|
ПРАВОСЛАВЕН КАЛЕНДАР:ДЕНЕС СЕ СЛАВИ |
Внеси реплика | страница 123 68> |
Автор | |
rice
Сениор Регистриран: 14.Ноември.2006 Статус: Офлајн Поени: 379 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 09.Декември.2006 во 16:30 |
DRAGI BRAKJA I SESTRI VO HRISTA VOSKRESNATIOT.
NA OVAA POTTEMA KE MOZETE DA PROCITATE KRATKI ZITIA OD SVETITE OTCI I SV. MACENICI CIJ POMEN SE PRAZNUVA NA TOJ DEN. HRISTOS POSREDI NAS! |
|
|
|
rice
Сениор Регистриран: 14.Ноември.2006 Статус: Офлајн Поени: 379 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Преподобен Алимпиј Столпник
Роден е во Адријанопол, пафлагониски град. Од малечок Му беше предаден на служба на Бога. Како ѓакон служеше во црквата на епископот Теодор во тој град. Но желен за осаменички живот, молитва и богомислие, Алимпиј се оддалечи на едни елински гробишта надвор од градот, од кои заради честите демонски привиденија луѓето бегаа како од страшилишта. Таму тој забоди крст, па изгради храм во чест на Света Ефимија, којашто му се јави во сон. Крај храмот подигна висок столб, се качи на него и помина таму во пост и во молитва цели педесет и три години. Ни потсмевот на луѓето ни злобата на демоните не можеа да го оддалечат оттаму ниту да го поколебаат во неговата намера. Особено од демоните овој светител претрпе безброј маки. Не само што го застрашуваа со разни привиденија туку и го маваа со камења, не давајќи му мир ни дење ни ноќе долго време. Но Алимпиј мажествено се оградуваше себеси против силата демонска со знакот на крстот и со името Исусово. Најпосле демоните победени го оставија, а луѓето почнаа да го почитуваат и да му доаѓаат барајќи ги неговите молитви, утеха, поуки и исцеленија. Околу неговиот столб се подигнаа два манастири: од едната страна машки, а од другата женски. Во женскиот манастир живееја мајка му и сестра му. Св. Алимпиј ги раководеше монасите и монахињите од својот столб преку сопствениот пример и слово, а им блескаше на сите како небесна светилка, укажувајќи им го патот кон спасението. Овој Божји угодник имаше толкава благодат, што често го озаруваше небесна светлина и над него се креваше светлосен столб до небото. Беше прекрасен и силен чудотворец за време на животот и после смртта. Поживеа повеќе од сто години и се упокои во Господ во 640 година, во времето на царот Ираклиј. Од неговите Свети мошти се чува главата во Кутлумушкиот манастир на Света Гора. Преподобен Јован Отшелник
Од Сирија. Ученик на Св. Марон (под 14 февруари) и современик на Св. Симеон Столпник. Се подвизуваше под отворено небо, се хранеше со наквасена леќа. Правеше големи чуда, со името Христово дури и мртви воскреснуваше. Царот Лав го праша за мислење за Халкидонскиот Собор. Се упокои мирно во 457 година Изменето од rice - 09.Декември.2006 во 16:38 |
|
|
|
rice
Сениор Регистриран: 14.Ноември.2006 Статус: Офлајн Поени: 379 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Светиот маченик Јаков Персијанец
Роден е во персискиот град Елапа или Вилат, од христијански родители, воспитан во христијанската вера и оженет со христијанка. Персискиот цар Издигерд го засака Јаков заради неговата надареност и спретност и го направи прв благородник на својот дворец. Поласкан од царот, Јаков се опрелести и им принесе жртва на идолите на коишто царот им се поклонуваше. Кога слушнаа за ова, мајка му и жена му му напишаа прекорно писмо во коешто го оплакуваа како богоотпадник и душевен мртовец, молејќи го сепак при крајот на писмото да се покае и да Му се врати на Христа. Трогнат од ова писмо Јаков горко се покаја и одважно ја исповеда пред царот својата вера во Господ Христос. Разгневен царот го осуди на смрт, но со тоа што деловите на телото да му ги сечат еден по еден сè додека не издивне. Џелатите буквално ја исполнија оваа заповед на нечестивиот цар и му ги отсекоа на Јаков најпрво прстите на рацете, па прстите на нозете, па нозете, па рацете, рамената и најпосле главата. При секое сечење маченикот најпрво Му оддаваше благодарност на Бога. Од неговите рани излегуваше благоухан мирис како од кипарис. Така овој прекрасен маж го покаја својот грев и се престави со душата пред својот Бог Христос, во Царството небесно. Пострада околу 400 година. Главата му се наоѓа во Рим, а дел од моштите во Португалија, каде што се празнува на 22 мај. Преподобен Пинуфриј
Тој е современик на Св. Касијан (29 февруари) и голем мисирски подвижник. Живееше во 4 век и се подвизуваше на разни места, сè бегајќи од човечките пофалби. Имаше многу ученици, коишто се трудеа да го подражаваат возвишениот пример на својот учител. Преподобен Натанаил
Монах нитриски. Деноноќно Му се молеше на Бога и се просветуваше со размислување за Божествените нешта. Не излегуваше од својата келија ни преку нејзиниот праг полни триесет и осум години. Се упокои во Господ во втората половина на 6 век. VO SLAVA NA BOGA Изменето од rice - 10.Декември.2006 во 10:21 |
|
|
|
aladin
Сениор Регистриран: 30.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 2043 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
neka ne ima vo molitvite.
|
|
rice
Сениор Регистриран: 14.Ноември.2006 Статус: Офлајн Поени: 379 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Преподобна Ана
Благородна жена. По смртта на својот маж прими потстриг од Св. Стефан Нови. Царот Копроним ја наговараше да рече дека имала недозволени односи со Св. Стефан за да може да го унижи пред народот. Но оваа света жена никако не сакаше да влезе во таа царева сплетка против Светителот когошто го почитуваше како свој духовен отец. Заради ова ја биеја, а потоа ја фрлија во затвор, каде што ја предаде душата на Бога. |
|
|
|
orto
Сениор Регистриран: 13.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 916 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Преподобна АНА моли Господа за нас Грешне
|
|
(kоран 10, 94)
(аллах рече моамеду) Ako сумљаш у oно што ти oбљављујемо, упитај oне (Жидове и Кршчане) koji Читају Kњигу (БИБЛИЈУ), прије тебе објављену |
|
aladin
Сениор Регистриран: 30.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 2043 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
amin!
|
|
rice
Сениор Регистриран: 14.Ноември.2006 Статус: Офлајн Поени: 379 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Преподобен Акакиј Синајски
Во својата славна книга Лествица Св.Јован Лествичник известува за житието на овој светител. Младиот Акакиј бил искушеник кај еден зол старец во Синајскиот манастир. Гневниот Сатрец везден го укорувал и го навредувал Акакиј, а често и го тепал, и на сите начини го измачувал и малтретирал. Но Акакиј не се жалел и сето тоа го поднесувал трпеливо, со уверение дека тоа е корисно за неговото спасение. Кога и да го запрашал некој како живее, одговарал: „Добро, како пред Господ Бог!“ После девет години послушание и мачење Акакиј умрел. Старецот го закопал и отишол да му се пожали на еден свет Старец, велејќи: „Акакиј, мојот ученик, умре.“ „Не верувам, “ одговорил Светиот Старец. Акакиј не умре.“ Тогаш обајцата отишле на гробот на умрениот и оној свет Старец повикал: „Брате, Акакиј, умре ли?“ А послушниот Акакиј и по смртта послушен, одговорил: „Не, оче, не може да умре оној што е послушен“. Тогаш оној зол Старец се покајал, се затворил во една келија близу гробот Акакиев, каде што остатокот од животот го поминал во покајание и во молитва. Свети Тиридат цар ерменски
Современик на Диоклецијан. Најпрво страшно ги гонеше христијаните. Но го постигна Божја казна и тој полуде и стана сличен на скот, како некогаш Навуходоносор. Од лудилото го исцели чудесно Св. Григориј (под 30 септември). Оттогаш па до смртта Тиридат поживеа во покајание и благочестие. Се упокои мирно во 6 век. ВО СЛАВА НА ХРИСТА НАШИОТ БОГ |
|
|
|
aladin
Сениор Регистриран: 30.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 2043 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
amin!
|
|
аџија
Сениор Регистриран: 25.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 5474 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ова мора да е некоја грешка... Тиридат живеел во 3-4 век, не во 6-ти... Тој е познат како воспоставувач на првата држава каде христијанството било прогласено за официјална религија во 301 г., една деценија пред сличниот проглас на Константин. Друго прашање е колку овој човек заслужува да биде светец, заради крвта на многубројни пагани што ја пролеаал во името на ширење на христијанската вера... Но, ај да не ви кварам тема... |
|
rice
Сениор Регистриран: 14.Ноември.2006 Статус: Офлајн Поени: 379 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Светиот апостол Андреј Првоповикан
Син на Јона и брат на Петар, родум од Витсаида, рибар по занимање. Најпрво му беше ученик на Св. Јован Крстител, но кога Св. Јован покажа со прст на Господ Исус велејќи: „Еве го Јагнето Божјо!“ (Јован 1, 36), тогаш Св. Андреј го остави својот прв учител и тргна по Исуса. Потоа го приведе кон Господа и својот брат Петар. По слегувањето на Светиот Дух на овој прв апостол Христов му падна во дел да го проповеда Евангелието во Византија и Тракија, потоа во земјите Дунавски, па во Русија и околу Црното Море и најпосле во Епир, Грција и Пелопонез, каде што и пострада. Во Византија постави прв епископ во лицето на Св. Стахиј; во Киев забоди крст на високо и прорече блескава христијанска иднина за рускиот народ; во Тракија, Епир, Грција и Пелопонез преведе во верата мноштво народ и им постави епископи и свештеници. Во градот Патрас изврши многу чуда со името на Христа и придоби многумина за Господ, меѓу кои беа братот и жената на царскиот намесник Егеат. Разјарен заради ова Егеат го подложи Свети Андреј на маки, а потоа го распна на крст. Додека беше жив на крстот, апостолот им кажуваше на христијаните што се беа собрале околу неговиот крст корисни поуки. Народот сакаше да го симне од крстот, но тој се спротивстави на тоа. Најпосле апостолот почна да Му се моли на Бога и притоа некоја необична светлина го заблесна целиот. Тоа светло озарување траеше околу половина час, а кога исчезна апостолот Му ја предаде својата душа на Господ. Така го заврши својот земен век првоповиканиот апостол, којшто прв од Дванаесетте големи апостоли Го позна Господа и тргна по Него. Пострада за својот Господ во 62 година. Неговите мошти беа пренесени во Цариград. Подоцна главата му ја пренесоа во Рим, а едната рака во Москва. Свети Фрументиј, просветител на Абисинија
Во времето на царот Константин Велики патуваше за Индија еден учен човек од Тир, по име Меропиј. Со себе ги беше зел двајцата млади браќа христијани, Едесиј и Фрументиј. По патот им се разби коработ од бурата на бреговите на Абисинија и дивите Абисинци ги убија сите луѓе од коработ, освен овие двајца браќа, Едесиј и Фрументиј. Тие проживеаја во Абисинија неколку години и успеаја да влезат во служба на дворецот на абисинскиот цар. Фрументиј почна да ј проповеда христијанската вера, но многу внимателно, и се увери дека почвата за оваа проповед е многу погодна и плодна. Тогаш двајцата браќа седнаа на кораб и тргнаа: Едесиј во Тир кај своите родители, а Фрументиј кај Св. Атанасиј Велики, којшто беше патријарх во Александрија. Фрументиј му ја изолжи на патријархот положбата во Абисинија и побара пастири за новообратените во верата. Св. Атанасиј го ракоположи Фрументиј за епископ. Св. Фрументиј се врати во Абисинија, каде што со својата ревност и со многубројни чуда успеа да ја обрати цела Абисинија во христијанската вера. Овој голем пастир на Христовото стадо и просветител на Абисинија се упокои мирно во 370 година, кога се пресели во Царството на својот Господ. |
|
|
|
аџија
Сениор Регистриран: 25.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 5474 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Нашата „религија“ потекнува 1000 години пред вашата ВДАП, само што толку си ограничен во разбирање што ниту тоа не го знаеш...
А од каде знаеме, знаеме затоа што си постои историја, наука, итн., и не веруваме во се што ќе ни каже локалното попче за да ни ги земе парите... Отвори, било која енциклопедија, да не зборувам на памет, ќе прочиташ работи што не си ги знаел. Мали симо, повели и другпат. |
|
rice
Сениор Регистриран: 14.Ноември.2006 Статус: Офлајн Поени: 379 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Светиот пророк Наум
Родум од племето Симеоново, од местото Елкесем, од онаа страна на Јордан. Живееше 700 години пред Христа. Двесте години после Пророкот Јона и ја прорече пропаста на Нинивија. Од пророштвото на Јона Нинивјаните се беа покајале, заради што Бог ги поштеди и не ги погуби. Но со време тие заборавија на милоста Божја и повторно се развратија. Пророкот Наум им прорече пропаст. Па бидејќи не принесоа покајание, не беа ни поштедени. Од земјотреси, поплави и оган пропадна сиот град, така што ни местото веќе не му се знаеше. Свети Наум поживеа четириесет и пет години и се упокои во Господ оставајќи ја малечката книга со неговите вистинити пророштва. Свети Филарет Милостив
Од селото Амниј во Пафлагонија. Во почетокот Филарет беше мошне имотен човек, но делејќи им големи милостињи на сиромасите многу осиромаши. Тој пак, не се уплаши од сиромаштијата туку со надеж во Бога, Кој рече: „Блажени се милостивите, зашто тие ќе бидат помилувани“, продолжи да твори милосрдие не обѕирајќи се на негодувањето на својата жена и на децата. Додека еднаш ораше на нива, му дојде еден човек и се пожали дека штотуку му цркнал волот во јаремот, а дека не би можел да ора со еден вол. Филарет испрегна еден вол од својот чифт и му го даде. Му го даде и својот последен коњ на некого што беше повикан да оди во војна со коњ. Го даде и телето на последната крава, а кога забележа дека кравата рика по раздвоеното теле, му довикна на човекот што го даруваше, па му ја даде и кравата. И остана престарениот Филарет без храна во празната куќа. Но тој Му се молеше на Бога и во Бога се надеваше. И Бог не го остави праведникот да биде посрамен во надежта своја. Во тоа време царуваше Ирина со својот млад син Константин. Според тогашниот обичај, царицата испрати луѓе по целото царство да ја бараат најдобрата и најугледната девојка со којашто би го оженила нејзиниот син цар. По Божја Промисла тие луѓе дојдоа на конак во куќата на Филарет, ја видоа неговата внука Марија, ќерката на неговата ќерка Ипатија, прекрасна и кротка, и ја одведоа во Цариград. Девојката му се допадна на царот и тој се венча со неа, а Филарет и целото негово семејство ги пресели во престолнината и им даде голема чест и богатство. Но Филарет не се погордеа со таквата ненадејна среќа, туку благодарен кон Бога, продолжи сега да врши добри дела уште повеќе од порано. И остана во тоа до смртта. Во својата девдесетта година ги викна децата да ги благослови и ги поучи да се држат за Бога и за законот Божји и со проѕорлив дух, како некогаш Јаков, му прорече на секого како ќе го проживее овој век. Потоа легна во манастирот Родолфија и Му ја предаде својата душа на Бога. Пред смртта лицето му заблеска како сонце, а по неговата смрт од него излезе необичен благоухан мирис и од неговите мошти се случија чуда. Овој Божји праведник се упокои во 797 година. Неговата сопруга Теозва, како и сите негови деца и внучиња, поживеаја богоугодно и се упокоија во Господа. |
|
|
|
rice
Сениор Регистриран: 14.Ноември.2006 Статус: Офлајн Поени: 379 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Светиот пророк Авакум
Син Асафатов, од племето Симеоново. Пророкуваше 600 години пред Христа, за време на царот Манасија. Му прорече опустошување на Ерусалим. Кога вавилонскиот цар Навуходоносор удри на Ерусалим, Авакум се засолни во Исмаилќанската земја, откаде што потоа повторно се врати и живееше како земјоделец. Еден ден им носеше ручек на работниците на нива, кога одеднаш му се јави ангел Господов и му рече: „Однеси го ручекот што го имаш во Вавилон кај Даниил во јамата лавовска.“ А Авакум му рече: „Господи, Вавилон не сум го видел и јамата не знам каде е “ (Даниил 14 - 33). Тогаш ангелот го зеде за косата и моментално го пренесе во Вавилон, на огромна далечина, кај лавовската јама во којашто беше фрлен Даниил од царот Кир, за казна дека не им се поклони на идолите. „Данииле, Данииле, прими го ручекот што ти го праќа Бог!“, возвикна Авакум. И Даниил прими и јадеше. Потоа ангелот Божји повторно го зеде Авакум и го пренесе во Јудеја, на неговата нива. Авакум пророкуваше за ослободувањето на Ерусалим и за времето Христово. Се упокои во длабока старост, а закопан е во местото Кела. Моштите му ги открија во времето на царот Теодосиј Велики. Светата маченичка Миропија
Родена е во Ефес од родители христијани. По смртта на татко и со мајка и се преселија на островот Хиос, каде што пострада за Христа. Страдањето на оваа Света девица стана наскоро после страдањето и смртта на славниот маченик Исидор војник (под 14 мај). Кога мачителите го убија Исидор, храбрата Миропија тајно го зеде неговото тело, го покади и чесно го погреба на едно посебно место. Свирепиот кнез Нумеријан слушна дека телото на маченикот е украдено, па сакаше да ги погуби стражарите. Кога дозна дека невини луѓе ќе страдаат заради нејзиното дело, блажената Миропија се пријави сама пред власта и призна дека таа го украде и го погреба телото на маченикот. По наредба на кнезот ја биеја по целото тело и најпосле сета во рани ја фрлија во затвор. Но Господ не ја остави Својата маченичка без утеха. На полноќ затворот го осветли небесна светлина и и се јави мнозинство ангели со Св. Исидор среде нив. „Мир на тебе, Миропијо,“ и рече Св. Исидор, „дојде молитвата твоја пред Бога и наскоро ќе бидеш со нас и ќе го примиш венецот што е за тебе подготвен“. Светата страдалница се израдува и во тој миг Му го предаде својот дух на Бога. Од нејзиното тело излезе благоухан мирис, којшто го исполни сиот затвор. Еден од стражарите го виде и го почувствува сево ова, поверува во Христа, се крсти и наскоро и самиот прими маченичка смрт. Света Миропија се пресели во вечноста во 251 година. Свети Иса, епископ Циклански
Еден од тринаесеттемина Сириски отци (под 7 мај). Голем чудотворец. Реката од далечина ја наврте во близина на градот Циклан со молитва. Моштите му почиваат во црквата со негово име во градот Циклан во Сирија. |
|
|
|
Внеси реплика | страница 123 68> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |