IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Колачи,торти и останати слатки од костен
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Колачи,торти и останати слатки од костен

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <123
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Декември.2019 во 22:22
Непечена торта со костени – Царица во есен и зима


Непечена торта со костени – Царица во есен и зима


Направете торта со костени.

СОСТОЈКИ:

  • 1 кг. костени
  • 180 гр. маргарин
  • 150 гр. бадеми
  • 50 гр. посно чоколадо
  • 180 гр. шеќер
  • малку вода и какао

ПОДГОТОВКА:

  1. Костените се варат во вода, се цедат се лупат и пасираат.
  2. Се става оладеното пире од костени во длабок сад, се додава пенасто изматениот маргарин, попарени мелени бадеми, истопено чоколадо и шеќер сварен со малку вода.
  3. Се меша да се изедначи.
  4. Се прекрива чинија со проѕирна фолија, се става смесата, се рамни и се остава во ладилник неколку часа.
  5. Се вади потоа фолијата и се врти наопаку.
  6. Декорирајте по желба.

Уживајте!

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Декември.2020 во 10:34

Мирисот на есен и зима: Домашна торта од костени


Ако нешто асоцира на есен и рана зима, тоа е дефинитивно мирисот на костени во домот. Кога ќе прошетате по улиците и ќе ги намирисате печените костени на уличните продавачи, секогаш е тешко да останете рамнодушни.

mirisot-na-esenta-domasna-torta-od-kosteni-01.jpg

Ве инспирираме да направите торта од костени по рецепт на Славица која може да ја следите на Инстаграм.  

Потребни состојки:

За 3 пандишпани:

  • 9 јајца
  • 9 лажици кафеав шеќер
  • 9 лажици брашно
  • 4.5 лажици какао
  • 1.5 лажички прашок за печиво

За фил:

  • 500g костени и 200 ml млеко за пире од костен (во постапката е процедурата за правење пире од костен)
  • 500ml слатка павлака
  • 50g шлаг
  • 40g црно чоколадо
  • 1 ванилин шеќер
  • 1 лажица рум

mirisot-na-esenta-domasna-torta-od-kosteni-02.jpg

Подготовка:

  • За пирето од костен: На 350g костени излупете им ја тврдата лушпа и ставете ги да се вараат 10-15 минути. Потоа исчистете им ја меката лушпа и ставете ги во 200ml млеко да се варат. Кога костенот ќе биде доволно мек се миксираaт и така добиваме пире од костен.
  • За пандишпанот: Добро се матат јајцата со шеќерот па се додава просеаното какао, брашното и прашокот за печиво.
  • Се прават три вакви пандишпани кои се печат на 180 степени околу 10 минути во калап бр.24.
  • Додека да се оладат пандишпаните, се подготвува филот.
  • За филот: Цврсто се мати слатката павлака па се додава шлагот за да се фиксира.
  • Потоа се додава пирето од костен, ванилиниот шеќер, румот и ренданата чоколада.
  • Филот се дели на три дела и секој пандишпан се филува.
  • На крај, декорирано со слатко од костени или нешто по ваш вкус.

mirisot-na-esenta-domasna-torta-od-kosteni-04.png



Изменето од Valerija - 06.Декември.2020 во 10:35
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Декември.2020 во 19:41

Кремаста фантазија од костени: Рецепт за торта што воодушевува на прв залак!



Едвај чекавме да дојде сезоната на костените за да можеме да уживаме во разните десерти што можат да се направат со помош на оваа омилена есенска храна. Денес ви споделуваме еденр ецепт за вкусна и кремаста торта!

Кремаста фантазија од костени: Рецепт за торта што воодушевува на прв залак!

Потребни состојки:

За бисквитот:

  • 4 јајца
  • 100 г путер
  • 200 г брашно
  • 100 г шеќер
  • 2 лажици како
  • 2 лажички прашок за пециво

За кремот:

  • 300 г пире од костени
  • 4 лажици рум
  • 350 милилитри слатка павлака
  • 6 пакетчиња желатин

Начин на подготовка:

  1. Подгответе тава за торта, ставете малку путер и брашно.
  2. Одделете ги жолчките од белките. Белките разбијте ги за да добиете шлаг, а потоа матете ги жолчките со шеќерот додека не добиете светла смеса. Потоа додајте го растопениот путер и матете. Во брашното ставете го какаото и прашокот за пециво и мешајте.
  3. Потоа додајте ја смесата од жолчки и шлагот од белките во брашното. Промешајте за да се соединат, а потоа печете ја смесата на 180 целзиусови степени.
  4. Бисквитот е подготвен за кремот кога долната страна на калапот е ладна на допир. Потоа започнете со подготовка на кремот. Потопете го желатинот во ладна вода во согласност со упатствата на пакувањето. Измешајте го пирето од костени и румот со миксер додека не добиете мазна смеса. Потоа разбијте ја слатката павлака во цврст шлаг.
  5. Полека растопете го желатинот на многу тивок оган. Кога стопениот желатин се олади, додадете неколку лажици шлаг, комбинирајте ги и додајте ги костените. На крај, промешајте го остатокот од шлаг во костените. Истурете го кремот од костени над бисквитот во калапот/тавата и ставете го колачот во фрижидер преку ноќ за да дозволите кремот добро да се зацврсти.


Изменето од Valerija - 08.Декември.2020 во 19:41
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <123
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,125 секунди.