|
DIY - Новогодишни и Божиќни декорации |
Внеси реплика | страница <1 456 |
Автор | |
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
18 празнични декорации кои се прават за половина час10. Семејни фотографии закачени на сијалички11. Нацртани и обоени лажици12. Снешко од стар чорап13. Лампиони од стари сијалици14. Венче за на врата15. Ланец од шишарки16. Елки од карнери17. Светкави гранки18. Мини елки од шишарки |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Декорирајте со своите деца: Креативни идеи за слатки новогодишни украсиАктивирајте ги и децата во празничното декорирање на одмот. Разбудете им ја креативноста и дозволете им на малите рачиња да ви помагат при создавањето на уникатни новогодишни украси. Елка од картонПостапка: Дедо Мраз и Баба МразицаПостапка: Рудолф од дрвени стапчињаПостапка: Снешко од хартијаПостапка: Пингвини од картонска кутија за јајцаПостапка: Дедо Мраз од дрвени стапчињаПостапка: ЛижавчеПостапка: Изменето од Valerija - 14.Декември.2020 во 22:17 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Направете сами: Елка која нема да ве чини повеќе од 700 денариВо месецот кога дозволуваме да нè понесе новогодишната еуфорија и да уживаме во китењето на домот, секогаш се добредојдени „направи сам“ практични идеи. Ана е креативна девојка од Скопје, која ужива во ваков тип на проекти, па споделува како да направите поинаква уникатна елка, која не би ве чинела повеќе од 700 денари. „Инспирацијата ја најдов на нет, првичната замисла ми беше да ја направам од дрвени летвички, но сакав да ја имам уште вечерта па немав каде да ги најдам летвичките. Се сетив на алтернативно решение – да се обидам со дрвени рачки за метли. Но, отидов во супермаркет и единствено соодветно што најдов беа сребрени пластични рачки за џогер кои ми изгледаа таман за мојот проект“. Што ви е потребно и колку чинеше елката:
Постапка за изработка:Пластичните „ногарки“ во горниот дел се сврзани со стеги, затегнати и врзани помеѓу себе. Конструкцијата не делуваше стабилна па употребив гранчиња кои ги собрав пред зграда – ги залепив во долниот дел на конструкцијата со силиконски пиштол, формирајќи буква А (приказ на сликата десно). Целата конструкција ја исплетов со жицата – од горе надолу, под одреден агол кој го следев низ плетката како би можело зеленото гранче да се држи за нешто и да не паѓа од тежината на лампионите. Го поставив исплетено зеленилото долго 6m и ставив и сијалички кои ги имав на располагање во домот. Лампиони, машнички – искрено излезе подобро отколку што очекував и многу и се радувам на мојата нова елка. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Како да направите новогодишна елка од тестенини?Елката од тестенини е едноставна и евтина декорација што можете лесно да ја направите заедно со своите деца. Најдобро е да започнете да ја правите елката малку порано затоа што изработката е долготрајна. Можете да залепите два реда панделки на картон и да ги оставите да се сушат еден ден, а потоа да продолжите со следните слоеви. За среќа, колку што е помал обемот на конусот, толку и работата оди побрзо. Потребни материјали:
Исечете полукруг од картон – колку што е поголем полукругот, толку поголема ќе биде елката. Залепете го во форма на конус и ставете го на шишето. Почнете да ги лепите тестенините колку што е можно погусто за да не се гледа картонот и продолжете така сè до врвот. Откако ќе се исуши лепилото, нанесете спреј. Потоа, откако ќе се исуши спрејот, залепете ги украсите. Погледнете ја постапката чекор по чекор. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
22 прекрасни новогодишни украси кои можете да ги направите со сопствените рацеНовогодишните и божиќните празници за многумина од нас се омиленото време од годината. Снегот паѓа, воздухот трепери, а вие седите завиткани во вашиот дом со своите најмили, пиете варено вино, ја китите елката и подготвувате поклони. Навистина, има нешто магично во декември. Празниците само што не пристигнале, а ние ви откриваме идеи како да го украсите вашиот дом потполно сами и подготвени да ги дочекате празниците. 1. Снежна топка со автомобилСигурно ќе ја разбуди вашата носталгија и ќе ве потсети на периодот кога сте биле дете. 2. Орнамент со фотографииВашите омилени спомени заслужуваат да бидат изложени, а не заглавени во телефонот или кутијата за обувки. Затоа овие лампиони се совршен начин да им ги покажете на останатите. 3. Џуџиња од шишаркиЗарем не се преслатки? Совршен украс за елката или каминот ако сакате нешто забавно, а свечено. 4. Дрвени санки како украсВо правењето на овој украс може да ви помогнат и вашите малечки – едноставен, сладок, а повторно во духот на празниците. 5. ВенецВенците може да бидат прилично скапи, особено во текот на празниците. Зошто не би заштедиле пари, а од вишокот украси за елка самите да направите венец? 6. Венец во форма на снежна топка |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Направете сами преубав божиќен венецЗелениот венец потекнува од евангелската традиција, но на почетокот на дваесеттиот век бил усвоен во сите земји и без оглед на религијата, тој е симбол на исчекувањето на Божиќ. Четирите поставени свеќи го симболизираат времето на исчекување за Божиќ – по една свеќа се пали секоја недела. Овој венец обично се прави од зимзелени гранки (сребрена смрека, ела или бор). Покрај тоа, се додаваат и махагонија, ловор или смрека. Католичката традиција најчесто користи свеќи со виолетова боја, кои ги симболизираат адвентистичките литургиски фустани, или црвени – како симбол на радоста на исчекувањето за празниците. Погледнете подолу како сами да направите украсен венец. Потребни материјали:
Постапка:Проверете дали сите гранки се рамномерно распоредени и гледајте да нема празнини. Готовиот венец традиционално се става на видливо место – на пример, на масата или може да го прикачите со лента на плафонот. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Направете сами лебдечка елка во четири чекориАко ви се досадни традиционалните новогодишни елки и сте во потрага по некоја нова идеја која ќе ги воодушеви вашите најблиски, како и вашите гости, погледнете го овој едноставен начин да направите декоративна лебдечка елка за само неколку минути. Потребен материјал:
Начин на изработка:Изрежете кругови од картонСтавете го картонот на рамна површина. Со помош на игла, прикачете го едниот крај на конецот во централниот дел на картонот. Мерејќи од центарот, направете ознака со маркер на секои пет сантиметри, а потоа, со помош на конец означете ги внатрешните кругови. Исечете ги со помош на ножици. Обојте ги круговитеОбојте ја едната страна на елката во темна нијанса на зелената боја. Ставете сјај и оставете да се исуши. Повторете и на другата страна од картонските кругови, така што тука ќе ги обоите во светла нијанса на зелената боја. Краевите на круговите обложете ги со зелена лента. Закачете ја елкатаЗакачете метална кука на таванот или на друго погодно место каде што сакате да виси вашата елка. Направете осум дупки на секој круг и низ секоја вметнете силиконски конец, редејќи ги круговите на еднакви растојанија, почнувајќи од најмалиот, па кон најголемиот. Со силиконското лепило прицврстете ги круговите да не паѓаат надолу. Украсете ја елкатаМожете и самите да направите украси, како што ќе можете да видите во видеото подолу, или пак да купите веќе готови. Ставете и новогодишни ламбички, а за уште поголем ефект, осветлете ја елката со ламба. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Неодоливи новогодишни декорации со шишаркиШишарките може да се најдат во различни облици и големини, а се одлични како предмети за декорација. Тие се интересни и изгледаат прекрасно доколку ги изложите на некоја полица или пак ако се дел од некој занимлив аранжман. Одговараат за обликување, па од нив може да се направат различни украси. Соберете шишарки и инспирирајте се преку овие неодоливи новогодишни украси. Лесно можете да ги избоите и украсите, само погледнете ги идеите коишто ги нудиме во продолжение. 1. Бели шишаркиБелите шишарки изгледаат прекрасно, дури и ако се само изложени во кошница или во некој стаклен сад. Бидејќи тие се дрвени плодови, може да ги побелите во неколку чекори. Белите шишарки лесно ќе ги вклопите во вашиот дом, каков и да е вашиот амбиент. 2. Шишарки обоени со спрејСпрејот во боја е идеален за фарбање на нерамни површини, меѓу кои спаѓаат и шишарките. Изберете јаки бои и испрскајте ги. Кога ќе се исушат изложете ги во омилените садови и украсете го вашиот дом. 3. Шишарки во вид на мини елкаБидејќи премногу наликуваат на елки, шишарките се идеални за аранжман. Избојте ги во зелена боја, поставете ги во саксија и украсете го врвот со ѕвезда или со друга форма по ваш избор. 4. Шишарки обоени со восокВосокот во боја е уште еден начин да ги обоите шишарките. Изберете интересни бои и поиграјте си со комбинациите. 5. Свеќници од тегли украсени со шишаркиАко сте сочувале некои поголеми тегли, еве еден прекрасен начин да ги употребите. Свеќниците украсени со малку вештачки снег и пар шишарки врзани со конец, делуваат неодоливо и празнично. 6. Ѕвезди од шишаркиАко сте љубители на природните материјали за новогодишни украсувања, оваа ѕвезда од шишарки е идеален проект за вас. Дополнително, за да изгледаат свечено, можете да ги обоите во сребрена или златна боја. 7. Омбре шишаркиОмбре начинот на боење е популарен веќе подолго време. Па, искористете го овој тренд и обојте и украсете ги шишарките на овој начин, како дел од новогодишниот аранжман. 8. Шишарки на прозорецотУкрасете ги вашите прозорци или врати така што ќе ги закачите декорираните шишарки на нив. Изберете во што повеќе уживате – дали природни или обоени, но како и да е, нема да погрешите. 9. Аранжмани со шишарки на вашиот влезНе заборавајте да го украсите и влезот од вашата куќа или зграда. Одберете големи шишарки и аранжирајте со некои слични предмети за празнично добредојде. 10. Мини елка од шишаркиУште една мини елка којашто е прво обоена, а потоа е украсена со машнички, ленти, цветчиња и бисерчиња. Неодолива е било да е сама или како детаљ со други празнични декорации. 11. Венец од шишаркиАко имате доволно шишарки, од нив можете да направите венец и да го поставите на средината на масата или да го закачите на ѕид. Малку декорирајте го и тоа ќе биде одличен детаљ во вашиот дом. 12. Шарени шишаркиАко сте вешти во шиењето и имате парчиња шарени материјали, направете ги овие занимливи мини елки од шишарки. Овие шарени шишарки се прават на тој начин што малите топчиња од материјал се ставаат во празниот простор и се залепуваат со малку лепак. 13. Елка направена од деловите на шишаркитеОваа занимлива елка можете да ја направите на тој начин што ќе ги залепете поединечните делови коишто претходно ќе ги исечете од шишарките. На конусна основа залепете ги овие делови и дополнително украсете ги со малку светкави бои, а на крај на долниот дел ставете и машна во боја по ваш избор. Ова е прекрасен детаљ за декорирање на вашиот дом во претстојните денови. 14. Шишарки кои ги красат свеќитеКласичните дебели свеќи украсете ги со ребраст картон и шишарки, па ќе добиете одличен украс за вашата полица. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Направете сами: Украс за новогодишната елка од сламкиУкрасите кои можеме да ги направиме сами и не се баш некоја новост. Ги правиме од хартија, картон, материјал… За вас пронајдовме одличен начин како да направите блескава ѕвезда од сламки. Сè што ви е потребно за овој украс се пластични сламки и по желба златен спреј, а подетални упатства може да погледнете низ сликите и видеото подолу. Се надеваме дека оваa идеја ќе ве воодушеви и ќе ја испробате уште денес. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Божиќни украси од празни теглиАко имате креативна страна и љубов спрема рачните изработки, зошто не си го пружите задоволството сами да си ги направите украсите овој Божиќ? Со нив може да го украсите домот или да им ги дадете на вашите најблиски како Божиќни подароци. Сѐ што ви треба се неколку празни тегли, слободно време и празнично расположение. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Направете сами: Сјајни снежни лампиониОвие лампиони прекрасно би се вклопиле на вашата новогодишна елка, но може да ги користите и како декорација низ домот за да имате нешто што ќе ве потсетува на зимата и празниците. Она што е најдобро во врска со нив е тоа што може да ги направите сами. Потребни материјали:
Постапка: |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Направете сами: Новогодишна снежна кугла од теглаДоколку сте љубители на снежни кугли, ова е дефинитивно одличен и едноставен „направи сам“ туторијал за вас. Со малку труд, оваа интересна занимација ќе ви донесе симпатичен новогодишен украс во вашиот дом, на кој сите ќе му се восхитуваат. Потребни материјали:
Начин на изработка:Со силно лепило залепете ја елката за капакот од теглата и оставете го еден ден, за убаво да се зацврсти. Потоа, наполнете ја теглата до врвот со дестилирана вода. Додадете малку глицерин кој можете да го побарате во аптеките, со цел светките да паѓаат побавно. Потоа додадете одредена количина светки според ваш вкус. Затворете ја убаво теглата со капакот и протресете. Готово. Благодарение на овој едноставен туторијал, сега имате домашно направена снежна кугла, која ќе го внесе празничниот дух во вашиот дом. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Од што сѐ можете да направите новогодишна елка?Дури и откако поминаа многу години откако престанавте да верувате во Дедо Мраз, сепак сите сакаме убаво накитено новогодишно дрво, креативни празнични декорации и снешковци. Во денешно време, не е битно само убаво да ја накитите вашата елка, туку уште покул е да креирате и самите една елка. Тие ќе го зголемат празничниот дух во вашиот дом и ќе го направат поинтересен вашиот ентериер. Еве од што сѐ можете да направите божиќно дрво: Од вашите дебели студентски книгиОд отпечатоците на вашите дланкиОд украсна хартија за виткање подароциОд балониОд картонски кутии за јајцаОд копчиња со различни големини и формиОд дрваОд страници од книгаОд волница за плетењеОд плутени тапи од шишиња виноОд украсни траки за виткање подароциЅидна колекција од фотографии, магнети, украси кои ви ја обележале 2012Од суви стапчињаОд стари весници бојадисани со златна бојаОд салата со броколиОд брдо златни перничињаДоколку ништо од ова не ви се прави, можете да се позанимавате во текот на празниците, изработувајќи ја оваа едноставна хартиена елка, која ќе го збогати вашиот дом со хармонија. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Направете сами: Празнични декорации за вашиот дом!На сите нас празничните денови ни се најубавиот период во годината, бидејќи тогаш владее посебно расположение, посебна атмосфера во домовите, но и во целиот град. Меѓутоа, целата таа еуфорија нема да биде комплетна доколку не се грижиме за декорациите кои го красат нашиот дом, а особено кога на прагот се божиќните празници. Денес за вас имаме неколку одлични идеи за празнични декорации кои со сигурност ќе ве воодушеват, а вие ќе можете и самите да ги направите. Најдоброто од сè е тоа што нема да ви бидат потребни многу материјали, ниту пак време, туку само повеќе фантазија и креативност! |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Внеси реплика | страница <1 456 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |