IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > АРХИВА > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - МАНАСТИРИ
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

МАНАСТИРИ

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 4>
Автор
Порака
Pravoslavie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Октомври.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1732
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pravoslavie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: МАНАСТИРИ
    Испратена: 30.Мај.2006 во 09:00
Свети Јован Бигорски

Манастирот Свети Јован Бигорски се наоѓа во долината на прекрасната живописна река Радика. Најблискиот град на овој манастир е Дебар на 21 км одалеченост а од мавровско туристичко подрачје е на 24 км одалеченост.

Овој манастир е пример на туристички мотив од антропоген карактер кој самостојно го привлекува вниманието на туристичките постители. Манастирскиот комплекс се наога во бигровитите карпи на планината Бистра, на нејзините краји северозападни падини. До манастирот се стигнува по тесен асвалтиран пат, кој се издвојува од главниот пат, спроти најблиското населено место селото Ростуше.

Присапот до манастирот е возможен со лесен автомобил, додека со автобуси постојат технички можности да се паркираат во подножјето на манастирот. Најкорисно е да се стигне до манастирот со пешачење. Овој манастирски комплекс има поволно туристичко-геогравска положба. Манастирот Свети Јован Бигорски е опкружен со природни туристички ресурси како што се: планината Бистра, во чии пазуви е сместен Мавровскиот туристички локалитет со едно од најатрактивните вештачки езера, Мавровското Езеро, потоа кањонската долина на реката Радика која е една од најживописните на балканот, високите врвови на планината Кораб, близината на вештачкото езеро Шпиље и др.

Манастирскиот Комплекс се наоѓа скоро на самата западно-македонска магистрала која го поврзува Скопје со туристичките атрактивни локалитети во републиката која се наога кај охридското езеро. Овие вредности и атрактивноста на манастирот привлекуваат голем број посетители.

Манастирот Свети Јован Бигорски се наоѓа на надморска височина од 740 метри. Просечната температура изнесува 10 степени, додека летната просечна температура е 18 степени. Просечната влажност на воздухот е 74 %, додека просечната летна влажност изнесува 68 %. Сите овие вредности на манастирот погодуваат за човечкиот организам да се релаксира.

Портите на манастирот Свети Јован Бигорски се направени од благородно масивно дрво и опточени со метални топки. Манастирскиот комплекс се состои од: Сејменската Кула која била седиште на сејмените кои го штителе објектот од нападите на качаците, потоа манастирската Црква, комплексот од конаци во форма на буквата П, костурницата која се наоѓа веднаш до самата Црква и ново изградените гостински конаци. Целиот манастирски комплекс има мошне неправилна геометриска форма.

Манастирската Црква по се изгледа дека е направена на темелите на некоја постара црква која овде датирала од почетокот на 11 век, односно од 1021 год. Денешниот облик и форма манастирот го добил во 19 век кога и таа е живописана. Во 1021г. кога Црквата е за прв пат изградена, се претпоставува дека била насликата старата икона на светецот Јован Претеча, по што таа и го добила своето име, додека зборот Бигорски произлегува од бигрениот карактер на подлогата каде што е напраен манастирот

Во црквата доминира големиот иконостас во резба која е изработена од мајсторите копаничари Петре Филиповски и Макарие Фрчковски. Овие мајстори копаничари изработувале импозантни дела. Тие имале направено иконостас во резби и во Црквата Свети Спас во Скопје. Иконостасот во Црквата Свети Јован Бигорски бил направен помеѓу 1830-1840г. Мајсторите ги вградиле и сопствените ликови на дрвената импозантна целина.

Прочуениот Живописец Дичо Зограф пак ги изработил бројните фрески во Црквата. Во почетокот на 19 век архимандриот Арсение бил Игумен во манастирот во тоа време, од него и датираат и првите конаци и нивната изградба е во непосредна поврзаност со името на Архимандритот.

Големиот западен конак се наоѓа на три нивоа. Се состои од приземје и два ката. Во приземјето се наоѓаат помошните простории: Котларница, магацин, мала трпезарија како и санитарен чвор. На вториот кат се наоѓаат монашките ќелии чиј вкупен број со оние на третиот кат изнесуваат 10. Во манастирот престојуваат 4 монаси и 2 искушеника. Во текот на сезоната во работа се влкучуваат и други лица чувар, хигиенска техничарка и др. На вториот кат во чело на прекрасниот чардак се наоѓа гостинската соба која е многу убаво уредена. Секој добронамерник во манастирот е почестен со топло кафе и локум, уживајки во прексрасниот ентериер направен во македонски стил со дрвени троножци, стари софри, но и луксузни фотељи, пријатни за седење. На третиот кат освен игуменските простории се наоѓа и шнајдерница, библиотека и работна соба.

Источниот манастирски конак е изграден на две нивоа и тоа приземје и кат. Во долниот дел се наоѓа женската трпезарија, а на горното ниво е машката трпезарија. Машката трпезарија е уредена и може да обедуваат близу 300 посетители. Горната трпезарија се состои од автентичните првобитни маси и клупи кои датираат со градењето на манастирот

Помеѓу двете нивоа се наоѓаат амбарници. На горното ниво се наоѓа прекрасен чардак со софра, валчеста. Двата дела од комплексот и западниот и источниот се поврзани со двокатна конструкција каде доминира кујната  која се наоѓа во горниот кат и е наречена Маѓерница. Во кујната има созидано прекрасен камин и фурна. Во овој дел се наоѓа и монашката нова трпезарија која е скоро реновирана и опремена со најсовремен интериер. Целиот овој дел од постари конаци се наоѓа во северниот дел од комплексот.

Во овој манастир може да престојуваат посетители подолго време затоа што има гостински конак, значи дека овој манастир нема улога само на транзитна, одностно излетничко-рекреативна станица. Во манастирот има режим испишан на посе*ен лист каде се наведуваат правилата за оние кој ќе ноќеваат во манастирот.

Една од обврските на посетителите кои ќе ноќеваат во манастирот односно ќе престојуваат подолго време е обврзната утринска литургија која трае од 7-8 часот. Цената за едно ноќевање во овој манастир изнесува 150 ден. Гостинскиот конак се наоѓа издолжен на влезната порта на јужната страна на комплексот и се состои од приземје и кат. Приземјето има функција на магацински простор. Во едниот дел има мала изложбена просторија како и чуварска соба. Во горниот дел се наоѓаат десетте соби за сместување на посетителите. Вкупниот број на легла е 41.

Една од собите е уредена помодерно и во неа претстојува владиката кога е гостин во манастирот. Покрај собите овде се наоѓаат и два санитарни чвора, како и заедничка кујна со трпезарија

Манастиорот Свети Јован Бигорски е во надлежност на Дебарско-Киччевската Епархија. Во дворот на манастирот бликаат неколку јаки извори на вода, на кои едниот е при самиот влез, а вториот во продолжение на црквата и се состои од три јаки чепура. Во манастирот е спроведена уредна телефонска линија преку која може да се комуницира и да се прават одредени резервации. Телефон 79-064. Престојот во овој манастир е вистинско задоволство. Највеќе гости се собираат на 10-11 септември и на 7 јули односно Иван ден.



Изменето од Pravoslavie - 13.Декември.2006 во 08:51
Да погледнеме околу нас, таму има МНОГУ СТРАДАЛНИЦИ. Да им помогнеме!
Оди на подфорумот Хуманост на дело
Запамети, ЉУБОВТА ДЕЛОТВОРИ!!
Кон врв
Pravoslavie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Октомври.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1732
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pravoslavie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Мај.2006 во 09:01

ЧУДОТВОРНАТА МОЌ НА МАНАСТИРОТ "СВ. ЈОВАН БИГОРСКИ"
Доаѓаат со мака, заминуваат со солзи радосници

