IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Политика и вести
  Активни теми Активни теми RSS - ДНЕВНО-ПОЛИТИЧКИ настани, вести и актуелности
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

ДНЕВНО-ПОЛИТИЧКИ настани, вести и актуелности

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 171172173
Автор
Порака
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Февруари.2019 во 00:46

Како против „Северна“ – Пишува Роберт Димитриевски




Комити

„Зошто во текстовите сè уште пишувате Македонија? Нели сме Северна Македонија?“.

„Затоа што вистинските Македонци не ја признаваат ‘Северна’. Инаку, во право си“.

Оваа реплика под пост на Фејсбук-страницата на expres.mk дава еден од одговорите на прашањето од насловот.

Борбата против „Северна“ не е и воопшто нема да биде лесна, уште помалку едноставна. Маневарскиот простор на безмалку двотретинското мнозинство македонски граѓани, кои со бојкотот на пропаднатиот референдум од 30 септември јасно ставија до знаење што мислат за преименувањето на државата, со силувањето на нивната волја во Собрание е прилично ограничен. За нив како сол на рана делуваа лепенките врз таблите на македонскиот дел од граничните премини со наметнатото ново име. Дел од нив можеби се обесхрабрија, знаејќи колку е тешко да се врати назад тркалото на историјата. Дотолку повеќе што државата има многу механизми на принуда да се спроведе нејзина одлука, колку таа и да е против волјата на огромен број граѓани.

Наскоро ќе почнат да се издаваат лични карти, пасоши, имотни листови, свидетелства, формулари и други документи со географската додавка, а без нив поединецот не може да функционира во една државна заедница, колку и да не му се допаѓа тоа што го пишува во нив. Згора на тоа, неприфаќањето на „северџанските“ документи повлекува казна, а како изгледа борбата со ветерници (држава) знае секој што му застанал на патот на нејзиниот бирократски апарат.

Но, отпорот на силеџиите не може и не смее да заврши со „легнување на брашното“. Еден аспект од таа борба го дефинира кандидатката за претседател на државата Гордана Силјановска.

„Ќе формирам експертски тим на домашни и странски професори по меѓународно јавно право. Малите држави се повикуваат на правото, големите на силата. Да го отвориме прашањето за името на Република Македонија. Тоа не е затворено. Пред меѓународните судови и институции. Во секоја средба ќе укажувам дека не можам да се поделам на две личности. За мене владеењето на правото е врвната цел. Ако сите народи имаат право на самоопределување, истото важи и за македонскиот народ и за Република Македонија“, порача таа на конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ во Струга, каде што ја доби поддршката од партијата што освои најмногу пратенички мандати на последните парламентарни избори.

Некој на ова ќе реплицира дека во денешниот свет силата често се наметнува над правото и го игнорира, како што направи НАТО со пресудата на Меѓународниот суд на правдата од 2011 година во полза на Македонија против Грција. Да, но со правната битка, покрај другите начини на изразување несогласување и спротивставување, колку и да изгледаат залудни во моментов, прашањето за името на Република Македонија останува отворено. До некоја поповолна констелација на геополитичките односи за македонскиот народ и неговото право на самоопределување, вклучувајќи го и именувањето на сопствената држава.

Ако се апстрахираат деструктивните манифестации на неприфаќање на „Северна Македонија“, кои барем засега се чинат нереални, на тие што не можат да го смислат посеверничувањето на татковината им остануваат на располагање и други облици на отпор, а да не дојдат во судир со законот. Пример за тоа е не само „преживувањето“, туку и сè позачестеното користење на знамето со Сонцето од Кутлеш на спортски настани, партиски митинзи, свадби, во автомобили, на балкони или на јарболи во двор. И покрај тоа што по тригодишна употреба како државно знаме е заменето со сегашното дизајнирано од сдсмовската перјаница Мирослав Грчев како дел од Времената спогодба со Грција во 1995 година.

Кој може да му забрани некому, да речеме, во контакт со странци во секојдневниот живот или на меѓународни собири да им ја објасни заднината на промената на државното име и неговото отфрлање од повеќето Македонци? Кој може да спречи пренесување на името Македонија и на идентитетот од колено на колено, без никакви префикси?

Дури ни медиумите не се обврзани да ја именуваат земјава со „Северна“, ако не добиваат средства од државниот буџет. Не земаат ли пари од „Северна“, никој не може да им наложи да не продолжат да го користат името Македонија за својата држава.

Се разбира, некому сето ова може да му се чини детски, банално, смешно и сведување на обична симболика. Но, пробајте тоа да му го кажете, на пример, на некој што се вика Христо дека од утре, „за негово добро“, сите ќе го викаат Мухамед и оти тој самиот ќе мора да се одзива на тоа име и да се потпишува така. И обратно, нека се обидат Мухамед да го прекрстат во Христо, па ќе видат чија мајка црна волна преде.

Ова се само „сет идеи“, што би рекол Нимиц. Гласно размислување без претензии да се тврди дека е (единствено) правилно. Крик на стотици илјади Македонци во земјата и во дијаспората што сè уште не можат да се соземат од неподносливата леснотија со која Заев и компанија го трампаа вековното име за влез во воен сојуз.

Креативноста на секој поединечно што не се помирува со тоа ќе ги обликува идните форми и изрази на спротивставување на „Северна“. И на држење на прашањето за името на Република Македонија отворено до неговото затворање со силата на аргументите, а не со аргументите на силата.

Ништо не е вечно, колку и да изгледа така во моментот. Кој можеше и да помисли не толку одамна дека еден ден ќе се распаднат Советски сојуз и Варшавски пакт или дека двете Германии повторно ќе се обединат во една држава? Или дека некоја земја ќе излезе од Европска унија, како Велика Британија следниот месец?

Кон врв
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Февруари.2019 во 23:45

Социјалните мрежи вријат

Костадин, висок морал е воопшто да не си ја вработиш сопствената мајка!

Пратеникот и портпарол на СДСМ, Костадин Костадинов, изјави денеска дека неговата мајка се повлекла од Централниот регистар во Струмица каде беше вработена. Оставката дојде по најавата на премиерот дека роднини на функционерите ќе се повлечат од своите работни места.

-Иако мојата мајка е вработена на транспарентен оглас, објавен оглас, каде што се испочитувани сите законски процедури, јас разговарав со неа и таа ќе се повлече од работното место. Очекувам овој принцип на висок морал да го следат и останатите функционери./Fokus




...И....

Синот на пратеникот Горан Мисовски дал отказ на работното место во Агенцијата за осигурување, потврди пратеникот.

Тој истакна дека неговиот син бил привремено вработен во Агенција за осигурување која го контролира приватниот сектор. Огласот траел една недела, а тој бил единствениот пријавен кандидат
Кон врв
Zelenikovo Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 16.Јуни.2018
Статус: Офлајн
Поени: 809
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zelenikovo Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Февруари.2019 во 11:55

а ко струмичанец да се повлече тој од влада каде премиер е струмичанец, тоа нели не е непотизам туку малџиски синџир на партиска исхрана, каде е крајот, ќе да кај столтенборг во фотеља значи не се ослободија од страхилгиговиот синдром ниту по 30 години демонополизирање на централната власт иако сега претежно вирее по локалната!

АЈДЕ ПОАРНИ СЕ ОД ПРЕТХОДНИТЕ кога братучеди делеастолбови на извршна власт знае ли некој дали и кланот на зајковци забегуе ко оној на груевци до овој степен, мала држава сме не би требало да е проблемда се фтасаат релациите, но чинам и груевци не метастазираа толку брзо партиско-непотистички ко што тоа го прават зајковци како партија, им фали само прокет ко Ск'14 за да се избалансираат и корпоративно следбенички!
Кон врв
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Март.2019 во 00:41
Кон врв
Орка Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 44580
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Орка Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Мај.2019 во 18:29
Кон врв
Орка Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 44580
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Орка Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Јуни.2019 во 19:13
Кога се би се забележувало,дефинитивно за
овие две години форумов ќе снемаше место за пишуење.
Туку ај сега сливникот Битола готов е ќе си течи.
Кон врв
Орка Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 44580
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Орка Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Јули.2019 во 16:02
Генсекот како деновиве милуваа да го речат,
заборавив да го забележам.И додека тоа неговото
извини го мислев,ене ти уше една опандура се
извињава.
За неа лесно е може да ни ја испее опрости,извини.
Али овој генсеков
Прво шо ми текна е
сцената од Вистинска романса со Кристијан Слејтер.
На карта Италија ќе ја избегнува,не пак таму да оди.
До небо ќе го издигнат на клоци,
Ќути на штета на северната барем ова оди.

Изменето од Орка - 04.Јули.2019 во 16:03
Кон врв
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Јули.2019 во 00:19
Кон врв
Орка Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 44580
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Орка Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Ноември.2019 во 19:19
Фала Богу тема не му отвориле на ова диклево наше!
Штета шо е прецедател,ќе се имавме спасено од него.
Барем така кажа,а политичар не ми ти е за веруење.
Си цица тој од државна чешма побајаги.
Некаде имав пишано,во средношколските денои се
запознав со Рокери с Мораву благодарение на еден шофер
у ЈСП со дуплак!Па ми дојде на ум песнава врска изјавата
на СтеФче-ГреФче или му ти па доѓе
Рајко-Свирајко
А среќа шо сум почесен член на форумов,инаку ќе се одселев до сега!
Кон врв
Орка Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 44580
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Орка Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Ноември.2019 во 17:53
И таман мислев тоа е!
Не може подоле,врховниот ни
командант стефче-дезертерче
да не загусти му ја летна.
Кога он ми ти имал кој да го брани.
Зоќо гордиот на модрото око,ни даде
дијагноза.Бем ти нација успавана
и пијаници.Па шо сакаме ние
среќни да сме шо они уствари и се
нафатиле да не водат,мислам...
На вакво пердашење и омаловажување
ќе имаше протести така?!Не,не изглеа тие сме.
А ова со шферцерите!
Абе ајде добро е,па и они се од крв и месо.
Зоќо искача ко од бинлак со ракија,а
Стево спие јадниот цел ден.Од времето изглеа.
Шо друго ние иначе знаеме
Кон врв
Орка Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 44580
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Орка Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Март.2020 во 20:08
Ја само си се издишав кога ова го читав.
Онака со цела мука у душа.
Туку ај да се надеваме,дека за прв пат ќе
одработат за добро на општеството.
Не сакам да пишам за народот,видовме
шо стока сме изминативе денови.
Иначе за негово знаење,ние триесе години
трипиме на таа станица.Со тешките денови!
Кон врв
Орка Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 44580
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Орка Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Април.2021 во 20:17
Гринго ќе се паса?
Донде естас?
Кон врв
Орка Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 44580
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Орка Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Април.2021 во 21:04
Читам ова денес со ДЕА.
И ШОК!Не бе не,си викам.
Чоече кој лик,класа со мене беше во извидници.
Неам неам зборои.Али такви ликови уффф ај ќе се
воздржам.
Ако ДЕА го испрашува,малиов за комотен гз и мајка ќе си продаде!
Ама ако,како шо би запеале од Пеперминт!
Си го заслужуваат,а кога вакви дијаболи им гравитираат
не ме ни чуди се ова шо ни се дешава.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 171172173
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,594 секунди.