IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - ПРАВОСЛАВЕН КАЛЕНДАР:ДЕНЕС СЕ СЛАВИ
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

ПРАВОСЛАВЕН КАЛЕНДАР:ДЕНЕС СЕ СЛАВИ

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12345 68>
Автор
Порака
rice Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 14.Ноември.2006
Статус: Офлајн
Поени: 379
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај rice Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Декември.2006 во 13:48

Свети Спиридон Чудотворец, епископ Тримифунтски

Место на раѓањето и на службата на овој славен светител е островот Кипар. Роден е од прости родители, земјоделци, а и самиот беше и остана прост и смирен сè до својата смрт. Во младоста се ожени и имаше деца. А кога умре жена му, тој сиот се предаде на служба на Бога. Заради неговото особено благочестие беше избран за епископ на градот Тримифунт. Но тој и како епископ не го измени својот прост начин на живеење и околу својата стока и обработката на земјата се трудеше самиот лично. За себе многу малку употребуваше од стекнатото, поголемиот дел им го раздаваше на бедните луѓе. Со Божјата сила покажа големи чуда: низведе дожд во време на суша, го запре текот на реката, воскресна неколку мртовци, го исцели царот Констанс од тешка болест, ги виде и ги слушна ангелите Божји, проѕираше во тајните на човечките срца, многумина обрати во вистинската вера итн. Учествуваше на Првиот Вселенски Собор во Никеја и со своето просто но јасно исповедање на верата, како и со многубројните моќни чуда што ги изврши, голем број еретици ги врати во Православието. Беше облечен толку просто, што кога еднаш поканет од царот сакаше да влезе во царскиот дворец, војникот мислејќи дека е некој просјак му удри шлаканица. Кроткиот и незлоблив Спиридон му го заврти и другиот образ. Откако Го прослави Бога со многубројни чуда и на многумина им покористи поединечно, а и на целата Божја Црква, се упокои во Господ во 348 година. Неговите чудотворни мошти сега се на островот Крф и ден денес Го прославуваат Бога со многубројни чуда.



Светиот маченик Разумник

Грчкото име му е Синетос или Синезиј. Како млад чтец во Рим ја проповедаше Христовата вистина со дерзновение и ги изобличуваше идолопоклониците. За ова беше мачен и убиен во времето на царот Аврелијан.



VO SLAVA NA BOGA

Кон врв
rice Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 14.Ноември.2006
Статус: Офлајн
Поени: 379
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај rice Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Декември.2006 во 11:13

The%20image%20“http://www.bsn.org.yu/pro/ikone/i4p1a.jpg”%20cannot%20be%20displayed,%20because%20it%20contains%20errors.Светите маченици Евстратиј, Аксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест

Овие петмина храбри мажи светнаа како пет блескави ѕвезди во мрачното време на христоборните цареви Диоклецијан и Максимијан. Свети Евстратиј беше римски војвода во градот Саталион, Евгениј му беше војнички другар, Орест беше исто така еден угледен војник, Аксентиј свештеник, а Мардариј прост граѓанин и земјак на Евстратиј, бидејќи обајцата беа од градот Аравракин. Царските намесници Лисиј и Агрикола го мачеа прво Акеснтиј, како свештеник. Кога го виде невиното страдање на христијанинот, Евстратиј сам се пријави пред Лисиј и изјави дека е христијанин. За време на неговото мачење истапи пред судијата и Евгениј и возвикна: „Лисиј и јас сум христијанин!“ А на Свети Орест, кога нишанеше пред Лисиј, му испадна крстот од под облеката на градите, по што Лисиј го препозна дека е христијанин. Тогаш и самиот отворено исповедаше. Орест беше млад и прекрасен војник и во растот ги надвишуваше останатите. Аксентиј го убија со меч, Евгениј и Мардариј завршија во маки, Орест издивна сред усвитено железо, а Евстратиј во огнена печка. Пред смртта Св. Евстратиј се причести во затворот од Св. Власиј (под 11 февруари). Подоцна неговите мошти беа пренесени во Цариград и положени во црквата со името на овие Свети Петочлисленици. Во таа црква ги видувале и живи, а Св. Орест му се јави и на Св. Димитриј Ростовски (под 28 октомври). Од Св. Евстратиј остана една прекрасна песна што се чита на саботната полноќница: „Величаја величају тја, Господи!“



The%20image%20“http://www.bsn.org.yu/pro/ikone/svdec-391.jpg”%20cannot%20be%20displayed,%20because%20it%20contains%20errors.Светата маченичка и девица Лукија (Луција)

Со мајка и го посети гробот на Св. Агатија во Катанија, каде што и се јави Св. Агатија. Нејзината крвоточива мајка тогаш се исцели чудотворно во црквата. Лукија им го раздаде сиот свој имот на ништите, што го огорчи нејзиниот вереник, којшто ја обвини како христијанка кај судијата Пасхасиј. Злобнито судија нареди да ја одведат во блудилиште за да ја осквернат. Но со Божјата сила таа стана неподвижна, како закована за земјата и многубројни луѓе не можеа да ја помрднат. Тогаш некој разјарен незнабожец и забоде меч во грлото и таа Му ја предаде својата душа на Бога. Пострада во 304 година.

VO SLAVA NA BOGA

Изменето од rice - 26.Декември.2006 во 11:14
Кон врв
V.D.A.P. Кликни и види ги опциите
Група
Група


Регистриран: 26.Ноември.2006
Статус: Офлајн
Поени: 35
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај V.D.A.P. Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Декември.2006 во 14:20

Светиот свештеномаченик Гаврил, патријарх Српски

Во страшното време на турското владеење овој голем јерарх отиде на Московскиот Собор во 1655 година. Кога се врати го обвинија за велепредавство. Притоа неколкумина зли Евреи покренаа против него обвинение затоа што беше превел неколку Евреи во Христовата вера. Во обвинението Евреите наведоа дека тој работи на покрстувањето на Турците, а рекоа така за со тоа да ги наострат против него турските власти. Судот му пресуди да ја прими мухамеданската вера. Но бидејќи не сакаше, по извесно време поминато во затвор го осудија на смрт и го обесија во Бруса, во 1659 година. Овој Свет Гаврил од својот возљубен Христос беше даруван со два венци, на јерарх и на маченик.

Кон врв
rice Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 14.Ноември.2006
Статус: Офлајн
Поени: 379
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај rice Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Декември.2006 во 10:38

The%20image%20“http://www.bsn.org.yu/pro/ikone/12-14-27.jpg”%20cannot%20be%20displayed,%20because%20it%20contains%20errors.Светите маченици Тирс, Левкиј и Калиник

Светите Тирс и Левкиј беа чесни граѓани на Кесарија Витиниска, првиот беше крстен, а вториот огласен христијанин. А Калиник беше идолски жрец. Кога наследникот на царот Декиј, Кумврикиј, почна беспоштедно да ги мачи и убива христијаните, истапи пред него храбриот Левкиј и изобличувајќи го му рече: „Зошто си се кренал сам против својата душа, Кумврикиј?“ Разјарениот судија нареди веднаш да го бијат и да го мачат и најпосле да го убијат со меч. После мачењето Левкиј одеше да прими меч весело како на свадба. Кога ја виде смртта на храбриот Левкиј, блажениот Тирс се распали со Божествена ревност, па исто како Левкиј истапи пред судијата и го изобличи за злосторствата и за неверувањето во единствениот вистински Бог. И тој беше биен и фрлен во затвор. Невидливата Божја рака го исцели од раните, му ја отвори вратата на затворот и го изведе надвор. Тирс веднаш појде кај епископот Кесариски Филеј и од него прими Крштение. По ова повторно го фатија и го мачеа, но тој ги поднесуваше маките трпеливо како во сон, а не на јаве. Од силата на неговатат молитва испопаѓаа многубројни идоли. Кога го виде ова идолскиот жрец Калиник се обрати во Христовата вера. И тој и Тирс беа осудени на смрт. Калиник го убија со меч, а Тирс го положија на дрвен сандак за да го стружат со бичкија. Но Божјата сила не го допушти ова, па бичкијата не можеше ни да го делне дрвото. Тогаш Св. Тирс стана од ковчегот, Му се помоли на Бога благодарејќи Му за маките и мирно Му го предаде својот дух на Господ. На крајот од 4 век кесарот Флавиј покрај Цариград му устрои црква на Св. Тирс и во неа ги положи неговите свети мошти. Светителот и се јави во видение на царицата Пулхерија и и препорача да ги закопа моштите на Четириесетте маченици до неговите.



Светите маченици Филимон, Аполониј, Аријан и други

Во времето на Диоклецијан некој судија Аријан луто ги мачеше христијаните во Мисир. Па го фати Аполониј и му се закани со маки. Овој се исплаши од маките, па потплати еден музикант, Филимон, да оди преправен во неговата облека и наместо него да им принесе жртва на идолите. Но кога Филимон стапи пред идолите, одеднаш во неговото срце заблеска светлината на христијанската вера и тој се прекрсти. Потоа излезе и почна да вика: „Христијанин сум! Слуга на живиот Бог!“ Кога го слушна ова судијата се насмеа, мислејќи дека Филимон им се потсмева на христијаните. Но потоа Филимон прими страшни маки. Притоа падна дожд од небото и го крсти. Најпосле и Филимон и Аполониј беа убиени со меч од судијата Аријан. Само тогаш и Аријан стана христијанин, бидејќи на гробот на Филимон на чудесен начин си го излечи слепото око. Него царот Диоклецијан го осуди на смрт и заедно со четворица војници коишто исто така се објавија себеси како христијани, беше маченички погубен.

Кон врв
orto Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 13.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 916
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај orto Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Декември.2006 во 10:46
Свети маченици молете го Господа за нас грешните
(kоран 10, 94)
(аллах рече моамеду) Ako сумљаш у oно што ти oбљављујемо, упитај oне (Жидове и Кршчане) koji Читају Kњигу (БИБЛИЈУ), прије тебе објављену
Кон врв
mali simo Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1132
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mali simo Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Декември.2006 во 12:04

The%20image%20“http://www.bsn.org.yu/pro/ikone/12-15-28.jpg”%20cannot%20be%20displayed,%20because%20it%20contains%20errors.Светиот свештеномаченик Елевтериј

Овој прекрасен светител имаше родители благородни и од прочуен род. Беше роден во Рим, каде што татко му беше воен антипат. Мајка му Антија го слушаше Евангелието од самиот апостол Павле и од него беше крстена. Бидејќи рано остана вдовица, го даде својот единец син на учење и служба кај римскиот епископ Аникита. Бидејќи го виде Елевтериј надарен од Бога и просветлен со Божествената благодат, во петнаесеттата година епископот го ракоположи за ѓакон, во осумнаесеттата за свештеник, а во дваесеттата за епископ. Божетсвената мудрост го надополнуваше кај Елевтериј она што му недостасуваше во годините. Овој богоугодник беше поставен за епископ на Илирија со седиште во Валона (Авлона) Албанска. Своето стадо го чуваше како добар пастир и секојдневно го умножуваше. Христогонителниот цар Адријан испрати некој војвода Феликс со војници за да го фатат и доведат Елефтериј во Рим. Кога јаросен Феликс стигна во Валона и влезе во црквата, го виде и го чу светиот Божји архиереј и одеднаш неговото срце се измени и стана христијанин. Елевтериј го крсти и тргна со него во Рим, одејќи весело како да оди на гозба, а не на суд и маки. Царот му наложи лути истизавања на овој благороден Елевтериј: биење, печење на железен кревет, варење во смола, горење во огнена печка. Но Божествената сила го избави маченикот од сите смртоносни измачувања. Кога го виде ова, римскиот епарх Корив и самиот изјави дека е христијанин. Корив беше мачен и убиен со меч. Исто така и блажениот Феликс. Најпосле царските џелати ја отсекоа и чесната глава на Свети Елевтериј. Кога неговата света мајка Антија дојде над мртвото тело на нејзинот син, и таа беше убиена. Нивните тела ги пренесоа во Валона, каде што Св. Елевтериј до денешен ден чудесно го прославува Христовото име. Пострада во времето на Адријан, во 120 година.

Преподобен Павле во Латра

Родум од Пергам; се подвизуваше на гората наречена Латра во Мала Азија. Прославен според подвизите и многубројните чуда. На старост се упокои мирно и се пресели кај Господ во 950 година.




ХРИСТОС ВОСКРЕСНА ОД МРТВИТЕ СО СМРТА СМРТА ЈА ПОБЕДИ И НА ТИЕ ВО ГРОБОВИТЕ ЖИВОТ ИМ ДАРИ

Кон врв
orto Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 13.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 916
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај orto Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Декември.2006 во 13:02
Originally posted by mali simo mali simo напиша:

The%20image%20“http://www.bsn.org.yu/pro/ikone/12-15-28.jpg”%20cannot%20be%20displayed,%20because%20it%20contains%20errors.Светиот свештеномаченик Елевтериј

Овој прекрасен светител имаше родители благородни и од прочуен род. Беше роден во Рим, каде што татко му беше воен антипат. Мајка му Антија го слушаше Евангелието од самиот апостол Павле и од него беше крстена. Бидејќи рано остана вдовица, го даде својот единец син на учење и служба кај римскиот епископ Аникита. Бидејќи го виде Елевтериј надарен од Бога и просветлен со Божествената благодат, во петнаесеттата година епископот го ракоположи за ѓакон, во осумнаесеттата за свештеник, а во дваесеттата за епископ. Божетсвената мудрост го надополнуваше кај Елевтериј она што му недостасуваше во годините. Овој богоугодник беше поставен за епископ на Илирија со седиште во Валона (Авлона) Албанска. Своето стадо го чуваше како добар пастир и секојдневно го умножуваше. Христогонителниот цар Адријан испрати некој војвода Феликс со војници за да го фатат и доведат Елефтериј во Рим. Кога јаросен Феликс стигна во Валона и влезе во црквата, го виде и го чу светиот Божји архиереј и одеднаш неговото срце се измени и стана христијанин. Елевтериј го крсти и тргна со него во Рим, одејќи весело како да оди на гозба, а не на суд и маки. Царот му наложи лути истизавања на овој благороден Елевтериј: биење, печење на железен кревет, варење во смола, горење во огнена печка. Но Божествената сила го избави маченикот од сите смртоносни измачувања. Кога го виде ова, римскиот епарх Корив и самиот изјави дека е христијанин. Корив беше мачен и убиен со меч. Исто така и блажениот Феликс. Најпосле царските џелати ја отсекоа и чесната глава на Свети Елевтериј. Кога неговата света мајка Антија дојде над мртвото тело на нејзинот син, и таа беше убиена. Нивните тела ги пренесоа во Валона, каде што Св. Елевтериј до денешен ден чудесно го прославува Христовото име. Пострада во времето на Адријан, во 120 година.

Преподобен Павле во Латра

Родум од Пергам; се подвизуваше на гората наречена Латра во Мала Азија. Прославен според подвизите и многубројните чуда. На старост се упокои мирно и се пресели кај Господ во 950 година.





ПРЕКРАСНО mali simo ПРЕКРАСНО
Нека не имаат во молитвите
(kоран 10, 94)
(аллах рече моамеду) Ako сумљаш у oно што ти oбљављујемо, упитај oне (Жидове и Кршчане) koji Читају Kњигу (БИБЛИЈУ), прије тебе објављену
Кон врв
rice Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 14.Ноември.2006
Статус: Офлајн
Поени: 379
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај rice Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Декември.2006 во 17:43

Светиот пророк Даниил и тројцата младенци Ананиј, Азариј и Мисаил

Сите четворица беа од царското племе Јудино. Кога царот Навуходоносор (или Невукаднезар) го разори и заплени Ерусалим, тогаш и Даниил, како момченце, беше одведен во ропство заедно со јудејскиот цар Јоаким и со мнозина други Израилци. Исцрпниот опис на неговиот живот, страдања и пророштва може да се најде во неговата книга на Светото Писмо. Сиот предаден на Бога, Св. Даниил од раната младост од Бога доби дар на голема проѕорливост. Неговата слава меѓу Јудејците во Вавилон започна кога ги изобличи двајцата похотливи и неправедни старци, еврејски судии, и ја спаси од неправедна смрт целомудрената Сосана (Сузана). А неговата слава меѓу Вавилонците започна од оној ден кога му го погоди и протолкува сонот на царот Навуходоносор. За ова царот го направи кнез на својот дворец. Кога царот направи златен идол во полето Деира, тројцата младенци не сакаа да му се поклонат на идолот, заради што беа фрлени во огнена печка. Но им се јави ангел Божји во печката и го разлади огнот и младенците шетаа низ печката неповредени од огнот и пееја: „Благослвен Си Господи на нашите отци“. Царот го виде ова чудо и го опфати ужас. Ги изведе младенците од печката и ги опсипа со големи почести. Во времето на царот Валтазар, кога на една гозба царот јадеше и пиеше со своите гости од осветените садови земени од ерусалимскиот храм, невидлива рака на дуварот напиша: „мани, текел, фарес“. Тие зборови освен Даниил никој не можеше да ги протолкува. Таа ноќ царот Валтазар беше убиен. Заради верата во живиот Бог Даниил беше фрлан во лавовска јама давапати. И двата пати Господ го избави и го сочува жив. Тој Го виде Бога на престолот со ангелските сили, гледаше ангели, проникнуваше во иднината на некои луѓе, царства и на севкупниот човечки род, го прорече времето на доаѓањето на Спасителот на земјата. Според Св. Кирил Алкесандриски Даниил и тројцата младенци доживејаа длабока старост во Вавилон и беа убиени со меч заради вистинската вера. Кога го убија Ананиј, Азариј ја спростре својата облека и ја прими неговата глава; потоа Азариината глава ја прими Мисаил, А Мисаиловата Даниил. Ангел Божји ги пренесе нивните тела во Јудеја, на гората Гевалска и ги положи под камен. Според Преданието, овие четворица Божји угодници во времето на смртта на Господ Христос станаа и им се јавија на мнозина, па повторно заспаа. Даниил се смета меѓу четворицата големи Пророци (Исаија, Еремија, Језекил и Даниил). Живееше и пророкуваше половина милениум пред Христа.



Преподобен Даниил (Донале)

Големец и гувернер на островот Ниверте кај Кадикс во Шпанија. Штом ја спозна суетата на овој свет ги напушти славата и богатството, па дојде во Рим, каде што се замонаши. Потоа отиде во Цариград и таму разговараше со царевите Константин и Роман Порфирородни, па потоа се упати во Ерусалим. Во Ерусалим прими Голема схима од патријархот Христодул, кој му го даде името Стефан. Мачен од Сарацените коишто го принудуваа да си ја избриче брадата, тој се оддалечи во Мисир, каде што за името Исусово претрпе многу маки и смрт. Во Царството Христово се пресели на крајот од 10 век.



VO SLAVA NA BOGA
Кон врв
rice Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 14.Ноември.2006
Статус: Офлајн
Поени: 379
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај rice Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Декември.2006 во 09:26

The%20image%20“http://www.bsn.org.yu/pro/ikone/12-18-31.jpg”%20cannot%20be%20displayed,%20because%20it%20contains%20errors.Светиот маченик Севастијан и другите со него

Овој славен Христов маченик се роди во Италија, а беше воспитан во градот Милано. Во младоста се предаде на војничка служба и изгледа му стана миленик на царот Диоклецијан, којшто го постави за началник на својата дворска гарда. Потајно ја исповедаше христијанската вера и Му се молеше на живиот Бог. Двајцата браќа Марко и Маркелин, коишто беа фрлени во затвор заради Христа и беа веќе на работ да се одречат од Него и да им се поклонат на идолите, Севастијан ги утврди во верата и ги охрабри за мачеништвото. Кога им велеше да не се плашат од смртта за Христа, неговото лице заблеска и сите ја видоа неговата светлина како на лице на ангел Божји. Севастијан го потврди словото со чудтоворство: ја исцели од немост Зоа, жената на затворскиот стражар Никострат, која беше нема шест години и ја приведе кон Крштение нејзе и сиот дом на Никострат; ги исцели двајцата болни синови на војводата Клавдиј и го приведе кон Христа Клавдиј и сиот негов дом; го исцели од единаесетгодишна подагра и ногоболка Транквилин, таткото на Марко и Маркелин и го приведе кон Крштение заедно со сиот негов дом; од истата болест го исцели епархот Хроматиј и него и неговиот син Тивуртиј ги приведе кон Господ Христос. Од нив прва пострада Св. Зоа, којашто ја фатија како Му се моли на Бога на гробот на Св. апостол Петар. После мачењето ја фрлија во реката Тибар. Тогаш го фатија Тивуртиј, пред кого судијата постави жар и му рече да избере меѓу животот и смртта, да фрли темјан врз жарот и да ги покади идолите или самиот да застане бос на жарот. Св. Тивуртиј се прекрсти и застана на жарот босоног, но остана неповреден. Потоа го убија со меч. Никострат го убија со стап. Транквилијан го удавија во вода. Марко и Маркелин ги мачеа и ги избодија со копја. Тогаш го изведоа Севастијан пред царот Диоклецијан. Царот го укори за предавство, но тој рече: „Јас секогаш Го молам мојот Христос за твоето здравје и за мир во Римското царство“. Царот нареди гол да го стрелаат со стрели. Војниците стрелаа дотогаш додека целото тело на маченикот не го прекрија со стрели, па повеќе и не се гледаше од стрелите. И кога сите мислеа дека е мртов, тој се јави наполно жив и здрав. Тогаш незнабожците го убија со стапови. Славно пострада за Христа во 287 година во времето на царот Диоклецијан и Римскиот епископ Гај.



The%20image%20“http://www.bsn.org.yu/pro/ikone/svdec-521.jpg”%20cannot%20be%20displayed,%20because%20it%20contains%20errors.Свети Модест, патријарх Ерусалимски

Кога му умреа родителите, тој имаше пет месеци. Но по Божја Промисла беше воспитан во христијански дух. Кога порасна му го продадоа како роб на некој незнабожец во Мисир. Но тој успеа да го обрати својот господар во верата Христова. Господарот му подари слобода. Тој се повлече на Синајската Гора и таму се подвизуваше сè до неговата педесет и деветта година. Тогаш го избраа за ерусалимски патријарх. Го пасеше Христовото стадо како вистински пастир и се упокои мирно во 633 година, во деведесет и седмата година од неговиот живот на земјата.



VO SLAVA NA BOGA

Кон врв
belichka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 2023
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај belichka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Јануари.2007 во 18:04
 
 
 

Светиот маченик Бонифациј

Мачеништвото за Христа од грешникот прави светител. Тоа го покажува примерот на Свети Бонифатиј. Тој најпрво ѝ беше слуга на некоја богата и развратна жена во Рим, Аглаида, со којашто имаше нечиста и незаконска врска. Обајцата беа незнабожци. Еднаш Аглаида посака да има во куќата маченички мошти и да ги чува како амајлија што штити од зло. Затоа го прати својот слуга во Азија, за да најде и да ѝ купи мошти. Бонифатиј зеде со себе неколкумина робови и доста богатство, а при разделбата ѝ рече на својата господарка: „А ако не можам да најдам никаков маченик и ако ти го донесат моето тело, госпоѓо, пострадано за Христа, ќе го примиш ли со чест?“ Аглаида се насмеа и го нарече пијаница и грешник. Така се разделија. Кога дојде во градот Тарс Бонифатиј виде мнозина христијани на маки: едни со отсечени нозе, други без раце, трети избодени, четврти на бесилки итн. Нему му се измени срцето, се покаја за својот грешен живот и заплака. И сред христијанските маченици возвикна: „И јас сум христијанин!“ Судијата го подложи на маки, нареди и грозно го биеја, потоа му истурија врело олово во устата и бидејќи тоа не го повреди - му ја отсекоа главата со меч. Робовите го зедоа неговото тело и го однесоа во Рим. Ангел Божји ѝ се јави на Аглаида и ѝ рече: „Прими го оној што некогаш ти беше слуга, а сега ни е брат и сослужител; тој ти е чувар на душата и заштитник на животот“. Ужасната, Аглаида излезе во пресрет, го прими телото на Бонифатиј, му изгради црква и во неа ги положи моштите на маченикот. Таа потоа се покаја, им го раздаде сиот свој имот на бедните, а самата се повлече од светот и поживеа уште петнаесет години во горко покајание. Свети Бонифатиј пострада во 290 година.

Свети Григориј (Григентиј), епископ Омиритски

Најпрво беше ѓакон на медиоланската Црква и имаше многубројни виденија. По Божја Промисла беше одведен во Александрија, каде што патријархот Протериј според едно небесно откровение го ракоположи за епископ на Омиритската земја, во јужна Арабија, којашто Св. Елезвој (под 24 октомври) штотуку ја беше ослободил од тиранинот Дунаан Евреинот. Свети Григориј се памти како добар пастир и голем чудотворец. Со помош на христољубивиот цар Аврамиј ја уреди омиритската Црква, подигна многу храмови и крсти голем број Евреи. Вршеше големи и страшни чуда со молитва; на неговата молитва пред неверните Евреи се јави и Самиот Господ Христос, а тоа беше пресудно за да се крстат. Управуваше со Црквата триесет години. Се упокои мирно во 552 година.

Свети Бонифатиј Милостив, епископ Ферентиски

Уште од детството беше необично милостив, а мајка му обично го прекоруваше за тоа. Од Господ преку молитвата за ова добиваше стократно. Се упокои мирно во 6 век во Италија.

Преподобен Илија Муромец

Монах киевопечерски. Се упокои во 1188 година. Неговите нетлени мошти се чудотворни. На десната рака досега му стојат трите прсти составени за молитва. Од ова се гледа дека умрел на молитва.

 

 



Изменето од belichka - 01.Јануари.2007 во 18:10
Кон врв
orto Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 13.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 916
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај orto Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Јануари.2007 во 00:42
Св .маченик Бонофицај Моли го господа за нас грешните
(kоран 10, 94)
(аллах рече моамеду) Ako сумљаш у oно што ти oбљављујемо, упитај oне (Жидове и Кршчане) koji Читају Kњигу (БИБЛИЈУ), прије тебе објављену
Кон врв
belichka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 2023
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај belichka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Јануари.2007 во 12:24

Светиот свештеномаченик Игнатиј Богоносец

Овој свет маж е наречен Богоносец затоа што постојано во срцето и на јазикот го носел името на живиот Бог. Преданието уште вели дека е наречен Богоносец и зашто него го зел на раце воплотениот Бог Исус Христос. Во времето кога Господ ги учеше своите ученици на духовен живот според евангелските заповеди, зеде едно дете, го постави меѓу нив и им рече: „Оној којшто ќе се смири и ќе стане како ова дете, тој е најголем во царството небесно“ (Матеј 18, 4). Тоа дете беше Игнатиј. Подоцна Игнатиј му беше ученик на Св. Јован Богослов, заедно со Поликарп, епископот Смирненски. Како Антиохиски епископ управуваше со Божјата Црква како добар пастир. Го воведе антифонскиот начин на пеење во Црквата, т.е. наизменично пеење на две певници. Овој начин на пеење му се откри на Св. Игнатиј меѓу ангелите на небесата. Кога царот Трајан минуваше низ Антиохија одејќи во војна против Персијанците, дозна за Игнатиј, го повика кај себе и почна да го советува да им принесе жртва на идолите за да биде од него поставен за сенатор. Бидејќи советите и заканите на царот останаа залудни, Свети Игнатиј го оковаа во железо и во придружба на десетмина најнемилосрдни војници го испратија во Рим, за да биде фрлен пред ѕверовите. Игнатиј му се радуваше на страдањето заради Господа и постојано Му се молеше на Бога ѕверовите да станат гроб за неговото тело и никој да не го попречи во таа смрт. По долго и тешко патување од Азија преку Тракија, Македонија и Епир, Игнатиј пристигна во Рим, каде што го фрлија пред лавовите во циркусот. Лавовите го растргнаа и го изедоа, оставија само неколку коски и срцето. Овој славен вљубеник во Господ Исус Христос пострада во 106 година во Рим, за време на христоборниот цар Трајан. Се има јавувано повеќепати, притекнувајќи им на помош на сите што го повикуваат со вера.

Свети Данило, архиепископ Српски

Син на богати и богољубиви родители. Во младоста беше добро воспитан. Кралот Милутин го зеде на својот дворец, но тој од голема љубов кон Бога побегна и се замонаши во Кончулскиот манастир покрај Ибар. Подоцна беше игумен на Хилендар и многу претрпе од латинските крстоносци. Беше епископ Бањски, потоа Хумски и најпосле архиепископ Српски. Беше строг подвижник за време на целиот монашки живот. Имаше особен дар на солзи. Крепко се бореше против Латините и богомилите. Под негов надѕор се изградени манастирите Бања и Дечани. Обнови и изгради многубројни цркви. Се упокои мирно во времето на цар Душан, ноќта меѓу 19 и 20 декември во 1338 година.

 

Кон врв
belichka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 2023
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај belichka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Јануари.2007 во 23:25
Светата маченичка Јулијанија и шестотини и триесетте маченици со неа 

Оваа славна девица и маченичка беше родена во Никомидија од родители незнабожци. Слушна од некого проповед на Евангелието и со сето срце се обрати кон Христа, па почна да живее совршено според заповедите Господови. Свршеник ѝ беше некој сенатор Елевсиј. За да го одврати од себе Јулијанија му рече дека нема да може да појде за него ако тој не стане епарх на градот. Му го предложи тоа мислејќи дека тој млад човек никогаш нема да може да го достигне таквиот висок чин. Но Елевсиј се потруди, па со ласкање и мито го придоби чинот никомидиски епарх. Тогаш Јулијанија му откри дека е христијанка и дека не може со него да стапи во брак додека и тој не ја прими христијанската вера, велејќи му: „Што ни вреди да бидеме телесно соединети, кога духовно би биле разединети?“ На ова Елевсиј се огорчи и ја обвини кај татко ѝ. Јаросен татко ѝ ја исмеа и ја изнатепа, а потоа му ја предаде на мачење на епархот. Епархот нареди и многу ја тепаа, па потоа ранета и искрвавена ја фрлија во затвор. Но Господ во затворот ја исцели и таа се јави пред епархот сосема здрава. Овој потоа ја врза и ја фрли во вжарена печка, но огнот не ја докосна. Кога го видоа тоа чудо мнозина поверуваа во Господ Исус Христос. Такви обратени имаше петстотини од машкиот и сто и триесет од женскиот пол. Сите нив епархот ги осуди на смрт и нив ги убија со меч. Нивните души се преселија во Рајот. Тогаш злобниот судија ја осуди на убиство со меч и Света Јулијана. Таа излезе на губилиштето радосна со духот. Му се помоли на Бога и ја положи главата за отсекување. На денот на тоа убиство душата на светителката отиде во Царството на вечната Христова светлина, во 304 година. Набрзо Елевсиј го постигна Божја казна. Кога пловеше по морето му се разби коработ, а тој падна во водата. Но не најде смрт во водата туку доплива до некој остров, каде што го растргнаа и го изедоа кучиња.