Крај реката Радика, во близина на Дебарското Езеро, сместен е Бигорскиот манастир. Пред него со сета своја убавина е распослана планината Кораб, која заедно со манастирскиот комплекс го надополнува живописниот предел. Дојди да се надишеш од воздухот, да им се нагледаш на убавините и да си ја смириш душата во тишината, велат оние кои барем еднаш ја поминале портата на овој манастир.
Тишината, мирот и спокојот се нарушени само на големите празници, кога верниците доаѓаат во манастирот да им помогнат на монасите и да го прослават празникот. Тогаш се чистат одаите во конаците, трпезариите, се прават јадења за гостите кои сакаат празниците да ги минат тука. Но, верниците во "Св. Јован Бигорски" доаѓаат и други денови, кој по мака, кој на поминување да запали свеќа, кој да подари нешто што си ветил, кому, пак, му се сонило да го посети манастирот. Луѓе од различни генерации.
"Немој да не сликате, не сакаме, зашто овде сме по своја желба", велеа повеќе млади кои на неколку дена дошле во манастирот. Момчињата и девојчињата не сакаа да си ги кажуваат имињата, бегаа од апаратот, а ги имаше од Струга, Дебар, Радовиш, Кавадарци... Имаше православни и муслимани. Студенти и средношколци. Сите тие во овој манастир си го наоѓаат својот духовен мир.
Едно девојче, забрадено и во долго здолниште, додека ја чистеше трпезаријата, ни рече дека поради ситуацијата и ставот на јавноста кон младите кои сакаат да се замонашат, не сака ниту да кажува која е ниту, пак, да ја сликаат за да не си има проблеми од дома.
"Честопати доаѓам тука, вели таа, некогаш кога доаѓам ги информирам моите родители, но некогаш не им кажувам за да не си создавам проблеми. Јас сум студент од внатрешноста, студиите добро ми одат, но обожавам да доаѓам тука и да му служам на Бога. Чувството кога сум тука не можам да го опишам, тоа е нешто посебно".
Друго девојче, пак, средношколка, ни раскажа дека прв пат кога кажала оти ќе оди во манастирот и ќе преспие една вечер, родителите почнале да негодуваат. Но, сепак, се согласиле и ја пуштиле да дојде. "Тоа беше само еднаш, вели таа, и оттогаш три години не ми дозволуваа. Дури сега повторно дојдов во "Св. Јован Бигорски" со мојот дечко и ќе останам неколку дена. Овде повеќе ми се допаѓа отколку да дремам по кафулињата. Тоа ми е некако изживеана работа, не сакам да ме туркаат низ преполните кафулиња со чашата во рака. И мојот дечко доаѓа, всушност мене желбата да одам во манастир тој ми ја пренесе. И секогаш кога имаме време, доаѓаме заедно".
Убавината на манастирот е позната не само во Македонија, туку и пошироко. Доказ за тоа се една група странци кои се воодушевуваа шетајќи се низ манастирските одаи.
"Ова навистина е прекрасно", извикуваше една жена од групата посетители, која постојано сликаше со својот апарат.
"Јас сум од Копенхаген, Данска, и наш пријател, заради здравјето, ни ја препорача бањата "Косоврасти". Таму престојуваме десетина дена, но денешниот ден го искористивме за да го посетиме манастирот и навистина сме воодушевени од убавината на овој духовен дом. Ова е нешто што не се опишува. Направив многу фотографии кои ќе им ги покажувам на моите пријатели од Данска", ни рече Анет.
Секој од монасите во манастирот си има свое задолжение. Искушеникот Јовица требаше да ги прошета гостите и сите да ги запознае со значењето на манастирот. Меѓу гостите што доаѓаа имаше многумина кои по постот сакаа да се исповедаат и да се причестат. Кога завршуваат обврските, sвоното го означува повикот за ручек за сите гости што во моментот ќе се најдат тука. А по ручекот, по три пати на 15 минути со клепалото се повикуваат верниците на богослужба.
"Богослужбата во овој манастир, вели искушеникот Јовица, е нешто што го прави 'Св. Јован Бигорски' поинаков од другите. Тоа е прекрасното оригинално византиско пеење, најстарото црковно пеење што може да се слушне само во овој манастир. Ова пеење е благодарност на игуменот во манастирот, отец Партение, кој со своето искуство од светогорските манастири, каде што бил искушеник, и со обновувањето на монашкиот живот во 'Св. Јован Бигорски' го има пренесено тука".
Во Бигорски доаѓаат верници и од православна и од муслиманска вероисповед. Кога имаш мака, не е важно каде треба да појдеш. А "Св. Јован Бигорски", велат, има чудотворна моќ и затоа го посетуваат сите. Искушеникот Јовица кажува дека бил сведок кога една мајка со солзи радосници дошла во манастирот и раскажувала како нејзиното дете проодело од чудотворната моќ на иконата на св. Јован Крстител. Имало случаи кога луѓе се исцелиле од рак, неми луѓе проговориле, мајки добиле пород... "Кога ќе дојдат луѓето со мака, раскажува тој, претежно се чита молитва пред иконата. Значи, онаму каде што сака Бог, се надминуваат и природните закони. Она што за луѓето не е можно, за Бога се може. Само потребна е вера. Таа ги поместува и планините..."
В. Миленковска
Фото: О. Теофиловски

***

ЧУДОТВОРНА ИКОНА

Манастирот "Св. Јован Бигорски" е од 11 век. Ктитор е првиот охридски поглавар под византиска власт, архепископот Јован. Повод за да се изгради манастирот е чудотворната икона на св. Јован Крстител, која дошла по воздух, на чудотворен начин, и застанала крај тогашните извори. Во знак на тоа чудо, архепископот во 1020 година ги поставил темелите на манастирот. Само таа икона е останата од тој период, зашто Турците, во време на Османлиската Империја, манастирот три пати го рушеле до темел. На старите темели во 1800 година повторно по ист план е изграден манастирот. Иконата е заштитена со сребрен оклоп, а врз него се наредени украси дадени во знак на благодарност од страна на верниците.
"Доаѓаат, раскажува искушеникот Јовица, се молат пред иконата и Бог се смилува на нив преку молитвеното застапништво на св. Јован. Една жена во Австралија долго време немала деца, се лекувала во разни клиники. Од водата роднините и пратиле во шише. Останала бремена, родила син и во манастирот донесе плочка со изгравирано бе*е, која стои пред иконата. Исто така, на една мајка од Струга на сон и се прикажало дека треба да го посети манастирот. Таа дошла со болното бе*е во раце, го пуштила пред манастирот и тоа само влегло внатре, проодело. Ова се само дел од примерите за чудотворната моќ на иконата, а ги има многу. Тоа се гледа по разните подароци, прстени, синџирчиња и разни приврзоци кои ја красат иконата".

***

МОШТИТЕ НА СВЕТЦИТЕ

Во манастирот е сместен саркофаг во кој се наоѓаат мошти на светители. Како се сакрафисани светителите, така се сместени и моштите од св. Јован Крстител, апостол Јаков, св. Пантелејмон, св. Естатеј, св. Параскева, св. Марина и св. Трифун, а под восок е запечатена мала честица од крстот на Господ Исус Христос. Од Цариградската патријаршија моштите се донесени 1820 година од Хаџи Наќе од Беличица. Саркофагот, пак, е правен од Дичо, познат зограф од тие краишта. Како што е чудна иконата, така се чудотворни и моштите. Луѓето кои доаѓаат тука, без оглед од која вероисповед се, велат дека им се случувале чуда и затоа го нарекуваат чудотворен манастир. И самите мошти се чудотворни, од се*е испуштаат свето миро. Тоа е кога самата коска лачи течност, која се собира во памук и се чува како нешто свето.

***

ИКОНОСТАС

Во "Св. Јован Бигорски" е сместен и прочуениот иконостас изработен од ореово дрво од двајцата браќа Петар и Марко Филиповски од селото Гари уште во 1830 година. Покрај резбарите, тогаш во манастирот биле и монасите, и како што монасите читале хронолошки од Светото писмо, така копаничарите го резбале дрвото. Неколку години пред да се почне иконостасот се донесени иконите во манастирот, па како е поставена иконата, така под неа е изрезбана сликата.
"На иконостасот, објаснува искушеникот Јовица, е изрезбан Стариот и Новиот завет, со најважните сцени од самата Библија. Резбањето е чудесно направено. Срцевината на дрвото е останата внатре. Денешните копаничари не можат да разберат како е изработен. Во почетокот било планирано целиот иконостас да биде позлатен. Почнале да го позлатуваат од централниот дел, но тогашниот игумен го спречил позлатувањето, зашто од самото ставање на златото се пополнувале некои празнини и се губела самата убавина на резбата. А самата убавина на резбата е многу поскапа од златото".



Изменето од Pravoslavie - 30.Мај.2006 во 09:02
Да погледнеме околу нас, таму има МНОГУ СТРАДАЛНИЦИ. Да им помогнеме!
Оди на подфорумот Хуманост на дело
Запамети, ЉУБОВТА ДЕЛОТВОРИ!!
Кон врв
butel2 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 26.Јули.2005
Статус: Офлајн
Поени: 4138
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај butel2 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Мај.2006 во 10:22
СВ. Јован Бигорски е еден од најубавите манастири кои сум ги посетила.
Кон врв
oblachinja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 12.Март.2006
Локација: United Kingdom
Статус: Офлајн
Поени: 4990
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај oblachinja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Мај.2006 во 10:25
Imam rodnini vo miackiot kraj i vo manastirot e i vencana mojata sestra....prekrasen manastir od golemo znacenje za socuvuvanje na pravoslavieto niz vekovite....
Кон врв
Dogi Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 19.Април.2005
Статус: Офлајн
Поени: 3168
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Dogi Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Мај.2006 во 11:02
Штета што ми е подалеку инаку нон стоп би одел таму! Прв пат сум бил како мал на екск*рзија, а потоа неколку пати имам поминувано во околината. Прекрасно е стварно!
Јас сум мајстор!

Кликни овде за комуникација со мене (потоа кликнете во полето 'Edit nickname' и впишете го вашето име)
Кон врв
belichka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 2023
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај belichka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Декември.2006 во 00:36
 
 
Lesnovski manastir

Лесновски%20манастир

Vo selo Lesnovo, Kratovsko. Crkvata e posvetena na Sv. Arhangel Mihail. Nastanuvaweto na manastirot se povrzuva so zivotot na pustinozitelot Gavril Lesnovski. Vo opsirnoto zitie na pustinozitelot od 1868 godina stoi deka, za vreme na negoviot zivot manastirot postoel i vo nego toj se zamonasil. Postoi mislewe deka manastirot bil izgraden koga toj se zamonasil ili pak po negovata smrt, koga se razvil kultot za podviznickiot zivot (kako sto e navedeno vo kratkoto negovo zitie od 1330 godina). Vremeto vo koe ziveweel Gavril Lesnovski ne e utvrdeno. Postoi mislewe deka toa treba da se bara vo 11 vek, a ottamu zaklucokot deka manastirot bil izgraden vo vtorata polovina na 11 vek, koga vo krajot severno od Bregalnica bil razvien silno kultot za pusto`itelite, me|u koi i za Gavril. Za prvapat vo pisani spomenici se spomnuva vo 1330, koga knizevnikot Stanislav prepisal vo manastirot prolog, kade go smestil i kratkoto zitie na Gavril Lesnovski. Denes rakopisot se cuva vo Belgrad. Vo 1341 godina despotot Joan oliver go obnovil, a po nekolku godini bil prosiren so vtoriot del. Na crkovniot sobir vo Skopje 1347 godina od strana na Stefan Dusan bil naznacen ovoj manastir za sediste na novoformiranata Zletovska episkopija, sto ja zamenila Morozidskata. Verojatno i toa bilo pricina manastirot da bide prosiren. Vo 1381 godina povtorno bil prilozen na manastirot Hilendar. Vo 1558 godina, pri igumenot Neofit, manastirot bil popraven, a vo 1581 pri igumenot Spiridon, go prepokril kratovskiot boljarin Nikola. Blagodarenie na zitelite na Kratovsko i krivopalanecko manastirot uspeal da dotrae niz celiot sreden vek, pa se do denes, zosto od niv bil nekolu pati popravan. Pri krajot na 17 vek zapustel, no vo 1805 go obnovil eromohajot Teodosij. Vo 1814, od edna beleska gledame deka, toj bil igumen na manastirot. Ovoj manastir e eden od pobogatite knizevni centri vo Makedonija. Niz poveke institucii nadvor od Makedonija se cuvaat rakopisi sto se picuvani vo nego ili poteknuvaat od negovata bogata biblioteka. Poznati se zbirkite vo :Belgrad, Sofija, Plovdiv.

Dosega slavistikata identifikuva znacitelen broj rakopisi od ovoj manastir, od koi poznacajni se: Prologot do 1330 godina, Minejot od 1342 godina, Paranejsot od 1353 godina itn. Golem e i brojot na knizevnicite sto vo manastirot ja vrsele svojata knizevna dejnost. Na prv plan toa e Stanislav - prviot knizevnik od Lesnovskiot knizeven centar i osnivac na kaligrafskata skola; Partenija, negov ucenik, psevdonimniot knizevnik Tahota, Kalinik, Drajko, Radowa, Silvester, pop Lazar od Kratovo, pop Nikola itn. Negovoto prerasnuvawe vo knizeven centar se povrzuva so faktot sto poseduval ekonomski bogat status. Pod negova  potvinetost bile mnogu crkvi i manastiri kako i sela. Da se spomene deka istiot bil i zasolniste za na golem broj revolucioneri i osloboditelni grupi, sto se borele zasloboda na Makedonskiot narod.
 
Denes Lesnovo manastir vo koj ziveat poveke monasi, iskusenici a so Bozja volja igumenot na manastirot go rakopolozija i za episkop Bargalski.


Изменето од Nela Bella - 13.Декември.2006 во 00:42
Кон врв
Ignacio Lojola Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Декември.2006
Статус: Офлајн
Поени: 15
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Ignacio Lojola Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Декември.2006 во 01:39

Franjevački samostan u Fojnici

Franjevački%20samostan%20Duha%20Svetoga%20u%20FojniciOsnutak samostana u Fojnici teško je točno odrediti, ali se zasigurno može staviti u prvu polovicu XIV. stoljeća. Naime, s rudarima iz Njemačke, Italije, prostora Hrvatske i drugih krajeva dolaze i njihovi dušobrižnici da im budu na usluzi. Dubrovačke naseobine u Fojnici spominju se već 1312. i 1313., a poimenično se spominje kuća vlastelina Pavla Nikole de Menio u Ostružnici 1349. godine. U turskim spisima spominje se da su u Fojnici bili crkva i samostan još «za kraljeva bosanskih». Turska je vlada, već u prvim godinama vladavine imala posla s samostanskim posjedima. Sve to upućuje da je samostan mogao biti osnovan u prvoj polovici XIV. stoljeća.

U vremenima koja su dolazila ovaj samostan odigrat će veoma važnu ulogu za opstanak naroda i za pastoralnu i svaku drugu brigu. Uz Kraljevu Sutjesku i Kreševo ovaj samostan je bio treći oslonac opstanka i života franjevačke provincije Bosne Srebrene, ali i Crkve u Bosni i Hercegovini. Fratri ovih samostana vodili su pastoralnu brigu za cijeli katolički puk.

Prvi položaj samostana bio je na Pazarnicama, na zaravni iznad današnjeg muslimanskog groblja. I tu su braća živjela nekih 150 godina. Prema ljetopisima fra Anđeo Zvjezdović umro je 1498. godine u tom samostanu. No, zbog ometanja života u samostanu čestim dolascima nezvanih gostiju i vojske, fratri se sklanjaju pod brdo Križ i tu grade samostan, gdje stoji i živi i danas. Samostan je bio malen, u gustoj šumi brijestova, i gotovo se nije niti vidio s puta. Vremenom je rastao, širio se i danas, tko god dođe u posjetu u samostan obično kaže: «Znali su fratri izabrati najljepše mjesto za svoj samostan». U stvari fratri su pobjegli s glavnog puta.

Danas je samostan zasigurno ukras Fojnice i jedan od njezinih zaštitnih znakova. Također, samostan je čuvar fojničke povijesti i garancija njezine budućnosti. Iz samostana se diže molitva k Bogu za Fojnicu i sve njezine stanovnike, da im životi budu ispunjeni MIROM i DOBROM.

  Ovoj list e del od poznatiot grbovnik koj se cuva vo manastirot.Mislam deka e interesen prilog.

DIFENSOR FIDEI - SOCIETAS JESU
Кон врв
Ignacio Lojola Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Декември.2006
Статус: Офлајн
Поени: 15
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Ignacio Lojola Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Декември.2006 во 01:40

Arhivska građa samostana veoma je vrijedna sa stajališta franjevačke i opće povijesti, posebno Bosne i Hercegovine. Fra Leonardo Čuturić radio je na sl*ganju i uređenju arhiva i podijelio ga je u 23 skupine prema sadržaju dokumenata: dokumenti vezani za Fojnicu, dokumenti pisani bosančicom, stvari iz osobnog života pojedinih fratara, ono što se usko odnosi na samostan i crkvu, o školstvu, o turskim zakonima, o župama fojničkog distrikta, životopisi istaknutih Fojničana, ulomci iz raznih arhiva, kronike i pisma, dokumenti o književnom i prosvjetnom radu franjevaca i drugo.

Posebna skupina su turski dokumenti, njih oko 3000, s kratkom naznakom sadržaja na poleđini dokumenta. Veoma su važni za proučavanje perioda turske vladavine u Bosni i Hercegovini. Velik dio dokumenata objavio je Josip Matasović u djelu Fojnička regesta. Također je vrijedna i zasebna skupina od 156 dokumenata pisanih bosančicom.

Bujrultija

Među najvrjednije dokumente, a u današnje vrijeme i najzanimljivije spada Ahdnama, povelja sultana Mehmeda II Osvajača dana fra Anđelu Zvjezdoviću 1463. godine. Također je tu i bujrultija Skender-paše iz 1486. godine.

 

Fratri su čuvali ne samo službene dopise nego i druge neslužbene, ali važne spise. Takav je sadržaj i fojničkog samostanskog arhiva. Evo nešto od sadržaja arhiva:

  • Fojnički ljetopis
  • Enchiridion fra Mate Krističevića o prošlosti ovog samostana
  • Dnevnik fra Grge Martića
  • Prijevod sultanskih fermana na latinski, koji je uradio pomoćnik austrijskog konzula dr. Atanacković 1818. godine
  • Darovnica Juraja Rakoczyja franjevcima Bosanske provincije iz 1692. godine
  • Homilije u 2 sveska, pisane u prvoj polovini XVI. stoljeća
  • Rukom štampani misni napjevi fra Vice Vicića, što ih je kasnije izdao fra Franjo Jukić
  • Pokušaj prijevoda Svetog pisma
  • Zabilježeni narodni običaji
  • Turski fermani
  • Službeni turski spisi registrirani u 10 svezaka, i mnogi neregistrirani
  • Mnogi samostanski računi, čak iz 17. stoljeća, pisani bosančicom
  • Zemljišne isprave
  • Rukopisi fra Bone Perišića
  • Mnogi povijesni podaci povađeni iz arhive Propagande iz Rima
  • Dnevnik fra Mije Gujića
  • Korespondencija fratara ovog samostana: fra Bone Perišića, fra Mije Gujića, fra Nikole Krilića itd.
  • Zbirka vlastoručnih pisama poznatih ljudi iz Bosne: biskupa Ilijića, Miletića, Šuljića, Vujičića, zatim Jukića, Martića, baruna Filipovića i drugih
  • Školska izvješća iz fratarskih pučkih škola

Dakle, ovo je samo letimični pregled arhiva!

DIFENSOR FIDEI - SOCIETAS JESU
Кон врв
vd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 13.Јануари.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1539
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај vd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Декември.2006 во 01:56
Абе Господине, уште некој текст на некој Африкански јазик да донесеше неможеш?
Ај те молам, ова е форум Македонски, во Македонија, тука Македонски јазик се зборува .. незнам дали приметуваш ама изгледа воопшто не си во тек со работава. Види малку поработи на фреквенцијата!

Кон врв
V.D.A.P. Кликни и види ги опциите
Група
Група


Регистриран: 26.Ноември.2006
Статус: Офлајн
Поени: 35
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај V.D.A.P. Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Декември.2006 во 09:38

Bigorski Manastir Sv.Jovan Krstitel

Makedonija e bogata so manastiri. Tie se del od nejzinata dolga i bogata tradicija. Eden od najubavite od niv e nesomneno manastirot "Sveti Jovan Bigorski". Se nao|a vo prekrasniot kawon na rekata Radika, desetina kilometri pred slivot vo Debarsko Ezero. Mestoto e blagosloveno so mnogu izvori i prekrasna klima - vo zima topla, vo leto ladna. Vo blizina se nao|aat selata Rostu{e, Bitu{e i Trebi{te naseleni prete`no so muslimani, no ima i hristijani, a site se Makedonci.

Manastirot e osnovan vo dale~nata 1020 godina od monahot Jovan od Debar koj toga{ stanal Ohridski arhiepiskop. Posveten e na Krstitelot Gospodov, Sveti Jovan Krstitel, za kogo samiot Isus Hristos rekol deka me|u rodenite od `ena nema pogolem od nego. Samoto osnovawe stanalo otkako na mestoto na sega{niot Manastir e pronajdena ikona na Sveti Jovan Krstitel kako lebdi nad izvorite. Ovaa ikona se poka`ala ~udotvorna i do denes e edno od najgolemite bogatstva na Manastirot. Vo sredniot vek Manastirot e va`en kni`even centar. Ru{en i obnovuvan e pove}epati. Sega{nite zgradi na Manastirot se od XVIII i XIX vek. Ikonostasot e so prekrasna drvorezba izrabotena me|u 1829 i 1835 godina od majstorite Marko i Petar Filipovski od Gari. Raspolagal so bogata biblioteka. Golem del od rakopisite se razgrabeni. Golem del od rakopisite se razgrabeni.

@ivotot vo Manastirot e obnoven vo 1995 godina so doa|aweto od Sveta Gora na otec Partenij, sega negov igumen. Denes bratstvoto go so~inuvaat {estmina monasi - otcite Partenij, Makarij, Dositej, Hrisant, Sergij i Josiv. Se prijavuvaat i pove}e isku{enici, no malkumina izdr`uvaat poradi te`inata na mona{kiot `ivot, za{to monahot se odrekuva od sebe za da mu se predade na Boga i pove}e ne `ivee za sebe, tuku za Boga i za bli`nite. Ottamu mnogu ~udni se obvinuvawata {to se slu{aa porano deka nekoj gi zaveduval lu|eto ili gi prinuduval da stanat monasi, za{to samo ~ovek so silna vera, so silna qubov i mnogu jasna cel mo`e da stane monah, a "zavedenite" imaat meseci i godini isku{eni{tvo, odnosno imaat vreme da se premislat.

Denot vo Manastirot zapo~nuva me|u tri i pet ~asot nautro. Monasite gi ~itaat svoite utrinski molitvi, a klepaloto tripati predupreduva za nabli`uvaweto na utrinskata slu`ba. Po ~as i polovina utrinska slu`ba zapo~nuva sveta liturgija. Ovde liturgija se slu`i sekoj den bez isklu~ok. Se pee na prekrasnoto vizantisko svetoote~ko peewe - kaj nas retko se slu`i po novoto i dosta trivijalno peewe na Mokrawac. Slu`bata zapo~nuva vo temninata na no}ta. a zavr{uva vo svetlinata na utroto. Utroto doa|a paralelno so tekot na slu`bata koja n# vodi od temnite predhristijanski vremiwa niz Golgota i krstot do pobedata nad smrtta i temninata, do Voskresenieto. Monasite i vernicite se pri~estuvaat so teloto i krvta Hristova. Taka noviot den se do~ekuva i so srceto.

Potoa site se povlekuvaat po svojata rabota. Vo Manastirot nikoj ne sedi, tuku sekoj si ima svoja obvrska {to ja ispolnuva kako poslu{anie, kako del od mona{kiot podvig. Ni{to ne se vr{i bez blagoslovot na igumenot. S# se pravi so qubov.

Osven za vreme na postite, monasite postat sekoj ponedelnik, sreda i petok, no i vo preostanatoto vreme na nekoj na~in postat, bidejki nikoga{ ne jadat meso. Duhovnoto vozdr`uvawe pak trae postojano. Se jade prv pat vo 10.00 ~asot. Na masata nikoga{ ne se sami, za{to postojano ima gosti. Jadeweto zapo~nuva i zavr{uva so molitva. Sekoj monah si ima svoe molitveno pravilo {to treba da go ispolnuva vo tekot na denot. Nekade po pladne ima mal odmor koj ~esto se preskoknuva. Vo {esnaeset ~asot se dr`i ve~erna slu`ba so koja zapo~nuva noviot hristijanski den. Potoa sledi ve~era, a po nea vo sedum ~asot pove~erje pridru`eno so akatist na Presveta Bogorodica, osven vo ponedelnik koga ima akatist na Sveti Jovan Krstitel. Po pove~erjeto sledi ispoved, vo koja gostite i monasite si gi ispoveduvaat svoite grevovi i dobivaat prostuvawe za niv. Taka vernicite se podgotvuvaat za primawe na Svetiwata na Svetinite - teloto i krvta Hristova. Za{to nasproti pogre{no odoma}inetiot obi~aj da se vr{i pri~estuvawe samo ~etiri pati godi{no, ovde po primerot na Sveta Gora se pri~estuvaat ~etiri pati nedelno i vo praznicite. Denot monasite go zavr{uvaat so svoite ve~erni molitvi.

Povle~eni od svetot vo ti{ina da go slavat Boga, monasite nikoga{ ne ostanuvaat sami, spored zborovite vo Evangelieto: "Ne mo`e da se sokrie grad {to stoi na vrv planina". Mnogu lu|e baraj}i pomo{ go nao|aat patot do Manastirot i monasite nikogo ne vra}aat nazad. Ovde doa|aat lu|e so sekakvi problemi i mnogumina nao|aat iscelenie. Duri i muslimanite od okolinata doa|aat da se molat ili da zemat sveta voda od izvor~eto {to te~e vo edna od dvete manastirski isposnici za koja velat deka le~i neplodnost. Za silata na ~udotvornata ikona se raska`uvaat legendi. Za realnosta na iscelenijata svedo~at srebrenite privrzoci so bebiwa na niv i srebrenoto pokritie na ikonata napraveno od darovite na blagodarni vernici {to dobile iscelenie. ^esto doa|aat da se le~at mladi lu|e uni{teni od drogata ili voop{to vernici koi baraat duhovna hrana, mir, sovet i uteha.

Nekoga{ Manastirot poseduval golemi imoti podaruvani od vernicite niz vekovite. Sega ne poseduva skoro ni{to. Imotite se odzemeni od komunistite pred pedesetina godini i u{te ne se vrateni. I pokraj nemaweto stabilna finansiska osnova, blagodarej}i na pomo{ta na blago~estivi lu|e, Manastirot ne samo {to opstojuva i se obnovuva, tuku i im pomaga na site {to imaat potreba od toa. Vsu{nost, monasite go sledat evangelskiot princip "pobla`eno e da se dava otkolku da se zema" i s# {to imaat go delat so lu|eto. Ven~avaat i kr{tevaat besplatno zadovoluvaj}i se so radosta od nastanot. I ne samo toa. Na desetina kilometri na bregot na Debarskoto Ezero bratstvoto go gradi (ili poto~no go obnovuva) manastirot "Sveti \or|i" vo Raj~ica. Ova treba da bide `enski manastir koj }e funkcionira pod uprava na "Sveti Jovan Bigorski".

