IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Дом и градина
  Активни теми Активни теми RSS - Корисни совети
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Корисни совети

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 456
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Мај.2017 во 12:11


Треба ли да се придржуваме до ознаките на облеката?


Оваа пролет, модните дизајнери ги обожаваат шарените материјали и транспарентни ткаенини чие правилно одржување е мошне важно. Секој материјал има свои правила кога се работи за зачувување на бојата, отстранување на дамки, чувството на мекост и мирис кој ги освојува сите околу нас. Но, покрај убавите модели, дизајнерите споделија и неколку совети за материјалите:


Течен детергент или детергент во прав?

Темелната разлика е во тоа што детергентот во прав е подобар за бели и светли материјали и за отстранување на дамки, додека течниот детергент е совршен избор за облека која е направена од волна, свила, синтетика или памук и подразбира перење на пониски температури. 

Кои се трите златни правила за брзо отстранување на дамки од бела и светла облека?

1. Веднаш ставете детергент во прав на дамката
2. Со кружни потези тријте ја дамката од две до четири минути
3. Што е можно побрзо ставете ја облеката на регуларно перење

Детергентот во прав често остава траги на облеката, па препорачливо е фармерките да ги перете на рака или наопаку за да го избегнете избелувањето. Ако ви се појави дамка на некој нежен материјал, ставете течен детергент на облеката. Течниот детергент е подобар избор и за шарена облека, бидејќи не содржи избелувач како што е случајот со универзалните детергенти во прав. Шарената облека треба да се пере наопаку, за да ја задржи бојата подолго.


Нега на волнена облека

Волната лесно може да се собере при перење, па затоа потребно е да се пере со посебен детергент за волна. Исто така, ако волнените џемпери, шалови и капи ги перете со универзален прашок, може да се појават дупки. 

Правилно перење

Различните материјали потребно е да ги перете на различни температури. Перењето на превисоки температури може да резултира со кинење на материјалот, развлекување или гужвање. Иако памукот добро ги поднесува сите температури, препорачливо е перење на шарени памучни маици на 40°. Материјали кои најдобро се перат на оваа температура се: најлон, вискоза, шифон и фармерки. Чувствителните материјали како што е ленот, се перат на 30°. Облеката од свила или кашмир, најсигурно е да се однесе на хемиско чистење или да се испери на рака.


Ако сте погрешиле при перењето и сега имате маица со големина 42 наместо 36 број, постои еден трик. Развлечената облека намокрете ја во вода во која претходно сте ставиле шеќер. Оставете ја да отстои два часа. Потоа исперете ја облеката само со вода и нека се исуши. Шеќерот го зацврстува материјалот и го враќа во првобитната состојба.

Запаметете дека ознаките на облеката не се само украс. Нивното правилно читање е клуч за долг живот на облеката. Ознаките најчесто се поделени во пет категории: перење, пеглање, сушење, хемиско чистење и обелување. Најважно е да се придржувате до тие правила кога се работи за чувствителни материјали.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Февруари.2018 во 17:02

8 едноставни домашни трикови како секогаш да имате чиста кујна


Потребни ви се само сода бикарбона, лимон, оцет и вашата кујна повторно ќе блеска како некогаш.

8-ednostavni-domashni-trikovi-kako-sekogash-da-imate-chista-kujna-01.jpg

Готвењето понекогаш знае да биде вистинско задоволство, но чистењето потоа речиси никогаш. Остатоци од храна, тон мрсни садови и нечистотија насекаде.

Ако сакате кујната постојано да ви биде чиста, треба да практикувате некои едноставни трикови.

На лесен начин до блескава кујна:

Вратете го сјајот на металните садови

Тенџерињата и тавчињата повеќе не ви се сјајни како порано?

Наместо да купувате нови, направете смеса од сода бикарбона, хидроген пероксид и течен сапун.

Испрскајте ги садовите и оставете ги да постојат. Потоа истријте ги и исплакнете и тие ќе сјаат повторно.

Исчистете ја машината за садови

Машината за садови ви ги чисти садовите секој ден, па од време навреме треба и вие да ја исчистите неа.

Наместо со специјално средство, ова можете да го сторите со лимонова киселина. Наместо детергент ставете лимонова киселина и пуштете ја машината да работи. Таа ќе ги разгради остатоците од храна и ќе ја дезинфицира машината.

Светнете го нерѓосувачкиот челик

Апаратите од нерѓосувачки челик наместо да ги чистите со препрати, кои може да ги оштетат, исчистете ги со сода бикарбона.

Испрскајте ги целите, особено на краевите, и тријте со кружни движења со стара четкичка за заби. Ќе сјаат за неколку минути.

Освежете го воздухот

Наместо да купувате освежувач за воздух, пресечете лимон на половина и оставете го во кујната.

Просторот ќе мириса свежо и пријатно.

Исчистете ја маснотијата од микробрановата печка

Со лимонов сок поминете ја микробрановата печка. Оставете да постои пет минути и потоа избришете со крпа.

Маснотијата ќе излезе лесно.

Исчистете го тостерот

Со четкичка за заби истријте ги остатоците од храна што остануваат на тостерот.

Дури можете да го превртите и добро да го протресете за да излезат трошките и од непристапните места.

Исчистете ја дрвената даска за храна

Со текот на времето вашата даска за сечкање храна се прави со дамки. За да ја освежите користете смеса од сол и оцет.

Оставете да отстои неколку минути на проблематичните места, истријте со четкичка и исплакнете.

Светнете ги рѓосаните ножеви

Потопете ги рѓосаните ножеви во концентриран лимонов сок. По неколку минути извадете ги, избришете ги и тие ќе бидат како нови.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Март.2020 во 12:27

Важни совети за да избегнете хаос: Овие работи никогаш не треба да ги перете во машина


Важни совети за да избегнете хаос: Овие работи никогаш не треба да ги перете во машина

Веруваме дека често сте во искушение едноставно сѐ што е валкано да го ставите во машина за перење алишта и да ја завршите работата, но сепак постојат одредени правила кои би требало да ги знаете доколку не сакате да ја уништите облеката или пак машината.

Постојат низа работи кои никако не треба да се перат во машина, но сепак сите тоа го правиме. Еве кои се тие:

1. Перници од пена

Вртењето на барабанот може да предизвика слабеење на мемориската пена во анатомските перници, или, пак, истата дури и да се распарчи на делчиња.

Бидејќи самата мемориска пена е природно хипоалергенска, како и отпорна на апсорпција на прав, таквите перничиња остануваат чисти многу подолго од традиционалните.

Се препорачува да се чистат еднаш или двапати годишно, со едноставно отстранување на дамките од нечистите делови на перницата.

Ако пишува на етикетата дека перницата може да се пере рачно, втората опција е да ја исчистите во голем мијалник или када, со вода и хипоалергенски детергент, без мирис и боја.

По влажнењето и плакнењето, потребно е само нежно да се притисне, како би се отстранил вишокот на вода, па да се суши на ветровито или добро вентилирано место.

2. Сѐ што е налепено со животински влакна

Сопствениците на крзнени миленичиња, веројатно се добро запознаени со „хаосот“ што истите го оставаат на облеката и мебелот. Отстранувањето на влакната е тешко.

Меѓутоа, ова не значи дека треба да го ставите омилениот пар фармерки со „грива “ во машината, бидејќи само ќе ја влошите ситуацијата. Мокрите насобрани влакна може да се налепат на другата облека, странично на барабанот, па дури и да ги затнат цевките во машината за перење.

За да го избегнете ваквото сценарио, неопходно е да ги отстраните сите влакна пред перењето.

Користете леплива ролна, или, пак, навлечете гумена ракавица. Наквасете ја малку и поминете преку „влакнестата“ облека. Доколку сè уште има влакна, обидете се да ја продувате и истресете добро, па да ја исперете, согласно инструкциите на етикетата.

3. Градници

Рафалното фрлање на градниците во машината за перење, навидум се чини како најлесниот начин да го исчистите парчето што секојдневно го носите. Меѓутоа, таквата постапка може да ви ја уништи слатката долна облека.

Од цврста потпора за градите, ќе ги претворите во тажни потпунки кои ниту нешто може да кренат, а ни да обликуваат. А, да не збориме и за жиците кои ќе почнат да ѕиркаат, поради пукањето на ткаенината што ги држи.

Златно правило за градниците е рачното перење. Користете студена вода и средно јак течен детергент за чувствителни алишта. Oткако ќе ги измиете, полека исцедете ги.

Доколку баш немате време, обидете се да ги исперете и во машина, ама бидете особено претпазливи околу температурата и центрифугата, заштитувајќи ги од удари или растргнувања во барабанот.

4. Ткаенини со запалива дамка

Држете ги сите парчиња кои се извалкани со запаливи материи (гориво, моторно или масло за готвење, згуснувач на бои, алкохол), што подалеку од машината за перење, а особено од таа за сушење на облека.

Високите температури може да предизвикаат палење на облеката, што пак, може да резултира и со експлозија.

Првин отстранете ги дамките со средство за нивно разложување, така што ќе го оставите да дејствува минимум 10 минути. Доколку го снема специфичниот мирис од дамката, тоа значи дека безбедно е облеката да се пере во машина.

Сепак, сторете го тоа одвоено, како би го спречиле пренесувањето на дамката на останатите алишта. Најдобро е подоцна и да ја исушите природно, а не во машина за сушење.

5. Везена или чипкана гардероба

Ни чувствителните парчиња со перли или везови не би смееле да ги перете во машина, затоа што движењето на барабанот може да ја уништи нивната структура. Ова особено важи за оние со додатоци што се залепени, а не сошиени на облеката.

Во такви случаи, единствената опција во домашни услови е рачно перење на облеката. Доколку на етикетата пишува дека е „само за хемиско чистење“, тогаш предадете ја во професионални раце, замолувајќи ги да ги прекријат додатоците со фолија, или, пак, некакво платно, како би ги сочувале.

6. Гломазни предмети

Доколку нема доволно место околу одреден предмет (јоргани, ќебиња, перници од гарнитурата, итн.) во барабанот, тој не смее да се пере во машина, од причина што ниту ќе може да се врти, а ни детергентот ќе може непречено да циркулира. Со самото тоа – нема да се испере.

Па, наместо со сите сили да го туркате (пре)големиот предмет во барабанот, а тој упорно да ви „бега“ кон надвор, поштедете се себеси од трудот. Најдобро е да го однесете во перална.

7. Облека од кашмир или кадифе

Овие исклучително нежни и чувствителни материјали никако не се создадени за перење во машина, бидејќи може да ги развлече, собере или изобличи со само едно миење.

И тука единствената опција е да ги исперете на раце, особено ако постои опасност од пуштање боја на останатите парчиња облека.

Наквасете ги во топла вода во мијалникот, па додадете детергент за чувствителна облека. Подоцна, префрлете ги во студена вода и исплакнете ги. По перењето, нежно исцедете ги, оставајќи да се сушат на пешкир поставен на рамна површина.



Изменето од Valerija - 01.Март.2020 во 12:28
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Март.2020 во 13:49

Време е за пролетно чистење на домот: Со овие совети, тоа ќе биде многу лесна задача!


Време е за пролетно чистење на домот: Со овие совети, тоа ќе биде многу лесна задача!

Иако пролетта сè уште не е официјално започната, потоплото време е совршено за да се организирате и темелно да го чистите вашиот дом.

Темелното чистење никогаш не е лесно, но со овие совети тоа може да не биде толку заморно како и обично.

Не правете го тоа сами
Темелното чистење е голема работа, и освен ако не живеете сами, нема причина да не ги вклучите и другите членови од семејството во „забавата“. Ако имате мали деца, може да им дадете барем едноставни задачи, како што се: собирањето играчки во нивната соба или бришење прашина на местата каде што нема предмети кои може да ги скршат. Поголемите деца може активно да учествуваат во апсолутно сите активности. Сите соби ќе бидат исчистени многу побрзо и полесно преку тимска работа.

Работете попаметно, а не понапорно
Во иднина, водете се од правилото дека најпаметното нешто што треба да направите е тековно да ги раскренувате предметите, па тие нема да се натрупаат. Сите членови редовно нека си ги средуваат собите, за да не мора толку многу да чистите за време на „генералките“.

Што се однесува до ова чистење – оставете ја вашата опрема и прибор за чистење да завршат поголем дел од работата – сепак тоа е нивна функција. Наместо да чистите со обична крпа – избришете ја прашината со микрофибер крпа – таа ја задржува прашината внатре без употреба на хемикалии.

На кадата, мијалникот, ВЦ шолјата и плочките нанесете средство за чистење и оставете го да делува 10 -15 минути. Ова ќе го олесни чистењето на дамките. Кога ја чистите микробрановата печка, ставете сад со вода во неа и загревајте ја 3 минути. Пареата од водата ќе ги омекне дамките и загорените остатоци.

Посветете му внимание и исчистете го и вашиот фрижидер
Бидејќи во него ја чувате храната што ја јадете обратете му доволно внимание. Доближете ја корпата за отпадоци и средства за чистење веднаш до фрижидерот. Фрлете ја сета храна што во него стоела подолго време, сè што е расипано или исушено. Извадете ги сите продукти и темелно исчистете го фрижидерот, дезинфицирајте го и избришете го со сува крпа пред да ја вратите храната внатре.

Избришете ги теглите што сè уште се во добра состојба, пред да ги вратите во фрижидерот, со крпа што е испрскана со средство за дезинфекција. По фрижидерот, исчистете ги и дезинфицирајте ги и вашите кујнски ормани со храна.

Ослободете се од смрдеата од кантите за ѓубре
Темелно измијте и дезинфицирајте ги кантите за ѓубре. Оставете ги да се исушат добро, а потоа истурете малку сода бикарбона на дното пред да ставите кеса – таа ја апсорбира смрдеата.

Дезинфицирајте ги сунѓерите
Ова треба да го сторите барем еднаш неделно. Постојат неколку начини да го направите тоа – можете да ги потопите во мешавина од избелувач и вода (3/4 чаша избелувач со 3 л вода). Или уште поедноставно – вметнете го во машината за миење садови кога миете садови, или потопете ги во течноста и ставете ги во микробранова печка неколку минути.

Проверете ги теписите, украсните перници и покривките
Извадете ги сите теписи што можете да ги поткренете, на вашата тераса или во дворот и добро „исчукајте ги“ и проветрувајте ги. Истото важи и за украсните перници, обичните перници и покривките.

Исперете ги сите чаршави и покривачи
Ставете ги сите ткаенини во машината за перење на најмалку 60 степени и добро исперете ги. Ако имате можност и доволно простор, изнесете го и креветот за да се проветри на воздухот. Ако не – посипете ги со малку сода бикарбона, оставете ја содата да дејствува околу половина час, а потоа поминете го креветот со правосмукалка.

Фрлете ги старите средства за хигиена
Доколку е потребно, исфрлете ги старите четки за заби (менувајте ги на секои 3 месеци), сунѓерите (кои треба да ги користите максимум два месеци), како и четките за чистење (вклучително и четката за тоалет) доколку е потребно. Фрлете ги старите испразнети шампони, купки и други средства.

Не заборавајте и на плакарите со облека и чевларниците
Ако сте решиле да посветите повеќе време на чистење, разгледајте ги и плакарите. Пред да ја замените зимската со пролетна облека и чевли – ослободете се од вишокот облека и обувки преку донирање.



Изменето од Valerija - 08.Март.2020 во 13:51
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Мај.2020 во 11:49

Одличен е, но не за сè: 4 предмети што никогаш не треба да ги чистите со оцет


Одличен е, но не за с&amp;#232;: 4 предмети што никогаш не треба да ги чистите со оцет

Оцетот е еден од омилените домашни состојки, но со некои материјали тој не смее да дојде во допир. Речиси не постои домаќинство во кое не се користи оцет. Оцетот првенствено се користи како додаток во салатите, но често се користи и за чистење – отстранува бигор, ‘рѓа, ги отстранува миризбите итн. Сепак, со некои површини или материјали, оцетот не смее да дојде во допир. Погледнете за кои површини станува збор.

Гранитни и мермерни површини
Проблем со оцетот: многу е агресивен и може да ги „нападне“ чувствителните површини. Тука спаѓаат гранитот и мермерот и затоа немојте да ги чистите со оцет. Наместо тоа, користете посебно средство за чистење соодветно за овие материјали.

Уреди со екран на допир
Уредите што имаат екран на допир никогаш не треба да се чистат со оцет. Имено, може да го оштетите горниот слој на уредот и тоа да влијае на функцијата на екранот. Затоа, користете специјални средства за чистење на екран на допир кои нежно ќе ги избришете со крпа од микрофибер.

Измет од домашни миленици
Ако вашето домашно милениче „утнало“, никогаш не бришете го местото каде што е изметот со оцет. Иако оцетот ги уништува непријатните мириси, тоа може да му наштети на чувството за мирис на вашето домашно милениче. На пример, мачките и кучињата имаат многу поизразено чувство за мирис од луѓето. Затоа, интензивниот мирис на оцет може да ги натера повторно да го „обележат“ местото каде што извршиле нужда.

Лакиран мебел
На пример, дрвениот мебел има заштитен слој што го штити дрвото од влага. Тој заштитен слој можете да го оштетите ако го бришете со оцет затоа што киселината од оцетот ја напаѓа таа површина и може да го избледи дрвото или да предизвика негово распукување.



Изменето од Valerija - 01.Мај.2020 во 11:50
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 456
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,141 секунди.