IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Направи сам
  Активни теми Активни теми RSS - DIY - Новогодишни и Божиќни   декорации
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

DIY - Новогодишни и Божиќни декорации

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 456
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Декември.2020 во 10:42

18 празнични декорации кои се прават за половина час

10. Семејни фотографии закачени на сијалички

18-praznicni-dekoracii-koi-se-pravat-za-polovina-cas-14.jpg

11. Нацртани и обоени лажици

18-praznicni-dekoracii-koi-se-pravat-za-polovina-cas-15.jpg

18-praznicni-dekoracii-koi-se-pravat-za-polovina-cas-16.jpg

12. Снешко од стар чорап

18-praznicni-dekoracii-koi-se-pravat-za-polovina-cas-17.jpg

18-praznicni-dekoracii-koi-se-pravat-za-polovina-cas-18.jpg

13. Лампиони од стари сијалици

18-praznicni-dekoracii-koi-se-pravat-za-polovina-cas-19.jpg

14. Венче за на врата

18-praznicni-dekoracii-koi-se-pravat-za-polovina-cas-20.jpg

15. Ланец од шишарки

18-praznicni-dekoracii-koi-se-pravat-za-polovina-cas-21.jpg

16. Елки од карнери

18-praznicni-dekoracii-koi-se-pravat-za-polovina-cas-22.jpg

17. Светкави гранки

18-praznicni-dekoracii-koi-se-pravat-za-polovina-cas-23.jpg

18. Мини елки од шишарки

18-praznicni-dekoracii-koi-se-pravat-za-polovina-cas-24.jpg

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Декември.2020 во 22:11

Декорирајте со своите деца: Креативни идеи за слатки новогодишни украси


Активирајте ги и децата во празничното декорирање на одмот. Разбудете им ја креативноста и дозволете им на малите рачиња да ви помагат при создавањето на уникатни новогодишни украси.

Елка од картон

новогодишни украси

Постапка:

новогодишни украсиновогодишни украсиновогодишни украси

Дедо Мраз и Баба Мразица

новогодишни украси

Постапка:

новогодишни украсиновогодишни украсиновогодишни украсиновогодишни украси

Рудолф од дрвени стапчиња

новогодишни украси

Постапка:

новогодишни украсиновогодишни украси

Снешко од хартија

новогодишни украси

Постапка:

новогодишни украсиновогодишни украси

Пингвини од картонска кутија за јајца

новогодишни украси

Постапка:

новогодишни украсиновогодишни украсиновогодишни украси

Дедо Мраз од дрвени стапчиња

новогодишни украси

Постапка:

новогодишни украсиновогодишни украсиновогодишни украси

Лижавче

новогодишни украси

Постапка:

новогодишни украсиновогодишни украсиновогодишни украсиновогодишни украси




Изменето од Valerija - 14.Декември.2020 во 22:17
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Декември.2020 во 10:27

Направете сами: Елка која нема да ве чини повеќе од 700 денари


Во месецот кога дозволуваме да нè понесе новогодишната еуфорија и да уживаме во китењето на домот, секогаш се добредојдени „направи сам“ практични идеи. 

napravete-sami-elka-koja-nema-da-ve-cini-poveke-od-700-denari-01 (1).jpg

Ана е креативна девојка од Скопје, која ужива во ваков тип на проекти, па споделува како да направите поинаква уникатна елка, која не би ве чинела повеќе од 700 денари. 

„Инспирацијата ја најдов на нет, првичната замисла ми беше да ја направам од дрвени летвички, но сакав да ја имам уште вечерта па немав каде да ги најдам летвичките.

Се сетив на алтернативно решение – да се обидам со дрвени рачки за метли. Но, отидов во супермаркет и единствено соодветно што најдов беа сребрени пластични рачки за џогер кои ми изгледаа таман за мојот проект“.

Што ви е потребно и колку чинеше елката:

  • 3 рачки за џогер – 60 денари парче, вкупно - 180 денари
  • Тенка пластифицирана жица за сушење алишта – 60 денари
  • Зеленото гранче од 6m – 300 денари
  • Стеги и сијалички – постоечки во домот
  • 3 Гранчиња
  • Силикон со пиштол – ги имав дома, можете да пробате и со секундарен лепак
  • Лампионите ги имав од претходно, а можете да бидете креативни и да си направите и сами.

Постапка за изработка:

Пластичните „ногарки“ во горниот дел се сврзани со стеги, затегнати и врзани помеѓу себе.

Конструкцијата не делуваше стабилна па употребив гранчиња кои ги собрав пред зграда – ги залепив во долниот дел на конструкцијата со силиконски пиштол, формирајќи буква А (приказ на сликата десно). 

napravete-sami-elka-koja-nema-da-ve-cini-poveke-od-700-denari-02.jpg

Целата конструкција ја исплетов со жицата – од горе надолу, под одреден агол кој го следев низ плетката како би можело зеленото гранче да се држи за нешто и да не паѓа од тежината на лампионите.

napravete-sami-elka-koja-nema-da-ve-cini-poveke-od-700-denari-04.jpg

Го поставив исплетено зеленилото долго 6m и ставив и сијалички кои ги имав на располагање во домот.

napravete-sami-elka-koja-nema-da-ve-cini-poveke-od-700-denari-07.jpg

Лампиони, машнички – искрено излезе подобро отколку што очекував и многу и се радувам на мојата нова елка.

napravete-sami-elka-koja-nema-da-ve-cini-poveke-od-700-denari-09.jpg

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Декември.2020 во 08:44

Како да направите новогодишна елка од тестенини?


    Како да направите новогодишна елка од тестенини?

    Елката од тестенини е едноставна и евтина декорација што можете лесно да ја направите заедно со своите деца. Најдобро е да започнете да ја правите елката малку порано затоа што изработката е долготрајна.

    Можете да залепите два реда панделки на картон и да ги оставите да се сушат еден ден, а потоа да продолжите со следните слоеви. За среќа, колку што е помал обемот на конусот, толку и работата оди побрзо.

    Потребни материјали:

    • Картон или стиропор
    • Тестенини (можете да изберете форма по ваша желба)
    • Лепило
    • Златен или сребрен спреј
    • Украси
    • Стаклено шише со зашилен врв (на него ќе го ставите картонот)

    Исечете полукруг од картон – колку што е поголем полукругот, толку поголема ќе биде елката. Залепете го во форма на конус и ставете го на шишето. Почнете да ги лепите тестенините колку што е можно погусто за да не се гледа картонот и продолжете така сè до врвот. Откако ќе се исуши лепилото, нанесете спреј. Потоа, откако ќе се исуши спрејот, залепете ги украсите.

    Погледнете ја постапката чекор по чекор.

    Како да направите новогодишна елка од тестенини?

    Како да направите новогодишна елка од тестенини?

    Како да направите новогодишна елка од тестенини?

    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
    Кон врв
    Valerija Кликни и види ги опциите
    Модератор
    Модератор
    Лик (аватар)

    Регистриран: 07.Ноември.2005
    Статус: Офлајн
    Поени: 105588
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Декември.2020 во 08:47

    22 прекрасни новогодишни украси кои можете да ги направите со сопствените раце



    Новогодишните и божиќните празници за многумина од нас се омиленото време од годината. Снегот паѓа, воздухот трепери, а вие седите завиткани во вашиот дом со своите најмили, пиете варено вино, ја китите елката и подготвувате поклони. Навистина, има нешто магично во декември. Празниците само што не пристигнале, а ние ви откриваме идеи како да го украсите вашиот дом потполно сами и подготвени да ги дочекате празниците.

    1. Снежна топка со автомобил

    1-22-preubavi-novogodishni-ukrasi-koi-mozhete-da-gi-napravete-so-sopstveni-race-www.kafepauza.mk_

    Сигурно ќе ја разбуди вашата носталгија и ќе ве потсети на периодот кога сте биле дете.

    2. Орнамент со фотографии

    2-22-preubavi-novogodishni-ukrasi-koi-mozhete-da-gi-napravete-so-sopstveni-race-www.kafepauza.mk_

    Вашите омилени спомени заслужуваат да бидат изложени, а не заглавени во телефонот или кутијата за обувки. Затоа овие лампиони се совршен начин да им ги покажете на останатите.

    3. Џуџиња од шишарки

    3-22-preubavi-novogodishni-ukrasi-koi-mozhete-da-gi-napravete-so-sopstveni-race-www.kafepauza.mk_

    Зарем не се преслатки? Совршен украс за елката или каминот ако сакате нешто забавно, а свечено.

    4. Дрвени санки како украс

    4-22-preubavi-novogodishni-ukrasi-koi-mozhete-da-gi-napravete-so-sopstveni-race-www.kafepauza.mk_

    Во правењето на овој украс може да ви помогнат и вашите малечки – едноставен, сладок, а повторно во духот на празниците.

    5. Венец

    5-22-preubavi-novogodishni-ukrasi-koi-mozhete-da-gi-napravete-so-sopstveni-race-www.kafepauza.mk_

    Венците може да бидат прилично скапи, особено во текот на празниците. Зошто не би заштедиле пари, а од вишокот украси за елка самите да направите венец?

    6. Венец во форма на снежна топка

    6-22-preubavi-novogodishni-ukrasi-koi-mozhete-da-gi-napravete-so-sopstveni-race-www.kafepauza.mk_

    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
    Кон врв
    Valerija Кликни и види ги опциите
    Модератор
    Модератор
    Лик (аватар)

    Регистриран: 07.Ноември.2005
    Статус: Офлајн
    Поени: 105588
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Декември.2020 во 08:50

    Направете сами преубав божиќен венец



    Зелениот венец потекнува од евангелската традиција, но на почетокот на дваесеттиот век бил усвоен во сите земји и без оглед на религијата, тој е симбол на исчекувањето на Божиќ. Четирите поставени свеќи го симболизираат времето на исчекување за Божиќ – по една свеќа се пали секоја недела.

    Овој венец обично се прави од зимзелени гранки (сребрена смрека, ела или бор). Покрај тоа, се додаваат и махагонија, ловор или смрека. Католичката традиција најчесто користи свеќи со виолетова боја, кои ги симболизираат адвентистичките литургиски фустани, или црвени – како симбол на радоста на исчекувањето за празниците.

    Погледнете подолу како сами да направите украсен венец.

    Потребни материјали:

    • Стиропор во форма на прстен со дијаметар 15-20 см
    • Свитлива зелена жица
    • Силиконско лепило
    • Градинарски ножици
    • 4 мали, дебели свеќи
    • Гранчиња ела, бор, смрека
    • Сушени портокали
    • Стапчиња цимет
    • Мали медени колачиња
    • Sвездест анасон

    Постапка:

    1. Започнуваме со правење зелена основа. Прикачете борови гранки во круг и завиткајте ги со свитливата жица околу стиропорот. Додадете неколку гранки ела и повторно прицврстете ги со жицата.

    2. Повторете ја постапката со останатите гранки. Потоа додајте и од останатите растенија, завиткувајќи ги со жица. Правете го тоа со клешти, за да си олесните.


    3. Наредете ги растенијата цврсто и малку под агол, така што следните групи гранки да се преклопуваат со претходно поставените. Ова ќе ги сокрие жиците. Обидете се да ги врзете гранките не само одозгора, туку и од страните од кругот, создавајќи густ, рамномерен венец. Нежно поставете ги последните растенија прицврстувајќи ги под гранките поставени на почетокот.

    Проверете дали сите гранки се рамномерно распоредени и гледајте да нема празнини.

    4. Следниот чекор е да ги поставите свеќите на венецот. Користете градинарски ножици за да исечете жица или чепкалки за заби со должина од околу 5-6 см. Ќе ви бидат потребни 4 вакви парчиња за секоја свеќа. Потоа, ставете ги свеќите на венецот на дванаесет, шест, девет и три часот. Притиснете нежно за да ги набиете жиците на зелената основа и стиропорот.

    5. На крајот останува само да го украсите венецот. Избраните украси залепете ги со силиконско лепило.

    Готовиот венец традиционално се става на видливо место – на пример, на масата или може да го прикачите со лента на плафонот.

    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
    Кон врв
    Valerija Кликни и види ги опциите
    Модератор
    Модератор
    Лик (аватар)

    Регистриран: 07.Ноември.2005
    Статус: Офлајн
    Поени: 105588
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Декември.2020 во 08:53

    Направете сами лебдечка елка во четири чекори



    Ако ви се досадни традиционалните новогодишни елки и сте во потрага по некоја нова идеја која ќе ги воодушеви вашите најблиски, како и вашите гости, погледнете го овој едноставен начин да направите декоративна лебдечка елка за само неколку минути.

    Направете сами: Лебдечка елка во четири чекори

    Потребен материјал:
    • Дебел картон со димензии по ваша желба
    • Фарба во вид на спреј
    • Метро
    • Конец
    • Ножици
    • Зелена леплива лента
    • Силиконски конец
    • Силиконско лепило
    • Метална кука за закачување
    • Новогодишни украси и ламбички
    Начин на изработка:
    Изрежете кругови од картон

    Ставете го картонот на рамна површина. Со помош на игла, прикачете го едниот крај на конецот во централниот дел на картонот. Мерејќи од центарот, направете ознака со маркер на секои пет сантиметри, а потоа, со помош на конец означете ги внатрешните кругови. Исечете ги со помош на ножици.

    Направете сами: Лебдечка елка во четири чекори

    Обојте ги круговите

    Обојте ја едната страна на елката во темна нијанса на зелената боја. Ставете сјај и оставете да се исуши. Повторете и на другата страна од картонските кругови, така што тука ќе ги обоите во светла нијанса на зелената боја. Краевите на круговите обложете ги со зелена лента.

    Направете сами: Лебдечка елка во четири чекори

    Закачете ја елката

    Закачете метална кука на таванот или на друго погодно место каде што сакате да виси вашата елка. Направете осум дупки на секој круг и низ секоја вметнете силиконски конец, редејќи ги круговите на еднакви растојанија, почнувајќи од најмалиот, па кон најголемиот. Со силиконското лепило прицврстете ги круговите да не паѓаат надолу.

    Направете сами: Лебдечка елка во четири чекори

    Украсете ја елката

    Можете и самите да направите украси, како што ќе можете да видите во видеото подолу, или пак да купите веќе готови. Ставете и новогодишни ламбички, а за уште поголем ефект, осветлете ја елката со ламба.

    Направете сами: Лебдечка елка во четири чекори

    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
    Кон врв
    Valerija Кликни и види ги опциите
    Модератор
    Модератор
    Лик (аватар)

    Регистриран: 07.Ноември.2005
    Статус: Офлајн
    Поени: 105588
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Декември.2020 во 08:57

    Неодоливи новогодишни декорации со шишарки



    Шишарките може да се најдат во различни облици и големини, а се одлични како предмети за декорација. Тие се интересни и изгледаат прекрасно доколку ги изложите на некоја полица или пак ако се дел од некој занимлив аранжман. Одговараат за обликување, па од нив може да се направат различни украси.

    Соберете шишарки и инспирирајте се преку овие неодоливи новогодишни украси. Лесно можете да ги избоите и украсите, само погледнете ги идеите коишто ги нудиме во продолжение.

    1. Бели шишарки

    Белите шишарки изгледаат прекрасно, дури и ако се само изложени во кошница или во некој стаклен сад. Бидејќи тие се дрвени плодови, може да ги побелите во неколку чекори. Белите шишарки лесно ќе ги вклопите во вашиот дом, каков и да е вашиот амбиент.

    2. Шишарки обоени со спреј

    Спрејот во боја е идеален за фарбање на нерамни површини, меѓу кои спаѓаат и шишарките. Изберете јаки бои и испрскајте ги. Кога ќе се исушат изложете ги во омилените садови и украсете го вашиот дом.

    3. Шишарки во вид на мини елка

    Бидејќи премногу наликуваат на елки, шишарките се идеални за аранжман. Избојте ги во зелена боја, поставете ги во саксија и украсете го врвот со ѕвезда или со друга форма по ваш избор.

    4. Шишарки обоени со восок

    Восокот во боја е уште еден начин да ги обоите шишарките. Изберете интересни бои и поиграјте си со комбинациите.

    5. Свеќници од тегли украсени со шишарки

    Ако сте сочувале некои поголеми тегли, еве еден прекрасен начин да ги употребите. Свеќниците украсени со малку вештачки снег и пар шишарки врзани со конец, делуваат неодоливо и празнично.

    6. Ѕвезди од шишарки

    Ако сте љубители на природните материјали за новогодишни украсувања, оваа ѕвезда од шишарки е идеален проект за вас. Дополнително, за да изгледаат свечено, можете да ги обоите во сребрена или златна боја.

    7-neodolivi-novogodishni-dekoracii-so-shisharki-kafepauza.mk

    7. Омбре шишарки

    Омбре начинот на боење е популарен веќе подолго време. Па, искористете го овој тренд и обојте и украсете ги шишарките на овој начин, како дел од новогодишниот аранжман.

    8. Шишарки на прозорецот

    Украсете ги вашите прозорци или врати така што ќе ги закачите декорираните шишарки на нив. Изберете во што повеќе уживате – дали природни или обоени, но како и да е, нема да погрешите.

    9-neodolivi-novogodishni-dekoracii-so-shisharki-kafepauza.mk

    9. Аранжмани со шишарки на вашиот влез

    Не заборавајте да го украсите и влезот од вашата куќа или зграда. Одберете големи шишарки и аранжирајте со некои слични предмети за празнично добредојде.

    10. Мини елка од шишарки

    Уште една мини елка којашто е прво обоена, а потоа е украсена со машнички, ленти, цветчиња и бисерчиња. Неодолива е било да е сама или како детаљ со други празнични декорации.

    11. Венец од шишарки

    Ако имате доволно шишарки, од нив можете да направите венец и да го поставите на средината на масата или да го закачите на ѕид. Малку декорирајте го и тоа ќе биде одличен детаљ во вашиот дом.

    12. Шарени шишарки

    Ако сте вешти во шиењето и имате парчиња шарени материјали, направете ги овие занимливи мини елки од шишарки. Овие шарени шишарки се прават на тој начин што малите топчиња од материјал се ставаат во празниот простор и се залепуваат со малку лепак.

    13. Елка направена од деловите на шишарките

    Оваа занимлива елка можете да ја направите на тој начин што ќе ги залепете поединечните делови коишто претходно ќе ги исечете од шишарките. На конусна основа залепете ги овие делови и дополнително украсете ги со малку светкави бои, а на крај на долниот дел ставете и машна во боја по ваш избор. Ова е прекрасен детаљ за декорирање на вашиот дом во претстојните денови.

    13-neodolivi-novogodishni-dekoracii-so-shisharki-kafepauza.mk

    14. Шишарки кои ги красат свеќите

    Класичните дебели свеќи украсете ги со ребраст картон и шишарки, па ќе добиете одличен украс за вашата полица.

    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
    Кон врв
    Valerija Кликни и види ги опциите
    Модератор
    Модератор
    Лик (аватар)

    Регистриран: 07.Ноември.2005
    Статус: Офлајн
    Поени: 105588
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Декември.2020 во 09:04

    Направете сами: Украс за новогодишната елка од сламки



    Автор: Сара Турановиќ

    Украсите кои можеме да ги направиме сами и не се баш некоја новост. Ги правиме од хартија, картон, материјал… За вас пронајдовме одличен начин како да направите блескава ѕвезда од сламки.

    napravete-sami-ukras-za-novogodishnata-elka-od-slamki-kafepauza.mk

    Сè што ви е потребно за овој украс се пластични сламки и по желба златен спреј, а подетални упатства може да погледнете низ сликите и видеото подолу. Се надеваме дека оваa идеја ќе ве воодушеви и ќе ја испробате уште денес.

    1-napravete-sami-ukras-za-novogodishnata-elka-od-slamki-kafepauza.mk

    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
    Кон врв
    Valerija Кликни и види ги опциите
    Модератор
    Модератор
    Лик (аватар)

    Регистриран: 07.Ноември.2005
    Статус: Офлајн
    Поени: 105588
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Декември.2020 во 09:06

    Божиќни украси од празни тегли



    Автор: Зорица Тодорова

    Ако имате креативна страна и љубов спрема рачните изработки, зошто не си го пружите задоволството сами да си ги направите украсите овој Божиќ? Со нив може да го украсите домот или да им ги дадете на вашите најблиски како Божиќни подароци. Сѐ што ви треба се неколку празни тегли, слободно време и празнично расположение.

    01-bozhikjni-ukrasi-od-prazni-tegli-kafepauza.mk00-bozhikjni-ukrasi-od-prazni-tegli-kafepauza.mk

    1. Најпрвин измијте и исушете ги празните тегли, а доколку имаат налепници отстранете ги. На дното ставете зелени листови и гранчиња од растенија по ваш избор, а потоа додадете дланка бобинки кои ќе испливаат на површината откако ќе ја налеете теглата со вода. За крај додадете мала свеќичка.

    1-bozhikjni-ukrasi-od-prazni-tegli-kafepauza.mk

    2. Шишарките се најочигледниот избор кога станува збор за зимска декорација. Теглите наполнете ги со морска сол која ќе заменува снег, во средината ставете обични бели свеќички, а околу теглите украсете со шишарки и зимзелени гранчиња.

    2-bozhikjni-ukrasi-od-prazni-tegli-kafepauza.mk

    3. Уште една идеја со шишарки. Едноставно наполнете ги теглите со шишарки а свеќичките ставете ги одозгора.

    3-bozhikjni-ukrasi-od-prazni-tegli-kafepauza.mk

    4. Прво теглата обојте ја со спреј во бела боја на дното и на врвот, а потоа внатре додадете малку „снег“ и мала елка. Елките во различни големини може да ги најдете во поголемите продавници и дисконти за украси.

    4-bozhikjni-ukrasi-od-prazni-tegli-kafepauza.mk

    5. За ова и не ви се потребни големи тегли, може да употребите и помали. На средината ставете свеќичка а останатиот дел од дното наполнете го со жерави, ореви или друго јаткасто овошје. Прелесно!

    5-bozhikjni-ukrasi-od-prazni-tegli-kafepauza.mk

    6. За ваква декорација може да употребите и празни шишиња. Однадвор обвиткајте ги со декоративна лента а во нив ставете свежо сезонско цвеќе и гранчиња. Овие Божиќни украси може да ги поставите на полиците или над каминот.

    6-bozhikjni-ukrasi-od-prazni-tegli-kafepauza.mk

    7. Зошто да не ги изненадите колегите на работа со една ваква тегличка? Направете домашни колачиња со чоколадо или бадеми, употребете интересен материјал а на лентата закачете картичка со името на секој или некоја лична порака и желба за Новата Година. Сите ќе се израдуваат.

    7-bozhikjni-ukrasi-od-prazni-tegli-kafepauza.mk

    8. Може да бидете креативни и да употребите буквално сѐ што ви се допаѓа и ќе ви падне на памет. Купете украсни мрежички, ленти и свеќи, наберете гранчиња и плодови, наполнете ја теглата со камења и добивате ваков прекрасен украс.

    8-bozhikjni-ukrasi-od-prazni-tegli-kafepauza.mk

    9. Толку едноставна, а толку досетлива идеја. Ако очекувате гости, украсете ги скалите или дворот со вакви тегли во кои ќе ставите по една убава, голема свеќа во боја. Веднаш ќе ги развесели сите и ќе го поттикне Божиќниот дух.

    9-bozhikjni-ukrasi-od-prazni-tegli-kafepauza.mk

    10. Овие слатки облечени теглички кои седат удобно во вашиот дом, криејќи се од зимските студови лесно може да ги направите доколку знаете или имате волја да научите да плетете. Само сплетете ги како обични капчиња за бебиња и облечете“ ги.

    10-bozhikjni-ukrasi-od-prazni-tegli-kafepauza.mk

    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
    Кон врв
    Valerija Кликни и види ги опциите
    Модератор
    Модератор
    Лик (аватар)

    Регистриран: 07.Ноември.2005
    Статус: Офлајн
    Поени: 105588
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Декември.2020 во 09:08

    Направете сами: Сјајни снежни лампиони



    Овие лампиони прекрасно би се вклопиле на вашата новогодишна елка, но може да ги користите и како декорација низ домот за да имате нешто што ќе ве потсетува на зимата и празниците. Она што е најдобро во врска со нив е тоа што може да ги направите сами.

    12-napravete-sami-sjajni-snezhni-lampioni-kafepauza.mk

    Потребни материјали:
    • Пакување од мали балони
    • Конец за плетење
    • Бел течен лепак
    • Мал длабок сад
    • Светки

    1-napravete-sami-sjajni-snezhni-lampioni-kafepauza.mk

    Постапка:

    1. Надувајте ги балоните во посакуваната големина, а потоа почнете да ги обвиткувате со конецот за плетење, но внимавајте да има видливи празнини.

    4-napravete-sami-sjajni-snezhni-lampioni-kafepauza.mk5-napravete-sami-sjajni-snezhni-lampioni-kafepauza.mk6-napravete-sami-sjajni-snezhni-lampioni-kafepauza.mk

    2. Ставете го лепакот во садот и разредете го со вода, а потоа натопувајте го балоните во него еден по еден така што да бидат целосно опфатени.

    2-napravete-sami-sjajni-snezhni-lampioni-kafepauza.mk3-napravete-sami-sjajni-snezhni-lampioni-kafepauza.mk7-napravete-sami-sjajni-snezhni-lampioni-kafepauza.mk8-napravete-sami-sjajni-snezhni-lampioni-kafepauza.mk

    3. На крај, наросете ги светките за да го доловите тој посебен зимски сјај.

    9-napravete-sami-sjajni-snezhni-lampioni-kafepauza.mk

    4. Оставете ги балоните да отстојат 24 часа, заврзете ги некаде и заборавете на нив. Откако лепакот ќе се исуши и стврдне, дупнете ги балоните. На горниот дел ставете украсни ленти за да можете да ги закачите.

    10-napravete-sami-sjajni-snezhni-lampioni-kafepauza.mk11-napravete-sami-sjajni-snezhni-lampioni-kafepauza.mk12-napravete-sami-sjajni-snezhni-lampioni-kafepauza.mk13-napravete-sami-sjajni-snezhni-lampioni-kafepauza.mk

    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
    Кон врв
    Valerija Кликни и види ги опциите
    Модератор
    Модератор
    Лик (аватар)

    Регистриран: 07.Ноември.2005
    Статус: Офлајн
    Поени: 105588
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Декември.2020 во 09:13

    Направете сами: Новогодишна снежна кугла од тегла



    Доколку сте љубители на снежни кугли, ова е дефинитивно одличен и едноставен „направи сам“ туторијал за вас. Со малку труд, оваа интересна занимација ќе ви донесе симпатичен новогодишен украс во вашиот дом, на кој сите ќе му се восхитуваат.

    Направете сами: новогодишна снежна кугла од тегла

    Потребни материјали:
    • Тегла со капаче
    • Дестилирана вода
    • Течен глицерин
    • Светки
    • Украс – мала новогодишна елка
    • Лепило

    Направете сами: новогодишна снежна кугла од тегла

    Начин на изработка:

    Со силно лепило залепете ја елката за капакот од теглата и оставете го еден ден, за убаво да се зацврсти. Потоа, наполнете ја теглата до врвот со дестилирана вода. Додадете малку глицерин кој можете да го побарате во аптеките, со цел светките да паѓаат побавно. Потоа додадете одредена количина светки според ваш вкус. Затворете ја убаво теглата со капакот и протресете. Готово. Благодарение на овој едноставен туторијал, сега имате домашно направена снежна кугла, која ќе го внесе празничниот дух во вашиот дом.

    Направете сами: новогодишна снежна кугла од тегла

    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
    Кон врв
    Valerija Кликни и види ги опциите
    Модератор
    Модератор
    Лик (аватар)

    Регистриран: 07.Ноември.2005
    Статус: Офлајн
    Поени: 105588
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Декември.2020 во 09:18

    Од што сѐ можете да направите новогодишна елка?



    Дури и откако поминаа многу години откако престанавте да верувате во Дедо Мраз, сепак сите сакаме убаво накитено новогодишно дрво, креативни празнични декорации и снешковци. Во денешно време, не е битно само убаво да ја накитите вашата елка, туку уште покул е да креирате и самите една елка. Тие ќе го зголемат празничниот дух во вашиот дом и ќе го направат поинтересен вашиот ентериер. Еве од што сѐ можете да направите божиќно дрво:

    Од вашите дебели студентски книги

    Од што с&amp;#1104; можете да направите новогодишна елка?

    Од отпечатоците на вашите дланки

    Од што с&amp;#1104; можете да направите новогодишна елка?

    Од украсна хартија за виткање подароци

    Од што с&amp;#1104; можете да направите новогодишна елка?

    Од балони

    Од што с&amp;#1104; можете да направите новогодишна елка?

    Од картонски кутии за јајца

    Од што с&amp;#1104; можете да направите новогодишна елка?

    Од копчиња со различни големини и форми

    Од што с&amp;#1104; можете да направите новогодишна елка?

    Од дрва

    Од што с&amp;#1104; можете да направите новогодишна елка?

    Од страници од книга

    Од што с&amp;#1104; можете да направите новогодишна елка?

    Од волница за плетење

    Од што с&amp;#1104; можете да направите новогодишна елка?

    Од плутени тапи од шишиња вино

    Од што с&amp;#1104; можете да направите новогодишна елка?

    Од украсни траки за виткање подароци

    Од што с&amp;#1104; можете да направите новогодишна елка?

    Ѕидна колекција од фотографии, магнети, украси кои ви ја обележале 2012

    Од што с&amp;#1104; можете да направите новогодишна елка?

    Од суви стапчиња

    Од што с&amp;#1104; можете да направите новогодишна елка?

    Од стари весници бојадисани со златна боја

    Од што с&amp;#1104; можете да направите новогодишна елка?

    Од салата со броколи

    Од што с&amp;#1104; можете да направите новогодишна елка?

    Од брдо златни перничиња

    Од што с&amp;#1104; можете да направите новогодишна елка?

    Доколку ништо од ова не ви се прави, можете да се позанимавате во текот на празниците, изработувајќи ја оваа едноставна хартиена елка, која ќе го збогати вашиот дом со хармонија.

    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
    Кон врв
    Valerija Кликни и види ги опциите
    Модератор
    Модератор
    Лик (аватар)

    Регистриран: 07.Ноември.2005
    Статус: Офлајн
    Поени: 105588
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Декември.2020 во 09:45

    Направете сами: Празнични декорации за вашиот дом!



    На сите нас празничните денови ни се најубавиот период во годината, бидејќи тогаш владее посебно расположение, посебна атмосфера во домовите, но и во целиот град. Меѓутоа, целата таа еуфорија нема да биде комплетна доколку не се грижиме за декорациите кои го красат нашиот дом, а особено кога на прагот се божиќните празници. Денес за вас имаме неколку одлични идеи за празнични декорации кои со сигурност ќе ве воодушеват, а вие ќе можете и самите да ги направите. Најдоброто од сè е тоа што нема да ви бидат потребни многу материјали, ниту пак време, туку само повеќе фантазија и креативност!

    1-napravi-sama-badnikovi-dekoracii-za-vashiot-dom-www.kafepauza.mk_

    1. Купете од некоја цвеќара или продавница мали саксии со занимлив изглед, и во нив засадете жито кое пораснало или некој друг цвет кој го сакате. Околу саксиите заврзете сатенски панделки, а околу саксиите можете да наредете мали шишарки или свеќи кои претходно ќе ги бојадисате со спреј во боја. Оваа декорација е одлична за некоја мала маса или пак полица.

    2-napravi-sama-badnikovi-dekoracii-za-vashiot-dom-www.kafepauza.mk_

    2. Ова е уште една занимлива идеја. Ставете ги краевите од свеќата во топла вода, а откако тие малку ќе омекнат, заглавете ги во грлото на стакленото шише од вино или некој друг пијалак. На шишињата ставете сатенски панделки и вашата декорација е готова.

    3-napravi-sama-badnikovi-dekoracii-za-vashiot-dom-www.kafepauza.mk_

    3. Доколку немате саксии, наместо нив можете да ги искористите шолјите со различни мотиви и различни облици, кои ќе изгледаат доста убаво и одлично ќе го украсат вашиот дом.

    4-napravi-sama-badnikovi-dekoracii-za-vashiot-dom-www.kafepauza.mk_

    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
    Кон врв
     Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 456
      Сподели тема   

    Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

    Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
    Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

    Страницата е генерирана за 0,133 секунди.