|
Медот како дел од рецептите за колачи и торти |
Внеси реплика | страница <1 345 |
Автор | |
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Торта од мед и лешници – омилената на Џејми ОливерОсновата на оваа торта е лесна и за подготовка и за консумирање, па не е ни чудо што Џејми Оливер тврди дека може да ја консумира со задоволство во секое време. Како да ја подготвите неодоливата спојка на мед и лешници? Сосотојки:
За чоколаден намаз:
Подготовка:Загрејте ја рерната на 160 степени. Подмачкајте едно тавче со обем од 24-25 сантиметри и обложете го со хартија за печење. Со миксер изматете го путерот додека не стане кремаст, па во него додадете го медот. Добро промешајте додека се соедини. Кршете едно по едно јајце и полека додавајте во смесата со постојано мешање. Додавајте ги и останатите состојки една по една со мешање. Смесата ставете ја во тавата и израмнете. Печете околу 45 минути на 160 степени. Кога тестото е готово, извадете го и почекајте да се олади. Превртете ја тавата и ставете го добиениот пандишпан на жица како би се оладило комплетно. На пареа стопете го путерот за чоколадниот намаз и додадете го чоколадото. Глазурата прелијте ја по тортата, а врз неа наредете ги лешниците како на сликата. Оставете го колачот 1 час на собна температура, па уште 1 час во фрижидер. Послужете со овошје или топка сладолед. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Чоколадна торта со мед: Домашна торта со богата глазураПогледнете го овој рецепт како да направите чоколадна торта со мед што ќе ги задоволи апетитите на целото семејство. Потребни состојки:
Начин на подготовка:За почеток, сите состојки треба да бидат на собна температура. Во поголем сад стопете го чоколадото за тортата. Загрејте ја рерната на 160 °C, подгответе подмачкан калап за торта и ставете хартија за печење на него. Изматете го шеќерот со путерот, а потоа додајте го медот. Кога смесата ќе се соедини, додајте ги јајцата едно по едно и додајте по една лажица брашно по секое јајце. Додајте го стопеното чоколадо, па остатокот од брашното и сода бикарбоната. Потоа, додајте го какаото во прав и на крајот, додајте ја жешката вода. Истурете го тестото во калапот и печете околу еден час и половина. По првите 45 минути, проверете како изгледа тестото и доколку е потребно, покријте го со фолија, а потоа проверувајте на секои десет минути да не изгори. Откако ќе биде готово, оставете го да се излади. За глазурата, загрејте ги водата и медот, а потоа тргнете ги од огнот и додајте ги парчињата чоколадо и мешајте ја смесата. На крајот, додајте го шеќерот во прав. Додека ја нанесувате глазурата на тортата , покријте го садот на којшто е тортата со хартија за печење што ќе можете лесно да ја извадите подоцна, а садот да остане чист. Изменето од Valerija - 08.Декември.2020 во 20:29 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Внеси реплика | страница <1 345 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |