|
Десерти со цитрусни вкусови |
Внеси реплика | страница <12 |
Автор | |
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Состојки 200 гр путер 350 гр шеќер 250 гр брашно 3 јајца 1 кесичка прашак за пециво 100 мл исцеден сок од портокал 1 рендана кора од портокал 100мл водаНајнапред во сад се мати маргаринот, се додава шеќерот 250 гр, остатокот ќе ни треба за подоцна и ги додаваме на крај јајцата. Потоа го додаваме брашното помешано со прашок за печиво. Откако ќе се измеша сето ова се додаваат околу 100 мл исцеден сок од портокал. Јас изрендав кора од портокал која навистина дава убав шмек подоцна кога е готов колачот. Се мати со миксер додека се добие цврста смеса. Смесата се истура во подмачкан калап, јас користев куглов и се пече во загреана рерна на 180 степени околу 40 минути. 150 грама шеќер се меша со 150 мл вода и со сок од портокал. Кога шеќерот ќе се истопи, се прелива изладениот колач. Од горе наросуваме со шеќер во прав. Навистина е вкусен, лесен и брз колач. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Состојки 200 гр мелени ореви 100 гр сечкана чоколада 6 јајца 200 гр шеќер 200 гр маргарин кора од 1 портокал и сок од 1мандарина 4 аранчини од портокал 1 лајче цимет 1 пециво 130 гр брашно прстофат сол Глазура 100 гр чоколадо 2 лажици маслоВкусен колач со мирис на цимет, чоколада и арома на портокал . 1. Жолчките се двојат од белтоците. Се прави цврст снег од белките и се оставаат на страна. 2. Жолчките се миксираат со шеќерот. Се додава маргаринот и постепено се додаваат сите други состојки и 100 гр чоколада. 3. Се печи во силиконска модла на 180С-40мин. 4. Во друг сад се топи 100гр чоколада и малку масло и се прелева врз кугловот. Одозгора се ставаат украсни трошки |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Состојки тесто 2 јајца 3 лажици кафен шеќер 100мл млеко 7 лажици масло 120гр брашно 1 лажиче пециво 1 лажиче какао 2 мандарини кора и сок од еден портокал, по вкус 1 лажиче кафен еурокрем 2 лажици мармалад од кајсии глазура 30гр путер 100гр црно чоколадо 1 лажица масло Декоративни, кревки, сочни триаголничиња. Потребни ви се 2 силиконски тави на Делимано - четвртаста и округла. Прво во сад се матат јајцата и шеќерот да побелат. Се исклучува миксерот и се додаваат млекото, маслото, пецивото, брашното. Со шпатула се промешува. Се дели смесата на 2 дела. Едниот дел се става во четвртаста силиконска тава, мала, а во другиот дел се става просеаното какао и се истура смесата во округла тава бр 22. Двете заедно одат во рерна на печење околу 7 - 8 минути на 180 степени. Жолтото тесто се вади на даска за колачи. Кафеното тесто нека се излади, а потоа се рони со рацете. Се додаваат сокот од 2 исцедени мандарини, кора и сок од портокал. По вкус се додава 1 лажиче кафен еуро крем. Убаво смесата се соединува. Сега жолтото тесто танко се премачкува со мармалад. Врз него се става кафената смеса. Убаво се израмнува со нож. Над пареа се топат чоколадото, путерот, маслото. Оваа глазура се нанесува на колачот. Нека одстои 1 час, па се сече на триаголници. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Состојки 6 мандарини 4 јајца 50 мл стопен путер 50 мл масло 250 гр шеќер 200 гр брашно 100 гр гриз 1 пециво 50 гр сечкано црно чоколадо Прелив 200 мл сок од исцедени мандарини 150 гр шеќер 3 лажици медМандарините ставете ги во едно тенџерче, прелијте ги со ладна вода и ставете ги да се варат две минути. Истурете ја водата, турете нова ладна вода и пак ставете ги да се варат две минути. Исцедете ги и кога ќе се оладат испасирајте ги. (во блендер) Изматете ги јајцата со шеќерот, па додајте го путерот и маслото, па сите суви состојки. На крајот измешајте го исечканото чоколадо. Печете ги во калап за мафини, на 180 степени. За преливот, измешајте го сокот со шеќерот и медот, зовријте го и преку секое мафинче прелијте по малку. Можете најпрво мафинчето да го дупнете со чепкалка за заби на неколку места. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Состојки Пандишпан 3 јајца 90 гр шеќер 1 ванилин шеќер 50 гр путер 100 гр брашно 1 полно лажиче прашак за пециво изрендана кора од 2 мандарини Фил 600 гр излупени мандарини 8 полни лажици шеќер 1 пудинг од ванила 1 лажица нишестe (густин) За декорација 80 - 100 гр чоколада за готвење 3-4 лажици маслоПодготовка на пандишпанот Путерот стопете го и оставете го да олади. Јајцата изматете ги со шеќерот и ванилата да постанат светли и кремасти. Намалете ја брзината на миксерот и додајте го путерот, а потоа брашното измешано со пецивото и кората од мандарини. Смесата истурете ја во тава за печење (26) намачкана со путер и посипана со брашно. Ставете ја да се пече во загреана рерна на 180 степени околу 15-20 мин. Печениот пандишпан оставете го да олади и додека лади подгответе го филот. Подготовка на филот. Мандарините исчистете ги од белите жилички и од семките. Со блендер изблендирајте ги да се добие кашеста смеса. Во дел од смесата растворете го пудингот и нишестото со 4 лажици шеќер. Другиот дел од смесата со мандарини и шеќерот оставете ги да зовријат па додајте го пудингот. Варете го 2-3 минути да се згусти и прелијте го пандишпанот. Оставете го да олади. Откако ќе олади и стегне филот на пареа стопете ја чоколадата со маслото и прелијте ја над филот. Оставете и чоколадата да се стегне. Најдобро е да си се послужите откако ќе постои неколку часа за да се спојат вкусовите. Тортата е едноставна, лесна и многу вкусна. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Состојки За тесто 5 јајца 150 мл млеко 120 гр шеќер 50 гр брашно 40 гр какао 1/2 прашок за пециво 1 ванилин шеќер За крем 200 гр чоколадо за готвење 400 мл слатка павлака 4 лажици сок од портокал 1 лажичка рендана кора од портокал 4 лажици рум За чоколадна глазура 100 гр чоколадо со висок процент на какао 50 гр путерЧоколадо во тесто, чоколадо во кремот и чоколаден прелив во составот на овие тортици треба да ви биде доволна препорака за да го пробате овој прекрасен рецепт. Тестото е меко и ровко па заедно со филот и глазурата едноставно се топи во уста. За љубителите на чоколадо вистинско задоволство. Подготовка 1. Жолчките и шеќерите ги матиме пенасто. Белките ги матиме во снег од белки. 2. Сувите состојки ги мешаме па ги додаваме заедно со млекото во жолчките па на крај лесно со шпатула ги соединуваме белките во смесата. 3. Во четвртаста тава за печење со димензии 20х30 или слична димензија, ставаме хартија за печење и смесата ја делиме на три дела. Секој дел го печеме посебно на нова хартија за печење, на температура од 180 степени само 8-10 минути во загреана рерна. Додека тестото се пече го подготвуваме чоколадниот крем. 4. Слатката павлака ја ставаме на оган до вриење (да не врие), па во неа го додаваме чоколадото да се растопи. Мешаме додека да добиеме мазна смеса која ќе ја оставиме да олади. 5. Потоа додаваме сок од портокал, кората и рум и мешаме со миксер да се соедини и волуменизира смесата. 6. Кремот го делиме на два дела и премачкуваме две кори кои ги редиме една врз друга, значи кора-крем-кора-крем-кора-глазура. 7. За глазурата ја топиме чоколадата заедно со путерот и со добиената смеса ја премачкуваме тортата. Додека не е стегната глазурата поминуваме нежно со вилушка по неа за да добиеме шарки на тортиците. Оставаме да се излади и соедини и сечеме тортици по големина и желба. Забелешка Во овие тортици бидејќи немав портокал во моментот на подготовка па малку импровизирав. Имено, наместо сок од портокал ставив сок од лимон во кој измешав мелени аранчини, со што добив вкус на портокал =) |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Рецепт за вкусни и освежителни колачиња со лимонОвие колачиња се едноставно извонредни. Добрата работа околу нив е дека тие имаат уникатен вкус и можете да ги подготвите кога и да посакате. Потребни Ви се 50 грама путер за премачкување, две ипол чаши брашно, три четвртини чаша со шеќер во прав за попрскување, малку сол, 200 грама путер, шест јајца, две чаши шеќер, четвртина чаша свежо исцеден сок од лимон, три лажици рендана кора од лимон. Прво треба да се загрее рерната на 180 степени. Потоа земете едно тавче и намачкајте го со путерот. Потоа измешајте го брашното со 200 грама путер и месете додека тестото не се соедини. Потоа тестото добро се распределува во тавата и се пече околу дваесет минути. Додека се пече измешајте во еден сад јајца и шеќер и додадете го сокот од лимон но внимателно за да не се појават меурчиња. Потоа додадете половина чаша брашно и ренданата кора од лимон. Потоа смесата се става врз топлата кора и се пече уште 45 минути. Откако колачот ќе биде готов чекајте да се излади, исечете го на парчиња и посипете со шеќер во прав и секако, уживајте. Изменето од Valerija - 10.Мај.2020 во 14:19 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Состојки 7-8 листови готови кори за пита 400 гр густ јогурт или лајт кисело млеко 200 гр масло 150 гр шеќер 4 поголеми јајца 2 портокали 1 пакетче ванилин шеќер 1 пакетче прашок за печење За сируп 150 гр шеќер 250 мл сок од портокал 1 пакетче портокал шеќер (или ванилин ако немате таков)Од едно пакетче кори за пита имавме и ручек и десерт. Извадете ги корите и разделете ги да се исушат некој половина час. Треба да станат кршливи и да крцкаат. За тоа време, ставете ги портокалите во вода со сода бикарбона да се подисчистат од пестицидите. Во сад измешајте го јогуртот, маслото, шеќерот, ванилата и јајцата со помош на жица за матење и додајте му рендана кора од портокалите. На крај издробете ги исушените кори и измешајте. Смесата истурете ја во намастена тава 20х30 и печете ја на 165С 40на минути додека не добие фина боја одозгора. Додека се печи питата пригответе го преливот. Исцедете ги портокалите. Ако е потребно исцедете уште еден и додадете вода до мерката или можи да користите природен џус од портокал. Ставете ги заедно со шеќерот на рингла и мешајте додека зоврие, т.е. стопи шеќерот. Тргнете, и ставете го портокал или ванила шеќерот. Доколку сакате поблага да ви е питата или пак сметате дека се покисели портокалите, по желба можи да си додадете уште шеќер. Испечената пита исечете ја на коцки, прелијте ја со шербетот и оставете ја неколку часа да се впие пред да ја послужите. *Доколку сакате, пред печење питата можи да ја наредите со парчиња портокал и така да ја печите. Јас решив да ја послужам со парче свеж портокал одозгора, но ако би имале сладолед, една топка во чинијата одлично би се вклопил со питава. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Потребни состојки:За кората: - 220 гр. брашно - 35 гр. пченкарен скроб - 100 гр. гранулиран шеќер - 1/4 лажиче сол - 230 гр. несолен путер За филот од лимон: - 300 гр. гранулиран шеќер - 1/4 шолја брашно (32 гр.) - 4 јајца (собна температура) - 1/2 шолја свеж сок од лимон (120 мл.) Дополнително: - шеќер во прав Начин на припрема:Подготовка на кората: 1. Загрејте ја рерната на 170 Целзиусови степени, а тавата обложете ја со хартија за печење. 2. Во поголем сад измешајте ги брашното, шеќерот, солта и пченкарниот скроб. 3. Додајте го путерот и со раце соединете ги состојките. 4. Ставете ја смесата во тавата, добро пристигнете ја и печете околу 20 минути на 170 Целзиусови степени. Подготовка на филот: 1. Во еден сад измешајте го брашното и гранулираниот шеќер, а потоа додајте ги јајцата и сокот од лимон. 2. Извадете ја речиси испечената кора и прелијте ја со филот. 3. Вратете ја тавата во рерна и печете околу 15-20 минути додека не фати кора на површината. 4. Оставете го колачот на собна температура да се излади, а потоа ставете го во фрижидер да се зацврсти. 5. Можете да го декорирате со шеќер во прав. Изменето од Valerija - 05.Декември.2020 во 10:54 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Колач со мандарини – „Ги полевам со 4 јајца и млеко и за 5 минути добивам сочна фантазија!“Овој уникатен зимски рецепт дефинитивно вреди да се проба! Ќе одземе само неколку минути од вашето време, а притоа истиот важи за еден од највкусните десерти со мандарини, што ќе ги воодушеви обожавателите на ова кралско овошје! Колач со мандариниОвој уникатен зимски рецепт дефинитивно вреди да се проба! Ќе одземе само неколку минути од вашето време, а притоа истиот важи за еден од највкусните десерти со мандарини, што ќе ги воодушеви обожавателите на ова кралско овошје! Вкупно време30 мин Оброк: Десерт Кујна: Американска Клучни зборови: колач со мандарини, мандарини Порции: 4 Состојки
Начин на подготовка
|
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Подобра од овошна пита: Торта со портокалСОСТОЈКИ:
ПОДГОТОВКА:
|
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Колач со лимон и какаоСостојки
Подготовка Изматете ги убаво јајцата со шеќерот. Потоа, додадете ги газираната вода, маслото и на крај брашното и пециво. Изматете да добиете еднолична смеса Смесата поделете ја на два дела. Во едниот дел ставете рендана кора од лимон, а во другиот какао. Промешајте со лажица. Во набрашнета тава ставете го прво едниот дел од смесата, па другиот и со чепкалка може да направите шари. Печите на 200 степени. При крајот извадете ја тавата и премачкајте го колачот со мед и одозгора ставете сусам. Вратете во рерна уште неколку минути. Готовиот и изладен колач исечете го по желба. На здравје. Изменето од Valerija - 13.Јануари.2021 во 21:43 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Брз кола Потребни состојки: |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Внеси реплика | страница <12 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |