IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Торти и колачи што не се печат
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Торти и колачи што не се печат

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 141516
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Април.2018 во 08:29

Dave's Kitchen: Супер вкусна и брза торта без печење



За сите оние мигови кога немате време за приготвување комплицирани рецепти, а сакате нешто благо, Dave’s Kitchen ви препорачува да го испробате овој рецепт.

Потребни состојки:

Начин на подготовка: 

Во тенџере на оган ставете половина од млекото да се згрее. Во другата половина промешајте ги пудинзите, салепот и шеќерот. Претурете ја смесата во топлото млеко и сварете го пудингот. Кога ќе се згусне тргнете од оган и покријте со хартија за свежа храна за да не фати кора. Кога комплетно ќе се излади додадете го путерот и шеќерот во прав и матете со миксер додека не се изедначи целата смеса. 

Обложете со хартија за свежа храна, округло тавче на механизам и земете бисквита по бисквита потопете ја во млеко и нанесете од филот. Наредете ги бисквитите исправени една до друга пополнувајќи го целото тавче. Оставете да се стегне и премачкајте ја целата торта со изматениот шлаг. Декорирајте со мелени бисквити или ореви.

Добар апетит и забавно готвење!

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Март.2019 во 21:30

Dave’s Kitchen: Превкусна торта без печење



Ова е рецепт за превкусна торта со ресана без печење, готова за само 10 минути. Се што е потребно се неколку состојки и супер друштво со кое што ќе ја споделите.

Потребни состојки:

  • 750. ресана со вкус на вишна (или обични)
  • 200 гр. плазма бисквити
  • 200 гр. млако млеко
  • 200 гр. исечкани ореви или лешници
  • 250 гр. путер растопен
  • 2-3 лажици рум
  • 300 гр. слатка павлака
  • Шарени мрвици за декорација

Начин на подготовка: 

Исечкајте ги ресаните на четири дела и искршете ги бисквитите, па попарете ги со топлото млеко и путер. Потоа додадете ги исечканите ореви и малку рум. 

Добиената смеса се обликува во форма на векна. Целата торта премачкајте ја со изматената слатка павлака. По желба декорирајте ја со шарени мрвици.

Добар апетит и забавно готвење!

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Мај.2019 во 10:02

Бразилски десерт без печење: Чоколадна торта со редени бисквити

Pavê е бразилски десерт кој најчесто претставува слоеви од фил и бисквити, а оваа чоколадна торта е токму таква.

lesen-brazilski-desert-chokoladna-torta-so-redeni-biskviti-bez-pechenje-01.jpg

Оваа чоколадна торта редена со бисквити ќе ви стане омилен десерт за сезоната пролет-лето. 

Се подготвува лесно, не треба да се пече и се служи ладна - идеална за овој период. 

Неодоливо вкусна и се топи во уста!

Потребни состојки:

  • 2 лименки кондензирано млеко
  • 2 лажици какао
  • 30g путер
  • 200g сечкано темно чоколадо
  • 400g слатка павлака
  • 480g чоколадни бисквити по желба
  • ½ шолја чоколадни трошки

Начин на подготовка:

Измешајте ги кондензираното млеко со какаото и ставете ги на среден оган. Додадете го путерот и темното чоколадо и мешајте додека смесата не почне да се одлепува од тавчето.

Додадете ја слатката павлака и мешајте додека смесата не се соедини. Оставете малку да се олади.

Во сад, ставајте наизменично слој фил па слој чоколадни бисквити.

Одозгора наросете со чоколадни трошки и оставете во фрижидер најмалку 3 часа.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Ноември.2019 во 09:10

Чоколадно чудо без печење, готово за 5 минути, а се состои од само 3 состојки

Десертот готов за 5 минути, не е потребно да се пече, а истиот може уште веднаш да го приготвите, бидејќи ќе ви бидат потребни само 3 состојки, а ќе можете да уживате во оригинален чоколаден вкус!

Чоколадно чудо без печење

Потребни состојки

  • 400 гр темна чоколада
  • 400 мл кондензирано млеко
  • 50 гр путер

Начин на подготовка

Стопете ја чоколадата заедно со путерот. Мешајте ги состојките, додека не добиете мазна текстура т.е смеса.

Следно, додадете го кондензираното млеко и отстранете го садот од оганот. Добиената смеса се поставува во силиконски калапи за наменети токму за вакви десерти и се калапите заедно со чоколадната смеса се поставуваат во ладилникот да отстојат неколку часа.

При консумирањето, по желба, декорирајте го десертот со овошје.

Кондензирано млеко

Доколку немате слатко кондензирано млеко, истото може да го приготвите на следниот начин:

Поставете 1 литар кравјо млеко во тенџере и ставете го истото да се вари на средна температура, додека неговото количество не се намали двојно. Потребно е постојано да мешате, за да не дојде до загорување на млекото.

Потоа додадете 1 ванила и 150 гр шеќер и мешајте уште неколку дополнителни минути.

Отстранете го тенџерето од оганот и веќе ќе го имате готовото потребно 400 мл млеко. Пред да го употребите во подготовка на десертот, истото треба да биде ладно.



Изменето од Valerija - 23.Ноември.2019 во 09:10
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Април.2020 во 20:42

Јафа колачот е апсолутен хит на интернет: Брзо се припрема, а состојките ги имате дома


Аматерската готвачка Ванеса Касиди споделила рецепт за голем Јафа кекс на социјалните мрежи, кој брзо стана хит.

Ванеса, својот рецепт го споделила во Фејсбук групата “Rate My Plate”, а многумина се јавиле и напишале дека тој има одличен вкус и брзо се припрема.

Сè што ви треба за овој колач е по 100 грама путер, шеќер и брашно, две јајца, една лажица прашок за пециво, желе од портокал и една чоколада за готвење или темна чоколада.

Ако сакате сами да направите желе од портокал ќе ви треба 5 грама желатин во листови, два портокали, лажица шеќер и лажица цимет.

Најпрвин изматете ги јајцата, путерот, шеќерот, брашното и прашокот за пециво, а добиеното тесто ставете го во кружен калап и печете на 180 Целзиусови степени од 7 до 9 минути, односно додека не добие златножолта боја и не биде меко на допир. Извадете го од рерна и оставете да се излади.

Желето од портокал можете да го направите сами така што во сад со ладна вода ќе го потопите желатинот. Во меѓувреме, во процедениот сок од два портокали додајте лажица шеќер и цимет и ставете на тивок оган да зоврие. Гответе 5 минути. Откако ќе го тргнете од оган, во садот додадете ги листовите желатин, добро промешајте и оставете да се излади.

На средина од тестото ставете го желето, а рабовите нека останат празни.

Стопете ја чоколадата за готвење и со неа прелијте ја целата торта. Оставете да се

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 141516
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,234 секунди.