|
Рецепти за еурокрем десерти |
Внеси реплика | страница <12 |
Автор | |
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Нугат Нутела торта Состојки за кора 1 5 цели белки 10 лажици шеќер 150гр. кокос 2 лажици брашно 1/2 кесичка печиво за кора 2 5 цели белки 10 лажици шеќер 150гр. мелени ореви 2 лажици какао 2 лажици брашно 1/2 кесичка печиво 200гр. нутела за фил 2 10 цели жолчки 200гр. шеќер 3 лажици густин 1 кесичка пудинг ванила 700мл. млеко 250гр. путер 150гр. мелени плазма бисквити фил 3 400гр. прав за шлаг пена 3 лажици шеќер во прав 3 лажици нутела за ганаш.. 200гр. чоколадо за готвење 150мл. слатка павлака 1лажица путерКорите се подготвуваат на вообичаен начин, белките се бијат се додаваат сите состојки, се меша со исклучен миксер и пластична лажица, се печи секоја над хартија во плех на 180. Се оставаат да се ладат. Калапот за торта е тркалезно тавче бр.28. За филот 2 Се вари крем од биени жолчки со миксер, во него се ставаат некои 200мл. од количината млеко се додава прашокот за пудинг и густинот се мешаат уедначено, на оган остатокот од 500мл.млеко со шеќер пред да зоврие се става претходно подготвената смеса за крем и нека се варат до густина на пудинг на оган. Се лади кремот со повремено мешање, а настрана се бие путерот со миксер и се изедначува со ладен крем пудинг, па на сам крај се става мелената плазма. За филот 3 Се бие шлагот со ладно млеко ...(ставив млеко според упатство) се додава нутелата и се меша. Редењето на корите и филови е следно Над кората со кокос се премачкува нутелата, над неа жолтиот фил, следува кората со мелени ореви над неа филот со шлаг. Вака тортата се оства до нареден ден во фрижидер кога се припрема ганаш. Сите состојки за ганаш се топат на оган, но не смеат да провријат. Се добива една глатка смеса која се излева над површината на тортата, украсете по избор. Доколку се одлучите да ја подготвите некогаш се надевам ќе уживате неизмерно.. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Десерт на денот: Лесен ролат полнет со НутелаАко сте од оние кои обожаваат секакви видови на рецепти со Нутела, овој десерт мора да заврши на вашата листа за готвење. Ролат полн со Нутела и прелиен со чоколаден фил и кора од портокал е нешто на што нема да одолеете. Комбинација од чоколадо и портокал – неодолив вкус. Потребни состојки:
Начин на подготовка:Изматете ги со миксер прво белките, а потоа додадете ги жолчките додека смесата не се соедини. Додадете го шеќерот и мешајте добро. Постепено додавајте го брашното во смесата, додадете ја кората од портокал и истурете ја смесата врз хартија за печење поставена на сад. Ставете да се пече на претходно загреана рерна од 180˚С околу 30 минути. Во меѓувреме, загрејте ја слатката павлака и додадете го ренданото чоколадо. Мешајте додека не се стопи чоколадото и смесата не стане мазна. Оставете да се олади. Кога ќе ја тргнете тортата од рерна, превртете ја на чиста крпа и наросете ја со шеќер. Намачкајте со сок од портокал со помош на четка и намачкајте го кремот. Завиткајте ја внимателно додека е топла. Прелијте ја со чоколадниот прелив и наросете кристализирана кора од портокал. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Десерт на денот: Торта полнета со НутелаМожете ли да одолеете на сочна торта полнета со Нутела, која се топи во уста? Вашата книга со рецепти ја збогатуваме за уште еден неодолив, кој ќе ви стане омилен вам и на целото семејство. Време е да пробате нов десерт кој нема да ве разочара и само ќе барате уште... Потребни состојки:
|
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Рецептот што го обожуваат сите: Торта „Нутела“ која се прави за 20 минутиСтанува збор за неверојатно вкусна торта која се прави брзо и лесно, а нејзиниот кремаст, чоколаден вкус е секогаш докажан избор за целото семејство. Чоколадните десерти се слабост за многумина од нас, а оваа торта без печење е само една такво слатко доживување. Тортата има нежен, скоро сладоледен вкус, а многу лесно се прави. Потребни состојки за тортата со чоколаден крем без печење: За кора:
За фил:
За глазура:
Начин на подготовка:
Изменето од Valerija - 08.Декември.2020 во 20:33 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Внеси реплика | страница <12 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |