IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Смути
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Смути

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 234
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Март.2020 во 11:54
Смути тропикана

Состојки
1 1/2 банана
1 1/2 портокал
1 голема лажица кокос
1 голема лажица чиа семе
6-7 големи лажици растително млеко
малку екстракт од ванила
по желба мед или некој друг засладувач

Семето од чиа се става во една чаша и му се додава млекото и ванилата, се остава 10-ина минути, готовото семе се става на дното од чашата во која што ќе се сервира смутито.
Горниот дел се спрема од блендирана банана на која што и се додава сокот од портокал и кокосот, ако сакате може да се додаде и некој засладувач.



Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Мај.2020 во 22:00

Црвено смуди

  • 2 грста замрзнато шумско овошје
  • 1 свежа банана
  • ½ лажичка екстракт од ванила
  • 2-3 гранчиња свежо нане
  • 200 мл јогурт/млеко/бадемово млеко

Жолто смуди

  • 2 грста замрзнат ананас на коцки
  • 1 праска
  • 200 мл. кокосово млеко
  • 1-2 ливчиња босилек

Портокалово смуди

  • 2 портокали излупени и замрзнати
  • 1 банана замрзната
  • 1 изрендан морков
  • ½ лажичка екстракт од ванила
  • 200 мл. бадемово млеко

Зелено смуди

  • 2 грста беби спанаќ
  • 2-3 гранчиња свеж магдонос
  • 1 дланка замрзнат ананас
  • ½ авокадо кора и сок од 1 лимон
  • 200 мл. бадемово млеко

Розево смуди

  • 2 грста замрзнати јагоди
  • 1 замрзната банана
  • ½ лажичка екстракт од ванила
  • 2-3 лажици јаворов сируп или мед
  • 200 мл. кокосово млеко
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Декември.2020 во 19:53

Чаша полна антиоксиданти: Смуди од црно грозје



Кога внимателно бираме храна за појадок што не го оптеретува организмот, му даваме на телото време и сила да се справи со неволјите – без разлика дали сме јаделе нешто доцна вчера или едноставно за да го зајакнеме имунитетот и да се исчистиме од токсините.

Чаша полна антиоксиданти: Смуди од црно грозје

Грозјето е малку калорично, па затоа е добар сојузник при слабеење. Грозјето со темно виолетова боја е исклучително богато со антиоксиданти, кои го зачувуваат нашето здравје и младешки изглед. Грозјето е исклучително добро за чистење на организмот. Грозјето содржи витамини А, Ц и Б комплекси, минерали како калциум, магнезиум, манган, железо, селен и калиум. Има антиинфламаторно, антивирусно и антимикробно дејство. Се бори против рак, анемија, запек и замор.

Потребни состојки:

  • 250 милилитри растително млеко
  • 150 г црно грозје
  • 1 банана
  • 1 лажица супер храна во прав по избор (на пример спирулина)

Начин на подготовка:

  1. Ставете ги сите состојки во блендер, измешајте ги, а потоа уживајте!


Изменето од Valerija - 08.Декември.2020 во 19:54
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Декември.2020 во 11:23


Покрај него не ви се потребни никакви суплементи: Смутито од калинка го закрепнува целиот организам


Во текот на зимските месеци е потребно да се консумира што повеќе овошје и зеленчук за да го снабдиме телото со потребните витамини.

Свежото, исечкано овошје може да се замени со смути, а со додаток на други состојки тоа може да се претвори во хранлив појадок или ужина.  

Смутито од калинка е благотворно за здравјето, но и многу вкусно и закрепнувачко. Калинката е полна со полифеноли, моќни антиоксиданси кои помагаат во заштитата на клетките од оштетувања предизвикани од слободните радикали. Исто така, ова овошје е одличен извор на калиум, а благодарение на високиот процент на влакна, помага и во стабилизирање на нивото на шеќер во крвта.

Калинката е позната и по тоа што го чува здравјето на срцето и крвните садови, а добра е и за дигестивниот систем. Дијабетичарите треба да бидат внимателни при нејзината консумација бидејќи содржи голема количина природни шеќери.

Еве како да припремите здраво смути од калинка:

Потребни состојки:

- 2 исчистени калинки

- 1 портокал

- 20 гр. семки од тиква

- една шака боровинки

- 300 мл. грчки јогурт

- 1 зрела банана

Начин на припрема:

Изблендирајте ги сите состојки, а потоа ставете го смутито во поширока чаша и додадете овошје по избор (зрна од калинка, кришка портокал или неколку боровинки). Испијте го смутито непосредно по подготовката, за да не дојде до губење на хранливите состојки кои се наоѓаат во него.



Изменето од Valerija - 17.Декември.2020 во 11:24
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Јануари.2021 во 11:01

Вкусно смуди со кафе и таан


Вкусно смуди со кафе и таан

Потребни состојки:

  • 250 милилитри овесно млеко
  • 125 милилитри разладено кафе
  • 2 лажици таан
  • половина зрело авокадо
  • 200 гр замрзнати парчиња банана
  • 1 лажица какао
  • ⅛ лажичка цимет
  • 1 лажичка јаворов сируп или мед по вкус

Начин на подготовка:

Ставете ги сите состојки во блендер и блендирајте додека не се соединат. Вашето смуди е готово! Добар апетит!



Изменето од Valerija - 16.Јануари.2021 во 11:02
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 234
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,172 секунди.