IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Десерти со цитрусни вкусови
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Десерти со цитрусни вкусови

 Внеси реплика Внеси реплика страница  12>
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Десерти со цитрусни вкусови
    Испратена: 05.Март.2020 во 18:22

Сочен колач од лимон

3

Без размислување лимонот можеме да го наречеме супер намирница. Лесно се вклопува и во солени и во благи јадења, а е основа за многу вкусни и освежителни пијалоци.
Веруваме дека сте слушнале за она дека денот треба да го почнете со шолја млака вода помешана со сок од лимон. Ние ви предлагаме лимонот да стане и ваша попладневна навика – во облик на генијални десерти. Почнуваме со едноставен колач од лимон кој во комбинација со малку шеќер во прав станува врвен десерт. Уживајте во киселкаст, мек, ароматичен и сочен колач.

Состојки:

200 г шеќер
50 г путер
3 лимони (кора од два лимони и сок од 3 лимони)
3 јајца
2 лажички прашок за пециво
250 г брашно
рум
шеќер во прав

Приготвување:

  1. Загрејте ја рерната на 180 степени
  2. Исечкајте или излупете два лимони па изрендајте ја кората и помешајте ја со лажица шеќер
  3. Додадете ги путерот и јајцата и мешајте со миксер. Потоа додадете малку рум, па брашното и прашокот за пециво.
  4. Помешајте и додадете сок од 1 лимон и ако е потребно, малку млеко.
  5. Печете околу 45 минути додека колачот на добие боја.
  6. Во меѓувреме помешајте сок од 1 лимон со малку шеќер. Извадете го колачот од рерна, издупете со вилушка дупчиња и прелијте го сокот врз колачот. Оставете да се олади и поросете со шеќер во прав.


Изменето од Valerija - 05.Март.2020 во 18:26
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Март.2020 во 18:25

Брз колач од палента со цитрусни вкусови

На овој прекрасен колач од палента додадете му лимон, портокал, грејпфрут и мандарина и уживајте во сезонските цитрусни ноти.

Состојки:

180 г брашно

150 г палента

2 лажици шеќер

2 лажици кора од лимон

2 жолчки

2 белки

450 мл млеко

2 лажици сок од лимон

4 лажици путер

1 лажичка прашок за пециво

5 лажици киселкаст мармалад (на пример, од кајсии)

2 портокали

1 грејпфрут

Приготвување:

  1. Помешајте ги шеќерот и ситно изрендана кора од лимон во еден сад за да се заепи што повеќе шеќер на кората.
  2. Во друг сад изешајте третина од брашното, палента и прстофат сол.
  3. Додадете ги шеќерот и кората од лимон, млекото, сокот од лимон, белките и стопениот путер.
  4. Измешајте добро. Остатокот од брашното и прашокот за пециво измешајте ги во посебен сад.
  5. Мешајте ги белките додека не станат пенливи, ставете се во смесата за колач и соединете.
  6. Ставете ја смесата во сад за печење и печете околу 35 минути на 180 степени.
  7. Извадете го од рерна, наредете парчиња портокал и грејпфрут, поросете со шеќер и вратете го колачот во рерна додека овошјето не карамелизира.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Март.2020 во 18:29

Мини пити со крем од лимон

Состојки:

За кремот од лимон:

80 г путер

200 г шеќер во прав

2 јајца

2 жолчки

100 мл сок од лимон

Рендана кора од 1 лимон

За тестото:
200 г брашно

100 г путер

50 г шеќер во прав

1 јајце

Прстофат сол

Приготвување:

  1. Прво подгответе го кремот такашто ќе ги изматите со миксер путерот и шеќерот, па ќе ги додадете јајцата и сокот од лимон. Во сад со дебело дно на среден оган полека варете го кремот додека не се згусне (околу 15 минути). Тргнете го од оган и додадете кора од лимон па оставете го кремот да се олади додека вие го правите тестото.
  2. Замесете го тестото од сите состојки и со мали калапи формирајте тркалца па испечете ги набрзина. (Ако немате калапи обликувајте од тестото топчиња на кои во средина ќе им направите вдлабнатина).
  3. Кога тестото ќе се испече наполнете го со крем од линмон и вратете го накусо да се запече (околу 10 минути)
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Март.2020 во 18:39

Семифредо од лимон и мед



Состојки:

3 белки

200 мл слатка павлака

6 жолчки

5 лажици мед

3 лажици сок од лимон

1 лажичка рендана кора од лимон

1 лажичка желатин

1 лажица вода

Приготвување:

  1. Ставете хартија за печење во калапот за леб
  2. Во сад измешајте ги желатинот и водата.
  3. Во друг сад измешајте ги белките додека не добиете цврст шлаг.
  4. Во посебен сад изматете ја павлаката и ставете ја во фрижидер.
  5. На крајот, на пареа мешајте ги жолчките и медот додека не добиете посветол и погуст крем, околу 5 минути. Тргнете од пареата и додадете ги желатинот, сокот и кората од лимон.
  6. Со рачна маталка измешајте ги најпрвин белките и павлаката, а потоа се уфрлете во смесата од жолчки и полека измешајте и соединете.
  7. Префрлете ја смесата во калап за леб и ставете го во замрзнувач.


Изменето од Valerija - 05.Март.2020 во 18:39
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Март.2020 во 18:49

Ароматичен колач со портокал и маслиново масло


Состојки:

1 средно голем портокал

1 1/4 шолја брашно

1/2 шолја пченкарно брашно

2 лажички прашак за пециво

1/4 лажичка сода бикарбона

1/4 лажичка сол

2/3 шолји и 2 лажици шеќер (одвоено)

1/2 шолја јогурт

3 јајца

1/2 шолја маслиново масло

4 тенко исечени кришки портокал

Приготвување:

  1.  Загрејте ја рерната на 180 степени
  2. Излупете ја кората од портокалот и исечете ја на тенки ленти, а портокалот исцедете го и земете 1/4 шолјичка сок.
  3. Помешајте ги брашното, прашокот за пециво, солта и содата.
  4. Помешајте 2/3 шолјичка шеќер со 1/4 шолјичка сок од портокал, постепено додавајте јогурт, јајца, масло, па додадете ја смесата со брашно и мешајте додека не се соедини. Додадете ја и кората од портокал и повторно се добро измешајте.
  5. Префрлете ја смесата во подмачкан калап или врз хартија за печење, наредете ги одозгора тенко исечените кришки портокал и поросете со две лажици шеќер (во правоаголен калап за леб) и печете околу 50 минути.


Изменето од Valerija - 05.Март.2020 во 18:50
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Март.2020 во 18:53

Колач од мандарини



Состојки:

125 г путер

300 г шеќер

1 лажица рендана кора од мандарини

½ лажичка цимет

½ лажичка кардамон

2 jajца

300 г брашно

1 прашак за пециво

140 г павлака

125 мл сок од мандарини

4 мандарини

Приготвување:

  1. Загрејте ја рерната на 180 степени и намрсете го калапот за печење, па поросете го со брашно.
  2. Измешајте ги путерот, 200 г шеќер, кората од мандарини, циметот и кардамонот додека не добиете крем.
  3. Додека мешате додавајте едно по едно јајце.
  4. Додадете ги брашното, прашакот за пециво и павлаката и добро измешајте.
  5. Печете околу 40 минути.
  6. Додека колачот се пече подгответе ги пошираните мандарини. Измешајте во сад сок од мандарини и останатиот шеќер. Варете и мешајте околу 5 минути додека шеќерот не се стопи. Зголемете ја температурата и варете додека не добиете густ сируп.
  7. Мандарините исчистете ги од лушпата и од белите делови, наредете ги во сад и прелијте ги со сирупот од сок и шеќер.
  8. Се уште топлиот колач полијте го со сирупот и украсете го со мандарини


Изменето од Valerija - 05.Март.2020 во 18:53
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Март.2020 во 21:33

Торта од портокали

Загрејте ја рерната на 160 степени Целзиусови.Калапот за печење торта обложете го со хартија за печење.

Потребни состојки:

100 г путер
160 г брашно
75 г кокосово масло
350 г шеќер
4 портокали
1 лимон
300 г бадеми
5 јајца
сол, кандирана корка од портокал

Приготвување:

Загрејте ја рерната на 160 степени Целзиусови.Калапот за печење торта обложете го со хартија за печење. Тостирајте ги бaдемите на сува тава, нека се изладат и потоа сомелете ги.  Стопете ги на тивок оган путероt и кокосовото масло и потоа измешајте со 280 г шеќер и ренданата коричка  од лимон. Додадете половина од мелените бадеми, а потоа додавајте ги јајцата, една по едно. Потоа додадете ги остатокот од бадемите, брашното и солта и мешајте дедека не добиете глатка смеса. Распоредете ја смесата во калапот. Печете 50 минути. Во меѓувреме подгответе сируп од останатиот шеќер и од сокот од 4 портокали и еден лимон. Тргнете од оган кога сирупот ќе проврие.

Кога ќе ја извадите тортата од рерна, сипете го  внимателно врз неа сирупот, почекајте да се впие и потоа извадете ја тортата од калапот. Изладете и послужете ја украсена со кандирана корка од портокал.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Март.2020 во 21:35

Колач со крем од лимон и кора од афион




Состојки:

1/2 шолја маргарин на собна температура
1/2 шолја путер на собна температура
1/2 шолја шеќер
2 шолји сенаменско брашно
1/2 лажичка екстракт од бадем, по избор
малку сол
2 1/2 големи лажици семе од афион

За филот:
2 конзерви засладено кондензирано млеко
3 големи жолчки
3/4 шолја плус 2 лажици свеж сок од лимон

Приготвување:
1. Загрејте ја рерната на 180 степени. Изматете ги маргаринот, путерот и шеќерот додека добиете мазна смеса. Додадете ги брашното и екстрактот од бадеми и матете додека се соединат. Додадете ги солта и семето од афион и повторно промешајте.

2. Ставете го тестото во тава и со помош на рацете убаво притиснете и израмнете го на дното и по страните од тавата. Изладете го тестотот околу 20 минути и потоа печете 15 минути. Основата ќе расте како колач бидејќи ова е кора од шеќер. Откако ќе ја испечете кората, измазнете ја со лажица.

3. За филот: Загрејте ја рерната на 190 степени. Изматете ги заедно засладеното млеко и жолчките. Додајте го сокот од лимон и матете уште еднаш. Истурете го сето тоа врз кростатата и печете околу 15 минути или додека филот се испече. Само допрете го нежно со прст за да се осигурате дека е подготвен и дека не е уште течен.

4. Оставете го колачот да се излади, а потоа оставете го во фрижидер барем 2 часа. Украсете го колачот со шлаг и со овошје.

 



Изменето од Valerija - 05.Март.2020 во 21:36
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Март.2020 во 21:56

Колач од портокали и бадеми



imageedit_3_7984148953

Состојки:
3 портокали
300 гр бадеми, мелени
1 лажица вода
5 јајца
прстофат сол
200 г шеќер

Приготвување:
1. Измијте ги со топла вода портокалите, па пресечете ги, извадете им ги семките и динстајте ги со 1 лажица вода половина час. Откако ќе се изладат испасирајте ги.
2. Изматате ги белките со малку сол и потоа додадете им 100 г шеќер.
3. Изматете ги жолчките со 100 г шеќер. Во жолчките додадете ги испасираните портокали и мелените бадеми.
4. Потоа измешајте ја смесата со белките. Печете на 180 степени околу 1 час.

