Испечати | Затвори го прозорот

Десерти со цитрусни вкусови

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Здравје
Име на форумот: Исхрана и кулинарство
Опис на форумот: Еднаш се живее... здраво или нездраво?
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=31608
Датум на принтање: 12.Декември.2024 во 14:25
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Десерти со цитрусни вкусови
Постирано од: Valerija
Наслов: Десерти со цитрусни вкусови
Датум на внесување: 05.Март.2020 во 18:22

Сочен колач од лимон

https://artkujna.mk/wp-content/uploads/2017/08/3.jpeg" rel="nofollow">3

Без размислување лимонот можеме да го наречеме супер намирница. Лесно се вклопува и во солени и во благи јадења, а е основа за многу вкусни и освежителни пијалоци.
Веруваме дека сте слушнале за она дека денот треба да го почнете со шолја млака вода помешана со сок од лимон. Ние ви предлагаме лимонот да стане и ваша попладневна навика – во облик на генијални десерти. Почнуваме со едноставен колач од лимон кој во комбинација со малку шеќер во прав станува врвен десерт. Уживајте во киселкаст, мек, ароматичен и сочен колач.

Состојки:

200 г шеќер
50 г путер
3 лимони (кора од два лимони и сок од 3 лимони)
3 јајца
2 лажички прашок за пециво
250 г брашно
рум
шеќер во прав

Приготвување:

  1. Загрејте ја рерната на 180 степени
  2. Исечкајте или излупете два лимони па изрендајте ја кората и помешајте ја со лажица шеќер
  3. Додадете ги путерот и јајцата и мешајте со миксер. Потоа додадете малку рум, па брашното и прашокот за пециво.
  4. Помешајте и додадете сок од 1 лимон и ако е потребно, малку млеко.
  5. Печете околу 45 минути додека колачот на добие боја.
  6. Во меѓувреме помешајте сок од 1 лимон со малку шеќер. Извадете го колачот од рерна, издупете со вилушка дупчиња и прелијте го сокот врз колачот. Оставете да се олади и поросете со шеќер во прав.


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!



Коментари:
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 05.Март.2020 во 18:25

Брз колач од палента со цитрусни вкусови

На овој прекрасен колач од палента додадете му лимон, портокал, грејпфрут и мандарина и уживајте во сезонските цитрусни ноти.

Состојки:

180 г брашно

150 г палента

2 лажици шеќер

2 лажици кора од лимон

2 жолчки

2 белки

450 мл млеко

2 лажици сок од лимон

4 лажици путер

1 лажичка прашок за пециво

5 лажици киселкаст мармалад (на пример, од кајсии)

2 портокали

1 грејпфрут

Приготвување:

  1. Помешајте ги шеќерот и ситно изрендана кора од лимон во еден сад за да се заепи што повеќе шеќер на кората.
  2. Во друг сад изешајте третина од брашното, палента и прстофат сол.
  3. Додадете ги шеќерот и кората од лимон, млекото, сокот од лимон, белките и стопениот путер.
  4. Измешајте добро. Остатокот од брашното и прашокот за пециво измешајте ги во посебен сад.
  5. Мешајте ги белките додека не станат пенливи, ставете се во смесата за колач и соединете.
  6. Ставете ја смесата во сад за печење и печете околу 35 минути на 180 степени.
  7. Извадете го од рерна, наредете парчиња портокал и грејпфрут, поросете со шеќер и вратете го колачот во рерна додека овошјето не карамелизира.


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 05.Март.2020 во 18:29

Мини пити со крем од лимон

Состојки:

За кремот од лимон:

80 г путер

200 г шеќер во прав

2 јајца

2 жолчки

100 мл сок од лимон

Рендана кора од 1 лимон

За тестото:
200 г брашно

100 г путер

50 г шеќер во прав

1 јајце

Прстофат сол

Приготвување:

  1. Прво подгответе го кремот такашто ќе ги изматите со миксер путерот и шеќерот, па ќе ги додадете јајцата и сокот од лимон. Во сад со дебело дно на среден оган полека варете го кремот додека не се згусне (околу 15 минути). Тргнете го од оган и додадете кора од лимон па оставете го кремот да се олади додека вие го правите тестото.
  2. Замесете го тестото од сите состојки и со мали калапи формирајте тркалца па испечете ги набрзина. (Ако немате калапи обликувајте од тестото топчиња на кои во средина ќе им направите вдлабнатина).
  3. Кога тестото ќе се испече наполнете го со крем од линмон и вратете го накусо да се запече (околу 10 минути)


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 05.Март.2020 во 18:39

Семифредо од лимон и мед



Состојки:

3 белки

200 мл слатка павлака

6 жолчки

5 лажици мед

3 лажици сок од лимон

1 лажичка рендана кора од лимон

1 лажичка желатин

1 лажица вода

Приготвување:

  1. Ставете хартија за печење во калапот за леб
  2. Во сад измешајте ги желатинот и водата.
  3. Во друг сад измешајте ги белките додека не добиете цврст шлаг.
  4. Во посебен сад изматете ја павлаката и ставете ја во фрижидер.
  5. На крајот, на пареа мешајте ги жолчките и медот додека не добиете посветол и погуст крем, околу 5 минути. Тргнете од пареата и додадете ги желатинот, сокот и кората од лимон.
  6. Со рачна маталка измешајте ги најпрвин белките и павлаката, а потоа се уфрлете во смесата од жолчки и полека измешајте и соединете.
  7. Префрлете ја смесата во калап за леб и ставете го во замрзнувач.


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 05.Март.2020 во 18:49

Ароматичен колач со портокал и маслиново масло


Состојки:

1 средно голем портокал

1 1/4 шолја брашно

1/2 шолја пченкарно брашно

2 лажички прашак за пециво

1/4 лажичка сода бикарбона

1/4 лажичка сол

2/3 шолји и 2 лажици шеќер (одвоено)

1/2 шолја јогурт

3 јајца

1/2 шолја маслиново масло

4 тенко исечени кришки портокал

Приготвување:

  1.  Загрејте ја рерната на 180 степени
  2. Излупете ја кората од портокалот и исечете ја на тенки ленти, а портокалот исцедете го и земете 1/4 шолјичка сок.
  3. Помешајте ги брашното, прашокот за пециво, солта и содата.
  4. Помешајте 2/3 шолјичка шеќер со 1/4 шолјичка сок од портокал, постепено додавајте јогурт, јајца, масло, па додадете ја смесата со брашно и мешајте додека не се соедини. Додадете ја и кората од портокал и повторно се добро измешајте.
  5. Префрлете ја смесата во подмачкан калап или врз хартија за печење, наредете ги одозгора тенко исечените кришки портокал и поросете со две лажици шеќер (во правоаголен калап за леб) и печете околу 50 минути.


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 05.Март.2020 во 18:53

Колач од мандарини



Состојки:

125 г путер

300 г шеќер

1 лажица рендана кора од мандарини

½ лажичка цимет

½ лажичка кардамон

2 jajца

300 г брашно

1 прашак за пециво

140 г павлака

125 мл сок од мандарини

4 мандарини

Приготвување:

  1. Загрејте ја рерната на 180 степени и намрсете го калапот за печење, па поросете го со брашно.
  2. Измешајте ги путерот, 200 г шеќер, кората од мандарини, циметот и кардамонот додека не добиете крем.
  3. Додека мешате додавајте едно по едно јајце.
  4. Додадете ги брашното, прашакот за пециво и павлаката и добро измешајте.
  5. Печете околу 40 минути.
  6. Додека колачот се пече подгответе ги пошираните мандарини. Измешајте во сад сок од мандарини и останатиот шеќер. Варете и мешајте околу 5 минути додека шеќерот не се стопи. Зголемете ја температурата и варете додека не добиете густ сируп.
  7. Мандарините исчистете ги од лушпата и од белите делови, наредете ги во сад и прелијте ги со сирупот од сок и шеќер.
  8. Се уште топлиот колач полијте го со сирупот и украсете го со мандарини


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 05.Март.2020 во 21:33

Торта од портокали

Загрејте ја рерната на 160 степени Целзиусови.Калапот за печење торта обложете го со хартија за печење.

Потребни состојки:

100 г путер
160 г брашно
75 г кокосово масло
350 г шеќер
4 портокали
1 лимон
300 г бадеми
5 јајца
сол, кандирана корка од портокал

Приготвување:

Загрејте ја рерната на 160 степени Целзиусови.Калапот за печење торта обложете го со хартија за печење. Тостирајте ги бaдемите на сува тава, нека се изладат и потоа сомелете ги.  Стопете ги на тивок оган путероt и кокосовото масло и потоа измешајте со 280 г шеќер и ренданата коричка  од лимон. Додадете половина од мелените бадеми, а потоа додавајте ги јајцата, една по едно. Потоа додадете ги остатокот од бадемите, брашното и солта и мешајте дедека не добиете глатка смеса. Распоредете ја смесата во калапот. Печете 50 минути. Во меѓувреме подгответе сируп од останатиот шеќер и од сокот од 4 портокали и еден лимон. Тргнете од оган кога сирупот ќе проврие.

Кога ќе ја извадите тортата од рерна, сипете го  внимателно врз неа сирупот, почекајте да се впие и потоа извадете ја тортата од калапот. Изладете и послужете ја украсена со кандирана корка од портокал.



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 05.Март.2020 во 21:35

Колач со крем од лимон и кора од афион




Состојки:

1/2 шолја маргарин на собна температура
1/2 шолја путер на собна температура
1/2 шолја шеќер
2 шолји сенаменско брашно
1/2 лажичка екстракт од бадем, по избор
малку сол
2 1/2 големи лажици семе од афион

За филот:
2 конзерви засладено кондензирано млеко
3 големи жолчки
3/4 шолја плус 2 лажици свеж сок од лимон

Приготвување:
1. Загрејте ја рерната на 180 степени. Изматете ги маргаринот, путерот и шеќерот додека добиете мазна смеса. Додадете ги брашното и екстрактот од бадеми и матете додека се соединат. Додадете ги солта и семето од афион и повторно промешајте.

2. Ставете го тестото во тава и со помош на рацете убаво притиснете и израмнете го на дното и по страните од тавата. Изладете го тестотот околу 20 минути и потоа печете 15 минути. Основата ќе расте како колач бидејќи ова е кора од шеќер. Откако ќе ја испечете кората, измазнете ја со лажица.

3. За филот: Загрејте ја рерната на 190 степени. Изматете ги заедно засладеното млеко и жолчките. Додајте го сокот од лимон и матете уште еднаш. Истурете го сето тоа врз кростатата и печете околу 15 минути или додека филот се испече. Само допрете го нежно со прст за да се осигурате дека е подготвен и дека не е уште течен.

4. Оставете го колачот да се излади, а потоа оставете го во фрижидер барем 2 часа. Украсете го колачот со шлаг и со овошје.

 



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 05.Март.2020 во 21:56

Колач од портокали и бадеми



https://twitter.com/intent/tweet?text=%D0%9A%D0%BE%D0%BB%D0%B0%D1%87+%D0%BE%D0%B4+%D0%BF%D0%BE%D1%80%D1%82%D0%BE%D0%BA%D0%B0%D0%BB%D0%B8+%D0%B8+%D0%B1%D0%B0%D0%B4%D0%B5%D0%BC%D0%B8&url=https%3A%2F%2Fartkujna.mk%2Fkolach-od-portokal-bademi%2F&via=%D0%90%D0%A0%D0%A2%D0%9A%D0%A3%D0%88%D0%9D%D0%90" rel="nofollow -
-
https://artkujna.mk/wp-content/uploads/2016/05/imageedit_3_7984148953.jpg" rel="nofollow">imageedit_3_7984148953

Состојки:
3 портокали
300 гр бадеми, мелени
1 лажица вода
5 јајца
прстофат сол
200 г шеќер

Приготвување:
1. Измијте ги со топла вода портокалите, па пресечете ги, извадете им ги семките и динстајте ги со 1 лажица вода половина час. Откако ќе се изладат испасирајте ги.
2. Изматате ги белките со малку сол и потоа додадете им 100 г шеќер.
3. Изматете ги жолчките со 100 г шеќер. Во жолчките додадете ги испасираните портокали и мелените бадеми.
4. Потоа измешајте ја смесата со белките. Печете на 180 степени околу 1 час.

 



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 05.Март.2020 во 21:59

Колач со портокал, палента и маскарпоне


https://www.facebook.com/sharer.php?u=https%3A%2F%2Fartkujna.mk%2Fkolach-portokal-palenta-maskarpone%2F" rel="nofollow -
https://artkujna.mk/wp-content/uploads/2016/05/kejk.jpg" rel="nofollow">kejk

Состојки:
5 портокали
220 мл маслиново масло
290 г шеќер
240 г палента, фино мелена
1 ½ лажичка пециво
190 г бадеми, мелени
4 јајца, изматени
200 г маскарпоне
60 г шеќер во прав
листови од ½ мала китка мајчина душичка

За карамелот
50 г шеќер

Приготвување:
1. Ставете два портокала во голем сад со ладна вода доволно за да се покријат. Варете ги 1 час и 15 минути, додека омекнат. Потоа испасирајте ги во фино пире. Оставете на страна.

2. Ставете хартија за печење во тава со број 23. Сипете 10 г шеќер на дното. Извадете ја кората од останатите портокали, пресечете ги на кругови и отстранете ги семките. Соберете го сокот во мал сад и измешајте го со 50 г шеќер за карамел.

3. Наредете ги круговите од портокали врз шеќерот за целосно да го покриете дното од тавата.

4. Во еден сад измешајте ги палентата, пецивото, бадемите и останатите 280 г шеќер. Потоа додадете ги јајцата едно по едно, па 220 мл маслиново масло и пирето од портокали. Откако ќе добиете фина смеса внимателно сипете ја врз портокалите.

5. Печете 1 час и 20 минути на 170 степени. Нека се излади добро пред да ја превртите.

6. Во сад изматете го маскарпонето со шеќерот во прав, додадете ја мајчината душичка и оставете на страна.

7. Ставете го сокот од портокал и смесата со шеќерот со малку вода во мал сад и ставете ги на рингла 3-5 минути без мешање додека се карамелизира. Откако ќе се излади намачкајте го врз круговите портокал од колачот што веќе сте го превртеле.

8. Наросете со остатокот од мајчината душичка за украс и служете со маскарпоне од страна.



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 05.Март.2020 во 22:01

Коцки со лимон


Состојки:
Кростата
225 гр путер
½ шолја шеќер
2 шолји брашно
1/8 лажичка сол

Фил
6 јајца
2 ½ шолји шеќер
2 лажици кора од лимон
1 шолја сок од лимон
1 шолја брашно
шеќер во прав

За потенок фил
4 јајца
1 2/3 шеќер
1 лажица + 1 лажичка кора од лимон
2/3 шолја сок од лимон
2/3 шолја брашно

Приготвување:
1. Измешајте ги путерот и шеќерот со миксер. Додајте ги брашното и солта. Од смесата направете топка, измесете ја со раце и притиснете ја врз дното на тавата. Ставете ја во фрижидер да се олади.

2. Печете 15-20 минути на 190 степени. Потоа оставете да се олади.

3. За филот: измешајте ги јајцата, шеќерот, кората од лимон, сокот од кората и сокот од лимон и брашното. Сипете ги врз кростатата и печете уште 30-35 минути.

4. Оставете да се олади, па исечете на коцки и посипете со шеќер во прав.



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 06.Март.2020 во 09:09

Колач од портокал и палента по рецепт на Џејми Оливер

За сите љубители на портокали и на слатки теста кои се идеални со кафе или чај.


Славниот шеф Џејми Оливер, автор на овој рецепт, добро знае дека со портокалите не може да згреши. Токму поради цитрусниот вкус и сочноста, колачот ќе им се допадне на сите генерации.

Можете да го украсите со овошје или да го послужите со топче сладолед.

Состојки:

200 г путер на собна температура

150 г шеќер

3 големи јајца

1 лажичка екстракт од ванила

200 г мелени бадеми

100 г палента

2 портокали

1 лажичка прашок за пециво

Рендана кора од портокал

Состојки за сирупот:

1/4 лажичка кардамим

250 м сок одпортокал

30 мл вода

125 кафеав шеќер

Приготвување:

Загрејте ја рерната на 160 степени и премачкајте со путер калап од 20 сантиметри. Потоа ставете мрсна хартија, притиснете ја и премачкајте ја повторно со путер. Измешајте ги путерот и шеќерот во голем сад додека не добиете проѕирна и кремава смеса. Додавајте во смесата едно по едно јајце, а потоа додадете го и екстрактот од ванила.

Во малиот сад измешајте ги мелените бадеми, палентата, кората од портокал и прашокот за пециво, а потоа измешајте ги во првата смеса. Истурете ја смесата во сад за печење и печете 40 до 50 минути, или додека површината не добие светлокафена боја и додека колачот не се одвои малку од рабовите на тепсијата. Извадете ја од рерната и оставете да се лади 10 минути, а потоа извадете ја тортата од чинијата. Тој е прилично кревок, па затоа бидете внимателни!

За да направите сируп, смелете кардамом или користете кардамом во прав, а потоа ставете ги сите други состојки во сад со нив. Добиената мешавина гответе ја на средна температура околу 10 минути или додека не се намали волуменот и не се згусне. Оставете да се излади. Направете дупчиња во колачот со помош на чепкалка за заби или малку подебело стапче или со вилушка и потоа истурете врз неа сируп , но полека, за да може да се апсорбира. Послужете со малку јогурт со дополнителен прелив од сирупот и по желба, украсете со парченца портокали.

Фото: Pixabey



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 06.Март.2020 во 09:12
Превртен колач со цитруси


https://moirecepti.mk/post/%D0%BF%D1%80%D0%B5%D0%B2%D1%80%D1%82%D0%B5%D0%BD-%D0%BA%D0%BE%D0%BB%D0%B0%D1%87-%D1%81%D0%BE-%D1%86%D0%B8%D1%82%D1%80%D1%83%D1%81%D0%B8" rel="nofollow -

Состојки
Сируп
1/2 чаша шеќер (чаша од 250 мл)
1/4 чаша вода
Тесто
125 гр путер
2/3 чаша шеќер
3 јајца
3 лажици цеден сок од портокал
1 лажица рендана кора од портокал
2 пакетчиња ванилин шеќер
1 и 1/2 чаша брашно
1 лажиче пециво
1/4 лажиче сода
2/3 чаша јогурт
2 црвени цитрони
2 портокала
2 мандарини

Освежувачки, сочен, вкусен, декоративен, вистински зимски колач
Прво направете го сирупот, ставете ја водата и шеќерот да повријат минута, две.
Тепсијата обложете ја убаво со хартија (бр 30)
Цитрусите измијте ги и пресечете ги на кругови со дебелина отприлика од 1 цм. Сечете ги со се кората, а потоа со остро ноже отстранете ја.
Во тепсијата ставете прво половина од сирупот, ставете ги круговите од овошјето и прелијте ги со другата половина од сирупот.
За тестото измиксајте ги јајцата со шеќерот, додајте го стопениот путер и јогуртот, а потоа измешајте ги сувите состојки.
Прелијте ја смесата врз овошјето и ставете да се пече во загреана рерна на 180 степени отприлика половина час.
Колачот превртете го дури кога убаво ќе биде оладен.




-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 06.Март.2020 во 09:13
Овошна торта со цитруси (без печење)


https://moirecepti.mk/post/%D0%BE%D0%B2%D0%BE%D1%88%D0%BD%D0%B0-%D1%82%D0%BE%D1%80%D1%82%D0%B0-7" rel="nofollow - - Овошна торта со цитруси (без печење)


Состојки
1 кора готов пандишпан
1 мандарина
1 портокал
1/2 лимон(сок)
1 кесичка пудинг од чоколадо
1 лажица густин
400 мл млеко
100 гр шеќер во прав
100 гр толчени ореви
100 гр путер

Кората пандишпан ја кршиме на парчиња и ја попрскуваме со сокот од лимон.
Порокалот и мандарината ги лупиме и ги пасираме како пире.
Пудингот со шеќерот во прав и млекото ги вариме на стандарден начин, според упатството на ќесичката и додаваме 100 гр путер.
Кај пандишпанот го додаваме овошното пире, оревите и промешуваме.
Го додаваме пудингот и оставаме смесата да се олади.
Тортата може да ја обликувате како сакате. Јас -конусен стаклен сад обложив со најлонска фолија ја ставив смесата. Дното го затворив со бисквити.
Тортата оставете ја во фрижидер неколку часови и послужете...




-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 06.Март.2020 во 09:15
Путер куглов со портокал

https://moirecepti.mk/post/%D0%BA%D1%83%D0%B3%D0%BB%D0%BE%D0%B2-%D0%BA%D0%BE%D0%BB%D0%B0%D1%87-%D1%81%D0%BE-%D0%BF%D0%BE%D1%80%D1%82%D0%BE%D0%BA%D0%B0%D0%BB" rel="nofollow - - Путер куглов со портокал



Состојки
200 гр путер
350 гр шеќер
250 гр брашно
3 јајца
1 кесичка прашак за пециво
100 мл исцеден сок од портокал
1 рендана кора од портокал
100мл вода

Најнапред во сад се мати маргаринот, се додава шеќерот 250 гр, остатокот ќе ни треба за подоцна и ги додаваме на крај јајцата. Потоа го додаваме брашното помешано со прашок за печиво.
Откако ќе се измеша сето ова се додаваат околу 100 мл исцеден сок од портокал. Јас изрендав кора од портокал која навистина дава убав шмек подоцна кога е готов колачот. Се мати со миксер додека се добие цврста смеса.
Смесата се истура во подмачкан калап, јас користев куглов и се пече во загреана рерна на 180 степени околу 40 минути.
150 грама шеќер се меша со 150 мл вода и со сок од портокал. Кога шеќерот ќе се истопи, се прелива изладениот колач. Од горе наросуваме со шеќер во прав.
Навистина е вкусен, лесен и брз колач.






-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 06.Март.2020 во 09:23
Куглов со чоколада, портокал и мандарини

https://moirecepti.mk/post/%D0%BA%D1%83%D0%B3%D0%BB%D0%BE%D0%B2-%D1%81%D0%BE-%D1%87%D0%BE%D0%BA%D0%BE%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B0-%D0%BF%D0%BE%D1%80%D1%82%D0%BE%D0%BA%D0%B0%D0%BB-%D0%B8-%D0%BC%D0%B0%D0%BD%D0%B4%D0%B0%D1%80%D0%B8" rel="nofollow - - Куглов со чоколада, портокал и мандарини

Состојки
200 гр мелени ореви
100 гр сечкана чоколада
6 јајца
200 гр шеќер
200 гр маргарин
кора од 1 портокал и сок од 1мандарина
4 аранчини од портокал
1 лајче цимет
1 пециво
130 гр брашно
прстофат сол
Глазура
100 гр чоколадо
2 лажици масло

Вкусен колач со мирис на цимет, чоколада и арома на портокал .
1. Жолчките се двојат од белтоците. Се прави цврст снег од белките и се оставаат на страна.
2. Жолчките се миксираат со шеќерот. Се додава маргаринот и постепено се додаваат сите други состојки и 100 гр чоколада.
3. Се печи во силиконска модла на 180С-40мин.
4. Во друг сад се топи 100гр чоколада и малку масло и се прелева врз кугловот. Одозгора се ставаат украсни трошки





-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 06.Март.2020 во 09:25
Триаголници со сок од мандарини и сок од портокал

https://moirecepti.mk/post/%D1%82%D1%80%D0%B8%D0%B0%D0%B3%D0%BE%D0%BB%D0%BD%D0%B8%D1%86%D0%B8-%D1%81%D0%BE-%D1%81%D0%BE%D0%BA-%D0%BE%D0%B4-%D0%BC%D0%B0%D0%BD%D0%B4%D0%B0%D1%80%D0%B8%D0%BD%D0%B8-%D0%B8-%D1%81%D0%BE%D0%BA-%D0%BE" rel="nofollow -


Состојки
тесто
2 јајца
3 лажици кафен шеќер
100мл млеко
7 лажици масло
120гр брашно
1 лажиче пециво
1 лажиче какао
2 мандарини
кора и сок од еден портокал, по вкус 1 лажиче кафен еурокрем
2 лажици мармалад од кајсии
глазура
30гр путер
100гр црно чоколадо
1 лажица масло


Декоративни, кревки, сочни триаголничиња.
Потребни ви се 2 силиконски тави на Делимано - четвртаста и округла.
Прво во сад се матат јајцата и шеќерот да побелат.
Се исклучува миксерот и се додаваат млекото, маслото, пецивото, брашното.
Со шпатула се промешува.
Се дели смесата на 2 дела.
Едниот дел се става во четвртаста силиконска тава, мала, а во другиот дел се става просеаното какао и се истура смесата во округла тава бр 22.
Двете заедно одат во рерна на печење околу 7 - 8 минути на 180 степени.
Жолтото тесто се вади на даска за колачи.
Кафеното тесто нека се излади, а потоа се рони со рацете.
Се додаваат сокот од 2 исцедени мандарини, кора и сок од портокал.
По вкус се додава 1 лажиче кафен еуро крем.
Убаво смесата се соединува.
Сега жолтото тесто танко се премачкува со мармалад.
Врз него се става кафената смеса.
Убаво се израмнува со нож.
Над пареа се топат чоколадото, путерот, маслото.
Оваа глазура се нанесува на колачот.
Нека одстои 1 час, па се сече на триаголници.






-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 06.Март.2020 во 09:27
Мафини со мандарини

https://moirecepti.mk/post/%D0%BC%D0%B0%D1%84%D0%B8%D0%BD%D0%B8-%D1%81%D0%BE-%D0%BC%D0%B0%D0%BD%D0%B4%D0%B0%D1%80%D0%B8%D0%BD%D0%B8" rel="nofollow - - Мафини со мандарини



Состојки
6 мандарини
4 јајца
50 мл стопен путер
50 мл масло
250 гр шеќер
200 гр брашно
100 гр гриз
1 пециво
50 гр сечкано црно чоколадо
Прелив
200 мл сок од исцедени мандарини
150 гр шеќер
3 лажици мед

Мандарините ставете ги во едно тенџерче, прелијте ги со ладна вода и ставете ги да се варат две минути. Истурете ја водата, турете нова ладна вода и пак ставете ги да се варат две минути. Исцедете ги и кога ќе се оладат испасирајте ги. (во блендер)
Изматете ги јајцата со шеќерот, па додајте го путерот и маслото, па сите суви состојки. На крајот измешајте го исечканото чоколадо.
Печете ги во калап за мафини, на 180 степени.
За преливот, измешајте го сокот со шеќерот и медот, зовријте го и преку секое мафинче прелијте по малку. Можете најпрво мафинчето да го дупнете со чепкалка за заби на неколку места.




-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 06.Март.2020 во 09:31
Торта со мандарини

https://moirecepti.mk/post/%D1%82%D0%BE%D1%80%D1%82%D0%B0-%D1%81%D0%BE-%D0%BC%D0%B0%D0%BD%D0%B4%D0%B0%D1%80%D0%B8%D0%BD%D0%B8-2" rel="nofollow - - Торта со мандарини

Состојки
Пандишпан
3 јајца
90 гр шеќер
1 ванилин шеќер
50 гр путер
100 гр брашно
1 полно лажиче прашак за пециво
изрендана кора од 2 мандарини
Фил
600 гр излупени мандарини
8 полни лажици шеќер
1 пудинг од ванила
1 лажица нишестe (густин)
За декорација
80 - 100 гр чоколада за готвење
3-4 лажици масло

Подготовка на пандишпанот
Путерот стопете го и оставете го да олади.
Јајцата изматете ги со шеќерот и ванилата да постанат светли и кремасти. Намалете ја брзината на миксерот и додајте го путерот, а потоа брашното измешано со пецивото и кората од мандарини.
Смесата истурете ја во тава за печење (26) намачкана со путер и посипана со брашно.
Ставете ја да се пече во загреана рерна на 180 степени околу 15-20 мин.
Печениот пандишпан оставете го да олади и додека лади подгответе го филот.

Подготовка на филот.
Мандарините исчистете ги од белите жилички и од семките. Со блендер изблендирајте ги да се добие кашеста смеса.
Во дел од смесата растворете го пудингот и нишестото со 4 лажици шеќер. Другиот дел од смесата со мандарини и шеќерот оставете ги да зовријат па додајте го пудингот. Варете го 2-3 минути да се згусти и прелијте го пандишпанот. Оставете го да олади.

Откако ќе олади и стегне филот на пареа стопете ја чоколадата со маслото и прелијте ја над филот.
Оставете и чоколадата да се стегне.
Најдобро е да си се послужите откако ќе постои неколку часа за да се спојат вкусовите.
Тортата е едноставна, лесна и многу вкусна.






-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 07.Март.2020 во 21:02
Чоколадни тортици со портокал

https://moirecepti.mk/post/%D1%87%D0%BE%D0%BA%D0%BE%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%BD%D0%B8-%D1%82%D0%BE%D1%80%D1%82%D0%B8%D1%86%D0%B8" rel="nofollow -

Состојки
За тесто
5 јајца
150 мл млеко
120 гр шеќер
50 гр брашно
40 гр какао
1/2 прашок за пециво
1 ванилин шеќер
За крем
200 гр чоколадо за готвење
400 мл слатка павлака
4 лажици сок од портокал
1 лажичка рендана кора од портокал
4 лажици рум
За чоколадна глазура
100 гр чоколадо со висок процент на какао
50 гр путер
Чоколадо во тесто, чоколадо во кремот и чоколаден прелив во составот на овие тортици треба да ви биде доволна препорака за да го пробате овој прекрасен рецепт. Тестото е меко и ровко па заедно со филот и глазурата едноставно се топи во уста. За љубителите на чоколадо вистинско задоволство.

Подготовка
1. Жолчките и шеќерите ги матиме пенасто. Белките ги матиме во снег од белки.
2. Сувите состојки ги мешаме па ги додаваме заедно со млекото во жолчките па на крај лесно со шпатула ги соединуваме белките во смесата.
3. Во четвртаста тава за печење со димензии 20х30 или слична димензија, ставаме хартија за печење и смесата ја делиме на три дела. Секој дел го печеме посебно на нова хартија за печење, на температура од 180 степени само 8-10 минути во загреана рерна.
Додека тестото се пече го подготвуваме чоколадниот крем.
4. Слатката павлака ја ставаме на оган до вриење (да не врие), па во неа го додаваме чоколадото да се растопи. Мешаме додека да добиеме мазна смеса која ќе ја оставиме да олади.
5. Потоа додаваме сок од портокал, кората и рум и мешаме со миксер да се соедини и волуменизира смесата.
6. Кремот го делиме на два дела и премачкуваме две кори кои ги редиме една врз друга, значи кора-крем-кора-крем-кора-глазура.
7. За глазурата ја топиме чоколадата заедно со путерот и со добиената смеса ја премачкуваме тортата. Додека не е стегната глазурата поминуваме нежно со вилушка по неа за да добиеме шарки на тортиците.
Оставаме да се излади и соедини и сечеме тортици по големина и желба.

Забелешка
Во овие тортици бидејќи немав портокал во моментот на подготовка па малку импровизирав. Имено, наместо сок од портокал ставив сок од лимон во кој измешав мелени аранчини, со што добив вкус на портокал =)




-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 10.Мај.2020 во 14:18

Рецепт за вкусни и освежителни колачиња со лимон

Овие колачиња се едноставно извонредни. Добрата работа околу нив е дека тие имаат уникатен вкус и можете да ги подготвите кога и да посакате.

Потребни Ви се 50 грама путер за премачкување, две ипол чаши брашно, три четвртини чаша со шеќер во прав за попрскување, малку сол, 200 грама путер, шест јајца, две чаши шеќер, четвртина чаша свежо исцеден сок од лимон, три лажици рендана кора од лимон.

Прво треба да се загрее рерната на 180 степени. Потоа земете едно тавче и намачкајте го со путерот. Потоа измешајте го брашното со 200 грама путер и месете додека тестото не се соедини. Потоа тестото добро се распределува во тавата и се пече околу дваесет минути. Додека се пече измешајте во еден сад јајца и шеќер и додадете го сокот од лимон но внимателно за да не се појават меурчиња. Потоа додадете половина чаша брашно и ренданата кора од лимон. Потоа смесата се става врз топлата кора и се пече уште 45 минути.

Откако колачот ќе биде готов чекајте да се излади, исечете го на парчиња и посипете со шеќер во прав и секако, уживајте.

https://www.facebook.com/nanemkd/" rel="nofollow -


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 12.Мај.2020 во 21:57
Портокалопита

https://moirecepti.mk/post/%D0%BF%D0%BE%D1%80%D1%82%D0%BE%D0%BA%D0%B0%D0%BB%D0%BE%D0%BF%D0%B8%D1%82%D0%B0-2" rel="nofollow - - Портокалопита

Состојки
7-8 листови готови кори за пита
400 гр густ јогурт или лајт кисело млеко
200 гр масло
150 гр шеќер
4 поголеми јајца
2 портокали
1 пакетче ванилин шеќер
1 пакетче прашок за печење
За сируп
150 гр шеќер
250 мл сок од портокал
1 пакетче портокал шеќер (или ванилин ако немате таков)

Од едно пакетче кори за пита имавме и ручек и десерт. 

Извадете ги корите и разделете ги да се исушат некој половина час. Треба да станат кршливи и да крцкаат.
За тоа време, ставете ги портокалите во вода со сода бикарбона да се подисчистат од пестицидите.

Во сад измешајте го јогуртот, маслото, шеќерот, ванилата и јајцата со помош на жица за матење и додајте му рендана кора од портокалите.
На крај издробете ги исушените кори и измешајте.

Смесата истурете ја во намастена тава 20х30 и печете ја на 165С 40на минути додека не добие фина боја одозгора.

Додека се печи питата пригответе го преливот. Исцедете ги портокалите. Ако е потребно исцедете уште еден и додадете вода до мерката или можи да користите природен џус од портокал. Ставете ги заедно со шеќерот на рингла и мешајте додека зоврие, т.е. стопи шеќерот. Тргнете, и ставете го портокал или ванила шеќерот.
Доколку сакате поблага да ви е питата или пак сметате дека се покисели портокалите, по желба можи да си додадете уште шеќер.

Испечената пита исечете ја на коцки, прелијте ја со шербетот и оставете ја неколку часа да се впие пред да ја послужите.

*Доколку сакате, пред печење питата можи да ја наредите со парчиња портокал и така да ја печите. Јас решив да ја послужам со парче свеж портокал одозгора, но ако би имале сладолед, една топка во чинијата одлично би се вклопил со питава.






-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 05.Декември.2020 во 10:54

Денеска ви претставуваме рецепт кој ќе ви го врати расположението во овие тмурни денови.

Потребни состојки: 

За кората:

- 220 гр. брашно

- 35 гр. пченкарен скроб

- 100 гр. гранулиран шеќер

- 1/4 лажиче сол

- 230 гр. несолен путер

За филот од лимон:

- 300 гр. гранулиран шеќер

- 1/4 шолја брашно (32 гр.)

- 4 јајца (собна температура)

- 1/2 шолја свеж сок од лимон (120 мл.)

Дополнително:

- шеќер во прав

Начин на припрема:

Подготовка на кората:

1. Загрејте ја рерната на 170 Целзиусови степени, а тавата обложете ја со хартија за печење.

2. Во поголем сад измешајте ги брашното, шеќерот, солта и пченкарниот скроб.

3. Додајте го путерот и со раце соединете ги состојките.

4. Ставете ја смесата во тавата, добро пристигнете ја и печете околу 20 минути на 170 Целзиусови степени.

Подготовка на филот:

1. Во еден сад измешајте го брашното и гранулираниот шеќер, а потоа додајте ги јајцата и сокот од лимон.

2. Извадете ја речиси испечената кора и прелијте ја со филот.

3. Вратете ја тавата во рерна и печете околу 15-20 минути додека не фати кора на површината.

4. Оставете го колачот на собна температура да се излади, а потоа ставете го во фрижидер да се зацврсти.

5. Можете да го декорирате со шеќер во прав.



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 09.Декември.2020 во 13:16

Колач со мандарини – „Ги полевам со 4 јајца и млеко и за 5 минути добивам сочна фантазија!“


Овој уникатен зимски рецепт дефинитивно вреди да се проба! Ќе одземе само неколку минути од вашето време, а притоа истиот важи за еден од највкусните десерти со мандарини, што ќе ги воодушеви обожавателите на ова кралско овошје!

https://www.nane.mk/wprm_print/recipe/74529" rel="nofollow - Колач со мандарини
Овој уникатен зимски рецепт дефинитивно вреди да се проба! Ќе одземе само неколку минути од вашето време, а притоа истиот важи за еден од највкусните десерти со мандарини, што ќе ги воодушеви обожавателите на ова кралско овошје!
Вкупно време30 мин
Оброк: Десерт
Кујна: Американска
Клучни зборови: колач со мандарини, мандарини
 
Порции: 4

Состојки

  • 4 јајца
  • 1 кафена шолја пресно млеко
  • 1 кафена шолја шеќер
  • 1 кафена шолја масло / растопен путер
  • 1 кафена шолја кисело млеко
  • 1 ќесичка пециво
  • 2,5 шолји брашно
  • 1 ќесичка ванила
  • Половина кг мандарини

Начин на подготовка

  • Излупете ги мандарините и исечете ги на половина.
  • Покријте го садот со хартија за печење и нанесете шеќер, а одозгора потоа наредете ги мандарините.
  • Изматете ги јајцата со шеќерот до добивање хомогена смеса, а потоа додадете ги пресното и киселото млеко и маслото. На крај додадете ја ванилата. Измешајте го брашното со пецивото, пресејте и исипете го во тестото и добро измешајте.
  • Добиеното тесто додадете го врз мандарините и поставете го колачот да се пече на 180°C додека да добие златна боја.
  • Пред сервирањето, свртете го колачот наопаку.


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 18.Декември.2020 во 22:19
Подобра од овошна пита: Торта со портокал


Подобра од овошна пита: Торта со портокал


Направете торта со портокал, полна супер вкус и готова за еден час.

СОСТОЈКИ:

  • 8 јајца
  • 240 гр. шеќер
  • 250 гр. мелени ореви
  • 150 гр. чоколадо за готвење
  • 2 портокали

ПОДГОТОВКА:

  1. Се двојат белки од жолчки, се матат жолчките со шеќер во крем, се става стопено чоколадо, ореви и кора од еден портокал која убаво сте ја измиле и нарендале.
  2. Се става потоа и изматен снег од белки, па се става смесата во калап за печење и се пече на 150 степени околу еден час.
  3. Не се отвора рерната при печење.
  4. Се лади тортата и се става врз неа сок од два портокала.
  5. По желба ставете си горе чоколадо, кокос, ореви.


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 13.Јануари.2021 во 21:41
Колач со лимон и какао


https://moirecepti.mk/post/%D0%BA%D0%BE%D0%BB%D0%B0%D1%87-%D1%81%D0%BE-%D0%BB%D0%B8%D0%BC%D0%BE%D0%BD-%D0%B8-%D0%BA%D0%B0%D0%BA%D0%B0%D0%BE" rel="nofollow - - Колач со лимон и какао


Состојки
  1. 4 јајца
  2. 1 филџан шеќер
  3. 2 филџана газирана вода
  4.  1филџан масло
  5. 4 филџани брашно
  6. 1 пециво
  7. кора од лимон
  8. 2 лажици какао
  9. 2лажици мед
  10. сусам по потреба

Подготовка

Изматете ги убаво јајцата со шеќерот. Потоа, додадете ги газираната вода, маслото и на крај брашното и пециво. Изматете да добиете еднолична смеса

Смесата поделете ја на два дела. Во едниот дел ставете рендана кора од лимон, а во другиот какао. Промешајте со лажица.

Во набрашнета тава ставете го прво едниот дел од смесата, па другиот и со чепкалка може да направите шари.

Печите на 200 степени. При крајот извадете ја тавата и премачкајте го колачот со мед и одозгора ставете сусам. Вратете во рерна уште неколку минути.

Готовиот и изладен колач исечете го по желба.

На здравје.



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 06.Март.2021 во 10:24
Брз колач со лимон и мак

Припремете едноставен и вкусен десерт за вас и вашите најмили, совршен во комбинација со шолја кафе или чај.

Потребни состојки:

- 280 гр. брашно

- 2 лажици мак

- ½ ќесичка прашок за пециво

- прстофат сол

- 125 гр. путер, омекнат на собна температура

- 200 гр. шеќер

- 1 ванилин шеќер

- 3 јајца

- 3 лимонови кори

- 125 мл. лимонов сок

- 75 мл. млеко

За глазура:

- 130 гр. шеќер во прав

- 30 мл. лимонов сок

Начин на припрема:

1. Просејте го брашното и во него додајте го макот, прашокот за пециво и солта.

2. Во посебен сад изматете ги јајцата со шеќерот и путерот и додајте ги сокот од лимон, кората од лимон и млекото.

3. Во садот додајте ги и сувите состојки и добро промешајте.

4. Намастете ја тавата за печење и истурете ја смесата.

5. Печете на 180 Целзиусови степени околу 40 минути.

6. За глазура, помешајте го лимоновиот сок со шеќерот во прав и со него премачкајте го изладениот колач.



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!



Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk