IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Салати
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Салати

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 23242526>
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јули.2016 во 18:43

Летна салата со киноа, фета и краставица


Салатите се навистина одличен начин да го одбележите летото, а јадењето на истите ќе направи да бидете најадени со здрави состојки и малку калории.

Салатата со киноа и фета е можеби една од највкусните и најздравите кои ќе ги направите (и пробате) ова лето. Лесно се приготвува и е одличен додаток за вашиот ручек.


Состојки:

  • 350 грама киноа (зготвена и оладена)
  • 1 поголема краставица исечена на коцки
  • ½ црвен кромид
  • 60 грама фета сирење издробено
  • Неколку гранчиња босилек исечени на тенки парчиња


За италијански сос:

  • 3 лажици маслиново масло
  • 2 лажици балзамичен оцет
  • 1 лажица сок од лимон
  • Сол и црн пипер по желба


Подготовка:

Згответе ја киноата според упатството, а потоа и оладете ја на собна температура. Исечкајте ги краставицата и кромидот на коцки, а потоа и босилекот. Во поголем сад додадете ја киноата, а потоа краставицата, кромидот, босилекот и издробеното фета сирење и сите состојки заедно добро измешајте ги. Во помал сад направете го сосот и употребето го како прелив за салатата.

Сервирајте ја добро оладена во фрижидер.

 

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Јули.2016 во 09:14

Dave’s Kitchen: Салата со авокадо и ракчиња


За оваа превкусна летна салата ќе ви бидат потребни следните состојки:

  • 300 гр ракчиња
  • 2 авокада
  • Сок од половина лимон
  • 1 сечкан домат
  • ½ краставица ситно сечкана

За преливот:

  • 2 лажици мајонез
  • 4 лажици кисела павлака
  • Сечкан магдонос

Начин на подготовка: 

Ракчињата се печат околу 7 минути на температура од 200 степени. Потоа се сечат на ситни парчиња и со мешаат со сите преостанати состојки. Се декорира така што се става во лушпата од излупеното авокадо.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Август.2016 во 09:27

5 летни салати кои се прават за 5 минути


Во лето сè што сакаме да јадеме се свежи зеленчуци. Ако добро ги комбинирате и им додадете малку месо, млечни производи и зачини, направите нови комбинации, тогаш имате разновидно мени со месеци.

5-letni-salati-koi-se-pravat-za-5-minuti-01.jpg

Овие 5 салати се прават за 5 минути и од состојки кои ги имате во фрижидер секој ден.

За појадок, ручек или вечера:

1. Салата од грозје, диња и фета

Состојки:

  • Зелена салата
  • 100g фета сирење
  • 1 мала шолја грозје
  • 300-400g диња
  • Малку сечкани бадеми
  • 2 лажички маслиново масло

Исечкајте ги сите состојки, измешајте и полијте со маслиново масло. Нема потреба да посолувате.

5-letni-salati-koi-se-pravat-za-5-minuti-02_copy.jpg

2. Краставица во павлака

Состојки:

  • 2-3 свежи краставици
  • 1/3 шолја кисела павлака
  • Малку оцет
  • Копар
  • Сол

Измијте ги краставиците, не ги лупете и исечкајте ги на тенки кругови. Додадете ја павлаката и измешајте. На крајот посолете, зачинете и додадете оцет.

5-letni-salati-koi-se-pravat-za-5-minuti-03.jpg

3. Салата од лубеница и краставица

Состојки:

  • 250g лубеница исечена на коцки
  • 2 средни краставици
  • 120g фета сирење
  • Босилек по вкус

Исечканите коцки лубеница помешајте ги со дебели кругови краставица пресечени на половина, па на крај додадете го изронетото сирење. Зачинете со босилек.

5-letni-salati-koi-se-pravat-za-5-minuti-04.jpg

4. Капрезе со пршута

Состојки:

  • 15 мали шери домати
  • 2 моцарела топчиња
  • 10 парчиња пршута
  • 1/4 лимон
  • Маслиново масло

Исечете ги доматите и моцарела топчињата. Исцедете го лимонот и додадете го маслото. Парчињата пршута наредете ги цели, врз салатата.

5-letni-salati-koi-se-pravat-za-5-minuti-05.jpg

5. Салата со диња и пршута

Состојки:

  • 12 парчиња пршута
  • Зелена салата
  • 300g лубеница сечена на коцки
  • Маслиново масло
  • Лимонов сок

Исечете ја зелената салата и во неа додадете ја лубеницата. Ставете масло и лимон, а врз салатата наредете ги парчињата пршута.

5-letni-salati-koi-se-pravat-za-5-minuti-06.jpg

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јуни.2017 во 18:47

Летна компир салата


Ако сте љубители на компирите, ова ќе ви биде новата омилена салата. Потребно ви е 1 ½ кг млад компир, сланина, лук и кромид. Сварете го компирот и оставете го да се олади. Потоа прелијте го со малку маслиново масло. Во меѓувреме, исечкајте ја сланината и испржете ја во масло, се додека не стане крцкава. Додајте ги сите состојки во тавата каде што ја пржите сланината и попржете ги истите уште 2-3 минути. На крај, зачинете по желба.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јуни.2017 во 18:48

Кус кус со туна и зеленчук


Одлична салата со ½ шолја кус кус, туна, шери домати и пиперка, која е полна со хранливи состојки.

Најпрво сварете го кус кусот на пареа и оставете го 5 минути да ја впие течноста. Исечкајте го зеленчукот на парчиња. Измешајте ги сите состојки и зачинете по желба. 

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јуни.2017 во 18:49

Салата со тестенини и пилешко месо


За оваа салата потреби ви се пилешко месо, брокула, тиквички, домати, пиперки, кисело млеко и тестенини. Испржете гo или сварете гo пилешкото месо заедно со зеленчукот, а во друг сад сварете ги тестенините. Потоа додадете ги сите состојки во садот каде што се варат тестенините и додадете кисело млеко и лимон. Зачинете по желба.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
ZeZnAtA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Power

Регистриран: 26.Мај.2007
Статус: Офлајн
Поени: 19172
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ZeZnAtA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јули.2017 во 18:01
Image result for erotic
Љубовта владее без меч и врзува без јаже!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Октомври.2017 во 17:47

Крем салата од макарони


Подгответе интересна несекојдневна крем салата со макарони. Одлична е на вкус и брзо се подготвува. 

Потребни состојки:

  • 500 гр. макарони - фусили
  • 1 црвена пиперка исечкана на коцки
  • 3 стапчиња целер исечкан на коцки
  • 250 гр. чедaр кашкавал исечкан на мали коцки
  • ¼ главица исечкан кромид
  • 200 гр. мајонез
  • 2 лажички јаболков оцет
  • 1 лажичка сенф
  • ½ лажичка мелен црн пипер
  • 1 лажичка ситно исечкан магдонос

Начин на подготовка:

Згответе ги макароните во вода со сол, според инструкциите на пакувањето. Исцедете ги од вишокот течност. Во сад на страна промешајте ги мајонезот, солта, јаболковиот оцет, сенфот, мелениот црн пипер и исечканиот магдонос. Промешајте ги макароните со сосот додека убаво не се измешаат состојките и додадете ги исечканиот кромид, црвена пиперка, целер и кашкавал. Добро промешајте и изладете најмалку 1 час пред да послужите.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јуни.2019 во 22:04

Најпознатиот грчки готвач го открива оригиналниот рецепт за подготовка на цаѕики салата

Баш како да сте во Грција! Цаѕики е една од омилените салати, а еве кои намирници ви се потребни.

- 300 грама грчки јогурт; 
- 1 краставица; 
- 3 супени лажици јаболков оцет; 
- 1/2 лажичка копар; 
- 2 супени лажици маслиново масло; 
- прстофат сол; 
- бибер. 

Подготовка

Измијте ја и изрендајте ја краставицата во сад на кој претходно сте ставиле хартија. Додадете сол и една лажица јаболков оцет. Максимално исцедете ја хартијата на која претходно сте ставиле сè, фрлете ја хартијата и вратете ги намирниците назад во садот.

Додајте го јогуртот во смесата и уште две лажици маслиново масло.

Ситно исецканиот лук прво промешајте го со маслиново масло, а потоа ставете го во останатиот дел од смесата.

На крајот додадете копар, сè заедно измешајте и ставете ја смесата во фрижидер да се излади.



Изменето од Valerija - 13.Јуни.2019 во 22:05
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Мај.2020 во 20:36

Салата со моркови, авокадо, песто и сенф во зрна

Потребни состојки:

  • 1 авокадо
  • 3 моркови
  • 2 млади кромитчиња
  • Пола китка магданос
  • Изрендана кора од лимон
  • 1 мала лажица песто
  • 1 мала лажица сенф во зрна
  • Маслиново масло, оцет балсамико,
  • сол и бибер

talentirana-makedonka-za-koja-gotvenjeto-e-umetnost-8-predlog-recepti-od-viktorija-kochishka-06.JPG

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Мај.2020 во 20:37

Салата со сос од авокадо, лимон и лук

Потребни состојки:

  • 1 рукола
  • Пола марула
  • 4 ротквици
  • 1 конзерва пченка

Состојки за сосот:

  • 1 авокадо
  • 1 младо лукче
  • Пола китка магданос
  • 2 големи лажици маслиново масло
  • Сол и бибер
  • Сок од 1 цеден лимон

Состојките за сосот се блендираат.

talentirana-makedonka-za-koja-gotvenjeto-e-umetnost-8-predlog-recepti-od-viktorija-kochishka-05.JPG

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Јули.2020 во 10:25

Ладни, летни салати од само 3 состојки

Дојде времето кога салатата ни е главен оброк, па обичниот домат знае да ни досади.

ladni-letni-salati-od-samo-3-sostojki-001.jpg

За да се храните разновидно, а притоа да не печете или варите нешто што дополнително ќе ви направи жештина, ви требаат нови идеи за ладни салати.

Комбинации на зеленчуци (во некои случаи и овошје) кои ќе ви се најдат летово, кога сакате брз оброк од само 3 состојки:

Марула, краставица, рендан морков

ladni-letni-salati-od-samo-3-sostojki-1.jpg

Авокадо, млад кромид, магдонос или друг зачин по желба

ladni-letni-salati-od-samo-3-sostojki-2.jpg

Краставица, кромид и павлака

ladni-letni-salati-od-samo-3-sostojki-3.jpg

Краставица, ротквица и копар

ladni-letni-salati-od-samo-3-sostojki-4.jpg

Рендана зелка, морков и јаболка (може да додадете и суво грозје)

ladni-letni-salati-od-samo-3-sostojki-5.jpg

Домати, пченка и зелена салата

ladni-letni-salati-od-samo-3-sostojki-6.jpg

Грав од конзерва, домати и песто

ladni-letni-salati-od-samo-3-sostojki-7.jpg

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Август.2020 во 11:07

Dave’s Kitchen: Освежителна паста салата



Пастата може да се јаде и ладна во форма на салата со освежителни и здрави состојки лесно достапни во маркетите и зелените пазари.


Потребни состојки:

  • 200 гр паста машнички farfalle
  • 1 морков исечкан на коцки
  • 1 црвена пиперка исечкана на коцки
  • 1 зелена пиперка, исечкана на коцки
  • 2 лажици рендан пармезан
  • 2 лажици свежо исечкан магдонос

За дресингот:

  • 250 гр кисело млеко
  • 1 чешне лук, ситно исечкано
  • 1 лажичка копар
  • Сол и мелен црн пипер по вкус
  • 2-3 лажици маслиново масло

Начин на подготовка:

Сварете ја пастата ал денте. Ставете ја во сад и додајте го исечканиот морков, црвена пиперка, зелена пиперка, рендан пармезан и свежо исечкан магдонос.

На страна измешајте ги киселото млеко, ситно исечканиот лук, копарот, солта и мелениот црн пипер и маслиновото масло. Промешајте ја целата салата со дресингот и сервирајте ја ладна.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Октомври.2020 во 09:49

„Подобра и од руска“ – Метропол салата, совршена за мезе и во комбинација со скара

Есента значи пониски температури и „појаки“ јадења. Овој пат имаме одлична крем-салата која ја надминува и добро познатата „руска“ салата. Слична, но сепак различна.

Metropol-salata-01.jpg

Доколку сакате да испробате нешто ново, нашиот предлог е Метропол салата:

Потребни состојки:

  • 4-5 компири со средна големина
  • 2-3 моркови
  • 4 јајца
  • ½ страк праз
  • 150 g чадено мисиркино месо
  • 180 g кисела павлака + 150 ml мајонез
  • 1 лажичка сенф
  • ½ лажичка сол и бибер по желба

Начин на подготовка:

  • Сварете ги компирите и морковите во солена вода, а потоа исечкајте ги на ситни коцки.
  • Сварете ги јајцата (варете околу 8 минути), а потоа прелијте ги со ладна вода. Откако добро ќе се оладат, излупете ги и исечкајте ги ситно.
  • Исечкајте ги ситно празот, посолете и оставете го да отстои околу 30 минути.
  • Исечкајте го ситно и мисиркиното месо и заедно со останатите подготвени состојки измешајте ги во подлабок сад.
  • Помешајте го мајонезот со киселата павлака и сенфот и додадете во садот. Зачинете по вкус со сол и бибер.
  • Салатата може да ја подготвите и 2 дена порано и да стои во фрижидерот на ладно, бидејќи така вкусовите подобро ќе се соединат.

Metropol-salata-02.jpg



Изменето од Valerija - 31.Октомври.2020 во 09:52
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 23242526>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,156 секунди.