Manastirot poseduva golemo kulturno i duhovno bogatstvo. No, najgolemo bogatstvo nesomneno se mo{tite na svetcite i par~eto od ^esniot Krst na koj bil raspnat Gospod Isus Hristos. Ovde ima delovi od mo{ti na Sveti Jovan Krstitel, Sveti Jakov-brat Gospodov, Sveta Julita, Sveta Petka, Sveta Marija, Sveti Nikita, Sveti Haralampi, Sveti Pantelejmon i drugi. Nekoi od porano poseduvanite mo{ti se ukradeni za vreme na komunisti~koto nevreme. Povremeno, posebno za vreme na golemi praznici, mo{tite ispu{tat miro so preubav miris koj se ~uvstvuva i niz stakloto pod koe se polo`eni.

Manastirot se ~uva od Zavodot za za{tita na spomenicite. Ima i ~uvar. I navistina za{titata na Manastirot se poka`uva pove}e od neophodna ne samo poradi vrednite duhovni i nacionalni bogatstva {to se ~uvaat vo nego, tuku i poradi ispadite na islamski fanatici i nacionalisti.

Manastirot se ocrtuva kako eden od centrite na vozobnovenoto mona{tvo vo Republika Makedonija. Prestojot vo nego e sepak ne{to {to ne mo`e da se raska`e. Mo`e samo da se prepora~a.


Onie {to imaat `elba finansiski da go pomognat manastirot "Sveti Jovan Bigorski"  svojata pari~na pomo{ mo`at da ja uplatat na `iro-smetka otvorena vo Stopanska banka - Bitola broj 40300 - 685 - 21938 i dano~en broj 4030998349207.

Кон врв
aladin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 30.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 2043
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај aladin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Декември.2006 во 20:51
ubava tema.
Кон врв
orto Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 13.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 916
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај orto Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Декември.2006 во 09:02

Слава во манастирот на Свети Јован Бигорски (12.09.2005)

 

 

 

Во деновите кога Бигорскиот манастир се спремаше за прославата на својот патрон Свети Јован Крстител, православната младина од ширум Македонија пристигна да помогне на братството на манастирот возглавено од архимандритот Партениј. Благодарение на таа помош, манастирот кој оваа година прославува јубилеј од 10 години на возобновено машко монаштво, успеа да ја заврши градбата на новите конаци Долни Палат, да постави дренажа и да се опремат собите со минимум опрема за да може да се примат придојдените верници од сите страни на Македонија.

 

 

 

 

 

 

         

 

 

 

После пречекот на надлежниот архиереј г.Тимотеј и Брегалничкиот г. Агатангел, во холот на приземјето од Долниот Палат, г-ѓа Билјана Јуруковска, светски признат уметник, приреди изложба на уметнички фотографии со теми од манастирот, а приходот од продажбата беше наменет за манастирот.

 

 

 

         

 

 

 

После свечената вечерна богослужба свечено слово одржа Митрополитот Тимотеј за духовниот живот на Св. Јован Крстител, за неговата праведност, како и за спремноста да се жртвува за вистината, кога станува збор за изобличувањето на гревот. Вратите на големата трпезарија беа отворени сè до полноќ, за да бидат нагостени сите верници меѓу кои имаше и многу Македонци-муслимани, Албанци од двете конфесии и Турци.  

 

 

 

         

 

 

Утредента, после воскресно-празничната утрена богослужба, торжествено беше отслужена Светата Литургија. На крајот беше пресечен славскиот празничен леб и беше извршен Водосвет. На службите освен архиереите богослужеа архимандритите Нектариј и Партениј, како и свештенослужители од Охрид, Велес и Штип.

Во знак на одбележување на јубилејот 10 години од возобновувањето на машкото монаштво беше осветен мозаикот на Св. Јован, поставен на јужниот ѕид од храмот, дар од брачниот пар, Павлинка и Столе Илиеви од Кочани.

Осветувањето на Долниот Палат е оставено за блиска иднина, кога ќе се уреди влезниот дел, дворот и внатрешните скали, за што ќе бидат поканети сите верници од цела Македонија и подалеку!

 

 

 

 

(kоран 10, 94)
(аллах рече моамеду) Ako сумљаш у oно што ти oбљављујемо, упитај oне (Жидове и Кршчане) koji Читају Kњигу (БИБЛИЈУ), прије тебе објављену
Кон врв
orto Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 13.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 916
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај orto Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Декември.2006 во 09:10

Св.ГЕОРГИ ПОБЕДДОНОСЕЦ

(Рајчица)
(kоран 10, 94)
(аллах рече моамеду) Ako сумљаш у oно што ти oбљављујемо, упитај oне (Жидове и Кршчане) koji Читају Kњигу (БИБЛИЈУ), прије тебе објављену
Кон врв
orto Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 13.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 916
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај orto Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Декември.2006 во 02:10

ЕРУСАЛИМ



Изменето од orto - 18.Декември.2006 во 02:10
(kоран 10, 94)
(аллах рече моамеду) Ako сумљаш у oно што ти oбљављујемо, упитај oне (Жидове и Кршчане) koji Читају Kњигу (БИБЛИЈУ), прије тебе објављену
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 4>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,094 секунди.