Свети Петар Чудотворец, митрополит Руски

Роден е во Волинската област и монашки чин прими во дванаесеттата година од животот. Беше прекрасен подвижник и иконописец. Основа манастир на реката Рата, таму беше игумен. Наспроти неговата волја го поставија за митрополит Киевски. За митрополит беше посветен во Цариград од патријархот Атанасиј. Претрпе неволји од завидливците и од еретиците. Со Црквата управуваше осумнаесет години. Се памети како добар и ревносен пастир. Додека беше жив си направи гробница во Успенскиот храм, каде што до денес почиваат неговите Свети и чудотворни мошти. Се упокои во 1326 година.

Светиот маченик Темистокле

Како млад беше овчар и чуваше овци во некое поле близу градот Мир Ликиски. Во тоа време мачителите на христијаните го гонеа Св. Диоскорид, па наидоа во полето на Темистокле и го прашаа дали го видел гонетиот и знае ли каде се крие. Иако знаеше, Темистокле не сакаше да признае, но им рече за себе дека е христијанин. Го мачеа и го убија во времето на Декиј, во 251 година.

 

 



Изменето од belichka - 03.Јануари.2007 во 23:35
Кон врв
rice Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 14.Ноември.2006
Статус: Офлајн
Поени: 379
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај rice Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Јануари.2007 во 14:58

Светата великомаченичка Анастасија Одврзителка и другите со неа

Оваа славна ревнителка на Христовата вера се роди во Рим во дом богат и сенаторски, од татко паганин и мајка христијанка. Уште како млада се приврза со љубов кон Господ Исус, а во Христовата наука ја раководеше благочестивиот учител Хрисогон. Принудена од татко и стапи во брак со некој незнабожечки велепоседник Публиј. Под изговор на женски болести никако не сакаше да влезе со него во телесна врска. За ова мажот и горчливо ја мачеше со затвор и глад. А уште поголеми маки и наложи кога дозна дека таа тајно ги посетува христијанските маченици по затворите, им носи понадици, ги служи, им ги мие раните, им ги одврзува јажињата. По Божја Промисла беше ослободена од свирепиот маж. Царот го испрати Публиј во Персија, а тој патувајќи по морето потона. Тогаш Св. Анастасија почна слбодно да им служи на мачените христијани и своето големо наследство да го троши делејќи им милостиња на сиромасите. Еднаш царот Диоклецијан беше во градот Аквилеја и нареди да му го доведат Христовиот исповедник Хрисогон. Него по патот го придружуваше Св. Анастасија. На заповед од царот на светиот Хрисогон му ја отсекоа главата. Тогаш пострадаа и трите сестри Агапија, Хионија и Ирина (под 16 април): првите две беа фрлени во оган, а третата прострелана со стрела. Нивните тела ги зеде Света Анастасија, ги завитка во бело платно и откако ги обложи со многу аромати чесно ги погреба. Потоа отиде во Македонија и таму им помагаше на Христовите страдалници. Овде ја препознаа како христијанка и за ова ја фатија и ја водеа на сослушување и мачење кај разни судии. Сакајќи да умре за возљубениот Христос, Анастасија непрестајно во срцето ревнуваше кон Него. Еден началник на жреците Улпијан сакаше сладострасно да ја оскверни, но одеднаш ослепе и издивна. Осудена на смрт со глад Света Анастасија прележа во затворот триесет дена без храна, хранејќи се единствено со солзи и молитва. Потоа ја ставија на кораб со уште неколкумина христијани за сите да ги потопат, но Бог ја сочува и од таа смрт. Најпосле ја положија над оган да виси приврзана со рацете и нозете со четири јазли, па ја предаде својата света душа на Бога. Пострада и премина во Христовото Царство во 304 година.



Светата маченичка Теодотија со трите деца

Кога остана млада вдовица со три деца Теодотија целосно се предаде на служба на Бога. Децата ги воспита благочестиво. Кај неа живееше Света Анастасија кога беше во Македонија и заедно со неа ги обиколуваше Христовите заробеници по затворите. Кога ја изведоа на суд Света Теодотија неустрашливо Го исповедаше Господ Исус Христос. Тогаш ја испратија кај антипатот витиниски Никитиј. Еден бесрамен незнабожец сакаше да и го допре телото, но одеднаш здогледа пред неа ангел Божји, којшто го удри и не му дозволи. Света Теодотија беше осудена на смрт и фрлена во вжарена печка заедно со нејзините три деца. Чесно го завршија животот на земјата и отидоа во Царството на вечната слава.



VO SLAVA NA BOGA

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12345 68>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,234 секунди.