|
Новогодишно и Божиќно мени |
Внеси реплика | страница <1 9101112> |
Автор | |
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Солен Божиќен ролатСостојки 4 јајца 1 лажиче сол 6-7 лажици брашно 1 лажиче пециво 1/4 лажиче мелен бибер 90 мл масло 200 мл јогурт 400 гр спанаќ Фил 1 кисела павлака, со висок процент на масленост 100 гр пилешки гради 4 тенки, мали виршли сол, бибер, сенф Декорација 1 кисела павлака 50 гр ситно рендан кашкавал 3-5 шери доматиПредлог за свечен солен ролат, кој ќе ја збогати празничната трпеза. Прво исчистениот спанаќ го ставаме во малку врела вода, да омекни или го бланшираме само неколку секунди. Го процедуваме и оставаме да се подизлади. Потоа во нутрибулет, во садот го ставаме маслото и исцедениот спанаќ. Кратко соединуваме, односно ќе добиеме убава мазна смеса. Оставаме настрана. Во вангличка ги ставамаме јајцата и додаваме сол. Матиме се додека не побелат. Со исклучен миксер ги додаваме јогуртот, биберот, измиксаната смеса, брашното и пецивото. Со лесни движења со шпатула убаво ја изедначуваме смесата. Ја истураме во правоаголен плех од рерната кој е обложен со хартија за печење. Печиме во загреана рерна на 200С околу 25 минути. Оставаме во плехот 5 минути, а потоа го вадиме и ја отстрануваме хартијата. Во еден сад ги соединуваме киселата павлака, сецканата шунка, малку сол, бибер, сенф. Со ова ја премачкуваме кората. На почетокот ставаме 4 виршлички и завиткуваме цврсто ролат. Го оставаме на ладно 2 часа. Потоа го премачкуваме со кисела павлака, рендаме кашкавал. Декорираме со шери домати. Сечеме парчиња и сервираме. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Состојки 300 гр. брашно 1 мало лажиче пециво 150 гр. мелени ореви 125 гр. шеќер во прав 250 гр. путер 1 јајце 1/2 мало лажиче цимет 1 пакување ванилин шеќер 1/4 мало лажиче сол 1 жолчка од јајце за премачкување Половинки од ореви за декорација Брашното се меша заедно со пецивото и мелените ореви. Се додава шеќерот во прав. Ладниот путер се сече на парчиња и се додава во смесата. Се додаваат и јајцето, циметот, ванилата и солта и се меша се заедно. Се остава во фрижидер преку ноќ. Другиот ден се загрева рерната на 200 °С . Се размесува 3мм тенко тесто. Со овална форма се вадат колачите и се редат на плех на кој има фолија за печење. Тенко се премачкува со жолчка од јајце и се ставаат половинките од оревите. Се печат 12 мин. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Божиќни полумесечинкиСостојки 250 гр брашно 200 гр путер 6 лажици шеќер 1 јајце 160 гр мелени ореви За декорација 50 гр чоколадо,ливчиња бадем и шеќерни трошки Колачиве се топат во уста, многу се вкусни. Ви ги препорачувам. Од сите состојки замесуваме мазно тесто кое треба да е полутврдо и не лепливо. Доколку сепак ви е меко и лепливо додадете уште брашно. Оставете го тестото на ладно барем половина час. Потоа формирајте полумесечинки и ставете ги во плех обложен со хартија за печење. Се печат во загреана рерна на 190 степени околу 10 минути. Внимавајте бидејќи треба да останат бели. Печените колачи оставете ги да се изладат и декорирајте по желба. Јас ги декорирав со стопено чоколадо и шеќерни трошки и ливчиња бадем. Уживајте! |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Состојки 750 гр. брашно 350 мл. млеко 250 гр. маргарин 20 гр. сув квасец 5 јајца 50 мл. рум 1 лажица екстрат од ванила по 80 гр. суво грозје, бадеми во ливчиња сечени, микс од суво овошје 200 гр. шеќерИмате ли сочувано лименки??? Можеби ќе ви затребаат, сокријте некоја лименка во оставата. Италијаните го имаат своето Панеттоне, а Русите го имаат својот Кулич- кој обавезно го имаат на Божикната трпеза. Јас сега ви го представувам едн од поголемиот број на рецепти. Вака го спрема комшивката која е русинка, па проследете го. Описот е малку повеќе за читање, верувам дека нема да ви е тешко ако сакате да го имате и вие на трпезата, Подготовка 1. Сувото горзје потопете го во рум (може и од вечер) 2. Од млекото одвојте 100 мл. загрејте го и растворете го во млакото млеко кавсецот, оставете да ферментира - да се запени. 3. Во друг сад од вкупната количина на брашно премерете 125 гр,.додајте го во останатото млеко и бркајте да стане како каша. Во оваа смеса додајте го запенетиот квасец. Оставете 30 мин, повторно да стасува. 4. Издвојте ги белките од жолчките. 5. Со миксер се работат жолчките додавајки им постепено шеќерот. Откако сте добиле пенеста смеса, додајте ја ванилата - измешајте. Додадете го румот во кој стоело сувото грозје. Измешајте. 6. Се работат со миксер белките со прстовет сол се додека добиете снег од истите. 7. Сега вратете се кај смесата која ја оставивме да стасува. Овде додајте ги жолчките, измешајте со лажица. Откако се споила смесата, додајте ги уработените белки. Повторно измешајте со лажица. 8. Почнете да додавате од останатата количина на брашно и цело време бркајте со лажица. Оставете мала количина од брашното кое ќе ви треба за домесување. 9. Преместете го тестото на работна површина која сте ја посипале со брашно и продолжете да месите се додека не го потрошите целото брашно. 10. Ве чека уште работа. Сега почнувате да го месите тестото така што на дланките ќе си ставате од омекнатиот маргарин и ќе месите се додека не го потрошите маргаринот. Значи, ќе ги намачкате дланките со мекиот маргарин, ќе месите, тестото ќе почне да ви се лепи по рацете (тоа е многу меко тесто), пак намачкајте ги обилно со маргарин, месете, набрзина ќе го потрошите, не е страшно. Значи сфативте дека треба да се меси што повеќе време. 11. Оставете го сега вака измесеното тесто да стаса околу 30 мин. 12. На работната маса посипете го исецканото суво овошје и бадемите 13. Сувото грозје со сосема малку брашно измешајте го. 14. Врз посипот од сувото овошје истурете го тестото, врз тестото ставете го сувото грозје, месете колку да се измеша овоштието. 15. Поделете го и ставете во модлите во кои сте испланирале да се пече. Оставете да стаса и печете на 180 степени најмалку 45 мин. до 60 мин. , а еве зошто: Како што ќе забележите на фотографиите, јас печев во лименки, времето на печење е пократко, а и во куглов, времето на печење е подолго. Тестото се става до 1/3 од садот. Кога стасува тоа треба да биде со троен волумен. Ако одлучите во лименките, па и во друга модла ставете хартија за печње, освен ако е тоа силиконски калап- во силиконските модли нема потреба од хартија за печење. ЗАБЕЛЕШКА Вака испечениот Кулич потоа си има и свој завршен дел. Тие го полеваат со крем спреман од 1 белка и шеќер во прав кој се клапа до густина која може да се полее врз куличот, додатно се попрскува со шарени мрвици. Јас тоа не го сторив, па веднаш се и јадеше, немаше зошто да го правам тоа. Значи, покрај тоа што печам во тегли, печам и во лименки. На мене ми се многу прикладни вака спреманите куглови или куличи- панеттонето, лесни да се запакуваат и да се подарат токму за празнициве кои наближуваат. Го пишувам рецептот порано, можеби на некој ќе му се допадне мојата идеја да спреми токму ваков подарок! |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Состојки 750 гр брашно 250 гр мед 150 гр маргарин 120 гр шеќер 2 јајца 1 прашок за печење 5-7 лажици млеко 1 лажичка цимет 1 лажичка ѓумбир 1/2 лажичка мускатно оревче 1/4 лажичка каранфилче 50 гр мелени ореви 1 лажица рум * Ројал смеса 1 белка од јајце 200 гр шеќер во прав 1 лажица винска киселинаСостојки 750 гр брашно 250 гр мед 150 гр маргарин 120 гр шеќер 2 јајца 1 прашок за печење 5-7 лажици млеко 1 лажичка цимет 1 лажичка ѓумбир 1/2 лажичка мускатно оревче 1/4 лажичка каранфилче 50 гр мелени ореви 1 лажица рум * Ројал смеса 1 белка од јајце 200 гр шеќер во прав 1 лажица винска киселинаМедот пожелно е да ви е течен. Ако е зашеќерен (ферментиран) тогаш стопете го на рингла на многу мала температура во огноотпорен сад или со правилната процесура за топење на мед ставајќи ја тегличката во поголем сад со вода и на мала температура загревајте додека се растопи. Јајцата со жица за матење благо разматете ги. Измешајте ги најпрво сувите состојки, па потоа додадете го маргаринот месејќи и едно по едно течните за на крај да завршите со млекото кое и ќе ја регулира компактноста на тестото. Оставете го тестото во фрижидер 1 час. Одмореното тесто развлечете го во кора од 3-5 мм дебелина и сечете со калапчиња фигури за медењаци. Редете ги во подмачкан или обложен плех со пек хартија и печете на 180 степени некои 10на мин., односно додека благо не потемнат. Печените медењаци оставете добро да се изладат. Спремете ја ројал смесата за премачкување така што со жица за матење ќе ги разбиете белките до степен како за омлет (не во шам) и потоа мешајќи постепено ќе го додавате шеќерот во прав и на крај киселината. Смесата поделете ја на повеќе дела во зависност од тоа колку бои мислите да мешате и обојте ја, па шарајте ги медењаците и оставете на крај добро да се исушат. Уживајте во вкусот на зимата со овие медењаци и израдувајте ги најмалите, така што додека сечите фигури на едниот крај правете им мали дупчиња низ кои на готовите медењаци ќе провните украсен конец и ќе им ги подарите како лампиони. Ова се моите први медењаци кои со скептичност ги правев не знаејќи дали на крај успешно ќе ја погодам и смесата за украсување и дали успешно ќе ги завршам. Искрено, резултетот ме израдува ))) |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Состојки 1 мисирка (3,5-4 кг) М а р и н а д а 250 гр маргарин на собна температура 1 мала киска магдонос 80 гр крупна сол (мелена на машинче) 1 лажица мешан сув зачин 1/2 лажиче оригано 1/2 лажиче босилек 1/3 лажиче лук во прав 1 рамно лажиче црн бибер 1 рамно лажиче црвен пипер по малку К*ркума, енибар, гарам масала, мускатно оревче, сумак, мајоран 1 помал лимон (сок и кора) З а п о л н е њ е 1 мала главица кромид 4-5 чешниња лук 1 помал лимон внатрешните органи од мисирката Уште 6-8 ленти сланина 2 чаши вода 1 коцка за супа 1 преполна лажица густинМисирката се спрема ден предходно со маринада. Во маргаринот се ставаат сите зачини, солта и кората од лимон. На крај sе додава и лимоновиот сок. Се убаво с емеша. Мисирката се мие и се бришe од водата. Се одделува внимателно кожата од месото. Се премачкува поткожно насекаде со маринадата. Потоа, се премачкува и во внатрешноста и насекаде одозгора. Внатре се ставаат мисиркините органи, чешнињата лук нелупени, кромидот исечен на 4 и излупен само од горната лушпа и лимонот на половина. Едната половина лимон се става на самиот отвор за да ја држи полнетата содржина. Се засекува кожата над самиот отвор на мисирката и низ него се провнуваат накрсно нозете. Така спремена се витка со фолија и се остава на ладно (во ладна просторија или во фрижидер) да стои отприлика 12 часа. Другиот ден, пред да се печи, се остава на собна температура да поседи половина час. Во 2 чаши вода се раствора една коцка за супа и се тура на дното на пекачот. Се облепува одозгора насекаде со лентите сланина, се посипува со една или две лажици маслиново масло и се става да се печи на температура од 160- 165С, онолку часа колку што е тешка. Значи, за секој кг по 1 час. После час и пол печење, откако сланината ке се собери и излизга (таа што ќе остани не ја тргајте) повремено (на секои 15-20 минути) полевајте ја одозгора со течноста од пекачот. Готовата мисирка пред служење оставете ја да одмори некои 45 минути за да можи убаво да се сечи. Кај нас иако одморена, сепак се исече во навала и без стручност, но тоа не не спречи со задоволство да ја изедиме. Пред да се послужи мисирката, соберете го сосот од пекачот во помал огноотпорен сад, загрејте го и додадете го нишестето растворено во малку вода. Мешајте додека згусти уште некои 2-3 минути и сосот послужете го заедно со мисирката. Ова е мојата прва мисирка која сум ја јадела и воедно правела. Прогуглав многу начини и искористив од сите по нешто, а зачинив со се што во моментот помислив дека ќе е вкусно. Гости што беа поканети на ручек ги пречекав со „или ќе јадиме добро или ќе мачкаме нешто на лепче“ : ) Јадовме ДОБРО и ете, со задоволство го споделувам изгугланиот рецепт на мој начин : ) Потребата да е сочна и вкусна беше повеќе од задоволувачка. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Божиќни лижавчиња од мелени бисквити што ќе ги развеселат и возраснитеЛижавчињата-колачиња (или „cake pops“ како што се нарекуваат на англиски) ќе донесат многу радост на детските родендени, но идеални се и за време на празниците. Овој креативен десерт, со кој може да се заблажите „од нога“, може да биде украс на вашата празнична трпеза, како и сладок подарок за вашите гости доколку ги завиткате лижавчињата во проѕирен целофан и ги заврзете со лентички. Ако купите веќе мелени бисквити вашиот десерт ќе биде готов за само неколку минути, а не мора да бидете особено вешти или креативни за да ги украсите топчињата. Не се сомневаме дека божиќните лижавчиња на вашата празнична трпеза ќе ги израдуваат и возрасните исто колку и децата. Потребни состојки:
За украсување:
Начин на подготовка:
Бидете креативни и создадете различни новогодишни слатки украси со вашите деца. Изменето од Valerija - 08.Декември.2020 во 21:17 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Меки празнични колачињаПотребни состојки:
За подготовка и печење на колачињата ќе ви биде потребен половина час (не сметајќи го времето за ладење на тестото). Начин на подготовка:
Изменето од Valerija - 08.Декември.2020 во 21:18 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ѓумбир колачиња
|
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Во Данска невозможно е да ги замислите божиќните празници без овие колачиња со путер. Станува збор за фини и крцкави бисквити кои што се топат во устата, а кои што во продавниците најчесто ги купуваме во метални кутии. Потребни состојки:- 250 грама брашно; Подготовка:1. Загрејте ја рерната на 200 степени целзиусови. 2. Со миксер проматете го путерот со шеќерот додека не добиете кремаста смеса. Додадете го јајцето, кората од лимон и екстрактот од ванила. 3. Во смесата додадете го бадемовото и обичното брашно и сето тоа добро изматете го со миксер. 4. Ставете ја смесата во кеса за слатки, па на намачканиот плех со малку путер, ставајте ги меките прстени од тесто со дебелина од околу 4 сантиметри. 5. Така подготвените колачиња печете ги околу 10 минути додека не заруменат. 6. Почекајте да се изладат пред да ги послужите. Пријатно јадење! Изменето од Valerija - 16.Декември.2020 во 08:44 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Рецепт за празнични колачиња за оние кои не сакаат да ги комплицираат работите во кујнатаNutellotte се празнични италијански колачиња кои се полнат со Нутела, а во последно време ги полнат и со џем. Која варијанта и да ја изберете, ќе ви требаат само неколку состојки, а колачињата можат да бидат подготвени за половина час. Овие колачиња се еден од најгугланите рецепти оваа година во Италија, а во Македонија најверојатно би било рецепти за вкусен леб! Потребни состојки:
За украсување:
Начин на подготовка:
|
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Најлесни новогодишни колачињаСОСТОЈКИ:
ПОДГОТОВКА:
Добар апетит! |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Новогодишни колачиња – подобри од секој подарокУживајте за време на празниците! СОСТОЈКИ:
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Уживајте! |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Божиќни медени колачиња – Домот опојно ќе мирисаСОСТОЈКИ:
ПОДГОТОВКА:
|
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Внеси реплика | страница <1 9101112> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |