|
Музичари... IN MEMORIAM... |
Внеси реплика | страница <1 456 |
Автор | |
paralelogram
Сениор Регистриран: 29.Мај.2017 Статус: Офлајн Поени: 787 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Уште една легенда си отиде доброволно...
Нека почива во мир. |
|
zamislena
Сениор Регистриран: 03.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 14566 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Почина пејачката од Roxette на 61-годишна возраст по долга битка со ракМари Фредриксон ја изгуби долгата битка со ракот. Пејачката од дуото Roxette почина на 61-годишна возраст. „Мари ни остави огромно музичко наследство. Нејзиниот неверојатен глас, кој беше и силен и сензитивен, како и нејзините магични настапи во живо ќе бидат запаметени од сите кои имаа среќа да ги проследат. Но, ќе се сеќаваме и на прекрасна личност со огромен апетит за живот и жена со големо срце која се грижеше за секој што ќе го сретнеше“ - се вели во соопштението на менаџментот. Мари беше успешен соло изведувач во Шведска, но стекна светска слава во 80-тите години откако со Пер Гесле ја создадоа групата Roxette. Нивните фанови веднаш ќе ги набројат хитовите „It Must Have Been Love“, „The Look“, „Listen to Your Heart“, „Joyridе“ и „Fading Like A Flower“. На Мари ѝ беше дијагностициран рак на мозокот во 2002 година, но по лекување со агресивна терапија, таа се опорави и во 2009 година се врати на сцената. Во 2016 година, докторите ја посоветуваа да се повлече и да го стави здравјето на прво место, бидејќи се соочуваше со проблеми предизвикани од радиотерапијата користена за лекувањето на ракот. „Мари Фредриксон почина утрово на 9 декември како резултат на нејзина претходна болест“ - стои во соопштението на ужаленото семејство. Изменето од Valerija - 11.Декември.2019 во 16:47 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Почина Драган ВучиќПознатиот македонски водител и пејач, Драган Вучиќ почина денеска на 65 годишна возраст. Веста за неговата смрт ја потврдил синот, Мартин Вучиќ за „Убавина и здравје“. Се уште не се познати дополнителни детали поврзани со причините за смртта. Изменето од Valerija - 04.Мај.2020 во 12:50 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Орка
Сениор Регистриран: 30.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 44580 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Не сакав да му останам дужен на Џоле!
Мислам дека некаде ја имам пишано таа анегдота низ форумов,дека ни беше компромисно прифатен изведувач у ауто.Се некој си влечеше на подолги патувања што би сакал да слуша.Но кога Џоле со своите бранови ушите ќе ни ги допреше и најдолгото патување изгледаше како миг.Телепортација! Не верувам дека три генерации внатре сите со иста емоција ги впивавме стиховите.Но уживавме.Некој од доживеаното,други во барање за остварување на некои соништа. А ме намачи форумов!Два дена ме уби со одбивање на логирање. Денес на трета улетав,после пополнување на оние безбедносни кодови! Песна нема која би ја одвоил.Знам дека последниве години и се поретко го пуштав,иако сите албуми стојат во колекција. Но никако не заборавам на 19-ти јануари да си ја опнам славеничката! Мирно море Џоле! Ако ништо друго,оваа на 19-ти сигурно и понатака ќе оди! Знаеш како годините претходно,кога се ќе заврши за да почне... |
|
Внеси реплика | страница <1 456 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |