка борба со демонот којшто постојано му шепотеше: „Не постои Бог! Не постои Бог!“ Но кога му се јави Самиот Господ Исус како жив на иконата, Нифонт стекна голема сила над злите духови и се ослободи од тешките искушенија. Беше толку проѕорлив што ги гледаше ангелите и демоните околу луѓето исто како што ги гледаше луѓето и ги распознаваше човечките помисли. Со ангелите разговараше често, а со демоните се препираше. И подигна црква на Пресвета Богородица во Цариград, собра монаси и мнозина ги спасуваше. Александрискиот архиепископ Александар по откровение од небото го посвети за епископ на градот Констанциј на Кипар. Во тоа време Свети Нифонт беше веќе стар. Добро управуваше со Црквата некое време, па се пресели во Царството Христово. Пред смртта го посети Св. Атанасиј Велики, архиѓаконот на александриската Црква и му го виде лицето после смртта осветлено како сонце.



VO SLAVA NA BOGA

Кон врв
rice Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 14.Ноември.2006
Статус: Офлајн
Поени: 379
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај rice Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јануари.2007 во 16:15

The%20image%20“http://www.bsn.org.yu/pro/ikone/12-24-6.jpg”%20cannot%20be%20displayed,%20because%20it%20contains%20errors.Преподобната маченичка Евгенија и другите со неа

Ќерка на Филип, којшто беше епарх на целиот Мисир. Родена е во Рим. Во тоа време христијаните беа прогонувани од Александрија и живееја надвор од градот. Девицата Евгенија ги посетуваше христијаните и со сето срце ја прими нивната вера. Побегна од родителите и со двајца свои верни евнуси се крсти од епископот Елиј, па преоблечена во машка облека стапи во еден машки манастир и таму прими монашки чин. Толку го очисти своето срце со доброволен подвиг, што од Бога прими благодат на исцелување на болните. Така ја исцели една богата жена Мелантија. Но потоа истата жена сакаше, мислејќи дека е машко, да ја навлече на телесен грев. Па бидејќи Евгенија одлучно ја одби, оваа зла жена за одмазда отиде кај епархот и ја наклевети Евгенија исто онака како што некогаш Петефриевата жена го обвини целомудрениот Јосиф. Епархот нареди и сите монаси ги оковаа и ги фрлија во затвор заедно со Евгенија. Но кога ја изведоа на суд, Света Евгенија му се покажа на татко и како негова ќерка. Израдуван, Филип се крсти заедно со сиот негов дом. По ова беше избран за епископ на Александрија. Кога слушна за ова римскиот цар, испрати еден свиреп војвода Теренциј, којшто дојде во Александрија и тајно го уби Филип. Тогаш Света Евгенија заедно со мајка и и со браќата се пресели во Рим. Таму храбро и ревносно ги обраќаше незнабожците во вистинската вера, особено девојките. Така ја обрати и некоја прекрасна девојка Василија. Наскоро оваа беше убиена за Христа, како што и прорече Света Евгенија. Тогаш ги убија и оние двајца евнуси, Прот и Јакинт. Најпосле дојде и маченичкиот крај на Света Евгенија. Од нејзиното присуство падна идолскиот храм на Дијана и се разурна. Мачителите најпрво ја фрлија во вода, а потоа во оган, но Бог ја спаси. Во затворот и се јави Самиот Господ Исус и и рече дека ќе пострада на самиот ден на Неговото Рождество. Така и стана. Ја убија со меч на 25 декември 262 година во Рим. После својата смрт Света Евгенија и се јави на својата мајка во голема слава и ја утеши.



Преподобен Никола војвода

Некои мислат дека овој голем светител по потекол бил од балканските Словени. Во времето на царот Никифор Никола беше војвода и заповедаше над еден дел од војската којашто тргна во војна против Бугарите. Патем Никола ноќеваше во една крчма во којашто имаше големо искушение и сонуваше чуден сон. Во војната, во којашто Грците беа сосем поразени од Бугарите во 811 година, тој сон наполно се обвистини. Никола се спаси, па од благодарност кон Божјата Промисла го остави војничкиот чин и се замонаши. Се подвизуваше долго време и толку се восоврши со подвигот, што стана голем Божји угодник и проѕорливец. Се упокои мирно и се пресели во блаженото Царство на Господ Христос во 11 век.



VO SLAVA NA BOGA
Кон врв
aladin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 30.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 2043
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај aladin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јануари.2007 во 14:11

Рождество Господа и Бога и Спаса нашега Исуса Христа



"А кад се наврши вријеме, посла Бог Сина својега јединороднога" (Гал 4, 4), да спасе род људски. И кад се испуни девет месеци од благовести, коју јави архангел Гаврил Пресветој Деви у Назарету, говорећи: "Радуј се, благодатна... ево зачећеш и родићеш сина, и надјени му име Исус" (Лк 1, 18 и 31). У то време изиђе заповест од кесара Августа, да се попише сав народ у Царевини римској. Сходно тој заповести требаше свако да иде у свој град и тамо се упише. Зато Јосиф Праведни дође с Пресветом Девом у Витлејем, град Давидов, јер обоје беху од царског колена Давидова. Па како се у тај малени град слеже много народа ради пописа, не могоше Јосиф и Марија наћи конака ни у једној кући, због чега се склонише у једну пећину овчарску, где пастири овце своје затвараху. У тој пећини, а у ноћи између суботе и недеље, 25. децембра роди Пресвета Дева Спаситеља света, Господа Исуса Христа. И родивши Га без бола, као што Га је и зачела без греха, од Духа Светога, а не од човека, она Га сама пови у ланене пелене, поклони Му се као Богу и положи Га у јасле. Потом приђе и праведни Јосиф, и он Му се поклони као божанском плоду девичанске утробе. Тада дођоше и пастири из поља, упућени од ангела Божјег, и поклонише Му се као Месији и Спаситељу. И чуше пастири мноштво ангела Божјих где поју: "Слава на висини Богу и на земљи мир, међу људима добра воља" (Лк 2, 14). У то време стигоше и три мудраца с Истока вођени чудесном звездом, са даровима својим: златом, ливаном и измирном, и поклонише Му се као Цару над царевима, и дариваше Га даровима својим (Мт 2). Тако дође у свет Онај, чији долазак би проречен од пророка, роди се онако како би проречено: од Пречисте Деве, у граду Витлејему, од колена Давидова по телу, у време када више не беше у Јерусалиму цара од рода Јудина, него цароваше Ирод туђин. После многих Својих праобраза и наговештења, изасланика и весника, пророка и праведника, мудраца и царева, најзад се јави Он, Господар света и Цар над царевима, да изврши дело спасења људског, које не могоше извршити слуге Његове. Њему нека је вечна слава и хвала. Амин.

Кон врв
aladin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 30.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 2043
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај aladin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јануари.2007 во 14:13

 Рождественское послание Святейшего Патриарха Московского и всея Руси Алексия II архипастырям, пастырям, монашествующим и всем верным чадам Русской Православной Церкви


Простре земля плещи своя, и приемлет приемлющаго Зиждителя, славу от ангел, от небес же звезду; от пастырей хваление, от волхвов же дары, и от всего мира познание.

(Тропарь 3-й песни канона на повечерии предпразднства Рождества Христова)

Возлюбленные о Господе Преосвященные архипастыри, боголюбивые пресвитеры и диаконы, честные иноки и инокини, подвигом добрым подвизающиеся (2 Тим. 4. 7), и все в ограде церковной пребывающие православные христиане! «Благодать и мир вам да умножится в познании Бога и Христа Иисуса, Господа нашего» (2 Пет. 1. 2).

С сердечной радостью поздравляю всех вас с великим праздником — Рождеством по плоти Господа Бога и Спаса нашего Иисуса Христа!

В эти святые дни мы вновь молитвенно переживаем величайшее событие человеческой истории. В великом смирении Своем Господь пожелал прийти на землю в образе человеческом, и родился Он не в богатом дворце, не в жилище сильных мира сего, но в убогом вертепе посреди пустыни. Первыми узнали о Рождестве Христовом не цари и вельможи, но простые пастухи, которые пасли стада неподалеку от Вифлеемской пещеры. Именно к ним, простецам, были обращены ангельские слова, возвестившие миру о начале новой, христианской эры: «Не бойтесь, я возвещаю вам великую радость, которая будет всем людям, ибо ныне родился вам в городе Давидове Спаситель, Который есть Христос Господь» (Лк. 2. 10—11).

Дорогие мои! Вслушаемся в ангельское благовестие: «Я возвещаю вам великую радость!» (Лк. 2. 10). Мы часто забываем об этой вечной, нетленной радости, ибо живем в мире, пораженном грехом и смертью, в котором мы страдаем от болезней и немощей, подчас переживаем разлуку и горе, сталкиваемся с насилием и жестокостью. Но вера наша научает нас даже посреди житейской скорби хранить в сердцах своих и возвещать всем людям ту радость, которая пришла к нам Свыше и о которой в Евангелии сказано, что никто ее не отнимет у нас (Ин. 16. 22).

Бог, пришедший к нам в образе младенца, желает, чтобы сердце наше стало пещерой и яслями, где Он почивает, а в душе вечно раздавалось ангельское славословие: «Слава в вышних Богу, и на земле мир, в человеках благоволение!» (Лк. 2. 14). Чудо и сила христианской веры в том, что эта «радость великая» даруется нам сегодня во всей своей полноте, так же, как и две тысячи лет тому назад. Мы не вспоминаем — мы празднуем Рождество Христово, потому что оно, совершившись однажды, вечно наполняет людей миром и радостью!

Господь Иисус Христос — всегда в центре нашей жизни и нашего свидетельства миру. И Церковь наша не перестает идти путем, начертанным ей Самим Богом, проповедуя спасительное учение Христово, «да уверует мир» (Ин. 17. 21).

Наша радость, наша вера, наша молитва, наши добрые дела — все, что должно составлять жизненный подвиг православного человека,— пусть свидетельствует о Христе ближним и дальним, пусть делает нас солью земли и светом мира (Мф. 5. 13,14), просвещающим всех, кто ищет истины, любви и чистоты.

Возлюбленные! Прошедший год стал для нас годом благости Господней. Милостию Божией продолжилось успешное устроение церковной жизни в России и иных странах, куда простираются забота и пастырская ответственность нашей Церкви. Наш народ все больше возвращается к отеческой вере. Во многих городах и весях дети и отроки постигают знания о православной вере и культуре. Храмы наполняются прихожанами всех возрастов и родов деятельности. Миллионы людей молятся Богу, читают духовную литературу, участвуют в делах церковных. Всему этому я стал свидетелем, посетив в нынешнем году Владимирскую, Калининградскую, Нижегородскую, Санкт-Петербургскую и Саранскую епархии. Очень важным для поддержания единства чад церковных стал наш визит в Латвийскую Православную Церковь, встречи и беседы с государственными деятелями Латвии, молитвенное общение с православным народом.

Видимым знаком благоволения Божия к нашей Церкви стало принесение в ее пределы десницы святого Пророка, Предтечи и Крестителя Господня Иоанна. Многие чада церковные получили благословение от руки, некогда возложенной на главу Спасителя при Его Крещении. Нашу страну посетили и великие святыни, хранящиеся на Святой Горе Афон,— честная рука святой равноапостольной Марии Магдалины, частицы Животворящего Креста Господня и мощей святого мученика Кирика. Множество верующих, поклонившихся этим святыням, получили от них помощь и утешение.

Важной вехой церковной жизни стало празднование в прошедшем году 300-летия Успенской Саровской пустыни — места подвигов преподобного Серафима Саровского. Юбилей был ознаменован восстановлением монашеской жизни в этой прославленной обители. Отныне под сводами некогда разоренных, а теперь восстановленных храмов вновь будет приноситься Бескровная Жертва «о всех и за вся».

В завершившемся году Господь сподобил меня вновь побывать на дорогом моему сердцу Валааме. Отрадно, что в древней северной обители возрождается скитская жизнь. Новым свидетельством этого возрождения стали совершенная нами закладка камня в основание храма во имя святого равноапостольного князя Владимира во Владимирском скиту и освящение храма Воскресения Христова в Воскресенском скиту.

Не могут не радовать всех верных успехи в деле сближения между Церковью в Отечестве и нашими собратьями, объединенными в Русскую Зарубежную Церковь. Единство и общение, прервавшиеся в результате трагических событий более восьмидесяти лет назад, сегодня восстанавливаются, в чем мы видим благоволение Божие.

Огромную боль сердцам всех верующих причинили трагические события на Святой Земле. Там, где две тысячи лет назад ангелы возвестили: «Слава в вышних Богу, и на земле мир» (Лк. 2. 14), вновь пролилась кровь невинных людей. Молим Бога, чтобы земля, освященная рождением, жизнью, страданиями и Воскресением Спасителя нашего, стала, наконец, местом, где «правда и мир облобызаются» (Пс. 84. 11).

Недопустимо оправдание зла ссылками на веру. Участники состоявшейся этим летом в Москве встречи духовных лидеров мировых религий, обращаясь ко всем верующим людям планеты, призвали их «уважать и принимать друг друга, невзирая на религиозные, национальные и иные различия». Церковь наша, как и во все времена, служит благу людей, объединяя усилия с государством и светским обществом, христианами иных исповеданий, людьми других вер и убеждений. Через совместные труды, через участие в общественных делах и дискуссиях мы должны свидетельствовать о Христе Воплотившемся, проповедуя Его не только словом, но и всей своей жизнью.

Возлюбленные о Господе братья и сестры! Обращаю к вам слова апостола: «Духа не угашайте. Пророчества не уничижайте. Всё испытывайте, хорошего держитесь. Удерживайтесь от всякого рода зла. Сам же Бог мира да освятит вас во всей полноте, и ваш дух и душа и тело во всей целости да сохранится без порока в пришествие Господа нашего Иисуса Христа» (1 Фес. 5. 19—23).

Еще раз поздравляю всех вас с великим, мироспасительным праздником Рождества Христова и Новым, 2007 годом. Да подаст всем вам Господь Спаситель Свою милость, да спасет и сохранит Он всех в земном странствовании и удостоит радости общения с Ним в жизни будущего века. «И да владычествует в сердцах ваших мир Божий, к которому вы и призваны» (Кол. 3. 15).


+АЛЕКСИЙ,
ПАТРИАРХ МОСКОВСКИЙ И ВСЕЯ РУСИ

Рождество Христово
2006/2007 года
Град Москва


    Кон врв
    orto Кликни и види ги опциите
    Сениор
    Сениор
    Лик (аватар)

    Регистриран: 13.Октомври.2006
    Статус: Офлајн
    Поени: 916
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај orto Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јануари.2007 во 14:23

    Christmas 2006

    THEODOROS II

    BY THE GRACE OF GOD, POPE AND PATRIARCH OF ALEXANDRIA AND ALL AFRICA, TO THE FAITHFUL OF THE CHURCH IN AFRICA, ON THE OCCASION OF THE DIVINE EPIPHANY

    “And the Word became flesh and dwelt among us, and we beheld His glory, glory as of the only-begotten of the Father, full of grace and truth.”

    My beloved brethren in Christ and blessed, beloved children in the Lord,

    The Word of God, having authority over everything and being the pre-existing, only-begotten Son, God the Word receives flesh and becomes man.  He dwells among us.  He dwells among humankind so that we may see and comprehend the radiant grandeur of God. 

    Divine Revelation through the Person of our Lord Jesus Christ, the second Person of the Holy Trinity, is accomplished for the rebirth and salvation of humankind.  It is accomplished so as to assist in humankind’s return to God’s embrace and the discovery and comprehension of the true aim of our creation.  Because God is love, God calls humankind to participate in this love.  But does humankind today search for, and accept this love of God?  How does humankind perceive this love to be expressed through one’s love for fellow-man?  Unfortunately, in the 21st century, a great number of people, instead of feeling this love, feel alienation, loneliness, egotism.  It is even within the most important nuclear unit of society, the family – the Blessed Sacrament of Marriage, that we observe rifts and alienation, spiritual emptiness and disintegration of the relationships between the members.  Separations, fighting, egotistical inclinations, selfish motives – all contribute to creating real misery in the family members, especially the young children in whose soul pessimism and a negative image of life takes root.  The workplace too, is characterized by unjust competition, slander, extreme individualism and egotism, vain ambition, instead of noble co-operation and meritocracy. Generally speaking, the whole of humankind’s social life and activity is characterized by anxiety.  This is the result of humankind distancing itself from God’s love.  Misery, poverty and misfortune, violence and wars are not condemned outright but are even excused in the name of freedom.  Very often they are even excused in the name of God – as protector of wars and violence. 

    Humankind searches in vain for the solution to this chaotic situation in social and economic advancement, in the cure of the soul by psychologists, psychoanalysts and medication.  Tranquillity of soul and true happiness are to be found where there is love in the hearts of people.  Peace and concord are not to be achieved with treaties, agreements and signatures, but with their establishment deep within the soul of each of us.  The Birth of the God-Man offers us this love, sealed with His own precious Blood.  We become communicants of this precious Body and Blood through the Common Cup and it unites us in the Life in Christ. 

    This Life in Christ characterized by humility, self-denial and the selfless and continuous service towards our brother and fellow man.

    We, on the African Continent, the spiritual jurisdiction of the Patriarchate of Alexandria, have close to us numerous suffering brethren.  They await love and comfort from us.  They await for every Orthodox Christian to show them why Christ was born, why He voluntarily sacrificed Himself, why He was resurrected and how His great teaching “Love one another” can be put into action.

    Beloved brethren, beloved children in the Lord,

    We pray always for peace everywhere and for the health of all.  We wish you all, from the depths of our heart, that the Divine Infant of Bethlehem lead you on the path of His will and grant you all grace and rich mercy in the New Year of His goodness.

    THEODOROS II

    POPE AND PATRIARCH OF ALEXANDRIA AND ALL AFRICA

     

    IN THE GREAT CITY OF ALEXANDRIA

    CHRISTMAS 2006

    (kоран 10, 94)
    (аллах рече моамеду) Ako сумљаш у oно што ти oбљављујемо, упитај oне (Жидове и Кршчане) koji Читају Kњигу (БИБЛИЈУ), прије тебе објављену
    Кон врв
    belichka Кликни и види ги опциите
    Сениор
    Сениор
    Лик (аватар)

    Регистриран: 30.Октомври.2006
    Статус: Офлајн
    Поени: 2023
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај belichka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јануари.2007 во 15:27
    Hristos se rodi!!!
    Кон врв
    aladin Кликни и види ги опциите
    Сениор
    Сениор


    Регистриран: 30.Октомври.2006
    Статус: Офлајн
    Поени: 2043
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај aladin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јануари.2007 во 17:40
    bravo be orto!  taka bidi konstruktiven!

    neka vidat sto e pravoslavie!
    Кон врв
    rice Кликни и види ги опциите
    Сениор
    Сениор
    Лик (аватар)

    Регистриран: 14.Ноември.2006
    Статус: Офлајн
    Поени: 379
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај rice Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Јануари.2007 во 10:09

    Светиот првомаченик и архиѓакон Стефан

    Роднина на апостол Павле, Евреин од Евреите што живееја по елинските области. Беше прв од Седумте ѓакони коишто Светите апостоли ги ракоположија и ги поставија на служба на грижа за сиромасите во Ерусалим. Затоа и го нарекоа архиѓакон. Со силата на својата вера вршеше големи чуда меѓу луѓето. Злобните Евреи се препираа со него, но беа секогаш победувани од неговата мудрост и од силата на Светиот Дух Којшто дејствуваше преку него. Тогаш посрамени Евреите, свикнати на измами и клевети, го побунија народот и народните старешини против невиниот. Клеветата против Стефан велеше дека хулел на Бога и на Светиот пророк Мојсеј. Брзо најдоа лажни сведоци коишто тоа и го потврдија. Тогаш Стефан застана пред народот и сите видоа дека лицето негово е како лице на ангел, т.е. озарено од благодатна светлина како што некогаш беше Мојсеј кога говореше со Бога. Стефан ги отвори своите усни и ги пореди многубројните доброчинства и чуда Божји извршени од Бога во минатото над народот израилски, но и многубројните злосторства и противења кон Бога од страна на тој народ. Особено ги изобличи за убиството на Господ Христос, нарекувајќи ги предавници и крвници. И додека тие чкрипеа со забите, Стефан погледна и го виде небото отворено и славата Божја. Тоа што го виде тој им го објави на Евреите: „Еве, ги гледам небесата отворени и Синот Човечки кај седи од десната страна на Бога“ (Дела 7). Тогаш пакосниците го изведоа надвор од градот и го убија со камења. Меѓу неговите мачители беше и неговиот роднина Савле, подоцна апостол Павле. Во тоа време на некој камен во далечината стоеше Пресвета Богородица со Свети Јован Богослов и го гледаа мачеништвото на првиот маченик за вистината на нејзиниот Син и Бог, молејќи Го Бога за Стефана. Ова се случи една година по слегувањето на Светиот Дух на апостолите. Телото на Св. Стефан тајно го зеде и го погреба на својот имот Гамалиил, кнез еврејски, а потаен христијанин. Така заврши во слава првенецот меѓу христијанските маченици и се пресели во Царството на Господ Исус Христос.



    VO SLAVA NA BOGA



    Изменето од rice - 09.Јануари.2007 во 10:10
    Кон врв
    rice Кликни и види ги опциите
    Сениор
    Сениор
    Лик (аватар)

    Регистриран: 14.Ноември.2006
    Статус: Офлајн
    Поени: 379
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај rice Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јануари.2007 во 13:12

    The%20image%20“http://www.bsn.org.yu/pro/ikone/svdec-791.jpg”%20cannot%20be%20displayed,%20because%20it%20contains%20errors.Светите Дваесет илјади никомидиски маченици

    Во времето на свирепиот цар Максимијан Херкул христијанската вера во Никомидија цветаше и се умножужваше секојдневно. Еднаш царот бавејќи се во тој град дозна за христијанското мноштво и за напредокот на Христовата Црква, па многу се огорчи и смисли план како да ги погуби сите. Тогаш се приближи празникот на Христовото Рождество, а царот дозна дека тој ден сите христијани ќе се соберат во црквата, па нареди на денот на празникот црквата да се опколи со војска и да биде запалена. Откако се собраа христијаните по полноќ и откако торжествено го започнаа својот Божествен празник, војниците ја опкружија црквата не пуштајќи никого надвор, а царски пратеник влезе во црквата и им ја објави царската заповед: или веднаш да им принесат жртва на идолите или да бидат изгорени сите. Тогаш со Божествена ревност се распали архиѓаконот и почна да го потсетува христијанското собрание на Тројцата младенци во печката Вавилонска. „Погледнете, браќа, кон жртвеникот на Господовиот олтар и разберете дека на него сега за нас се жртвуваше нашиот Господ Кој е вистински Бог; зарем ние да не ги положиме за Него нашите души на ова свето место?“ Народот се возбуди да умре за Христа, а сите огласени се крстија и се миропомазаа. Тогаш војниците ја потпалија црквата од сите страни, а христијаните, на број дваесет илјади, изгореа во пламенот воспевајќи ја славата на Бога. Пет дена по ова црквата гореше, а од неа се креваше чад со неопислив опоен мирис и на она место се покажуваше необична златозарна светлина. Така славно завршија многубројни мажи и жени, девојки и деца, примија венец на вечна слава во Царството Господово. Пострадаа и се прославија во 302 година.



    The%20image%20“http://www.bsn.org.yu/pro/ikone/12-28-10.jpg”%20cannot%20be%20displayed,%20because%20it%20contains%20errors.Преподобен Симеон Мироточив

    Основач на светогорскиот манастир Симоно-Петра. Прославен низ подвизи, виденија и чуда. Се упокои мирно и премина кај Господ во 1257 година.



    VO SLAVA NA BOGA



    Изменето од rice - 10.Јануари.2007 во 13:13
    Кон врв
    rice Кликни и види ги опциите
    Сениор
    Сениор
    Лик (аватар)

    Регистриран: 14.Ноември.2006
    Статус: Офлајн
    Поени: 379
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај rice Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Јануари.2007 во 13:12

    The%20image%20“http://www.bsn.org.yu/pro/ikone/12-29-11.jpg”%20cannot%20be%20displayed,%20because%20it%20contains%20errors.Светите четиринаест илјади младенци во Витлеем

    Бидејќи Мудреците од исток не се вратија од Витлеем во Ерусалим за да му јават на Ирод за новородениот Цар, туку на заповед од ангел по друг пат заминаа за својата татковина, царот Ирод се разјари како лута ѕверка и нареди да се убијат сите деца на возраст до две години во Витлеем и во сета витлеемска околија. Оваа страшна царска заповед беше извршена буквално. Неговите војници некои деца ги убија со меч, други ги разбиваа врз камења, трети ги гмечеа со нозе, четврти со рацете ги задавија. И се крена плач и лелек на мајките до небесата; пискот и горко плачење, „Рахил плаче за своите деца и не сака да се утеши за нив, зашто ги нема“ , како што е и пророкувано (Еремија 31, 15; Матеј 2, 18). Ова злосторство над многубројните невини деца се изврши една година по раѓањето на Исус Христос, на 29 декември. За ова време Ирод трагаше за да Го пронајде Божествениот Малденец. Му го бараше на Захарија син му Јован, се разбира за да го убие, зашто мислеше дека Јован е тој нов Цар. Па бидејќи Захарија не го даде Јован, по наредба на Ирод самиот Захарија го убија во храмот. Ќе го убиеја и Св. Симеон Богопримец, ако после Сретение не се упокоеше во Господа. Откако ги уби витлеемските деца Ирод се наврте на еврејските старешини коишто му толкуваа каде треба да се роди Месијата. Го уби првосвештеникот Иркан и други седумдесет старци од Синедрионот. Така зло завршија и оние коишто се согласуваа со Ирод дека новиот Цар Младенец треба да биде убиен. Потоа ги уби своите - брат му, сестра му и жена му и тројцата свои синови. Најпосле и него го постигна Божја казна: почна сиот да се тресе, нозете му потекоа, долниот дел од телото му загнои, а од гнојот потекоа црви, носот му се затвори и од него се ширеше неподнослива смрдеа. Пред да издивне се сети дека во затворот има многумина Евреи коишто би се израдувале на неговата смрт, па заради тоа нареди сите да ги убијат. Така ја испушти својата нечовечна душа овој грозен владетел и им ја предаде во вечна сопственост на демоните.



    Преподобен Маркел

    Од Апамија Сириска. Игумен на обителта на Неусипајуштите во Цариград. Проѕорливец, исцелител и голем чудотворец. Разговараше со ангелите, лесно ги победуваше и ги изгонуваше демоните. По смртта му се јави на својот собрат Св. Лукијан и му рече дека Го измолил Бога и него да го земе наскоро во Царството Небесно. Овој свет и славен маж се упокои во 486 година.



    VO SLAVA NA BOGA

    Кон врв
    rice Кликни и види ги опциите
    Сениор
    Сениор
    Лик (аватар)

    Регистриран: 14.Ноември.2006
    Статус: Офлајн
    Поени: 379
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај rice Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јануари.2007 во 14:06

    The%20image%20“http://www.bsn.org.yu/pro/ikone/svdec-843.jpg”%20cannot%20be%20displayed,%20because%20it%20contains%20errors.Светата маченичка Анисија

    Родена е во Солун од угледни и богати родители, воспитана во Христовата вера. Рано остана сираче и целата се предаде на богомислие и на молитва во својот дом. Побудувана од Христовата љубов често велеше: „О лажен животу на младите, зашто или соблазнуваш или се соблазнуваш. Подобра е староста, но тага ме обзема заради должината на времето коешто ме дели од небесните“. Потоа сиот свој имот го продаде и им го раздаде на ништите, а самата живееше од трудот на своите раце. Држеше строг пост, спиеше многу малку и непрестајно лееше солзи на молитва. Кога ќе ја совладаше сон, си велеше себеси: „Опасно е да се спие кога мојот непријател бдее“. Во тоа време свирепиот цар Максимијан издаде проглас дека секој може да убие христијанин кога ќе го сретне, без суд и осуда. Еднаш оваа света девојка излезе за да оди в црква. Тој ден беше незнабожечки празник на сонцето. Некој војник ја виде убава во лицето, па и пријде со нечиста желба и ја праша за името. Таа се прекрсти и му рече: „Јас сум слугинка Христова и одам в црква“. Кога дрскиот војник и пријде поблиску и почна да и зборува безумни нешта, таа го оттурна и му плукна во лицето. Војникот ја удри со меч под ребрата и ја прободе. Оваа Света девица пострада во 298 година. Христијаните ја погребаа чесно, а Бог ја овенча со маченички венец во Своето Царство. Над нејзиниот гроб подигнаа црква



    Преподобна Теодора Цариградска

    Монахиња и послушничка на Св. Василиј Нови (под 26 март). По смртта му се јави на Св. Григориј, ученик на Василиј, и му ги опиша дваесетте митарства што ги минала нејзината душа дури со помошта на молитвите на Св. Василиј не влегла во вечниот спокој. Се престави кај Господ на 30 декември 940 година.


    VO SLAVA NA BOGA
    Кон врв
    rice Кликни и види ги опциите
    Сениор
    Сениор
    Лик (аватар)

    Регистриран: 14.Ноември.2006
    Статус: Офлајн
    Поени: 379
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај rice Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јануари.2007 во 12:03

    The%20image%20“http://www.bsn.org.yu/pro/ikone/12-31-13.jpg”%20cannot%20be%20displayed,%20because%20it%20contains%20errors.Преподобна Меланија Римјанка

    Родена е во Рим од благочестиви и многу имотни родители. Родителите ја присилија да стапи во брак со некој угледен млад човек Апинијан. Кога го роди второто дете таа се разболе и му рече на мажот и дека ќе може да оздрави само ако тој се заколне пред Бога дека во иднина ќе живее со неа како брат со сестра. Мажот и се заколна, а таа од духовна радост и телесно оздраве. Потоа Му беше угодно на Бога па им ги зеде двете деца, а тие се решија да го распродадат сиот свој имот и да им го раздадат на сиромасите, на црквите и на манастирите. Многу патуваа по странските земји и градови вршејќи добри дела од своето богатство. Ги посетија прочуените духовници во Горен и Долен Мисир и од нив многу се научија и се вдахновија. За сето време Меланија се подвзиуваше во строг пост, срдечна молитва и читање на Светото Писмо. Имаше обичај секоја година трипати да го прочита целото Свето Писмо, Стариот и Новиот Завет. Со мажот живееше како со свој брат и соподвижник. Кога дојдоа во Александрија, зедоа благослов од Св. патријарх Кирил. Потоа заминаа за Ерусалим и се населија на гората Елеонска. Овде Меланија се затвори и целата се предаде на богомислие, пост и молитва. И така проживеа четиринаесет години. Потоа излезе да им послужи на другите на патот кон спасението. Основа машки и женски манастир. На покана од својот роднина сенаторот Волусијан, незнабожец, појде во Цариград и го обрати овој во верата Христова (иако претходно блажениот Августин не успеа во тоа). Потоа повторно се врати на Елеонската Гора и таму се упокои во Господа во 439 година, во педесет и седмата година од нејзиниот живот.




    The%20image%20“http://www.bsn.org.yu/pro/ikone/svdec-869.jpg”%20cannot%20be%20displayed,%20because%20it%20contains%20errors.Блажениот Теофилакт, архиепископ Охридски

    Тој е роден на островот Еврип, а воспитан е во Цариград, кај најпрочуените учители на тоа време. Како клирик на Великата Црква и наспроти неговата волја го избраа за епископ и го испратија во Охрид, каде што помина околу дваесет и пет години (отприлика од 1082 г. до 1108 г.). Хоматијан Охридски го нарекува „најмудриот епископ“. Човек со огромно образование, светско и богословско, со префинет византиски вкус, меланхоличен и чувствителен. Меѓу Словените на Балканот Теофилакт се чувствувал како прогонет меѓу варвари. Напишал „Толкувања“ на сите четири Евангелија и на другите книги на Новиот Завет. Тие се најдобро дело од тој вид после оние на Св. Јован Златоуст, па денес се мошне драгоцени и корисни. Од останатите негови дела уште се познати „Писмата “ и „Животот на Св. Климент Охридски“. На старост Теофилакт се повлече од Охрид во Солун, каде, како што се мисли, го завршил животот и преминал во блажената вечност.



    VO SLAVA NA BOGA


    Кон врв
    mali simo Кликни и види ги опциите
    Сениор
    Сениор
    Лик (аватар)

    Регистриран: 22.Октомври.2006
    Статус: Офлајн
    Поени: 1132
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mali simo Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јануари.2007 во 10:27

    Обрезание на Господ Исус Христос The%20image%20“http://www.bsn.org.yu/pro/ikone/Proba2.jpg”%20cannot%20be%20displayed,%20because%20it%20contains%20errors.

    Во осмиот ден по раѓањето Божествениот Младенец Го донесоа во храмот и според постоечкиот закон во Израилот, како што беше од времето на Авраам, Го обрезаа. Тогаш Му го дадоа името Исус, онака како што и благовестеше на Пресветата Дева архангелот Гавриил. Старозаветното обрезание е предобраз на новозаветното Крштение. Обрезанието на Господ покажува дека Он на Себе прими вистинско човечко тело а не привидно, како што подоцна учеа еретиците. Уште Господ е обрезан и затоа што сакал да се исполни целиот Закон, којшто Он Самиот го дал преку Пророците и Праотците. Откако ја исполни таа заповед од Законот, во Својата Црква Христос ја замени со Крштението. „Зашто во Исуса Христа ниту обрезанието има некаква сила ниту необрезанието, туку новата твар“ (Гал. 6, 15), објавува апостолот. (Во црковната богослужба овој Господов празник нема ни претпразненство ниту попразненство).



    The%20image%20“http://www.bsn.org.yu/pro/ikone/1-1-14.jpg”%20cannot%20be%20displayed,%20because%20it%20contains%20errors.Свети Василиј Велики, архиепископ Кесариски

    Роден е во времето на царот Константин. Уште како некрстен петнаесет години во Атина ги изучуваше философијата, реториката, астрономијата и сите други светски науки на она време. Школски другари му беа Св. Григориј Богослов и Јулијан, подоцна цар отстапник. Во зрелите години се крсти на реката Јордан заедно со својот поранешен учител Евул. Беше епископ на Кесарија Кападокиска речиси десет години, а својот земен живот го заврши кога наполни педесет години од раѓањето. Голем поборник на Православието, голем зрак на морална чистота и набожна ревност, голем богословски ум, голем устроител и столб на Божјата Црква - Василиј се нарекува Велики со полна заслужност. Во црковните богослужби најчесто е нарекуван пчела на Црквата Христова, која им дава мед на верните и осило на еретиците. Сочувани се многубројни дела на овој отец на Црквата: апологетски, богословски, подвжинички и канонски; и литургија наречена според неговото име. асилиевата литургија се служи десет пати во годината, и тоа: на 1 јануари, наспроти Божик, на Велики Четврток и на Велика Сабота. Свети Василиј се упокои мирно на 1 јануари 379 година, кога се пресели во Царството на својот Господ.

    ХРИСТОС ВОСКРЕСНА ОД МРТВИТЕ СО СМРТА СМРТА ЈА ПОБЕДИ И НА ТИЕ ВО ГРОБОВИТЕ ЖИВОТ ИМ ДАРИ

    Кон врв
     Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 23456 68>
      Сподели тема   

    Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

    Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
    Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

    Страницата е генерирана за 0,156 секунди.