|
Природни маски за лице, коса и тело |
Внеси реплика | страница <1 234 |
Автор | |
annaja
Сениор Регистриран: 21.Април.2010 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 531 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
За сјај на косата е многу добро вински оцет.Откако ќе се измие,се плакне со малку вински оцет разблажено со вода.На пример:една чаша со 1 прст оцет допунета со вода.Лично мео искуство,и многу сум задоволна.
|
|
Kali
Сениор Storyteller Регистриран: 30.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4947 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Каде може да се најдат масла за лице, знае некој?
Ми треба кокосово масло за лице... |
|
Hand and Nails
Нов член Регистриран: 15.Август.2011 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 13 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
mnogumina mi go kazale ovoj recept a go nemam probano |
|
Семинар за "One-Stroke" на 30.08.2011 во Прилеп
http://www.facebook.com/pages/Hand-Nails-Academy/274007843036 http://www.facebook.com/profile.php?id=100001298762648 |
|
annaja
Сениор Регистриран: 21.Април.2010 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 531 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Пробај,не секогаш треба скапи препарати
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Трикови од познатите визажистиКапка масло за убаво лице -
на дневната крема наутро додадете капка масло за нега на лице. На тој
начин кожата ќе ви биде затегната и подготвена за шминкање.
Јогурти и мраз за „бришење“ мани од лицето - на челото нанесете слој јогурт. Оставете да делува 20 минути па измијте се. За да се справите со подочниците ставете коцки мраз завиткани во ткаенина врз нив. Млечната сауна ја чисти кожата – загрејте млеко до вриење, па прелијте го во друг сад. Застанете со лицето над садот и прекријте се со пешкир за да создадете минијатурна сауна. Млечната киселина ќе ги исчисти порите, а вашата кожа по третманот ќе биде сјајна. Кармин што трае со часови – по првиот слој кармин на усните, ставете салфетка врз нив па нанесете пудра во прав. Низ салфетката ќе помине онолку прав колку што е потребно за да се фиксира следниот слој на кармин. Маска за лице од аспирин- здробете две таблетки аспирин и помешајте ги со лажица органски мед. Оставете маската да дејствува 20 минути па измијте. Кожата ќе биде свежа бидејќи аспиринот содржи состојки кои се дел од врвните маски за лице. Шеќерна вода за обликување коса - во чаша со топла вода ставете шест лажици шеќер, потоа оладете ја течноста и ставете ја во шишенце со распрснувач. Попрскајте ја косата со неа и обликувајте ги локните, па кога ќе се исушат слободно расплетете ги. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
3 маски кои ефикасно се справуваат со ефектот на „мрсна кожа“: Ги прочистуваат порите и даваат совршен тенМногу луѓе во денешно време постојано се справуваат со проблемот на мрсна кожа, која е пропратена со непријатен ефект, односно дава прекумерен сјај на лицето. Во принцип, овој проблем со кожата е доста застапен, при што на луѓето со овој проблем, од голема помош ќе им биде практикувањето на следните 3 домашни маски, кој ефиксасно ќе се справат со непријатните последици при ваквиот тип на кожа: Домашни маски за ефикасно справување со мрсна кожаРецепт бр. 1Потребно ви е малку кисело млеко и памучен туфер. Додадете го млекото во шолја, потоа потопете го памучниот туфер во истото, нанесете го на лицето и оставете го да отстои 15-20 минути. Потоа исплакнете го лицето со ладна вода. Рецепт бр. 2Измешајте белка и малку изрендан лимон, а добиената смеса нанесете ја на површината на вашата кожа и оставете ја истата да отстои 15 минути. По третманот, измијте го лицето со топла вода. Овој вид на маска ќе ги намали порите и ќе го подобри тенот на лицето. Рецепт бр. 3 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
3 домашни маски благодарение на кои може да се збогувате со назолабијалните брчкиПостојат две критични зони од лицето на жените, при кои најмногу се појавуваат брчки: Околу очите и над горната усна. Вертикалните брчки над горната усна се нарекуваат назолабијални и се појавуваат како резултат на ослабнато поткожно масно ткиво и намалено количество на масни жлезди. Во таков случај, кожата се протега, се нарушува циркулацијата на крвта и ткивата губат колаген. Особено кај дамите на 40 години, ова може да претставува вистинска непријатност. Пред да ви откриеме ефикасен начин како да се справите со овој естетски проблем, потребно е да знаете дека неопходно е да направите и превенција, за да не ја влошите состојбата на кожата, а тоа најдобро ќе го постигнете со пиење многу вода, да спиете 7 часа и да употребувате само висококвалитетна козметика за вашата кожа. Домашни маски за отстранување на назолабијални брчки1. Маска со краставицаИзрендајте ја краставицата и потоа истата измешајте ја со 1 супена лажица кисела павлака и половина кафена лажица мед. Добиената смеса нанесете ја врз зоната над горната усна и оставете ја да отстои 20 минути. На крај измијте ја кожата, без да употребувате сапун. 2. Маска со бананаКомбинирајте половина банана со 1 супена лажица кисела павлака. Нанесете ја маската, оставете ја да отстои 20 минути, а потоа едноставно исплакнете го вашето лице. 3. Маска со конзервиран грашокУпотребувајќи вилушка, изтолчете 2 супени лажици конзервиран грашок, а потоа истиот измешајте го со 1 супена лажица кисело млеко. Потребно е да добиете доста густа смеса, која е неопходно подеднакво да ја распоредите при површината на проблематичната зона и да ја оставите да отстои 15 минути. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Маска за лице од која кожата ми стана како на порцеланска кукла“За денес ви откриваме стар рецепт за домашна и ефикасна маска за подмладување на кожата, која дури била редовно употребувана од членовите на британското кралско семејство. Домашен третман за совршена кожаНајдобро е овој домашен третман да го правите пред спиење, бидејќи токму за време на спиењето, кожата се обновува интензивно и се регенерираат нејзините клетки, притоа ефектот може да го забележите веднаш следното утро. Ќе ви бидат потребни 4 шолјиВо првата шолја, измешајте 2 супени лажици овесна каша и 2 супени лажици маслиново масло. Во втората шолја, изрендајте мало јаболко без неговата кора, а потоа додадете 1 кафена лажица сок од лимон и течен мед и добро измешајте. Во третата шолја, измешајте 100 мл кисело млеко и 1 кафена лажица морска сол. Во четвртата шолја, подгответе чај од камилица. Начин на употребаНанесете ја смесата од првата шолја на претходно исчистено лице, врат и деколте. Масирајте ја кожата со нежни движења. Оставете ја маската да отстои 5 минути. Без да ја миете овесната каша од лицето, нанесете ја смесата од втората шолја врз кожата. Повторно масирајте го вашето лице, а потоа оставете ја маската да отстои 5-7 минути. Следно, употребувајќи памучен туфер потопен во смесата од третата шолја, отстранете ја маската од лицето. И како претпоследен чекор од третманот, избришете ја кожата со памучен туфер потопен во киселото млеко и морската сол. На крај, целосно измијте го лицето со чајот од камилица. По домашниот третман ќе забележите дека вашата кожа изгледа неверојатно: Мазно, навлажнето и беспрекорно. Порите ќе се намалат, лицето ќе се зацврсти, а брчките ќе станат помалку видливи. За да го зајакнете ефектот на домашната маска, практикувајте го нејзиното нанесување 2 пати неделно, во временски период од 2 месеци. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Внеси реплика | страница <1 234 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |