![]() |
|
ПРАВОСЛАВЕН КАЛЕНДАР:ДЕНЕС СЕ СЛАВИ |
Внеси реплика ![]() |
страница <1234 68> |
Автор | |
mali simo ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 22.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 1132 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Светиот пророк Софониј
Родум од гората Саварат, од племето Симеоново. Живееше и пророкуваше во 7 век пред Христа, за време на благочестивиот цар Јосија. Современик на Пророкот Еремија. Имајќи голема смерност и чист ум воздигнат кон Бога, се удостои со проѕирање во иднината. Го прорече денот на гневот Божји; казната над Газа, Аскалон, Азот, Акарон, Нинивија, Ерусалим, Египет. Ерусалим го виде како „град одметнички, осквернет, насилнички, во кого кнезовите се лавови што рикаат; судиите му се волци вечерни; пророците - фалбаџии, измамници; свештениците ја сквернат светоста, го изопачуваат законот“ (гл. 3). Кога го проѕре времето на доаѓањето на Месијата, восхитено воскликна: „Пеј ќерко Сионска; ликувај Израиле; радувај се и весели се со сето срце, ќерко ерусалимска!“ Овој тајновидец се упокои во местото на своето раѓање, за да го чека општото воскресение и наградата од Бога. Преподобен Теодул
Угледен патрициј на дворецот на Теодосиј Велики. По смртта на својата жена ја остави суетата на светот, се повлече од Цариград на еден столб кај Ефес, каде што се подвизуваше цели триесет години. Свети Јован Молчалник
Родум од Никопол Ерменски, од татко Евкратиј и мајка Ефимија. Во неговата осумнаесетта година стана монах и се подвизуваше тврдо и одлучно чистејќи си го срцето со многу солзи, постејќи и молејќи се. После десет години беше поставен за епископ Колониски. Со својот пример кон богоугоден живот го привлече и својот брат Пергамиј и чичко му Теодор, коишто беа луѓе угледни на дворецот на царевите Зинон и Јустинијан. Гледајќи ги злобата и метежот на овој свет коишто тој не можеше да ги излечи, го напушти епископскиот престол и преоблечен во прост монах дојде во обителта на Св. Сава кај Ерусалим, каде што остана непознат многу години, вршејќи усрдно и совесно секакво послушание на коешто беше одредуван од игуменот. Заради ова Св. Сава му предложи на патријархот Илија да го ракоположи за презвитер. Кога патријархот сакаше да го ракоположи Јован, Јован му призна дека е веќе посветен во епископскиот чин. Тогаш Св. Јован се затвори во келија, и години и години помина во молчење и молитва. Потоа мина девет години во пустина, хранејќи се само со диво зелје, па повторно се врати во манастирот. Ги одвраќаше верните од Оригеновата ерес и многу придонесе за таа ерес да се сотре и осуди. Проѕираше јасно во духовниот свет и ги исцелуваше луѓето од болести. Откако се победи самиот себеси, лесно ги победуваше демоните. Голем во смирението, во Божествената сила и мудрост, овој Христов слуга мирно се упокои во 558 година, во сто и четвртата година од својот живот. |
|
ХРИСТОС ВОСКРЕСНА ОД МРТВИТЕ СО СМРТА СМРТА ЈА ПОБЕДИ И НА ТИЕ ВО ГРОБОВИТЕ ЖИВОТ ИМ ДАРИ
![]() |
|
![]() |
|
аџија ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 25.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 5474 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Не ја реметам. Дебатирам за православниот календар.
Во овој број, на пример, имаме човеко што се прославил со борба против „еретикот“ Ориген. Кој е тој Ориген ќе се прашаме? Тој е најголемиот ЦРКОВЕН Отец и учител во првите 3 века. Умира 254 г., и неговото влијание е огромно. Василиј Велики и Григориј Богослов, на пример, толку ги ценеле неговите писанија што ја собрале целата колекција во нивниот манастир. Овој Отец бил почитуван цели 300 години и изичуван низ целата империја. Е сега, одеднаш, некој во 553, се сетил да го осуди за еретик. Тоа е се во ред, освен, да немаме друг проблем со ова... Како тоа официјален Отец и толку почитуван христијанин, да биде осуден за еретик после тек 300 години? Ако го земем Сардовото тврдење дека официјалната црква е носител на христијанската вистина, тогаш од каде знаеме дека некој после 300 години нема да го анатемиса Господин Господин Стефан, и целата МПЦ??? Значи паѓа во вода сето тврдење дека официјалната црква е чувар на правоверноста. Чувар на правоверноста е Св. Писмо. Уживајте во вашиот „светец“... ![]() Изменето од аџија - 16.Декември.2006 во 20:03 |
|
![]() |
|
аџија ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 25.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 5474 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Сард или Православие, може ли да одговорите на горниов парадокс? Ме интересира како го објаснувате... |
|
![]() |
|
vd ![]() Сениор ![]() Регистриран: 13.Јануари.2006 Статус: Офлајн Поени: 1539 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Прашувам, дали некој друг треба да се слави Освен Господ?
Ако НЕ,тогаш затворете ја темата, ако ДА тогаш кажете каде го пишува тоа во Библијата да се слави ова што славите! |
|
![]() |
|
mali simo ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 22.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 1132 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Ние ги почитуваме оние што Господ ги прославил како негови најблиски и најсвети луѓе! како пример за да ги следиме и се поучуваме од нивниот свет и побожен живот.
ако ти се чита темава читај ја ако не бркај работа, и не не учи во сто да веруваме ! ова е православие дечко а не ислам ако си побркал случајно. |
|
ХРИСТОС ВОСКРЕСНА ОД МРТВИТЕ СО СМРТА СМРТА ЈА ПОБЕДИ И НА ТИЕ ВО ГРОБОВИТЕ ЖИВОТ ИМ ДАРИ
![]() |
|
![]() |
|
rice ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 14.Ноември.2006 Статус: Офлајн Поени: 379 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
|
|
|
![]() |
|
rice ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 14.Ноември.2006 Статус: Офлајн Поени: 379 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
|
|
|
![]() |
|
аџија ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 25.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 5474 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
МОЛАМ??? Изменето од аџија - 19.Декември.2006 во 10:09 |
|
![]() |
|
mali simo ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 22.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 1132 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Светог оца Николаја
Четир' стране света славе Ко витеза силне вере. Вере Божје, вере праве. Од колевке Богу предан, Од колевке све до краја; Па прослави и Бог њега — Свога верног Николаја. За живота славан беше, A пo смрти још славнији, Моћан беше и на земљи, A ca неба још моћнији. Светла духа, чиста срца, Он храм беше живог Бога: Народи га зато славе Kao свеца чудеснога. Богат славом Николаје. Он свечаре своје воли, Пред престолом вечног Бога За њихно се добро моли. Благослови, Николаје, Благослови људе твоје, Што пред Богом и пред тобом На молитви смерно стоје. |
|
ХРИСТОС ВОСКРЕСНА ОД МРТВИТЕ СО СМРТА СМРТА ЈА ПОБЕДИ И НА ТИЕ ВО ГРОБОВИТЕ ЖИВОТ ИМ ДАРИ
![]() |
|
![]() |
|
rice ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 14.Ноември.2006 Статус: Офлајн Поени: 379 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
|
|
|
![]() |
|
aladin ![]() Сениор ![]() Регистриран: 30.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 2043 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
AMIN!
|
|
![]() |
|
rice ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 14.Ноември.2006 Статус: Офлајн Поени: 379 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Светите апостоли Состен, Аполос, Тихик, Епафродит, Онисифор, Кифа и Кесар
Сите тие се празнуваат на 4 јануари со останатите помали апостоли. Св. Аполос се празнува посебно на 10 септември, Кифа и Кесар на 30 март. Св. Состен беше епископ во Кесарија. Тихик му беше наследник на истото место, Епафродит во Адријанија Памфилиска, Кифа во Иконија, а Кесар во Корона Пелопонеска. Сите го проповедаа Евангелието со пламена љубов и претрпеа маки за Христовото име, па преминаа во царството на вечната радост. Преподобен Патапиј
Роден е е и воспитан во верата и во страв Божји во Тива Мисирска од благоверни родители. Рано ја увиде и ја презре суетата на овој свет и се оддалечи во Мисирската пустина, каде што се предаде на подвиг на очистување на своето срце од сите светски помисли и желби заради љубовта Божја. Но кога неговите добродетели станаа познати меѓу луѓето, почнаа да му доаѓаат и од него да бараат ослободување од маките. Плашејќи се од човечката слава којашто го помрачува човечкот ум и одвојува од Бога, Патапиј побегна од таа пустина во Цариград. Зашто овој чуден светител мислеше дека можеби полесно ќе се скрие од луѓето во градот одошто во пустината. Си направи колиба во близина на црквата Влахерна во Цариград и таму, затворен и непознат, го продолжи својот испоснички подвиг. Но таа светлина не може да се скрие. Едно момче, слепо од раѓање, водено од Промислата Божја, дојде кај Св. Патапиј и го замоли за молитва кон Бога за да прогледа и да го види созданието Божјо, та уште повеќе да Го прослави Создателот. Патапиј се смилува на страдалникот, Му се помоли на Бога и момчето прогледа. Ова чудо го откри богоугодникот во целата престолнина и луѓето тргнаа кај него по лек, утеха и поука. Еден прочуен човек Патапиј го исцели од водена болест само што го прекрсти и го помаза со елеј. Едно момче го ослободи од нечистиот дух што го мачеше луто, творејќи крст во воздухот. Демонот излезе од човекот како дим, испуштајќи голем крик. Една жена што имаше рана на градите, исполнета со црви, ја прекрсти и ја исцели. Многу други чуда пројави Св. Патапиј со молитва, со името Христово и со знакот на Крстот. Се упокои во длабока старост и замина во Небесното Царство во 7 век. VO SLAVA NA BOGA |
|
|
|
![]() |
|
V.D.A.P. ![]() Група ![]() Регистриран: 26.Ноември.2006 Статус: Офлајн Поени: 35 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Зачнувањето на Света Ана Праведните Јоаким и Ана беа бездетни цели педесет години од нивниот брачен живот. На старост им се јави архангелот Гавриил, секому посебно, и им рече дека молитвите им се услишени од Бога и дека ќе родат ќерка, Марија. Тогаш Св. Ана зачна од својот маж и по девет месеци роди ќерка благословена од Бога и од сите човечки колена, Пресветата Дева Марија Богородица (поопширно под 9 септември). Света Ана, мајката на Пророкот Самуил Жена на Елкан, од Арматем или Ариматеја (1 Сам. 1). Немаше деца бидејќи беше неплодна, заради што горко плачеше и тагуваше. Но милостивиот Бог се смилува на неа и ја разреши нејзината неплодност заради нејзините непрестајни воздишки и молитви. Ана го роди синот Самуил и Му го посвети на Бога уште од неговото детство. Тој беше голем водач на Израилскиот народ и Пророк, помаза два цара, Саул и Давид. А Св. Ана Му испеа на Бога благодарствена песна, чудесна според мудроста и убавината, па нејзе и ден денес ја пеат во богослужбите на Црквата (1 Сам. 2, 1). Преподобен Стефан Новосјаен Овој Божји угодник е роден и воспитан во Цариград, во домот на неговите родители Захарија и Теофанија. Татко му беше свештеник во Големата Црква во времето на патријархот Методиј. Кога го носеше зачнат во нејзината утроба мајка му се хранеше само со леб и вода. Кога се роди младенецот, на неговите гради сјаеше крст од светлина. Заради ова, а и заради неговиот чист и богоугоден живот, наречен е Новосјаен. Во осумнаесеттата година од животот Стефан се затвори при црквата на Св. апостол Петар и таму се предаде на подвиг на пост и молитва. Еднаш му се јави Св. Петар и му рече: „Мир на тебе, чедо, добро започна, Господ да те укрепи!“ Потоа поживеа многу години при црквата на Св. маченик Антипа. Нему овој светител му се јави и го укрепи со зборовите: „Знај дека нема да те оставам“. Стефан си налагаше сѐ поглеми подвизи. Се хранеше со несолено зелје двапати неделно. Се подвизуваше заради Небесното Царство педесет и пет годни и се упокои во Господ во 829 година, во седумдесет и третата година од својот овоземен живот. Свети Софрониј, архиепископ Кипарски Тој е роден и воспитан на Кипар. Заради неговата голема духовна ученост и многубројните добродетели, особено милосрдноста, го поставија за архиепископ после Св. Дамјан. Откако верно ѝ послужи на Црквата се упокои мирно во 6 век. |
|
![]() |
|
V.D.A.P. ![]() Група ![]() Регистриран: 26.Ноември.2006 Статус: Офлајн Поени: 35 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Светите маченици Мина, Ермоген и Евграф Мина и Ермоген беа родум атињани. Обајцата живееја во Цариград, во голема чест кај царот и кај народот. Мина беше познат по неговата голема ученост и краснозборливост и однадвор се држеше како незнабожец, но во срцето беше христијанин. Ермоген беше цариградски епарх и се држеше за незнабоштвото и однадвор и однатре, иако беше милосрден и вршеше многубројни добри дела. Кога пламна некоја расправија меѓу христијаните и незнабожците во Александрија, царот Максимин го испрати Мина да го стивне метежот и да ги истреби христијаните од тој град. Мина отиде и воспостави мир, но се објави себеси како христијанин и мнозина незнабожци ги обрати во вистинската вера со силен збор и многубројни чуда. Кога слушна за ова царот го испрати Ермоген за да го казни Мина и да го задуши христијанството. Ермоген го изведе Мина на суд, му ги отсече стапалата и јазикот, му ги избоде очите, па го фрли во затвор. Во затворот на Мина му се јави Самиот Господ Исус, го исцели и го утеши Својот страдалец. Кога го виде Мина чудесно исцелен, Ермоген се крсти и почна на големо да ја проповеда Христовата вера. Го поставија и за епископ на Александрија. Тогаш разјарениот Максимин самиот отиде во Александрија и ги подложи Мина и Ермоген на големи маки, коишто тие, помагани од Божествената благодат, храбро ги издржаа. Гледајќи ја храброста на овие Христови војници и Божјите чуда што се извршија над нив, пред судилиштето се јави и Евграф, секретар и пријател на Св. Мина, возвикнувајќи му на царот: „И јас сум христијанин!“ Царот збесна, го исука мечот и го уби Св. Евграф. По ова овој нечестив цар нареди да ги убијат со меч и Светите Мина и Ермоген. Нивните свети мошти ги фрлија во морето, но тие на чудесен начин допловија во Цариград, каде што епископот, на кого му се јавија во сон, свечено ги дочека и ги погреба. Преподобна Ангелина и Св. Јован Деспот Ќерка на албанскиот кнез Ѓорѓи Скендербег и жена на српскиот деспот Стефан. Заедно со нејзиниот маж претрпе прогонство и секаква горчина делејќи со него во Албанија, Италија и Србија. Своите синови, Максим и Јован, ги воспита во вистински христијански дух. По смртта на нејзиниот маж се замонаши и сосема се посвети на молитвата, на милосрдието и на изградба и поправка на црковни храмови. Народот и сега ја нарекува мајка Ангелина, што произлегува од нејзиното совршенство како сопруга, мајка и христијанка. Нејзините чудотворни мошти почиваат покрај моштите на нејзиниот праведен маж Стефан во Крушедол, заедно со моштите на нивните осветени синови Максим и Јован (доколку не се уништени од Турците). Се упокои во почетокот на 16 век. Светиот маченик Гемел Чесен граѓанин на градот Анкира. Кога царот Јулијан Отстапник дојде во овој град, Гемел излезе пред него и јавно го изобличи за богоотстапништвото. За ова беше мачен и распнат на крст, во 361 година. Кога беше во маки на крстот, слушна глас од небото: „Блажен си ти, Гемеле!“ Преподобен Тома Дефуркин Голем испосник, победник на демоните и проѕорливец. Царот Лав Мудриот му напиша писмо, а тој одговори без да го отвори царевото писмо. Се упокои во Господ во длабока старост во 9 век. |
|
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1234 68> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |