IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > АРХИВА > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - МОЛИТВИ
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

МОЛИТВИ

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234 21>
Автор
Порака
natalija Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Министерка за гушкање

Регистриран: 26.Јули.2005
Статус: Офлајн
Поени: 13319
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај natalija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Март.2006 во 13:30
„Човек треба да биде достоен на љубовта за да биде љубен“ J.W. Goethe
Ова е превземено од потписот на сард за мене најомилен..

Ти благодарам што ми дари толкава љубов во срцето да ја имам за целиот свет, да љубам бесконечно. Ти благодарам за големото срце кое ми го рдари сиоте да ги збере внатре уживајки во мојата позитива.. Ти благодарам што ме створи ти што ме гледаше и во утробата на мајка ми кога бев.. Ти благодарам што ме благослови да бидам една мегу ретките чеда твои кои понизно ја примаат твојата љубов која во срце ми гори..
Ти се поклонувам и молам те*е Боже мој, да ме чуваш од злото, да ме пазиш од секоја упатена мисла, Јас понизното чедо твое..

Изменето од natalija
Кон врв
Miralem Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 08.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 1056
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Miralem Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Март.2006 во 15:48

Se' svoi zborovi.

Gospode cuvaj me. Gospode nahrani me. Gospode vardi me od zlo. Gospode...............

Dali nekade vo Biblijata pisuva kako da se molime na Boga ?? Da ne dojde istoto prasanje. Bog e na sekade i sekade covek moze da mu se pomoli. Ne e bitno dali oral ili kopal,bil necist so zemja (za onie koi zemjata necista ja napravija,ako Voda nema,Abdest se zema so zemja). Moze znaci covek na sekade da mu se pomoli na Boga. No dali nekade Bog vo biblijata ostavil kako da mu se pomolite. Stanuva zbor za DOLZNOST prema BOGA. Nekade vo Qur'anot procitav deka nekoj Ovcar,na Musa a.s mu rekol: Koga bi go videl Allah dz.s bi go miluval,bi go neguval,bi go ceslal,pa zel edno jagne i pocnal na nego da pokazuva kako bi go Miluval i Stvoritelot. Musa a.s go skaral i mu rekol: "Bog ne e toa pa taka so nego da postapis" A Bog go skaral na Musa a.s i mu rekol: Koga robot mi bese naj blisku,ti mi go oddaleci. (Za onie koi se fakjaat za poedini zborovi).

Ovcarot znae kolkava ljubov ima prema ovcite i jagninjata. Toj go poznava,odgleduva,se grizi za niv... Toj svojata ljubov prema Stvoritelot sakal da ja pokaze ljubovta sto TOJ JA IMAL,onakva kakva sto toj poznaval.

Nie sekogas vo sekoe vreme go spomnuvame Boga i barame od Nego zastita,molitvi kakvi sto vo site postovi stavivte. Za toa nemame nekoi dolznosti toa sekogas i sekade go pravime. Klanjame i koga sme na pat,vo avtobus,kibla nemozes da mu znaes,no za se imame upatstvo. Ona sto sme DOLZNI toa ni naredil Allah da go pravime. I ne go pravi toa prav Musliman zatoa sto mu e NAREDENO i deka e PRIMORAN. Praviot vernik toa so SETO ZADOVOLSTVO go pravi.

Rabija El-devija rekla: Ne baram Dzennet od Tebe Gospodaru moj za sebe,da bi uzivala vo nego,tuku da ti go vidam "liceto".

Кон врв
Pravoslavie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Октомври.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1732
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pravoslavie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Март.2006 во 16:11

Евангелие според Матеј, глава 6

5 “И кога се молите, не постапувајте како лицемерите кои сакаат да се молат, стоејќи по синагогите и на аглите од улиците, за да ги видат луѓето. Вистина ви велам, само тоа им е наградата. 6 А ти, кога се молиш, влези си во својата соба, и откако ќе ја затвориш вратата, помоли Му се на твојот Татко Кој е во тајност, а твојот Татко Кој го гледа тоа што е тајно, ќе те награди. 7 А кога се молите, не повторувајте празни зборови како другите народи, бидејќи мислат дека молитвата ќе им биде сослушана и исполнета, заради многуте зборови. 8 И така, не бидете како нив, зашто вашиот Татко знае што ви е потребно уште пред да Му се помолите.

9 Туку молете се вака: Татко наш, Кој си на не*есата, нека се свети Твоето име;

10 Нека дојде Твоето царство, нека биде Твојата волја на земјата,така како што е на небото;

11 нашиот насушен леб, дај ни го денес;

12 и прости ни ги нашите долгови, како што ние им ги простивме на нашите должници;

13 и не воведувај не' во искушение, но избави не' од лукавиот. Зашто Твое е царството, и силата, и славата, во век и веков. Амин!

14 Зашто, ако вие им ги простите на луѓето нивните престапи, вашиот не*есен Татко ќе ви ги прости и вам. 15 Ако вие не им ги простувате на луѓето нивните престапи, ни вашиот Татко нема да ви ги прости вашите.“

----

Евангелие според Лука, глава 11:

1 А кога се молеше на едно место и кога престана, еден од Неговите ученици Му рече: „Господи, научи не' да се молиме, како што и Јован ги научи своите ученици!“

2 А Тој им рече: „Кога се молите, изговарајте: “Татко, нека биде свето Твоето име! Нека дојде Твоето Царство!

3 Нашиот насушен леб, давај ни го секој ден!

4 Прости ни ги нашите гревови, зашто и ние самите му ги проштаваме на секој должник! И не воведувај не' во искушение!“

5 И им рече: „Ако некој од вас има пријател и појде кај него на полноќ, и му рече: ‚Пријателе, дај ми на заем три леба, 6 зашто ми дојде пријател од пат, а немам што да ставам пред него‘, 7 а оној однатре му одговори: ‚Не додевај ми, вратата е веќе затворена, а децата ми се со мене в постела, не можам да станам да ти дадам‘, 8 ви велам, ако и не би станал да му даде затоа што му е пријател, ќе стане заради неговото настојување и ќе му даде колку што му треба.

9 А Јас ви велам: ‚Молете и ќе ви биде дадено! Барајте и ќе најдете! Чукајте, и ќе ви биде отворено! 10 Зашто секој кој моли, прима; и кој бара, наоѓа; а на оној кој чука, ќе му биде отворено.

11 И кој е оној татко меѓу вас, што ќе му даде на својот син камен, ако побара леб? Или, ако побара риба, да му даде место риба, змија? 12 Или ако побара јајце да му даде скорпија? 13 И така, ако вие кои сте зли, можете да им давате добри дарови на своите деца, колку повеќе не*есниот Татко ќе им го даде Светиот Дух на оние кои Го молат?‘

-----

има нешто нејасно, Miralem?



Изменето од Pravoslavie
Да погледнеме околу нас, таму има МНОГУ СТРАДАЛНИЦИ. Да им помогнеме!
Оди на подфорумот Хуманост на дело
Запамети, ЉУБОВТА ДЕЛОТВОРИ!!
Кон врв
Miralem Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 08.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 1056
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Miralem Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Март.2006 во 19:30

Pravoslavie,ti blagodara. No,izgleda tebe ne ti bese jasno ona sto sakav da prasam.

Gledaj.

Na kogo ke mu bidat dadeni ove cetiri raboti,dadeno mu e dobro i na idniot svet: Srce koe mu e blagodarno na Allah dz.s,Jazik koj na Allah zikir 9molitva) mu pravi,Telo koe e trpelivo na iskusenija;sopruga koja nema da go izneveri svojot maz,tuku ja cuva svojata cest i negoviot imot. (Tebari)

Kaj Allah dz.s na Sudniot den,naj dobri ke bidat onie koi naj mnogu Zikr pravat. (Ahmed)

Od zborovite "la ilahe illallah" nema podobro delo.nitu pak izgovaranjeto na tie zborovi zad sebe grev ke ostavi. (Ibn Ma'dze)

Pravenje zikr kaj Allah dz.s e povredno od delenje sadaka (Muslim)

Zikrot e lek za srceto (Dejlemi)

Jas sum so mojot rob kade i da me spomne i se' dodeka ustata so jazikot ja drzi (Ahmed)

Higienata e golem del od Imanot.Zborot "elhamdulillah"go polni namazot. Zborot "Subhanallah welhamdulillah" go potpolnuva prostorot pomegju nebesata i zemjata. Milostinata e jasen dokaz.Strpelivosta e sjaj. Qur'anot e jak argument za tebe ili protiv tebe. Sekoj covek raboti i se trudi za nesto.No nekoj ke se otkupi sebesi i svojata dusa,pa ke ja oslobodi,a nekoj ke ja prodade i ke ja upropasti. (Muslim)

Ebu Musa prenesuva: "Patuvavme zaedno so Allahoviot pratenik.Po pat nekoi pocnaa na glas da ucat Tekbir. Muhammed a.s gi opomena i im naredi vo sebe da ucat.Im rece:-A zarem mislite deka se obrakjate na gluv i otsuten ? Vie se obrakjate na Onoj koj e blisku i Koj se' slusa.

Poslusnosta kon Allah navistina e ednostavna,no nema nikoj da uspee vo preteruvanje na toa,a toa da ne go sovlada. So toa bidete umereni,pravilni i vo nisto ne preteruvajte ! Raduvajte se na radosni vesti i barajte pomos so poslusnost na Allah molejki go nautro,navecer i na krajot od Nokta.(Buhari,Nasia)

Sejtanot nastojuva da zavladee so srceto na Covekot. No srceto negovo koga ke pocne so Zikrullah,sejtanot se vrakja razocaran.  (Nesia)

Ovoj svet e prokolnat. Prokolnato e se' sto e na nego,osven Zikrot Allahov i poslusnosta Nemu,pa ucenite i ucenicite. (Tirmizi)...........

Delovi za kakvi sto nema kraj. Sto e Zikr ??? Zikr e spomnuvanje na Allah dz.s,vo sekoe vreme i na sekoe mesto. Ova Allah ne ni go ZADOLZIL. Kolku ke baras od Allah dz.s tolku ke imas. Znaci,sega,koga ne e vreme od Namaz,Allah me nema zadolzeno da velam Subhanallah (Prosti mi Gospode) za toa ako sum ti gresil preku den. Ili Elhamdulillah (Ti blagodaram Gospode) sto si mi dal denes toa sto sum imal. Za toa sami sme svesni deka treba da se zablagodaruvame. Allah ke gi nagradi tie sto se zablagodaruvaat i oprost baraat. No NAMAZ. Zadolzitelno nesto. NAMAZOT E BORDZ.  Pratenikot Muhammed a.s preporacuva,da covek,koga obavuva namaz ubavo mirisa,primerno da izgleda,no ako ne e vo moznost,nemora,no NAMAZ mora da OBAVI. I Toa onaka kako sto ALLAH naredil.

Ti zboruvas za "Zikr".  Prasav za PROPISI. Dali ima PROPISI. Sekako deka koga mu se molis na Allah treba toa cisto da go pravis,bez licemerie,so cist duh.... Eden dobar vernik i posle namaz,dodeka raboti,pravi Zikr ili odvojuva vreme za toa. Iako ne e ZADOLZEN. No PROPISITE se OBAVEZNI. Toa ni e BORDZ koj treba da go VRAKJAME.

Ako zemam da ti pisam Zbirka na Dovi,od slicen tip na ona sto go navede,togas mozam da go preplavam Forumot. Oti nam Pratenikot ni ostavil,za da se zastitime od Sejtanot,sto treba od Allah da pobarame,duri i koga pred ogledalo zastanuvame,koga jademe,koga pieme,koga legnuvame,koga stanuvame,koga cevlite gi oblekuvame,za SE'.

Se nadevam deka sum Jasen.

Vo Sekoj slucaj ti blagodaram.  

Кон врв
krale Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Јануари.2006
Статус: Офлајн
Поени: 923
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај krale Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Март.2006 во 19:51
Јасен си Миралем. Тоа што те*е не ти е јасно е дека се давиш во правила во кои нема суштина. Не ти, туку исламот. Како што реков веќе милион пати, смешно, тратично дури е да се омаловажува толку Господ за да се смета дека нему треба да му се вртиме оваму или онаму, да му се клатиме вака или така за тој да биде задоволен. ГОСПОД Е ГОСПОД бре Миралем. Господ! Еден и единствен. Свет, семоќен, над се. Поседува се. Знаеш ли што сме ние за Господ? Мравки. Какви мравки, и тие се повеќе, ако ја земеме нивната важност за човек. ТОлку сме му ние суштински важни и потребни на Господ. Нула. Да не е Неговата љубов. Ако љубовта, што бара? Љубов меѓу маж и жена на пример. Мажот ќе и нареди на жената да му кажува дека го сака и тоа да стои на овој или оној начин, да се врти наваму или натаму и тоа ќе го направи среќен ако навистина ја сака? Глупост! Ако навистина ја љуби, единствено нешто што ќе бара, единствено нешто што ќе сака ќе биде искрено да го љуби и таа. А штом искрено го љуби, самата ќе наоѓа начини да му искаже колку љуби. Самата. Е тоа е разликата меѓу нас и вас. Вие сте задавени во правила кои мислите дека на Бог му се важни. Но тој за таквите не дава ни пет пари. Ние пак, имаме се разбира прописи, но МНОГУ МНОГУ МНОГУ МНОГУ поважна е искрената љубов бидејќи таа самата пронаоѓа начини како да му се молиме, како да го прославуваме, како да му се потчиниме.

Гледаш колку е повозвижено христијанството? Гледаш зошто учењата на Коранот не само што се примитивни, туку го омаловажуваат бог? На Бог вашите тврдења му се смешни, бидејќи тој бара искрено покајание и дух, а не закони до гуша без никаква суштина. Џабе, џабе ти се сите правила да би ме удавила во Коранот. Тие не му требаат на Господ. Тој има се, зарем вашите смешни клањања ќе го направат среќен? Еј, што правите од Господ Миралеме? Какво омаловажување му правите. Какво понижување. Господ е Господ, а не човек. Разберете го тоа.
Кон врв
Miralem Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 08.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 1056
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Miralem Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Март.2006 во 21:00

Krale,se vrti na moeto. Hristijanstvoto e znaci,vera bez pravila,vera vo koja moze sekoj kako sto saka da si pravi. Ne e bitno vremeto,ne se bitni dokazite,ne e bitno kako ke se molis,ne e bitno kako ke postis,ne e bitno vo kolku Isus bil raspnat,ne e bitno kade bil raspnat,ne e bitno sto nikoj ne go videl Isus i ne bil prisuten do kraj,nikoj nisto sto ne znae.... Nisto bitno ne e.

Drugo. Begas od temava. Gospod e Gospod. Znam,no vo drug post ke mi napises "Gospod e covek" kako sto go imas napisano do sega. Gospod e bogocovek. Znam,nie sme kapka vo moreto. Ne mi gi kazuvaj tie raboti. Zboruvame za molenjeto... ne letaj so pametot ziti se. Drzi se za temava. Otvori nova "sto e Gospod" ke prajme za toa tamu muabet.

Кон врв
krale Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Јануари.2006
Статус: Офлајн
Поени: 923
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај krale Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Март.2006 во 23:53
Ти повторно избегнуваш да одговориш на тоа што јас го кажав. Не дали има правила или не. И еден родител има правила за својот син. Но тоа што е многу многу многу повозвишено е синот да го љуби и почитува таткото. А знаеш што: син кој го почитува и сака татка си (иако ги има) не му се потребни правила бидејќи самиот сака да му задоволи. Така и вистинскиот верник - тој е одвнатре препороден да му задоволува на Бог. Правилата се тука, но тие се само за оние кои се уште не научиле потполно како да ја извршуваат Божјата волја. Не си прави во христијанството секој како што сака и верува во се што сака, туку се учиме сите на искрена љубов кон Отецот. Кога таа љубов ќе стане совршена, ќе правиме се како што Тој сака. Дури е вчудоневидувачки како не разбираш колку повозвишен е овој концепт.

Ех Миралем Миралем, се вртиш во круг. Постојано со истите обвинувања: исус не е бог, итн., а не можеш да согледаш ни грам колку сте изгубени во тие правила без суштина во исламот. Глупав го правите алах. Зарем тој со клатења се задоволува? Зарем таткото го учи синот да се врти наваму или натаму, или да зборува вака-или-така? Не, тој посакува синот да го почитува. Го омаловажувате Господ, го правите помал и еден човечки татко. ТОа е проблемот. Се молите кон Бога како тој да е некој деспот, диктатор, а не Отец кој не љуби и кој копнее за нашата љубов кон Него. Страшно е колку го срамотите Бог со ваквите правила. Многу го ограничувате, премногу малечок го правите. Него не му требаат вашите вртења наваму или клатења натаму, бидејќи ТОЈ ИМА СЕ!!! Разбери го тоа. ИМА СЕ! Се што сака е возвраќање на љубовта која ни ја дава. А љубовта е таква, иако очигледно не си ја искусил, што САМАТА САКА ДА ПРАВИ ДОБРО КОН ОНОЈ КОГО ГО САКА.

Нека е прославен Нашиот Господ Исус Христос што не возљуби, не избра, не искупи и ќе не прослави. Нему слава и почит, за век и веков. Амин.
Кон врв
Pravoslavie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Октомври.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1732
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pravoslavie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Април.2006 во 14:46
Свети Симеон Нови Богослов
 
ХИМНИ
LVI

 „
Господи, дај ми разум, Господи, дај ми знаење,
Господи, поучи ме заповеди да Ти вршам!
Иако ко човек згрешив, знаеш, па и појќе од човек,
но Ти, Боже мој, по Твојта својствена милост
ме помилува ништиот, мене сиракот в'светот,
и го стори, Владико, она што сал Ти го знаеш.
Од татко и браќа, од роднини и пријатели,
од родната ми земја, од домот мој родителски,
како од мрачниот Египет, ко од адот длабок
(вака Ти ми наложи мене, на бедниот Твој раб,
да мислам и говорам разумно за тие нешта),
ме оддели, Благоутробни, и ме прифати,
та штом ме фати со страшната Ти рака,
ме поведе кај оној за кој благоволи да ми биде отец
на земјата, ме фрли при нозе му и прегратки.
А тој, пак, ме приведе кон Твојот Отец, Христе мој,
но и кон Те*е низ Духот, о Троице, Боже мој.
Така јас, плачејќи ко блудниот син, Ти припаднав,
о Слово, како што Сам знаеш, оти ме поучи,
и не ме обездостои син Твој да ме наречеш.
О недостојна ми уста и погани ми усни,
о слова на скуден јазик немоќен да Те слави,
да Ти благодари, да искаже Твојте добрини,
кои ги стори во мене сиракот и странецот,
туѓинецот на земјата. Та Твои се странците
на светот, а се Твое и на Твојте, очи не го гледаат,
јазик не го збори, светот не го збира.
И токму затоа, Владико, нас не мрази светот,
не гони, злослови, ни завидува, беснее и
не убива, во сево ова попаѓа против нас,
а ние, смирените Ти раби, ко што повела,
во немоќта сме силни, во скудноста сме богати,
в'секоја скрб се радуваме, бивајќи вон светот.
Ние, Владико, с'Те*е сме, а свет тело ни држи.
Ама се мами тој слепец, имајќи сал едно грне,
кое и не ќе го добие, зашто ко што вети,
при последната труба и тоа ќе е духовно,
па тогаш само своите зла ќе ги задобие,
сосе истомисленици и слепи светољупци“.


Изменето од Pravoslavie
Да погледнеме околу нас, таму има МНОГУ СТРАДАЛНИЦИ. Да им помогнеме!
Оди на подфорумот Хуманост на дело
Запамети, ЉУБОВТА ДЕЛОТВОРИ!!
Кон врв
elizabeta Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Септември.2006
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 27
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај elizabeta Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Септември.2006 во 20:27
блог со молитви
 
 
 
 
 
 
Кон врв
oblachinja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 12.Март.2006
Локација: United Kingdom
Статус: Офлајн
Поени: 4990
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај oblachinja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Ноември.2006 во 00:13
JAS NAJCESTO SE MOLAM SO ZBOROVITE,,ZNAM DEKA SUM GRESNA NO  TI SE MOLAM POMOGNIMI ILI ZASTITI ME ILI POMOGNI VO OZDRAVUVANJETO ILI...........ZATOA SHTO TI SI MOJOT EDINSTVEN BOG I TI IM PROSTUVASH NA GRESHNTE
Кон врв
аџија Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 5474
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај аџија Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Ноември.2006 во 07:49
Прекрасно белег...
Кон врв
belichka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 2023
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај belichka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Ноември.2006 во 12:25
 
Gospodi, Gospodi pogledni od neboto i vidi, poseti i spasi go ova lozje ssto go nasadi Tvojata desnica....
najnajnajmolitveno ja imam slusnato od Negovoto Visokopreosvestenstvo mitropolit Bregalnicki sega mislam povardarski dedo Agatangel...


Изменето од Nela Bella - 27.Ноември.2006 во 12:26
Кон врв
mali simo Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1132
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mali simo Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Ноември.2006 во 12:29
Gospodi Isuse Hriste , sine bozji , pomiluj me mene gresniot
ХРИСТОС ВОСКРЕСНА ОД МРТВИТЕ СО СМРТА СМРТА ЈА ПОБЕДИ И НА ТИЕ ВО ГРОБОВИТЕ ЖИВОТ ИМ ДАРИ

Кон врв
mali simo Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1132
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mali simo Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Ноември.2006 во 12:36
dostojno e , navistina blazena da te narekuvame tebe Bogorodice , sekogas blazena i se besprekorna i majka na nasiot Bog. Pocesna od Heruvimite i nesporedlivo poslavna od Serafimite, Tebe sto Boga Logosot netleno go rodi vaistina Bogorodice , nie te velicame


ХРИСТОС ВОСКРЕСНА ОД МРТВИТЕ СО СМРТА СМРТА ЈА ПОБЕДИ И НА ТИЕ ВО ГРОБОВИТЕ ЖИВОТ ИМ ДАРИ

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234 21>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,203 секунди.