 



Изменето од Valerija - 05.Март.2020 во 21:57
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Март.2020 во 21:59

Колач со портокал, палента и маскарпоне


kejk

Состојки:
5 портокали
220 мл маслиново масло
290 г шеќер
240 г палента, фино мелена
1 ½ лажичка пециво
190 г бадеми, мелени
4 јајца, изматени
200 г маскарпоне
60 г шеќер во прав
листови од ½ мала китка мајчина душичка

За карамелот
50 г шеќер

Приготвување:
1. Ставете два портокала во голем сад со ладна вода доволно за да се покријат. Варете ги 1 час и 15 минути, додека омекнат. Потоа испасирајте ги во фино пире. Оставете на страна.

2. Ставете хартија за печење во тава со број 23. Сипете 10 г шеќер на дното. Извадете ја кората од останатите портокали, пресечете ги на кругови и отстранете ги семките. Соберете го сокот во мал сад и измешајте го со 50 г шеќер за карамел.

3. Наредете ги круговите од портокали врз шеќерот за целосно да го покриете дното од тавата.

4. Во еден сад измешајте ги палентата, пецивото, бадемите и останатите 280 г шеќер. Потоа додадете ги јајцата едно по едно, па 220 мл маслиново масло и пирето од портокали. Откако ќе добиете фина смеса внимателно сипете ја врз портокалите.

5. Печете 1 час и 20 минути на 170 степени. Нека се излади добро пред да ја превртите.

6. Во сад изматете го маскарпонето со шеќерот во прав, додадете ја мајчината душичка и оставете на страна.

7. Ставете го сокот од портокал и смесата со шеќерот со малку вода во мал сад и ставете ги на рингла 3-5 минути без мешање додека се карамелизира. Откако ќе се излади намачкајте го врз круговите портокал од колачот што веќе сте го превртеле.

8. Наросете со остатокот од мајчината душичка за украс и служете со маскарпоне од страна.



Изменето од Valerija - 05.Март.2020 во 21:59
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Март.2020 во 22:01

Коцки со лимон


Состојки:
Кростата
225 гр путер
½ шолја шеќер
2 шолји брашно
1/8 лажичка сол

Фил
6 јајца
2 ½ шолји шеќер
2 лажици кора од лимон
1 шолја сок од лимон
1 шолја брашно
шеќер во прав

За потенок фил
4 јајца
1 2/3 шеќер
1 лажица + 1 лажичка кора од лимон
2/3 шолја сок од лимон
2/3 шолја брашно

Приготвување:
1. Измешајте ги путерот и шеќерот со миксер. Додајте ги брашното и солта. Од смесата направете топка, измесете ја со раце и притиснете ја врз дното на тавата. Ставете ја во фрижидер да се олади.

2. Печете 15-20 минути на 190 степени. Потоа оставете да се олади.

3. За филот: измешајте ги јајцата, шеќерот, кората од лимон, сокот од кората и сокот од лимон и брашното. Сипете ги врз кростатата и печете уште 30-35 минути.

4. Оставете да се олади, па исечете на коцки и посипете со шеќер во прав.



Изменето од Valerija - 05.Март.2020 во 22:01
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Март.2020 во 09:09

Колач од портокал и палента по рецепт на Џејми Оливер

За сите љубители на портокали и на слатки теста кои се идеални со кафе или чај.


Славниот шеф Џејми Оливер, автор на овој рецепт, добро знае дека со портокалите не може да згреши. Токму поради цитрусниот вкус и сочноста, колачот ќе им се допадне на сите генерации.

Можете да го украсите со овошје или да го послужите со топче сладолед.

Состојки:

200 г путер на собна температура

150 г шеќер

3 големи јајца

1 лажичка екстракт од ванила

200 г мелени бадеми

100 г палента

2 портокали

1 лажичка прашок за пециво

Рендана кора од портокал

Состојки за сирупот:

1/4 лажичка кардамим

250 м сок одпортокал

30 мл вода

125 кафеав шеќер

Приготвување:

Загрејте ја рерната на 160 степени и премачкајте со путер калап од 20 сантиметри. Потоа ставете мрсна хартија, притиснете ја и премачкајте ја повторно со путер. Измешајте ги путерот и шеќерот во голем сад додека не добиете проѕирна и кремава смеса. Додавајте во смесата едно по едно јајце, а потоа додадете го и екстрактот од ванила.

Во малиот сад измешајте ги мелените бадеми, палентата, кората од портокал и прашокот за пециво, а потоа измешајте ги во првата смеса. Истурете ја смесата во сад за печење и печете 40 до 50 минути, или додека површината не добие светлокафена боја и додека колачот не се одвои малку од рабовите на тепсијата. Извадете ја од рерната и оставете да се лади 10 минути, а потоа извадете ја тортата од чинијата. Тој е прилично кревок, па затоа бидете внимателни!

За да направите сируп, смелете кардамом или користете кардамом во прав, а потоа ставете ги сите други состојки во сад со нив. Добиената мешавина гответе ја на средна температура околу 10 минути или додека не се намали волуменот и не се згусне. Оставете да се излади. Направете дупчиња во колачот со помош на чепкалка за заби или малку подебело стапче или со вилушка и потоа истурете врз неа сируп , но полека, за да може да се апсорбира. Послужете со малку јогурт со дополнителен прелив од сирупот и по желба, украсете со парченца портокали.

Фото: Pixabey

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Март.2020 во 09:12
Превртен колач со цитруси


Превртен колач со цитруси


Состојки
Сируп
1/2 чаша шеќер (чаша од 250 мл)
1/4 чаша вода
Тесто
125 гр путер
2/3 чаша шеќер
3 јајца
3 лажици цеден сок од портокал
1 лажица рендана кора од портокал
2 пакетчиња ванилин шеќер
1 и 1/2 чаша брашно
1 лажиче пециво
1/4 лажиче сода
2/3 чаша јогурт
2 црвени цитрони
2 портокала
2 мандарини

Освежувачки, сочен, вкусен, декоративен, вистински зимски колач
Прво направете го сирупот, ставете ја водата и шеќерот да повријат минута, две.
Тепсијата обложете ја убаво со хартија (бр 30)
Цитрусите измијте ги и пресечете ги на кругови со дебелина отприлика од 1 цм. Сечете ги со се кората, а потоа со остро ноже отстранете ја.
Во тепсијата ставете прво половина од сирупот, ставете ги круговите од овошјето и прелијте ги со другата половина од сирупот.
За тестото измиксајте ги јајцата со шеќерот, додајте го стопениот путер и јогуртот, а потоа измешајте ги сувите состојки.
Прелијте ја смесата врз овошјето и ставете да се пече во загреана рерна на 180 степени отприлика половина час.
Колачот превртете го дури кога убаво ќе биде оладен.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Март.2020 во 09:13
Овошна торта со цитруси (без печење)



Состојки
1 кора готов пандишпан
1 мандарина
1 портокал
1/2 лимон(сок)
1 кесичка пудинг од чоколадо
1 лажица густин
400 мл млеко
100 гр шеќер во прав
100 гр толчени ореви
100 гр путер

Кората пандишпан ја кршиме на парчиња и ја попрскуваме со сокот од лимон.
Порокалот и мандарината ги лупиме и ги пасираме како пире.
Пудингот со шеќерот во прав и млекото ги вариме на стандарден начин, според упатството на ќесичката и додаваме 100 гр путер.
Кај пандишпанот го додаваме овошното пире, оревите и промешуваме.
Го додаваме пудингот и оставаме смесата да се олади.
Тортата може да ја обликувате како сакате. Јас -конусен стаклен сад обложив со најлонска фолија ја ставив смесата. Дното го затворив со бисквити.
Тортата оставете ја во фрижидер неколку часови и послужете...


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  12>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,345 секунди.