IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > АРХИВА > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - ПОУКИ НА СВЕТИТЕ ОТЦИ
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

ПОУКИ НА СВЕТИТЕ ОТЦИ

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 7>
Автор
Порака
sard Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Октомври.2005
Локација: Прилеп
Статус: Офлајн
Поени: 1440
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sard Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: ПОУКИ НА СВЕТИТЕ ОТЦИ
    Испратена: 14.Јуни.2006 во 17:24
ПОУКИ НА ПУСТИНСКИТЕ ОТЦИ


Во една пригода, рече ава Григориј:
– Овие три работи Бог ги бара од секој човек што примил крштевање: од душата бара правилна вера, од устата вистина, од телото непорочност.


Раскажуваше ава Касијан:
Беше еден старец кого го служеше некоја света девица. Но луѓето озборуваа:
– Тие не се чисти.
Слушна старецот за ова. А кога требаше да умре, им рече на отците:
– Кога ќе умрам, засадете го овој стап на гробот; па, ако пушти лисја и донесе плод, знајте дека сум чист спрема неа, а ако не пушти лисја, знајте дека згрешив со неа.
Го засадија стапот, и на третиот ден тој пушти лисја и донесе плод. И сите го прославија Бога.


Некој монах дојде при ава Макариј Египетски, и му рече:
– Ава, кажи ми поука како да се спасам.
А старецот му рече:
– Појди на гробиште и почни да ги кудиш умрените.
И отиде монахот на гробиштето и почна да ги куди умрените и да фрла камења по нив. Кога се врати, му раскажа на старецот. А овој му рече:
– Ти кажаа ли нешто?
Монахот одговори:
– Не.
Старецот му рече:
– Појди повторно утре, и пофали ги.
И, откако повторно отиде на гробиштето, монахот почна да ги фали, велејќи:
– Апостоли свети и праведници.
Па се врати при старецот и му рече:
– Ги фалев.
А ава Макариј го праша:
– И ништо не ти одговорија?
Монахот рече:
– Не.
Тогаш старецот му рече:
– Гледаш ли, ги навредуваше и ништо не ти рекоа, и ги фалеше и пак ништо не ти одговорија; така и ти, ако сакаш да се спасиш, биди мртов: како и овие умрени, немој да ја имаш на ум ниту неправдата ниту славата човечка, и ќе можеш да се спасиш.


Говорел Ава Макариј: „Ако е понижувањето за те*е e пофалба, сиромаштијата – богатство,
а недостигот – изобилие, нема да умреш, зашто не може да се случи, оној што е правоверен и што се подвизува во благочестивоста да падне во нечистотијата на страстите и во демонска прелест.“
    

Изменето од sard - 14.Јуни.2006 во 17:28
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk
Кон врв
sard Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Октомври.2005
Локација: Прилеп
Статус: Офлајн
Поени: 1440
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sard Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јуни.2006 во 17:25
Еднаш ава Нистерој одеше низ пустина заедно со еден брат. Здогледаа некој ѕвер, та и двајцата побегнаа. Подоцна братот го запраша:
– Зарем и ти се плашиш?
А старецот му одговори:
– Не се плашам, чедо мое; но од полза ми е што побегнав, зашто во спротивно не би можел да избегам од духот на суетата.
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk
Кон врв
sard Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Октомври.2005
Локација: Прилеп
Статус: Офлајн
Поени: 1440
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sard Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јуни.2006 во 17:31
Му се исповеда некој монах на ава Пимен:
– Направив голем грев и сакам да поминам три години во покајание.
Му рече старецот:
– Многу е.
А монахот го запраша:
– А една година?
Овој му одговори:
– Многу е.
А присутните прашаа:
– А четириесет дена?
Старецот повторно одговори:
– Многу е.
Па додаде:
– Ви велам, ако човек се покае со сето срце и не продолжи да прави грев, за три дена Бог ќе го прифати.
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk
Кон врв
sard Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Октомври.2005
Локација: Прилеп
Статус: Офлајн
Поени: 1440
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sard Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јуни.2006 во 17:33
Го запраша ава Јосиф ава Сисој:
– Колку време му е потребно на човека за да ги отсече страстите?
Старецот му рече:
– Сакаш да знаш за времето?
– Да.
А ава Сисој му одговори:
– Во оној час во кој ќе се појави страста, веднаш пресечи ја.
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk
Кон врв
sard Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Октомври.2005
Локација: Прилеп
Статус: Офлајн
Поени: 1440
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sard Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јуни.2006 во 17:35
Рече ава Пимен:
– Како што чадот ги изгонува пчелите и тогаш се зема сладоста на нивниот труд, така и телесното задоволување го изгонува стравот Божји од душата, и i го одзема секое трудољубие.
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk
Кон врв
sard Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Октомври.2005
Локација: Прилеп
Статус: Офлајн
Поени: 1440
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sard Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јуни.2006 во 17:53
Ава Силуан и неговиот ученик Захариј беа еднаш во посета на некој манастир; пред да заминат од манастирот, ги натераа да каснат малку.
Кога се враќаа, ученикот најде извор и посака да се напие. А старецот му рече:
– Захариј, денес е пост.
А овој му возврати:
– Па нели јадевме, оче?
Старецот Силуан му одговори:
– Тоа што јадевме беше од љубов; а сега, чедо мое, се држиме до постот.
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk
Кон врв
Anai Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Јуни.2006
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 5
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Anai Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јуни.2006 во 18:21
Ги имам читано на Премин портал,
вистинско богатство,
ти ја препорачувам книгата Старец Силуан ...........
Кон врв
sard Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Октомври.2005
Локација: Прилеп
Статус: Офлајн
Поени: 1440
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sard Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јуни.2006 во 21:49
Да сум ја читал, ама одамна.
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk
Кон врв
Vlade Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 14.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 193
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Vlade Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Јуни.2006 во 12:18
Go prasale monasite eden starec: "Otec, zasto ti sekogas stois na prozorec koga tvojot brat gi pee psalmite?", A starecot odgovoril: "Zasto ne sakam nekoj da pomisli deka go tepam."Tongue
 
 
Eden mlad iskusenik go zaprasal svojot starec" "Otec, moram li sega celosno da go ostavam svetot?" A starecot rekol: "Ne se sekiraj, ako zazivees navistina hristijanski, svetot tebe ke te napusti."Shocked
 
Igumenot go zaprasal novodojdeniot iskusenik: "Ako imas tri zlatnika, bi im gi dal li na siromasite?" "Od se srce Otec!" "A, tri srebrenika" "Sekako." "A tri bakarni paricki?" "Ne." "Zasto ne?" se zacudil igumenot. "Zasto tolku imam."Wink
 
Nekoj zlonamerni postojano mu dosaduval na Starecot so svoite prasanja: "Zarem, ti Otec. veruvas vo toa deka Jona tri dena preziveal vo utrobata na kitot?" "Ne znam, ke go prasam koga ke go vidam vo rajot". "A sto ako e slucajno vo pekolot?" "Togas ti ke go prasas..."Clap
 
 
Кон врв
Pravoslavie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Октомври.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1732
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pravoslavie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Октомври.2006 во 17:32
Повелете ова е нешто многу вкусно.
Кликнете врз линков:

Старац Клеопа

ПУТ НЕБА

Живот и подвизи ~ Поуке и разговори



Изменето од Pravoslavie - 20.Октомври.2006 во 17:36
Да погледнеме околу нас, таму има МНОГУ СТРАДАЛНИЦИ. Да им помогнеме!
Оди на подфорумот Хуманост на дело
Запамети, ЉУБОВТА ДЕЛОТВОРИ!!
Кон врв
orto Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 13.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 916
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај orto Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Октомври.2006 во 23:59
http://www.bsn.org.yu

Изменето од orto - 23.Октомври.2006 во 00:46
(kоран 10, 94)
(аллах рече моамеду) Ako сумљаш у oно што ти oбљављујемо, упитај oне (Жидове и Кршчане) koji Читају Kњигу (БИБЛИЈУ), прије тебе објављену
Кон врв
Pravoslavie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Октомври.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1732
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pravoslavie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Октомври.2006 во 18:07

РАЗГОВОР СО СТАРЕЦ ПАИСИЈ СВЕТОГОРЕЦ








Монахиња: Старче, како можеме многу да Го возљубиме Бога?

Старецот: Кога човекот ќе се собере себеси и своите очи, тогаш умот принудно се сконцентрира во Бога. Вие жените можете полесно да Му се дадете на Бога, затоа што за помошник го имате вашето срце. Мажите потешко, затоа што пречка им е разумот. Христовите Ученици при Страдањето (Христово) водени од разумот се сокриле и се заклучиле, а жените водени од срцето отишле на Голгота и на Гробот. Меѓутоа, вие сте во опасност да го потрошите срцето на празни работи. Лесни сте во давањето на срцето на ниски и празни работи и потоа не ви останува ништо за Христа. Не се задоволувате со неопходната облека, предмети, туку заедно со неопходното стремите и кон убавото, украсеното и пријатното. Една чаша би ви се допаднала повеќе кога би имало нацртано некое цвеќенце и некое извезено миле на маса би го сакале повеќе. Меѓутоа, така се растура срцето, па затоа не го трошете бадијала. Срцето кога ќе се собере, полудува и трча кон планините, во позитивна смисла. Никогаш не заборавајте дека украсувањето е суета, лага, власт на ѓаволот. Жените се восхитуваат од празни и суетни работи и стануваат послушнички на ѓаволот.


Монахиња: Старче, зошто монасите се разочаруваат од мали падови? Правилно ли е тоа?

Сарецот: Се разочаруваат, затоа што не работат правилно во духовната борба. Жените, како што во секојдневниот живот ги сакаат деликатните работи, така и во духовниот живот ја сакаат деликатната работа и се занимаваат со деталји, оставајќи му простор на ѓаволот да им наштетува. Да не го давате вашето срце во празни работи, туку на Бога, да не се распослувате со детали, туку да почнувате од крупните работи за да не се разочарувате. Ако се отсечат крупните, тогаш лесно исчезнуваат и ситните неште. Да не размислувате на претходниот живот или на вашите детски грешки, бидејќи за вас се отвориле нови патиште и книги. Да живеете во климата на непрестано славословие и благодарење, бидејќи најголемиот грев е неблагодарноста, а најлошиот грешник е неблагодарниот.


Монахиња: Старче, постои ли човек кој со години се труди во духовниот живот, а да нема никаков напредок?

Старецот: Да, постојат луѓе кои се борат, а не гледаат напредок кај себе. Оној кој работи и не гледа напредок или е горд или има горделиво расположение. Бог не дава таму каде што постои гордост или горделиво расположение. Кога некој работи усрдно, можеби гледа дека станал полош, но чувствува сигурност и утеха во себе. Тогаш оди добро. Духовниот напредок постои таму каде што постои чувство дека сé е за никаде. Тоа покажува дека постои микроскоп и за деталите. Кога некој се бори со усрдност, тогаш чувствува сигурност и се надева. Тогаш има духовен напредок. А, кога се обезнадежува, тогаш не оди добро, бидејќи безнадежноста произлегува од ѓаволот. Може некој многу да се бори со усрдност, но без напредок, затоа што нема смирение, а друг може да се бори со помалку аскеза и да напредува повеќе, затоа што има смирение, кое ги надополнува недостатоците. Потребна е борба со усрдност, со чувство за бедната состојба, со надеж, со утеха, со сигурност и со духовен кислород. Сето тоа ни го осигурува безбедното движење. Не измачувања и принудна послушност, не молитва со зорт. Не ѓаволски солзи и депресии. Да плачам за моите гревови надевајќи се на Божјата љубов, да. Но да плачам, затоа што тоа го сака ѓаволот, не го поднесувам тоа. Многу пати ѓаволот го урива човекот и излегува како победник. Не така. Да живеете едноставно, како детето во рацете на својот татко. Довербата во Бога е непрестана молитва со позитивни резултати. Безнадежноста е од ѓаволот.


Монахиња: Старче, лесно ли е да ја почувствуваме тежината на нашите гревови?

Старецот: Бог од љубов не дозволува да ги почувствуваме нашите гревови, за да не се скршиме. Постојат усрдни и чувствителни души кои намерно ги држи сурови, за да не ги изгори со чувството на гревот. Истото се случува и со чувствувањето на Божјите доброчинства. Кога би можеле да ги сфатиме, тогаш веднаш се растураме. Колку што човекот се зајакнува во духовниот живот, толку Бог му дозволува да ги гледа и двете. Мудар е еднакво на осветен. Ѓаволот не ги гони загубените, туку мудрите, односно оние кои се близу до Бога и кои можат да прават чуда. Од нив ја одзема довербата во Бога и почнува да ги измачува со самодовербата, со разумот, со мислата и со судот. Затоа треба разумот да го ставиме во фрижидер, додека Бог не ни го врати осветен. Никој не се исцелил сам и никој нема да се спаси без послушание. Некој едноставен, но свет човек, кога се нашол во нужда и сакал да му помогне на еден сиромав болен човек, отишол до брегот каде што имало храм на Вознесението и испружувајќи ги рацете, рекол: Свето мое Вознесение, дај ми едно рипче за болниот. И, какво чудо! Во неговите раце се нашла риба и отишол да му ја приготви на болниот, благодарејќи Му на Бога и на Светото Вознесение. Разумот е дар Божји, како што е и телесната сила. Затоа треба да го употребуваме како што сака Бог, во служба на спасението и на осветувањето. Монахот се облекува во покајанието и целиот гори од Божјата љубов. Неговата слобода во обраќањето ја прави позитивна и неговото многусловие го прави разговор со Бога. Душата кога зборува за Бога, не се заморува. Молитвата е одмор. Оној кој живее со срцето се одмара, а оној кој живее со разумот се заморува. Тоа е вештината на ѓаволот за нашава епоха. Ѓаволот знае дека следната генерација (осакатена од гревот, блутклава од начинот на живот и без идеали) ќе прибегне кон монаштвото, па затоа се бори да нé попречи во вистинското духовно работење и да нé фрли во духовна беда, со цел да не најде духовен квасец. Следната генерација ќе има потреба од нас за да се закачи за небото. Не го заборавајте ова.


Монахиња: Старче  имам сурово срце и не Го љубам Христа?

Старецот: Помислата ти го кажува тоа. Ти го кажал Старецот или Старицата? Не. Помислата ти го кажува. Постои љубов. Да живеете едноставно и без мисли, како детето со својот татко. Верата без многу мисли прави чуда. Разумот ги попречува Божјата благодат и чудото. Да бидете послушни без да судите со разумот и со логиката.


Монахиња: Старче, колку ја помага молитвата читањето и изучувањето на некој текст?

Старецот:Читањето го засладува умот и го стоплува срцето. Болката на другиот треба да е и наша болка. Молитвата е радост и задоволство. Почнуваме со читањето на еден светоотечки текст или од Старечникот, бидејќи со читањето се стоплува душата и се пренесува во духовни светови. Целта е умот да го засладува срцето, за да стане молитвата срдечна. Само срдечната молитва е молитва, бидејќи има болка и носи резултати. Срцето се очистува со воздишка, со усрдност. Да ја ставиме душата на патот на солзите.


Монахиња: Старче, чувствувам духовна болка и се плашам да не е случајно од ѓаволот?

Старецот: Колкава духовна болка принесуваме, толкаво Божествено задоволство ни се возвраќа. Меѓутоа, кога чувствувам,е немир и безнадежност, тогаш тоа е ѓаволско влијание. Држењето на здивот при молитвата во посебни случаи, предизвикува органско пореметување и треба да го одбегнувате. Други болки бара Бог, а не такви. Под срце не го подразбираме телото, туку енергиите на срцето. Бог е обврзан да ни помогне, кога ние му положуваме сé. Човекот прво целиот Му се дава на Бога, а потоа Бог го очистува и им го дава на луѓето. Кога човекот верува дека е полош од сите, тогаш едно Господи помилуј што ќе го икаже за светот вреди многу повеќе од илјада Господи помилуј на другиот. Молитвата треба да ни стане потреба. Да зборуваме со Бога, затоа што нема да имаме нешто послатко од тоа да правиме. Кога душата нема достигнато во духовна состојба, тогаш е подобро да се моли општо за роднините и за светот. Бидејќи наместо да бидеме од полза, понекогаш светот нé влече. Да се молиме, во посебни случаи, за оние кои имаат потреба. Јас ја имам поделено мојата молитва на три дела: Едниот за себеси, вториот за живите и третиот за мртвите. Најдобриот помен за упокоените е нашиот духовен напредок. Се разбира, и да ги даваме нивните имиња да се спомнуваат на Светата Проскомидија. Монахот треба со душевна болка да се моли за да го помилува Бог светот. Еднаш отидов во едно село за да се причестам. Свештеникот имаше обичај да ме причестува во олтар. Кога дојде моментот на причестување, размислив и реков: Боже мој, удостој ги сите луѓе да влезат во Рајот, а мене грешниот стави ме во некој агол. Само и само да не се секираш Ти што ќе ме гледаш во пеколот! Во тој момент свештеникот со силен глас ми рече да излезам надвор од олтарот за да ме причести. Малку се збунив и веднаш се сетив на молитвата што ја кажав. Потоа свештеникот дојде и ми побара прошка и ми рече дека почувствувал како некој да му го зел разумот во тој момент. Тоа се случи за да ме испита Бог. Заради мене Бог на кратко му го одзеде разумот. Истото може да се случи и во нашиот живот. На пример, се молите за нешто и Бог на кратко ја зема благодатта од Старицата или од некоја сестра и ти зборува лошо или тешко се однесува со тебе.


Монахиња: Старче, дали една долгогодишна душевна болест има надеж за исцелување?

Старецот: Да. И за една седмица добиваш здравје и стануваш еребица, вршејќи послушание и почнувајќи со бдение. Твојот ум да не размислува на ништо што ќе го заморува. Кога бевме телесно во светот, тогаш нашиот ум беше во манастир. Меѓутоа, сега со расејувањето, телото се наоѓа во манастир како труп, а умот оди во светот. Да не осудуваме, затоа што некоја сестра може да има покајание во својата келија, а ние да грешиме. Да и простувам на сестрата и кога гледам дека постојано паѓа. Господ му кажа на Петар да му простува на ближниот седумдесет пати по седум. Кога ги гледаме грешките на другите и ги осудуваме, тогаш тоа значи дека нашиот душевен поглед не е добро очистен и ги гледаме луѓето како дрвја. Приказна на слепиот! Да направиме една фабрика на добри помисли. Ако една фабрика произведува к*ршуми и ставиш внатре железо, тогаш ќе произведе к*ршуми. Ако произведува дискоси и путири и фрлиш злато, ќе произведе златни дискоси и путири. Ако фрлиш железо, ќе произведе железни. Каква помисла фрламе во умот, тоа и го земаме. Заради нас сестрата има искушение. Кога се молиме Бог да ни даде љубов, тогаш заради нас може да се разболе некоја сестра, за да ни ја даде преку тој начин љубовта, кога ќе бара помош болниот. Може да ти бара чај или нешто друго за да ја види Бог нашата љубов и нашето трпение. Дури и од претстојателите Бог на кратко ја одзема благодатта, за да ни зборуваат остро. За да дадеме испити за нашата добродетел, да види дали ќе осудуваме или не, штом му бараме да ни даде да не осудуваме. Така Бог ги испраќа добродетелите. Не колку кила љубов сакаш, земи, колку смирение сакаш, земи. Бог не ни ги носи добродетелите во книжни кеси. Ни ги дава само соодветните прилики. Ако не ги искористиме и го осудуваме ближниот, тогаш сме се осудиле два пати. И затоа што осудуваме и затоа што не сме се покајале за тоа.

Монахиња: Старче, кажи ни нешто за молитвата и за аскезата воопшто?

Старецот: Молитвата кога дејствува самата, ја дава најдобрата сладост. Човекот тогаш заборава и да јаде и да спие. Само ужива во молитвата. Како детенцето кое го внесуваме во слаткарница и слатките го вшмукуваат, без да го интересира било што друго. Меѓутоа доаѓа неговиот Старец и го запира за да го испита дали ќе се смири. Една монахиња во еден манастир имаше достигнато до таа мера. Дење имаше многу и тешка работа, а навечер се молеше. Кога Старицата ја стопираше, таа си велеше дека некаде згрешила нешто. Почнуваше со покајанието, без да има згрешено. Аскезата треба да се врши со мерка за да го одржуваме нашето здравје и за да можеме да ги вршиме своите задолженија. Претерувањата му штетат на телото и го прават човекот неупотреблив и за најнеопходното. Старицата да знае колку метании правите отприлика. Повозвишено од постот е бдението, бидејќи го очистува умот, го истенчува и засладува срцето, а со спиењето се здебелува нашиот ум. Да имате доверба во Бога и во претстојателите. Кога ви велат направете го ова или она, да бидете послушни и нема да се заморувате. Што добивте од тоа што толку време ја негувавте довербата во себеси? Самодовербата е голема пречка за Божјата благодат. Никогаш не и верувајте на вашата помисла. Едноставно да мислите на Бога заради вашето смирение и ќе ви се доближи и ќе ги живеете Неговите радост и спокој. Духовниот напредок зависи од нас. Ниту светиот Антониј Велики, ниту преподобниот Варсануфиј Велики не можат да нé спасат, доколку ние не се поставиме правилно. Бог е обврзан да ни помогне, кога ние Му полагаме сé. Оној кој има добри помисли, тој има духовно здравје. Во време на окупацијата малите деца, селските дечиња, земаа едно парче царевка во рака и го јадеа со апетит и образите им беа црвени, а богатите деца јадеа путер и мармаладе, но беа жолти и болни. Така е и во духовниот живот. Ако имаме едноставни и очистени помисли, без лукавство, тогаш ќе имаме и душевно здравје. Вистинското покајание е физиолошкото смирение и не е потребно додатно смирение. Умот каде што се засладува таму пребива, и затоа постојано да му принесуваме духовно работење.


Монахиња: Старче, должен ли е ангелот да се оддалечува од нас кога правиме грев?

Старецот: Благословена душо, ако ангелот бегаше толку лесно, тогаш светот ќе беше загубен до сега. Не си оди, останува, само што се секира и се враќа со празни раце кај Бога.


Монахиња: Дали манастирот има еден ангел или многу?

Старецот: Зошто, зарем нема таму и земни ангели? Постојат и домородни ангели.

Монахиња: Старче, постојат ли денес светители кои ја имаат видено Пресветата Богородица?

Старецот: Зошто е тешко? Но, сега за крај и една клетва: Да ве изгори Бог со Неговата љубов!

Монахињи: Амин! Амин! Амин!                                



Да погледнеме околу нас, таму има МНОГУ СТРАДАЛНИЦИ. Да им помогнеме!
Оди на подфорумот Хуманост на дело
Запамети, ЉУБОВТА ДЕЛОТВОРИ!!
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Октомври.2006 во 18:34
Pravoslavie,

Blagodaram za prekrasniot tekst.
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
orto Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 13.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 916
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај orto Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Октомври.2006 во 22:16
Слава Оцу и Сину и Свјатоме Духу
АМИН
 
 
 
Свети книги 

Светите книги читај ги со целото свое срце и само тогаш ке се стекниш со врлини и твојта душа ќе бите исполнета со радост и веселие. (Св. Ефрем Синајски)

 
Граници
Границите помеѓу православието и ересите се испишани со крв. (Старац Јероним Светогорац)
Непријатели

Живеј во мир не само со своите пријатели, туку и со своите непријатели; али само са своите лични непријатели, не и со непријателите Божи. (Св. Теодосије Кијевских пећина)

Вера - темел

Верата е единствен благословен темел на личниот животот и друштвениот живот и уредувањето државно. (Св. Николај Жички)

 Слобода Златна

Како чисто платно им се дава слобода на луѓето; кога луѓето ке ја изгнасат , мораат да ја исперат во солзи и крв. Зошто слободата или е чиста или никаква. Или Златна Слобода, нераздвојна од Чесниот Крст, или никаква. (Св. Николај Жички)

Слобода во Бога

Слобода во Бога а не од Бога - тоа е права слобода, непролазна, животворна, радосна, златна.'' (Св. Николај Жички)

 

 

(kоран 10, 94)
(аллах рече моамеду) Ako сумљаш у oно што ти oбљављујемо, упитај oне (Жидове и Кршчане) koji Читају Kњигу (БИБЛИЈУ), прије тебе објављену
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 7>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,250 секунди.