IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Политика и вести
  Активни теми Активни теми RSS - ОМО ИЛИНДЕН - ПИРИН
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

ОМО ИЛИНДЕН - ПИРИН

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 25>
Автор
Порака
Makedonski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Ноември.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 113
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Makedonski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: ОМО ИЛИНДЕН - ПИРИН
    Испратена: 27.Октомври.2006 во 16:40

Соопштение

 

 

ОМД ГИ ПОВИКУВА МАКЕДОНСКИТЕ ВЛАСТИ ВО ОДБРАНА НА МАКЕДОНСКОТО МАЛЦИНСТВО И МЕЃУНАРОДНОТО ПРАВО

 

 

Вашингтон, сад Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) ги поздравува одлуките и изјавите на Претседателот на Република Македонија, г-динот Бранко Црвенковски, и на министерот за надворешни работи, г-динот Антонио Милошоски, во врска со уставната обврска на Република Македонија кон македонските малцинства во соседните држави, за кои, како што потсети министерот Милошоски “Рамковната конвенција на Советот на Европа, најдецидно предвидува дека заштитата на националните малцинства веќе не е внатрешно прашање на државите, туку област на меѓународна соработка.”

 

Како организација чија мисија е поврзана со состојбите на македонските заедници ширум светот, вклучувајќи ги и македонските малцинства во соседните држави, ОМД во целост ги поддржува определбите на македонските државни институции конечно јавно да се заложат за правата на  Македонците во соседните земји.   ОМД бара декларативната поддршка на македонските власти да биде конкретизирана со активности во меѓународните институции, но и со конкретна поддршка и средби со македонските организации во соседните земји.

 

ОМД смета дека досегашната неангажираност на македонските власти околу македонските малцинства, стравувајќи дека каква било акција би била сфатена како мешање во внатрешните работи на соседите, ќе биде минато.   Впрочем, ниту македонските власти, ниту пак меѓународните институции, не ги осудија средбите што редовно се одржуваат помеѓу албанските власти и претставниците на македонски Албанци, или пак сличните активности на бугарските државни агенции кои постојано ги помагаат Бугарите во странство.   Неприкосновено право на секоја матична држава е да се грижи за своите сонародници.

 

Обединетата Македонска Дијаспора предупредува дека се алармантни актуелните политички случувања во соседните држави, каде во пораст се ултранационалистичките партии кои директно вршат притисок врз македонското малцинство. Исто така, загрижувачки се и последните малтретирања и заплашувања од страна на бугарските власти врз потписниците на ОМО Илинден ПИРИН со цел да се спречи регистрирањето на оваа партија.   Затоа, нашата организација ги повикува македонските власти итно да реагираат на овие конкретни нарушувања на човековите права кои се спротивни на неодамнешните одлуки на Европскиот Суд за човекови права. Македонците во соседните држави се постојано репресирани и крајно време е да се актуализира ова прашање.

 

Основана во 2004 г., Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) е меѓународна членска организација лоцирана во Вашингтон, САД, која ги застапува интересите и потребите на македонците и македонските заедници во светот.

 

Makedonija na Makedoncite!
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Октомври.2006 во 21:44
Ова нема некоја врска со Пиринска Македонија но нека биде показател за к*раж на нашите таму.

Сенатот на сојузната американска држава Илиноис усвои резолуција со која се признава правото на македонскиот народ да го зборува мајчиниот јазик, да посетува училишта и цркви каде што се користи македонскиот јазик, да ги практикува своите обичаи, да се нарекуваат себеси Македонци и да им се признаат сите човекови права пропишано со меѓународното право.

Усвојувањето на оваа промакедонска резолуција е производ на лобирањето на Македонската патриотска организација во САД, која пред неколку години го отстрани предзнакот пробугарска истерувајќи ги од членство сите оние кои лобирале за Бугарија. "Од како Македонија доби независност во 1991 година од Југославија, македонскиот народ е под удар на неговите соседи кои се обидуваат да го негираат правото на Македонците да го користат нивното етничко наследство, забранувајќи им да го зборуваат нивниот јазик и практицирањето на обичаите и традицијата, па дури и знамето кое го сменија", изјавил претседателот на МПО, Крис Иванов.

Во Илионос живеат илјадници Македонци.


Кон врв
bojan81 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 16.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 531
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bojan81 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Октомври.2006 во 18:07

Бугарскиот амбасадор во Македонија, Михо Михов за Радио Слободна Европа изјави, дека само Европската Унија може да ја праша Бугарија дали Македонците имаат право да се кандидираат на избори со свои партии во Бугарија, сега кога земјата е на прагот на Унијата.

„Вие ги прикажувате нештата како да се вистина. Најмалку, Македонија и вие како медиум можете да и поставувате вакви прашања на Бугарија, која е веќе член на Европската унија. Тоа прашање на Бугарија може да и го постави само Европската унија. И тоа е внатрешно прашање на Бугарија, а не на односите меѓу Македонија и Бугарија, а амбасадорот е тука за да ја утврдува надворешната политика на Бугарија и добрососедските односи“, изјави амбасадорот Михов.

Во врска со случувањата на последното чествување на гробот на Јане Сандански и протестната нота од македонското Министерство за надворешни работи, Михов негира, дека поранешната министерка Илинка Митрева му врачила протестна нота, оценувајќи дека се работи за измама и лага можеби диктирана од македонските медиуми.

„Категорично тврдам, јас не сум добил нота, а и немаше основа за нејзино врачување, зашто тоа за што прашувате се внатрешни бугарски односи, а амбасадорот на Република Бугарија е тука за да ја утврдува надворешната политика на Бугарија спрема Македонија, а не да дискутира за внатрешни проблеми на Бугарија. Што се однесува до чествувањето, моето мислење е дека тоа ќе продолжи и во иднина, но на поодговорно државно ниво“, рече амбасадорот на Бугарија во Македонија.

Михов смета дека барањата за бугарско државјанство, од страна на македонски граѓани не се застрашувачки ниту за бугарската, ниту за македонската Влада и држава. Според него, во последните пет години, поднесени се повеќе од 30.000 документи за добивање бугарски пасош, но државјанство добиле 9.834 македонски граѓани.

„Тоа е едно правилно изразување на волјата на македонските граѓани, кои се чувствуваат Бугари и сакаат да го добијат тоа државјанство, додаде бугарскиот амбасадор во Македонија Михо Михов во интервјуто за Радио Слободна Европа.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Ноември.2006 во 16:37
Борбата не е готова борбата само што почна,Бугарите по најсрамниот пораз пред судот во Стразбург каде што беа казнети парично повторно го негираат Македонското малцинство во Пиринска Македонија но борбата сеуште не е готова.Wink

АКЦИЈа против бугарската политика

Европската Алијанса ќе се бори за ОМО Илинден ПИРИН

Македонците во Бугарија не се сами, тие имаат сојузници во Европа, битката не е завршена, порачуваат од ЕФА

Битката за ОМО Илинден ПИРИН не е завршена, иако така изјави бугарскиот министер за надворешни работи Ивајло Калфин, порачуваат од Европската слободна алијанса (ЕФА). Бугарија мора еднаш засекогаш да ги признае националните малцинства во земјата и да им дозволи да ги бранат и да ги промовираат својот јазик и култура со демократски средства, изјави за „Дневник“ Џоан Бернат, европарламентарец од ЕФА, коментирајќи ја одлуката на бугарскиот суд да не ја регистрира партијата на Македонците во Бугарија.

Неодамна судот во Софија најде повеќе административни проблеми во процесот на регистрацијата на ОМО Илинден ПИРИН, при што пресуди дека не се исполнети сите услови за нејзино регистрирање. Иако раководството на партијата собра повеќе од потребните 5.000 потписи, сепак, тоа не беше доволно државата да ја запише во регистарот на политичките партии во Бугарија.

- Ова е многу лоша вест за либерално-демократските принципи. Одлуката на судот со која се негира правото на македонското малцинство политички да се организира, е во линија на ултранационалистичката политика што бугарската држава ја спроведува во последните децении. Но Бугарија сега ќе стане членка на ЕУ и треба да ја смени политиката на дискриминација, политика за која нема место во ЕУ - изјави Бернат.

По коментарите во македонските медиуми за одлуката на софискиот суд, бугарскиот министер за надворешни работи Ивајло Калфин изјави дека владата ја плати паричната казна што ја одреди Судот во Стразбур и со тоа ја завршила работата со политичката партија на Македонците.

- Тоа воопшто не е точно. Прашањето нема да се затвори се' додека работите со ОМО Илинден ПИРИН не се доведат во нормала. Тие имаат сојузници во Европа, битката не е завршена - порачува европарламентарецот Бернат.

Од парламентарната група ЕФА, која е европски гласноговорник на малцинствата, информираат дека побарале средба со еврокомесарот за проширување Оли Рен за да зборуваат за проблемот, а се размислува и за други акции.


Кон врв
bojan81 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 16.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 531
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bojan81 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Ноември.2006 во 02:17
Добра шанса е сега да се изврши притисок врс Бугарија да им дозволи на омо илинден да регистрира партија. При влегување на Бугарија во е еу ќе биде спремна да направи отстапки со што може Македонија со мал притисок да добие дозвола за регистрација на ОМО Илинден. 
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Ноември.2006 во 02:49
Мислам дека од лично искуство не би требало Македонија(владата)да се меша во Бугарските работи поубаво е ЕУ тоа да го заврши а како што оди ке биде завршено Бугарија нема каде да бега со ОМО мора да ги признае или доживотно ке плаќа казни и тоа се поголеми и поголеми.Сепак како ни беше на нас кога Српската влада се замеша со работата на Вранишковски,тоа би било поголем проблем и лош дипломатско политички проблем сега само треба да гледаме од страна и да им се ситиме на Бугарите колку нејкат м,акедонска партија а колку мора да ја имаатLOLLOL
Кон врв
дуле Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 11.Ноември.2006
Статус: Офлајн
Поени: 973
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај дуле Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Ноември.2006 во 16:58
Буги, какви битки сануваш? Тиа от ОМО да си фанат еден кадрен адвокат да им изготви документите и да спазат процедурите. Толкува е лесно, ама они са ахмаци... Или нарочно праат да не им излезе регистрациата за да се пишат жртви оти ке се види че са плни маргинали - крчмарски патриоти.
Иначе им пожелувам на ОМО да се регистрираат, та да ги видим што чинат...

Изменето од Анастеа - 12.Септември.2009 во 22:49
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Ноември.2006 во 17:09
Исто и јас им посакувам да се регистрираат но Бугарија ке има голем проблем ако признае Македонско малцинство затоа и ги руши постојано.Како и да е Европскиот комитет за Малцинства е застанат зад ОМО и нема да трае долго додека да бидат признаени верувај па може и Бугарија да влезе у ЕУ нели е ЕУ има стандарди тогашБугарите ке мора да ги слушаат што ЕУ ке кажат како што ја слушаа Русија до пред неколку годиниLOLLOLLOL
Кон врв
bojan81 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 16.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 531
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bojan81 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Ноември.2006 во 13:31
ЕУ и Европскиот суд за човекови права да интервенираат за почитување на човековите права на македонското малцинство во Бугарија.


Ова денеска го побараа Обединетата македонска дијаспора и Македонското меѓународно движење на човекови права со цел бугарската влада да ја почитува пресудата од Европскиот суд за човекови права од 25 октомври 2005 година.

ОМД и ММДЧП во соопштението наведуваат дека бугарската влада не ја признава слободата на здружувањето и изразувањето на македонското малцинство, со тоа што на почетокот на месецов ја одби валидната апликација на „ОМО Илинден ПИРИН“ за регистрација како политичка партија.

Според ОМД и ММДЧП, ова е непочитување на неодамнешната пресуда на Европскиот суд за човекови права дека Бугарија го прекршува правото „ОМО Илинден ПИРИН“ за слободата на здружување оти треба да и биде дозволено да се регистрира како политичка партија.

Кон врв
bojan81 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 16.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 531
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bojan81 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Ноември.2006 во 01:41

Вознемиреност во Софија околу предлог во ЕП за Македонците во Пиринско

Софија/Стразбур /14/11/ 14:31

Предлогот ЕП да ја повика Бугарија да ја регистрира партијата на Македонците ОМО Илинден ПИРИН, предизвика вознемиреност во бугарската политичка јавност.

Синоќа во Европскиот парламент, кој започна редовна ноемвриска пленарна седница, во последниот мониторинг извештај за Бугарија пред нејзиниот прием во Унијата, беше внесен предлог, Софија да ја регистрира партијата на Македонците ОМО Илинден ПИРИН и да ги гарантира правата на македонското малцинство.

„Бугарските власти се повикуваат да гарантираат дека повеќе нема да бидат создавани пречки за регистрација на политичката партија на етничките Македонци и да стават крај на сите видови на дискриминација и малтретирања насочени кон тоа малцинство“, се наведува во дополнувањето на мониторинг извештајот.

Извештајот е изготвен од британскиот евро пратеник Џефри ван Орден, а барањата за партијата на Македонците се внесени во параграфот 13, од име на европратениците Милан Хорачек, Јоост Лагендајк, Ангелика Беер и Елс де Груен.Image%2027898

Еден од предлагачите Елс де Груен, изјави денеска за бугарската агенција „Фокус“, која опширно информира за оваа вест, „дека предлогот не е политички“.

„Причините поради кои настојуваме за таква поправка (на извештајот) се поврзани со човековите права“...„Не сакам да влегувам во политизирањето на тоа прашање. Вие ме познавате како човек кој го поддржуваше и турското и ромското и другите малцинства во вашата земја“, изјави Де Груен, пратеник во парламентарната група на Зелените.

Во точката „Б“ на истиот параграф за прашањето на македонското малцинство, е предвидено Европската комисија да оствари блиска контрола пред и по примањето на Бугарија во Унијата, во делот на гарантирањето на правата на националните малцинства.

Ваквиот предлог денеска наиде на остра осуда и спротивставување од претставници на бугарски владеачки и опозициони политички партии, при што се наведуваат најразлични аргументи.

Доминираат аргументите дека предлогот е непринципиелен, „зашто не постои македонско малцинство“, дека „ЕП има 700 пратеници и оти ставот на тројца - четворица не значи ништо“, дека Социјалистите и Народните партии по ЕП нема да ја поддржат ваквата поправка на мониторингот, па се до ставот на Демократите за силна Бугарија на екс премиерот Иван Костов, кои дури се повикаа на Декларација потпишана помеѓу Костов и екс-македонскиот премиер Љубчо Георгиевски од 1999.

Бугарските евронабљудувачи во ЕП Марија Капон, Димитар Абаџиев и Мартин Димитров уште синоќа испратиле писмо до сите пратеници на ЕП.

Тие во писмото изјавуваат дека се против тој текст, оценувајќи го како „недопустлив". Според бугарските евронабљудувачи, текстот е „обид за притисок врз независната судска власт, а говори за македонско малцинство, какво во Бугарија никогаш немало".

Неодамна, Софискиот суд повторно ја одби регистрацијата на ОМО Илинден ПИРИН, укината во 2000 година, откако освои две селски општини во Пиринска Македонија, наведувајќи серија бирократски забелешки.

Партијата во своја полза има пресуди од Европскиот суд за човекови права од Стразбур, со кои е потврдено дека Бугарија го прекршила основното човеково право, правото на слободно здружување.

За официјална Софија, искажана преку ставови на шефот на дипломатијата Иваило Калфин, проблемот е решен, со самото тоа што Бугарија ја платила паричната казна наложена во пресудата од Стразбур
Кон врв
bojan81 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 16.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 531
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bojan81 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Ноември.2006 во 12:42
Бугарија деневове врие од антимакедонсак хистерија, одкога неколку пратеници од ЕП побараа да се гарантира регистрација на ОМО илинден Пирин. 
Кон врв
Baron Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 14.Септември.2006
Статус: Офлајн
Поени: 92
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Baron Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Ноември.2006 во 23:18
Bojane, od kade si slusnal za antimakedonska histerija?
Jas citam preku internet i nasi i nivni vesnici i nisto takvo ne vidov...'
Pa neli nema makedonci?
Togas, kako mozes da bides histericen protiv nepostoecka nacija?
Nesto ovde ne 'stima'
 
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Ноември.2006 во 00:36

БУГАРИЈА

Соломон Паси: ОМО „Илинден“ треба да се регистрира 

Прашањето за регистрација на ОМО „Илинден“ треба да се реши позитивно, оцени претседателот на Комисијата за надворешни прашања во бугарскиот парламент, Соломон Паси


Прашањето за регистрација на ОМО „Илинден“ треба да се реши позитивно, оцени претседателот на Комисијата за надворешни прашања во бугарскиот парламент, Соломон Паси.

- Самиот факт дека сите спорови за ОМО „Илинден“ се околу тоа дали таа партија треба да биде регистрирана или не, при што нема други проблеми, покажува дека нема друга алтернатива освен на оваа партија да и' се дозволи да биде регистрирана - изјави Паси за Дојче веле - Програма на македонски јазик.

За споредба Паси го посочи примерот со партијата што ги штити правата на турското малцинство во Бугарија.

- Таа активно учествува во политичкиот живот. Тоа јасно покажува дека една група луѓе, без разлика дали се поврзани врз етничка или друга основа и ако имаат доволно голема поддршка, можат да регистрираат партија што би учествувала во бугарскиот политички живот, според уставно одредените механизми - смета Паси.
Кон врв
maced_onian Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2006
Статус: Офлајн
Поени: 61
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај maced_onian Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Ноември.2006 во 11:40
Буги, ОМО ще бъде регистрирана в момента в който си попълни ГРАМОТНО документите и се окаже, че документите представят истината. Има си изисквания за тези документи.
В документите е имало фалшиви ЕГН-та, голяма част са попълнени от един и същ човек, а изискването на закона е всеки член да си го попълни сам. Доста други точки от закона не са спазили.

Не може да се регистрира партия, като тя самата не спазва закона. Уставът им беше противоконституционен, но вече си го коригираха. Сега просто остава да си напишат грамотно документите. Това е. Толкова е лесно.

Факт е обаче, че във връзка с отказа на съда да ги регистрира няма молба за обжалване на решението от страна на ОМО. Т.е. те самите не са обжалвали решението, защото са наясно, че документите им не са изправни.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 25>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,219 секунди.