|
Трик со лимета за чистота |
Внеси реплика |
Автор | |
pajser
Сениор kloshar Регистриран: 04.Март.2011 Локација: Lao People's Dem. Rep. Статус: Офлајн Поени: 13922 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 18.Јануари.2024 во 10:47 |
Трик со лимета за чиста и миризлива бања
Сигурно ви е мачно да вдишувате силни хемикалии во бањата кои испаруваат и ве задушуваат. Треба да ги поддржиме производите за чистење кои се добри за нас и за планетата. Но, не мора секогаш да се трошиме за вакви работи. Некои трикови се многу едноставни и често ни требаат по една или две состојки од нашата кујна. Овој пат тоа е само едно овошје. < Вашата бања ќе мириса фантастично, а нема да биде токсично ниту за вас, ниту ако имате деца. Одлична вест е тоа што овој мирис ќе трае повеќе од една недела. < Сѐ што ви треба е една лимета и хируршка маска. Трикот е објавен на Facebook профилот Bezerra good Tips. Исечете ја лиметата на парчиња и ставете ги во маската, а потоа завиткајте ја како кесичка. Следете ги инструкциите во видеото како да ја пресечете маската. Заврзете ја маската со ластикот што сте го пресекле и на тој начин направете освежувач што ќе го ставите во резервоарот за вода над веце школката. Не користете лимон, туку исклучиво лимета бидејќи ова овошје, познато и како зелен лимон, е одлично за убивање бактерии и чистење секакви нечистотии. А, и преубаво мириса. Изменето од pajser - 18.Јануари.2024 во 10:48 |
|
nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana
|
|
Внеси реплика | |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |